![]() |
![]() |
![]() |
Гасификација |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 282930 |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Изборот на компанија која треба да ја гради дистрибутивната гасоводна мрежа ќе почека
Изградбата на дистрибутивната мрежа на гасоводот во земјава е е заглавена поради административни пречки. Надлежните институции со месеци подготвуваат методологија и правилник за избор на компанија кој треба да ги поврзе општините, а со тоа и домовите со главната цевка на гасоводот. Министерот за економија Крешник Бектеши за ТВ24 вели дека се уште трае постапката за избор на компанија која треба да ја гради дистрибутивната мрежа на гасоводот во земјава. Методологијата предвидува начин на кој ќе се утврдува цената која треба да ја плаќаат потрошувачите, но и цена која ќе биде за пренос и дистрибуција на гасот до крајните потрошувачи. „Моментално чекаме да биде усвоена методологијата од страна на Регулаторната комисија за енергетика согласно која, треба да се дадат понудите од двата конзорциуми кои се турски компании. Јас верувам дека до крајот на годината ќе имаме конкретна понуда.“ - вели Бектеши. Телевизија 24 побара став од Регулаторната комисија за енергетика, до каде е методологијата која е клучна за изборот на компанијата која треба да ја гради дистрибутивната мрежа на гасоводот. Од ова независно тело велат дека започнале фаза на носење на нов Правилник кој треба да ги одреди приходите и просечните тарифи на природен гас, но и организирање и управување со пазарот на приртоден гас и дистрибуција на гас. „Во тек се финални активности во кои се предвидени пресметки на елементите кои се составен дел на методологијата а се директно поврзани со начинот и формата на определување на тарифа за нов дистрибутер на природен гас. Регулаторната комисија за енергетика преку јавна постапка и преку вклучување на сите заинтересирани страни, ќе ги има во предвид и предлозите, мислењата, забелешките и коментарите дадени од страна на компаниите избрани од страна на Владата на Република Северна Македонија за учество во втората фаза од конкурентниот дијалог, и тоа во Платформата наменета за тендерската постапка.“ - велат од Регулаторната комисија за енергетика. Од Градот Скопје пак велат се уште е рано проблематиката со гасоводот да се насочи на локално ниво. Прво да се реализираат обврските кои ги има централната власт,а дури потоа да се зборува за дистрибутивната мрежа. „Неопходно е од страна на централната власт прво да се заврши изградбата на магистралниот гасовод низ државата и интерконективните приклучоци со соседните земји, каде во повиците предуслов беше да се изгради најмалку 50 отсто во градските општини и најмалку 20 проценти во руралните општини од предвидената примарна дистрибутивна мрежа на природен гас.“ - велат од Град Скопје. Според информациите од надлежните институции, оние општини кои што во овој вакум период подготвуваат или веќе имаат комплетна документација за почеток на изградба на дистрибутивна мрежа ќе може побрзо да ги почнат градежните работи. Оние локални самоуправи пак кои тоа не го сториле ќе изгубат дополнително време во административни процедури и обезбедување на технички документации. https://24.mk/details/izborot-na-kompanija-koja-treba-da-ja-gradi-distributivnata-gasovodna-mrezha-kje-pocheka |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Creative ![]() Newbiе ![]() Joined: 12-Nov-2023 Online Status: Offline Posts: 2 |
![]() ![]() |
Ама има еден дел во целава гасификациона приказна што не ми е баш јасен. Со изгртадбата на Те-То (Топлификација/Синтез), капацитетот на гасоводот ќе се искористи нешто над 50% (од до сега минорни 10%). Што би значело дека со проектот на владата за сопствена Те-То веќе малце се натфрла капацитетот на гасоводот. А што останува за индустријата и за останатите,.
|
|
![]() |
|
Creative ![]() Newbiе ![]() Joined: 12-Nov-2023 Online Status: Offline Posts: 2 |
![]() ![]() |
This is my first time visit here. From the tons of comments on your articles, I guess I am not only one having all the enjoyment right here.
|
|
![]() |
|
UROS ![]() Senior Member ![]() Joined: 28-Mar-2023 Online Status: Offline Posts: 217 |
![]() ![]() |
Od Januari 2025-ta ke se zapocne so proektot gasifikacija na grad Kavadarci. https://www.facebook.com/regionalnaKTVKavadarci/videos/1016039359658710
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
ГРЦИЈА ПОЧНА ДА ГО ГРАДИ ГАСНИОТ ИНТЕРКОНЕКТОР СО МАКЕДОНИЈА
Компанијата „Терна“ пред четири месеци беше избрана за изведувач на грчкиот дел на интерконекторот, при што го презеде деталниот проект, набавката на материјали и изградбата на гасоводот Неа Месимврија – Евзони/Гевгелија.
https://plusinfo.mk/grci-a-pochna-da-go-gradi-gasniot-interkonektor-so-makedoni-a-e-bide-gotov-idnata-prolet/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 282930 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |