Споменици и скулптури (општо) |
Post Reply | Page 123 209> |
Author | |
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply
#1 Topic: Споменици и скулптури (општо) Posted: 21-Dec-2007 at 08:00 |
Засебни нишки:
Споменик на Плоштад Македонија Споменик Филип II - Битола Edited by Cloverstack - 23-Apr-2009 at 00:14 |
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #2 Posted: 22-Dec-2007 at 23:31 |
Незнам што да кажам за ваква глупост. Може ли некој да го замисли незнам на влезот на мостот Оресунд два коњаника на пример?? Веројатно Аларова може и тоа да го замисли.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8CDC3771737C4644967388E52E7EE32C Edited by pbanks - 13-Jan-2008 at 23:20 |
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #3 Posted: 23-Dec-2007 at 03:46 |
No comment |
|
gotsomekicks
Senior Member Joined: 01-Sep-2007 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 305 |
Quote Reply #4 Posted: 23-Dec-2007 at 14:20 |
Не сме нормални. И тоа се кладам дека целава поента на „тендеров„ е да се препуцаваат градот и Центар. Бедни игри... |
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #5 Posted: 27-Dec-2007 at 23:30 |
зарем е можно Општина Центар да си го тера ова...... жими се лично ќе ги бутнам лавовите у Вардар ако ги постават.
|
|
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply #6 Posted: 27-Dec-2007 at 23:36 |
До кога мислат да продолжат со вакви евтини популистички фори? Лавови?! Духот на македонскиот народ? Божеее....
|
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #7 Posted: 27-Dec-2007 at 23:44 |
ма и да фураат фори нека ги фураат кај што им е местото. ама лавови на Гоце Делчев BTW секогаш ми сметало што во Скопје немало доволно убави статуи/споменици. Ама неможе таа празнина да ја компензираат со редење несоодветни медиокритети на секој чекор и тоа преку ноќ. Незнам дали чувте но се спремаат и статуи на Гоце Делчев, Даме Груев и Никола Карев. Нешто пред парламент, нешто незнам кај во Центар. Претпоставувам дека ќе бидат онакви ситнурајки како статуата на Крсте Петков Мисирков. Мене ми е таа комплетно несоодветна за локацијата, големината и е погрешна... скроз без врска... Единствена споменик што ми се свиѓа во Скопје е оној пред влада. Од помодерните ми се свиѓаа свирачите на Максим Горки, ама нив ги уништија. Edited by pbanks - 27-Dec-2007 at 23:46 |
|
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply #8 Posted: 27-Dec-2007 at 23:59 |
Статуата со гулабите пред level е со пристојна големина, исто како онаа на крај на улица Македонија, спроти стара железничка... само мотивот не ми се допаѓа. А тој привезокот од Крсте Мисирков не доликува за толкава личност во нашата историја... Мајка Тереза и тој споменикот на паднатите борци се можеби единствените споменици во Скопје достојни за некаква пофалба.
Надвор од Скопје, новата статуа на Александар Македонски во Прилеп, Кирил и Методиј и Св. Наум Охридски во Охрид, статуата на гемиџиите во Велес... сигурно нешто заборавам... Тие се ок. Но ве молам, видете го ова... Делчево: |
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #9 Posted: 28-Dec-2007 at 00:08 |
Александар во Прилеп не ми се свиѓа (јес да само на слики го имам видено) Кирил и Методиј во Охрид се добри. Св. Наум го неам видено Мајка Тереза ја заборавив и она е добра. Edited by pbanks - 13-Jan-2008 at 23:21 |
|
UrbanFreak
Senior Member Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
Quote Reply #10 Posted: 28-Dec-2007 at 00:45 |
Споменикот на Гоце Делчев во парк сам по себе е убав, но на чудна локација и целосно руиниран исшкртан плочките околу него раздмани, неисшистен откако е поставен. Ова со лавовите на мостот Гоце Делчев дури и незнам како да го искоментирам. Кич е премал и преблаг збор. Се надевам ова нема да се оствари. |
|
gotsomekicks
Senior Member Joined: 01-Sep-2007 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 305 |
Quote Reply #11 Posted: 28-Dec-2007 at 17:53 |
Аце во Прилеп и не е така лош...
Али Гоце во Делчево го направиле Супермен . Што се однесува до Аларова--> . |
|
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply #12 Posted: 04-Jan-2008 at 12:17 |
Продолжуваат препукувањата општина Центар-Градот Скопје. Сега за статуите до Камениот мост
Edited by La Linea - 04-Jan-2008 at 12:18 |
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply #13 Posted: 04-Jan-2008 at 12:29 |
За да се има претстава како би изгледал плоштадот со статуите.
Ова е уште од времето на Кралството СХС, ова се статуи на српските кралеви Петар и Александар. |
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #14 Posted: 04-Jan-2008 at 12:54 |
во тој концепт на Скопје (каде се граделе офицерски, народна банка, театарот, Ристиќева итн.) статуите одговараат. Денеска коњаници не одговараат ни на за локацијата ни за времето. А кампањата да го наполниме Скопје со коњи, лавови и слични глупости е се поголема. Се надевам дека разумот ќе преовлада.
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #15 Posted: 13-Jan-2008 at 23:11 |
Тргна возот со коњаниците . Пола илинденско востание качија на коњи. Ова е само прв чекор, во познат македонски стил секоја скопска општина после ќе направи свои коњаници .
Значи 2 коњаника пред камени мост по теркот на српските кралеви во периодот 1913-1944, коњаник пред парламент и голем коњаник на сред плоштад. Јас мислам да го ревидираат и споменикот на Крсте Петков Мисирков и него да го стават на коњ, како и сите други досегашни статуи во Скопје. Евенутално може да уфрлат по некој лав колку да се разбие монотонија Барем Гоце Делчев нека го остават на мира, човекот убаво го учиме како интелектуалец и го знаеме по неговата порака за културен натпревар помеѓу народите. Сите негови статуи до сега биле во тој дух, што има сега да го правиме ко Џингис Кан.
Извор: Вечер |
|
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply #16 Posted: 13-Jan-2008 at 23:34 |
Колку агресивно се буткаат лошите идеи, тоа е неверојатно. Првин собранието, сега ова со лавовите и коњаниците....
А што стана со статуата на Александар Македонски? Што стана со ДУП-от на Мал Ринг(оној на Мирослав Грчев е од 1997 и не е усвоен)? Кинески ѕид? КАМЕН МОСТ АЛО!!!! Стражарницата!?!? Чаршијата? Не знам, има нема крај на овие проблеми чие решавање е приоритет. За ТИПО нема некои вести, ама не би требало да биде долго сето тоа. Македонска Банка? Лумикс ме е*е во здрав мозок очигледно па ќе го игнорирам. Нема друго објаснување за цело ова пролонгирање на градењето. Шит |
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #17 Posted: 13-Jan-2008 at 23:52 |
ама тука не се работи за мешање приоритети туку за невиден кич и невкус. Како прво, статуи/коњаници не се клупи или канделабри па да нарачаш цел контингент од еднашка. Тие грижливо се бираат со цел да се облагороди, украси некоја урбана целина но само од кога ќе се комплетира (целината де). Не сум чул за друг случај во светот каде плоштадот не е готов (и таков недовршен зјае од неговото создавање едно 100 години значи) ама битно на него садат кипови. Неможе ние да го компензираме недостатокот на историски урбан континуитет (кој меѓу другото е изразен со недостатокот ваков тип на градски украси) во неколку месеци од последната година од мандатот на Аларова. Да не го спомнувам воопшто повторно моментот дека сме 21 век и дека никој нормален освен на балканот не дига коњаници, а ние ни помалку ни повеќе ќе монтираме 4 такви за многу кратко време. И Скендербег е чистка утка. Без да навлегувам во политичките аспекти на тој споменик изгледа смешно на онаа локација. Главниот Албански национален херој го ставија покрај паркинг и прометен булевар. Мислам дека секако заслужил многу подобра локација од таа што ја доби. Истата матрица на размислување се користеше и кога се преименуваа аеродромите. Петровец е најмизерниот аеродром на балканот битно има најпретенциозно име. Можеби првин да го изградеа новиот терминал со кој ќе се гордеевме сите па да го крстеа по таква голема историска личност и ќе имаше некаква логика. Но вака пристапот е јасен а мотивите проѕирни. Катастрфора! |
|
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply #18 Posted: 14-Jan-2008 at 00:27 |
Посакувам и јас волку добро да ја доловев ситуацијата, ама навистина
мозокот ми беше блокиран од замислата на коњаниците на плоштадот.
Kога сме веќе кај плоштадот и неговиот лик, сакам да посочам на Кнез Михајлова, најпрометна пешачка зона во Белград, слична на улица Македонија. Но многу по слична на плоштад Македонија, ако знаете што сакам да кажам. Ова го имав слушнато одамна, ама сега видов со мои очи: На оваа слика обрнете внимание на жардињерата - може ви е позната. Се на се, градов не може да е по мизерен.... Паѓам во депресија |
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #19 Posted: 14-Jan-2008 at 00:34 |
па да, ул. Македонија многу потсеќа на Кнез Михајлова, но пешачките зони во цела Европа се горе доле слични (не зборам за објектите кои ги формираат пешачките зони иако и тука има мноогу сличност по цел континент, туку за материјалите кои се користат за поплочување, урбаната оперма, содржините итн...), се работи само на варијација на тема. Така да тука не гледам некоја причина посебно да се нервираме. Јас сум лично задоволен како искочи улицата (плоштадот не толку ама и тој не е страшен), поголем проблем е нетранспарентноста и импровизациите кои беа како и секогаш изразени кога е во прашање реализација на некој вакви проекти. Значи постоеше опасност да искочи мноооооооооооооооогу полошо. На пример како Кејот 13 Ноември. |
|
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply #20 Posted: 14-Jan-2008 at 00:47 |
Не се работи за горе-доле слично, се работи за идентично. Никаква оригиналност, а за квалитетот на изработката сведочат деформираните плочки. Добро, на што се должи тоа - фушерајство или слабо одржување - мене никогаш не ми стана јасно. Улица Македонија нема врска со ова, улица Македонија ја сметам за инвестиција што драстично го подобри изгледот на градското јадро. |
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
Post Reply | Page 123 209> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |