Сообраќајно решение за Порта Аеродром |
Post Reply |
Author | |
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20752 |
Quote Reply
#1 Topic: Сообраќајно решение за Порта Аеродром Posted: 12-Oct-2021 at 16:56 |
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2029 |
Quote Reply #2 Posted: 12-Oct-2021 at 17:10 |
Дали стварно е исправно решение кружен тек за оваа локација?? Мене некако не ми изгледа дека е така, од причина што Фрањо Клуз треба да е идната врска со Кисела Вода и припаѓа на секундарната патна мрежа во Скопје со тенденција да припадне во примарната сообраќајна мрежа. А другите две улички се споредни и се дел од терцијарната патна мрежа. Кружен тек би им дал значење на сосема погрешен начин и би допринел до загушување на големата раскрница. Ама па од друга страна што воопшто па е решение за оваа раскрсница?! Можда укинување на можноста за свртување лево би било решение. Мала жртва за локалното население, а голема придобивка за макроскопската слика за градскиот сообраќај. Ваков режим би допринел значајно.
|
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2029 |
Quote Reply #3 Posted: 12-Oct-2021 at 17:30 |
Еве што е решението:
- Тотално да се откине можноста за проаѓање помеѓу улиците Симеон Кавракиров и Руди Чајевац. Улиците да останат исклучиво за локален сообраќај. Со ова драстично ќе се зголеми и безбедноста во самите маала. Ова е веќе направено со многу улици на Партизанска и Илинденска и нема никаква штета. - На сметка на дворот на школото да се помести тој ghost-road кракот што е сега стои во слепо и да се спојат Симеон Кавракиров и западниот крак од Фрањо Клуз се до булевар 3-та Македонска Бригада. - Изгубениот влез за маалото околу Руди Чајевац да се надомести со нова раскрсница и влез од кај улица Пандил Шишков. Оваа врска веќе постои, но да се крене на ниво на семафоризирана раскрница со потполна достпаност. - Фрањо Клуз да се оформи како што е според ГУП, дел од секундарна патна мрежа, со 4 ленти од булевар Јане Сандански до булевар 3-та Македонска Бригада. - Остатоците од улиците, слепите краци да се оформат како паркинзи. И ако може дискусијава да ја преместат администраторите во соодветна нишка, зашто вака ќе се изгуби муабетов непотребно помеѓу поситни изборни глупости. Edited by user8642 - 12-Oct-2021 at 17:32 |
|
skopskodete
Senior Member Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
Quote Reply #4 Posted: 12-Oct-2021 at 20:17 |
Одлична идеја! |
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2029 |
Quote Reply #5 Posted: 16-Oct-2021 at 15:06 |
Еве во продолжение неколку извадоци од ДУП-ови од Општина Аеродром за И-10, И-11, И-13 кои ја опкружуваат оваа раскрница и јасно се гледа дека со ГУП/ДУП е предвидено токму тоа што јас го имам опишано како сообраќаен режим. Фраљо Клуз е јасно одвоена по приоритет и градација од околните патчиња за до пред згради. Значи прекинување на врските со Руди Чајевац и Симеон Кавракиров. Така да ова вмровско предизборно мајмунисување со нудење "решенија" кои не се во согласност со плановите, е само бахато нафрлање на глупости кои немаат врска со правилен развој и планирање, типично вмровски. |
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #6 Posted: 21-Oct-2021 at 11:24 |
@ user8642 Целосно си во право за кружниот тек. Твојот предлог е во склад со ДУП-овите и секако е неспоредливо подобар отколку да се изглупираме со кружен тек, но сепак е решение со многу недостатоци. А не велам дека има подобро решение од твоево. Во оваа фаза (откако веќе се насадија десеткатници на местото на секоја барака и на секој празен простор) веќе е доцна за добро решение Еве конкретно кои се главните проблеми на решението како што го имаш зацртано (и како што е во ДУП-овите): 1. Уличката што ги поврзува Руди Чајавец и Пандил Шишков е тесна и згужвана. Несоодветна е за да го прифати целиот сообраќај од/кон Руди Чајавец. 2. Гореспомнатата уличка се поврзува на Пандил Шишков во непосредна близина на крстосницата помеѓу Пандил Шишков и планираниот нов булевар. Тука ќе имаме две крстосници меѓусебно оддалечени 20-30 метри и сите проблеми што произлегуваат од тоа. Значи слично како ситуацијата што сега ја има кај Порта Аеродром. |
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #7 Posted: 21-Oct-2021 at 11:37 |
Во Стар Аеродром, пред да никнат сите тие згради, требаше барем минимално да се реорганизира уличната мрежа. Ама идиоти и криминалци го имаат главниот збор, па еве го резултатот! Сега пристојно решение е можно само доколку нешто се урне. А макар и со површно гледање на ДУП-овите не беше воопшто тешко да се предвиди дека тука ќе се создадат редица сериозни проблеми, вклучувајќи го и овој. Еве најдов што сум пишал уште во мај 2009. Тогаш тазе донесениот ДУП за Стар Аеродром е малку различен и предвидува проста врска на Руди Чајавец со планираниот булевар. Се е тоа исто срање во различни варијанти, а суштината и проблемите остануваат.
Edited by Cloverstack - 21-Oct-2021 at 11:38 |
|
Théoden
Senior Member Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 563 |
Quote Reply #8 Posted: 21-Oct-2021 at 14:46 |
Се прашувам дали е изводливо и каков ефект би имало едно вакво поврзување со кружен тек на бул. Фрањо Клуз со ул. Паднил Шишков во комбинација со еднонасочен сообраќај внатре околу најголемиот блок во овој четврт (Пандил Шишков - Милан Зечар - Руди Чајавец)? Edited by Théoden - 21-Oct-2021 at 14:53 |
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #9 Posted: 21-Oct-2021 at 16:14 |
Далеку од добро решение само по себе. Но со оглед на тоа кои се опциите во оваа фаза, ова ми изгледа како одлична идеја! Би додал дека треба мерки за смирување на сообраќајот на Руди Чајавец, која и сега не делува многу безбедно, а како еднонасочна улица ситуацијата само ќе се влоши ако не се преземе нешто. Edited by Cloverstack - 21-Oct-2021 at 16:15 |
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2029 |
Quote Reply #10 Posted: 21-Oct-2021 at 19:54 |
Страв ме фаќа само дека "како жути мрави" ќе го нагриза и овој коридор урбаната мафија. И еден ден ќе се најде некоја паметна власт што ќе рече, ете готово е, па многу пруги има, прескапо е решавањето, многу има експропријација, дајте да го избришеме од ДУП. Така сме виделе овие 15-тина години со Крушевска Република, со Јужна Обиколница, со Јужен Булевар е на пат да се случи, со врската Пролече-ЗОИЛ, со еден куп клучни улици по Скопјево.
Фрањо Клуз е една од поефтините решенија за Скопје во овој момент. Паметна власт ќе го почне уште одма. Ако еве Заев е спремен со Шилегов уште утре да почнат процедура и како власт да го истуркаат овој проект независно од тоа што ќе се случи на локалните избори, сигурен сум дека на следните билокакви избори нема да треба со кисела фаца да објаснува дека била примена пораката, него уште во прв круг ќе спие мирно. И тоа важи за секоја власт, и за секоа овакво запоставено решение со огромен потенцијал. Да не ги набројуваме, ама кај се 15-ти Корпус-Ченто на пример, мост Вардариште, мост Лепенец Бардовци - ДамеГруев. Све се ова брзи ефитини решенија, а не ги есапат ни под разно. Edited by user8642 - 21-Oct-2021 at 19:59 |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20752 |
Quote Reply #11 Posted: 25-Oct-2021 at 12:35 |
Овој крак од ул.Фрањо Клуз кој минува поред новоградбите на Порта е многу слабо користен,освен по некоја авто-школа и градежни машини и камиони речиси никој друг не ја користи поинтензивно
Гужвата и застоите најчесто се формираат во овој правец кон бул.К.Ј.Питу и секое утро во правец кон улица Симеон Кавракиров право и десно кон приклучок кон булеварот К.Ј.Питу Доста долго се најавуваше дека ул.Симеон Кавракиров ќе стане едносмерна но сеуште не е реализирано. |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20752 |
Quote Reply #12 Posted: 10-Dec-2022 at 14:32 |
Не знам дали ќе се реализира најавата за кружен тек но потребно е решение за оваа раскрсница сега со отворањето на Порта и ГА 09 хаосот се зголеми + и многуте новоотворени локали кои само го зголемуваат проблемот.
|
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20752 |
Quote Reply #13 Posted: 26-Apr-2023 at 17:42 |
Не знам дали во скоро време ќе се почне тука да се прави најавениот кружен тек,раскрсницава е невиден хаос поготово во утринскиот шпиц надополнета со многу авто-школи(кои поради тоа што мора да возат по пропис по знаци) зад нив се создаваат огормни колони.
https://mzaednica.mk |
|
Carpe diem
|
|
Post Reply |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |