build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Стадион во Аеродром

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Стадион во Аеродром
    Posted: 20-Jan-2022 at 18:12
ВО АЕРОДРОМ ЌЕ НИКНЕ НОВ СТАДИОН Општината и ФФМ потпишаа договор за соработка

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, денес оствари средба со градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски. На состанокот се разговараше за фудбалската инфраструктура во општина Аеродром и можноста за соработка на двете институции во изградба на капитален проект, односно изградба на нов репрезентативен стадион во рамки на „Куќа на фудбалот“ во општина Аеродром.

– Нѐ радува искрената желба и отвореноста за помош и поддршка од општина Аеродром и градоначалникот Муцунски за започнување на еден ваков голем проект. Ова беше првичен состанок, но сигурен сум дека соработката со општината ќе биде одлична. Верувам дека заеднички ќе создадеме услови да започнеме со проект кој ќе биде обележје на едно време. Ние како Фудбалска федерација сме исклучително активни кога е во прашање подобрувањето на фудбалските услови и на тој начин ќе продолжиме и во иднина – изјави Сејдини.

За важноста на спортската инфраструктура за напредокот на спортот во општината зборуваше градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.

– Фудбалската федерација на Македонија го продолжува континуитетот на квалитетна работа и заедништво, вие сте пример за другите како една успешна федерација може да функционира. Не само заради резултатите на репрезентацијата која ја обедини цела Македонија, туку и за силните напори да го развивате фудбалот на сите нивоа. Наша обврска како општина е да се обидеме да придонесеме за напредок на спортот и фудбалот во општината и токму тоа е целта и на нашата денешна посета на „Куќа на фудбалот“. Инфраструктурата останува засекогаш. Верувам дека таквата политика на Федерацијата ќе трае. Нашата општина ќе помогне во рамки на своите можности да биде вистински партнер во изградба на репрезентативен стадион кој ќе биде гордост на Аеродром и целата држава – истакна Муцунски.

На состанокот присуствуваа и генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски и неговиот заменик, Дрилон Ганиу, како и шефот на кабинетот на градоначалникот Муцунски, Марјан Христов.

https://plusinfo.mk/vo-aerodrom-e-nikne-nov-stadion-opshtinata-i-ffm-potpishaa-dogovor-za-sorabotka/
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 20-Jan-2022 at 22:03
Океј е да има нов стадион, но ако на Општина Аеродром и' треба некој капитален спортски објект, тоа е затворен олимписки базен.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 14-Apr-2022 at 20:04
Нов модерен репрезентативен стадион во Општина Аеродром

Управниот одбор на ФФМ на денешната седница донесе одлука за изградба на нов репрезентативен стадион на територијата на нашата општина.

Партнер на Фудбалска Репрезентација на Македонија за реализацијата на овој голем проект е Општина Аеродром. Стадионот ќе биде со минимален капацитет од 12.000 гледачи по сите критериуми на УЕФА и ФИФА за одигрување на клупски и репрезентативни натпревари од највисок ранг.

Во рамките на овој комплекс Општина Аеродром заедно со Градот Скопје ќе изгради и Мега Парк кој ќе претставува нов спортски и рекреативен центар на нашиот главен град.

Спортот го обединува народот, а македонската фудбалска репрезентација во последните години на дело го прави токму тоа. Токму од Општина Аеродром ги очекуваме новите успеси и победи на македонската фудбалска репрезентација. Напред Македонија!


https://www.facebook.com/footballfederationofmacedonia/?fref=mentions
За сè има вторпат
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2026
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 14-Apr-2022 at 20:08
Тотално непотребно.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 15-Apr-2022 at 10:57
(ФОТО) Аеродром добива спектакуларен стадион со кој ќе се гордееме: Еве како ќе изгледа

Стадионот ќе биде со капацитет од 12.000 гледачи, со три трибини, а на четвртата ќе биде впечатлив семафорот. Да не говориме дека ќе ги има сите придружни елементи кој ги има еден современ фудбалски објект. Да кажеме дека за изградба на стадионот и ФИФА испратила позитивни сигнали неодамна на конгресот во Доха, каде беше раководството на Фудбалската федерација. Изградбата на самиот стадион ќе чини 10.000.000 евра, а би требало да биде готов на крајот од 2023 година, известува Спортмедиа.





https://idol.mk/archives/2661
Carpe diem
Back to Top
Green Bay View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 27-Nov-2014
Online Status: Offline
Posts: 32
  Quote Green Bay Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 16-Apr-2022 at 18:54
Originally posted by stef4o

(ФОТО) Аеродром добива спектакуларен стадион со кој ќе се гордееме: Еве како ќе изгледа







Тоа е новиот стадион во Луксембург.

http://www.youtube.com/watch?v=QkIlB6lSW-I





Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 17-Apr-2022 at 11:18
Градски уште не е довршен, а ќе се прави нов стадион во Скопје...

Место да земат да ја завршат фасадата на северната трибина на Градски, и да ги направат фасадите на јужна и западна, и да стават добро осветлување за да личи ептен добро стадионот навечер, не, нов стадион...
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 383
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 17-Apr-2022 at 11:31
Во другите градој една трибина 30 години ја градет,на скопје резервен стадион оти малку му е еден...

Не сте вие криви,крив е народов шо не зел ластегарки досега да ви кажи кај ви е местото !
Back to Top
anna75 View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 16-Sep-2021
Online Status: Offline
Posts: 48
  Quote anna75 Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 17-Apr-2022 at 22:17
Мостови, улици, основна инфраструктура немаат некои делови од Аеродром... сето ова не е важно, ама нов стадион е приоритет
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 14-May-2022 at 12:16
Новиот стадион на ФФМ со капацитет од 12.000 седишта стартува со изградба на средината од 2023 година

Фудбалската федерација на Македонија следната година почнува со изградба на нов репрезентативен стадион во рамки на „Куќа на фудбалот“ во општина Аеродром. ФФМ заедно со општина Аеродром е носител на проектот, а во изградбата на капиталниот фудбалски објект, исклучително важна е поддршката и од македонската Влада која ќе биде вклучена во проектот.

Проектот за новиот репрезентативен стадион со минимален капацитет од 12.000 седишта е директно поддржан со средства од УЕФА и ФИФА преку програмите за подобрување на фудбалската инфраструктура.

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини во интервју за ЕКИПА вели дека очекува почетокот на изградбата да почне кон средината на следната година, откако во периодот кој следи со заеднички сили на ФФМ, Општина Аеродром и Владата ќе се комплетираат неопходните документации.

„Имавме неколку интензивни состаноци со градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, и нашите планови се во прв период да се среди комплетната неопходна документација заедно со Владата и сите државни институции, и тоа заеднички да се заврши до почетокот на следната година. Нашата обврска како федерација е пак во овој период да се презентира идејниот проект до УЕФА, потоа да се премине на основниот проект и мислам дека кон средината на следната година, ако се тече како што треба, да се почне со изградбата на новиот репрезентативен стадион. Сите заеднички, општината, државата и ние како федерација заеднички да изградиме нешто кое ќе остане за спортот и фудбалот. Онака како што заеднички знаеме на терен да ги победиме една Италија и Германија, сега сите заедно со сите сили да реализираме проект кој ќе е од големо значење за фудбалот, но и државата. Да, финансиите би биле од УЕФА, од Хет-трик програмата првично, но наше е тоа да го реализираме на вистински начин во интерес на македонскиот спорт“ – вели Сејдини во интервјуто за ЕКИПА.

Целосното интервју со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија на темите за најуспешната фудбалска година која остана зад нас, за реакциите од ФИФА и УЕФА по големите успеси на Македонија на репрезентативен план, но и за се што ја очекува ФФМ во иднина ќе може да го читате во вторник (17. мај) на ЕКИПА.

https://ekipa.mk/noviot-stadion-na-ffm-so-kapatsitet-od-12-000-sedishta-startuva-so-izgradba-na-sredinata-od-2023-godina/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.