![]() |
![]() |
![]() |
Патна мрежа (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 8081828384> |
Author | |
AmyntA ![]() Groupie ![]() Joined: 07-Nov-2011 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 91 |
![]() ![]() |
Погорниот напис е обична глупост , бидејќи, тој пат во албанија што не е доизграден е обичен пат, со својства не подобри на оние на Гостивар-Дебар.
|
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
И се надевам дека никогаш нема да се изгради тој пат, бидејќи не ми се плаќа данок за автопат од Кичево до Дебар. Меѓународниот коридор е преку Струга, а Албанците ако сакаат нека градат и тунели под Кораб и Шар Планина, од наша страна таму нема да има автопатско поврзување во следните 50 години.
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
Исклучива "големоалбанска" стратегија е тој пат. Наша стратегија е доизградба на веќе зацртаниот коридор 8 преку Охрид и Струга. Воопшто не треба нити дебата за вакво решение.
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Баш обратно! Само инфратруктура и интеграција може да влијае позитивно на пацифизација на Балканот. А голема албанија и скакви големи соништа се мртви идеии само во главите на националистите. Од друга страна Македонија има 20% албанци или 30% муслимани и тоа се политички интереси што неможат да бидат запоставени, ставени на страна и неиспочитувани. Кракј крајева, па и кој ќа од оваква распределба на граници на Балканот ако не раѓаат стабилност и просперитет, можда и треба промени по етнички линии да се прецрта цел Балкан. Па да не дозволиме да бидеме блиски исток или африка каде две-третини од вкупното население не се задоволни со границите. Македонија има суштински интерес од дополнителни врски према Албанија, и Кичево-Дебар и Тетово-Призрен и Струга-Елбасан и секоја останата можна врска. Јас неможам да разберам како ова неможе сеуште да биде разбрано од големи делови од наци-глупаците во Македонија. Па видете ја Босна и до каде се забега со патните поврзувања со соседните земји, се ќе ви стане јасно каде води такво размислување. Македонија е културолошки, екомонски, образвоно, индустриски, во секој поглед над Албанија, ако можеби на некогот тоа не му изгледа така од демографски причини. Од такви врски може само економски бенефит да има Македонија, како не ви е јасно тоа. Па дури еве и да се спуштиме на ниво на ницоналистите, дали досегашното немање патишта со децении некако предизвика да се намали бројот на албанци во Македонија и да се одлеат према Албанија?! Не! Баш обратно, ги затуца по планини да бидат невклопливо население во нормална држава како некое домородно племе што неможе никако да се интегрира. Затоа, треба радикална промена во размислувањата. Кога и Албанија ќе има начин копнено да комуницира нормално према останатиот Балкан, е тек тогаш може да се надевате дека некој алабанец од Македонија ќе може да се види себе си и својата иднина во Албанија.
Edited by user8642 - 11-Jul-2021 at 12:18 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Почна реконструкцијата на патот Ресен – Охрид преку националниот парк „Галичица“
![]() ![]() Освен што ќе се подобри квалитетно патното поврзување меѓу овие два града, ќе добиеме современа патна инфраструктура која ги поврзува двата најзначајни туристички центри во земјата – Охридскиот и Преспанскиот. Со тоа на туристите ќе им се овозможат соодветни современи услови за патување и за посета на туристичките капацитети на двете страни од националниот парк „Галичица“, потенцираше премиерот Зоран Заев на почетокот на работите на реконструкцијата на регионалниот пат Ресен-Охрид преку Галичиџа, на делницата од Отешево до приклучувањето на патот Охрид – Свети Наум. Првата фаза е делницата на патниот правец од Царина Отешево до превојот на Галичица во должина од 14,9 километри. Вредноста на инвестицијата на оваа делница изнесува 60 милион денари, по што ќе продолжи и реализацијата на втората фаза од превојот на Галичица до приклучувањето на патниот правец Охрид – Свети Наум во должина од 15 километри за што се предвидени уште 60 милиони денари. „Веруваме дека со оваа инвестиција ќе привлечеме нови странски и домашни туристи кои ќе ги посетат овие прекрасни пејсажи и туристички понуди што ги нуди нашата земја и овој регион“, истакна Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски потсети дека овој патен правец се обновува по повеќе од 50 години и дека неговата ревитализацијата е од огромно значење за Преспанскиот Регион и е причина плус, туристите да ја посетат Преспа и националниот парк „Галичица“. https://meta.mk/pochna-rekonstrukczijata-na-patot-resen-ohrid-preku-naczionalniot-park-galichicza |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Регионалниот пат кој води од Преспа преку Галичица до Охрид, претставува туристичка атракција за сите домашни и странски туристи кои поминуваат низ овој Преспанско-охридски Регион.
Веруваме дека со оваа инвестиција ќе привлечеме нови странски и домашни туристи кои ќе ги посетат овие прекрасни пејсажи и туристички понуди што ги нуди нашата земја и овој регион. Со оваа реконструкција прва после 50 години на туристите ќе им се овозможат подобри услови за патување и за посета на туристичките капацитети на двете страни од националниот парк Галичица. ![]() ![]() https://www.facebook.com/bochvarskiblagoj |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Шуќур.
|
|
![]() |
|
Marxentric ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Apr-2020 Location: Paionia Online Status: Offline Posts: 334 |
![]() ![]() |
Го тестирав тој фален Пат на Арбер после Дебар и можам да ви препорачам да го избегнувате по секоја цена ако решите да патувате кон Албанија или Црна Гора. Причината е што таму нема никаков Пат на Арбер, туку најмизерниот друм што сум го возел во живот. За волја на вистината природата беше прекрасна, се поминува низ кањони, покрај планини и реки, но џабе кога оштетив лежиште на тркало од огромните дупки. Реновирани се некои 10 километри обичен двонасочен пат, додека останатите 100 километри до магистралниот пат кој оди кон Тирана и Скадар се агонија, тесен, нерамен пат со многу кривини и најлошо од се е што има изненадни вдлабнатини од ерозија пред кои мора целосно да се застане или отиде курбан возилото. Не дека сме ние Луксембург, но џабе толку се филмаа со тој коридор кога ништо немаат направено, додека кај нас една третина од правецот Маврово (А2) кон Дебар е веќе рехабилитиран. |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Патем, во Јавни набавки на Тајм стои дека веќе е избрана фирма за надзор на патот Извор-Гарски Мост во времетраење од 4 години, износ околу 700.000 евра. За изградбата не видов тендер.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ОСУМ МЕСЕЦИ НЕ СЕ АСФАЛТИРААТ ПРЕОСТАНАТИТЕ 4 КМ ОД ДЕЛНИЦАТА БОГОМИЛА – СТРОВИЈА ЗА РЕГИОНОТ НА АЗОТ ДА СЕ ПОВРЗЕ СО ПЕЛАГОНИЈА
![]() Ниту по 8 месеци нема никакви градежни активности на делницата од регионалниот пат Богомила – Стровија. Таму се работеше до крајот на ноември лани, по што поради зимските услови работите беа прекинати, но никако да продолжат. Реагираат жителите од регионот на Азот, кои со децении чекаат да се изврши поврзување со Прилеп, за да не мора да патуваат за Пелагонија преку Градско и Кавадарци. „Не знаеме зошто но не се изврши асфалтирање на неколкуте километри кои останаа за да се поврзе патот со веќе претходно завршениот дел. Очекувавме дека пролетва ќе се работи, но ништо од нашите надежи. Патот кој беше тампониран, а требаше да се асфалтира се уништува“, велат жителите на Богомила. Директорот на ЈП Македонија пат Беким Мехмеди на почетокот од јуни најави дека за десетина дена ќе започне асфалтирањето на преостанатата, незавршена делница од Стровија до Богомила. Но од ветувањето нема ништо. Директорот на ЈП Државни патишта Ејуп Рустеми деновиве најави дека ќе продолжат со градежните активности, но не прецизираше кога. „За кратко време ќе почнеме да го реализираме овој проект“, рече Рустеми. Прашан дали може да каже рокови во денови или седмици, дополни: „Не сакам да зборувам за рокови, ние интензивно работиме“. Минатата година се асфалтираше патот во прилепскиот дел, од Гостиражни до Стровија, во должина од 6,5 км. По завршувањето на делницата во Азот, овој дел од Македонија ќе биде поврзан со асфалтиран пат до Пелагонија. Жителите на Богомила и регионот, сега ако сакаат со автомобил да патуваат за Прилеп, Битола мора да возат преку Велес и Плетвар. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/osum-mesetsi-ne-se-asfaltiraat-preostanatite-4-km-od-delnitsata-bogomila-strovija-za-regionot-na-azot-da-se-povrze-so-pelagonija/ |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Зошто не направат надвозник наместо семафор кај Гостивар?
Цел сообраќај се згуснува така што се создаваат и колони од по неколку километри. |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Увид во завршната фаза на изградбата на мостот на Пчиња кај Долно Коњаре
![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Што курац ни треба увезување на туѓи конфлики на македонска територија?? Како да нема кое друго име на значајна личност или град од Босна да се стави, па мора овакви глупости да се ставаат?! Или можда стварно нема ништо попаметно?!
![]() А да не збориме пак за историските факти, кои може некому да му се допаѓаат или не, а тоа е следново. Бошњаците во Македонија традиционално немаат никакви конекција со Босна, туку се овдешно, тукашно исламизирано население од западнта група на јужнословенски народи (да не речам Срби). Не се исламизирани во Босна, па преселени тука, туку локално го граделе и го мењале сопствениот идентитет. Нека се идентификуваат како сакаат, нивно право како и на нас Македонците, некако комуницираат со матицата држава повторно нивно право, ама со Босна климава е конекцијата, со Сребреница уште помалку. Политички уште помалку е потребно. Што е следно, споменик на Милошевиќ во Чучер-Сандево?? Edited by user8642 - 28-Sep-2021 at 16:10 |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Настрана имево, од каде побогу излезе, туку кое пуштање му е на мостов ова? Второ, трето? Или според напишаното „увид“, сакаат да кажат не е готов мостот, па пак ќе се сликаат?
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Рехабилитацијата на магистралниот пат Куманово – Страцин влегува во завршна фаза
![]() Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска ја пoсетија локацијата кадешто во тек е рехабилитацијата на магистралниот пат Куманово – Страцин. Рехабилитација е поделена на две фази. Првата фаза е од Куманово до село Војник, во должина од 15,2 километри, во вредност од 4,7 милиони евра. Рехабилитацијата на оваа фаза завршува во јуни следната година. Втората фаза е од село Војник до Страцин, во должина од 16,6 километри, во вредност од 7,2 милиони евра, пари обезбедени преку Јавното претпријатие за државни патишта. Овој дел е веќе во завршна фаза и според динамиката се очекува во текот на следниот месец да биде комплетно завршена рехабилитацијата, беше посочено на денешната посета. „Како дел од паневропскиот Коридор 8, доизградбата и модернизацијата на магистралниот пат Куманово – Страцин е од витално значење не само за овој регион, туку и за целата држава. Поврзувањето на локалните и регионалните патишта со главните коридори за поврзување со соседните земји, а со тоа и со земјите од Европа, е наш стратешки приоритет! Токму овој коридор е во фокусот и на Европска унија и е вклучен во Економскиот и инвестициски план на Европската Комисија за Западен Балкан, вклучително и за Северна Македонија“, истакна Николовски. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски посочи дека изградбата на капиталните проекти се врвен приоритет. Заклучно со третитот квартал, реализацијата на капиталните инвестиции се движат над 68% од основнот буџет на министерството, што покажува силна динамика во изградба на патиштата, водоводните и канализационите системи и гасификацијата. Тоа ни дава за право да испорачаме силна реализација на капиталните проекти до крај на годината“, рече Бочварски. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/рехабилитацијата-на-магистралниот-п/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ветени 300, а санирани само 25 километри пат! – Што се случи со реконструкцијата на магистралните патишта
Што се случи со ветувањето за санирање на 300 километри пат во западниот дел од земјава, од кои досега се реконструирани само 25 километри? Магистралните патишта Кичево-Битола до Граничниот премин со Грција „Меџитлија“, се 300 км кои требаше да бидат санирани за една година. Ова е ветувањето на екс-директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, кое датира од октомври минатата година. Кога ТВ21 го праша Китанов – за колку време ќе бидат изградени овие 300км, тој увери дека во рок од една година горенаведените патишта ќе бидат целосно санирани. Но, иако помина една година од ветувањето што го даде Китанов, магистралните патишта се во иста состојба – со дупки на секои 100 метри. „Се наоѓаме на патот Другово-Демир Хисар, за кој минатата година во октомври беше ветено дека ќе биде реконструирн. Заедно со овој, ветен беше и патот Демир Хисар-Крушево, Крушево-Кривогаштани и Битола-Меџитлија. Но, судејќи по информациите и состојбата на терен, ниту еден не е саниран“, вели репортерката на ТВ21. ТВ21 контактираше и со актуелниот директор на ова претпријатие, Ејуп Рустеми, кој рече дека овие патишта се во фаза на проектирање и дека ќе се реализираат веќе следната година. „Додека ги немаме комплетно ревидираните проекти не можеме да го распишеме тендерот. Во моментот кога ќе ги добиеме целосно, ќе распишеме тендер за четирите патни правци кои ги спомнавте. Се надевам дека наскоро ќе дојдат проектите целосно ревидирани и сите ќе биде распишани на тендер за да се реализираат следната година“, посочи Ејуп Рустеми. Од 300 километри пат во западниот дел од држава, кои требаше да се направат за една година, саниран е само патниот правец Кичево-Македонски Брод, регионален пат во должина од над 25 километри кој чинеше 190 милиони денари. https://mk.tv21.tv/veteni-300-a-sanirani-samo-25-kilometri-pat-shto-se-sluchi-so-rekonstruktsijata-na-magistralnite-patishta/ |
|
![]() |
|
MarkoMK ![]() Newbiе ![]() Joined: 15-Apr-2011 Location: MK Online Status: Offline Posts: 7 |
![]() ![]() |
Здраво. Ме интересира за патниот правец Пробиштип - Турско Рудари - Пониква, гледам нема посебна тема, беше ветуван уште 2016 година, ама нема ништо од тоа. Па да не има некој информација дали се планира да се гради..
|
|
![]() |
|
GoranM ![]() Newbiе ![]() Joined: 21-Jul-2020 Online Status: Offline Posts: 8 |
![]() ![]() |
Што ќе се работи тука?
Стентон градба ДОО” известува за времена измена на режим на сообраќај на државен пат крак А1, делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп), поточно после мостот на р. Раец кон Плетвар, заради отпочнување со градежни активности на 02.03.2022 г. во врска со проект Рехабилитација на државен пат А1, Делница Фариш-Прилеп и ќе трае во наредните 12 месеци. Проширување со трета лента кај што нема? |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Наводно, фоткава е снимена на патот Тетово-Скопје во 1965 г. Се гледа и пруга десно (зад жената), веројатно теснолинејка. Чудно ми е што патот не е асфалтиран.
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
FiLo ![]() Senior Member ![]() Joined: 26-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 148 |
![]() ![]() |
Дали има некој инфо зошто на ова место овде во правец од Струмица кон Радовиш лентата е блокирана, постојано стои полиција, мораш да се исклучиш тука десно и преку земјата поново да се вратиш назад на магистралата ?
Додека пак од Радовиш кон Струмица нема никаков проблем, се вози во својата лента. Нема ништо вака да сум приметил нешто да има, неколку пати имам возено Струмица и немам логика зошто вака е направено. Ова е на 5 км од Струмица после Василево и Градошорци према Радовиш. ![]() |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 8081828384> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |