build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Коридор 8
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Коридор 8

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 50515253>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1021 Posted: 04-Aug-2022 at 11:37




https://www.slobodenpecat.mk/revizija-samo-za-kamati-i-provizii-se-dadeni-58-milioni-evra-a-patishtata-i-prugite-nikade-gi-nema/

За сè има вторпат
Back to Top
toma.bacic View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 22-May-2022
Online Status: Offline
Posts: 5
  Quote toma.bacic Quote  Post ReplyReply #1022 Posted: 08-Aug-2022 at 21:35
Oprostite na pisanju na hrvatskom, ali makedonski razumijem, ali ne mogu pisati na njemu.
Nije li prije raspada Jugoslavije postojala pruga Kumanovo - Beljakovci? Zna li tko kad je ta pruga izgrađena, i kad je prestao promet na njoj?
Također, nisu li neki objekti na dionici Beljakovci - Kriva Palanka već izgrađeni? Zna li netko kad?

Hvala i pozdrav iz Zagreba
toma
www.zeljeznice.net/forum
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1023 Posted: 12-Aug-2022 at 10:38
Македонија доби 6,5 милиони евра КАЗНА од ЕБР за неградење на пругата кон Бугарија

Минатата година на Европската банка за обнова и развој сме му платиле 6,5 милиони евра казна во камати и трошоци за нереализирани средства поради договорен, а неповлечен заем за изградба на пругата Бељаковци – Крива Паланка, објави Фактор.мк

Станува збор за втората од вкупно три делници кои треба да се изградат за железничко поврзување со Бугарија преку Коридор 8.

Ова го потврдува Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, во својот годишен извештај за минатата година, во која повторно влегло во загуба од 5 милиони евра со пресметана амортизација, иако приходите во 2021 биле за 1,5 милиони евра поголеми од една година претходно.

„Инфраструктура“ овие пари му ги исплатил од сопствени средства на ЕБОР во текот на минатата година кои изнесувале 393.930 милиони денари. Вкупните трошоци за камати и неповлечени средства кон меѓународниот кредитор изнесувале 405.413 милиони денари, затоа што 11.483.000 денари како казнени пенали кон ЕБОР биле платени и за делницата Куманово – Бељаковци.

Овие пари претпријатието вели дека се неисплатени и дека се капитализираат во инвестицијата се додека не се пушти во употреба. Минатата година минала во евалуација на операторите кои изразиле интерес да ја реконструираат и градат оваа фаза.

Поради ова, на претпријатието му останале само 290 милиони денари како пари за реални инвестиции, главно благодарение што 210 милиони денари биле обезбедени преку грант.

Минатиот месец Владата ги потпиша документите со кои ќе се реализираат две фази за железничкото поврзување со Бугарија. Инвестицијата „тежи“ 200 милиони евра., од кои дел се заем, а дел грант. Одбраните оператори се австриски „Штрабаг“ и турски „Ѓулермак“.

https://vecer.mk/ekonomija/makedonija-dobi-65-milioni-evra-kazna-od-ebr-za-negradenje-na-prugata-kon-bugarija
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1024 Posted: 07-Oct-2022 at 17:03
Компаниите „Штрабаг“ за 49 и „Гулемарк“ за 155 милиони евра ќе почнат со изградба на пругата кон Бугарија на 18 октомври



https://telma.com.mk/2022/10/07/kompaniite-shtrabag-za-49-i-gulemark-za-155-milioni-evra-kje-pochnat-so-izgradba-na-prugata-kon-bugarija-na-18-oktomvri/
Carpe diem
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #1025 Posted: 08-Oct-2022 at 08:40

Ova odamna spaga vo rubrikata "Fake News"
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1026 Posted: 08-Oct-2022 at 15:36
Само ќе го цитирам Денко од една постара објава

Originally posted by Denko


Ova veke nitu e interesno nitu zasluzuva vnimanie!
   
За сè има вторпат
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #1027 Posted: 08-Oct-2022 at 18:05
Originally posted by Џоле

Само ќе го цитирам Денко од една постара објава

Originally posted by Denko


Ova veke nitu e interesno nitu zasluzuva vnimanie!
   
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1028 Posted: 28-Oct-2022 at 16:45
МНОГУ ФРЛЕНИ ПАРИ И КУП ПРЕСЕЧЕНИ ЛЕНТИ, А ПРУГА НЕМА! Нов почеток на изградбата на железничката линија кон Бугарија

Неколку кредити земени од ЕБОР, неколку пресечени ленти за почеток на изградбата, многу застои и одлагања, средби на премиери и министри и потпишани неколку меморандуми со поместени рокови – така веќе 30 години се „гради“ железничката пруга кон Бугарија. Но, од 2014 година, кога почна да се гради пругата од Куманово до Бељаковце, изградени се само 54 отсто од оваа делница.

За утре е закажан нов почеток на продолжувањето на градбата на пругата, со учество на премиерите на двете држави.

Според она што го соопшти неодамна директорот на Железници инфраструктура, Хари Локвенец, изградбата на овој дел од пругата е доверена на компанијата „Штрабаг“, а на делот од Бељаковце до Крива Паланка на компанијата „Ѓуљермак“.

Договорот со „Штрабаг“, која треба да изгради 31 километар железница од Куманово до Бељаковце, тежи 40,5 милиони евра. На овој дел ќе бидат изградени и три железнички станици во Ново Куманово, Шупли Камен и во Бељаковце, како и шест стојалишта во Лопате, Перо Ччичо, Проевце, Клечовце и во Довезанце. Рокот за изградба е 24 месеци.

Договорот со „Ѓулермак“ вреди 155 милиони евра. „Ѓулермак“ треба да ја изгради втората делница од коридорот 8 од Бељаковце до Крива Паланка во должина од 34 километри. Рокот за изградба е 36 месеци. На овој потег ќе бидат изградени две железнички станици во Крива Паланка и Гиновце и три стојалишта во вториот дел на пругата.

Со „Штрабаг“ е потпишан и договор во вредност од 4,8 милиони евра за реконструкција на делот од пругата на коридорот 10 од Ногаевци до Неготино, во должина од 31 километри, со рок на градба од 6 месеци.

Колку пари се потребни да се изградат сите пруги?

Овие проекти се финансирани со кредит од Европската банка за обнова и развој(ЕБОР), но во вториот лот се користат средства од инструментот на ЕУ – Инвестициски фонд за Западен Балкан (ВБИФ), во висина од 68,5 милиони евра.

За третата делница на коридорот 8 од Крива Паланка до Деве Баир од ВБИФ е добиена потврда за доделување инвестициски грант во висина од 155 милиони евра.

Заедно со претходно обезбедените 61 милион евра од ИПА 2 програмата, за третата делница е добиен грант во вкупна вредност од 216 милиони евра, за проектот чија проектна вредност е 405 милиони евра.

За целосна изградба на пругите во земјава се потребни над 1 милијарда евра, од кои 350 милиони евра за источниот дел кон Бугарија и 550 милиони евра за западниот дел кон Албанија. Последните пресметки и потпишаните договори за источниот дел пораснаа на 590,5 милиони евра, а за делот кон Албанија ќе се знае износот кога ќе почне и градбата.

Досега само за правиот и вториот дел од оваа траса се земени кредити од ЕБОР во износ од 271,4 милиони евра и грант од 68,6 милиони евра од истата банка, како и 5,7 милион евра грант од инвестициската рамка на Западен Балкан за поддршка на подготовката и реализацијата на проектот за делот од Бељаковце до Крива Паланка. Или, вкупно, државава имаше на располагање 345,7 милиони евра да го заврши делот на пругата од Куманово до Крива Паланка. Дополнително ќе бидат потребни уште најмалку 140 милиони евра.

Плативме дури и казна поради договорен, а неповлечен заем од ЕБОР

За изградбата на источниот дел на железничкиот коридор, Македонија зеде неколку кредити од Европската банка за обнова и развој, а потписи на договорите ставија повеќе министри.

Зоран Ставревски, во 2012 година, кога официјално го најави големото железничко поврзување со Бугарија, рече дека ја затворил финансиската конструкција за рехабилитација на источниот дел од железничката пруга на коридорот 8 кон Бугарија. Тој потпиша кредит во износ од 46,4 милиони евра. Рокот на изградба на овој дел од пругата беше 2016 година.

На крајот на 2014 година, истиот министер најави дека за 8 до 9 месеци ќе почне вториот дел од пругата од Бељаковце – Крива Паланка во должина од 34 километри, за што потпиша договор за кредит од 145 милиони евра.

И Драган Тевдовски во 2018 година потпиша договор со ЕБОР за грант од 68,6 милиони евра, со кој се дополнија постојните заеми од ЕБРД за фаза 1 и фаза 2 од Проектот за рехабилитација и доизградба на железничката пруга од овој коридор. Со овој грант, беше соопштено, се кофинансира фаза 2, делницата помеѓу Бељаковце и Крива Паланка. За втората делница е обезбеден и грант во износ од 5,7 милион евра од инвестициската рамка на Западен Балкан за поддршка на подготовката и реализацијата на проектот.

Лани на ЕБОР ѝ беа платени 6,5 милиони евра казна во камати и трошоци за нереализирани средства поради договорен, а неповлечен заем за изградба на пругата Бељаковце – Крива Паланка.

Не мрднаа ни Груевски ни Заев

Пругата кон Бугарија почна да се гради во 1993 година. Активностите беа прекинати по неколку години. Процените се дека тогаш во ветер отишле околу 100 милиони евра.

Потоа владата на Никола Груевски ги продолжи активностите во 2014 година кога вети воз до Бељаковце до 2016 година, но ова и денес изгледа нереално.

Битката со тие 30 километри пруга ја продолжи и Владата предводена од Зоран Заев. Во март 2019 година Заев на Твитер напиша дека завршени се 70 отсто од работите на пругата до Бељаковце. Помпезно се најави и завршување на целата активност на 31 декември 2019 година.

Со колку „брзо“ темпо се движат работите покажува и лицитацијата за пуштање на целосната пруга и нејзиното одложување де во 2023, де во 2025, па се до 2027 година.

Во изминатите години македонски бугарски и албански премиери и министри како и директорите на железничките компании неколку пати најавуваат дека коридорот ќе се гради, а возот од Скопје ќе стигне во Софија.

Во 2014 година министрите за транспорт на земјава на Албанија и на Бугарија Миле Јанакиевски Едмонд Хаџинасто и Николина Ангелкова, соопштија дека ќе бараат пари од Европската комисија за доизградување на трансевропскиот коридор 8.

– Очекуваме дека железничката врска меѓу Скопје и Софија да биде готова до 2022 година. Првата етапа од железничката линија од Куманово до Бељаковце веќе се гради, а вториот дел до Крива Паланка треба да почне догодина. Третата фаза, до Ѓуешево до 2017 година – тогаш изјави Јанакиевски.

Директорот на Македонски железници – Инфраструктура Ирфан Асани и неговиот бугарски колега Милчо Ламбрев во 2016 година рекоа дека железничкото поврзување меѓу Македонија и Бугарија ќе се заврши најдоцна до 2020 година.

Последно ветување – возот ќе забревта во 2027 година?

Последни во редицата се директорите на „Македонски железници“, на бугарската „Железничка инфраструктура“ и на „Албански железници“, Хари Локвенец, Красимир Папукчиски и Ани Дирмиши кои рекоа дека со воз ќе се патува во 2027 година, а од Јадранско до Црно Море во 2030 година. Тие потпишаа трипартитен договор.

И овде не се зборува само за изгубени пари во инвестиции кои потоа пропаднале поради негрижа, туку и загубени пари поради неизградената железница и за плаќање на поскап транспорт.

https://plusinfo.mk/mnogu-frleni-pari-i-kup-presecheni-lenti-a-pruga-nema-nov-pochetok-na-izgradbata-na-zheleznichkata-lini-a-kon-bugari-a/?fbclid=IwAR20E5gTVZwPYouaHTD6XzSze--fCx6uSZMfZGMDCCWKBm5OPsO2dpQQaPw
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1029 Posted: 29-Oct-2022 at 12:21
За сè има вторпат
Back to Top
Phalanx View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 06-Nov-2010
Location: Munich
Online Status: Offline
Posts: 66
  Quote Phalanx Quote  Post ReplyReply #1030 Posted: 29-Oct-2022 at 12:41
Imam nadez deka koneco ke bide dobro oti ovoj pat Strabag gradi. Se glede kvalitetot od patot Stip-Radovis.

Ama dali nasive ke imat dovolno mozok za da go povrzat Ohrid i Ohridskiot Aerodrom so novata pruga so ke vodi kon Albanija?

Kako vtor stepen bi mozelo da se povrze Ohrid so Bitola i Koridor 10. Ama ova mos vnucite na mojte vnuci ke go doziveat.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1031 Posted: 30-Oct-2022 at 16:46
За сè има вторпат
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2026
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1032 Posted: 30-Oct-2022 at 19:13
Добро, не ли им е срам на сите присутни на "манифестација" уопште да присуствуваат, и од МК и од БГ страна. По стоти пат, а сите знаат дека пак нема да биде завршена.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1033 Posted: 12-Feb-2023 at 18:23
montaza nadpatnici na zeleznica MK BG







https://www.facebook.com/profile.php?id=100063577914107
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1034 Posted: 07-Apr-2023 at 17:45
Пругата кон Бугарија ќе биде готова до крајот на 2027 година, за најтешката делница обезбедени повеќе од половина од парите

За третата делница од пругата кон Бугарија, која е од Крива Паланка до граница, добивме 155 милиони евра од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан, што е надополнување на претходните 61 милион грант од програмата ИПА 2, или вкупно 216 милиони евра за проект со проценета вредност од 405 милиони евра, што значи дека добивме грантови над 50 проценти, вели

Со децении се зборуваше за пругата кон Бугарија, но директорот на ЈП „Железници на С. Македонија – Инфраструктура“ Хари Локвенец е убеден дека возот ќе тргне на крајот од 2027 година, а за тоа како што вели во интервјуто за „Утрински печат“ има цврсти аргументи. Според Локвенец, нашиот дел од пругата кон Грција е завршен, а и грчката страна има голема волја за да го овозможи железничкото поврзување меѓу Битола и Солун, само што по железничката несреќа во Грција ова прашање за момент е тргнато од фокус. Во приоритетите на македонската влада е и поврзување со албанската пруга за што има проект.

– Во моментот активни се проекти за 152 километри нови пруги – дел од нив се во подготовка, а дел се во суштинска реализација. На постојни 700 километри ќе се градат дополнителни 20 проценти пруга. Имено, по завршените 18 километри на пругата од Битола до Кременица спрема Грција, во овој момент зборуваме за 89 километри на Источното крило на Коридор 8 кон Република Бугарија од Куманово преку Бељаковце до Крива Паланка и потоа до самата граница и за 63 километри од Кичево преку Струга до Република Албанија – вели Локвенец.

Тој вели дека за новите пруги имаме голема помош од Европската Унија и дека таа како процент во однос на вкупниот износ на проектите е дури и поголема од помошта дадена на Србија за новата пруга.

– Кога зборувам за европска помош, ние сме единствена држава што од претпристапни фондови имаме добиено 50 отсто од парите за финансирање проекти. Република Србија за градба на нова пруга доби 600 милиони евра помош од Европската Унија и како апсолутна бројка, тоа е огромна сума. Но, нашите соседи ја добија таа поддршка за проект вреден 2,2 милијарди евра, или тоа се околу 27 отсто грант средства. Ние за третата делница од пругата кон Бугарија, која е од Крива Паланка до граница, добивме 155 милиони евра од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан, што е надополнување на претходните 61 милион грант од програмата ИПА 2, или вкупно 216 милиони евра за проект со проценета вредност од 405 милиони евра, што значи дека добивме грантови над 50 проценти – објасни директорот.

За преостанатите пари потребни за финансирање на пругата кон Бугарија, интерес има од Европска инвестициска банка и од Европската банка за обнова и развој, заеднички преку кредитирање да се поддржи овој проект.

На првите две делници од пругата кон Бугарија работат конзорциумот „Штрабак“ и компанијата „Ѓулермак“ од Турција и тие, според извештаите од надзорот, имаат завиден прогрес и се очекува да ги испочитуваат роковите.

– За третата фаза која е најтешка за реализација и која во 24 километри има 24 тунели и 51 мост се планира изведбата од 4 години. Реално е во мај да се објави тендерската постапка и до крајот на годината да се избере изведувач. Сите овие аргументи ми влеваат оптимизам да кажам дека на крајот од 2027 година, конечно ќе се заврши пругата кон Бугарија. И нашите бугарски колеги проектираат до крајот на 2027 година да го завршат нивниот дел и така да имаме функционална пруга кон Бугарија – вели Локвенец.

Пругата кон Албанија – државен приоритет
Локвенец вели дека проектот Западно крило е државен приоритет за да се поврзат македонските со албанските железници, пред се поради огромниот потенцијал на пристаништето во Драч, што значи поврзување и со пристаништата и во Италија.

– Најквалитетна, најевтина и најзелена логистика во транспортот на стока е железницата. Мораме да го фатиме овој момент и од економски и од финансиски причини. Но, многу е важно и преку железницата да ја вратиме геостратегиската важност на нашиот главен град Скопје како крстосница на исклучително важните Коридор 8 и Коридор 10. Проектот е готов, но не сакаме да го повториме недостатоците. Трошењето време и енергија во подготвителен период се покажа исклучително важно за реализација на проектот – изјави Локвенец.

https://www.slobodenpecat.mk/prugata-kon-bugarija-kje-bide-gotova-do-krajot-na-2027-godina-za-najteshkata-delnica-obezbedeni-povekje-od-polovina-od-parite/
Carpe diem
Back to Top
Bube View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 06-May-2014
Online Status: Offline
Posts: 24
  Quote Bube Quote  Post ReplyReply #1035 Posted: 24-Dec-2023 at 10:10
Vcera bev vo obikolka na Koridorot 8 vo delot kaj Kumanovo. Shini so pragovi se postaveni, po niv se dvizea tovarni vozovi so so pragovi i bageri. Kvalitetot izgleda nezadovolitelen, mislam deka brzinata e ogranicena na 40km/h. Mnogu neramnini bez nagib na krivini. Dali toa moze da se isoravi i nivelira podocna neznam.
Back to Top
Bube View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 06-May-2014
Online Status: Offline
Posts: 24
  Quote Bube Quote  Post ReplyReply #1036 Posted: 06-Jul-2024 at 13:08
Неодамна бев пак во обиколка на првата делница до Бељаковце. Бев позитивно изненаден. Тоа што е изградено го оценувам со 8 од макс. 10. Се движат товарни возови до Бељаковце, по моја процена и без проблеми 80-100км/ч. На некои места пругата без проблем гарантира брзини и до 160 км/ч.Останува само да се дозавршат постојките и нивелација на мали парчиња под надвозници. Втората делница не е ни почната, така да нема да биде чудно да чекаме нови 30год. Ако имам време ќе постирам и слики.

Енигма ми е како успеале накнадно да ја нивелираат пругата.

Edited by Bube - 06-Jul-2024 at 13:11
Back to Top
katani View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Jan-2013
Location: Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 125
  Quote katani Quote  Post ReplyReply #1037 Posted: 23-Jul-2024 at 07:42
Мицкоски: ЖП линията към България от Коридор 8 завършва в задънена улица, в полутунел

За съжаление, изглежда, отново се отдалечаваме от завършването на този проект. Да видим какво ще каже Европа по въпроса.

Edited by katani - 23-Jul-2024 at 07:44
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 562
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #1038 Posted: 23-Jul-2024 at 18:13

Владата ќе бара дел од парите за изградба на пругата кон Бугарија да се пренаменат за брза пруга на Коридорот 10


Владата ќе бара од ЕБОР и ЕИБ дел од средствата за изградба на пругата кон Бугарија, да се пренаменат за изградба на брза пруга на Коридорот 10 кон Грција и рехабилитација на постојната пруга на овој коридор, проект кој чини 250 милиони евра. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски изјави дека проектот за железничко поврзување со источниот сосед има неколку маани меѓу спора динамика на изградба на втората фаза, во третата треба да се срушат 20 куќи во Крива Паланка, по неа поради планинскиот предел ќе се вози многу споро со 60 км на час и завршува во тунел кој не води никаде. Тој рече дека треба да се седне со Бугарија и сериозно да се разговара дали и кога тие ќе изградат пруга до границата од нивна страна бидејќи досега немале одговор, а за 24 километри предвидено е да се направат 22 тунели со проценета вкупна вредност од 560 милиони евра. 

- Кредити коишто иднините генерации треба да ги враќаат со камата, што значи ова ќе е најскапата пруга во Европа. Еден километар ќе чини некаде околу 24 милиони евра. Само за споредба, брза пруга која што оди со 200 километри на час чини помеѓу 10 и 12 милиони евра километар. Обична пруга е многу поевтина. И сега се поставува логичното прашање – дали вреди да се потрошат 560 милиони евра народни пари во сиромашна Македонија каде што ние за 14 милиони евра сме благодарни за донација за пруга која што треба да уништи дел од градот Крива Паланка, да вози со 60 километри на час, да има теоретски 22 тунели и да завршува во тунел којшто не води никаде, односно во превод таа пруга никогаш нема да се заврши само што ќе ги фрлиме парите и ќе имаме ситуација каде што за 10 години уште ќе зборуваме дека пругата не е завршена, рече Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски.

Во меѓувреме надлежните најавија дека ќе се забрза поврзувањето со Бугарија со експресниот пат Страцин – Крива Паланка кој треба да биде завршен до Нова година со што од Скопје до Софија ќе се стигнува за 2,5 часа. Министерот Николоски посочи дека на овој проект претходната Влада не посветила доволно внимание, имало проблеми и се работело со слаба динамика. Дел од парите се заем од Светска банка кои треба да се врата, а 14 милиони евра се грант.

- Овој пат е  во должина од 25 километри, поделен на два лота: Страцин – Длобочица, во должина од 15 километри и Длобочица - Крива Паланка, во должина од 10 километри.  Вредноста на целата инвестиција е 93,7 милиони евра, со тоа што на првиот лот е 43 милиони евра, а на вториот е околу 50 милиони евра. На терен сме постојано и како ЈПДП и како Министерство за транспорт и врски, а голема е помошта од локалната самоуправа, од градоначалникот на Ранковце и месното население, изјави Коце Трајановски, директор на ЈПДП.

За експресниот пат реагираа од СДСМ:

- Смешна е промоцијата на Александар Николоски на патот Крива Паланка - Ранковце за кој најавува дека ќе бил готов до Нова година. Овој пат е одамна 90% готов и единствена причина зошто не е завршен е блокадата на ВМРО-ДПМНЕ. Николоски и другарите решија за свои политички потреби до пред неколку месеци да го блокираат грантот во Собрание со кој требаше да се заврши делницата. Целта е јасна, да не се заврши делница, а граѓаните да треба да чекаат за ВМРО-ДПМНЕ да може да тера кампања, стои во соопштението од СДСМ. 



Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1039 Posted: 03-Sep-2024 at 22:45
За сè има вторпат
Back to Top
FiLo View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 142
  Quote FiLo Quote  Post ReplyReply #1040 Posted: 04-Sep-2024 at 00:10
Зарем уште има некој што верува дека оваа пруга ќе биде некогаш направена ?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 50515253>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.