![]() |
![]() |
![]() |
Проширување на бул. Даме Груев |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <123> |
Author | |
Staki ![]() Senior Member ![]() Joined: 11-Oct-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 125 |
![]() ![]() |
Ме интересира дали знае некој кога е изградена зградата „Макотекс“ или барем тој дел што треба да се урива?
|
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
во 50-тите мислам дека е направена, барем вака гледано по слики од „Старо Скопје“.
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
ЌЕ СЕ РУШИ ЗГРАДА ЗА „ДАМЕ ГРУЕВ“ ДА СТАНЕ БУЛЕВАР
![]() Според испитувањата на ИЗИИС, најверојатно нема да биде изводливо да се уриваат само приземјето и првиот кат од зградата Град Скопје се' уште нема донесено конечна одлука на кој начин ќе се проширува улицата „Даме Груев“, во централното градско јадро. Во моментов улицата има само една проодна коловозна лента, поради изградбата на катната гаража зад хотелот „Плаза“. Од Градот Скопје информираат дека во моментов ги разгледуваат сите можни технички аспекти за зградата на улицата „Даме Груев“. Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, пред Советот на Градот, пред неколку месеци, информираше дека оваа улица мора да стане булевар, бидејќи новите објекти, Министерството за финансии и катната гаража ќе повлечат и поголем сообраќај. Проширувањето на „Даме Груев“ е препорачливо и поради намалување на фреквентноста на улицата „Димитрие Чуповски“, по која поминуваат речиси сите градски автобуси кои сообраќаат во центарот на градот и на која се наоѓаат централните автобуски станици. Градските власти идејата за проширување на „Даме Груев“ во булевар со 4 ленти ја отворија пред година и пол. Според Генералниот урбанистички план на Град Скопје, овој дел од Малиот ринг е предвидено да биде булевар. На потегот од трговскиот центар „Палома бјанка“ па се' до Собранието, има доволен простор за проширување. Во план е за тоа да се искористат постојните паркинзи за изведување на уште две ленти. Реализацијата во најголем дел се одложуваше поради зградата „Макетекс“, чиј еден дел лежи точно на трасата на булеварот. Градските власти тогаш го ангажираа Институтот за земјотресно инженерство, да направи испитување на стабилноста на објектот и анализа за тоа кои се можните решенија кои ќе дозволат градежни зафати на зградата. Првичната идеја која ја најави градоначалникот Трајановски предвидуваше рушење на приземјето и првиот кат, во висина од 6 метри, за да може сообраќајницата да поминува под зградата. Сепак, според испитувањата на ИЗИИС, најверојатно нема да биде изводливо да се уриваат само приземјето и првиот кат од зградата и со потпорни столбови да се зацврсти објектот, поради тоа што зградата не била доволно цврста и стабилна. Затоа градските власти ќе мора да се одлучат за други варијанти, меѓу кои е и рушење на сите четири ката, што ќе значи и обесштетување на сопствениците. Во тој дел на зградата нема станбен простор, туку тоа се деловни простории. Советот на Скопје во февруари годинава донесе одлука за размена на деловен простор со фирмата „Центро“ која е во стечај, за деловниот простор во приземјето на зградата каде што некогаш беше „Рубин кармин“ и за првиот кат. „Центро“, според договорот, ќе добие деловен простор во катната гаража „Тодор Александров“, која се наоѓа отспротива. http://utrinski.mk/default.asp?ItemID=EFF61FA066E47743A8A01FA7C97A6907 |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
![]() упорно се бутка и оваа глупава идеја како да е феноменално решение зошто да биде едноставно и да се реши сообраќајот со други проекти, кога може да биде и комплицирано и да рушиме објекти за веќе постоечки улици |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Забеган ретко се случува да се согласиме во нешто но јас многу енергија вложив да обрнам внимание дека тотално е непотребно оваа улица да се проширува а со тоа се забива нож во грб на сите заложби скопје колку толку да прерасне во велосипедски град. |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Нова епизода од шпанската серија „Проширување на Даме Груев“...
___________________________________________ „ДАМЕ ГРУЕВ“ ЌЕ СЕ ШИРИ В ГОДИНА Проширувањето на улицата „Даме Груев“ ќе почне дури в година. Градските власти се' уште ја обезбедуваат потребната документација, а допрва треба да одлучат и како ќе го решат проблемот со зградата на „Макотекс“, чии делови пречат за непречено ширење на улицата. Откако ќе се изработи основниот проект ќе се знае и како и колку ќе се урива од зградата која се наоѓа на трасата на булеварот. „За улицата ‘Даме Груев‘ се изработува инфраструктурен проект кој е веќе готов, па сега следува само добивање согласност за него. Сообраќајниот проект се' уште не е изготвен, а по неговото изготвување ќе се пристапи кон изработка на основен проект, по што ќе се знаат сите детали околу изградбата, чинењето и други архитектонски решенија“, информираат од Град Скопје. Оттаму пред половина година распишаа оглас за изработка на проект за инфраструктура со сите фази за улицата „Даме Груев“, од раскрсницата со улицата „Димитрија Чуповски“ и улицата „ВМРО“ до улицата „11 Октомври“ и улицата „Филип Втори Македонски“. Од Градот проценија дека за тој ангажман ќе платат околу 5.000 евра. Истовремено, надлежните во неколку наврати информираа дека Градот заедно со ИЗЗИС ја разгледува варијантата да бидат урнати само приземјето и првиот кат од крајната вертикала на зградата, па да се постават потпорни столбови и булеварот да минува под зградата. Но, потоа било утврдено дека зградата не е доволно цврста, па затоа сега постои и варијанта да се урнат сите четири ката. Независно што дилемата се' уште не е решена, по барање на градоначалникот Коце Трајановски, Советот на Град Скопје пред извесно време донесе одлука за размена на деловен простор со фирмата „Центро“. За деловниот простор во приземјето на зградата, каде што некогаш беше „Рубин кармин“ и првиот кат, сопственикот доби деловен простор во градската катна гаража „Тодор Александров“. Инаку, идејата за булеварско решение на улицата „Даме Груев“ е стара повеќе години. Тоа е едно од неопходните сообраќајни решенија за растоварување на сообраќајниот метеж во „Мал ринг“. Урбанистичкиот план предвидува булеварско решение за потегот од ТЦ „Палома бјанка“, па се' до Собрание. Неколку пати беше напоменато дека по ширењето на оваа улица, ќе се измени сообраќајниот режим во делови од централното подрачје. Во план е „Димитрие Чуповски“ да се претвори во пешачка зона. http://utrinski.mk/?ItemID=9DD8760984A740408F83C621B64A9867 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
![]() Не се четири ката, туку пет без приземјето. Да речеме, да го направат тоа и да ја урнат зградата. Прво прашање: Kaко ќе се влегува и излегува во и од оваа зграда? Директно преку коловоз, нели? https://www.google.com/maps/@41.9925128,21.4295669,3a,49.2y,317.65h,87.06t/data=!3m6!1e1!3m4!1sloIe50IXBdDC1X1aqB5IrA!2e0!7i13312!8i6656 Второ прашање: Истово прашање и за оваа зграда. https://www.google.com/maps/@41.9926222,21.4292381,3a,51.6y,339.51h,86.66t/data=!3m6!1e1!3m4!1s_FtXjOvps4QeGZcgl00Bgg!2e0!7i13312!8i6656 Tрето прашање: Kaде ќе ги направат автобуските постојки на улицава, а да не направат тесно грло? |
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
тоа е, кога немаш мозочни капацитети за организација на градскиот сообраќај, тогаш проширувај улици како манијак...
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
Staki ![]() Senior Member ![]() Joined: 11-Oct-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 125 |
![]() ![]() |
Автобуски постојки нема да се направат, бидејќи автобусите ќе продолжат да се движат по Димитрија Чуповски. Инаку за другите 2 прашања, проблематичен е влезот на тие возила, ама тоа се неколку паркинг места колку што гледам од сликите, така што не би требало да е огромен проблем за безбедноста на сообраќајот.Проектов не ми се верува дека ќе се случи во блиска иднина. Премногу комплициран е за наши услови.
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
треба да се сотре огромен пешачки простор, преценет паркинг простор и зеленило, и да се отстрани половина објект, а нема скоро никакви придобивки од крајниот резултат
како што е дискутирано и претходно, најдобра опиција е Чуповски и Даме Груев да функционираат како еден коридор во два правци привремено, додека да се среди инфраструктурата на глобално ниво моментално гужвата се создава на рекорд поради тоа што еден куп булеварски поврзувања во градов фалат и затоа што на делницата на рекорд има еден куп пешачки премини и автобуски постојки што опслужуваат премногу линии, кои може да сообраќаат и преку други улици мислам дека многу полесен зафат би бил да се реши преминот на рекорд и да се запне да се реформира ЈСП, отколку да изигруваме глупости во празно |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Абер нема „Димитрија Чуповски“ да стане пешачка улица, а „Даме Груев“ булевар
Изработен е основниот проект за улицата „ВМРО“ и улицата „Даме Груев“ и од раскрсницата на улицата „Димитрија Чуповски“ и улицата „11 Октомври“ до „Филип II Македонски“ и истиот е на ревизија во Град Скопје. Нема ништо и околу идејата улицата „Даме Груев“ да се прошири, за што треба да се урне зградата на „Макоил“, но и тие преговори на сопственикот со градските власти се статус кво Сè уште нема абер од најавата на скопскиот градоначалник Петре Шилегов улицата „Димитрија Чуповски“ да стане пешачка зона, освен за возилата на јавниот превоз. Точно пред една година Шилегов најави дека тоа ќе се случи годинава, но, засега, сè останува само на хартија, бидејќи како што информираа градските власти, согласно договорот од минатата година, избраната проектантска куќа го изработила основниот проект за улицата „ВМРО“ и улицата „Даме Груев“ и од раскрсницата на улицата „Димитрија Чуповски“ и улицата „11 Октомври“ со улицата „Филип II Македонски“. – Во согласност со договорот од минатата година, избраната проектантска куќа изработи основен проект за посочените сообраќајници. Проектот во моментов е на ревизија во Град Скопје, кусо одговорија градските власти без да прецизираат конкретно што содржи основниот проект. Оттаму додаваат дека идејата за пренамена на улицата „Димитрие Чуповски“ во пешачка зона со ограничен сообраќај (само за јавен превоз) е постара и истата зависи од претходно обезбедување на соодветна сообраќајна алтернатива. Тоа предвидува проширување на улицата „Даме Груев“ и целокупниот сообраќај да се пренасочи по оваа улица, на потегот од раскрсницата кај трговскиот центар „Палома Бјанка“ до Собранието на Р.С.М. Според претходните најави, во проектната документација има и посебни услови каде се бара план за водоводна, атмосферска и фекална канализација и друг вид на инсталации. Исто така, треба да бидат предвидени велосипедски патеки, тактилни патеки за слепи лица, проект за улично осветлување со енергетско- ефикасно лед осветлување и слично. Шилегов дури лани и најави дека се изготвуваат соодветни проекти во рамките на кои се планира целосно откупување и уривање на зградата „Макоил“ (поранешна зграда на „Макотекс“), за да се овозможи простор за проширување на улицата „Даме Груев“. Газдата на „Макоил“, Мите Јовановски, за весникот ВЕЧЕР денеска изјави дека состојбата со неговата зграда „Макотекс“ поради која со години е закочен овој проект и пречи во проширувањето на улицата „Даме Груев“, бидејќи се наоѓа на нејзината траса, е сè уште статус кво. – Како сопственик на зградата сè уште никој не ме контактирал. Неколку пати разговаравме со претставници од Градот. Имав повеќе предлози и не сакам да пречам во проширувањето, само сакам чесно да бидам обесштетен и да не бидам во загуба, бидејќи зградата многу скапо ја купив. Еден предлог е Градот да ми даде негови објекти и ако треба и ќе доплатам или, пак, ако се урне зградата, на дел од локацијата да изградам нова зграда – објасни Јовановски. Од Градот, пак, велат дека активностите за оваа зграда се одвиваат во континуитет и јавноста навреме ќе биде информирана кога ќе има некој нов момент. Инаку, по завршување на овие постапки, ќе се отвори можноста за интервенција на просторот на улицата „Димитрие Чуповски“, каде во план е тој дел да добие комплетно нов изглед, со уреден плочник и тротоари, а паркот „Жена борец“ ќе се прошири кон Собранието. https://www.vecer.press/абер-нема-димитрија-чуповски-да-ст/ |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Една интересна архивска снимка од 1978-ма, од видео на еден многу добар канал на youtube. Штета што не се нашло сили да се изрушат куќите од целиот коридор на булевар Даме Груев да се пробие, денес е останато како чир во трасата она што го знаеме како Кафе Горки.
![]() https://www.youtube.com/watch?v=QDV48-xJp-g ![]() Edited by user8642 - 23-Jan-2021 at 15:57 |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
![]() За утеха, во ДУП-от трасата е зачувана, ќе се тргне некогаш и чирот. Освен со експропријација може и ако има економска логика сопствениците да решат да инвестираат во нов објект според новата градежна маркичка која ми изгледа дека е спакувана заедно со соседниот објект што исто така е стар и неатрактивен. Сепак е строг центар и современ објект може да донесе голем скок на вредноста. Иначе во 1982 уште не бил пробиен Даме Груев на овој дел од трасата, ова ми се виде ептен интересно: https://youtu.be/BGIYaaa0jeQ?t=2438 ![]() |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
1988 веќе е пробиен. Јасно се гледа и поновата половина на градски ѕид. ![]() |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
УЛИЦАТА ДАМЕ ГРУЕВ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА ВО БУЛЕВАР
![]() Улицата Даме Груев во центарот на Скопје нема да се проширува во булевар со четири коловозни ленти. Пред две години градоначалникот на Скопје Петре Шилегов најави дека со воведувањето на трамвај, Рекорд ќе стане пешачка зона низ која ќе минуваат само возилата на јавниот превоз. Сообраќајот беше кажано дека ќе се пренасочи по улицата Даме Груев која ќе се прошири во булевар со 4 коловозни ленти како што е нацртано и во Генералниот урбанистички план. За оваа идеја на Шилегов имаше реакции од граѓаните бидејќи за да се реализира булеварот треба да се сече зеленило. Сега откако целиот проект за движењето на брзиот автобуски превоз е направен, анализите покажале дека не е потребно овој дел да се проширува. „Она што го имаме направено како студија и од добиените податоци кои ги имаме нема потреба од ширење на улицата ниту нарушување на тој дрворед и секојдневието на станарите. Улицата ќе биде само реконструираната како дел од проектот „бас рапид транзит“ бидејќи во еден дел е сериозно оштетена“, вели градоначалникот Петре Шилегов. Со воведување на брзиот автобуски превоз и затворање на Рекорд за возила, ќе се воведе и нов сообраќаен режим за движење, кој Шилегов вели ќе го презентира со стартот на проектот. За реализација на проектот брз автобуски превоз Владата зема кредит од 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Тендерот за избор на фирма која ќе го воведе новиот систем ќе биде распишан месецов. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ulitsata-dame-gruev-vo-tsentarot-na-skopje-nema-da-se-proshiruva-vo-bulevar/ |
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Студијата покажала дека многу гласови ќе изгуби од околните жители, па затоа ништо нема да се чепка. Да беше барем некој зафат реализиран, од типот на клучка кај Судска палата или Јужен булевар заедно со трите кружни, ќе имаше барем минимална основа да се тврди вакво нешто.
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Браво! За да не им се упропасти зонското паркирање на снобовите од градски ѕид, сега треба да пати цел град.
![]() |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
На видеото од презентацијата на БРТ системот, улицата Даме Груев е прикажана како еднонасочна по целaта целата нејзина должина, обратно од часовникот. Значи почнувајќи од Партизанска па се до 11 Октомври. Потоа и Стив Наумов (така ли се вика сега?) продолжува понатака како еднонасочна, ама прашање е дали тоа е само одреден сегмент, или исто така е целосно еднонасочна се до Гоце Делчев.
Иако јас сум апсолутно против обично проширување на Даме Груев на проблематичниот сегмент од ПС Беко до Макотекс (ќе објаснам подолу), тоа што се гледа на видеото за БРТ е прилично голем опфат без двонасочен сообраќај, па дефинитивно ќе биде лошо ако остане само на тоа (само менување на режимот на сообраќај на постојната инфраструктура). Ако Градот не може да смогне сили Даме Груев да биде двонасочна ама со пробивање на краток тунел на проблематичниот сегмент (доволно е тунел со две ленти за едниот правец, а другиот правец може да остане површински... или па и горе и долу да има по една лента во правец, што носи други придобивки), тогаш навистина е подобро е Даме Груев да се трансформира во еднонасочна, отколку да се форсира проширување по секоја цена, затоа што има тесно грло кадешто простор за проширување реално нема. Но од друга страна, еднонасочни Даме Груев и Стив Наумов повлекуваат потреба за реализација на други проекти, како на пример тие што ги спомна Fresno (клучка кај Судска палата или функционален Јужен булевар во пакет со пристапите). Би имало корист дури и од проширување на Мирче Ацев во пакет со пробивање на врската према 3-та Македонска Бригада. Градот не смее да ги завлечкува овие проекти! Неодамна бев стварно пријатно изненаден со најавата дека паралелно со БРТ ќе се турка и решение за мостот Обединети нации. Се надевам дека и во контекст на Даме Груев градската власт ќе изненади со темелен и систематски пристап. -------------------------------------------- Еве зошто сум апсолутно против обично површинско проширување на Даме Груев на проблематичниот сегмент од ПС Беко до Макотекс. Факт е дека таму дури и по цена да се уништи убавиот пешачки коридор и дрворедот и жардињерите (како што е предвидено со ДУП-от), пак нема да има доволно место. Еве каква катастрофа е зацртана во ДУП-от: ![]() ![]() Всушност на некои точки на терен нема ни толку место. Од овие бљувотини на „ИНПУМА“ и мене ми доаѓа нагон на повраќање. Значи од влез на зграда или од продавница малтене улетуваш на коловоз. А на овој простор има значително пешачко движење, тие пешаци едвај ќе се разминуваат. Возење велосипед можеме одма да шкртнеме. И сето ова во централна пешачка зона. Плус тоа за проширување на Даме Груев треба да се откупува и потоа де се руши зградата на Макотекс. Да не испадне дека откуп + рушење + површинско проширување е поскапо отколку 200 метри тунел? Ако сме рационални, единствено што Градот треба да направи во врска со Макотекс е да преземе мерки и да го ослободи узурпираниот простор во пасажот. Едниот коридор (што остана слободен) се надоврзува на велосипедската патека и треба да си ја има таа намена, ама узурпираниот простор се надоврзува на пешачката патека и мора повторно да се ослободи за пешачко движење, а не за сметка на некоја криминална шема да создаваме бесмислени тесни грла. Овој пасаж мислам дека беше узурпиран во исто време кога беше узурпиран и пасажот кај Министерството за правда. Сето тоа веројатно е формално легално изведено, што е уште потажно во ситуацијава. Но редно е оваа глупост да се поправи! ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Edited by Cloverstack - 07-Sep-2021 at 22:48 |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Не би ме изненадило дека ова играло улога во политичката пресметка. Но во секој случај за проширување на Даме Груев има тесно грло од околу 170 метри кадешто нема никакви паркинзи, а кадешто не може да се изведе прописно проширување дури и ако се жртвува се друго за сметка на коловозот. Така да без разлика на паркинзите, главниот проблем е друг и не може лесно да се реши. |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Пасажите од секогаш биле сива зона во катастар. Никогаш градот/општините немаат добиено имотни листови, никогаш пасажите не се запишани како државен имот. Тоа е некој лимбо јавен простор што спаѓа во колективните површини на самите згради. Исто како низ нечиј влез да се движиме сите граѓани од градот. Верувам дека на многу места се вака изиграни законите, зашто еден пасаж да го има во ДУП не значи ама апсолутно ништо законски, не произведува никакви правни последици по узурпаторот. Ама кога градот го има запишано како негов имот, е тогаш е друга приказна.
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <123> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |