build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Кучиња скитници

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 15>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 15-Mar-2021 at 17:07
Кога ќе се реши овој проблем?!?!?!
Back to Top
Dzeksi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Apr-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 413
  Quote Dzeksi Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 16-Mar-2021 at 13:43
Nikogas
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 04-Jun-2021 at 17:10
Скопје ја доби „Лајка“, ама кучињата не се исплашија и натаму ги касаат скопјани

Скопје ја доби „Лајка“, јавно претпријатие, стационар за кучиња, кое со голема гордост го промовираше градоначалникот Петре Шилегов. Убаво. Но, што добија скопјани од „Лајка“? Се спасија ли од агресивните и бесни кучиња кои ги има насекаде низ градот. Некаде се во опасни глутници. Како на пример во Аеродром.

Само вчерашниот полициски билтен регистрирал три каснувања од кучиња. Ги има сигурно повеќе, затоа што многу нападнати луѓе од кучиња не знаат каде да пријават и ако пријават какво фајде ќе имаат од тоа.

Билтенот на МВР вчера регистририал: „На 03.06.2021 во 17.45 часот во СВР Скопје, К.Д.(27) пријавил дека на бул.„Кочо Рацин“ бил каснат од куче скитник. На 03.06.2021 во 14.50 часот во СВР Скопје, Х.И.(25) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник. На 03.06.2021 во 12.00 часот во СВР Скопје, Ј.Н.(64) од Скопје пријавила дека на бул.„Словенија“ била касната од куче скитник.

Граѓаните се револтирани и прашуваат – зошто постои„Лајка“? Пред неколку дена граѓани од населбата Влае за „Скопско Ехо“ револтирано информираа дека еден навидум мирен маалски пес веќе искасал десетина луѓе. Сите завршиле во болница, некои и со потешки повреди, оти освен каснувања од кучето, се здобиле и со скршеници на раце, нозе или на ребра. Морале да плаќаат и за примање на тетанус.

– Пријавивме и во полиција и во Градот, и на крај во „Лајка“. По неколку дена добивме одговор дека дошле на местото кое им го опишавме, но не можеле да најдат такво куче. Тоа остана незаловено и уште е опаснот. Се чудиме по кој принцип работат тие во „Лајка“, ни рече Павлина, жителка на Влае, инаку искасана по двете нозе од тоа куче.

Револтираните граѓани веќе подолго време реагираат за „Лајка“ и дури побараа да објавува извештаи за заловени кучиња на дневна основа. За жал ефектот од ова јавно претпријатие кое се финансира од џебот на граѓаните не можеме да го видиме.

https://skopskoeho.mk/skopje-ja-dobi-lajka-ama-kuchinata-ne-se-isplashija-i-natamu-gi-kasaat-skopjani/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 04-Jun-2021 at 17:15
Овој проблем чинам нема ни во идни 20-30 години да се реши,има доста фактори кои одат контра на негово решавање

1.Премногу отпад низ градот па воопшто не им е проблем да се прехранат и да преживеат
2.Бројни напуштени објекти,диви живеалишта каде повторно ги има во голем број(населбата спроти ПИОМ,кај Транспортен,во Мичурин до црквата,кај Ранка Милановиќ во Маџари и многу други локации)
3.Непостапување на службите за заловување и сложена постапка ако граѓанин сака да пријави кучиња сктиници да се заловат(треба да се наведе прецизна локација,да го сликаш кучето,да оставиш лични податоци и контакт телефон)

Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 04-Jun-2021 at 20:13
А зошто не се направи проект кој ќе биде за крајно решение на овој проблем? Би бил етапен, и би имало служби распределни по различни населби. Па не е ова квантна физика да не може да се реши, па да мора да чекаме со децении да се реши.

Edited by skopskodete - 04-Jun-2021 at 20:48
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 04-Jun-2021 at 20:48
Се додека не се подигне нивото на хигиена низ градот а во голема мера од нас зависи невозможно е да очекуваме да мрднеме на ова поле напротив ќе биде се полошо и ќе има се повеќе кучиња,мачки,гаврани,стаорци...
Џабе и нови контејнери и се кога пак повќе отпад има надвор отколку во нив и тоа во средини и маала кои важеа за повисоко ниво на хигиена а сега буквално се преполни со отпад.
Треба службите интензивно да работат на нивно заловување и да се зголемат капацитите на Лајка за вдомување. Не гледам баш некој излез од кругот ѓубре,диви живеалишта и кучиња скитници.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2029
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 05-Jun-2021 at 10:52
Originally posted by stef4o

Се додека не се подигне нивото на хигиена низ градот а во голема мера од нас зависи невозможно е да очекуваме да мрднеме на ова поле напротив ќе биде се полошо и ќе има се повеќе кучиња,мачки,гаврани,стаорци...
Џабе и нови контејнери и се кога пак повќе отпад има надвор отколку во нив и тоа во средини и маала кои важеа за повисоко ниво на хигиена а сега буквално се преполни со отпад.
Треба службите интензивно да работат на нивно заловување и да се зголемат капацитите на Лајка за вдомување. Не гледам баш некој излез од кругот ѓубре,диви живеалишта и кучиња скитници.
Ова е најточната причина за цел тој уличен еко-систем од кои ние како општество највеќе ги приметуваме кучињата пошто се и најголема опасност.

Уличните кучиња се последица, а не причина сами по себе. И тоа се последица на целата таа испорастурена храна по улици која уствари ги создава условите да има кучиња.

И затоа кога ќе видам "хуманитарци" што шетаат по улици и дополнително растураат храна и мислат дека прават добро, а уствари го прават најлошото можно по прашањево, односно директно создаваат дополнителни услови за да има уште повеќе кучиња по улиците. Уствари се е тоа некое себично понашање "мене да ми биде мирна совеста, еве ја колку сум добар приказна", а после тоа кога ќе се накотат Шилегов/Коце ќе им бидат криви.

** Само хигиена и ништо друго! И кога сме кај хигиена, ќе го повторам пак еден предлог што го напишав во некоја тема за комунална хигиена. Во ЈП Дрисла мора конечно да се воведе стварно-мотивирачки премии за секој тон/кубик донесен отпад. Секако може да има груби категории, кабаст отпад, отпадно дрво, бела техника, градежен шут, комунален отпад, пластика, органски отпад. Наеднаш народот сам ќе испорасчисти и подруми и диви депонии и све. Комунална хигиена ќе треба само да празни полу-празни контејнери и да мете улици, ништо повеќе.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 08-Jun-2021 at 17:38
Ако „Лајка“ ви го залови кучето, ќе мора „дебело“ да платите

Од „Лајка“ тврдат дека наплаќаат по ценовникот изгласан од Советот на Град Скопје, а дека неодговорните сопственици ги пријавуваат во Агенцијата за храна и ветеринарство, па тие ги казнуваат

Доколку на некој граѓанин му избега кучето, па го заловат шинтерите на ЈП „Лајка“, тогаш, за да си го земе назад од нивниот стационар, сопственикот ќе мора длабоко да си брцне во џебот, бидејќи тоа скапо ќе го чини. Колкава е точната или приближната сума од „Лајка“ не одговараат, но граѓаните тврдат дека може да биде и до 300 евра.

-Зошто наплаќате ненормално многу кога ќе заловите домашен миленик што случајно избегал од дома? Човек треба кредит да подигне за да си го земе кучето од кај вас. Срамота! – револтирано коментира скопјанка под објава на Фејсбук.

Од „Лајка“ тврдат дека наплаќаат по ценовникот изгласан од Советот на Град Скопје, а дека неодговорните сопственици ги пријавуваат во Агенцијата за храна и ветеринарство па тие ги казнуваат.

Одговарајќи им на граѓаните, со коментари на нивните реакции, од ЈП „Лајка“ велат: „Зошто мислите дека од буџетот (пари на сите граѓани) треба да решаваме нечии домашни проблеми и за домашни кучиња со неодговорни сопственици да ги покриеме направените трошоци од пари на сите граѓани?“, и уште додаваат: „Кога возилото ќе ви го земе пајак-служба за непрописно паркирање, сигурно плаќате. Така и со домашните миленици, кои од која било причина се најдени на јавна површина без сопственик“.

Во ценовникот што го спомнуваат од претпријатието што треба да заловува и да се грижи за бездомните кучиња, кои ги има многу по скопските улици, пишува дека заловување домашни миленици од јавни површини чини 2.000 денари, читање на микрочип кој не е вграден во ветеринарната служба на „Лајка“ 100 денари, клинички преглед е 200 денари, испитување крв од 200 до 600 денари, додека за престој, храна и нега на кучето во стационарот треба да се плати од 100 до 200 денари на ден. Како се стигнува до големите суми што ги спомнуваат граѓаните, не се знае, затоа што од јавното претпријатие и покрај нашето настојување, не одговорија на овие прашања.

Низ Скопје сѐ уште има многу улични кучиња, а граѓаните постојано укажуваат на делови од градот каде што ги има во голем број, па некои од нив стравуваат за својата безбедност. Град Скопје тврдеше дека со формирањето на „Лајка“ ќе се средат проблемите со бездомните кучиња, кои според евиденцијата на АХВ се околу 2.000 по улиците.

https://www.slobodenpecat.mk/ako-lajka-vi-go-zalovi-kucheto-ke-mora-debelo-da-platite/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 12-Jun-2021 at 13:52
Глутници кучиња напаѓаат медицински персонал и пациенти во Клиничкиот центар - лекарите бараат решение



Како да не е доволен проблем пандемијата и грижата за болните вработените во Клиничкиот центар и граѓаните кои одат таму на доктор, треба да се пазат и од кучиња скитници. Проблемот особено е изразен во подоцнежните часови кога има помала развиженост, со што кучињата добиваат поголема смелост и сила. Нашата камера лоцираше една од глутниците во близина на одделот за Каридологија. Но граѓаните преку социјалните мрежи реагираат дека има повеќе табора, кои преку ноќ меѓусебно жестоко се борат. За проблемот преку фејсбук, алармираше и докторот Нико Беќаровски.

Првиот човек на Министерството за здравство вели дека не е запознаен дека во моментов во Клинички повторно царуваат кучињата.

Директорката на јавното претпријатие Лајка, Тина Петрушевска која не сакаше да ја снимаме, во порака само ни напиша дека веќе интервенирале на локацијата, но дека не можат ништо повеќе да сторат.

Во координирана акција, во неколку наврати се заловени и третирани кучиња од Клинички. Дел од нив ги вдомивме, а дел ги вративме на матичната локација согласно законот за благосостојба на животните. Во континуирана комуникација сме со вработени од Клиничкиот центар кој се грижат кучињата секогаш да имаат храна и вода и во моментов немаме активна пријава за таму.

Во моментов нема законска можност за трајно стационирање. Но можам да посочам дека работиме во насока за изнаоѓање на долгорочно решение со цел минимизирање на можни напади и гаранција за безбедноста на нашите граѓани.

За проблемот, реагираат и адвокатите, кои месечно имале и по 60 отворени предмети против ЈП Лајка, од граѓани кои тужеле, поради напад од куче.

Дека темпото со кое работи Лајка ни одблизу не ја гарантира безбедноста на грааѓните, говорат и податоците на МВР. Од почетокот на годината па до сега само во Скопје имало 321 пријави. Потоа следи Охрид со 117 и Тетово со 70 пријави.

Бројот на граѓани кои пријавиле дека биле каснати од куче скитник во периодот од 01.01.2021 до 10.06.2021 година е:

- СВР Куманово 10

- СВР Скопје 321

- СВР Охрид 117

- СВР Битола 48

- СВР Штип 21

- СВР Струмица 6

- СВР Велес 53

- СВР Тетово 70

Од град Скопје, пак, велат дека речиси сите тужби завршуваат во полза на граѓаните, а годишно од буџетот се издвојуваат околу 100 000 евра за обесштетување на оние кои биле каснати од куче.

https://sitel.com.mk/glutnici-kuchinja-napagjaat-medicinski-personal-i-pacienti-vo-klinichkiot-centar-lekarite-baraat
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 12-Aug-2021 at 11:01
ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ ИМ ИСПЛАТИЛА 35.000 ЕВРА НА ГРАЃАНИТЕ КОИ БИЛЕ КАСНАТИ ОД КУЧЕ

За половина година, од буџетот на Општина Велес се исплатени 2,13 милиони денари (35.000 евра) како
обесштетување за каснување од куче. Стигнале 34 пријави од оштетени граѓани.

„Дел од средствата се исплатени по пат на спогодба, дел по основ на судска пресуда. Како обесштетување од општинскиот буџет се исплатени вкупно 2.132.954 денари“, велат од локалната власт.

Лани биле исплатени 2,7 милиони денари за 69 случаи, во 2019 година 2,3 милиони, а во 2018 година 1,7 милиони денари за 58 претставки.

Во првите шест месеци од годината, на Инфективното одделение на велешка болница биле пријавени 26 граѓани кои побарале помош откако биле каснати од куче. Оваа бројка се однесува и на кучињата бездомници и на кучињате кои имаат сопственици, а такви случаи имаше неколку, според билтенот на СВР Велес.

„Исплатени се огромни суми од општинскиот буџет по тужби на граѓани, кои наместо за инфраструктурни работи, ги даваме за обесштетување“, вели градоначалникот Аце Коцевски.

Локалната власт го решава проблемот со бездомните кучиња во соработка со „Пансион Гиовски Тим“, со кого има склучено договор за заловување, стручен третман и грижа на кучињата скитници, кои потоа се враќаат назад на улица.

„Оваа пракса ‘залови, кастрирај, вакцинирај, пушти го‘ не дава резултати, тоа е евидентно. Потребно е залови и смести, да се изгради стационар, прифатилиште“, вели Димче Никушев, претседателот на здружението „Вила Зора канис“.

Здружението „Гласот на животните“ располага со стационар кој згрижува повеќе од 150 бездомни кучиња. Овој стационар, во сопственост на невладина организација, функционира на основа на донации од поединци и фирми и таму волонтираат членовите на здружението.

„Проблемот не се кучињата скитници, туку неодговорните сопственици, кои ги оставиле на улица“, вели Меги Ѓорѓиева-Ѓаков од „Гласот на животните“.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-veles-za-shest-mesetsi-im-isplatila-35-000-evra-na-graganite-koi-bile-kasnati-od-kuche/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 08-Sep-2021 at 14:13
Originally posted by skopskodete

Кога ќе се реши овој проблем?!?!?!


Се додека им се вака сложени и нелогични начините за да се пријави и да се интервенира...во прилог што се треба да се направи за да излезат на терен и да ги заловат(под знак прашалник е дали и воопшто ќе има некаква интервенција).

------------
во ЈП ,,Лајка,, -Скопје, која е задолжена за заловување на кучиња - скитници. Во пораката потребно е да се стави слики од кучињата, за да се види која раса на кучиња станува збор, локација и ваше име и контакт телефон. Овие информации се потребни за да ве исконтактираат доколку не ги најдат кучињата.

--------------------------
Ова претпријатие треба да има сектор за заловување на кучињата и сместување во стационар,дневно барем по 5 кучиња да заловуваат многу ќе се подобри сликата и состојбата во градот особено во централното подрачје каде ги има многу.
Но за жал се чини дека никој не сака посериозно да се зафати со решавање на овој проблем.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 21-Sep-2021 at 14:25
Сѐ поголемиот број бездомни кучиња во Тетово им создава главоболки на граѓаните



Последниве денови кучињата скитници станаа кошмар за жителите на Тетово. Градските улици се полни со кучиња, кои често напаѓаат минувачи. Последниот случај беше нападот на петгодишно дете, кое се здоби со повеќе повреди од каснување на кучиња скитници, додека си играше со пријателите. Здравствената состојба на петгодишното дете е стабилна. Граѓаните се жалат дека се плашат да излезат на улица, бидејќи улиците и раскрсниците се преполни со кучиња.

И сами видовте како е детето. Тоа не ни треба, но ете, кучињата вредат повеќе од луѓето…“

„Многу сме исплашени, одиме со страв, верувајте. Се плашиме, видете колку кучиња има“…

„Ги гледаме и навистина е опасно бидејќи децата одат на училиште, ова се работи за кои треба да се преземат мерки“, реагираат тетовци.

Од општина Тетово велат дека досега се издвоени околу три милиони денари за третирање на кучињата скитници, додека најавуваат дополнителни средства. Компанијата, која се занимава со третман на кучиња скитници, вели дека во последно време има зголемување на бројот како резултат на нивното носење од другите градови. Властите бараат поголем ангажман на полицијата за да се спречи таквата појава.

https://alsat.mk/mk/s-pogolemiot-broj-bezdomni-kuchina-vo-tetovo-im-sozdava-glavobolki-na-graganite/
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 21-Sep-2021 at 14:43
Значи проблемов стана на државно ниво.
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 390
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 21-Sep-2021 at 14:59
Не и текнало да Теута популистички да отвори некоја "Лајка,шајка"...
Мене ми се сипаа кај судовите кај МТВ две џукели,мали итоа се стрчаа накај мене а јас на поминување не ги ни видов мислев по нешто друго лаат,кога до нога ми дојдоа и им се раздрав се разбегаа.

Проблем се големите џукели што се во глутница,од нив и мажи и жени и деца можат да настрадаат,никој не сака јавно да посака нивна смрт затоа што ќе биде нападнат од баби-девојки и окарактеризиран како мразач на животни,а реално друго решение нема. Плус што градовите губат пари за плаќање казни на каснати луѓе.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 21-Sep-2021 at 15:04
Originally posted by Vire

Не и текнало да Теута популистички да отвори некоја "Лајка,шајка"...
Мене ми се сипаа кај судовите кај МТВ две џукели,мали итоа се стрчаа накај мене а јас на поминување не ги ни видов мислев по нешто друго лаат,кога до нога ми дојдоа и им се раздрав се разбегаа.

Проблем се големите џукели што се во глутница,од нив и мажи и жени и деца можат да настрадаат,никој не сака јавно да посака нивна смрт затоа што ќе биде нападнат од баби-девојки и окарактеризиран како мразач на животни,а реално друго решение нема. Плус што градовите губат пари за плаќање казни на каснати луѓе.
Treba dolgorocno resenie. Ubivanjeto sekako ne e lesenie. Zgrizuvanje, steriliziranje do nivo da isceznat zivotnite skitnici. Aj sto e opasno, tuku e i mnogu grdo, pogotovo za tusistite koi neli sakame povtorno da se vratat. Gradot mora da odvoi sredstva i da go resi ovoj problem, no i graganite mora da pokazat humanost i da zgrizuvaat sto povele kucinja i macinja.
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 390
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 21-Sep-2021 at 15:13
Се согласувам со тоа стерилизирање до ниво да нема веќе улични кучиња иако има постоечки кои се преопасни за да бидат згрижени,за нив еутаназија е правилно решение.Она што ме зачуди,џукелите што ми се сипаа имаа жолти беџови или што и да се тоа на ушите,претпоставувам тоа значи биле вакцинирани против беснило ? или скопани...сеедно не беше пријатна случка посебно што беа оддалечени некои 15-20 метра и пак се сипаа,што значи се територијални и напаѓаат секој што ќе помине на одредено место.
Прилично голем проблем од многу агли кој мора под итно да се реши.


П.С. Спомна мачки,не сум баш љубител на мачки ама група мачки се безопасни,дури и корисни во бркањето глувци,така да,попрво би оставил по некоја мачка а нула улични кучиња,тој што си сака нормално нека си чува.

Edited by Vire - 21-Sep-2021 at 15:14
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 21-Sep-2021 at 15:18
Originally posted by Vire

Се согласувам со тоа стерилизирање до ниво да нема веќе улични кучиња иако има постоечки кои се преопасни за да бидат згрижени,за нив еутаназија е правилно решение.Она што ме зачуди,џукелите што ми се сипаа имаа жолти беџови или што и да се тоа на ушите,претпоставувам тоа значи биле вакцинирани против беснило ? или скопани...сеедно не беше пријатна случка посебно што беа оддалечени некои 15-20 метра и пак се сипаа,што значи се територијални и напаѓаат секој што ќе помине на одредено место.
Прилично голем проблем од многу агли кој мора под итно да се реши.


П.С. Спомна мачки,не сум баш љубител на мачки ама група мачки се безопасни,дури и корисни во бркањето глувци,така да,попрво би оставил по некоја мачка а нула улични кучиња,тој што си сака нормално нека си чува.
Ne e problem samo napaganjeto. Slikata generalno e grda, pa duri i da ne te napadnat sam covek vo docnite casovi bi se uplasil od niv. Mora da se najde resenie zivotnite skitnici da gi snema od gradskoto podracje.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 21-Sep-2021 at 15:29
А бе мора да се најде решение, зашто вака веќе не оди. Во Скопје врие од кучиња-скитници.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 21-Sep-2021 at 16:37
И во Мичурин околу Транспортен Центар секоја вечер врие од кучиња скитници ги има 10-тина прилично големи и најмногу лаат и се стрчуваат по автомобили и велосипедисти буквално ечи цела населба особено рано наутро.
Најчесто се собираат во напуштениот објект до црквата но и во околината,незнам што треба да се случи за овој проблем трајно да се реши.
Мора активно да работат шинтерски служби и да се намали нивото на нехигиена низ градот кој е извор на многу глувци,гаврани,мачки и кучиња.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 21-Sep-2021 at 16:41
ВО ТЕТОВО СЕ ПОТРОШЕНИ ПАРИТЕ И НЕМА КОЈ ДА ГИ ЗАЛОВУВА АГРЕСИВНИТЕ КУЧИЊА КОИ ВЧЕРА ИСКАСАА 5-ГОДИШНО ДЕТЕ



Уличните кучиња во Тетово никој не ги третира, ниту заловува ако се болни и агресивни, бидејќи биле потрошени парите за таа намена за годинава. Вчера, од глутница кучиња беше искаснато петгодишно дете од Мала Речица кое доби повреди по целото тело и главата, но кучињата кои го нападнаа не можат да се заловат за да се види дали се болни и агресивни.

Општина Тетово, бидејќи нема своја служба за третман на уличните кучиња, ангажира приватна ветеринарна ординација која ги заловува, стерилизира, лекува или еутанизира кучињата. За оваа намена од буџетот беа одвоени 3 милиони денари, што за голема Општина како Тетово е малку. Од приватната фирма која беше избрана на последниот тендер велат дека веќе не ги третираат кучињата скитници, бидејќи се потрешени парите предведени со тендерот.

„Нашата ветеринарна станица го доби тендерот и за оваа година, но пред еден и пол месец парите се потрошија и сега чекаме Општината да распише нов тендер. Досега сме третирале над 650 кучиња скитници во Тетово и околината, од што само со последниот тендер опфативме над 300. Според бројот на третираните кучиња и цената на третманот кој опфаќа заловување, прочистување и стерилизација и кој во просек изнесува околу 9.000 денари по едно куче, средствата се исцрпени и ние прекинавме со работа. Дали и кога ќе има нов тендер немаме никаква информација“, вели ветеринарот Рами Селмани.

Селмани не е сигурен дали повторно би се јавил на тендерот ако го распише Општината бидејќи, како што вели, имало многу работа, многу нервози, а и финансиски проблеми. Сепак вели дека вистинскиот начин да се реши проблемот со кучињата скитници е да се направи голем стационар, решение какво се применува во сите развиени земји.

За таков современ стационар зборува и Општина Тетово, но не кажува кога би се направил и колку пари би чинел.

„Во подготовка сме на проектот „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти“, финансиран од страна на Шведската агенција за меѓународна соработка (СИДА). Овој проект има за цел да се осврне на главните предизвици во локалниот развој и да ги поддржи капацитетите на општините, во изработката и имплементацијата на проектите за локален развој. УНДП во моментов бара искусна компанија за проектирање за поддршка на Проектот во изработката на документација за урбанистички и основен проект за изградаба на регионален центар за бездомни кучиња со прифатилиште“, велат од Општина Тетово.

Според последните информации од СВР Тетово, од почетокот на годинава во Тетовскиот Регион досега биле пријавени 54 каснувања од кучиња скитници, а во Гостиварско 36. Но, од полицијата велат дека овие бројки сигурно се поголеми, бидејќи дел од каснатите луѓе не го пријавувале каснувањето во полиција.

Од Општина Тетово побаравме и податок колку лица кои биле каснати од кучиња скитници ја тужеле Општината и добиле отштета, но таа информација никој не сакаше да ја соопшти.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vo-tetovo-se-potrosheni-parite-i-nema-koj-da-gi-zalovuva-agresivnite-kuchina-koi-vchera-iskasaa-5-godishno-dete/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 15>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.445 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.