![]() |
![]() |
![]() |
Булевар АСНОМ / АВНОЈ (+изградба на нов мост) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1920212223 30> |
Author | |
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Таблава се гледа дека е максимално импровизирана само за сликање. Дури и едвај на два штрфа е заштрафена доле.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
od fb
![]() |
|
![]() |
|
zorant ![]() Groupie ![]() Joined: 26-Aug-2019 Online Status: Offline Posts: 93 |
![]() ![]() |
Така ми се гледа или тука велосипедската патека, и горе пешачката, ќе бидат прекинати и после пуштањето на мостот?
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
А што се однесува до горната пешачка патека ваљда ќе има пешачки премин горе преку булеварот. ![]() Edited by user8642 - 19-Oct-2021 at 16:32 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Бетонизацијата и чука на врата на Ќерамидница
УРНАТИ КУЌИ ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() (Овде ќе поминува булеварот – во позадина е мостот во изградба) ![]() На една од улиците забележавме црвена линија, а жителите овде, велат дека истата покажува каде ќе поминува булеварот, додека со зелени кругови се обележани тротоарите. Сопственикот на првата куќа која е на десетина метри од мостот веќе почнал со уривање на помошните објекти во неговиот двор и поставуваше нова ограда. Трасата на булеварот влегува во дел од неговиот двор, но за среќа поминува покрај куќата и нема да биде урната. Но, тоа нема да биде случај со други куќи кои се испречени пред проектот за изградба на булеварот АСНОМ. При прошетката по замислената траса на булеварот на три места во Ќерамидница забележавме урнати објекти. Мештани ни рекоа дека сопствениците на овие урнати објекти веќе се нагодиле за цената за експропријација, си ги земале парите и си заминале. Таков бил случајот и со близок роднина на Бобан Стефковски, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ кој победи на локалните избори во општина Гази Баба уште во првиот круг на гласање. На педесетина метри од влезната капија на поранешен ФАС “11 Октомври” забележавме расфрлан градежен шут. Жители на околните куќи велат дека на тоа место пред две-три недели, за време на кампањата за локалните избори биле урнати куќите на две семејства. Се споменува дека објектите се продадени по непопуларни цени кои се далеку зад оние што се ветени. Добар дел од луѓето од соседството чии куќи се испречени на трасата и треба да бидат урнати, не сакаат тоа да се случи. Велат дека сакаат да продолжат да живеат во нивните домови и маалскиот живот со ништо не го менуваат. Други пак, воопшто не сакаат да слушнат за малку пари да се отселат, бидејќи, како што велат, со тие пари не ќе можат да си купат дом на друго место. РЕАЛНА ЦЕНА ИЛИ НЕ Миодраг Терзиќ во Ќерамидница живее од 1982 година. Неговиот имот се наоѓа на трасата на булеварот каде треба да има кружен тек на сто метри после мостот ако се гледа од страната на Аеродром. Првата пресметка кога дојдоа беше 450 евра за квадратен метар за станбената површина, додека дворот што го користам е на Република Македонија. Јас им побарав 750 евра за квадратен метар, а Шилегов вети дека никој нема да биде обесштетен под 800 евра, но, и тоа не е реална цена. Многумина од сопствениците на куќите што треба да се урнат не се согласуваме со таа понудена цена. На пример, во Маџир Маало им нудат 3:1, односно им нудат три стана за една урната куќа, или пак, во Кадино село кое е надвор од Скопје, ги обесштетуваат со по 450 евра за квадратен метар – вели Терзиќ. Засегнати жители на Ќерамидница објаснуваат дека најавените износи од 800 евра за квадрат куќна површина и 130 евра од квадратен метар за дворна површина, не се постигнуваат, односно градските власти прават збир на станбен квадрат заедно со земјиштето да чини 800 евра. Тие сметаат дека со оглед што населбата се наоѓа на само 1,5 километри од центарот на Скопје, станува збор за атрактивна локација за која бараат обесштетување од илјада евра за куќен квадрат и по 10 илјади денари за земјиштето. Од Град Скопје пак, објаснија дека објектите кои се уриваат се експроприрани, а сопствениците се обесштетени според законски предвидената методологија. – Завршени се постапките за експропријација за 26 објекти, а се работи на расчистување на имотно-правните односи и за други објекти во Ќерамидница кои се наоѓаат на трасата на пробивањето на булеварот во овој дел градот – велат од Град Скопје. ТРАСАТА НА БУЛЕВАРОТ Жителите на Ќерамидница не се против овој проект и се свесни за потребата од решавање на сообраќајниот хаос во Скопје и за побрзата и подостапна комуникација која им е потребна на скопјани. Но, сè уште има големи сомнежи и нагаѓања наспроти градската администрација за тоа каде би се протегал булеварот. Мештаните велат дека во актуелниот момент на кампања и избори, практично во позадина се одвива голема политичка битка за трасата на булеварот меѓу сегашните и претходните градски власти. При што, потенцираат дека претходната варијанта беше да се оди низ, или околу ФАС “11 Октомври”, а не низ дворовите на жителите, како што е сегашнава планирана траса и да се уриваат куќи на луѓе од Ќерамидница. При презентација на проектот во март 2018 година, градоначалникот Шилегов рече дека постоело и алтернативно решение за изградба на мостот по друг коридор, со кое би се урнале само 20 објекти и би се заштедиле 5 милиони евра, но советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Гази Баба, не дале согласност. ![]() Жители на Ќерамидница сметаат дека оваа битка за нивната населба најверојатно ќе продолжи и во случај актуелната градска власт да мора да си замине по завршувањето на локалните избори. Иако, додаваат дека токму со уривањето на куќите на трасата што веќе ја исцрта актуелната градска власт, практично таа траса се официјализира и не ќе може да се менува. Се гради булеварот АСНОМ кај поранешно Сајмиште ![]() Механизацијата на “Гранит” турбо работи на третата и последна фаза од изградбата на булеварот АСНОМ на потег од крстосницата со булеварот “Гоце Делчев” и до објектот на поранешен Пролетер во Ќерамидница. Согласно проектот оваа фаза опфаќа реконструкција и изградба на дел од булеварот во должина од 317 метри, за што ќе се инвестираат околу 70,6 милиони денари. Реализацијата на овој проект и градежните работи ќе се одвиваат согласно динамиката на експропријацијата на имотите кои се на неговата траса и моите очекувања се најдоцна на почетокот на наредната година да биде пуштен во употреба – вели Шилегов. https://www.vecer.press/бетонизацијата-и-чука-на-врата-на-ќера/ Edited by stef4o - 26-Oct-2021 at 07:17 |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Браво за репортажата!
![]() Што се однесува до експропријацијата, Шилегов некаде кажа дека била преку 80% завршено, ама според катастар сеуште не се гледа тоа. Последниве две недели, ваљда заради изборите, нема внесено ниеден нов имотен лист на државно/градско име. Така да останува да видиме како ќе иде целата работа. |
|
![]() |
|
bob39 ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 25-Feb-2011 Location: Amsterdam Online Status: Offline Posts: 51 |
![]() ![]() |
Таа ужасна населба ќе стане градска на крај благодарение на новиот мост и булевар. Што побргу се расчисти теренот тука ќе може и дивата фавела што го загадува Вардар и Скопје да се демонтира.
|
|
Трговски центри= убиство на Скопје
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
![]() Добра поента за фавелата. Иако може и треба да се расчисти без ваков повод, ама реално булеваров ќе испадне лекот. Булеваров иако уште се пробива, веќе резултираше со урбанизација на простор недалеку од фавелата (не ми текнува името на проектот). Со реализација на проекти околу фавелата, секој ден на нејзино опстојување ќе има висока политичка цена. |
|
![]() |
|
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
Па и не е некоја бетонизација. Освен ако не ја видиме практиката куќите на хартија да прераснат во мини-зградички на терен, во овој дел северно од булеварот па сѐ до делот околу Космос се предвидени само 5-6 згради.
|
|
![]() |
|
Aowek ![]() Groupie ![]() Joined: 22-Sep-2021 Online Status: Offline Posts: 53 |
![]() ![]() |
Едно е што мештаните зборат друго е што е реалната слика за Ќерамидница. Се е дивоградба од минатото затоа и сите дворови им се водат на Република Македонија. Никој од нив нема платено комунали на времето со 1 евра легализираа све. Секој скопјанец денес сака да продае куќа да лапа 2-3 стана и да си го среди животот а се нема потрудно ништо да мрдне со мал прст претходно. Имаме нива во Ќерамидница и знам какви керпичи се тоа. Секоја чест на луѓето кои си имаат направено убави куќи во тој дел на градот. Тоа што кукаат немаме за дом во иднина. Во Хиподром 2 е по 2-5 евра м2 плус 97 евра м2 за комунали може да се изгради дом ако се сака. Подалеку од Илинден каде што е уште поефтино.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Денешна
![]() |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Без разлика што мостов ќе биде извесно време road-to-nowhere, сепак ќе може кејот да се отвори порано од булеварот. Нема причина да седи затворен ако мостот целосно се заврши и асфалтира.
|
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Па уствари, нели, и ќе се отвори мостот, со тоа што ќе се користи веќепостоечката улична мрежа во населбата. |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Не знам дали улицава/булевар има сопствена нишка? Ситуација од утрово:
![]() Куќаркава? Вака ќе остане, на метар од улицата? ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Изгледа доста е успорена динамиката на проектот веќе подолг период стојат урнатините од неколкуте куќи што ги рушеа пред 2-3 недели
20.11.2021 ![]() ![]() А многу се завлечкаа и со тие 300 метри на поред новиот мол... https://www.facebook.com/groups/145337166272043 |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Малиот дел покрај Еаст-Гејт го изведува ЈП Улици и Патишта, и тоа е само за да може да се влегува во трговскиот доаѓајќи од центар. И ете, се влечка, ама ќе се истурка некако со стар директор од претходната структура. За останатиот дел скоро сигурно ќе има избор на нов изведувач со промена на градската власт, а могуче и ако не е по ќејф на владата да им го секнат буџетирањето.
Така да... наздравје Скопјани... правиот избор сте го направиле! |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Од вчерашното интервју на Данела во врска со мостот и целиов проект изгледа ќе заглави со години поради многуте имотно-правни односи кои не се расчистени.
Тешко дека ќе може целосно да се реализира можеби само да се надоврзе на некоја постојна мрежа низ Керамидница но со тоа речиси и да нема никаков ефект. Конкретно од видеото за овој потег се говори негде меѓу 15:34 до 18:34 |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
![]() Стевчо, видеата кои ги постираш никогаш не се прикажуваат. |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
На новите снимки на Гугл од ноември 2021 се гледа дека коловозите се со ширина од 9 m наместо 11 m како на остатокот од бул. „АСНОМ“.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Кај мене покажува дека се ок и сега проверив ми ги отвара незнам како е кај другите и во што е проблемот.? |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1920212223 30> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |