build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Ски центри (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Ски центри (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 789
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15191
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 10-Dec-2023 at 19:55
Ама ич не им верувам во предизборна година
За сè има вторпат
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 10-Dec-2023 at 21:52
На Пониква беше инвестирано и пред неколку години, знам имаше вештачки топови кои стоеја така без врска неупотребувани.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 22-Jan-2024 at 18:34

думајќи гласно во однос потребата за Зимски Детски Одморалишта [1] две работи ми паднаа во очи ...

~

прво во однос то првата фотка од првиов фус, кога и дали ќе дочекаме некогаш ако не друг самите новинари да сторат некаква проста матпеинт монтажа, та во однос написите и репортажите да ни доближат појасна претстава каде како некој нов туристички комплекс треба да никне, иако тоа би требало и со закон да ет норма за секој инвеститор кој добил државен тендер т.е. уште пред аплицирање за лицитација на туристички проекти да обзнани на јавност концепт идеја, а веќе на конкурсот да достави и детален план за таквиот концепт односно низ 3д визуелизација да предочи конструктивни еколошки и туристички приказ за концептот, што чинам денес е просто изводлива работа дури и пред воопшто да се отпочне проект!

второ во однос апансаз тендерот за "Нов Ски Центар" на Шапка [1] на страната на елем има само ендек [2] додека фоткатата за ски центаро објавена на nezavisen [3] очигледно е извадена од старио веб на елем [4] е сега ова е оној "Мастер План" за Шапка [5] односно дел од визиите за Просторнио План за Полог, во кој логично би требало да има абер и за Национален Парк, но за кој иако се зборува од поодамна дури скоро 2020 е турната инерција [5][5][5


но нели го кочат и дивоградби со кои се нема сеуште абер што натака, чунки во Зона За Одржливо Управување се па ќе најде некакво чаре, сепак врел костен кој може да бидне и грч орев та секоја идна Влада да си крши заби нанего [6][6][6] бреј во првио 6-ти фус 80 биле, а во последнио фус уште една 0 никнала та сега 800 дивоградби биднале, Риспект дифтарлук може цела планина да тера нели, но ако биднат свлечишта нека санираат сами дифтарана, особено ако тоа не се срвајвл ќумези него елитни хациенди!, а ако неможат а мора Општина или Држава да интервенира тогај за возврат бар да мораат да издаваат гајба или соба со предност за македонски Сограѓани а по нормални локални цени!, бар една Соба за возврат сервисирање она што на втора би било далеку поскапо општината да им го реши дали се тоа потпорни ѕидои дали патна улична или фекална инфраструктура!, но да не биднат од 800 додека дојде чаре 8k дивоградби, хм како тргнало бар ќе имаме подобен Фавела Маркетинг Спин за СкиШ ...  




Edited by beTon - 22-Jan-2024 at 18:38
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 22-Jan-2024 at 19:07

Originally posted by beTon

е сега ова е оној "Мастер План" за Шапка [5]


хм, чисто за споредба мастер плано бил на ниво на ЛЕАП, додека ДУП немало ни во 2021 [6] е сега дали дивоградбите би можело да се стокмат во некој ДУП а тоа да е условено со таков дил да можат само на македонски сограѓани да издаваат Соби и по достапни цени незнам, но тоа би било некој компромис!, сигурно станув збор за луксузни вили та како поинаку да се најде нзс а Народ на тоа да даде Амин!?, можеби чаре е Пола Куќа Национализација а како не би се пристапило со слепа примена на Законо за Дивоградби односно Рушење на овие кои многу веројатно се надеваа на проширување на Законо ко втора законска иницијатива за Легализација на Дивоградби, но биднало што биднало а дека тоа ќе се случи еве гледаме ни sds нит dui за такво нешто не смогнале сили, та зар утре дпмн тоа ќе го стори!?, но може пак дпмн ко минатио пат да извиси за ситно та на втора s&d да ја оправат со некаков постизборен партиски рекет!?, мислам не дека можат да фалцнат денес избори со лесно но ако помина на фора то референдумо за отанизирачко обезличуење тогај зошто не пак избори да се наштимаат подобно!?, хм не ми мерите на думиве ги фрлам чисто во контекст што би било кога би било дали ќе стигнеме до 8k дивоградби на Шара или ќе застане на ова!?)

друго што изненадува, некој спомна повеќе Шестоседи треба по падините, но прво што бидна со то новата во каква форма ет знае ли некој [7] исто дали ваква инвестиција ќе биде от аир за Народ или само белосветски парајлии!?, можно ли да имаат субвенциониран билет за вакво нешто Социјални Случаи ако не друг, иако би било логично секој еден Спортист зачленет во "Зимско Спортско Здружение" (нема да речам скијачко з'ш има и бордери и санкачи) да има бенефиции, незнам ова дали и како е регулирано!, а кога ова го спомнав има ли можност да се стокми некој Речен Канал на Шара со паралелна Боб Стаза од некое утре Бачило со Жичара донего а ето се до Град да тера дури и како туристичка атракција!?, звучи возможно за изведба но како би се решиле наслаги на снег понего незнам, може порајат би било да има тензилна настрешница која по потреба би се извлекувала, но сепак и ко обично стокмен потфат вакво нешто би чинело, но момент кој и за Даунхил в Лето би се користел, иако за таков Вело Спуст би требало да се смисли и нешто ко помошен безбедносен Кајт доколку летне некој преку ивица [8
 


Edited by beTon - 22-Jan-2024 at 19:07
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 23-Jan-2024 at 15:08
постои ли некоја физибилтка за економскиот кост бенефит од државно инвестирање во Ски Центри, колку ние треба да издвоиме за некој Ски Центар подобно заживее, тука влегува од народна каса кеш за инфраструктура осветлување обезбедување итн. интервенции, а за чиј аир!?, да речевме ова со Шапка е разбирливо бидејќи веќе пат и осветлување има иако доколку таму никнат елитни хотели посекако (зависно од дилото околу концесијата) ќе треба и пат да се шири и осветлување да се редимензионира, воопшто околијата да се уреди и тоа одржува ... но повторно на крај од тоа аир кој ќе види!?, дали за Народ некогаш сеопшто достапна ќе биде таквата понуда?, дали воопшто се размислува државата да инвестира во Детски Одморалишта ем како истите таму на Шапка би им биле бесплатно достапни на сите бар Одлични Ученици или пак Наградени та некако ваков Зимски Центар би се искористил во однос Социјален Инжињеринг за мотивација на Младите да Учат!?, но доколку така се тера добро би било под Наградно да се евалуира не само Знаење туку и Волонтирање на Млади по НВО-а или пак Општествено Корисни Проекти!, бреј 24/7 ќе бидат полни таквите Детски Одморалишта!, и Риспект како занив наместо едикои буџовански протуви да се димензионираат ваквите Планински Центри ем през цела година таму некој да и се радува на таа Природа, надополнето со разни зимски ил летни спортски активности, нејм ит, зиплајн од врво Цар на Шара (кој сеуште удбашана&удбалитичари не нашле за сходно да го детитоизираат нали да си знајме дека сеуште титоизам им ет вгнезден у државничка вијуга)

нејсе, веројатно груевци зато сакаа в Скопје да мастерплан-нат Ски Патеки на Водно т.е. елита да уживет на Шапка а за детска радост компензација да ет брз скотски зимски спин, иако само то потребштините за вештачкио снег долгорочно поскако ќе чинат од која и да е хотелска инвестиција на кој и да е иден концесионер на таков центар!, зато и никој не им се јави веројатно!?, незнам всушност што бидна со оваа идеја, воопшто на кого му текнала!?, во секој случај интересна да речеме сепак нам се' ни ет решено од инфраструктурен пристап дотаму та уште ова кусур остана од скопска туристичка понуда!, хм попрво од ракав фрленио спин за Градски Велодукти ќе бидне поефективен туристички спин [1] него вакво нешто, бар в Град ет ем речиси Сите знаат на Точак да се качат, а потенцијал имат и за приврзоци потака од Град ко врзани за Вело Стазите на Водно а може и потака кон Козјак та да збрчи лејбл Ултра Вело Престолнина во европи ... но да речеме Водно има потенцијал но попрво за Вело Парк каде би имало нешто налик Вело Халфпајпои Рампи и Дред Стази кои при евентуална снежна бура ето ќе може да се развозат и Сноубордерски, ама да се инвестира од кој и да е во вештачки снег во Планинска Земја ко нашава то мислам ет навистина дубиозно на кому и да му текнало, нели Дубаи сме ние та ни се може и Цепелини на Крстовар горе да слетват, да не има некој поатрактивен спин слободно нека предложи за да не останеме кусур во анализите, бар еФорумска хартија трпи све, и така треба да биде, пр. мојата досетка каде' би имало логика од Зип Лајн [2] но такво нешто апансаз некој да го опне у програма ем да го турка у агенда а без сеопшта јавна дебата мислам тоа само покажует колку без осет ни се воа удбалитичарите!, нели се' проаѓа само да носи трансајла гласои на трансајла ветуења!, бреј незнаеш кој е пооткачен во својта креативност, овие сега на кои никогаш не им тргнует од рака нешто саглам да сторат освен ветувања, или то нивните пандани в десно кои саде само егзибиционизам си терат кој на крај си велиш поарно ни да не го почнеа, иако за волја на вистината поарно нешто него ништо бидејќи нели парите пак в нечиј џеб ќе бидат протурени!, но и едните и другите се исти со исклучок на груевци кои како тајфа ето нешто од нешто поагилно макар стиропорно срочија, сепак ко морски идеи кои докрај не ги заокружија на крај од нив освен за чудење интервенции во простор нешто особено не добивме како долгорочен ето центарски туристички спин!, ајт бар го обелеа центаро фасадно шампастирано та комотно можеш да си замислуеш ко низ снежни визури да врвиш, хм замисли то некогашната идеја на БорисТ за Ски Центар Караџица груевци да ја беа реализираа наместо Ск'14 што ја туркаа, хм дали тоа ќе биднеше поарен туристички спин, хм можеби, но повторно со касапана центарски визури ко што беа то запуштените фасади в скотскио Центар тнко дека ќе привлечевме и за таков Зимски Центар внимание, иако и ова сега ако не се испегла подобно повторно бадијала и Субрата пак да го довлечкаат но сега на Караџица!, него што бидна сонего?, како не им текна наместо во Охрид на Караџица да му завозеа филмо за 2 милијарди евра Зимски Комплекс, кизнај на втора може ЏекМа ќе го расонат таму нели го снемало Кина а се појавил Македонија ...

еве тро потсетување што имаа во план груевци виа коцевци [3][3][3][3] за SkipYea Vodno Snow Show веројатно со кинески снежни топои [4]~[4][4][4][4][4]~[4] ха никогаш не вели никогаш само треба од евроатлански во бриксовски интеграции да свртиме, бар одтаму многу што директ проекти ќе добиеме додека западно само ситно трошки за ефтино полтронство и нали не пцојсај магаре до зелена трева паси си то нивните фатаморгана ветувања (бреј бар за пари да се бевте шитнале на то западните луциферијани ова пак само за у фриц'мачоро'стрип сте!), нејсе, да не знае некој колку чини таква опрема ем одржуење на истита освен кусуро за вода веројатно планирана од Матка1 да ја црпат таман на зелен снег Народ да скија, нели ако тро заалгана ет и то чудо ќе биднеше!, и не дека ет лоша идеја, но се' додека си ги тераат шефе шефе ми текна, а без сеопфатна долгорочна Народна и Експертска Дебата ваквите идеи концепти и проекти треба да се рецнат како недоносени, а ко такви и рецнати само за семинарски по средни училишта на тема што му фалит на секој еден Град за Подобар Квалитет на Живеење ем што от то ет приоритет ил како доколку е неопходен би се качил на скалата на приоритети!, проактивно да се задумаат Сите како и за што би се фрлиле Народни Пари а од тоа да видат аир што повеќе Сограѓани!, депласирано е мислам да кудам не ја бива идејава, напротив може да бидне и повеќе од корисна доколку Пингвини почнеме на Водно да чуваме, но дајте бе еднаш со време дебатирајте пред и воопшто нешто во некоја партиска програма да заврши а не пак на Влада да се турка ко помија за бркање избирачки гласои!, незнам само кога ќе се досетите дека за такво нешто ви требит здраво осигуран eTOS (еВОО) [5] наместо ко по обичај после свадба тапани да татнат небаре така почисто оро излегвит, хм можеби за теми ко Безбедност и Одбрана, но за вакви урбани муабети чинам без не навремено туку предвремено думање единствено што ќе ни сервираат ет дефакто помијалук, сркај сетне ти здраво било у нашево општество кому му се може што сака да си дроби штом до народна фотеља се дочепа, Аирлија нели поарно и тоа него ништо

Риспект не поштедила Сограѓанка од недоносено терање недоносена идеја!


2o15


2o19


Back to Top
UROS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 28-Mar-2023
Online Status: Offline
Posts: 153
  Quote UROS Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 15-Mar-2024 at 20:35
Kaj detskoto odmoraliste Mihajlovo blizu Kavadarci ke se gradi mini Ski staza

https://www.facebook.com/regionalnaKTVKavadarci/videos/2261002100773421/

https://www.google.com/maps/place/41%C2%B011'36.9%22N+22%C2%B004'01.6%22E/@41.1933813,22.066941,331m/data=!3m1!1e3!4m4!3m3!8m2!3d41.1935833!4d22.0671111?entry=ttu

https://kavadarci.gov.mk/urbanizam-urbanizam-oglasi/231115-nacrt-izveshtaj-za-strategiska-ocena-vrz-zhivotnata-sredina-za


Edited by UROS - 15-Mar-2024 at 22:37
Back to Top
carver91 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 162
  Quote carver91 Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 15-Sep-2024 at 20:51
Неки новости?

Originally posted by stef4o

Што предвидува планот за Попова Шапка: нови 16 скијачки патеки, сезона од над 100 денови…



Скијачки патеки, системи за вештачки снег, сместувачки капацитети, паркинзи, ски-лифтови, жичари, угостителски објекти, како и планинарски домови, предвидува планот за разој на ски-центарот Попова Шапка, што денеска на прес-конференција го претстави компанијата „ТехноАлпин“, а е одобрен од Владата. Станува збор за инвестиција вредна над 180 милиони евра.

Инвестицијата треба да се реализира почнувајќи од 2023 година и ќе се спроведува во шест инвестициски фази, од кои првата изнесува речиси 55 милиони евра.

Претставникот на компанијата „ТехноАлпин“ Немања Џого истакна нивната цел е да привлечат повеќе туристи на Попова Шапка.

Тој посочи дека планираат да направат нови 16 скијачки патеки.

– Ако се развиваат нови ски патеки тогаш мора да да имаме и нови ски лифтови и нови жичари.
Вкупно сакаме да изградиме девет нови жичари, а на почетокот би направиле две од нив.
Во правата фаза би ги изградиле системите за вештачки снег, тие се навистина многу важни, сакаме тие да бидат целосно автоматизирани и да бидат поврзани со нашиот софтвер. Тоа е многу важно за ски-центрите затоа што планираме да работиме повеќе од 100 дена на Попова Шапка, а ако сакаме да го направиме тоа тогаш ни требаат системи за правање на вештачки снег за да можеме да гарантираме отворање на сезоната на почетокот на декември и затворање на крајот на март, истакна Џого.



Тој додаде дека исто така е потребна и набавка на ратраци. Во рамки на цела инвестиција се планирани седум нови ратраци, а во првата фаза планирана е набавка на два.

– За да правиме снег потребни ни се резервоари за вода, би инвестирале во два резервоари и за зимската сезона би ги користиеле за правање вештачки снег, а во летото ќе ги користиме како летни атракции, рече претставникот на „ТехноАлпин“.



Тој нагласи дека сакаат да инвестираат и во крос-кантри скијање и дека планираат да изградат 15 километри нови стази за крос-кантри.

– Важно е на клиентите да им се дадат повеќе можности за искористување на планината. Во првата фаза сакаме да изградиме два нови спа-хотели со четири ѕвезди, а вкупно да бидат четири во целиот проект, а сакаме да ги искористиме и постојните хотели. Исто така би имале и викендици, важно е за нас да ги имаме овие викендици и тие да бидат блиску до ски-центарот, сакаме да ги имаме тие стази за почетници коишто ќе бидат блиску до овие викендици. Исто така сакаме и два планинарски домови со 160 места. Би имале и пицерија, но изградба и на ресторан каде што ќе може да се зема храна за носење. Предвидени се и паркиниг места коишто сега ги има недоволно. Планираме три нови паркинзи како и улици коишто ќе водат до новите хотели, информираше Џого.

Тој додаде дека важно е тоа туристичко место освен во зимската сезона, да се користи и во летната, па поради тоа планираат да инвеситираат и во изградба на алпски жичарници кои што ќе бидат блиску до езерата како и во нови велосипедски патеки.

Првата фаза е могу важна за нас, планираме да го изведеме тоа во периодот од 2023-2028 година, а потоа имаме уште шест фази, со што вкупно се седум фази за да се реновира целиот ски-центар Попова Шапка. Ќе имаме поврат на средствата само ако можеме да гарантираме повеќе од 100 денови за скијање, ако не ја достигнеме таа бројка тогаш може да го заборавиме повратот, тоа нема да функционира, нагласи Џого.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на прес-конференцијата во Влада наведе дека Попова Шапка е туристички центар во Република Северна Македонија што е лоциран на 1700 метри надморска височина, каде што постои можност за уживање во скијање и други зимски спортови на отворено за време на постудената сезона, како и уживање во класични летни планински спортови, благодарение на голем број патеки и планински патишта.

– Станува збор за прилично стар ски-ентар, каде првите основи започнале да се градат во текот на 50-те години од минатиот век, додека помеѓу 1970-тите и 1980-тите е изградена ски-зоната со ски-лифтови и патеки, како и првите хотели. За жал, повеќе од две децении не се инвестираше во модернизирањето на постоечките капацитети или проширување на сегашните, па поради истото, локалитетот во денешно време е застарен и заостанат, постојните ски-лифтови се застарени, нема систем за правење снег и последователно скијачката сезона е условена од временските прилики, односно, се скија само кога има обилни врнежи на снег, а скијачките патеки главно се поврзуваат без каква било адаптација на теренот, потенцираше Нуредини.

Министерот нагласи дека жичарата со градот Тетово повеќе не е употреблива и оти пристапот до ски-центарот сега е можен само со користење на возило.

Нуредини истакна дека поголемиот дел од хотелските капацитети се застарени, додека услугите поврзани со локалите за храна и пијалоци се малку достапни, а во високите планински делови нема планинарски домови.

Тој заклучи дека генерално туризмот на нашите планини, иако доживува позитивен тренд, има силна потреба од масовна преадаптација и реновирање на постоечките капацитети за да ги исполнат тековните стандарди за квалитет што ги бара пазарот, бидејќи, како што нагласи, без да го сторат тоа им прети опасност од исчезнување.

– Тргнувајќи од овие факти инициравме физибилити студија за проект за реновирање на ски-центарот Попова Шапка. Попова Шапка во едно минато време беше предизвик за врвни имиња на зимските спортови, но за жал долгогодишното неинвестирање доведе до сериозно заостанување и неискористеност на бројните можности и капацитети за развој на туризмот што го нуди овој планинарски локалитет високо вреднуван и на европско и на светско ниво. Големо задоволство беше што успеавме да добиеме сериозна понуда од страна на реномирана европска компанија од Јужен Тирол, „ТехноАлпин“ којашто е светски лидер во производство и инсталирање на системи за вештачки снег, признат експерт за дизајн на скијачки терени и скијачки зони, посочи Нуредини.

https://nezavisen.mk/shto-predviduva-planot-za-popova-shapka-novi-16-skijachki-pateki-sezona-od-nad-100-denovi/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15191
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 16-Sep-2024 at 09:20
Нема ништо, колку што знам.
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 789

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.684 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.