Скопски сообраќај (општо) |
Post Reply | Page 123 158> |
Author | |||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply
#1 Topic: Скопски сообраќај (општо) Posted: 14-Nov-2007 at 08:00 |
||||
Користете ја оваа тема за се што е поврзано со состојбите во сообраќајот во Скопје, како се одвива, кои се проблемите, решенијата, планови за во иднина...
Edited by Cloverstack - 13-Mar-2008 at 14:55 |
|||||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #2 Posted: 16-Nov-2007 at 14:50 | ||||
Извор: Тотал Edited by Cloverstack - 13-Mar-2008 at 14:52 |
|||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #3 Posted: 16-Nov-2007 at 19:03 | ||||
Од вакви дилетантски текстови искрено ми е преку глава. Или новинарот нека се запознае добро со материјата која што ја обработува, или нека консултира вистински познавачи. Не може со маалски муабети и наводни анонимни експерти да се решат проблемите во сообраќајот во Скопје. Додуша во текстов има некои работи со кои што се сложувам: - Решавањето на паркингот треба да биде приоритет, особено во центарот. Тоа ќе се одрази и на растоварување на сообраќајот. - Пенов дефинитивно крајно неодговорно се впушти во брзоплето предизборно уредување на плоштадот и ја саботираше можноста ефтино да се изгради голем подземен паркинг во апсолутниот центар на градот. - Парите што сепак се собираат од паркинг изгледа завршуваат сегде, само не таму каде што навистина треба. - Неефикасното одвивање на сообраќајот во Скопје сите ние го пллаќаме со многу потрошен бензин, многу потрошено време, непотребно загадување од возила кои стојат во место или едвај се движат... Крупни инвестиции во примарната сообраќајна мрежа (иако релативно скапи), би се исплатиле многу брзо на најразлични начини. Ама текстов е сепак преполн со глупости:
Оваа бројка е дефинитивно далеку надвор од реалноста. И кои се тие „неофицијални“ статистики? Првата бројка што му прднала на памет кога го пишувал текстов?
Визија дефинитивно имало, а и сеуште е важечка во форма на постоечкиот ГУП. Сега ни останува да работиме на проектите во ГУП-от, кои долго време се одлагани. И нормално да ги заштитиме планираните сообраќајници од урбаната мафија и од разни други крајно неодговорни обиди да се бришат или „поместуваат“. Ме нервира тоа што премногу често слушам како сообраќајната мрежа во Скопје е лошо испланирана... Луѓево ја гледаат моменталната ситуација и тоа е нивниот заклучок. Но напротив, Скопје има одлично испланирана сообраќајна мрежа, која треба да го направи ултра-ефикасен град. Ама таа во голем дел уште не е изградена и тоа причината зошто имаме ваква ситуација. А луѓето не знаат ни дека е проектирана, и тоа по скоро празни коридори каде што има многу малце за рушење а и тоа е безвредно...
Да, во Скопје треба да се градат многу надвозници/подвозници (како што и е планирано), ама ни еден на споменатите локации. Имено: - Кај судска палата се ќе биде релаксирано доколку се растовари преку докомплетирање на мрежата на други места. Не е планирана денивелација, а не е ни потребна. - Кај Нова Македонија е планиран надвозник, но не на раскрсницата како што мисли новинаров, туку над јужниот булевар што ќе поминува од таму. Јужниот булевар е тој што ќе го направи главното растоварување. - Улица Македонија треба во континуитет да биде пешачка, а улицата Димитрија Чуповски доколку остане отворена за сообраќај треба да се спушти да поминува под пешачката зона.
Овој „експерт“, ако воопшто постои, кредибилитетот го губи веднаш со желбата да останел анонимен. Каков е тој експерт кој на ваков начин, анонимно се залага за одреедени свои ставови, токму во неговата стручна сфера? Ова е во најмала рака неетички и дилетантски пристап... Ако има што да каже, особено како експерт, нека си стои зад тоа што го тврди... Дополнително ја доведувам под прашање стручноста на овј експерт ако воопшто постои, со неговата заложба, оние 3 споментати улици да биле претворени во еднонасочни... Тотално погрешен пристап! Кој барем малку има осет за оваа проблематика, знае дека таквото решение ќе креира многу нови проблеми а нема да реши скоро воопшто од старите. А и она сврстување на јаглерод диоксидот како локален загадувач ми изгледа смешно. Сообраќајот продуцира многу штетни гасови кои загадуваат и локално, ама CO2 некако не ми се вклопува во таа листа.
Оваа бетонска ивица ми изгледа како уште едно фрлање на пари единствено за да се креираат само нови проблеми... Нема никаква потреба да правиме вакви лоши решенија... Кој не ја почитува жолтата лента нека си има работа со сообраќајната полиција (која дефинитивно треба многу повеќе да се ангажира, и во многу други ситуации, а не да спие) Уште полудо звучи што и идниот трамвај го ставаат во целава каша... Вакво одвојување за трамвај е дефинитивно пожелно секаде каде што тоа може да се изведе. Ама зошто тука ги мешаат и автобусите и таксистите? Од милион проблеми што редовно би настанувале еве неколку: - се расипува автобус и ја блокира лентата... автобусите и таксистите позади заобиколуваат со можност да се оштетат преминувајќи преку ивицата, а трамваите не можат да заобиколат и се натрупуваат и закрчуваат се додека не биде автобусот одвлечкан - пренатрупаност со бројни трамваи, автобуси и такси возила, сите ограничени да возат само по една лента, без можност за претекнување - проблеми во престројување за автобуси и тасксисти - проблеми за таксисти да се вклучат или исклучат по потреба - знаејќи колку добро се одбележани и каква е видливоста на слични заебанции изградени од локалните власти, ќе има голем потенцијал за бројни сообраќајни несреќи - обични возила сепак ќе може да непречено да влегуваат зашто е јасно дека таа препрека е неизводливо да биде сегде континуирана Воопшто ме плаши помислата дека нема да прават дополнителен простор за трамвај... Автобуси и трамваи континуирано на иста лента е лошо решение, дури и без дополнителни глупости како онаа „препрека“. Исто така дополнително закрчување на веќе преоптоварени улици и крстосници со трамвајска траса врз постоечките ленти е штетно решение. Господа, трамвајот или изведете го како што треба, или воопшто не го почнувајте... Трамвајот да биде издвоен, на дополнителен простор, по можност во средина на трасите каде што тоа е изводливо. Мора да се примени и максимална можна денивелација. И нормално, не импровизирајте со трасите - почитувајте го ГУП-от. Edited by Cloverstack - 25-Nov-2007 at 02:26 |
|||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #4 Posted: 22-Nov-2007 at 13:46 | ||||
Ова е прилично општ напис, ама индиректно ја опишува токму денешната ситуација во Скопје каде една группа дилетанти запнале да ги сменат урбанистичките планови и да направат неколку колосални урбанистички грешки кои ужасно скапо ќе не чинат.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5DE0E80AEB283941A4F1933DE40213C9
Edited by Cloverstack - 13-Mar-2008 at 15:06 |
|||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #5 Posted: 23-Nov-2007 at 16:49 | ||||
Kојзнае која по ред посета на странски експерти... Цело време ни доаѓаат експерти, а и нашите „експерти“ ги праќаме да шетаат по светов, без никакви конкретни резултати
По кој пат веќе ветуваат: современо опремување на крстосниците, зелени бранови, сообраќаен контролен центар и што ли не друго... Добивам впечаток дека се што „работат“ се службени патувања и повторување на истите веќе одавна излитени изјави... http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=1452&mid=24&tabId=1&tabindex=0
Edited by Cloverstack - 13-Mar-2008 at 14:55 |
|||||
dejan
Senior Member Joined: 01-Sep-2007 Location: Australia Online Status: Offline Posts: 672 |
Quote Reply #6 Posted: 24-Nov-2007 at 05:03 | ||||
Pa do kolku eksperti trebat da dojdat od Germanija.
|
|||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #7 Posted: 28-Nov-2007 at 01:51 | ||||
И ова може да дојде тука. Само да не испадне најава од типот на претходната
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2E4BDD03475F8441A8534FEF36AC3B12
|
|||||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #8 Posted: 28-Dec-2007 at 10:02 | ||||
Неколку проекти со висок ризик со оглед на тоа кој е на власт. Да се надеваме на најдоброто. Сепак прв пат слушам за оваа нова раскрсница на Александар Македонски. Кловер знаеш ли за некаква раскрсница што е планирана на тој булевар, или се работи за уште едно револуционерно привремено решение? На тој булевар му фали клучка наместо единствената постоечка раскрсница а не нови раскрсници
|
|||||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #9 Posted: 28-Dec-2007 at 10:07 | ||||
еве што викаат на сајтот на градот
се работи ваљда за збрка со зборови како и обично, сепак е во прашање трифуновата клучка.
|
|||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #10 Posted: 28-Dec-2007 at 12:13 | ||||
Очигледно да. Лошо е да се генерализира, ама новинариве стварно не се на ниво... Edited by Cloverstack - 06-Jun-2008 at 02:52 |
|||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #11 Posted: 05-Jan-2008 at 18:33 | ||||
Дејане ти ли го имаш ставено клипчево на јутјуб?
Фино нема што Звуците од Фолк Фест Валандово му даваат и дополнителен шмек |
|||||
maxi
Newbie Joined: 04-Jan-2008 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #12 Posted: 07-Jan-2008 at 13:49 | ||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #13 Posted: 07-Jan-2008 at 14:07 | ||||
Нашата стара добра навика по секоја цена да се влегува во закрчена крстосница и со тоа да се закрчи уште повеќе, на штета и на тој што влегува. Имаме и рационално решение - да се легне на сирената Добредојде maxi |
|||||
maxi
Newbie Joined: 04-Jan-2008 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #14 Posted: 07-Jan-2008 at 15:13 | ||||
Dobro ve najdov
|
|||||
gotsomekicks
Senior Member Joined: 01-Sep-2007 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 305 |
Quote Reply #15 Posted: 07-Jan-2008 at 20:32 | ||||
C c c c, ludilo
|
|||||
mitatos
Senior Member Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
Quote Reply #16 Posted: 15-Jan-2008 at 01:48 | ||||
ja mislam deka najgolemiot metez vo gradov go pravat semaforite so brojki )
na primer kaj sudska palata mnogu bi mozelo da zavrsi rabota eden KRUZEN TEK, i podzemen premin , posto kako prvo ulicata da ja pominuvas e rizik , isto taka i raskrsnicata malku podole sto go povrzuva NUB so MNT e rizik za pesaci, i tuka treba nekoe resenie, spored mene tuka e najgolemata guzva, toa e najproodna raskrsnica, ne znam dali nekoj bil vo Varna, ima isto vakva raskrsnica, koja ima podzemen pesacki premin napraven kako trgovski , baska korisen , a najveke me nerviraat ova semaforive so broenje .. |
|||||
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
|||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #17 Posted: 15-Jan-2008 at 02:17 | ||||
1. Семафорите со одбројувачи имаат одредени недостатоци (во однос на надисциплинирани возачи), но севкупно имаат повеќе предности. 2. Кај судска палата не треба никаков кружен тек или други импровизации. Таа ќе си функционира сосема добро кога ќе се изградат некои други планирани сообраќајници кои за жал долго време ги одложуваме. За кружните текови и зошто сум толку против имам зборувано во повеќе наврати. Не знам зошто толку луѓе мислат дека кружен тек е некакво си магично решение кое е одговор на сите проблеми. Да беше така, кружни текови ќе се правеа масовно насекаде во светот. 3. Кај НУБ и МНТ исто не гледам каде е ризикот во врска со нејзиното техничко решение. Ако има недисциплина кај возачите и пешаците, тоа е сосема друго прашање и не треба да се решава со подземен премин на пример. Плус тоа недисциплината баш оди спротивно на оваа логика, зашто дури и ако се изгради таков премин, тоа значи дека луѓето нема да го користат. Важно е да се бара коренот на проблемот и според тоа да се решава. Edited by Cloverstack - 15-Jan-2008 at 02:20 |
|||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #18 Posted: 15-Jan-2008 at 02:51 | ||||
Ајде сепак да илустрирам за кружните текови, мислам визуелно најлесно се сузбиваат некои заблуди.
Во кратки црти, ќе го повторам она што секогаш го кажувам: Кружните текови нудат малку предности а имаат многу недостатоци. Пожелно е да се применат само во многу специфични ситуации. Недостатоците особено доаѓаат до израз во средини со ниска собраќајна култура (како кај нас), па ние треба да сме уште попретпазливи во примена на кружни текови. Особено е честа заблудата дека кружните текови имаат поголем капацитет од контролирана крстосница - напротив, кружните текови слабо се справуваат со интензивен сообраќај. Не е ни чудо што на многу места во светот дури и се преправаат стари кружни текови во регулирани крстосници. 1 2 3 4 Edited by Cloverstack - 10-Oct-2008 at 21:37 |
|||||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #19 Posted: 15-Jan-2008 at 09:49 | ||||
мене па ми се свиѓаат семафорите со бројки. Немора веќе да нагаѓам уште колку има да чекам плус на подолги семафори можам комотно да ја угасам колата а и полесно е реално да процениш од далеку дали има шанси да го фатиш зеленото. Во многу градови вакви бројачи се ставаат токму на места каде многу се чека со цел да ги мотивираат возачите да ги угасат возилата во тој период со што би се намалило загадувањето. кружен тек на таа локација спрема мене не одговара. Кружен тек може да изгледа многу убаво, често кружните текови се и симболи на некои големи градови и од тој аспект ми се свиѓаат. Но тука завршуваат предностите и аргументите на Кловер држат вода. Значи во тоа окружение (НУБ, Мавровка, Судска палата, УКИМ) мислам дека кружниот тек не би изгледал ништо посебно. Во однос на подземниот пешачки премин. Во принцип сум за но под услов да се затвори скроз таа раскрсница. Доколку пешачкиот премин остане како алтернатива поголемиот дел луѓе ќе продолжат да го користат него. Од друг аспект мислам дека локацијата е изджана, таму има голем проток на луѓе што е еден од главните предуслови таков подземен премин да може да функционира комерцијално. |
|||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #20 Posted: 15-Jan-2008 at 16:43 | ||||
Да во право си, естетски може да изгледаат многу убаво. Ама за решавање на сообраќајни проблеми не ни треба естетика туку ефикасност. Не знам зошто некои запнале допрва во Скопје да насадат кружни текови на секој чекор, ваљда не ја ставаат естетиката на прво место Прееска заборавив да кажам и дека не може секаде да се направи кружен тек (ради просторни ограничувања). Кружните текови бараат доста простор. Не можеш да ставиш пепељара на сред раскрсница и така да направиш кружен тек. За колку-толку да се ублажат некои проблеми кои произлегуваат од кружен тек, кругот мора да има пристоен радиус. А тоа ретко каде може да се изведе освен ако не е однапред планирано. Еве следниве неколку примери се баш големи кружни текови, но сепак не ги бива. Да почнеме со Париз и триумфалната капија. Него стално го истакнуваат поборниците за кружни текови. Демек дај да бидеме ко Париз, таму сето тоа супер функционира... Епа еве гледајте колку супер функционира! Единствено добра страна му е што има многу ленти, па има голема пропустна моќ (но бројот на лентите предизвикува нови проблеми). Да не знаев дека ова е Париз, ќе мислев дека е Калкута (според стилот на возење). Кај нас у иста ситуација би имало постојани тепачки и убиства на вакво место... Не се шалам Ајде да видиме како изгледа приодот кон познатиот кружен тек „Бурџуман“ во Дубаи. Таму имало константен застој... Инаку во Дубаи е во тек тотално напуштање на постоечките кружни текови и градење на крстосници и клучки на нивно место. До толку добро што се покажале Еве ја и ветената земја за кружни текови - Англија. Таму се далеку најзастапени. Но и тие почнаа да ги напуштаат. А голем дел барем ги преправаат во регулирани кружни текови (со семафори). Ова оди против целата филозофија на кружниот тек, но тоа добро зборува колкави проблеми создаваат тие. Ова што следи е цела епопеја на некоја типка од Лондон. За да се пробие до и низ кружниот тек и требало повеќе од еден час. Кога конечно ќе се извлече, во спротивен правец ќе регистрира колона кон кружниот тек долга над 5 миљи! Ова едноставно не би било добро за менталното здравје на Скопјани... Case closed! Се надевам разбив некои заблуди Кружните текови се прилично застарено сообраќајно решение. Поготово во денешно време кога крстосниците можат да бидат компјутеризирано регулирани (и со тоа да се постигне максимална флексибилност и ефикасност), кружен тек е уште понеатрактивна варијанта. Кружни текови да, ама само во специфични ситуации. Кои се тие ситуации ќе дискутираме во друга прилика, сега ме мрзи Edited by Cloverstack - 23-Jun-2008 at 01:11 |
|||||
Post Reply | Page 123 158> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |