Патна мрежа (општо) |
Post Reply | Page <1 81828384> |
Author | |
MKDRobot
Newbie Joined: 18-Jun-2022 Online Status: Offline Posts: 23 |
Quote Reply #1641 Posted: 08-Sep-2022 at 08:27 |
Vcera pominav po pletvar i zabelezav deka nikade ne se pravi 4 lenta tuku samo se menuva asvaltot i rabnici novi , ni prosirivanje ni kosini ... Zosto najavata bese deka ke ima 4 lenta koga nema takvo nesto voopsto ne razbiram... Od dozdot ima i kalista po patot , ni kosinite ne se sreduvaat a kamoli prosiruvanje .. a bas se izraduvav deka ke bide prosiren.
|
|
Robotocis
|
|
Denko
Senior Member Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
Quote Reply #1642 Posted: 08-Sep-2022 at 13:51 |
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #1643 Posted: 24-Oct-2022 at 10:30 |
Патната делница [Р1303] Македонски Брод-Кичево, ја возев од М. Брод до селото Пласница и морам да кажам дека патот е одличен, веројатно неодамна е обновен, одлична хоризонтална и вертикална сигнализација, вистинска милина за возење.
|
|
За сè има вторпат
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #1644 Posted: 31-Oct-2022 at 13:00 |
Рехабилитација делница, Фариш – Прилеп
Должина: 19 км Вредност: 4.07 милиони евра Изведувач: ЈВ Стентон Градба и Грин Лајн Надзор: Диви видео на линкот https://www.facebook.com/drzavnipatista/videos/1279094056200106 |
|
За сè има вторпат
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #1645 Posted: 05-Nov-2022 at 16:04 |
Премиерот Ковачевски на увид на градежни работи за рехабилитацијаа делницата Фариш – Прилеп [05.11.2022"> by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr
Премиерот Ковачевски на увид на градежни работи за рехабилитацијаа делницата Фариш – Прилеп [05.11.2022"> by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr |
|
За сè има вторпат
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #1646 Posted: 05-Nov-2022 at 18:15 |
Премиерот Ковачевски на увид на градежни работи за рехабилитацијаа делницата Фариш – Прилеп [05.11.2022"> by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr Премиерот Ковачевски на увид на градежни работи за рехабилитацијаа делницата Фариш – Прилеп [05.11.2022"> by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr Премиерот Ковачевски на увид на градежни работи за рехабилитацијаа делницата Фариш – Прилеп [05.11.2022"> by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr |
|
За сè има вторпат
|
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2026 |
Quote Reply #1647 Posted: 05-Nov-2022 at 19:02 |
Требаше да се потрудат малку повеќе со овој пат и да се пробие 4-та лента по целата должина. Вака само ќе се надоврзе на новата делница екпресен пат кај Раец/Дреново со овој југословенски профил 2+1 и пак ништо. Ќе си останат небезбедните претекнувања, црните точки, спорите камиони за надоле.
|
|
Vasilij
Senior Member Joined: 09-Jun-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 333 |
Quote Reply #1648 Posted: 05-Nov-2022 at 20:53 |
За профилот се согласувам. Инаку сега, ако не се лажам е цело време вака со три ленти (19.5км), кај што немаше го проширија, па на порамните места мислам дека средната лента менува насока односно или е заедничка.
|
|
The Wild Boy
Senior Member Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 496 |
Quote Reply #1649 Posted: 06-Nov-2022 at 02:54 |
Не треба да се експериментира со овој пат и да се претвара во 4 лентен "stroad" опасен пат...
Едноставно, решението е автопат преку бабуна. Овој пат нека си остане 1+2, па заедно со експресниот пат нека си го користат тие од тиквешијата. Џабе и 600 ленти да има, кога овој пат е превој. Зимата колку пати се затвара патот кога ќе наврне многу снег, и станува хаос за камионите? Заборавате на оваа работа. За мене секако голема грешка се направи што се отиде како прво со експресен пат од Градско према Прилеп... едноставно непотребен проект, кој што не требаше првично да се реализира. Решението беше и е автопат преку бабуна. А забораваме и дека плетвар е всушност направен во 1+2 профил заради војната во 2001 година, за да се направи добра алтернатива за пристап кон Охрид. Сигурен сум дека и во Југославија решението би било брз пат преку бабуна, а и да не се проширеше овој пат во 1+2 профил, можеби немаше на ни еден политичар да му текне да гради нов експресен пат од овде, па ќе се изградеше брз пат или автопат преку бабуна... Најдоброто решение се знае што е , не треба да се експрериментира со пат преку превој. Ако се изгради во опште автопат преку Бабуна, јас кога би бил на позиција транспорт министер би ја отстранил третата лента, и би направил простор за велосипедска патека веднаш до самиот пат. Кога би се изградил автопатот преку бабуна, сообраќајот секако и те како би опаднал преку плетвар. Овде има и доста луѓе кои што доаѓаат на плетвар да скокаат со падобрани, па не би било лошо да се развие велосипедизмот и скокањето со падобрани. Ова е мое мислење и мој став за патот преку плетвар. Нормално дека на некој што живее во Градско, Кавадарци или Неготино ќе му одговара повеќе рутата преку плетвар, тоа секако е неизбежно. Инаку, дали сега патот низ плетвар е со 1+2 / 2+1 профил се до самата бензинска на влезот во Прилеп? Edited by The Wild Boy - 06-Nov-2022 at 02:56 |
|
Могли
Groupie Joined: 21-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 80 |
Quote Reply #1650 Posted: 06-Nov-2022 at 14:40 |
За жал, не. Патот го возев пред две недели и од она што моѓеше да се види е следното: 1. Од бензинската станица на влез од Прилеп (41.356989,21.581443) до мостот на р. Ленишка (41.364623,21.607520) патот е сѐ уште 1+1, стар и со дупки.За него мислам дека има план за проширување со плус една лента,но засега нема никакви активности. 2. Од мостот на р. Ленишка до патот за с. Беловодица (41.362779,21.695736) моментално во реконструкција. 2+1 3. Од с. Беловодица до каменолом Маврово (41.378481,21.740758) патот е 1+1, стар и со големи колотрази. Засега нема никакви активности. И за овој дел мислам дека има план за проширување со трета лента. 4. Од каменолом Маврово до с. Фариш (41.428192,21.806610) моментално во реконструкција. 2+1 5. Од с. Фариш до Градско се гради новиот пат. (Засега на оваа делница се вози по стариот пат 1+1) |
|
Théoden
Senior Member Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 562 |
Quote Reply #1651 Posted: 06-Nov-2022 at 14:46 |
Се прашувам колку би чинела изградба на експресен пат Фариш-Прилеп по нова траса со тунел под Плетвар - веројатно поевтино од Велес-Прилеп. Уште пред да се заврши експресниот пат Градско-Фариш треба да се размислува за оваа варијанта, затоа што едниствено овие 20-на километри се проблематични за брза врска на Пелагонија со А1 - Прилеп-Битола би бил доста поедноставен за изведба.
|
|
Vasilij
Senior Member Joined: 09-Jun-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 333 |
Quote Reply #1652 Posted: 06-Nov-2022 at 19:47 |
Се согласувам. Иако, можеби во овој кризен период најдобро е да се почека крајот на двете делници догодина (да се притиска да нема поголемо пробивање на рокот). Мислам дека во тој регион приоритет е да се притисе Бехтел Прилеп - Битола да се почне и заврши во рок од 24 месеци (2 години), рамничарски терен, проектот секако предвидува постојниот магистрален пат да се надгради односно да се искористи како еден правец (ќе се прошири со лента за застанување). Овој проект не би чинел повеќе од 180 милиони евра. Во делот на идејата преку Бабуна, лично сум против, и мислам дека во овие кризни години најмалку што е потребно се такви ексурзии на мозокот. Има 20 поприоритетни делници: дел од постојните се во катастрофална состојба (Битола - Меџитлија, Кичево - Охрид мора догодина да се заврши брука од светски размери е тоа, да се заврши експресниот накај Крива Паланка, Тетово - Гостивар е во ужасна состојба, Скопје - Блаце да се забрза, сепак се само 10км, Струмица - Ново Село, А1 во одредени делници потребна е итна темелна реконструкција, неколку битни регионални правци: Струмица - Берово, Гевгелија - Богданци итн. итн.) Сето тоа е приоритет а не некаков си автопат во планински превој кој ќе чини милијарда евра и ќе го плаќаат идни генерации со камати.
|
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2026 |
Quote Reply #1653 Posted: 06-Nov-2022 at 20:14 |
- 4 ленти пат воопшто не е никаков stroad. Па дури и stroad е подобро од ова 2+1.
- Во Македонија само една делница има смисла за инвестирање од аспект на ПГДС, тоа е Тетово-Јажинце-(Качаник), све друго е само politically-driven инвестиција. - 2/3 две третини од градовите во Македонија немаат обиколници и низ нив тече критичен камионски сообраќај предизвикувајќи непотребни и лесно решливи црни точки. Ова мора да е топ прв приоритет за патната мрежа во Македонија!!! Еднаш ги имам набројано, еве сега што ќе се сетам пак: источна обиколница Битола, западна обиколница Прилеп, Струмица, Охрид, Виница, Дебар, Каменица, Брод, Богданци, Валандово, Пробиштип, Кратово, Делчево. Edited by user8642 - 06-Nov-2022 at 20:14 |
|
Могли
Groupie Joined: 21-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 80 |
Quote Reply #1654 Posted: 07-Dec-2022 at 17:49 |
Од пред неколку денови започнаа подготвителните активности за реконструкција на патот од Битола до границата со Грција, кој е во многу лоша состојба. Засега се чисти земјата од двете страни на коловозот со багер, особено околу мостовите. Поставен е семафор за регулирање на сообраќајот. Најавата е дека со реконструкција треба да се започне на 01.03.2023, па ајде да видиме.
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #1655 Posted: 29-Jan-2023 at 19:00 |
https://www.slobodnaevropa.mk/a/%D0%BD%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE-%D1%81%D0%BE-1300-%D0%BA%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D1%82%D1%80%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%87%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BC%D0%BE%D0%B6%D0%B5-%D0%B4%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D0%BF%D0%BE%D1%84%D0%B0%D0%BB%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8-13-%D0%BA%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D1%82%D1%80%D0%B8-%D0%BF%D0%B0%D1%82-/32239163.html?fbclid=IwAR03_H7FCZQTkboA4DgpbTk5F7LVUXI0cPUZFmbjZNkHRW9syPAMpMpD5-Y |
|
За сè има вторпат
|
|
The Wild Boy
Senior Member Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 496 |
Quote Reply #1656 Posted: 31-Jan-2023 at 01:17 |
Баш ме интересира од каде им испаднале тие 420 километри експресни патишта, и како ги прорачунале.
|
|
Vasilij
Senior Member Joined: 09-Jun-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 333 |
Quote Reply #1657 Posted: 02-Feb-2023 at 07:18 |
Мора да е некоја грешка.. и во моментот тие што се градат да ги земеме имаме: Штип - Кочани - 34км Штип - Радовиш- 42км Страцин - Крива Паланка - 28км Градско - Прилеп - 32км (Плетвар останува постојниот проширен) дури ни ако ги сметаат: Велес - Кадрифаково - 30км и Тетово - Гостивар 26км далеку е од изнесената бројка.
|
|
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1143 |
Quote Reply #1658 Posted: 02-Feb-2023 at 07:46 |
Вид на пат Километри
Автопат 242 Магистрален пат 911 Регионален пат 3.771 Локален пат 9.258 ВКУПНО: 14.182 Не ми е јасно РСЕ од каде го извадиле графикот, кога ЈП за Државни патишта има сосема различни бројки и нема категорија експресен пат. За бројките од Влада нема што да се коментира. Фино што довршија неколку делници, ама ова е поразително за 6 години: „Оправдано премиерот Ковачевски во видеото како успех ја нотира изградбата на експресниот пат Крупиште – Кочани од 13,7 километри, бидејќи е единствениот нов пат кој го започна и заврши неговата Влада.“. |
|
Vasilij
Senior Member Joined: 09-Jun-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 333 |
Quote Reply #1659 Posted: 02-Feb-2023 at 11:08 |
Сите страни малку ја извртуваат приказната... Потенцирано е дека се однесува на изминатите 5 години и дека станува збор и за реконструкции не за изграба. Инаку да, во последните година-година ипол месеци беа пуштени Штип - Радовиш и Штип - Кочани (втората секција) како целосно нови делници.
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #1660 Posted: 25-May-2023 at 16:02 |
>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>
|
|
За сè има вторпат
|
|
Post Reply | Page <1 81828384> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |