![]() |
![]() |
![]() |
Улица Васко Карангелески-Аеродром |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 5678> |
Author | |
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
Ова е трета употреба што била пренесена и што ја паметам. Првата беше на плоштадот кога за посетата на папата беа привремено извадени неколку дрва, а втората при изградбата на мост „Михајло Апостолски“, само не знам дали и колку дрва беа успешно пресадени.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Аеродромска улица нема среќа пак да види градежни работници
![]() Скопската општина Аеродром секогаш се фали дека е најурбанизиран дел од Скопје. Арно ама во општината си има многу фалинки кои не се за фалење. На пример, реконструкцијата на улицата „Васко Карангелески“ во скопски Аеродром се уште стои во место. А беше почната уште во времето на градоначалникот Петре Шилегов. Што се чека, ќе побрзаат ли со реконструкцијата сегашните градоначалници на Скопје и Аеродром? Пред десетина дена, граѓаните повторно се спротивставија на намерите да се тргнат околу шеесетина помали и поголеми дрвја за да се прошири улицата. Преку граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“, која има двајца советници во Градот Скопје, се постигна договор граѓаните да се изјаснат околу планот којшто го имаат „Паркови и зеленило“ околу дрвјата и зеленилото на оваа улица. Тогаш беше договорено и закажување на средба, оставање на простор од 15-тина дена за да граѓаните го разгледаат изведбениот проект и да се дојде до решение со кое тие ќе се согласат. Договорените рокови течат, а реконструкцијата на улицата стои во место. Доколку граѓаните побараат поголеми промени во основниот проект тоа, сигурно, ќе значи ново одложување, потреба да се изработи нов проект, со нова траса, можеби нови проблеми со навлегување во нечии имоти и слично… Но, како што сега стијат работите, ако се сака да се сочува зеленилото тогаш ќе бидат потребни промени во трасата. Со сето ова, оваа улица како да станува пример како не треба да се тргнува во изградба на сообраќајници во градот. Tаа почна да се гради во времето кога скопски градоначалник беше Шилегов и кога беше најавено дека ќе се работи без проблеми. Но, тогаш се чини не се повело и сметка за мислењата на граѓаните кои сакаа да си го сочуват зеленилото. Доколку претходно се водеше сметка за тоа сигурно дека сега немаше да се дојде во ситуација проектот да се менува кога веќе се почнати градежни работи. Сега работите ем што доцнат ем сигурно ќе излезат поскапи. Сепак и сегашните градоначалници треба да се побрзи. Кога аеродромци ќе имаат среќа пак да ги видат градежните работници наместо раскопаната и напола направена улица? https://skopskoeho.mk/aerodromska-ulica-nema-srekja-pak-da-vidi-gradezhni-rabotnici |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
anna75 ![]() Groupie ![]() Joined: 16-Sep-2021 Online Status: Offline Posts: 51 |
![]() ![]() |
Ги сечат дрвата тука.
Ај, може ќе се раздвижи работава ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ништо од договорот за улицата „Васко Карангелески“, граѓаните попладнево на протест
![]() Протест со кој ќе се бара Градот Скопје да го запре проширувањето на улицата „Васко Карангелески“ во скопската општина Аеродром, ќе организира денес попладне граѓанската иницијатива Зелен хуман град. Во поканата до граѓаните се наведува дека цел е да се спротивстават на проширувањето на улицата на 4 ленти и на губењето на зеленилото. -Не е прифатливо проширување на улицата на 4 ленти до основно училиште каде што децата ќе бидат во постојана опасност да бидат прегазени на булевар со 4 ленти. Не е прифатливо да се изгуби огромен појас на зеленило каде што локалците наместо да се движат по зелена патека ќе треба да се движат по асфалт со издувни гасови од густ сообраќај. Не е прифатливо да се пресадуваат дрвја кои имаат многу мали шанси да преживеат, се наведува во повикот до граѓаните. До протестот доаѓа откако на почетокот на минатиот месец беше постигнат договор со ЈП „Паркови и зеленило“ граѓаните од оваа подрачје да се изјаснат околу плановите за дрвјата и зеленилото. До средбата дојде откако активистите на оваа граѓанска иницијатива најавија граѓански протест поради активностите на „Паркови и зеленило“ на оваа улица која се реконструира веќе подолго време. Тогаш беше договорено да се стопираат активностите на ова градско претпријатие на улицата. Проблемот со дрвјата и зеленилото на оваа улица ескалира откако со започнатата реконструкција во мандатот на скопскиот екс-градоначалник Петре Шилегов беше предвидено нивно отстранување. На тоа се спротивставија граѓаните кои имаа неколку протести. Во април годинава граѓаните добиле уверување од градоначалничката Данела Арсовска дека нема да има проширување на улицата како што беше планирано во мандатот на Шилегов. Односно, дека ќе се проширува само едната страна од улицата до училиштето каде што веќе беа и исечени здрави дрвја. Но, проблемот се појави во ноември кога работниците на „Паркови и зеленило“ почнале со интервенциите и на другата страна од улицата. Претходно, на ФБ страницата на ЈП „Паркови и зеленило“ беше објавено дека ќе се преместуваат 57 повеќегодишни дрвја https://skopskoeho.mk/nishto-od-dogovorot-za-ulicata-vasko-karangeleski-gragjanite-popladnevo-na-protest |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Го снема дрворедот на „Васко Карангелески“ во Аеродром, а го ветуваа спротивното
![]() Дупки од кои се искорнати претходно темелно поткастрените дрвја е глетка која од викендот ја гледаат жителите долж улицата „Васко Карангелески“ во скопската општина Аеродром. Откорнат е речиси целиот прекрасен долгогодишен дрворед. А надлежните силно ветуваа дека дрвата ќе останат. Ова е сигурен знак дека овде наскоро ќе почне да се гради спорната втората лента на оваа улица. Аеродромци неодамна повторно протестираа во обид да се спротивставаат на планираното проширување на сообраќајницата што го замисли претходниот скопски градоначалник Петре Шилегов. Тие претходно повеќепати излегуваа на улица за да го искажат барањето да се сочува дрворедот и зелениот појас но, очигледно, се било залудно. Очигледно сегашната градоначалничка и првиот човек на Аеродром решија дрворедот да го снема. – Не е прифатливо проширување на улицата на 4 ленти до основно училиште каде што децата ќе бидат во постојана опасност да бидат прегазени на булевар со 4 ленти. Не е прифатливо да се изгуби огромен појас на зеленило каде што локалците наместо да се движат по зелена патека ќе треба да се движат по асфалт со издувни гасови од густ сообраќај. Не е прифатливо да се пресадуваат дрвја кои имаат многу мали шанси да преживеат, потенцираа иницијаторите од граѓанската организација Зелен хуман град. А неодамна беше и договорено граѓаните да бидат консултирани околу судбината на зеленилото. За жал, тоа не беше единствено изневерување на граѓанските барања. Уште во април годинава граѓаните добиле уверување од градоначалничката Данела Арсовска дека нема да има проширување на улицата како што беше планирано во мандатот на Шилегов. Односно, дека ќе се проширува само едната страна од улицата до училиштето каде што веќе беа и исечени здрави дрвја. И општина Аеродром неодамна соопшти дека „ниту едно здраво дрво покрај улицата нема да биде исечено“. -Неколку здрави дрвја ќе бидат дислоцирани и пресадени во зелениот појас на само неколку метри од локацијата. Се изборивме улицата да биде проширена и реконструирана без притоа да биде исечено ниту едно дрво, соопшти неодамна општината Аеродром. Аеродромци разочарано коментираат: -Само глумење е дека дрвата некаде ќе се пресадат. Многу исекоа буквално, а некои големи дрва ги соголија како чепкалки за заби и скоро без корени ги откорнаа, тоа стебло нема да преживее. И всушност, на тие дрва на улицата им беше местото, правеа сенка на патеката, ја собираа бучавата и прашината. Ама не излажаа, коментира постара жена која живее во зграда веднаш до улицата. Очигледно е дека улицата наскоро ќе стане булевар на кој сигурно помпезно ќе се сечат свечени ленти. Дали исечените дрвца ќе растат на друго место, не е извесно. Но дека ќе растат нови згради и асфалт – станува очигледно. https://skopskoeho.mk/go-snema-drvoredot-na-vasko-karangeleski-vo-aerodrom-a-go-vetuvaa-sprotivnoto |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Васко Карангелески“ соголена додека суспензијата на урбанистичкиот план околу улицата чека да дојде на дневен ред
Град Скопје нема време за чекање и наспроти барањата на жителите од Аеродром кои живеат околу улицата Васко Карангелески ги дислоцираше дрвјата околу улицата, која наскоро ќе стане булевар. Две машини денеска цел ден ги вадеа преостанатите дрвја од страната спроти ОУ„ Љубен Лапе“ за да се исчисти просторот за да може да се прошири улицата. Извадените дрвја беа пресадувани во паркови околу улицата. Дрвјата беа извадени, иако вчера предлогот на Зелен хуман град за дополнување на дневниот ред на седницата на Советот на Општина Аеродром со заклучокот за суспензија на урбанистичкиот план околу улицата Васко Карангелески не беше прифатен. ![]() ![]() ![]() https://24info.mk/васко-карангелески-соголена-доде/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Каде исчезнаа преку ноќ дрвјата од улицата „Васко Карангелески“?
![]() ![]() Преку ноќ исчезнаа дрвјата од улицата „Васко Карангелески“ во Аеродром. Она што може да се види е дека дрвјата се откорнати, а претходно отворените дупки, се затрупани. Ниту од Град Скопје, ниту од ЈП „Паркови зеленило“ нема одговор за тоа каде се, дали се засадени на друго место, иако се оградуваа од првичното булеварско решение за оваа улица со четири сообраќајни ленти. Ова се случува експресно, иако овие дрвја претходно беа искастрени од ЈП „Паркови и зеленило“. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во април годинава вети дека оваа улица нема да се проширува со четири коловозни ленти, туку само од едната страна до училиштето, откако граѓаните реагираа дека таквото решение не е прифатливо, бидејќи тука е основното училиште „Љубен Лапе“, каде што децата ќе бидат во постојана опасност да бидат прегазени. Освен училиштето, тие потенцираа дека во близина е и градинка во која преку улицата се носат деца. И покрај ветувањата на Арсовска, во ноември работниците на ЈП „Паркови и зеленило“ повторно почнаа со интервенции и на другата страна на улицата. Потоа, на почетокот на минатиот месец беше постигнат договор со ЈП „Паркови и зеленило“ да се стопираат активностите на улицата. Беше остварена средба помеѓу директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Зухејр Реџепи, и претставници од Зелен хуман град на која претпријатието обелодени дека е изготвен новиот план, според кој најсоодветно алтернативно решение е пресадување на 12 дрвја, оградувајќи се од стариот план каде било планирано да се сечат 57 листопадни дрвја и 30 грмушки. – Во моментов тековно се заокружува планот на пресадување кој започна на 1 ноември, со пресадување на шест дрвја и дополнително во претстојниот период ќе бидат пресадени уште шест други , со што вкупниот број на пресадени дрвја ќе биде дванаесет – истакнаа тогаш од ЈП „Паркови и зеленило“ , додавајќи дека пресадувањето ќе биде на иста локација, каде ЈП Паркови и зеленило ќе го заокружи успешно проектот со крајна цел, заштита на зелената површина на град Скопје. При тоа, од претпријатието истакнаа дека на крајот на проектот, планирано е да се садат и нови дрвја зависно од површината на ова градска зона. Ова се случува иако на предлог на Зелен Хуман Град, Советот на Град Скопје на последната седница донесе одлука за јавно објавување на решенијата за интервенција врз зеленилото. – Целта со вклучувањето во процес на носење одлуки е секој да може да си ги оствари, и што е најважно, да си ги заштити своите права. Токму ова е дел од концептот на директна демократија и е основно начело на функционирање во напредните општества. Ова не значи дека граѓаните треба да го чуваат зеленилото наместо институциите, но им се дава алатка и можност да интервенираат таму каде што самите институции ќе направат пропусти (со потенцијална коруптивна позадина) – истакнаа од Зелен хуман град. Но, затоа пак предлогот на Зелен хуман град за дополнување на дневниот ред на седницата на Советот на Општина Аеродром со заклучокот за суспензија на урбанистичкиот план околу улицата „Васко Карангелески“ не беше прифатен на дневен ред, а на жителите од Аеродром не им беше дозволено да присуствуваат на седницата. – Сето ова се случи иако предлог-заклучокот го доставивме до сите советници со образложение од пет страници во кое беа цитирани научни студии и анализи, официјални извештаи и статистики од државни и меѓународни институции и на изработката на оваа издржана анализа работеше мешовит експертски тим од ЗХГ кој се состоеше од стручни лица за урбанизам, сообраќај, хумана медицина, животна средина и правни работи – нагласија од Зелен хуман град. https://www.vecer.press/каде-исчезнаа-преку-ноќ-дрвјата-од-ули/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
anna75 ![]() Groupie ![]() Joined: 16-Sep-2021 Online Status: Offline Posts: 51 |
![]() ![]() |
![]() Конечно нешто паметно да направат. Ноторна глупост ќе беше ако улицава ја оставеа со три ленти на потегот од од Љубен Лапе до Мајчин дом. Слично ко со Коста Новаковиќ, затоа сега таму секој ден е затка. А за оние кои сакаат во градов да ни останат сокачињата, нека се селат во неурбанизирани средини. Таму нема ниту булевари, ниту автомобили. И решен проблем ![]() Edited by anna75 - 20-Dec-2022 at 09:05 |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
![]() класика чаршиски муабети секој пат кога треба нешто да се гради во Скопје... дрва, провев, сонце... никој не дискутира зошто се прави тоа што се прави, дали е потребно, дали квалитетно и сериозно ќе се изведе и дали може да се побара подобро решение за да бидат задоволени барањата уште поиронично, истите засегнати граѓани имаат по неколку возила во едно домаќинство купуваат станови во кокошарници и т.н. |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
[основното училиште „Љубен Лапе“, каде што децата ќе бидат во постојана опасност да бидат прегазени]
какво е искуството со прегазени деца кај другото школо карши Мајчин Дом? Пошто таму улицата го има тој профил од стално. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
од фб
![]() |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Раскопани „Васко Карангелески“ и „Ленинова“
![]() Со забрзано темпо деновиве се работи на реконструкцијата на две сообраќајници во Скопје. На големо се одвиваат градежни работи на „Васко Карангелески“ во Аеродром и покрај апелите и протестите да се зачува зеленилото на сметка на нејзиното проширување од активистите за заштита на животната средина, како и по укажувањата на околните жители. На терен може да се види дека тротоарите на оваа сообраќајница веќе се готови. Пешачките патеки се обложени со бекатон плочки, а велосипедските – со асфалт. Се раскопува стариот асфалт од коловозот, а површината се посипува со тампон, по што ќе следува асфалтирање. Од Град Скопје велат дека во моментот се работи на оформување на крстосницата. – Од левата страна се изведени пешачка и велосипедска патека, поставени се канделабри и изведена е нова атмосферска канализација. Од десната страна, исто така се оформени пешачка и велосипедска патека. Изведен е слој на три коловозни ленти. По комплетното оформување и поставување прв слој на целата должина на предвидената траса, ќе се изведе завршниот слој на асфалт – објаснија градските власти. Оттаму додаваат дека станува збор за булеварско решение, со што се реализира дел од Генералниот урбанистички план на Град Скопје. https://www.vecer.press/раскопани-васко-карангелески-и-л/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
фб реакција
-------------------------------------- So izgradba na noviot bulevar , blokirani 20 semejstva na Angel Dimovski ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/photo/?fbid=6196487300382422&set=pcb.892473505370730 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
anna75 ![]() Groupie ![]() Joined: 16-Sep-2021 Online Status: Offline Posts: 51 |
![]() ![]() |
Имаа време да си ги препаркираат возилата. Со денови се работи тука, не е од вчера, улицава е раскопана скоро една недела. Друга е приказнава тука, очигледно им смета на господава улицава, затоа. Пошо они сакаат ко во село, сокачиња да има. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
од твитер
![]() |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Неколку денешни,поголем дел е веќе асфалтиран освен оној потег каде што беше кафаната Фирма и делот кон кружниот тек во Стар Аеродром
![]() ![]() ![]() ![]() проширениот дел е асфалтиран а се работи нешто на тротоарите од левата страна ![]() ![]() ![]() |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
пеперутка16 ![]() Newbiе ![]() Joined: 02-Feb-2023 Online Status: Offline Posts: 19 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Кај кружниот тек уште не е асфалтирано, тука да:
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
од фб
![]() ![]() |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 5678> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |