![]() |
![]() |
![]() |
Oбиколница на Ресен |
![]() |
Post Reply ![]() |
Author | |
The Wild Boy ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() Posted: 08-Apr-2021 at 11:56 |
Гледам овој инфраструктурен проект е во планот на оваа власт. Незнам кога и како би се изградил, ама е од голема важност овој проект. Особено за оние што транзитираат кон Охрид преку Битола, и за товарниот сообраќај исто така.Моментално, пред влезот во Ресен има некој недовршен пат што наговестува дека за време на Југославија им било во план да се направи Ресенска обиколница.Еве како изгледа тоа:
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Edited by The Wild Boy - 09-Apr-2021 at 18:49 |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Еве еден совет за почеток, кога црташ на мапи труди се секогаш нагоре да ти биде север. Ако веќе не го ставаш горе, стави стрелка кон север во еден ќош на мапата.
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
The Wild Boy ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
Знам, ама дека од брзање а и плус последно ми беше така. Следна пат ќе гледам точна ориентација да биде :-) Инаку, слободно ако може некој подобро од мене нека нацрта и прати. Мојот цртеж е груба претпоставка. Можеби нема 100% точно од таму да минува трасата, или можеби нема точно таму да завршува. |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Се обидов да најдам вести поврзани со најавите, има на гугл од 2018 и 2019, но нема ништо постаро. На пример од некој локален ресенски весник или портал нешто архивирано од СФРЈ. За Битола се наоѓа многу, ама за Ресен ништо така старо.
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
The Wild Boy ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
И јас сум барал доста. Барав и за A1 од Велес до Катланово што е граден во 80 - те години, но едино што успеав да најдам се слики од омладинските работници кои што биле дел од таа таканаречена радна акција, и тоа е тоа што можев да најдам. Слики, или друго нешто слабо. Тешко се наоѓа во глобала за историјата на патиштата.
А2 Ѓорче Петров - Тетово е граден средина - крајот на 90 - те години и тоа цели 10 години, барем така покажува Google Earth. A2 Тетово - Гостивар експресен пат е граден 80 - те или доцните 70 - ти, но како експресен пат. За A1 Смоквица - Граница Богородица и Скопје - Куманово, вклучително со експресниот пат кај Аеродромот се исто така градени во тој период. Но, нит слики, нит текстови, нит списанија, јас неможам ништо да најдам. Треба да направиме посебна тема за историјата на патиштата, да споделуваме информации, слики, текстови, и слично. Бидејки патот од Битола кон Ресен граден е или реновиран во 80 - те години, а тоа се приметуваше по дотрајаните знаци пред да се реконструира патот, сигурно тоа што го пратив каде што завршува патот пред Ресен им било план да направат барем некоја клучка до самиот град, а можно е и да имале план за обиколница на Ресен. Битола има добиено обиколница исто така тој период. На Google Earth се гледа, ако го отворите тој панелот за историја, мислам 84 или 85 се приметува брзиот пат од Прилеп до Битола, со се обиколницата на Битола завршен, и некаква градба од Битола кон Ресен. Сепак, како и многуте заостанати планови, пропаднати планови, и не остварени планови, можат сега да се реализираат. Не би коштало многу оваа обиколница на Ресен, а би било од големо значење. Повеќето што се од Југот, или Југоистокот патуваат преку Прилеп и Битола према Охрид. Ете и тоа е една од причините зошто A3 треба и ќе биде Автопат. Едно што е алтернатива на A1 кон Грција, и е под - коридор, но исто така е алтернатива на A2 кон Охрид, и кон Албанија. Edited by The Wild Boy - 08-Apr-2021 at 17:16 |
|
![]() |
|
The Wild Boy ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
Подолу на линкот ја имам исцртано обиколницата на Ресен, и неколку дополнителни поврзувања на истата. Секако дека бидејќи сеуште нема никакви информации за каде би одела точната траса на истата, јас си ја нацртав од мое гледиште. Секако дека нацртаното не е 100% точно и реалистично, но колку толку се обидов да исцртам најдобро што можам.
https://www.google.com/maps/d/edit?mid=1fHZZg34mswDsjwFgH58WuD2X5I7Ud-o&usp=sharing Во црна линија се исцртани самите клучки. Мислам дека четири клучки на самата траса се сосем доволни. Првата клучка кај главниот влез на ресен ја нацртав како трубна клучка. Гледајќи каков агол опфаќа веќепостоечкиот пат, ништо чудно да и порано било планирано да се изгради трубна клучка. Подолу веднаш испод истата клучка има раскрсница, за која се мислев дали да исцртам уште една трубна клучка (како што имав првично направено на сликите погоре), но гледам така обете клучки би биле доста близу, што би создало проблем (traffic weaving), па така да овде можеби ќе треба да се изнајде друго решение да се овозможи по - директно поврзување према градот (можеби една издигната рампа од источна страна која што би се поврзала на патот кој што оди западно према градот, па така да се искористи веќепостоечката кривина, која што во овој случај би се претворила во еднонасочен пат). Понатаму втората клучка, исто така ја исцртав како трубна клучка. Овде трасата одбрав да оди директно низ фабриките па према улицата 29ти ноември во самиот град. Бенефитот овде е што тие фабрики би се врзале директно на самата обиколница, па така да камионите нема да има потреба во опште да одат низ уличките во самиот град. Ова поврзување исто така остварува добра поврзаност со самото централно подрачје на градот Ресен, што е корисно за да се зголеми искористеноста на самата обиколница, а и да се обезбедат повеќе алтернативни влезови и излези од самиот град со што драстично би се растеретил и разредил сообраќајот со самиот град исто така. Понатаму, следната исцртана клучка е од видот Parclo AB2. Несакав сите клучки да бидат трубни, сакав малку да има нешто различно па затоа овде и се одлучив да исцртам Parclo клучка. Освен тоа, со спојниот пат не само што се спојува селото Јанковец, туку и Хармот Св. Никола кој што е во близина на самата клучка, плус останати помали патишта кои што се користат за земјоделие. За локацијата на самата клучка се одлучив да биде непосредно после гробиштата во С. Јанковец, бидејќи увидов дека тоа би допринело до солидно поврзување не само со самото село, туку и северниот крај на Ресен, па така да и тие што живеат малку погоре од Ресен накај С. Јанковец и тие што живеат во самото село, може да имаат бенефит и да бидат солидно поврзани на оваа важна обиколница. Последната исцртана клучка е кај С. Избишта и таа е исто така од вид на трубна клучка. Е сега овде со самата клучка оваа обиколница на ресен може да заврши овде и да продолжи по веќе постоечкиот пат према Охрид (најголем дел од кој што е со доста кривини), или пак (според мене) уште подобро, во некоја си "втора фаза" да се инвестира и да се продолжи тој пат од обиколницата се до близина на С. Горно Крушје, каде што и гледам дека веќе постои пат кој што е со поблаги кривини, и дури и дел каде што има дополнителна трета лента за искачување. Па така да, јас лично не гледам ништо против да се продолжи обиколницата на Ресен за неколку километри. Е сега овде секако јас бидејќи исцртав од мое гледиште незнам каков е теренот точно, па незнам да кажам што точно и како би требало да се изгради овде. Но како што можам да увидам тој продолжеток на обиколницата на Ресен (исцртан во плава боја) или би требал да оди покрај самите ридови, или да има неколку пократки тунели. Секако дека овој продолжеток би коштал дополнително, и би можел да ја зголеми самата цена на обиколницата во Ресен, но бенефитите се тие што ги спомнав. На крај краева немора да се изгради веднаш со самата обиколница, туку може во иднина во некоја си "втора фаза". Зелените исцртани линии се каде веќе постоечките патишта би се усмериле, бидејќи кога би се изградил тој продолжеток на обиколницата, веќепостоечкиот пат ќе треба да се затвори, а и со самото тоа би се оневозможил локалниот транспорт измеѓу околните села, пристапи кон нивите, пристап кон С. Лева Река, па затоа овде имам исцртано како веќепостоечките селски патишта би можеле да се надоврзат и да се спојат со тој веќепостоечки пат, бидејќи кога би се изградил тој продолжеток пристапот кон стариот пат би бил забранет (обиколницата би станала минимум пат резервиран за моторни возила, на кој што трактори, коњаници, поспори возила не смеат да возат), па вака со тоа што го имам прикажано, тој сегашен пат тогаш кога би станал локален пат би се надоврзал со околните села, и не би бил затворен во целост. Во кафеафа боја ги имам исцртано деловите од веќепостоечкиот пат кои што би биле затворени кога би се изградил тој продолжеток. И генерално тоа е тоа. Мислам дека за почеток, за подобрување на овој патен правец ќе е сосема доволно, а во иднина би можеле да размислуваме како до подобар пат према с. Косел и Охрид. |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Dobro smisleno
|
|
![]() |
|
iristevski ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 11-Feb-2016 Online Status: Offline Posts: 15 |
![]() ![]() |
Основен проект за обиколница на Ресен:
https://roads.org.mk/wp-content/uploads/2023/03/20210623-Nacrt-SOZS-proekt-za-drz_pat-A3-obikolnica-na-Resen_Diwi.pdf Edited by iristevski - 01-Jul-2024 at 08:37 |
|
Build Responsively
|
|
![]() |
|
FiLo ![]() Senior Member ![]() Joined: 26-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 148 |
![]() ![]() |
Очајно фали обиколница кај Ресен.
Периодов често го возам овој пат, и навистина си треба, премногу време се губи низ Ресен, Јанковец и Избишта, непотребно се оптоваруваат со сообраќај овие села и Ресен. 15 километри е моментално од делот каде што завршува спуштањето од Ѓавато па се таму после кривините кај Избишта. Во моментов се возат околу 20тина минути. Со обиколница би се скратило за половина, максимум 10 минути ќе биде. Edited by FiLo - 18-Aug-2024 at 12:01 |
|
![]() |
|
Bistro ![]() Senior Member ![]() Joined: 16-Dec-2018 Online Status: Offline Posts: 101 |
![]() ![]() |
20 минути се вози и од Ресен до Битола |
|
![]() |
|
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
Иако ресенската обиколница е во програмата на новата влада, рокот за нејзината реализација е дури до 2030, што не ми дава некоја надеж дека ќе има некое придвижување овде наскоро.
|
|
![]() |
|
FiLo ![]() Senior Member ![]() Joined: 26-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 148 |
![]() ![]() |
6 години за 9 км пат во рамен терен...
Edited by FiLo - 19-Aug-2024 at 00:26 |
|
![]() |
|
Spaceman_MKD ![]() Newbiе ![]() Joined: 29-Jan-2022 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 5 |
![]() ![]() |
Денес (9.11.2024) има изјава од Коце Трајановски директорот на ЈП државни патишта за обиколниците на Тетово Кавадарци и Ресен на следниот линк од фејсбук.
https://www.facebook.com/share/1B3jnGENK4/ „Би сакал да потенцирам дека за жал голем дел од градовите немаат обиколници и затоа ЈПДП започна со изгарадба на обиколница на Тетово, а обиколниците во Ресен и Кавадарци се во проектитрње и се надеваме дека следната година тие обиколници ќе ги градиме и откако ќе ги изградиме тие да бидат во надлежност на локалната самоуправа, а не на ЈПДП,изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски." |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |