Промоција на Македонија |
Post Reply | Page 123 19> |
Author | |
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply
#1 Topic: Промоција на Македонија Posted: 24-Dec-2008 at 17:03 |
Еве го клипот што го режираше Манчевски за промоција на Македонија:
Мене посебно ми се свиѓа начинот на кој е интерпретирана народната музика! Ако ја има некој цела песна во ваква верзија нека ја прати! п.с. Дали некој ќе ја препознае песната која е?! |
|
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #2 Posted: 24-Dec-2008 at 17:19 |
Учи ме мајко, карај ме , многу лоша верзија избрал милчо требало да ја преработи на леби сол верзија т.е. да и уфрли тапани и ќе беше ептен добро или пак скроз до крај да одеше со изворен оркестар, вака синкретизмов од класика и изворна е катастрофа бар за мене, ова ми личи на масло или на синтезис песнава или пак кирил му ја склепал...
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #3 Posted: 24-Dec-2008 at 17:20 |
ако не е едното другото е |
|
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #4 Posted: 24-Dec-2008 at 17:20 |
да музиката била на кирил со кого заедно пасел трева порано ќе пасе и денес
|
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #5 Posted: 24-Dec-2008 at 17:22 |
Beton, знаев дека прв ке погодиш! Мене ми текна дури по второто слушање и затоа прашав дали ќе погоди некој друг! Инаку сега разбрав на вести дека музиката ја правел Џајковски така да ако случајно ја има некој песната нека ја пушти, мене многу ми се допаѓа музиката! На леб и сол баш повеќе не чини песната, оваа има многу бољи начин на изведба!
|
|
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #6 Posted: 24-Dec-2008 at 17:25 |
да да подобар семплови до немајкаде ! турбофолк да беше ќе имав повеќе респект ! еве ти ја страната на кирил кај и да е ќе ја качи www.kiril.com.mk/media.htm , или пак ако ти се брза скинија од клипот со soundforge ! |
|
Vladimir P
Senior Member Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
Quote Reply #7 Posted: 24-Dec-2008 at 20:18 |
Едно се забрава, спотот е за надвор, не за наш вкус или невкус
|
|
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|
ovaj_stariov
Senior Member Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1319 |
Quote Reply #8 Posted: 24-Dec-2008 at 20:46 |
Спотот и музиката се добри,го ценам Манчевски како уметник и личност.
Судејќи според досегашните искуства на Милчо очекував нешто поинтересно,но и ова е сосема достојно за представување на Македонија. |
|
build.mk, гради форумска историја
|
|
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #9 Posted: 24-Dec-2008 at 21:25 |
идејата е интересна иако веќе видена, сепак добро вклопена! баш дека е за надвор Владимир требало Кирил да заборави на филхармониски звуци! дури ако размислам подобро синтезис далеку поубаво ќе ја изведеа мелодијата! но ај и вака ќе тера иако може ремикс да и направи утре кирил на верзијава како и обично што за електрича е многу нормално! но овој спот освен за на охридско лето не би го пуштил на cnn, премногу е експериментален за да привлече туристи, попрво би привлекол уметници! но затоа се пет па сега Милчо си игра со сите бои и стилови! досега сеуште нај претставителен останува Made In Macedonia исто од Милчо. |
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #10 Posted: 24-Dec-2008 at 21:34 |
се сложувам со болдираните делови. И јас сум скептик за ефектите на овој спот. |
|
Vladimir P
Senior Member Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
Quote Reply #11 Posted: 25-Dec-2008 at 00:15 |
Откаде таа идеја да привлече туристи, ја колку разбирам, идејата е да се промовира МАКЕДОНИЈА, знаеме за кој намени, а во спотот ако попажливо го погледаш е сторено тоа. Во секој случај, за вкусови не се дискутира, но за идеи, да |
|
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #12 Posted: 25-Dec-2008 at 04:14 |
добро ако стрикно се гледа од агол на промовирање на културни вредности да добро е, сепак јас Кирил би го оставил да пие кафе дома и да прави музика за театар и за филм исклучиво. добро нека тера и спотови, но не културни и национални, бар не сега а колку што знам ова е дел од туристичката стратегија, затоа и ќе се тера со реклама на cnn како и досега, бар такви беа најавите! ќе има нешто импакт и околу името спотов конкретно но колку луѓе од оние во светот што ќе го видат, ќе си го стават тоа на срце, незнам! ова со повеќе комбинации е реално екстра можност, како прво за Милчо како професор да им одржи лекција на помладите кинематографи(студенти), а како второ доколку веќе сакаме да одиме агресивно со туристичка промоција ова е начинот повеќе комбинации и сетне селекција што и каде ќе тера! дури мислам овој начин на работа треба да се форсира во сите области, а не само со една две комбинации јуриш напред. таков е случајот и со архитектурата каде воопшто не се нудат повеќе комбинации од еден ист проект, туку се завршува со едно решение кое му се сонило на авторот, ова ислам на приватните инвестиции пред се! треба многу флексибилност и креативност и доволно комбинации и време на располагање, размислувајќи и за формата и за материјалите од секој аспект на време и простор... |
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #13 Posted: 25-Dec-2008 at 04:25 |
Бетон ни мене Кирил не мие е нешто автор којзнае каков! Случајно сега песната ја погодил инаку воопшто не го ценам како автор што знае да направи некоја музика! Ете така чат-пат за некој филм ќе напраи нешто кога ќе му фрлат ќеш! Во другиот дел од постот околу архитектурата се слагаме. |
|
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #14 Posted: 25-Dec-2008 at 04:34 |
па види имаше Кирил досега добри парчиња за на филм или пример преработката со Вања Лазарова на Стојне бре моме кочанско, но сето тоа е легнато со време не е вака за месец дена скрпено и ура! плус како појава кросоверот од класика и народна музика е премногу сложен процес да се истенчи до перфекција, а башка што е унаказување на изворната музика како појава! сепак комбинации да има но со усул! на што ќе личи камен мост цел да се репродуцира од бетон или железо, да таа ќе биде формата но не и мелозвучноста!
|
|
Б.Ѓ.Т
Senior Member Joined: 15-Nov-2008 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 311 |
Quote Reply #15 Posted: 25-Dec-2008 at 10:20 |
spotot mi se sviga a i muzikata ne e losha.vazno kakva i da e,da ima nekoja prezentacija za zemjava.
|
|
Б.Ѓ.Т
Senior Member Joined: 15-Nov-2008 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 311 |
Quote Reply #16 Posted: 25-Dec-2008 at 15:21 |
inace na ovaa strana ima i eden slicen reklamen spot ko nashiov Edited by Б.Ѓ.Т - 25-Dec-2008 at 15:24 |
|
Vladimir P
Senior Member Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
Quote Reply #17 Posted: 25-Dec-2008 at 16:39 |
Плагијат во Macedonia Timeless?
Чуден е овој народ, секогаш тугото е подобро, секогаш нашето е најлошо, секогаш имаме молскавична „анализа“. Евего и моето скромно мислење за сево ова. Книгата ја има сигурно во уште 30-тина спота-филма, и цртичи, значи „плагијати“. Гледајќи го упоредниод спот - „плагијат на плагијатот“ првата мисла ми беше „плагијат“ на Матрикс и кинески шпагити со борби. Затоа би предложил, да се понуди билокој уметнички израз, било од каде, и имате гаранција дека после ден-два ќе се најде на истиот „плагијат на плагијатот“ и така во недоглед. |
|
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|
BlacK
Groupie Joined: 11-Sep-2008 Online Status: Offline Posts: 95 |
Quote Reply #18 Posted: 25-Dec-2008 at 17:18 |
http://a1.com.mk/video-home.asp?VideoID=371
Eve sporedba na gruziskiot i makedonskiot promotiven spot.Recisi nema nikakva razlika."Uzivajte" |
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #19 Posted: 25-Dec-2008 at 17:21 |
Ееее колку само има разлика , единствено што е исто е финтат со книгата која не е прв пат применета у грузискиот него многу пати ја имало во кинематографијата.
|
|
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #20 Posted: 25-Dec-2008 at 17:28 |
можеби не требаше да оди ова на cnn но и вака ќе заврши работа инаку може на повеќе начини да се интерпретира т.е. оправда оваа патка на Милчо. вакво нешто посебно во спот може да предизвика само поголемо внимание, бидејќи како по обичај ќе се крене прашина за ваквиот наводен гаф што во најмала рака значи по гледан спот, а во краен случај Милчо можеби намерно или не своето реноме го става во услуга на Македонија, со оглед дека на запад го сметаат за педантен и оригинален режисер! исто ако нешто е уникатно во кадаров тоа е претопот на боите па повторно случајно или не Милчо решил да остане истата сцена во спотот! а многу веројатно е рефлекторот да го оставил како впечатлива лекција за сопствените студенти (штимањето на тоновите со рефлектори и преку ден)! инаку сетовите му се оригинални нема што, сеуште се зборува за кадрите од третиот дел на пред дождот - сонот со куќата каде небото е еден муабет а куќата друг (сликовито објаснето ) т.е. баш доловил колоритна сцена од сон, незнаеш дали ги има побашка измонтирано небото и куќата или цел муабет го наштимал со светлото! на крај ќе заклучам дека кај Милчо ама баш ништо не е случајно ниту површно а уште помалку импровизирано, т.е. и да импровизира тоа го прави повторно со големо искуство од багажот што го влече со себе единствено можеби малку премногу се има потпрено врз Кирил, па му оставил одврзани раце околу акустичните конци во спотов, но тоа е најверојатно повеќе од пријателски побуди... сепак на крај не ме чуди од сите пет спота да излезе некаков коктел од годишни времиња и културно природни тонови! а дека е плагијат тоа нема врска, во тој случај се е плагијат на светов!!! |
|
Post Reply | Page 123 19> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |