build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Цени на станови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 8>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 25-Aug-2021 at 19:41
Originally posted by гитардемон


Ќе да забораваш дека банките наплаќаат камати
Sekade naplakaat kamati i sekade stanovite se skapi. Stanovi se kupuvaat na dolgorocen kredit od 25-40 godini (ako nemas nasledstvo nekoj vredet imot od roditelite). Ne veruvam deka Bitolcani nemaat 200 evra za stanarina (plakanje kreditna mesecna rata)...
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 25-Aug-2021 at 20:34

Ама математиката ти е без камата бе пријателе. На 30-годишен кредит каматата е скоро колку главнината.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 25-Aug-2021 at 21:49
Originally posted by гитардемон


Ама математиката ти е без камата бе пријателе. На 30-годишен кредит каматата е скоро колку главнината.
Dosega kvadratot bese ogin a sega kreditot i bankite ispadnaa krivi. Vo cela Evropa e isto. Cenata rapidno raste vo poslednite 10 godini i mnozinstvoto kupuvaci kupuvaat na kredit. Prosecen stan vo posirokoto centralno gradsko podracje se kupuva sekade vo Evropa so 25% mesecna rata od dve pristojni plati i sekako barem 20% ucestvo.
Vo Makedonija kvadratot e megu poevtinite i ne drzi muabetot deka stanovite vo Bitola stanale luksuz. Pa se e prodadeno. Znaci ima luge koi mozat da kupat. Pa ne se glupavi investitorite da gradat na slepo!?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 26-Aug-2021 at 06:47

Никогаш не реков дека не си во право бе Denko. Јас се сложувам со тебе во глобала, само забележав дека математиката ти беше премногу поедноставена.

Сепак, Битола е сиромашен град. Дека е сè продадено, не верувам. Исто како во Скопје, има толку станбени згради изградени со криминогени пари, што на газдите не им пречи да останат становите непродадени и со години. Поентата била само да се вложат некаде парите.

Верувај, не секое битолско семејство може да си дозволи рата од 300 евра. Проблемот е што обично родителите (кои се со ниски примања) се тие кои запнале да им купат „станче и количе“ на децата, а младите (со повисоки примања) не се баш заинтересирани за станови, туку за да заминат странство.

Верувам дека муабетов со високите цени кој беше цитиран погоре е од некој таков повозрасен кој очекува стан за 20.000 евра.

Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 26-Aug-2021 at 15:28

OK. se soglasuvam so napisanoto. Jas generalno komentiram kako stojat rabotite. Makedonskiot mentalen kod e baziran na edno vreme koe odamna izumre. Jasno mi e deka ne moze sekoj da si dozvoli rata od 300 evra (i so rata od 200 evra se kupuva stan vo MKD), no toa e i poentata koja nasiot covek ne ja razbira. Bez pari ne se kupuva stan a poklon od drzavata veke nema. Tie sto imaat mali primanja ke ziveat pod kirija na periferijata na gradot. Makedonskite roditeli se posebna prikazna koja zasluzuva posebna niska.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 08-Sep-2021 at 14:14
АНАЛИЗА: Цените на становите зголемени за 4 отсто, бројот на одобренија за нови згради пораснал за 35 отсто

Значајно поскапување на становите, односно недвижностите во првиот економски квартал. Во истиот период регистриран е и раст на бројот на издадени одбренија за изградба на згради, пишува „Порталб“. На територијата на дел од општините кои беа под мораториум за градба – се враќа машинеријата.

Летен „залет“ на градежништвото, становите поскапеа

Од 2015 година, во вториот кавртал од годинава е регистриран највисок раст на цените на становите на квартално ниво. Во вториот квартал во споредба со првиот цените се зголемени за 3 отсто. Нови податоци на Народната банка покажуваат дека на годишно ниво растот на цените на становите изнесува 4 отсто.

„Во вториот квартал на 2021 година, цените на становите мерени преку хедоничкиот индекс забележаа годишен раст од 4 отсто, што претставува забрзување во споредба со растот од претходниот квартал. Од аспект на понудата, вредноста на изградените станбени згради забележа раст во првиот квартал од 2021 година, додека расположливите податоци за вредноста на издадените одобренија за изградба на станбени згради во вториот квартал од 2021 година засега упатуваат на намалување, на годишна основа. Од аспект на побарувачката на станови, таа и натаму е поддржана од натамошниот двоцифрен раст на станбените кредити“ – соопштија од НБМ.

Цените на становите и воопшто на недвижностите не се зголемуваат само во главниот град туку и во другите градови во земјава.

„Цена на станбен квадратен метар достигна 700 евра. Тоа е многу за Штип“, вели еден наш сограѓанин од овој град.

Во Тетово цената на квадратен метар се движи од над 600 евра, достигнувајќи и 850 евра.

Цената на становите во Охрид пак е драматично зголемена, па така стан од 83 мкв се продава од 700 до 1.300 евра по квадрат, во зависност од година на градба на зградата и од други фактори кои ја детерминираат цената.

Според податоците од Агенцијата за катастар, само во првото полугодие од годинава направени се вкупно 10.107 трансакции поврзани со недвижности во вкупна вредност од 378 милиони евра. Во споредба со лани истиот период забележан е голем пораст и на бројот на купопродажби и на нивната вредност.

Само во првите шест месеци од годинава преку Катастарот се регистрирани 15.453 трансакции, од кои 11.263 продажби на недвижности, а останатите се однесуваат на закупи.

50 милиони евра во станови…

Летната сезона го рестартираше градежништвото. Во јуни биле издадени 320 одобренија за градба, што е за 17,2 отсто повеќе во однос на истиот месец лани. Новите податоци од Заводот за статистика покажуваат дека изградбата на згради е во нов “налет“, но вредноста на сите видови одобренија за градба е значајно намалена за дури 64,4 отсто.

„Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во истиот месец од претходната година биле издадени одобренија за градење на објекти од нискоградба со поголеми вредности, како магистралниот транспортен гасовод во Пелагонискиот Регион, делница 5 од магистралниот гасовод во Полошкиот Регион, биогасната и ветерната електрана во Вардарскиот Регион, далноводот од Битола до македонско-албанската граница во Југозападниот и Пелагонискиот Регион“, објаснија од Заводот за статистика.

Кај високоградбата – односно кај изградбата на станови во јуни се бележат “пикови“. Вредноста на издадените одобренија за градба изнесува 48.000.000 евра, што е за 50,3 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, додека бројот на издадени одобренија за градба во анализираниот период е зголемен за 34,5 отсто.

Дел од градежниците велат дека градежништвото беше една од погодените гранки – дејности од ковид пандемијата. Граѓаните се воздржуваат од купување, а во меѓувреме цените на металите и на нафтата се зголемија, што влијаело врз пораст на трошоците, а со тоа и врз раст на крајната цена на становите. На територијата на дел од општините – мораториумот за градба е укинат со одлука на Уставен суд, со што машинеријата се врати на терен. Градежниците посочуваа дека мерката мораториум која требаше да биде “акутна“, за да се решат проблемите, се претворила во “хронична“, поради што дел од фирмите забавија, па дури и целосно запреја со градба на локациите, односно општините каде на сила до неодамна имаше мораториум за градба.

https://meta.mk/analiza-czenite-na-stanovite-zgolemeni-za-4-otsto-brojot-na-odobrenija-za-novi-zgradi-porasnal-za-35-otsto/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 10-Sep-2021 at 11:10
Во Центар квадратот за новоградба достигна 2.000 евра

Растот на цените на градежните материјали, намалениот број на одобренија за градба, недостигот на работна рака и зголемената побарувачка ги зголемија цените на становите во главиот град.

Од градежната комора која уште на почетокот на годината најави дека е можно цената на станбениот квадрат дво Центар да достигне и до 2.000 евра, велат трендот нема да запре до крајот на годината.

Според градежниците, трендот на зголемување на цените на становите почна лани кога беше намалено издавањето дозволи за градење, најмногу во центарот на Скопје. Дополнително намалените градежни активности придонесоа квалитетниот градежен кадар да ги напушта работните места па градежниците мораа да ги зголемат платите за да ги задржат останатите. На сето тоа големо влиание има и глобалниот раст на цените на градежните материјали. Цените на градежните материјали за една година поскапеа за 80 отсто. Во меѓувреме порасна и побарувачката на станови наспроти помалата изградба, што влијае овој тренд да потреае.

Лани според податоците на Државниот завод за статистика звршени се 1.194 станови што е речиси за 60 отсто помал во однос на 2019 година, кога биле завршени 2.905 станови.

Наспроти тоа, побарувачката на станови расте, што може да се види од податоците на одобрени станбени кредити во банките. Податоците на Народната банка покажуваат дека салдото на издадени станбени кредити со состојба во јуни 2021 година изнесува 1,02 милијарди евра, што е за 136 милиониевра или за 15,3 отсто повеќе споредено со истиот период во 2019 година.

Оваа година инвестициите во градежништвото бележат нагорен тренд, при што може да се забележи податокот дека во последните 12 месеци во Скопје се издадени одобренија за градење вкупно 2. 936 за нови станови што би биле готови во следните 24 месеци.

Намалената понуда на станови на пазарот укажува на фактот дека во периодот што следува цените на становите би продолжиле да растат.

Моменталните цени на станови кои се градат во Скопје, огласени на веб огласниците се движи меѓу 950 и 2.000 евра за квадрат зависно во која населба се наоѓа градбата и кога е почната да се гради. На пример во Капиштец може да се најде стан во изградба за 1.100, 1.250 ,1.350 но и 2.000 и 2.116 евра.

И од агенциите за недвижности велат дека очекуваат да продолжи позитивниот раст на цените. Според нив најбарани се становите со сопствени паркинг-места и близина до простори што овозможуваат надворешни активности, како што се паркови.

https://plusinfo.mk/stanbeniot-kvadrat-stanuva-poskap-vo-centar-kvadratot-za-novogradba-dostigna-2-000-evra/
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 11-Sep-2021 at 12:55
Се работи за светски тренд, секаде становите одат нагоре. Парите се ефтини, сегде се печатат пари без покритие, заради короноава. Бараме стан за студент во Нови Сад, па ги пратам нивните огласи, погледнете само колку е тоа скапо ЛИНК. А само пред десетина години мислевме дека ке можеме и да купиме мала гарсоњера. Скопје го следи трендот. И становите ке одат горе уште некое време, а после се предвидува голем пад и то прво во америка, па Европа па и кај нас. Државите треба да се подготват за тој миг, дали сме ние подготвени, не верувам.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 08-Oct-2021 at 08:39
ДАЛИ Е НА ПОВИДОК ХИПОТЕКАРЕН МЕУР ВО СКОПЈЕ?

Доколку се навратиме само 13 години наназад и се потсетиме на големата хипотекарна криза во САД која подоцна се прошири во глобална должничка криза, а преку тоа направиме паралела со случувањата кои се одвиваат во текот на оваа година во градежниот сектор во Скопје, евидентна е одредена корелација. Купувањето на недвижност во главниот град стана основен постулат врз кој се темелат сите финансиски планирања кај најголем дел од популацијата. Масовното ширење на градот и апсорбирање на половина жители на Македонија на територија од 225 км2 градско подрачје ги помести нормите за рационално инвестирање. Ова особено доаѓа до израз кога станува збор за недвижностите.

Што се случува таму?

Помина периодот кога понудата на пазарот ја диктираа неколку големи играчи и последниве 3 години сведоци сме на голем број на помали компании кои успеваат да се изборат за градежна парцела и соодветна дозвола за градба. Таквото раслојување на почетокот донесе поголема енергија во секторот од аспект на стабилизирање на цените, поголем квалитет на градба и поголема понуда за задоволување на потребите на купувачите. Од друга страна трендот на опаѓање на општото ниво на каматни стапки доведе до тоа кредитите да станат уште подостапни како за инвеститорите, така и за крајните корисници.

Процесот на кредитирање започнува со земање на кредит од страна на инвестор каде најчесто се бара одредено учество од 20-30%, додека остатокот од потребната инвестиција се финансира преку инвестициски кредит. Потребните 20-30% обично се вкалкулирани и обезбедени со купување на земјиштето, преку најчестата практика во националниот градежен сектор – компензација. Со тоа, компаниите им ветуваат соодветен надомест на имателите на земјиштето преведен во станбена површина. Инвеститорот како хипотека ја става идната вредност на објектот, заедно со сите платени комуналии и останати давачки кон државата, како и вкупното градежно земјиште. Кога градбата ќе започне доага до трансформација на процесот на кредитирање каде од голема изложеност на банката кон еден инвеститор, сега ризикот се дисперзира кон повеќе корисници на станбени кредити, а со тоа и потенцијално “цепкање” на хипотеката. На крајот сите се задоволни: банките имаат соодветен пласман за своите средства, инвеститорите прават големи заработки со минимум вложени сопствени средства, а поединците добиваат свој сопствен простор.

Она што е алармантно е високата цена на становите во последнава година!

Иако дел од причините може да се бараат во поскапените градежни материјали и повисоките надоместоци за вработените, а пред се и во огромната побарувачка за квадрат повеќе, сепак трката за профит се чини отиде предалеку. Цените по кои се нудат новите градби се далеку од тоа што било стандард пред само една или две години. Така, сведоци сме на цени од 1.200 ЕУР во населба Железара, 1.250 во Автокоманда, 1.300 во Гази Баба, 1.350 во Аеродром и Карпош, па се до 2.000 ЕУР во Центар. Ваквиот тренд е потврден и од страна на статистиката која ја води НБРСМ, издадена во нивните периодични известувања.



Прашањето кое се поставува е дали има ли крај наглото поскапување на станбен простор во Скопје? Доколку се следат економските принципи ова можно е да “мириса” на одреден меур, кој доколку се пукне може да има огромни последици за нациналната економија. Со зголемувањето на цените се зголемува и кредитната изложеност на поединците, а имајќи ги во предвид флуктуациите во побарувачката за работна сила, а со тоа и потенцијални флуктуации во приватниот доход, ситуацијата бара соодветна експертска анализа.

https://pari.com.mk/skopje-hipotekaren-meur/
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 09-Oct-2021 at 08:58
Ova e trend. Ako raste gradot ke rastat i cenite. Pobaruvackata ja diktira cenita. Taka e sekade vo svetot. Nikogas porano nemalo tolku mnogu pari. Druga tema e kako se tie podeleni. Ima bogati sto kupuvaat celi zdradi, dodeka siromasite ziveat cel zivot pod kirija.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 11-Oct-2021 at 17:24
СТАНОВИТЕ ВО ОХРИД СЕ' ПОСКАПИ



За 20 до 30 проценти скокна цената на становите во Охрид.Во периферијата становите достигнуваат цена од 850 до 900 евра за метар квадратен, стан во центарот на градот чини од 1300 до 1500 евра по квадрат,а на најатрактивните крајбрежни делови цената достигнува и до 2000 евра.

Но, и покрај високата цена,интересот за купување стан во Охрид е огромен.Од продадените станови дури 95 проценти биле домашни купувачи. Само 5 проценти се странци кои купуваат недвижнини на охридското крајбрежје.

Помал е интересот за купување на куќи.Тоа се должи на слабата економска куповна моќ,потребата од реновирање и скапото инвестирање за одржување на куќите.

https://24.mk/details/stanovite-vo-okhrid-se-poskapi
Back to Top
Urbanista View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 28-Dec-2020
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 36
  Quote Urbanista Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 12-Oct-2021 at 05:21
https://www.porta3.mk/skapata-energija-e-vinovna-za-rastot-na-cenata-na-gradezhnite-materijali/

Скапата енергија е виновна за растот на цената на градежните материјали
   Pin It
Поради глобалната криза во светот, зголемување на цените на струјата и гасот, цените на цементот, железото, алуминиумот, керамиката, постојано растат. Градежните материјали како резаната граѓа поскапеа за 400 отсто, алуминиумските профили исто така, цената на бетонското железо скокна за 100 отсто, подовите и керамиката, машинските инсталации исто така поскапеа и нема да застанат тука. Зголемувањето на цените на материјалите неминовно ќе се одрази на цената на квадратен метар станбен и деловен простор.
гр2_resize
Зголемувањето на цените на репроматеријалите ќе продолжи поради пумпање на голема сума пари во светските економии, што доведе до инфлација. Покрај тоа, има скок на цената на нафтата, гасот и електричната енергија.
гр3_resize


Америка впумпа 14.000 милијарди долари како мерка за економско закрепнување од короната. Во такви ситуации, прво се придвижува градежната индустрија, изградба на нови и реновирање на старите станови. САД издвоија седум илјади милијарди долари за 100.000 километри нови патишта и реновирање на старите, потоа градат 48 нови нуклеарни централи, ветерници, наведуваат експертите. Нагласуваат и дека се започнати програми за реновирање на станови, болници и хотели во Белгија, Германија и Франција. Тоа не го прават случајно, бидејќи кога ќе се покрене градежништвото, кое повлекува 50 стопански гранки, ја придвижува целата економија.
гр1_resize
Аналитичарите посочуваат дека она што се случува на меѓународниот пазар мора да се има предвид. Инфлацијата во Соединетите држави е на највисоко ниво во последните триесет години. Од една страна, ова се правда со нерамнотежата помеѓу понудата и побарувачката, но има аналитичари кои велат дека економијата се прегреала поради долгорочната експанзија на монетарната политика која пумпа големи пари во економијата, а пазарот не може тоа целосно да го избалансира.
Зголемувањето на цените се случи во втората половина на минатата година, кога економијата почна полека да закрепнува по пандемијата. Потоа настана нерамнотежа помеѓу понудата и побарувачката, поради што се зголемија цените на индустриските производи, житариците, енергијата, како и цените на транспортот.
gr0_resize
Ова се интензивираше во последните недели, иако имаше индикации и порано. Имаме енергетска криза од едноставна причина што побарувачката на економијата е постојано висока, понудата е ограничена и со фактот дека производството на јаглен е намалено поради потребата да се организира намалување на емисиите на јаглерод диоксид. Од таа причина, има зголемување на цените на енергенсите.
Пример е природниот гас, кој се третира како чиста енергија и чија цена се зголеми за 125 отсто од почетокот на годината, а само во последниот месец за околу 25 отсто. Сега Кина, како голем потрошувач на енергија, бара многу од тој течен гас, што само ја зголемува цената.

Ako proizvodstvenata cena na stanot porano se formirase otprilika vaka: 400 evra (kvalitetna izgradba) + 100 evra komunalii + 200-500 evra za kupuvanje na placot na koj se gradi zaedno so mito prikljucoci i sl.. ostanatoto kjar za investitorot.
Sega so nekolku kratno poskapuvanje na materijalite, a i na rabotna raka dali nekoj znae prvata stavka kolku e zgolemena realno?
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 12-Oct-2021 at 09:08
Интересно е тоа што не се продаваат куќи во Охрид. Сите сакаат во центар во најголемата гужва. Во соседна Србија има тренд на купување земјишта надвор од големите градови, за градење викендици па и за живеење (ЛИНК).
Јас кога би купувал во Охрид би купувал во Рача, Велестово, Чекоштина - можеби најидеална локација. На лето во центар не се живее, галама, валкано, гужви.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 18-Oct-2021 at 12:44
Ќе се ѕидаат сѐ повисоки цени на становите

Не се очекува стабилизација на цените на недвижностите
Трендот на пораст на цените на становите продолжува. Како резултат на зголемената побарувачка на станови во корелација со намалената понуда, растот на цените на градежните материјали и недостигот од работна рака, овој тренд се очекува да продолжи до крајот на годината.
Според градежниците, трендот на зголемување на цените на становите почна минатата година, кога беше намалено издавањето дозволи за градење, најмногу во центарот на Скопје. Дополнително, намалените градежни активности придонесоа квалитетниот градежен кадар да ги напушта работните места, а градежниците мораа да ги зголемат платите за да ги задржат другите. Најголемо влијание има и глобалниот раст на цените на градежните материјали. Цените на градежните материјали за една и пол година се зголемија за 80 отсто. Во меѓувреме, порасна и побарувачката на станови наспроти намалената изградба, што влијае на растот на цените на становите.
Градежникот Никола Велковски вели дека репроматеријалите од метал учествуваат од 20 до 30 отсто во градежните материјали при изградба и дека тоа има влијание во конечната цена за услугата, што тие како градежни компании ја нудат, па поради тоа расте и цената на недвижностите.

– Речиси сите материјали што се користат при градба се поскапени, како на пример железото е 200 отсто поскапено, стиропорот околу 20 отсто, дрвото околу 70 отсто, тулите за околу 30 отсто, дополнително е поскапена и цената на трудот, па сето тоа донесе поскапи градежни услуги. Зголемените трошоци за репроматеријали на светските берзи и проблемите при транспортот во глобалните синџири за снабдување предизвикаа раст на цените на градежните производи, што ги зголеми и цените на становите – објаснува Велковски.
Тој додава дека недостигот од квалификувана работна сила многу влијае врз цената на крајниот продукт.
– На терен се чувствува недостиг од градежни квалификувани кадри, нема поврат на ваквите кадри од развиените земји, напротив и понатаму се бараат, а тоа се одразува врз финалните цени. Нивните плати растат последниве години, а тоа мора да се вкалкулира во цената на становите – објаснува Велковски.
Според Игор Панчевски, генерален менаџер на агенцијата за недвижности „Левел 7“, во вториот и третиот квартал од тековната година повторно е забележан значителен и континуиран пораст на цените на станбениот простор, споредбено со истиот период од минатата година.
– Според нашите анализи, зголемувањето на цените од пред пандемијата се движи околу 7 отсто и понатаму очекуваме благ пораст и минимални осцилации на цените до крајот на тековната година. Конкретно, во моментов тешко е да се предвиди дали ќе има стабилизација на цените на недвижностите, бидејќи цената на станбениот простор зависи од повеќе фактори, пред сѐ, соодносот на понудата и побарувачката, цените на градежните материјали, како и од повеќе економски фактори во земјата – потенцира Панчевски.

Според нивните статистики, просечните цени по општини во Скопје се движат по околу 1.300 евра квадратен метар во Центар, 1.250 евра во Карпош, 1.200 евра во Аеродром, 1.150 евра во Кисела Вода, 950 евра Ѓорче Петров, 750 евра во Чаир за квадратен метар.
– Според нас, најголемите причини за зголемувањето на цените е соодносот на понудата и побарувачката на станови, како и енормното зголемување на цените на градежните материјали. Побарувачката на станови е во пораст споредбено со претходните период, но поголем проблем е понудата на вселиви станови, која во моментов е дефицитарна и не може да ги задоволи потребите на пазарот – смета Панчевски.
Од Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија, велат дека производството на градежни материјали од челик до дрвена граѓа беше сериозно погодено од почетокот на пандемијата. А зголемувањето на цените е особено изразено и сѐ уште не се гледа крај на поскапувањата.

– Иако производителите во нашата држава преземаат мерки што се во нивна моќ да ги амортизираат поскапувањата, неизбежно е зголемувањето на цените на одредени градежни производи. Поскапувањата на производите покрај тоа што се одразуваат и врз цените на становите, директно влијаат и врз исплатливоста на реализацијата на проектите што се изведуваат врз основа на договори во кои се предвидени фиксни цени за изведба, особено во доменот на јавните набавки – посочуваат од Здружението при СКМ.
Оттаму додаваат дека цените на градежните производи и на работната рака, според компаниите, упатуваат дека во моментот е најскапо да се гради анализирано во последните дваесетина години.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/politika/ќе-се-ѕидаат-сѐ-повисоки-цени-на-станов/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 20-Oct-2021 at 17:17
Вештачки се креира пораст на цените на становите

Цените на становите ќе растат е предупредување коешто зачестено во јавноста го пласираат македонските градежници, а како главна причина за тоа се наведува зголемувањето на трошоците за набавка на градежни материјали, за плаќање на квалификуван кадар и за купување на градежни парцели. Меѓутоа, при тоа се заборава на основното економско правило дека пазарот ги одредува цените преку понудата и побарувачката.



Граѓаните полека бегаат од централните градски подрачја
Од Градежната комора на Македонија при Сојузот на стопански комори велат дека годишно во главниот град се продаваат околу пет илјади станови. Од друга страна, според податоците на Агенцијата за катастар на недвижности во 2019 година биле продадени вкупно 2.721 нови станови, а лани, заклучно со септември биле продадени 2.088 станови.

Претседателот на Градежната комора, Ивица Јакимовски очекува цените на становите да растат и посочува повеќе фактори, меѓу кои и укинувањето на неколку детални урбанистички планови што довело до недостиг од локации за градба и зголемување на цените на градежното земјиште.









Огромен број станови под хипотека
Податоците на Народната банка за вториот квартал на 2021 година ја потврдуваат тезата на професорот Узунов. Има зголемена побарувачка на кредити, при истовремено олеснети кредитни услови, што доведува и до забрзување на кредитниот пораст. Најголемо зголемување на интересот кај луѓето има за станбените кредити. Токму кредитната поддршка што веќе подолг период ја обезбедуваат банките доведува до зголемен интерес за купување недвижности.

Забележително е што во вториот квартал, годинава значителен процентуален раст од 15,5% бележат нефункционалните станбени кредити. Станува збор за кредити коишто го добиваат овој статус поради нередовна исплата на месечните рати. Според податоците на Народната банка, во 2019 година нефункционалните станбени кредити прв пат по подолг период оствариле двоцифрен пораст од 13,4%.

https://samoprasaj.mk/naacik/2126-vestacki-se-kreira-porast-na-cenite-na-stanovite
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 05-Nov-2021 at 18:15
ЧИФЛИГАНЕЦ ПРЕДЛОЖИ, ВУЧИЌ ПРИФАТИ Македонците и Србите ќе купуваат недвижен имот во двете земји

Македонските бизнисмени Ванчо и Душко Чифлиганец, топ менаџментот на Адора, која што во моментов во Србија има градежна инвестиција од 15 милиони евра во двете насоки, на средбата „Отворен Балкан“ во Белград со претседателот на Србија, Александар Вучиќ го отворија прашањето и побараа да се потпише договор меѓу двете земји со кој ќе им се овозможи на македонските и на српските граѓани да купуваат и поседуваат недвижен имот во двете соседни земји.

Српскиот претседател Вучиќ веднаш реагираше и побара од српските и македонските служби да најдат решение и ова прашање што поскоро да се затвори за македонските граѓани слободно да можат да купуваат недвижен имот во Србија и обратно, српските граѓани во Македонија. Тој очекува прашањата кои што денеска беа отворени во Белград, да се затворат во најбрз можен рок во интерес на бизнисмените и на граѓаните, соопшти компанијата „Адора инженеринг“.

Генералниот директор на „Адора инженеринг“, проф. д-р Ванчо Чифлиганец и директорот на Adora Living Solutions –бБелград, Душко Чифлиганец, кои беа дел од претставниците на македонската бизнис делегација на средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама, македонскиот потпретседател на Влада, Никола Димитров, претставници на стопанските комори и бизнисмените од сите три земји, ја поздравија иницијативата „Отворен Балкан“ и потенцираа дека само на овој начин можат да се градат мостови меѓу народите и државите од Западен Балкан, а не ѕидови како што прават некои политичари во светот. Бизнисмените веруваат дека иницијативата „Отворен Балкан“ ќе овозможи и ќе го подобри слободното движење на стоки, на човечки ресурси, обезбедување услуги, а пред сѐ, слободата на проток на капитал, основните европски и светски постулати за остварување подобри бизнис релации.

– Со иницијативата „Отворен Балкан“ заедно политичарите и бизнисмените ќе ги урнеме бариерите кои се поставени пред бизнисот на балканските земји. А нашите народи ќе станат уште поблиски. Драго ми е што бизнисмените од Србија, Албанија, Бугарија, Грција и од другите земји во регионот рамноправно се прифатени во мојата земја. Лично како македонски бизнисмен, пред две години започнав бизнис во градежниот сектор високоградба во Србија, како директна инвестиција на компанијата Adora Living Solutions – Белград, инвестирајќи околу 15 милиони евра во двете насоки. Инвестирам во Србија, а сум прифатен како дома, имам третман како да сум домашен инвеститор или поточно како да сум посакуван странски инвеститор. Тоа е иницијативата „Отворен Балкан“ на дело, не декларативно, туку практично и верувам дека преку оваа иницијатива нашата соработка ќе продолжи да се подобрува. Наша заедничка цел е економски бенефит на нашите народи на Балканот – потенцира Чифлиганец денеска на средбата во Палата Србија во Белград.

https://plusinfo.mk/chifliganec-predlozhi-vuchi-prifati-makedoncite-i-srbite-e-kupuvaat-nedvizhen-imot-vo-dvete-zem-i/
Back to Top
Urbanista View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 28-Dec-2020
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 36
  Quote Urbanista Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 09-Nov-2021 at 10:17
Спроти кино карпош во дебар маало почнуваат да копаат дупка за зграда. Цени од 1700 еур па нагоре. Поглед директно на друга зграда..

https://www.eliten.com.mk/објекти
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 09-Nov-2021 at 10:37
Originally posted by Urbanista

Спроти кино карпош во дебар маало почнуваат да копаат дупка за зграда. Цени од 1700 еур па нагоре. Поглед директно на друга зграда..

https://www.eliten.com.mk/објекти


Еве нешто повеќе за распоредите и цените за конкретната зграда









https://www.eliten.com.mk/items/b1

Инаку цените отидоа доста високо во Центар веќе под 1350-1400 евра за м2 тешко се наоѓа а гаражите стигнаа и до 8000 евра.
Поглед во Дебар Маало,Капиштец,Буњаковец освен во ѕид или прозор од друга зграда речиси и да нема.
Најповолни цени има по периферни делови нас.Даме Груев и Маџари кај Мак Ауто Стар,Илинден,Хиподром каде се движат цените меѓу 860-990 евра за м2.
Back to Top
anna75 View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 16-Sep-2021
Online Status: Offline
Posts: 51
  Quote anna75 Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 09-Nov-2021 at 14:10
Стари станови во Аеродром која цена се движат?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 22-Nov-2021 at 18:09
АДОРА“ ГО ПРОДАДЕ НАЈСКАПИОТ СТАН НА ЗЛАТИБОР Пентхаусот има огромна тераса и џакузи за 8 лица

Најголемиот македонски градежен бренд Adora Business Group по цена од 4.800 евра за м2 го продаде најскапиот стан во Златибор, на најубавата планина во Србија, во рамки на својот прв проект „21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness by Adora“, пишуваат денеска српските медиуми меѓу кои и угледниот Блиц.

Српските медиуми објавија детали за апартманот кој ги урна рекордите со убедливо највисоката продажна цена на недвижност на Златибор и на пазарот на недвижности во Србија. Станува збор за penthouse на врвот од пионерскиот иновативен проект на Адора „21st Century Zlatibor“, со комфорна тераса од 100 м2, декинг подна облога, поглед кон златиборските убавини и неверојатни содржини како џакузи хидромасажна када за 8 лица, што може да се користи и при снежни услови, како и опрема за уживање на тераса. Додека апартманот е комплетно опремен „од А до Ш“ со природен камин, најмодерна техника, луксузна декорација, перфектно дизајниран мебел, а во цената се вклучени прибор за јадење, постелнина и крпи.

Всушност, се работи за „инвестициски апартмани“ во рамки на хотелско-резиденцијалниот комплекс „21st Century Zlatibor by Adora“, кои сопствениците ќе ги користат кога и колку ќе посакаат, додека Адора преку нејзиниот професионален менаџмент „Hospitality“ ќе се грижи за одржување и изнајмување на апартманите и ќе им овозможи и до 8% годишен поврат на вложените средства.

Непосредно по овие објави, Душко Чифлиганец, заменик претседател на Адора Бизнис Групацијата и директор на Adora Living Solutions, фирмата ќерка, инвеститор во Србија изјави:

– „Адора“ во реализацијата на овој наш пионерски проект на Златибор, го вложи целото свое 20- годишно иксуство и постојан афинитет кон континуирани и прогресивни иновации во градежништвото. Ни причинува огромна чест и задоволство што на српскиот пазар на недвижности кој моментално е еден од најконкурентните во Европа, покажавме дека умееме рамноправно да се натпреваруваме со најдобрите. Голема е нашата благодарност кон српскиот народ, што со топло срце и на најпријателски начин нѐ прифати како странски инвеститори и пред сè како луѓе.

https://plusinfo.mk/adora-go-prodade-na-skapiot-stan-na-zlatibor-penthausot-ima-ogromna-terasa-i-akuzi-za-8-lica/?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.711 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.