Автопат Тетово - Гостивар |
Post Reply | Page 12> |
Author | |
The Wild Boy
Senior Member Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 496 |
Quote Reply
#1 Topic: Автопат Тетово - Гостивар Posted: 07-Nov-2021 at 02:07 |
Тема за овој автопат нема, а мислам дека треба да постои како посебна тема. Овој такозвани "Автопат", продукт на Социјализмот, граден некаде во 80-те години (Сателитските снимки го потврдуваат тоа). Но во реалност ова е само еден експресен пат кој што е во лоша состојба. И мило ми е што во иднина овој пат ќе се реновира на целосно и ќе се изгради сосема нова делница од Гостивар према Тетово, од другата страна на селата до веќепостоечкиот пат.
За време на Југославија, освен автопатот Братство и Единство, во Македонија друг поважен коридор бил тој од Скопје до Охрид. Незнам зошто тогаш не ја изградиле обиколницата на Скопје. Загреб и Љубљана имаат добиено Обиколници во 70те и 80те, Белград малку подоцна во 90те и подоцна до ден денес (Очекувано бидејки Београд си има добиено урбан автопат изграден во 1974). За делот кај Охрид и Струга одредени делови се изградени како брз пат со денивелирани клучки како на Автопат. И делот Тетово - Гостивар кој што бил изграден како експресен пат. Незнам тогаш дали имало патарини или не на тој правец. Делот од Ѓорче Петров до Тетово можеби бил на неколку делници и брз пат за време на Југославија (неможев убаво да видам преку стари сателитски снимки). За време на војната во 2001, има една снимка каде се гледа автопатот во градба. Значи тој дел е почнат некаде средина - доцна на 90-те и можеби работите биле паузирани за време на војната. Ако некој возел по тој пат тогаш слободно може да сподели искуство и информации. Но настрана тоа, гледам ДУИ објавиле видео, чисто политичко ветување за изградбата на овој дел. Ми имаше еден член партерно во SSC форумот, ама неможам да го најдам видеото. Знам дека ја покажуваат на хартија трасата, зборат нешто на Албански. На друго место никаде немам видено информации за овој пат, неможев ни на интернет да најдам информации (во вид на слика, или pdf фајл) за точната траса на автопатот. Ако има некој видео, информации слободно може да се споделат овде. Инаку за изградбата на овој автопат не би коштало нешто којзнае што, и бидејки теренот е писта - рамен може за помалку од 2 години да се заврши проектот, вклучително и реновација на веќепостоечкиот дел кој што е 2+2. Па така, новиот дел може да се изгради прво, да се пренасочи сообраќајот на тој нов сегмент, привремено во 2+2 форма како на веќепостоечкиот пат, па веќепостоечкиот пат да се среди како што треба и да се пушти целосната делница како автопат. Секако ќе треба да има и нови клучки, поголеми клучки пред Гостивар од каде што автопатот ќе треба да се одвои и да продолжи над планините. Само незнам како ќе ја искачи таа планина од Гостивар према Кичево. Дали тоа ќе биде нешто како кај Хрватска што имаат направено на новиот A1. Имаат еден дел кој што е со кривини, 6 ленти и се искачува на голема висина за толкаво кратко растојание. Сепак останува да видиме, како и кога ќе се почне со оваа делница. Ако падне владата, и ДУИ и СДС отидат во опција, очекувам и новата влада да се фокусира на овој проект и коридор како во целост, и веќе еднаш за секогаш да убрзаат и да го завршат проклетиот автопат од Кичево до Охрид. Е сега овде треба Бехтел да гради. Се знае каде парите ќе отидат, и што ќе биде. Бехтел како компанија има доста добра историја, што ли не нема изградено низ светот, ама за жал знаме овде комбото Бехтел и Енка овде во балканот за што се користи. ВМРО го поддржаа овој проект, ама Левица се изјасни убаво. Ајде да не мешам многу политичка, се надевам дека ако веќе останат Бехтел да го сработат овој коридор брзо и квалитетно. Најдобро ќе беше да се одеше преку тендер, можеби компании како Strabag ќе се појавеа. Strabag завршија навистина добра и квалитетна работа на експресниот пат Штип - Радовиш. Мислам дека добро ќе беше да им се дадеше на нив, или на некоја слична добра компанија како Strabag да ни ги довршат овие делници, ама тоа е што е. И кога ќе се конвертира оваа делница во целосен автопат, после ќе треба да се гледа и истото да се направи со Катланово - Велес. ВМРО на претходните парламентарни избори ветуваа автопат Скопје - Битола (преку Бабуна), вклучувајки го и делот од Катланово до Велес како целосно нов автопат. Се надевам дека таа идеа уште кружи, треба и те како да се направи и таа делница во автопат со целосен профил. И после тоа или во меѓувреме комотно да се изреновираат и прошират веќепостоечките делници на автопат кои што се со 2 ленти без лента за застанување. Такви се "автопатот" што го врзува Аеродромот, делница од клучка Миладиновци до клучката кај Куманово. И со тоа да ги елиминираме тие делници кои што се 2 ленти а немаат лента за застанување, за да добиеме 100% автопатска мрежа која што ќе е во полн профил. |
|
The Wild Boy
Senior Member Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 496 |
Quote Reply #2 Posted: 07-Nov-2021 at 02:19 |
Еве една новост од неодамна:
https://tetovoinfo.mk/%D0%B2%D0%BE-2022-%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D0%B5-%D0%B8%D0%B7%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B1%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%BE/ Секако во Македонски стил ќе се натрупаат што е можно повеќе патарини. Неможам никаде да најдам слика или фајл од исцртана траса. А да барам по страните на ДУИ тешко со тој Албанскиот. Ако најде некој нешто во меѓувреме, слободно пратете. |
|
WolfLeader
Senior Member Joined: 03-Aug-2015 Online Status: Offline Posts: 694 |
Quote Reply #3 Posted: 07-Nov-2021 at 14:22 |
Odamna go najavuvaat proektot , ama konkretni najavi seuste nema ..
|
|
The Wild Boy
Senior Member Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 496 |
Quote Reply #4 Posted: 07-Nov-2021 at 14:45 |
Па ДУИ се фалеа дека за 2 години ќе бил готов проектот... покажуваа скици, и траса ама на хартија. А нејќат да ја објават во електронска форма за да видат и другите... по скржава партија немам видено. А и кои се они да изиграваат шефови и да се прават дека они ги градат тие патишта, и да кажуваат кога ќе се завршат. Зошто го нема Благоја Бочварски да кажува што - како, да обеќа, и министерството за транспорт и врски да ги објавува плановите, и трасата. ДУИ не се министерство за транспорт и врски и не треба да бидат. Ама очигледно они си ги користат овие проекти за политички поени, за да добијат глас - повеќе. А за тоа секако во догледна иднина ќе си лежат. Истото беше и за автопатот Скопје - Блаце. Али ахмети беше тој кој што кажуваше за колку години ќе се изгради, и негоите сопартиции беа тие кои што го имаа целосниот детален проект а нејќеа да го објават. Транспарентност = 0
|
|
The Wild Boy
Senior Member Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 496 |
Quote Reply #5 Posted: 07-Nov-2021 at 16:12 |
Еве вака отприлика би требало да изгледа трасата како што знам. |
|
MKDSTRUGA
Senior Member Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 460 |
Quote Reply #6 Posted: 07-Nov-2021 at 16:21 |
Trasata e odluceno da bide na mesto na segasnata so toa sto segasnata cela trasa bi predstavuvala eden pravec i sredisno zelenilo i bi se prosirilo so uste ednata nasoka. Sekako so temelna rekonstrukcija na postoeckata trasa i skros novi klucki. Ova sto e pogore prikazano bi kostalo premnogu expropriacija, dopolnitelno ke se dobijat dva avtopata so patarina eden do drug. Isto taka skrsnuivanjeto kon kicevo e posle Gostivar odnosno se izveduva avtopatska obikolnica okolu Gostivar.
|
|
The Wild Boy
Senior Member Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 496 |
Quote Reply #7 Posted: 07-Nov-2021 at 16:51 |
Јас мислам дека ја одбраа таа варијанта што ја објавив? Каде ќе го прошират веќепостоечкиот "автопат" кој што е наполнет со објекти до него... За обиколницата на Гостивар не сум знаел. Имаш некоја слика да видиме како би изгледало? На веќепостоечката Обиколница има една обична раскрсница овде: https://maps.app.goo.gl/iShdLXFuujMShySy9 Оваа раскрсница е со семафори и секогаш се ствараат гужви, а и плус ако приметуваш има доста објекти и на самата веќепостоечка обиколница. Сега прашањето е дали ќе е поевтино со надградба на веќепостоечкиот патен правец? Јас мислам дека не, бидејки има доста објекти кои што ќе треба да се срушат. Мојата варијанта, т.е. онаа која што и Благоја Бочварски, и ДУИ ја објавуваат е таа каде што од другата страна на самите села и фабрики да се изгради тој друг дел, и да се направи оваа делница во автопат со полн профил. Така е најдобро, бидејки од другата страна нема објекти. Има само ниви, можеби неколку помали објекти, ама тоа не е ништо страшно, и мислам дека оваа варијанта која што ја имаат одберено е доста подобра а можеби и поевтина. |
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #8 Posted: 07-Nov-2021 at 16:58 |
Колку што знам, ќе се надгради веќе постојниот експресен пат со по една лента за застанување во двата правци и има доволно простор за тоа, најголем дел од изградените објекти се на некои десетина метри од патот.
|
|
За сè има вторпат
|
|
The Wild Boy
Senior Member Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 496 |
Quote Reply #9 Posted: 07-Nov-2021 at 17:02 |
Тогаш што е ова?
https://meta.mk/bochvarski-predvidena-e-izgradba-na-nov-avtopat-od-gostivar-do-tetovo/ „Бидејќи има голем број на постоечки инфраструктурни објекти на сегашната траса на патот, предвидено е тие да бидат реконструирани. Едната варијанта која се разгледува е постоечката траса да се користи од Тетово до Гостивар, а од Гостивар до Тетово да се изгради нов пат така да ќе добиеме ново модерно решение. Предвидено е оваа година да се започне со постапка за изработка на физибилити студија и некаде следната година очекувам да започне пробивање на новата траса“, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. |
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #10 Posted: 07-Nov-2021 at 17:26 |
Не знам, ми се чини многу поскапо да има целосно нова траса во еден правец, проширување на постојниот експресен пат би било многу поевтино, веќе има клучки, рамно е... Е сега, политичарите ветуваат сè и сешто, ама не би ги сфаќал сериозно.
|
|
За сè има вторпат
|
|
MKDSTRUGA
Senior Member Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 460 |
Quote Reply #11 Posted: 08-Nov-2021 at 10:33 |
Mislam deka duri i da e poskapo asalno prosiruvanje na segasnava trasa treba da se odi so taa varijanta. Sepak Polog e zemjodelsko zemjiste dve odvoeni trasi osven so ke izgledaat bezvezno, ke unistat i mnogu plodna zemja i ke zaglavaat vo milion expropriacii.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #12 Posted: 09-Jan-2022 at 17:46 |
Возењето по патот Тетово – Гостивар, како на „Париз – Дакар“
Тесни ленти, големи дупки на коловозот, нечистотија и најважно од сè – немање трета лента на коловозот, која би помогнала во случај на дефект, автомобилот да се паркира странично. Ова се пропустите на овој пат кој може да се нарече со кое било име, но не и автопат Тетово – Гостивар“. Ниту безбедноста не е во ниво. Поради оштетувања на оградата, возачите велат дека среде коловозот често се појавуваат и животни. „Да ви кажам право, имав можност да видам, но не ми се случи несреќа бидејќи внимавам и знам во каква состојба е патот. Но, често има. Одржувањето е обврска затоа што плаќаме и тие треба ова да го имаат на ум за да се грижат“. „Од „Македонија пат“ велат дека во рамките на планот за изградба на Коридор 8 ќе се санира и овој опат“. „Се надеваме дека во првите шест месеци од оваа година работите ќе започнат од Бехтел-Енкел и ќе бидат во две насоки, Гостивар-Кичево и Гостивар-Тетово. Се надеваме дека нивните активности со нивниот квалитет и искуство за кратко ќе се изгради и автопатот Тетово-Гостивар“, изјави Ејуп Рустеми Директор на Македонски патишта. Од „Македонија пат“ лани најавија ограда и заштита со камери за да се зголеми безбедноста, но тоа не се случи./ Алсат.мк https://alsat.mk/mk/vozeneto-po-patot-tetovo-gostivar-kako-na-pariz-dakar/ |
|
The Wild Boy
Senior Member Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 496 |
Quote Reply #13 Posted: 01-May-2022 at 10:13 |
По се изгледа дека ќе се оди со таа варијанта да се гради нов пат, наместо надградба на веќепостоечкиот. Веќепостоечкиот пат само ќе биде реновиран и пренасмерен во еден правец. Нешто слично на Велес - Катланово, само што овој пат после пренасмерувањето ќе биде автопат во полн - профил.
Еве ви ги сликите кои што успеав да ги сликам од едно од видеата на ДУИ од изборната кампања: Видеото го имате подоле, на фејсбук објавено: https://fb.watch/cK27u1mTQC/ А ова беше пратено од еден член на SkyScraperCity форумот. Обично не гледам и паѓам на такви политички реклами, но оваа пат кога го погледнав видеото ми го привлече вниманието, бидејки ги покажаа плановите и тоа не само за овој автопат, туку и за автопатот од Кичево до Гостивар, и за автопатот од Прилеп до Битола. Кога ќе седнам на компјутер, ќе пробам повтроно да ги сликам да видам дали ќе испаднат во поголема резолуција. Жално што сеуште ги немаме официјалните планови, а со овој автопат теба да се почне со градба оваа година... Edited by The Wild Boy - 01-May-2022 at 10:14 |
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2026 |
Quote Reply #14 Posted: 01-May-2022 at 11:26 |
Досега неколку пати сум пишувал од значајноста/потребата од Автопат Јажинце-Тетово. ДУИ како и сите албански партии воопшто не се визионери, дури не го ни бараат овој патен правец да стане дел од програма на некоја влада, а е најпотребен во моментов во државата. Истото го потврдува и Гоогле Траффик и ПГДС мерења на агенција за патишта.
Одлична шанса да се решат сите проблеми на трасата и да се изведе во еден здив заглам автопат од Јажинце до Гостивар. Ќе се надминат сите проблеми кои ги има сегашната траса. - Проблем со профил на автопатот, профил на надвозниците/подвозниците - Проблем со модификација на клучка Тетово заради околни индустиркси објекти - Да се избегне близината на Долно Седларце и пробивање траса низ сред куќи - Проблем со нетополна достапност на клучка Брвеница заради близината со пругата - Проблем со заобиколување на Гостивар Сегашниот автопат да си остане во функција на меѓуградски булевар Тетово-Гостивар. Има таков свеж позитивен примен од Црна-Гора со булеварот Подгорица-Даниловград. Сите могучи премини, надвозници и подвозници, да се отворат према сегашниот автопат, да се укинат патарините, да се легазлизрираат и асфалтираат сите диви премини, да се извади сообраќајот од селата на овој иден "булевар". Edited by user8642 - 01-May-2022 at 11:32 |
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2026 |
Quote Reply #15 Posted: 01-May-2022 at 11:34 |
The Wild Boy
Senior Member Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 496 |
Quote Reply #16 Posted: 01-May-2022 at 15:28 |
Навистина добар план, убава идеја. Се сложувам со тоа што си го напишал, и давам поддршка за ова. Со ова Тетово би можел да стане првиот град во Македонија кој што би можел да добие "урбан автопат", или пак веќепостоечката обиколница да се претвори во булевар. Но, дали ова навистина ќе помогне да се реши (или да се намали) сообраќајниот хаос во Тетово? Ако не се грешам, гужвите се во самиот град, а не овде близу обиколницата. Дури и веќепостоечката обиколница нема многу сообраќај што поминува низ неа. Него, дали ќе можеш да го вметнеш и тунелот кој што "се планира" испод шара, како автопатска врска, не како тунел кои што би се врзал град со град (како што се зборува дека ќе биде). Да се види тоа на мапа би било супер. Дополнително, ако можеш направи и посебна мапа само за тунелот, како автопатска врска со двата автопатишта што поминуваат во близина на двата града (Тетово и Призрен). Би било добро за приказ на SSC форумот, да се види отприлика како би изгледала таква автопатска врска, како што е најдобро да се направи, а не како што сакаат сега. Иначе на овој дел овде измеѓу Тетово и Гостивар баш е погоден да никнат неколку големи одмаралишта со бензински, паркинзи, одмаралишта, и слично како што има горе по Европа. Теренот е доста погоден, поглед према планина... Бенефитите се само големи од ова, нема ништо лошо од ваква инвестиција. Но, не очекувај ништо од нашите политичари. Особено не од терористи излезени од шума, кои што појма си немаат од ништо само да крадат, да шират закани и да го лажат Албанскиот а и Македонскиот народ... |
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2026 |
Quote Reply #17 Posted: 02-May-2022 at 11:31 |
За тунелот по Шара има неколку опции, ја сум лично за таа со најдолгата верзија тунел. Нема потреба д се штеди на копање, и непотребно да се качува патот во некои надморски висини, уште испод село Бродец да се ипонира.
Што се однесува до каде може да се "пресече" Тетово, постои ЕДНА ЕДИНСТВЕНА опција. Тоа е линијата Касарна-Стадион-ДругСтадион-Гробишта. Тука е најтенкото, тука се кине. Све се општествени објекти, доминантно државно земјиште, лесно може да се реши трасата, со едно 20-30 приватни имоти може да се пробие градот. За поврзувањето со околната постоечка мрежа не ми иде некоја попаметна идеја, еве нафрлив една проста со 3 клучки труби, нешто слично како што во Белград сега се гради Сурчинска Петља. Може да биде тоа и опција кајшто патот под Шара се поврзува на постоечката клучка во форма на непотполна детелина, па уште една детелина со новиот пат, и така двете детелини формираат клучка со 6 правци. Edited by user8642 - 02-May-2022 at 11:42 |
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2026 |
Quote Reply #18 Posted: 02-May-2022 at 11:41 |
Мислам на овакво нешто како втора опција, ама немам идеја како може да се уклопи во простор.
Уште една по-арапска опција, огромен кружен тек што би поврзувал 6 правци, ама ова некако не ми се допаѓа толку. Ако има некој идеја како може да се исповрзат 6 правци, или па ако најдете некој пример од свет, пуштете да видиме. |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #19 Posted: 19-Sep-2022 at 17:17 |
АВТОПАТОТ ТЕТОВО-ГОСТИВАР Е ПРИОРИТЕТ, ЌЕ ПОЧНЕ ДА СЕ ГРАДИ ДОГОДИНА, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ БОЧВАРСКИ
Автопатот Тетово-Гостивар никако да почне да се гради, иако министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека е еден од приоритетите на Владата. Бочварски најави дека овој автопат, како и неколку други патни правци, ќе почне да се гради наредната година, откако во меѓувреме ќе заврши новата постапка за избор на надзор и консултант за автопатите, што ќе ги гради конзорциумот „Бехтел”. „Имаше распишано постапка за избор на консултантска куќа и надзорен орган, по што беше избрана и компанија за консултантски услуги, но бидејќи таа во дадениот рок не достави банкарска гаранција, постапката беше запрена и е распишана нова. Се работи за делниците Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево и Требениште-Струга-Ќафасан, како и за патот Битола-Прилеп. Ова останува приоритет. Тука сме да ги решиме сите прашања пред почнување на изградбата, за да сме сигурни дека ќе тече непречено и со добра динамика. Автопатот Тетово-Гостивар, како и останатите делници, е приоритет и по завршувањето на постапките ќе се влезе во реализација, реконструкција и проширување на целата оваа делница“, рече Бочварски, кој заедно со министерот за животна средина Насер Нуредини присуствуваше на отворањето на новоизградениот водовод во село Камењане. Нуредини најави дека наскоро се очекува да заврши постапката за евалуација на понудата за изградба на долгонајавуваната хидроцентралата „Чебрен“. „Изградбата на ‘Чебрен‘ е еден од најбитните инфраструктурни проекти во државата и таа ќе биде батеријата на државата. Имаме уште 50 дена за евалуација на таа понуда, а потоа, во почетокот на ноември, ќе информираме дали сè било во ред со понудата и ќе се потпише договор за изградба“, изјави Нуредини. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/avtopatot-tetovo-gostivar-e-prioritet-ke-pochne-da-se-gradi-dogodina-veli-ministerot-bochvarski/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #20 Posted: 16-Jan-2023 at 18:24 |
Груби: Тетово-Гостивар, се гради нов автопат – Ковачевски: 30 години никој не сакаше да изгради автопат кон Албанија
Надминати се сите препреки и е потврден изборот на компанијата ИРД како консултант и надзорник на работите на Коридорот 8 и 10-Д, а ќе го гради компанијата “Бехтел и Енка“. Според првиот вицепремиер Артан Груби, со проектот се предвидува автопатот Тетово-Гостивар да се раскопа целосно и да се изгради нов автопат со три коловозни ленти. „Потпишавме конзорциум можеби најголемиот, за изградба “Бехтел Енка“, американско-турска компанија, за изградба на автопатот на коридорот 8. Тој автопат подразбира целосно раскопување на постоечкиот пат Тетово-Гостивар, сите четири ленти ќе се раскопаат и ќе се изгради автопат со три ленти на секоја страна, плус еден страничен пат кој ќе ги поврзува селата од Тетово до Гостивар“, вели Артан Груби. https://mk.tv21.tv/grubi-tetovo-gostivar-se-gradi-nov-avtopat-kovachevski-30-godini-nikoj-ne-sakashe-da-izgradi-avtopat-kon-albanija/ |
|
Carpe diem
|
|
Post Reply | Page 12> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |