Бизнис Центар Сколимекс |
Post Reply | Page 12> |
Author | |
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply
#1 Topic: Бизнис Центар Сколимекс Posted: 15-Jun-2021 at 13:26 |
Тука почнале со изградба на зграда??
https://www.facebook.com/zdravjepredprofit/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #2 Posted: 22-Jun-2021 at 11:07 |
Ќе никне ли нова зграда во близина на градскиот плоштад? - Се испитува почвата, ќе се сечат дрвја!
На потегот од пошта, карши поранешната зграда на Телеком, кон плоштад „Македонија" ограден е еден дел каде што според жителите во околните згради ќе никне нов објект. Ќе изникне ли нова зграда во центарот на градот? Дали ќе се уништи уште еден дел зеленило од градот, со цел да се изгради нова згдара? Жителите од околните згради велат дека од разговор со мајсторите кои деновиве работата таму за испитување на почвата, дознале дека ќе се гради нова зграда. Која е цената за да се уништи зеленилото на сметка на станбено чудовиште?! https://skopjeinfo.mk/kje-nikne-li-nova-zgrada-vo-blizina-na-gradskiot-ploshtad-se-ispituva-pochvata-kje-se-sechat-drvja |
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2026 |
Quote Reply #3 Posted: 22-Jun-2021 at 17:03 |
Од секогаш урбанистичкото планирање ни било јака страна како општество. ИБИС е оставен со калкален ѕид за во иднина да дојде некоја лепенка, а сега во ДУП стои споменик и парк. Земјиштето има сопственик и нема што некој да се исчудува што сопственикот сака да си го стопанисува земјиштето. И немора да се тресеме на секоја површина заради помодарство еколошко некое. Има каде нетреба, има каде треба да се доофрми и затврои градежна линија.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #4 Posted: 23-Jun-2021 at 09:47 |
Медиумите објавуваат фотографии од испитување на почвата на една од престанатите зелени парцели спроти зградата на Поштата во строгиот центар на Скопје. Според катастарот локацијата е во сопственост на градежна компанија - Сколимекс ДООЕЛ. Во 2018 пишувавме за уште неизградената бетонската џунгла која се крие во урбанистичките планови. Оваа локација тогаш не беше определена за градба, но очигледно џунглата се згуснува:
https://www.facebook.com/prizma.mk |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #5 Posted: 25-Dec-2021 at 11:05 |
ЗГРАДА НА 5 КАТА ЌЕ СЕ ГРАДИ ВО ПАРКОТ КАЈ ХОТЕЛ „ЈАДРАН“, ОПШТИНА ЦЕНТАР ВЕЛИ ДЕКА ДОЗВОЛАТА ЈА ДАЛ БОГДАНОВИЌ, ТОЈ НЕГИРА
Во паркот кај хотел „Јадран“ на само неколку метри од порта Македонија и Плоштадот ќе се гради зграда со приземје, 5 ката и поткровје. Ова е последната зелена површина останата во овој дел од Мал ринг, која сега ќе се бетонизира. Општина Центар на 2 ноември неколку дена пред да замине од функција ексградоначалникот Саша Богдановиќ преку информатичкиот систем е-одобрение за градба издава дозвола за градба на фирмата „Сколимекс“. Во решението испратено до жителите на соседните згради стои доколку во рок од 15 дена не се поднесе жалба дозволата за градба станува правосилна. Од кабинетот на градоначалникот Горан Герасимовски велат дека дозволата е издадена од неговиот претходник Саша Богдановиќ, а градоначалникот од понеделник на прес-конференција ќе ја извести јавноста за сите почнати постапки за добивање градежни дозволи. Ексградоначалникот Саша Богдановиќ вели дека тој не потпишал никаква дозвола односно дека таа се потпишува откако решението ќе стане правосилно, а додека тој бил на функција процесот бил почнат и се одвивал преку електронскиот систем. „Градоначалникот става потпис откако решението ќе стане правосилно, а во овој случај додека јас бев на функција дозволата не беше правосилна. По жалби на граѓани или други неправилности кои можат да бидат утврдени Општината може да не издаде дозвола“, вели Богдановиќ. Зградата во паркот е предвидена со измените на Деталниот урбанистички план „Мал ринг“ во 2012 кога градоначалник беше Владимир Тодоровиќ и кога на секоја слободна парцела во центарот беа нацртани згради и објекти од „Скопје 2014“. Општина Центар во рамките на процесот на мораториум не успеа да го смени овој план, а откако беше поништен од Уставен суд, инвеститорите слободно можат да се бараат дозволи за градба според она што е нацртано во 2012, во времето кога локална и централна власт беше ВМРО-ДПМНЕ. Жителите на улиците Орце Николов, Скопска и Никола Кљусев велат дека имаат неколку дена да соберат потписи и да се жалат за изградбата на зградата која ќе се гради во единствената зелена површина што ја имаат. „Ќе дојде ли некогаш крај на ова силеџиство. Дадена е дозвола за градење зграда во зелено паркче, ќе сечете млади дрва и ќе направите карам каша од животите на граѓаните во околните згради. Ни безбедносни правила, ни зеленило и животна средина, ни соседски права, ништо не ве интересира“, велат жителите од околните згради. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/zgrada-na-5-kata-ke-se-gradi-vo-parkot-kaj-hotel-jadran-opshtina-tsentar-veli-deka-dozvolata-ja-dal-bogdanovik-toj-negira/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #6 Posted: 25-Dec-2021 at 14:42 |
Пред 6 месеци се вршеле испитувања на тлото... ------------------------------------------- Се испитува почвата за ново станбено чудовиште – кому Богдановиќ и Шилегов му поклонија локација во близина на Плоштад Македонија? https://republika.mk/vesti/skopje/se-ispituva-pochvata-za-novo-stanbeno-chudovishte-komu-bogdanovikj-i-shilegov-mu-poklonija-lokacija-vo-blizina-na-ploshtad-makedonija/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #7 Posted: 27-Dec-2021 at 18:11 |
Ниту еден инвеститор нема добиено одобрение за градба
Претходниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ го побива тврдењето на сегашниот, Горан Герасимовски дека тој ја издал дозволата за градење на зграда во паркот кај хотел „Јадран“ во строгиот центар на градот и дека жителите од улиците „Орце Николов“ број 20, „Скопска“, број 15 и „Никола Кљусев“ број 10 кои реагираа на тоа и собираат потписи за петиција објаснување треба да побараат од претходното раководство. – Маркицата е вцртана од претходните раководства, а ние со мораториум ги стопиравме сите постапки за градба. Почнавме со измена на планот, но за жал заради одлуката на Уставниот суд да се запре мораториумот, тој не можеше да се измени и остана да важи постојниот – истакна за весникот ВЕЧЕР, поранешниот градоначалник, Саша Богдановиќ. Тој додаде дека по донесувањето на одлуката на Уставниот суд за прекинување на мораториумот секој може да аплицира во електронскиот систем за е-одобренија за градба и голем дел од сопственици и инвеститори имаат започнато постапки во електронскиот систем, но тврди дека правосилно одобрение за градба немаат добиено. Зградата во паркот е предвидена со измените на Деталниот урбанистички план „Мал ринг“ во 2012 кога градоначалник беше Владимир Тодоровиќ и кога на секоја слободна парцела во центарот беа нацртани згради и објекти од „Скопје 2014“. Реакцијата на жители од улиците „Орце Николов“ број 20, „Скопска“, број 15 и „Никола Кљусев“ број 10 за изградбата на зграда од пет ката и поткровје во малото паркче со димензии 30х35 метри, но и за тоа дека за таа цел ќе се сечат млади дрвја и како што велат ќе направи карам-каша од животите на граѓаните во околните згради, ја поддржаа и Зелен Хуман Град и од Шанса за Центар. – Се радуваме што граѓаните се самоорганизираат за да се заштитат од нехумана урбанизација и уништување на нивните животи за профит – нагласуваат од Зелен Хуман Град. Од Шанса за Центар додаваат дека им стојат на располагање на граѓаните за сè што можат да им помогнат во нивната борба за ова, како што го нарекуваат, зелено парче во срцето на градот. https://www.vecer.press/ниту-еден-инвеститор-нема-добиено-одо/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #8 Posted: 16-Jul-2022 at 12:05 |
ОДБИЕНО БАРАЊЕТО НА ЖИТЕЛИТЕ ДА НЕ СЕ ГРАДИ ЗГРАДА ВО ПАРКОТ КАЈ ХОТЕЛ „ЈАДРАН“ КОЈ Е ПОСЛЕДНА ЗЕЛЕНА ПОВРШИНА ВО СКОПСКИОТ МАЛ РИНГ
Почнува бетонизацијата и на последната зелена слободна парцела во Малиот ринг, во најстрогиот центар на Скопје. Деновиве, со багери се раскопува паркот кај поранешен хотел „Јадран“ на само неколку метри од Плоштадот Македонија. Во паркот, според Деталниот урбанистички план „Мал ринг“, предвидено е да се гради зграда на 5 ката плус поткровје. Дозволата за градба, како што велат од Општина Центар, е потпишана на 2 ноември, неколку дена пред да замине од функција ексградоначалникот Саша Богдановиќ. Преку информатичкиот систем е-одобрение за градба е издадена дозвола за градба на фирмата „Сколимекс“. „Граѓаните кои живеат во непосредна близина вложиле жалби до Второстепената комисија во Министерството за транспорт и врски, но истите се одбиени. Со тоа се исцрпени сите правни средства кои стојат на располагање да се стопира градбата“, велат од Општина Центар. Зградата во паркот е предвидена со измените на Деталниот урбанистички план „Мал ринг“ во 2012, кога градоначалник беше Владимир Тодоровиќ и кога на секоја слободна парцела во центарот беа нацртани згради и објекти од „Скопје 2014“. Општина Центар во рамките на процесот на мораториум не успеа да го смени овој план, а откако беше поништен од Уставен суд, инвеститорите слободно можат да се бараат дозволи за градба според она што е нацртано во 2012, во времето кога локална и централна власт беше ВМРО-ДПМНЕ. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/odbieno-baraneto-na-zhitelite-da-ne-se-gradi-zgrada-vo-parkot-kaj-hotel-jadran-koj-e-posledna-zelena-povrshina-vo-skopskiot-mal-ring/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #9 Posted: 01-Nov-2022 at 17:56 |
Адвокат од Лихтенштајн ќе гради во Мал ринг
Канцеларијата каде е регистрирана фирмата-инвеститор Регистрант од Лихтенштајн, адвокат што главно формира и води туѓи фирми на сопственици што сакаат да бидат скриени, ќе ја гради петкатницата зацртана близу хотелот „Ибис“ во строгиот центар на Скопје, односно во градежно атрактивната зона позната како Мал ринг. Веста дека на местото од уште едно паркче ќе се гради станбен објект ги вознемири граѓаните што живеат во соседната зграда и уживаат во она што преостанало од зеленилото пред своите домови. Енгелберт Јозеф Шрајбер од главниот град на Лихтенштајн Вадуз е официјалниот сопственик на скопската фирма „Сколимекс,“ која, како што објави Општина Центар, лани во ноември, непосредно пред заминувањето на Саша Богдановиќ од градоначалничкото место, добила дозвола за градење. Шрајбер се спомнува во дата-базата на Пандора пејперс, која ги раскринка офшор-тајните на повеќе политичари и бизнисмени од целиот свет. Тој во Пандора пејперс е означен како офицер, лице што ја врши административната работа околу формирањето и водењето на офшор-компанија во име на друг човек. Егзотичната професија на Шрајбер била причина тој да се вмеша во многу контроверзии и скандали низ целата планета, па дури и тука на Балканот. Имено, неверојатно звучи податокот дека човекот што тргнал да гради во нашето Скопје и неговиот татко во 2003 година биле дел од обвинетите во приватна тужба поврзана со терористичките напади во Њујорк, на 11 септември 2001 година. Во тужбата се наведува дека, според официјалните документи од Лихтенштајн, една од фирмите на двајцата Шрајбери била вклучена во активности за перење пари во име на Ал каеда. Тужбата подоцна била отфрлена. Интересните наоди за семејството Шрајбер не завршуваат тука. Скандал со јавни набавки во Обединетите нации (ОН), пак, посочи врски меѓу семејната фирма на Шрајбер со човек што САД и ОН го вбројуваат како финансиер на терористичка организација. Човекот се појавувал и во скандали на Балканот. Хрватските медиуми го опишуваат како адвокат што бил осомничен во аферата за Дубровачка банка, околу, како што се тврди, криминалното преземање на оваа финансиска институција во 1998 година. А, интересно е што неговото име се спомнува и во сложената шема на фирми преку која се менувало сопствеништвото на хотелот „Македонија“ на хрватското крајбрежје во Цавтат. Официјалните податоци покажуваат дека Шрајбер ја формира фирмата „Сколимекс“ во мај 2015 година, во Скопје и ја регистрирал како градежна фирма, што е логично ако денес се знае оти фирмата се подготвува да гради петкатница во срцето на главниот град. Меѓутоа, седиштето на компанијата ни оддалеку не наликува на сериозен инвеститор во градежништвото. Не постојат знаци дека на таа адреса, во една трошна куќа на брегот од Вардар близу Народна банка, се наоѓа канцеларијата од која ќе се раководат амбициозни проекти, како што е изградба на повеќекатница во центарот на градот. Напротив, на влезната врата стојат имиња на сосема други две фирми. Малата канцеларија со две бироа ја води скопјанецот Тодор Димитровски, кој во документите е заведен како управител на „Сколимекс“. Димитровски беше изненаден од нашата посета. Немаше одговор на ниту едно од прашањата поврзани со објектот што треба да се гради врз атрактивната парцела, ниту, пак, ни даде контакт од инвеститорот од Лихтенштајн. „Оставете телефонски број, јас ќе ве побарам“, беше сѐ што кажа Димитровски, наведнувајќи ја главата во обид да не нè погледне в очи. До објавувањето на овој текст не нѐ побараа ниту Димитровски, ниту, пак, неговиот претпоставен Енгелберт Јозеф Шрајбер. Петкатницата е вцртана во измените на Деталниот урбанистички план во 2012 година, кога Општина Центар ја водеше Владимир Тодоровиќ, во време кога ВМРО-ДПМНЕ беше на врвот од својата моќ на локално и на државно ниво, кога државата го градеше контроверзниот проект „Скопје 2014“ и кога моќници блиски до тогашната власт се богатеа токму преку градежни потфати во центарот на градот. Општината во време на градоначалникот Богдановиќ се обиде да го смени планот, ставајќи мораториум врз него, меѓутоа лани мораториумот падна на Уставен суд, со што се отвори можноста сопствениците на парцелите да ги реализираат градежните планови. https://prizma.mk/advokat-od-lihtenshtajn-ke-gradi-vo-mal-ring/ |
|
Carpe diem
|
|
Tooold
Groupie Joined: 22-May-2020 Online Status: Offline Posts: 84 |
Quote Reply #10 Posted: 02-Nov-2022 at 00:03 |
Или Камче што игра орце или Будимпешта без р
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #11 Posted: 28-Nov-2022 at 13:36 |
Адвокатот од Лихтенштајн може да ги стартува багерите
Веќе не постојат никакви пречки, фирмата на Енгелберт Јозеф Шрајбер, адвокат од Лихтенштајн, да ја гради петкатницата во строгиот центар на Скопје, на местото од едно од последните паркчиња во Мал ринг. Скопската компанија на Шрајбер, „Сколимекс“, на втори овој месец добила правосилно одобрение за градба, дознава БИРН од увидот во постапката што овој инвеститор ја води во Општина Центар. Тоа значи дека во секој момент може да ја огради парцелата и да почне да ги копа темелите на местото од паркчето со неколку маалски клупи и паркингот во непосредна близина на хотелот „Ибис“. Познат домашен проектант Покрај „окупацијата“ на скудниот јавен простор во Центар, контроверзност на овој случај му додава и сомнежот околу вистинската сопственост на инвеститорот. Тој произлегува од фактот што пријавениот сопственик Шрајбер е регистрант од Лихтенштајн, адвокат што главно формира и води туѓи фирми на луѓе што сакаат да бидат скриени. Неговата професија била причина за вмешаност во многу скандали, и глобално, и на Балканот. Шрајбер и татко му се спомнуваат во скандалот со набавки на ООН, па дури и нападот од 11 септември. Истражувајќи ја фирмата што номинално ја поседува Шрајбер, БИРН дојде до податоци што упатуваат на домашни учесници во градбата на новиот објект. Од увидот во документацијата во Општина Центар дознавме дека идејно, петкатницата е дело на проектантската фирма „Гемма инженеринг“, која во име на „Сколимекс“ ја водела целата постапка за одобрение пред локалната самоуправа. Барањето електронски го поднел Мето Стојчески, еден од двајцата сопственици на „Гемма инженеринг“, инаку зет за сестра на бизнисменот Орце Камчев. Тоа не е невообичаено, честа пракса е проектантите во име на инвеститорот да се занимаваат со одобрението за градба. Дополнително, Стојчески и „Гемма“ не се случајни во градежништвото, фирмата како проектантско биро работи од 1996 година. Но, оваа не е единствената фирма на Стојчески. Другата „ССИ инвестмент“ го однесе на клупата за сведоци во случајот „Плацови на Водно“. Тој, поткрепувајќи го сведочењето на својот шура Орце Камчев, призна дека во име на фирмата ги „криел“ од јавноста трите стана на Никола Груевски во станбениот комплекс на Водно, познат како „Панорама“. Стојчески, во судница, призна дека истото го направил и за зградата што се наоѓа спроти ЗОИЛ во центарот на Скопје, во која на времето беше седиштето на агенцијата за обезбедување СГС, која, пак, од друга страна се доведуваше во врска со Сашо Мијалков. Според зборовите на Стојчески, тој и Мијалков се знаеле одамна и се дружеле од деца. Мето Стојчески вели дека не знае кој е сопственик на „Сколимекс“, неговата фирма, како што тој објаснува, ја ангажирал македонскиот директор на оваа компанија. „Ние сме проектантска куќа. Го правевме соседниот хотел ‘Ибис’, им се допаднал и затоа нè ангажираа. Немам поим кои се сопствениците на фирмата, само знам дека таму сè е чисто, купено е земјиште од приватници и истерана е целата процедура во општина“, рече Стојчески во кусиот телефонски разговор. Директорот на компанијата-инвеститор, скопјанецот Тодор Димитровски, пак, не сака воопшто да зборува за „Сколимекс“, иако според нашите информации тој се појавувал во Општина Центар, во врска со барањето за градба. Локали, деловен простор и станови Амбицијата на „Сколимекс“ за купување на земјиштето датира од 2015 година, кога фирмата купува повеќе од половина од градежната маркичка од една приватна фирма, за во 2016 да ја дооформи со околното државно земјиште, покажуваат документите до кои дојде БИРН. Според нив, на местото на паркчето е предвидено да се гради петкатница висока 24 метри, што значи дека ќе биде со иста височина со постарата зграда што веќе се наоѓа пред паркчето. Уништувањето на зеленилото и затворање на и онака стеснетиот поглед беа причина за протест на станарите, кои се обидоа со тужби да го оспорат одобрението за градба, меѓутоа не успеаја. Зградата е од А2-категорија, што значи дека станува збор за станбен објект, меѓутоа оваа категоризација дозволува и деловен простор и локали. И токму така приземјето ќе биде исполнето со локали, вториот кат со деловен простор, додека на другите три ката ќе има станови. Предвидено е објектот да „оди“ длабоко во земја, односно да има четири нивоа на подземен паркинг. Наспроти општото мислење и пишувањата на медиумите дека објектот е зацртан во Деталниот урбанистички план во 2012, кога беа замислени многу од контроверзните објекти во Мал ринг, сепак, оваа зграда е впишана во ДУП-от на Општина Центар уште во 1997 година. Првичното одобрение за градба, Општина Центар го дала на „Сколимекс“ на 2 ноември минатата година , во последните денови од градоначалничкиот мандат на Саша Богдановиќ и точно една година подоцна, тоа стана правосилно. Багерите секој момент можат да се вклучат. https://prizma.mk/advokatot-od-lihtenshtajn-mozhe-da-gi-startuva-bagerite/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #12 Posted: 02-Dec-2022 at 18:53 |
На едно од последните паркчиња во Мал ринг, спроти Пошта, во центарот на Скопје, работници утрово поставуваат ограда. Велат ќе прават зграда. Веќе не постојат никакви пречки, фирмата на Енгелберт Јозеф Шрајбер, адвокат од Лихтенштајн, да ја гради петкатницата во строгиот центар на Скопје. „Сколимекс“ на втори овој месец добила правосилно одобрение за градба.
https://www.facebook.com/photofbid=595288049268134&set=a.481614353968838 |
|
Carpe diem
|
|
Vire
Senior Member Joined: 17-Aug-2021 Online Status: Offline Posts: 383 |
Quote Reply #13 Posted: 02-Dec-2022 at 19:34 |
Нема гушкања,тетеравења,урлања по социјални мрежи ? Оти така ?
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #14 Posted: 07-Dec-2022 at 08:47 |
Самоволие со амин од „горниот“: Инвеститор со контејнери блокира улица, не се смее на паркинг оти ќе градел
Станарите од шест околни згради веќе немаат каде да паркираат, зошто паркинг местата на ул.„Васил Иљоски“ во строгиот центар на Скопје, се блокирани со контејнери поставени од инвеститорот. Станува збор за последното зелено парче од Мал ринг кај хотелот „Ибис“, каде се подготвува да никне нова петкатница. https://republika.mk/vesti/skopje/samovolie-so-amin-od-gorniot-investitor-so-kontejneri-blokira-ulica-ne-se-smee-na-parking-oti-kje-gradel/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #15 Posted: 21-Dec-2022 at 14:50 |
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #16 Posted: 23-Dec-2022 at 16:16 |
Го изгубивме и последното зеленило што остана во Центар, има ли некој да ја запре урбаната мафија?!
https://www.slobodenpecat.mk/video-anketa-go-izgubivme-i-poslednoto-zelenilo-shto-ostana-vo-centar-ima-li-nekoj-da-ja-zapre-urbanata-mafija/ Edited by stef4o - 23-Dec-2022 at 16:17 |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #17 Posted: 12-Jan-2023 at 13:11 |
Денес минував оттука па забележав дека истакнале инфо табла со рендер,просторот е целосно ограден но нема механизација и активности
|
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #18 Posted: 19-Feb-2023 at 14:15 |
ПОЧНУВА ДА СЕ ГРАДИ 5-КАТНИЦАТА ВО ПАРКОТ КАЈ ХОТЕЛ „ЈАДРАН“, ПОСЛЕДНАТА ЗЕЛЕНА ПОВРШИНА ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР НА СКОПЈЕ
Зграда на пет ката наскоро ќе никне во паркот кај хотел „Јадран“ во строгиот центар на Скопје. Парцелата веќе е заградена со метална ограда и поставена е табла со податоци за инвеститорот и градбата. Со тоа, паѓаат во вода сите напори на станарите од околните згради да се заштити паркот и да се спаси последната зелена површина во Мал ринг. Градител на зградата е фирмата „Сколимекс“, а одобрението за градба е издадено од Општина Центар на 2 ноември 2017, кога на функција уште беше градоначалникот Саша Богдановиќ. Жителите кои живеат во непосредна близина поднесоа жалби до Второстепената комисија во Министерството за транспорт и врски, но тие беа одбиени. Со тоа беа исцрпени сите правни средства кои стојат на располагање да се стопира градбата. Зградата во паркот е предвидена со измените на Деталниот урбанистички план „Мал ринг“ во 2012, кога градоначалник беше Владимир Тодоровиќ и кога на секоја слободна парцела во центарот беа нацртани згради и објекти од „Скопје 2014“. Општина Центар во рамките на процесот на мораториум не успеа да го смени планот „Мал ринг“, а откако беше поништен од Уставен суд, градителите слободно можат да се бараат дозволи за градба според она што е нацртано во 2012, во времето кога локална и централна власт беше ВМРО-ДПМНЕ. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pochnuva-da-se-gradi-5-katnitsata-vo-parkot-kaj-hotel-jadran-poslednata-zelena-povrshina-vo-strogiot-tsentar-na-skopje/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #19 Posted: 20-Feb-2023 at 18:22 |
Последната слободна површина во Малиот Ринг
Позади хотелот „Јадран“ во Скопје, во строгиот центар на градот, се припрема ново градилиште. Граѓаните се незадоволни бидејќи станува збор за последната зелена површина. На парцелата веќе е извршено оградувањето со табла за инвеститорот и објектот. https://marh.mk/poslednata-slobodna-povrshina-vo-maliot-ring/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #20 Posted: 22-Feb-2023 at 18:10 |
Почнуваат(од фб)
|
|
Carpe diem
|
|
Post Reply | Page 12> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |