Реконструкција на А1 / Е75 |
Post Reply | Page <1 2526272829> |
Author | ||
Denko
Senior Member Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
Quote Reply #521 Posted: 28-Jun-2022 at 14:54 | |
|
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #522 Posted: 28-Jun-2022 at 17:57 | |
Миладиновци-Куманово е катастрофа, преполна е со нерамнини. Скопје-Миладиновци не треба ни да се коментира, ужасна е. |
||
За сè има вторпат
|
||
FiLo
Senior Member Joined: 26-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 142 |
Quote Reply #523 Posted: 28-Jun-2022 at 18:23 | |
Накај Кочани и Виница изминатиот месец имам отидено 3 пати, така да знам што зборувам. Не е одличен, ама не е лош. Само е тесен. Ама има добри прегледни правци ако треба да престигнеш. Го заборавив Велес-Кадрифаково, ама проблемот е што има доста клучки и знаци 50 км/ч. Добро е што досега не сум сретнал радари да има баш на тие места, иначе глупо е да возиш 100, па намали барем на 60, па пак на 100. Edited by FiLo - 28-Jun-2022 at 18:23 |
||
The Wild Boy
Senior Member Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 496 |
Quote Reply #524 Posted: 28-Jun-2022 at 19:48 | |
Миладиновци - Куманово (до Клучката која што води према Крива Паланка) треба да стане целосен автопат.
Кога Миладиновци - Куманово се градел во 70-те години се има отидено со поевтина варијатна, а тоа гледаме сега како е направено. Десниот коловоз е само претворен во едносмерен, претходно тој бил дел од магистралата Братство и Единство (пат со 2 ленти). Исти случај имаме и на многу други делници, имено: Катланово - Петровец Катланово - Велес И можеби "автопатот" преку Аеродромот, кој што е во форма на 4 ленти (со доволна ширина 3,5м??), ама без ленти за застанување. Незнам делот од Петровец до Клучка Хиподром дали бил изграден и пуштен во упореба во 1979, или пак подоцна во 90-те, ама знам дека во 90-те после распаднот на Југославија, сите надоградби на магистралните патишта во авто - патишта (земете го делот од клучка Хиподром до клучка Миладиновци) се имаат извршено во целосен автопатски профил. Така е и за Скопје - Тетово, претходно (се гледа од видеата за време на Југославија кои што беа поставени овде) дека тој пат бил само една обична магистрала, која што во 90-те се има претворено во целосен автопат со полн профил. Секако овде ги исклучувам мостовите, виадуктите каде што се има отидено со поевтина варијанта без лента за застанување. За жал од тоа "заштедување на пари и ресурси" кое што се случувало во Југославија, до ден денес се мачиме да си ја воздигнеме главната автопатска делница во целосен профил. Овде треба: "Автопатот" од клучка Петровец до Клучка Миладиновци да се прошири во целосен профил, со лента за застанување, сосема нова подлога и нов асфалт. Тоа е планирано во плановите на министерството за транспорт и врски од планот објавен тука на форумот пред неколку години. Автопатот од клучка Миладиновци до кај Куманово, треба сосема целосно да се реконструира. Едниот коловоз е издигнат од Миладинови према Куманово, тој е тој коловоз каде што старата магистрала била претворена од двосмерна во едносмерна кога се градел автопатот во 70-те. Треба тој коловоз да се спушти подолу (на исто ниво со другиот коловоз, или пак обратно да се направи), и десниот коловоз да се прошири целосно со лента за застанување и темелна реконструкција. Со ова, единствено ќе остане само делот од Катланово до Петровец. Жално е што никој до сега се нема нафатено, нити помислено да го догради тој автопат... а реално тој патен працец треба многу, особено ако во иднина се оформи автопатска врска Скопје - Прилеп - Битола преку Бабуна... се надевам некој ќе се сети дека треба да се доврши овој автопат, бидејки Катланово - Велес не само што е двосмерна магистрала претворена во еден правец, не само што е пат со 50 - 60 км/ч брзина, туку нај - опасно на оваа делница се одроните, за кое што џабе каква заштита и да ставиш кога ако фати некој обемен порој или земјотрес, шансите пак да паднат карпи не се мали... едноставно треба да се избегне таа делница со довршување на автопатот од Катланово до Велес, како што некогаш било замислено но не се извршило заради заштеда на пари и средства... Освен тоа други делници кои што се 4 ленти, немаат лента за застанување има само Тетово - Гостивар, но за тоа знаеме дека оваа година треба да отпочне реконструкција на патниот правец таму, и да се изгради нова делница, со што таа делница ќе се претвори конечно после многу време во целосна автопатска делница. И освен тоа, други автопатски делници кои што не се во целосен профил нема. Има неколку мостови / виадукти на А1 кои што се 4 ленти, без лента за застанување, но освен тоа друго си е во целосен профил. Само тие делници што ги наведов погоре треба да се средат за да се доведе главниот автопат во државата во целосен автопатски профил. Е сега други делници планирани за реконструкција се: Петровец - Хиподром Петровец - Миладиновци Хиподром - Миладиновци Неготино - ТЕЦ Неготино Треба целосно од: Градско до ТЕЦ Неготино да се реконструираат двата коловози, бидејки се во лоша состојба и се полни со дупки. За овој дел нема никакви планови за реконструкција за жал. И освен тоа на A1 не гледам други делници кои што треба да се средат, другото е горе - доле во ОК состојба. Еве подолу имам направено мапи, која што претходно ја имав објавено на skyscrapercity форумот: https://www.skyscrapercity.com/cdn-cgi/image/format=auto,onerror=redirect,width=1920,height=1920,fit=scale-down/https://www.skyscrapercity.com/attachments/1619434688578-png.1414646/ https://www.skyscrapercity.com/cdn-cgi/image/format=auto,onerror=redirect,width=1920,height=1920,fit=scale-down/https://www.skyscrapercity.com/attachments/1619435536723-png.1414691/ Edited by The Wild Boy - 28-Jun-2022 at 19:49 |
||
Marxentric
Senior Member Joined: 27-Apr-2020 Location: Paionia Online Status: Offline Posts: 334 |
Quote Reply #525 Posted: 10-Jul-2022 at 00:35 | |
Не треси глупости! |
||
Denko
Senior Member Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
Quote Reply #526 Posted: 10-Jul-2022 at 07:18 | |
|
||
The Wild Boy
Senior Member Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 496 |
Quote Reply #527 Posted: 10-Jul-2022 at 14:38 | |
Вистина е тоа дека Миладиновци - Куманово има делови каде што асфалтот е нерамен. Џабе ќе го негираме тоа, кога е вистина. Доста пати го имам возено тој дел, особено према Србија па можам да го потврдам тоа. Мене највеќе на таа делница не ми се допаѓа што кога ја реновираа не додадоа лента за застанување како што прават сега (ќе, во блиска иднина...).
За тоа колку квалитетно се реновираат патиштата овде, сами можеме да видиме со доста од делниците на автопатот А1. Но сепак како што напоменав погоре (ако некој во опште прочита) има доста полоши делници кои што треба ургентно да се средат, делници со огромни "кратери" на патиштата. Па видовте и од видеото на SAT патрола каде што патуваа према Грција... Ги гледав и тие видеа што беа поставени за патиштата од 80-те. Па и тогаш имало доста проблеми, не се обрнувало внимание, немало голема ажурност на институциите. Еден од виадуктите на А1 од Велес према Каланово тогаш пропаднал повеќе од 20cm па морале да го поправаат и зајакнуваат. Не било ни тогаш нешто најдобро, можеби за некои тие времиња биле подобри (и тоа јас не го спорам), но еве сега 21 век, развиена технологија, нови материјали, и што ли не. Баш сега треба да има по - ефикасна работа на институциите, претпријатијата, да се одржуваат патиштата почесто, побрзо и со подобар квалитет, ама и тоа го нема во оваа држава. Дали вие мислите дека нашиве политичари би земале нешто квалитетно, би направиле нешто добро како што треба, се супер?, би средиле еден пат како што треба? Па кој го направил тоа последните 30 години? Никој. Сите нови градби, реконструкции си се користат за политички цели, ПР кампањи, ветувања за на избори за да се добие на повеќе гласачи. Кога ќе видите дека споредбено со сите други држави во Балканот, ние имаме најскапа патарина, ќе се запрашате и каде одат тие пари. Со тие пари што се добиваат од патарините не да треба патиштата да имаат најдобар асфалт, туку треба да сјаат. Ама сите знаеме зошто тоа не е така, и знаеме кое е решението. А тоа е народот да се освести и да стави крај на сето ова. Можат да дојдат подобри времиња, само дали сакаме ние? А до тогаш, ќе не вртат со истите лаги и глупости како и секогаш. Ако уште се мачиме само една кратка делница од Катланово до Петровец да се прошири и реновира, тогаш каде ни е крајот со другите делници кои што се во далеку полоша ситуација... Ќе си се изначекаме уште многу години додека голем дел од автопатската делница ќе биде средена како што треба. За жал додека еден дел се реновира, друг дел пропаѓа. Додека тој друг дел се реновира, па друг дел ќе почне да пропаѓа. Само една Србија да видите, држава која што беше под огромни санкции, држава бомбардирана, држава која што во 70-те и 80-те изгради далеку далеку повеќе патишта и авто - патишта од нас, далеку подобра во одржување и реновирање на авто - патиштата. Поголемиот дел од автопатот од Ниш до Београд е во релативно добра состојба, далеку поквалитетен асфалт, и најважно на се е дека нема огромни "кратери". Еве ги сега реновираат околу 4-5 делници на А1. А ние каде сме... една Србија која што еден период беше подолу од нас, да биде подобра во менаџирање на патиштата... А ние? Бруки... |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #528 Posted: 06-Aug-2022 at 13:48 | |
Зошто автопатот Катланово-Скопје се гради со години?!
https://kanal5.com.mk/zoshto-avtopatot-katlanovo-skopje-se-gradi-so-godini/a541251 |
||
Carpe diem
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #529 Posted: 18-Dec-2022 at 18:26 | |
Бочварски: Нова градежна компанија ќе ја реконструира делницата Катланово – Петровец
Нова градежна компанија е избрана за рехабилитација на делницата Катланово-Петровец, која е дел од автопатот Велес-Скопје. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој денеска присуствуваше на отпочнување на градежните работи на новиот далекувод Велес-Овче Поле, истакна дека изборот на нова фирма доаѓа откако претходната компанија, која требала да ги стратува градежните работи на терен работела со слаба динамика. Новата фирма веќе е воведена во работа. -Во овој период се вршат првични мерења, а од почетокот на наредната година согласно временските услови ќе продолжи со работа новиот изведувач на оваа делница и наредната година ќе биде комплетирана и завршена во рекордно време, бидејќи тоа им го должиме на граѓаните, вели Бочварски. Посочи дека паралелно со овој проект се работи и на стариот пат од Катланово до Велес, но и од Велес до Градско за што се избрани изведувачи и се работи на реализација на овие многу значајни патни правци. -После многу години, децении пристапуваме кон реализација и рехабилитација на овие, јас би рекол, многу значајни патни правци за граѓаните и државата, додаде Бочварски. https://www.brif.mk/bochvarski-nova-gradezhna-kompanija-ke-ja-rekonstruira-delnitsata-katlanovo-petrovets |
||
Carpe diem
|
||
The Wild Boy
Senior Member Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 496 |
Quote Reply #530 Posted: 18-Dec-2022 at 23:24 | |
1 година за обновување на нов тендер
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #531 Posted: 12-Feb-2023 at 17:45 | |
Реновираниот автопат Скопје – Куманово повторно стана крш
Автопатот Скопје-Куманово повторно се претвори во коловоз со дупки. Во најлоша состојба е делницата од патарината Миладиновци до патарината Романовце. Иако оваа делица беше санирана пред не повеќе од 6 години, се чини дека сега е уште повеќе уништена од остатокот од патот кој е изграден во времето на Тито. Додека возевме, изгледаше како да пловиме на брод во море. Граѓаните секојдневно плаќаат милиони денари за да поминат низ овие амортизирани патишта. Ги прашуваме и велат- за што плаќаат? За овие дупки кои секојдневно газат по нашите автопати. Една од најоштетените делници е онаа од главниот град што води кон Куманово, во која со години не се инвестира, туку само е санирана на одредени места каде што имало масовни оштетувања на асфалтот. Граѓаните се жалат дека скапо плаќаат на патарините за да си ги амортизираат автомобилите при секое патување. За двете насоки за патарини се плаќаат по 200 денари од автомобил. Оние кои работат секојдневно трошат и до 6.000 денари месечно или 1/3 од минималната плата. „Нормално не мора да плаќаме. Ние што сме во Европа плаќаме како патна такса, ама автопатиштата се добри, овде се расипани, амортизерите ги уништивме“, рече еден граѓанин. „Да, воопшто не вреди, но нема што да правиме. Што предлагате? Не треба да плаќаме! Ако го видите тука директорот што би му кажале? Би му кажал да си даде оставка!“, додаде друг граѓанин. Од ЈП Државни патишта велат дека оваа патна делница не е предвидено да се санира оваа година. Оттаму велат дека за нејзино одржување надлежен бил ЈП „Македонија пат“. Оваа патна делница беше целосно реконструирана во 2016 година, не само со асфалтен слој, туку и со чакал подлога, вклучувајќи ги и страничните делови на автопатот. Фирмата што ги изведуваше работи беше „СТРАБАГ Интернационал“ од Австрија со свои подизведувачи. Таа дала само петодишна гаранција за завршениот проект. Според меѓународните практики, целосно реконструиран автопат за кој биле потрошени милиони евра, треба да има најмалку 20 години гаранција./ https://alsat.mk/mk/renoviraniot-avtopat-skopje-kumanovo-povtorno-stana-krsh |
||
Carpe diem
|
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #532 Posted: 09-Mar-2023 at 10:04 | |
Сагата продолжува...
НА 5 КИЛОМЕТРИ АВТОПАТ ОД ПЕТРОВЕЦ-КАТЛАНОВО ШТО СЕ РЕКОНСТРУИРА 2,5 ГОДИНИ НЕМА НИ МЕХАНИЗАЦИЈА, НИ РАБОТНИЦИ, А ОД ДРЖАВНИ ПАТИШТА ТВРДАТ ДЕКА СЕ РАБОТИ Потегот е пуст, како да е заборавен и како да станува збор за пат кој е надвор од употреба. (Фото: Ѓ.Личовски) Aвтопатската делница Петровец-Катланово во должина од 5 километри сè уште стои раскопана, со дупки и прокопи без никакви градежни активности, иако почна да се реконструира уште во септември 2020 година во предизборната кампања пред локалните избори. Иако станува збор за делница од по 5 километри во двата правци, таа сè уште не е завршена. На потегот ниту во моментов не се работи, а надлежните од Јавното претпријатие државни патишта за САКАМДАКАЖАМ.МК тврдат дека работите се веќе почнати. Екипа на САКАМДАКАЖАМ.МК вчера беше на овој дел од автопатот „Пријателство“ кон Грција и на терен немаше никакви градежни работи. Немаше ниту еден работник, ниту пак градежна механизација. Потегот беше пуст, како да е заборавен и како да станува збор за пат кој е надвор од употреба. Стојат само знаците кои го насочуваат сообраќајот бидејќи дел од патот е затворен веќе двеипол години. На делницата стојат само знаците кои го насочуваат сообраќајот бидејќи дел од едната лента на автопатот е затворен.(Фото: Ѓ.Личовски) „Работите за рехабилитација со проширување на автопат А1, делница Петровец – Катланово, лев и десен коловоз веќе се отпочнати. Избран е нов изведувач фирмата „Макимсан“ од Турција, а надзор е Градежен институт Македонија здружен со Евро Конслатинг. Вредноста на договорот е 6,3 милиони евра кои се обезбедени од Европската банка за обнова и развој“, велат од Државни патишта. Според договорот со турската фирма оваа делница од автопатот треба да биде готова до крајот на годинава. На автопатот повеќе од една година нема никакви градежни работи, а лани летото беше раскинат договорот со изведувачот „Бетон“ оти не се почитуваше динамиката за работа. „Поради енормно слабиот прогрес на работите и пробивањето на рокот, бевме доведени во ситуација да го раскинеме договорот, оти истиот не беше почитуван. Распишавме постапка за избор на нов изведувач. Таа е завршена и имаме избрано нов изведувач. Тој би почнал со работа следната година, согласно временските услови. Делницата ќе биде завршена следната година“, кажа пред три месеци министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Според проектот покрај нов асфалт на овој дел треба да се изведе уште една односно трета лента. А. АНТЕВСКА https://sdk.mk/index.php/naslovna/na-5-kilometri-avtopat-od-petrovets-katlanovo-shto-se-rekonstruira-2-5-godini-nema-ni-mehanizatsija-ni-rabotnitsi-a-od-drzhavni-patishta-tvrdat-deka-se-raboti/#.ZAmG3o-aVaQ.twitter |
||
За сè има вторпат
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #533 Posted: 02-Apr-2023 at 14:04 | |
Дел од автопатот Скопје – Катланово се реконстгруира четири години
Делницата која е во вкупна должина од 5 километри веќе 4 година претставува тесно грло за бројните туристи кои поминуваат тука користејќи го коридорот десет од Куманово до Гевгелија. Спорд последните информации од министертсвото за транспорт и врски новата фирма Максимсан од Турција која е веќе воведена во работа има рок до 2 декември 2023 година да ја заврши рекоснтрукцијата на делницата од Петровец до Катланово. Договорот со Бетон кој претходно работеше на оваа делница е раскинат заради слабиот интензитет со кој се изведувале работите на тере. По правилата на европската банка за обнова и развој која го помага финански овој проект со над 7 милиони евра морало да помине доста време за да се запазат нивните процедури пред да почне друга компанија да го гради. Токму за да се избегнат ваквите одолговлекувања на градбите какви што се и градбата на автопатот Кичево Охрид кој веќе е во 9 та година владата се одлучи да го промени моделот и со изборот на американско турскиот конзорциум Бехтел и Енка предвидено е за 4 години земјава да добие 110 киломотри нови автопатишта без можности за одолговлекување. https://kanal5.com.mk/del-od-avtopatot-skopje-katlanovo-se-rekonstgruira-chetiri-godini/a575577 |
||
Carpe diem
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #534 Posted: 13-Apr-2023 at 16:50 | |
Рехабилитацијата на А1 автопатската делница Катланово-Петровец е со цел да се подигне нивото на безбедноста на учесниците на сообраќајот. Овие вкупно десетина километри што се рехабилитараат на левиот и десниот коловоз ќе бидат проширени со уште една лента со што ќе се добие комплетна автопатска делница по сите стандарди. Проширувањето се одвива во внатрешниот зелен појас на автопатот, а вредноста на договорот е 6,3 милиони евра, средства обезбедени од ЕБОР.
Заедно со премиерот на Владата на РСМ Ковачевски и со министерот за транспорт и врски Бочварски извршивме увид во градежните работи. Се работи со засилено темпо и моменталната вкупна реализација е околу 36 %. Се надеваме дека до крајот на годинава како што е предвидено со договорот ќе се испочитува рокот за градба и ќе возиме по нов автопат. https://www.facebook.com/photo?fbid=610274801144239&set=pcb.610275104477542 |
||
Carpe diem
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #535 Posted: 04-May-2023 at 17:17 | |
Од 25 април е затворен автопатот Демир Капија-Неготино веројатно за да ги санираат огромните дупки и нерамнини кај ТЕЦ Неготино,сообраќајот е префрлен по стариот пат кој е исто така во лоша состојба и ако се завлечкаат цело лето ќе бидат големи гужви.
|
||
Carpe diem
|
||
bakigvg
Newbiе Joined: 03-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 18 |
Quote Reply #536 Posted: 05-May-2023 at 12:37 | |
Класична неспособност. Толку сме мизерни што ништо не не спасува.
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #537 Posted: 06-May-2023 at 16:25 | |
Неколку денешни од реконструкцијата на делницата Петровец-Катланово
|
||
Carpe diem
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #538 Posted: 06-Jun-2023 at 13:00 | |
Демир Капија-Неготино
Како што може да се види веќе интензивно се работи, а јас во оваа прилика сакам да информирам дека за оваа реконструкција се издвоени средства од буџетот на ЈПДП во вредност од 9 милиони евра, изведувач на работите е Ескаватори, а надзор Геинг, со рок на изведба до средината на идната година. Инаку, должина на делницата која се рехабилитира е 14,8 км, а ширината на на коловозот е 11,10 метри. Ќе се рехабилитира коловозот во двата правци и очекуваме догодина туристичката сезона да ја дочекаме со рехабилитиран и побезбеден автопат бидејќи токму за овој дел од делницата имавме и реакции од граѓаните. https://www.facebook.com/drzavnipatista |
||
Carpe diem
|
||
The Wild Boy
Senior Member Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 496 |
Quote Reply #539 Posted: 13-Jun-2023 at 17:35 | |
Поминав денеска неколку пати... живо пиле НЕМА.
Сабајле дали едно четворица работници видов. Премиерот нека лаже некој друг дека се работело... Зборам за Петровец - Катланово. Edited by The Wild Boy - 13-Jun-2023 at 17:35 |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #540 Posted: 20-Jun-2023 at 18:11 | |
Carpe diem
|
||
Post Reply | Page <1 2526272829> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |