Изградба на брана на река Отиња-Штип |
Post Reply |
Author | |
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply
#1 Topic: Изградба на брана на река Отиња-Штип Posted: 14-Jul-2020 at 16:17 |
Почитувани,
Со задоволство ја информираме јавноста дека денеска Општина Штип го доби одобрението за градење за брана на река Отиња од Министерството за транспорт и врски. Се исплатеа сите напори и трудот кој го дадовме како општина заедно со тимот на проектанти, тимот кој работеше на ревизија на овој компленсен проект и тимот кој работеше на деталниот урбанистички план. Општина Штип упатува благодарност за силната меѓуинституционална соработка која ја воспоставивме помеѓу нас и Владата заедно со ресорните министерства, Транспорт и врски, Земјоделство шумарство и водостопанство и Животна средина и просторно планирање. Деновиве ќе биде распишана постапката за изградба на браната Отиња, која е со висина на круната од околу 34 метри со 3 милиони м3 вода. Ветувањето кое се провлекуваше низ годините како политичка пропаганда го релизираме за само две ипол години. Како потсетување за овој капитален проект, досега се даваа само проценки, се потпишуваа меморандуми, а слушавме и декларативни заложби кои не се реализираа повеќе од 40 години. Токму денес завршува долгото патување низ сите процедури кои не беа реализирани повеќе од 40 години, а започнува постапката за изградба. Преку вакви капитални проекти кои ги реализираме за општина Штип ја оправдуваме довербата која ни ја дадоа граѓаните и ја подигаме на уште повисоко ниво. Децениската желба на штипјани се реализира! https://www.facebook.com/Општина-Штип- |
|
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #2 Posted: 14-Jul-2020 at 18:13 |
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАМЕРА ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ПРОЕКТ // НАСИПНА БРАНА СО ПРИДРУЖНИ ОБЈЕКТИ „ОТИЊА“ - ШТИП (Декември 2018)
Ова е одма до градот? Интересен потенцијал за туризам и рекреација има. извор |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #3 Posted: 12-Sep-2020 at 14:04 |
Идната година почнува изградбата на брана на река Отиња
Општина Штип пред извесно време го доби одобрението за градење за брана на реката Отиња. Претходно беше добиен и последниот документ за добивање на градежната дозвола за изградба на брана на река Отиња. Последниот од низата документи кои беа потребни е де факто, позитивното мислење од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС). Во рок од две и пол години Штип подготви основен проект со изработена ревизија, изработена студија за оцена на влијанието врз животната средина, изработен и усвоен детален урбанистички план за брана Отиња. По добивањето на дозволата наесен, најверојатно ќе следува и тендерската постапка од страна на Министерството за транспорт и врски. Според експертите оваа брана ќе се гради од две до две и пол години, а сè зависи од изведувачот и од временските услови. Експропријација на земјиштето е извршено на круната на браната, а додека експропријацијата на земјиштето во самата брана ќе биде завршена во текот на наредниот период. “Веќе го имаме и одобрението за градење од Министерството за транспорт и врски. Mакотрпната работа во изминатите две и пол години од страна на Општината, Владата, неколку ресорни министерства, проектантите, инженерите, професорите има конкретен ефект и резултат. Јас на овој проект приоѓам со многу ентузијазам и желба заради тоа што за овој проект вреди да се даде сè од себе, да се потроши многу енергија и време“, вели градоначалникот на Штип, Благој Бочварски. СОН СТАР 60 ГОДИНИ Сонот за брана датира уште од пред 60 години. Во одредени периоди, постоеја засилени активности за остварување на овој сон. Во 80-тите години на минатиот век, во Општината постоел и проект за бетонска брана на река Отиња. Тој проект повеќе години беше заборавен, но во 90 -те години, штипјани од 1992 до 1997 година собираа пари за изградба на брана на реката Козјак. Проектот заглави исто како и собраните пари. Потоа, се јави повторно желбата да се искористат средствата, но се наиде на пречка, бидејќи тие не се наменети за изградба на брана на Отиња, туку на Козјачка Река. Имаше и референдуми за да се искористат парите од самопридонесот, но досега сите обиди беа неуспешни. Дваесетина години, политичките партии искажуваа добра волја, дури и ставаа свои потписи за консенус, дека заеднички ќе работат на остварување на проектот. Но, за жал, сè остана на таа добра волја. Околу 1,5 милиони евра, останаа на трезорска сметка, без никаква камата, а беа дадени и позајмици на локалните јавни претпријатија во висина од половина милион евра. Тие пари, сè уште не се комплетно вратени назад, па на сметката има околу еден милион евра. Се чинеше, дека средствата ќе останат заробени подолго, а сонот никогаш нема да стане јаве. Овие средства од самопридонесот се на сметката на Општина Штип. Досега секоја политичка партија пред да дојде на власт говореше дека овие средства ќе бидат искористени, но по неколку месеци на власт сфаќаат дека постапката е тешка за нивно искористување, бидејќи мора да се оди на уште еден референдум, на којшто граѓаните треба да се изјаснат за што би ги искористиле. Немањето на политички консензус е причината што градот Штип досега имаше два неуспешни референдуми за овие пари. Тие пари ни оддалеку не се доволни да се изгради оваа брана и затоа Владата влезе во реализација на овој значаен капитален проект. На дел од овие пари имаат право и граѓаните на малата рурална Општина Карбинци. Но, додека не се организира референдум за нивна пренамена и Штип и Карбинци може само да сонуваат за нив и да ги гледаат на сметката. ИНВЕСТИЦИЈА КОЈА ЌЕ ДОНЕСЕ ПОЗИТИВНИ ПРОМЕНИ Инвестицијата чини точно 7,5 милиони евра, кои ги нема во општинскиот буџет, но затоа пак радува фактот што македонската Влада се нафати да го финансира штипскиот сон. Првите средства пристигнуваат до крајот на годинава, кои се издвоени со ребалансот на буџетот. Општинските служби работат координирано со Министерството за транспорт и врски, и сега со добивањето на градежната дозвола за изградба на браната, можат да почнат и тендерските постапки. Браната на река Отиња на Штип ќе му донесе промена на климата, заштита од поплави, но и место за рекреација. Населбите Суитлак и Блок 2.000 ќе се поврзат со улица, која ќе поминува по круната на браната, а ова е шанса за развој на овој дел на градот, каде што е предвиден Спортско-рекреативниот центар Суитлак, но и викенд населба. На почетокот на наредната година се очекува да се видат и првите градежни машини, коишто ќе работат на изградбата на брана на река Отиња. Според проценките на ревизорите кои работат на проектот изградбата би траела две години, а со добар градежен изведувач времето ќе се скрати и за половина година. БРАНА, ВИКЕНД ЗОНА ЗА КУЌИ, ПЕШАЧКИ ПАТЕКИ Според техничката документација, браната на река Отиња ќе зафаќа опфат од 120 хектари, а во него се водното огледало и заштитните зони од минумим 50 метри. Од ЈП „Стипион“-Штип, кое работеше на документацијата велат дека е издвоена и викенд зона, којашто е предвидена во Деталниот урбанистички план. Тоа ќе биде викенд зона за куќи, за домување со ограничени површини, максимални 50 отсто од самата градежна парцела и од приземје и кат. Просечната висинска разлика, помеѓу планинските сртови и рамнинските предели, по теченијата на реките изнесува 1.300 метри, а средната надморска височина е 250 метри. За полнење на акумулацијата ќе се користат водите од реката Отиња и од нејзиното сливно подрачје. Околу самата брана предвидена е и пешачка патека. Акумулацијата ќе се полни од целото сливно подрачје на Отиња, па се очекува во текот на целата година коритото кое поминува низ централното градско подрачје да не е суво. Најдлабокиот дел, кај круната на браната ќе биде околу 34 метри или како една зграда на 11 ката, а вкупната количина е три милиони кубни метри. Предвидена е и изградба на мала хидроцентрала, којашто со годините може да ја исплати оваа инвестиција. Просечната висинска разлика, помеѓу планинските сртови и рамнинските предели, по теченијата на реките изнесува 1.300 метри, а средната надморска височина е 250 метри. За полнење на акумулацијата ќе се користат водите од реката Отиња и од нејзиното сливно подрачје. Околу самата брана предвидена е и пешачка патека. Акумулацијата ќе се полни од целото сливно подрачје на Отиња, па се очекува во текот на целата година коритото кое поминува низ централното градско подрачје да не е суво. Најдлабокиот дел, кај круната на браната ќе биде околу 34 метри или како една зграда на 11 ката, а вкупната количина е три милиони кубни метри. Предвидена е и изградба на мала хидроцентрала, којашто со годините може да ја исплати оваа инвестиција. Во втората фаза откако ќе почне експропријацијата на одредени имоти, според сегашни проценки, има многу мал дел бесправно изградени објекти, она што ќе биде зафатено во водното огледало и потопено со вода. Бесправните објекти се јавуваат повеќе во заштитната зона на браната. Зоната којашто е на страната на Суитлакот е заштитена од другата страна кон Калдрма, Кошево, Шашаварлија, и таму нема многу објекти. Надеж за браната Отиња, постои. Но децениското искуство ги направи штипјани песимисти. Со доаѓањето на секоја нова Влада, владее и стравот дека проектот ќе биде напуштен. Економската криза, во моментов состојбата со коронавирусот, но и други непредвидливи фактори, повторно ги плашат штипјани дека проектот ќе остане само на хартија. Но, надежта не умира. Ако Штип издржа 60 години со сонот, сега веќе е на чекор од него. https://www.porta3.mk/idnata-godina-pochnuva-izgradbata-na-brana-na-reka-otinja/ |
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2026 |
Quote Reply #4 Posted: 12-Sep-2020 at 16:39 |
Ова е прав погодок за Штип. Ќе го трансформира градот на многу позитивен начин. Нема да има град во Македонија со толку блиску вештачко езеро кое може да се уклопи со многу содржини во градскиот живот. Населбата Сутлак иако сега неофицијално елитна населба во Штип ќе стане уште поатрактивна. Незнам зашто чекале до сега.
|
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2026 |
Quote Reply #5 Posted: 26-Jan-2021 at 02:21 |
Книга со сите нацрти, објавена на сајтот на министерството...
http://www.mtc.gov.mk/media/files/2020/Kniga%208.1%20Nacrti%20za%20brana%20LC,%20LP_p.pdf |
|
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1143 |
Quote Reply #6 Posted: 26-Jan-2021 at 16:44 |
Дебар и Каменица имаат, па слабо ги користат и урбанизираат крајбрежјата. Што е проблемот не ми е јасно. Во друга земја ќе беа меѓу најатрактивните градови. Тука веројатно подобра ќе биде ситуацијата бидејќи уште од сега се зборува за викенд населба и туризам.
|
|
ehrlich
Senior Member Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
Quote Reply #7 Posted: 26-Jan-2021 at 18:18 |
За Дебар не се согласувам баш, имаат преку лето дури и плажи, кои се доста добро уредени.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #8 Posted: 23-Jul-2021 at 16:53 |
Почна изградбата на брана на река Отиња, шест децинискиот сон на штипјани
Изградбата на брана на реката Отиња, шест дециниски сон на штипјани, денеска официјално започна во присуство на високи владини претставници. Градежните работи ќе се одвиваат во наредните две и пол години. „За само две и пол години општината направи подвиг за реализација на проект заглавен во процедури децении наназад. Општината го подготви основниот проект со изработка, ревизија, студија за оценка на влијанието на животната средина, изработен и усвоен Детален урбанистички план, како и позитивно мислење од Институтот за земјотресно инжинерство и инжињерска сеизмологија. Потоа следеше и тендерската постапка од страна на Министерството. Инвестиционата вредност на градбата изнесува 306 милиони денари согласно склучените договори за изградба и надзор“, рече премиерот Зоран Заев. На свеченоста покрај премиерот Заев, беа и вицепремиерот Љупчо Николoвски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов. Заев истакна дека оваа капитална инвестиција ја покрена поранешниот градоначалник, а сега министер за транспорт и врски, Бочварски. Средствата се обезбедени во Буџетот на МТВ за период од 2021 до 2023 година, а рокот на изведба е планиран и изнесува не повеќе од 30 календарски месеци или две и пол години. Со проектот е предвидено да изведе камено земјена брана со централно глинено јадро со висина од 33 метри. „Придобивките од оваа инвестиција се огромни, се бројни. Браната на река Отиња на Штип ќе му донесе промена на климата, заштита од градот, од поплави, но и место за рекреација. Ќе се намалат високите летни температури, но и ќе влијае и на зголемување на зимските температури. Дополнително се создава биолошки минимум во коритото на реката Отиња, а ќе се користи и за наводнување на зелените пворшини. Ова ќе биде место за рекреација на штипјани, но и на сите наши граѓани во државата. Ќе биде можност за еден развој на градот во наредните години и децении“, посочи Заев. Вицепремиерот Николовски рече овој проект е важен не само за штипјани туку за целиот македонски Исток. Целата процедура за изградба на браната започна кога бев министер за земјоделство, а кога Благој Бочварски беше градоначалник на Штип и кога првин ги искористивме можностите на Програмата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за рурален развој да ги одглавиме сите овие постапки и процедури и да ја трасираме и браната и овој проект на правиот пат“, се пофали Николовски. Забележа дека во овој регион се гради уште една брана во Кочанско, што како инфраструктурен проект чини над 30 милиони евра. Министерот Бочварски истакна секоја претходна Влада и секоја претходна општинска администрација овој проект го имаше само како идеја или проект на хартија, но на крајот не исполнето предизборно ветување. Но, како што рече, за граѓаните на Штип денеска оваа брана е суштинска потреба. „Изготвивме основен проект, се направија ревизија на проектот студија за животна средина, изработивме ДУП преку општината ги обезбедивме сите согласности од државните институции за на крај да добиеме и поддршка од Владата и да се обезбедат средства за изградба од државниот буџет преку Министерството за транспорт и врски и да добиеме одобрение за градење“, рече Бочварски. Прашан дали е извршена експропријација на земјиштето, Бочварски одговори дека на делот каде што се гради браната е извршена, додека во делот каде по изградбата треба да се полни не е, но во наредните две и пол години министерството и општината ќе ај завршат и оваа постапка. Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов рече дека изградбата на браната ќе отвори и можности за поголем развој, но и инфраструктурно поврзување и на населбите Суитлак и Блок 2000. https://nezavisen.mk/pochna-izgradbata-na-brana-na-reka-otinja-shest-deciniskiot-son-na-shtipjani/ |
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2026 |
Quote Reply #9 Posted: 25-Jul-2021 at 11:59 |
Уште едно мајмунисување од деструктивната опозиција! Кој проект по ред е ова како што го минираат на тема експропријација. Го лажат измачениот народ дека ќе се збогатат преку ноќ за ниви кои не им вредат, и после државата неможе ништо да изгради. И после се фалат како ја сакале Македонија и биле патриоти. НЕ, НЕ СТЕ! Доста ги лажете луѓето да се влечкаат по судови со години за 1-2 илјади евра! Дајте им ги од партиски буџет ако сте фраери! Доста ја ебавате Македонија за ситни пари! Не Америка, гласачите ќе ве стават на црна листа!
Edited by user8642 - 25-Jul-2021 at 11:59 |
|
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1143 |
Quote Reply #10 Posted: 25-Jul-2021 at 12:42 |
Намали доживљај, работа на опозиција е да критикува. Ако стварно никој не ги контактирал, тогаш стварно треба поажурно да се зафатат со експропријација.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #11 Posted: 26-Feb-2022 at 18:17 |
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #12 Posted: 02-Jun-2022 at 14:13 |
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #13 Posted: 02-Nov-2022 at 08:06 |
(ВИДЕО) Како „река без река“ ќе наполни вештачко езеро во Штип?
https://360stepeni.mk/video-kako-reka-bez-reka-ke-napolni-veshtachko-ezero-vo-shtip/ |
|
Carpe diem
|
|
Post Reply |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |