![]() |
![]() |
![]() |
Емпорио деловен центар и општинска зграда Ѓ.Петров |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 6789> |
Author | |
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Ѓорче Петров е населба претежно со куќи, а Аеродром е со станбени згради, тука е разликата, ѓорчепетровци имаат дворчиња каде можат да испијат кафе или пиво со некој сосед, аеродромци мораат во кафуле. Освен тоа, гледано статистички (жител по км2) сигурно Аеродром е погусто населена населба, со што таквиот тип содржини имаат поголема исплатливост и економска самоодржливост. Ова е само моето лаичко мислење, се разбира, ако има некој поупатен нека каже попрецизно. |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
JovanOdGjorche ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
And something, somewhere was lost in 1938...
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
И во Кисела Вода има доста малку содржини... Речиси ништо деловно и комерцијално нема, ниту некој помал трговски како Капитол, кој супер би дошол во Расадник или кај општината.
Со новиот Клинички Ѓорче би добило повеќе сообраќај и содржини, а не би било лошо целот простор од Марк Твен до Ацо Шопов да се исполни со згради, а на почетокот на Сарај да никне станбена населба и селото да се урбанизира. |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ НЕМА ПАРИ ДА ЈА ДОВРШИ ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА ОТКАКО „ТРАНСМЕТ“ НА СЕАТ КОЧАН ОТИДЕ ВО СТЕЧАЈ
![]() Општина Ѓорче Петров нема пари да ја доврши административната зграда која почна да ја гради фирмата „Трансмет“ на бизнисменот Сеат Кочан. Откако Кочан во јули 2018 година беше осуден на затворска казна за предметот на СЈО „Труст“, неговата фирма отиде во стечај и со тоа остана недоизградена општинската зграда во Ѓорче која требаше да биде дел од трговскиот центар „Емпорио“. Откако беше отворена стечајната постапка во 2019, договорот меѓу Општината и „Трансмет“ за јавно-приватно партнерство беше раскинат и Општината го доби делот кој и припаѓа според договорот, но неизграден до крај. Делот кој што требаше да припадне на „Трансмет“ во стечајната постапка е продаден на друг правен субјект. „Делот кој што треба да припадне на Општината 95 отсто е изграден, остануваат недовршени внатрешните градежно- занаетски работи, тестирање на инсталацииите и опремување со мебел и друга опрема. За довршување на делот на Општината се потребни околу 500.000 евра. Општината во моментов нема толку пари за да може сама да го доврши делот што и припаѓа“, велат од Општина Ѓорче Петров и додаваат дека во моментов службите се сместени во неколку објекти кои се сопственост на Општината и не плаќаат кирија. Договорот за изградба на трговскиот центар „Емпорио“ во кој дел ќе биде наменет за општинската зграда на Ѓорче Петров беше склучен во јуни 2013 по спроведена постапка со јавен оглас. Предвидуваше приватниот партнер, компанијата „Трансмет“ да изгради административна деловна зграда со бруто површина од 15.000 метри квадратни и подземен паркинг простор. Од вкупната површина, 24 отсто односно 3.600 метри квадратни и 40 паркинг места под објектот припаѓа на Општината, а 76 односно 11.400 квадрати на приватниот партнер. Основниот кривичен суд Скопје првостепено го осуди Кочан на 6 години затвор на 20 јули 2018, а на 11 март 2019 Апелациониот суд му ја намали казната на 4 години и 8 месеци. Од август 2019 Кочан ја издржува заторската казна. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/gorche-petrov-nema-pari-da-ja-dovrshi-opshtinskata-zgrada-otkako-transmet-na-seat-kochan-otide-vo-stechaj/ |
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
[Делот кој што требаше да припадне на „Трансмет“ во стечајната постапка е продаден на друг правен субјект.]
Кој е тој субјект и зошто нема обврска да го доврши објектот? |
|
![]() |
|
ѓорче ![]() Groupie ![]() Joined: 28-Feb-2014 Online Status: Offline Posts: 58 |
![]() ![]() |
Информација од добро упатени извори, делот на Трансмет е купен од Камфуд..
Понатаму каква обврска има не ми е познато.. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Тарабите од неизградениот трговски „Емпорио“ опасност за минувачите
![]() Тарабите со кои е заграден објектот „Емпорио“ кај кружниот тек во Ѓорче Петров ги зафатиле тротоарите и се потенцијална опасност за минувачите кои мораат да се движат по коловозот. Жители на оваа населба се плашат секогаш кога поминуваат на улицата, да не ги собере некое возило. – Објектот има нов сопственик и се очекува до септември 2021 година тој да биде завршен и тогаш да биде отстранета оградата. Дотогаш се води како градилиште и објектот мора да биде заграден, децидни се од Општина Ѓорче Петров Тарабите со кои е заграден објектот „Емпорио“ кај кружниот тек во Ѓорче Петров ги зафатиле тротоарите и се потенцијална опасност за минувачите кои мораат да се движат по коловозот. Жители на оваа населба се плашат секогаш кога поминуваат на улицата, да не ги собере некое возило. – Околу објектот кај кружниот тек во кој нема градежни активности повеќе од 4 години е заграден тротоарот и нема слободен проток на пешаци и велосипеди до зеленото пазарче, па пешачите мора да се движат по коловозот со што се отежнува сообраќајот и се загрозуваат нивните животи – реагираат жителите. Тие додаваат дека дополнително, лимовите на самата ограда околу овој објект не се стабилни и прашање на време е кога ќе се урне оградата и може да ги поклопи случајните минувачи. – Ај што не беше исчистен еден тротоар во нашата општина што е и овде случај, кој дополнително го отежнува движењето во овој потег, дали воопшто на општинските служби им е грижа за граѓаните или не сметаат само за гласачка машинерија – прашуваат тие. Марина Стевковска, пак, прашува дали воопшто е во план довршување на зградата, или бидејќи е проект на претходната влада треба да остане вака како чавкарник сред центарот на Ѓорче? Од Општина Ѓорче Петров велат дека до нив официјално не пристигнала реакција од граѓани и доколку пристигне, службите од Секторот за урбанизам ќе го информираат сопственикот да ја санира оградата доколку е нестабилна. Објектот има нов сопственик и според информациите што ги имаме, се очекува до септември 2021 година објектот да биде завршен и тогаш да се отстрани оградата. Дотогаш се води како градилиште и објектот мора да биде заграден -децидни се од локалната самоуправа. Од Општина Ѓорче Петров велат дека засега немаат пари да го довршат делот каде требаше да биде административната зграда која почна да ја гради фирмата „Трансмет“ на бизнисменот Сеат Кочан. Откако Кочан во јули 2018 година беше осуден на затворска казна за предметот на СЈО „Труст“, неговата фирма отиде во стечај и со тоа остана недоизградена општинската зграда во Ѓорче која требаше да биде дел од трговскиот центар „Емпорио“ кој исто така остана незавршен. Откако беше отворена стечајната постапка во 2019-та, договорот меѓу Општината и „Трансмет“ за јавно-приватно партнерство беше раскинат и Општината го доби делот кој и припаѓа според договорот, но неизграден до крај. Делот кој требаше да припадне на „Трансмет“ во стечајната постапка сега е продаден на друг правен субјект. Како што дознаваме, тоа е компанијата „Кам“. Оттаму информираат дека се во тек административно-технички активности околу регулирање на статусот на објектот „Емпорио“ во Ѓорче Петров и негово впишување во имотен лист. -Паралелно со ова се одвива и процесот на ревидирање на проектот, како и избор на изведувачи по фази, за негово докомплетирање. Веднаш штом се завршат овие процедури, ќе се пристапи кон изведбени работи и доведување на градилиштето во бараната состојба – велат од „Кам маркети“. Договорот за изградба на трговскиот центар „Емпорио“ во кој дел ќе биде наменет за општинската зграда на Ѓорче Петров беше склучен во јуни 2013 по спроведена постапка со јавен оглас. Предвидуваше приватниот партнер, компанијата „Трансмет“ да изгради административна деловна зграда со бруто површина од 15.000 метри квадратни и подземен паркинг простор. Од вкупната површина, 24 отсто односно 3.600 квадрати и 40 паркинг места под објектот припаѓа на Општината, а 76 односно 11.400 квадрати на приватниот партнер. https://www.vecer.press/тарабите-од-неизградениот-трговски/ |
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
Каква вест... Па ова од кога е почнато е така заградено, и има (или бар имаше порано сега не сум загледал) знак за забрана за движење на пешаци од таа страна. Проблемот тука е што преку ден (особено викенд) врие паркирани коли по слободниот тротоар, а не сум видел да се санкционираат. Џандари и кога доаѓаат ги бркаат/креваат само колите паркирани на коловозот.
А ова дека до септември ќе го завршат да видам да не верувам. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ѓорче добива нов шопинг – мол, отстранети пречките за пропаднатата зграда на „Трансмет"
Населбата Ѓорче Петров конечно ќе добие нов голем трговски центар, на локацијата каде што „Трансмет“ требаше да гради шопинг – мол, но по пропаѓањето на оваа компанија во стечај, недоизградената карабина со години го урнисуваше централното подрачје на општината. „Трговскиот центар кој е во срцето на Ѓорче Петров се одглави од правните лавиринти, објектот преку наддавање го купи КАМ маркет, со тоа, тој недовршен објект кој ни беше оставен од минатата власт сега ќе се уреди и Ѓорче Петров за првпат ќе добие модерен трговски центар“ изјави денеска градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски на заедничката прес конференција со градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, при најавувањето на реконструкција на улицата Лука Геров во населба Даме Груев. Објектот на „Трансмет“ долги години стоеше како руина во центарот на Ѓорче Петров откако оваа фирма пропадна по ефективните затворски казни за нејзиниот сопственик, Сеад Кочан. Изградбата на овој објект ја следеа низа контроверзи, а СДСМ своевремено како опозиција обвинуваа дека договорот што „Трансмет“ го добил бил на штета на Општина Ѓорче Петров и во интерес на мала бизнис група блиска до ВМРО-ДПМНЕ. https://centar.mk/blog/2021/07/21/gorche-dobiva-nov-shoping-mol-otstraneti-prechkite-za-propadnatata-zgrada-na-transmet/ Edited by stef4o - 21-Jul-2021 at 20:43 |
|
![]() |
|
FT ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 574 |
![]() ![]() |
Браво, браво, Камчев и од притвор турбо си работи
![]() Во секој случај, симпатична е зградата и целата околина е супер, со паркот и корзото. |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Како што знам станува збор за сосем друга гранка во фамилијата кои го водат КАМ и нема поврзаност со Орце.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ѓорче Петров нема доволно пари да ја заврши општинската зграда
Од локалната самоуправа очекуваат по отворената стечајна постапка за фирмата „Трансмет“, со која имаше склучено договор за јавно-приватно партнерство за изградба на општинската зграда да ги наплатат своите побарувања -Приватниот партнер од субјективни и објективни причини не беше во состојба во предвидениот рок да го изгради објектот. Делот на Општината 90 отсто е изграден, остануваат недовршени внатрешните градежно-занаетски работи, тестирање на инсталациите и опремување со мебел и друга опрема. Според последните проценки за довршување на градежните работи и внатрешно опремување на општинската зграда потребни се околу 500.000 евра за новата зграда да се оспособи и да се пушти во функција – децидни се од Општина Ѓорче Петров Сега за сега, администрацијата на Општина Ѓорче Петров останува во стариот објект иако досега требаше да биде изградена новата општинска зграда до трговскиот центар „Емпорио“, кој заедно требаше да изгради фирмата „Трансмет“ којашто отиде во стечај. Причината за тоа, како што велат од Општината Ѓорче Петров, е тоа што во моментов нема толку пари за да можат сами да ја доврши општинската зграда. Оттаму очекуваат по отворена стечајната постапка во 2019 година за фирмата „Трансмет“ да ги наплатат своите побарувања. -Во октомври 2017 година е изграден габаритот на целиот објект, но оттогаш градежните работи стагнираат. Приватниот партнер од субјективни и објективни причини не беше во состојба во предвидениот рок да го изгради објектот. Делот на Општината 90 отсто е изграден, остануваат недовршени внатрешните градежно-занаетски работи, тестирање на инсталациите и опремување со мебел и друга опрема. Според последните проценки за довршување на градежните работи и внатрешно опремување на општинската зграда потребни се околу 500.000 евра за новата зграда да се оспособи и да се пушти во функција – децидни се од Општина Ѓорче Петров. Оттаму објаснуваат дека во согласност договорот за јавно-приватно партнерство, склучен помеѓу Општина Ѓорче Петров како јавен партнер и Друштвото „Трансмет“ ДОО Скопје, на 26. 6. 2013 година, по спроведена постапка со јавен оглас е предвидено приватниот партнер т.е. „Трансмет“ ДОО Скопје да изгради административно деловна зграда со бруто-површина од 15.000 квадратни метри и подземен паркинг простор во согласност со постојната законска регулатива за ваков вид на објекти. -Од вкупната бруто-површина 15.000 квадратни метри, 24 проценти, односно 3.600 квадратни метри и 40 паркинг-места под објектот припаѓа на јавниот партнер Општина Ѓорче Петров, а 76 проценти, односно 11.400 метри квадратни на приватниот партнер „Трансмет“. Согласно со овој договор од самиот почеток е и утврдена сопственоста на објектите – велат од Општина Ѓорче Петров. Општината не учествуваше со финансиски средства во изградбата на објектот туку со градежното земјиште кое е во сопственост на државата и со ослободување на приватниот партнер од надоместокот за уредување на градежно земјиште во висина од 40 проценти, односно делот од надоместокот за уредување на градежно земјиште што ѝ припаѓа на Општината. Како што информираат од Општина Ѓорче Петров, по измените на ДУП-от од претходната владејачка гарнитура, зголемена е квадратурата за деловниот простор на „Трансмет“ преку зголемена катност, а квадратурата на општината останува иста. -Со тоа, наместо 24 проценти од комплексот, согласно со ЈПП договорот, општината добива двојно помалку простор, а просторот на „Трансмет“ двојно се зголемува. Дополнително „Трансмет“ добива 40 проценти за комуналии -нагласуваат општинските власти. https://www.vecer.press/ѓорче-петров-нема-доволно-пари-да-ја-за/ |
|
![]() |
|
MKDSTRUGA ![]() Senior Member ![]() Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 465 |
![]() ![]() |
Deneska pominav i prv pat posle dolgi godini primetiv 4-5 rabotnici na skelinjata od nadvoresnata strana. Mislam deka proektov veke efektivno se restartira a zabelezitelen i progres na fasadata (izgleda nekoe vreme rabotat poveke luge). Predpostavuvam ima dosta rabotnici i vo interierot. Moze niskava da dobie ikonka deka se raboti i veke ne e stopirana. KAM izgleda ke go zavrsi proektov po terkot na onoj vo Bitola i onoj vo blizina na ramstor.
|
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
Ја освен табла нова не гледам нешто да се работи.
![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
од твитер,не гледам некоја промена
![]() |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Има активности на објектов последниов период, а има и работници цело време.
|
|
![]() |
|
JovanOdGjorche ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
Последниве три дена забележав работници, се надевам ќе го завршат побрзо, и ќе се отвори нешто саглам човече. Ѓорче 100 години се обидува да биде дел од Скопје, никако да оформи општински центар каде ќе имаш сѐ достапно на неколку чекори.
|
|
And something, somewhere was lost in 1938...
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Дајте фотки ако има видлив напредок, вака ќе треба да ви веруваме на зборот
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
Приметив работници пред неколку дена, не знам дал се има нешто поместено. Ќе гледам да фотнам деновиве.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Дали ова ќе биде новата општинска зграда на Ѓорче Петров?
![]() На фејсбук станицата „Ѓорче Петров“ каде се споделуваат новините и случувањата во оваа скопска општина е објавена фотографија од зграда за која неофицијално дознаваме дека ќе биде новата општинска зграда. Дали оваа зграда ќе биде новото седиште на локалната самоуправа останува да почекаме и да видиме. https://skopjeinfo.mk/dali-ova-kje-bide-novata-opshtinska-zgrada-na-gjorche-petrov |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 6789> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |