![]() |
![]() |
![]() |
Цени на станови |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 8> |
Author | |||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
РЕКОРДНА ЦЕНА ЗА СТАН ВО СПЛИТ БЕЗ БАЛКОН-ЦЕНАТА ЗА МЕТАР КВАДРАТЕН 6.237 ЕВРА: Огласот ги распамети сплитќани
За стан без балкон бара дури 6.237 евра за метар квадратен, дали е ова можеби рекорд за „обичен“ стан во Сплит кој нема ни балкон? Имено, сопственикот на стан од 82 квадрати бара дури 6.237 евра за метар квадратен, пишува Слободна Далмација. Огласот гласи вака: - Се продава трособен стан во Бачвице. Станот е на втор кат од зграда која има три ката, со поглед на југ 70 отсто, север 30 отсто, со ограден двор и голем приватен паркинг. Портата е на далечинско управување. Целосно е прилагоден и изработен по нарачка. Гранит на подот, егзотиче паркет, врвна внатрешна и надворешна столарија… Сончев и простран стан, високи тавани, бетонска меѓукатна конструкција, со делумен поглед на пристаништето од јужните прозорци. Од плажата Бачвице е на три минути пешачење... Станот нема балкон. Се продава комплетно наместен. Станот има и 4 квадратни метри простор за дрва и дел од поткровје. Вкупната површина е 92 квадрати, но во имотен лист 80 квадрати. Се продава од сопственикот. Цена 499.000 евра Но, и според агентите за продажбна на недвижнини, цената е превисока. -Таа цена е превисока, состојбата на пазарот е нормална и цените ќе паднат. Мислам дека сопствениците на овој стан го испробаа методот - ако помине, помине, пишува Слободна Далмација. https://faktor.mk/rekordna-cena-za-stan-vo-split-bez-balkon-cenata-za-metar-kvadraten-6237-evra-oglasot-gi-raspameti-splitkjani |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
Carpe diem
|
|||
![]() |
|||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
||
Kakva e situacijata vo Novi Sad
Све већа потражња диже цену некретнина у Новом Саду, квадрат премашио 3.000 евра Link |
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
НЕМА ТАКВА ЦЕНА ЗА СТАН ШТО МАКЕДОНЕЦОТ НЕ МОЖЕ ДА ЈА ПЛАТИ - нов драматичен податок на НБМ: Во вториот квартал поскапување за дури 16,5 отсто
![]() Народна банка го објави она што сите го знаеме и го гледаме во реалноста, но не ни беа познати точните бројки. А тоа е дека во вториот квартал на годинава цените на становите доживеале драматичен и досега невиден раст, односно на годишно ниво поскапеле за дури 16,5 отсто. Ова следува откако енормно висока беше стапката на пораст и во првите три месеци од годинава и изнесуваше 12,4 отсто на годишно ниво, што тогаш кога беше објавен податокот, пак, ни изгледаше премногу страшно. Инаку, цените на становите почнаа да растат од далеку претходно, уште од стартот на 2021 година, но факт е дека најдраматичниот пораст се случува во првиот и сега во вториот квартал од годинава. Не е тајна дека една од главните причини што се зголеми цената на становите во земјава, покрај растот на цените на материјалите и на сите инпути, беше и идејата на граѓанството дека треба да се инвестира во недвижнини, поради што се случија и значајни повлекувања на штедни влогови од банките, кои потоа се инвестираа во купување на станови. Тоа беше подраматично изразено во мај и претходните месеци, но како што веќе пишуваше Фактор, во јуни граѓанските депозити почнаа повторно да се враќаат во банките. Односно, тие пак тргнаа по нагорна линија, иако нивното јунско зголемување е скромно и изнесува 7,3 милиони евра. Инаку, и цените на становите во ЕУ и во еврозоната многу пораснаа, а во Хрватска нивниот раст е над европскиот просек, се вели во извештајот на европскиот статистички институт Еуростат, пренесоа неодамна хрватските медиуми. На годишна основа, цените на недвижностите во ЕУ се зголемија за 10,5 отсто во првите три месеци од оваа година, што е највисоко од крајот на 2006 година. Во еврозоната цените скокнаа за 9,8 отсто во првиот квартал, што е највисоко откако Еуростат почна да објавува податоци во 2005 година. Сите земји од ЕУ чии податоци беа достапни на Евростат забележаа годишен раст на цените во првиот квартал, а во 17 од нив стапката на раст беше двоцифрена. Цената на станбените недвижности во Чешка порасна за 24,7 отсто. Следат Естонија со 21 отсто и Унгарија со 20,6 отсто. Во Хрватска цените на станбените недвижности во првиот квартал од годинава се повисоки за 13,5 отсто во однос на истиот период лани. Кипар имаше најскромен раст на цените, 1,1 отсто. Инаку, во една анализа што ја објави Фактор во последните денови на јуни, се запрашавме дали има изгледи да запре вртоглавиот раст на цените на становите во земјава, па дури и тие да се намалат, откако незапирливо растат подолго време, речиси две години наназад, но особено во последниов период. Во светски рамки тогаш дојде до пад на цената на суровото железо, материјал кој се користи во голем процент во градежната индустрија, па затоа и се очекуваше дека може да го запре вртоглавиот раст на цената на становите, проследено и со евентуален очекуван пад на побарувачката. Тогаш пишувавме, што се поклопува со крајот на вториот квартал, дека засега нема никакво намалување ниту на цената, ниту на побарувачката за станови, иако голем процент од становите се сметаат како празни. Од агенциите за недвижности со кои тогаш комуницираше Фактор, изјавија дека побарувачката за станови во земјава и особено во главниот град засега нема никакви знаци на стивнување, ниту, пак, има било какви изгледи за намалување на цената на становите. Сепак, дел од сопствениците на агенциите коментираа дека цените веќе го достигнале својот плафон и дека ќе стагнираат, но нема никакви изгледи да се намалат. „Се уште владее голема побарувавачка за станови во земјава, особено за Скопје и особено за помалите станови. Цената на становите нема никакви знаци на намалување. На атрактивните локации цените се движат од 1.400 до 1.800 евра за метар квадратен, додека на локации за Ѓорче Петров или Ново Лисиче на пример, цените се од 800 па и до 1.200 евра“, ијавија вработени во една од агенциите за недвижности. Оттаму се согласуваат дека цените на становите во земјава ги поминаа сите логични граници, но, како што нагласуваат, нема интенции ниту дека ќе се намалат. „Намалување нема да има, тоа сме сигурни. Но, очекуваме стагнација, бидејќи факт е дека цените го достигнаа својот плафон и веќе не е логично да продолжат да одат нагоре“, изјави еден од нашите соговорници. Според пописот на ДЗС, од вкупно 839.174 станови, 531.987 или 63,4 отсто се населени, а 307.187 или 36,6 отсто се ненаселени. https://faktor.mk/nema-takva-cena-za-stan-shto-makedonecot-ne-moze-da-ja-plati---nov-dramatichen-podatok-na-nbm-vo-vtoriot-kvartal-poskapuvanje-za-duri-165-otsto |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
Цена на станови во Скопје:
Центар 1500 до 2100 евра Карпош 1350 – 1600 евра Аеродром 1300 – 1500 евра Ѓорче Петров 950 – 1100 евра Чаир 950 – 1100 евра https://mk.tv21.tv/pobaruvachkata-se-zgolemuva-ponuda-nema-za-16-5-poskapele-stanovite-vo-vtoriot-kvartal/ |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
За стан во Скопје треба да се работи 10 до 17 години, во Дојран осум, во Крива Паланка шест…
Само еден метар квадратен станбена површина на периферијата на главниот град чини две просечни плати, а над три плати треба да се одвојат за еден квадрат на најатрактивните локации. Во градовите од внатрешноста, пак, квадратот е со цена малку над износот на една просечна плата. За да се купи стан во Скопје потребни се од 117 до 211 просечни плати, или вкупната заработувачка на едно лице од приближно 10 до 17,5 години. Податоците се врз основа на движењето на цена на квадрат од 1.000 до 1.800 евра зависно од локацијата и општината во Скопје и просечната исплатена нето плата во државава во јуни годинава во износ од 31.869 денари (518 евра). Во градовите од внатрешноста македонските граѓани може да дојдат до ново живеалиште и со вкупната заработувачка од седум години. Анализата што ја направи МИА, според податоците од тековните огласени цени за становите на продажба преку агенциите за недвижности по случаен избор, покажува дека стан од 60 квадрати на најатрактивните локации во Скопје кој се продава по цена од 1.800 евра чини 108.000 или 208 просечни плати, што е над 17 години работа, доколку се плати во готово. За стан во Центар од 60 квадрати, со цена од 1.600 евра по метар квадратен, се потребни 96.000 евра, односно 185,3 просечни плати или примања во рок од 15 години. За стан со истата квадратура во населбата Капиштец по цена од 1200 евра, треба да се одвојат 72.000 евра, односно приближно 140 просечни плати или да се работи над 11 години. За стан од 60 квадрати во градба во Општина Кисела Вода, огласен со цена од 1400 евра за метар квадратен треба да се платат 84.000 евра, односно 162 плати или 13,5 години работа. Доколку некој се одлучи за стан со таа површина, но по цена од околу 1000 евра по квадрат што во огласите може да се најде во само во периферните населби, ќе треба да одвои 117 плати, односно да ги штеди сите примања речиси 10 години. За да се купи луксузен стан во Охрид од 63 квадрати, за кој цената е 1450 евра, се потребни 91.350 евра, што се 179 просечни плати или речиси 15 години. Во Охрид, меѓу огласените станови за продажба има и по цена од 1.080 евра, па за стан од 56 квадрати се потребни 60.480 евра или 118 просечни нето плати, или приближно десет години. Во Штип за огласен стан од 52 квадрати за вкупно 52.000 евра се потребни 100 просечни плати, односно 8,3 години. За да се купи стан во Дојран, пак, каде дел од огласените се по цени и од 900 евра за метар квадратен, за 60 квадрати се потребни 54.000 евра односно 104 просечни плати или 8,6 години работа. За во Кочани, пак, за стан во градба од 60 метри квадратни, по цена од 730 евра, или вкупно 43.800 евра, треба да се работи седум години, односно да се одвојат 84 плати. Една година помалку, односно вкупно шест години треба да се работи за стан со таа квадратура во Крива Паланка, каде има огласени станови по цена и од 625 евра за метар квадратен. Чесите до нова недвижност за 13,3 години, Белгијците за 4,5 години Последното истражување на Deloitte Property Index 2022 година, во кое се опфатени 23 држави, според пресметките од односот на бруто годишната заработувачка и цената, покажуваат дека за да купат недвижности најдолго треба да работат Чесите, 13,3 години. Тоа е речиси четири пати повеќе во однос на Ирците на кои им се доволни малку повеќе од три години. На жителите на Словачка им се потребни 12,76 годишни плати, на тие во Србија 11,5 години. Во Норвешка може да се купи нова недвижност со просечната заработувачка во тек на 4,4 години, а во Белгија 4,5 години. Истражувањето покажува дека најевтини се новоградбите во Босна и Херцеговина со просечна цена од 974 евра за метар квадратен, во Романија квадратот во просек чини 1.266 евра, во Хрватска 1.823, а во Словенија 3.356 евра. Најскапиот квадрат станбена површина од земјите вклучени во истражувањето е во Велика Британија, каде цената изнесува 4.905 евра, пред Австрија со 4.782 евра и Франција со 4.639 евра. Германија и Холандија се приклучија на листата на најскапи земји во 2021 година, со цени од 4.600 и 3.949 евра за метар квадратен. Раст на цените на недвижностите и во вториот квартал Цената на недвижностите во државава продолжи да се зголемува и во вториот квартал годинава кога забележа раст од 16,5 отсто на годишно и од 6,8 отсто на квартално ниво. Во првиот квартал годинава, растот на цените на недвижностите изнесуваше 12,4 проценти на годишно ниво, а квартално 2,9 проценти. Пресметките на консултантската компанија за недвижности Фортон МКА, објавени на крајот на јуни годинава, покажуваат дека просечната цена на метар квадратен станбен простор во Скопје во изминатите три години се зголемила за 20 отсто. https://nezavisen.mk/kolku-godini-treba-da-se-raboti-za-da-se-dojde-do-stan/ |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
инаку во моментов во Скопје не можеш ни еден ќор стан да најдеш од старите згради, чекаат сите да се надуваат цените повеќе или пак навистина се исполнети можда од разочараност на квалитет и цдени од новите станови?
новите станови и тие во изградба се веќе раздадени уште во најава, со тоа што дел се дадени на земјопоседници, дел на мито, дел изнакупени од оној што може да си дозволи за после да се заработува од кирии и препродажби... остануваат само најнепосакуваните станови со голема квадратура, лоша ориентација или флорплан цените на станови уствари се последниот проблем и јаготката на шлагот, се работи за еден многу хаотичен и воопшто нерегулиран пазар каде што не може да дојде до израз цена/побарувачка... мора некогаш да се стави ред на тоа |
|||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||
![]() |
|||
champion ![]() Newbiе ![]() Joined: 11-Apr-2021 Online Status: Offline Posts: 6 |
![]() ![]() |
||
Мислам дека треба да се развие дискусија околу идните цени на недвижностите. Сите глобални параметри покажуваат дека ни претстои надолен тренд кој во одредени држави може да достигне и до 40%. Локално, градежниците изјавуваат дека цените на материјалите не се толку волатилни како минатата година, каматните стапки на кредитите почнаа да растат, побарувачката некако е стишена.... Дали може да очекуваме крах на пазарот со недвижности? Дали сите оние кои инвестираа во станови да се заштитат од инфлација всушност ќе изгубат најмногу?
|
|||
![]() |
|||
builder-ot ![]() Senior Member ![]() Joined: 21-Feb-2022 Online Status: Offline Posts: 112 |
![]() ![]() |
||
Aко мислиш на Америка, нивниот пазар на недвижности е посебен, и многу различен од Европа, а да не збориме па од Македонија.
Кај нив има REITs, REIT ETFs, итн. што се инвестициски фондови и многу често се тргува со делови/акции од недвижностите исто како со компании на берзата. Сепак дури и таму е неизвесно дека може да се случи надолен пад, како во 2008, можеби тоа беше once in a lifetime. Во Македонија друже недвижности купуваат партиски војници ухлебени у државно, сопственици на мали и средни фирми, и многу поединци од провинција како втор дом (во Скопје). Во Македонија цените никогаш не оделе надоле колку што знам, во најлош случај може да останат исти. |
|||
< 2nd world >
|
|||
![]() |
|||
champion ![]() Newbiе ![]() Joined: 11-Apr-2021 Online Status: Offline Posts: 6 |
![]() ![]() |
||
Напишаното се однесува на Македонија, а сите параметри се реални.
И покрај тоа што можеби кај нас случувањата доаѓаат со одреден тиме лаг, сепак не сме имуни на глобални трендови. Сите тие што ги набројуваш, како потенцијална потрошувачка маса, верувам дека во голем дел имаат кредити. Со инфлацијата и зголемените трошоци економската логика е дека луѓето ќе пробаат да ликвидираат се што може со цел да не се дозадолжуваат. Исто така, сите оние што имаат станбени кредити со варијалбилна каматна стапка веќе го осетија зголемувањето на каматите, а ако продолжи тој тренд ќе се зголеми бројот на нефункционални кредити... |
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
Метар квадратен во центарот на Охрид достигнува и до 1800 евра, а на крабрежјето и до 3000 евра
Цените за метар квадратен во Охрид достигнуваат вртоглави суми. Изгор цени достигнаа и деловните простории во чаршијата. Купувачите плаќаат и до 1800 евра за ново изграден стан во централното градско подрачје. За локации на крајбрежјето пак цените се искачија и до 3000 евра. Од агенциите за недвижности велат и покрај растот на цените побарувачката е голема. Се повеќе граѓаните заштедата ја вложуваат во недвижности, тоа во моментов на галопирачка инфлација сметаат дека е најбезбеден потег. Висината на цените на становите не зависат само од локацијата туку и од цената на градежните материјали, глобалната криза и од актуелни домашни фактори. На пазарот на недвижности послаб е интерeсот за купување куќи иако има голема понуда. Годишно, едвај се продаваат пет- шест куќи. Цената на плацевите за изградба на куќи достигнува висина од 700 до 1000 евра за метар квадратен. Во периферија за земјиште цената достигнува висина од 70 до 200 евра. https://24.mk/details/metar-kvadraten-vo-centarot-na-okhrid-dostignuva-i-do-1800-evra-a-na-krabrezhjeto-i-do-3000-evra |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
|||
falseaction ![]() Newbiе ![]() Joined: 22-Oct-2022 Online Status: Offline Posts: 5 |
![]() ![]() |
||
Здраво, имам стан во Аеродром од 110 квадрати во нова зграда екстра лукс наместен, односно дизајниран од страна на Дизајн Фантазија (Само седмоседот кошта 7000€). Станот поседува подземно гаражно место, паркинг место и подрум. Ме занима за колко можам да го продадам по €/м2
|
|||
![]() |
|||
Marxentric ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Apr-2020 Location: Paionia Online Status: Offline Posts: 334 |
![]() ![]() |
||
Едно 400 бона треба да му земеш, со каучот 407
![]() |
|||
![]() |
|||
falseaction ![]() Newbiе ![]() Joined: 22-Oct-2022 Online Status: Offline Posts: 5 |
![]() ![]() |
||
Хахахахах озбилно прашувам. |
|||
![]() |
|||
Tooold ![]() Groupie ![]() Joined: 22-May-2020 Online Status: Offline Posts: 84 |
![]() ![]() |
||
Последнава година цените отидоа до небеса 1400 на не толку атрактивни локации пример кај Ремедика, К. Вода 1500-1700 Аеродром, стар Аеродром, Карпош 2000 Центар Ова веќе е лудило, дали некогаш ќе спласнат цениве од досегашно искуство-тешко. Никогаш не паднале цени Edited by Tooold - 07-Nov-2022 at 21:38 |
|||
![]() |
|||
Leo ![]() Groupie ![]() Joined: 02-Mar-2022 Online Status: Offline Posts: 99 |
![]() ![]() |
||
Големите станови губат по основ на цена за 1м2 бидејќи се со многу помалку потенцијални купувачи и можно е да го продаваш со години... 120К евра ако сакаш одма да фо продадеш 150К евра ако не ти се брза и можеш да го продаваш 2-3 години Реално би одел некои 135К до 140К евра |
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
Една третина од новите станови се непродадени, но важно се гради
Изградбата на станови се покажа отпорна на неповолното влијание на пандемијата. Според Пописот една третина од становите се празни, но спротивно на логиката расте бројот на одобренијата за градба и цените. Општините ова го гледаат како најлесен начин за прибирање на средства во буџетот. Квадратен метар го чини инвеститорот до 1 250 евра, а се продава по 2 200. Профитот во градежништвото е пред јавното добро и хуманото живеење. И светот да запре, мешалката за бетон никогаш нема да престане да врти. Гледано низ призмата на инвеститорите секој слободен простор, особено во главниот град, е маркичка за градење во најава. И додека се бројат изградените станови, населени или празни – првата лопата веќе „се фрла“ во темелите на иден објект кој ќе значи нови квадратни метри станбен простор. Статистиката покажува дека иако на пазарот има голем број непродадени станови, расте бројот на одобренијата за градба, а растат и цените – нешто што е спротивно на основното економско правило дека пазарот ги одредува цените преку понудата и побарувачката. ![]() ![]() ![]() Колку чини еден стан? Никола Велковски од Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија за „Само прашај“ сумира дека ако се соберат сите трошоци на инвеститорот, еден метар квадратен во поцентралното градско подрачје би чинел најмногу од 1 200 до 1 250 евра. Тука влегуваат цената на земјиштето со цена од 350 до 550 евра по метар квадратен (во зависност од локацијата), комуналиите во Скопје, кои во зависност од реонот на градба се од 80 до 120 евра по метар квадратен, евентуално отстранување на постојна градба на парцелата и градбата на објектот по систем „клуч на рака“ (според стандардот на вградените материјали), од 450 до 550 евра по метар квадратен. Во агенциите за недвижности цените на становите се движат од 1 800, 2 000 до 2 200 евра за метар квадратен во центарот и во прстенот околу центарот на Скопје. Како што се оди подалеку, така и цените паѓаат и во општини подалеку од центарот е околу 1 100 евра за квадратен метар. Според агентот за недвижнини Диме Јованов причината за ваквата нелогичност е што статистиките на институциите не ја отсликуваат реалноста во целост. Односно, на хартија стои дека станови зјаат празни, а реално не може да се задоволи побарувачката. Особено по двегодишниот застој поради пандемијата. ![]() https://samoprasaj.mk/naacik/edna-tretina-od-novite-stanovi-se-neprodadeni-no-vazno-se-gradi/ |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
|||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
||
Слично се случува и во Србија, Белград и Нови Сад како да се Њујорк
Da li je tržište nekretnina u Novom Sadu eksplodiralo |
|||
![]() |
|||
falseaction ![]() Newbiе ![]() Joined: 22-Oct-2022 Online Status: Offline Posts: 5 |
![]() ![]() |
||
Абе какви 120k € , па толко е скоро платен во 2017. Испод 220k € не би го дал. Во Аеордром празни станови во стари згради идат по 1400€/м2 а новоизградените празни и до 2000€/м2. |
|||
![]() |
|||
Leo ![]() Groupie ![]() Joined: 02-Mar-2022 Online Status: Offline Posts: 99 |
![]() ![]() |
||
Повеќе од 150К евра (моментално) не можеш да го продадеш, во блиска иднина или малку помалку или малку повеќе од гореспоменатите 150К евра |
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 8> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |