build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нуклеарна електрана?

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 18>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 13-Feb-2009 at 07:09

Македонија исклучена од големите енергетски проекти

четврток, 12 февруари 2009, 19:17

По најавите за можна заедничка изградба на нуклеарка на Хрватска и Албанија, енерегетските експерти за Алфа оценуваат дека главната причина поради која Македонија останува надвор од големи енергетски проекти е слабата економска моќ на земјата. Изградба на нуклеарка, како долгорочно решение за лошата енергетска состојба и увозната зависност на земјава се предвидува и во Енерегетската стартегија која е во завршна фаза на разгелдување. Според Академикот Томе Бошевски доколку Македонија бара партнер за заедничка нуклеарка, тоа треба да баре сигурен и докажан партнер во нивната изградба, како што се Бугарија или Романија. 

Но, Бошевски е скептилен околу ваквиот исход и вели- “Во услови на инвестициона криза, тешко дека помали земји како нашата, веднаш би се зафатиле за изградба на нуклеарна централа. Дури и да бидеме партнери во изградба на нуклеарка, вели Бошевски, треба да понудиме барем 500 милиони евра, а Македонија е со скромна инвестициска моќ“.

Оттука, експертите на МАНУ сугерираат Македонија да се орјентира кон изградба на гасните електрани.
Но, со ова не се согалсуваат малкуте експерти за нуклеарна енергија во земјава кои велат дека нуклеарката можеби е најскапа како инвестиција, но и долгорочно најисплатлива. Според нив нуклеарката, чија изградба би чинела 2.5 милијарди евра треба да се гради во Мариово.

Во енергетската стратегија која ја изготвува Ману, како долгорочно решение се предвидува изградба на нуклеарна централа. Енергетските експерти од неодамна сугерираа дека и да се изградат сите други предвидени хидро, термо и гасни централи, на земјава повторно ќе и недостига енергија. Нуклеарната централа не само што ќе го покрие домашното производство на струја, туку ќе произведе и вишоци.

http://vesti.alfatv.com.mk/


Edited by lslcrew - 13-Feb-2009 at 07:10
Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 16-Feb-2009 at 13:49
цареви се овие од Вест - за илустрација на веста поставиле слика од нуклерката во Спрингфилд од серијата Симпсонови LOL

АЛБАНСКАТА ВЛАДА СО ПОНУДА ДО МАКЕДОНИЈА
Скопје да инвестира во нуклеарната централа во Албанија

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=163605&idg=9&idb=2600&rubrika=Makedonija

Албанија ја повика Македонија да учествува во изградбата на нуклеарната централа на албанското крајбрежје. За изградба на оваа централа Албанија започнала преговори и со Косово и со Црна Гора. Ваквата информација за телевизијата "Алсат" ја потврди албанскиот министер за економија и енергетика Генц Рули.
"Сигурно во нашата визија изградбата на една нуклеарна централа не е само национално дело туку е енергетско дело од регионално значење. Поради тоа значајна компонента останува соработката и координацијата со другите влади во регионот кои се заинтересирани за изградба на нуклеарната централа. Ние досега сме ја тестирале волјата на хрватската Влада која, исто така, го гледа ова како нејзино енергетско решавање. Ќе разговараме со црногорската Влада и, несомнено, со владите на Косово и на Македонија", изјави Рули.
Од македонската Влада велат дека ќе се разгледа оваа можност, но дека конечниот став ќе се знае откако МАНУ ќе ја подготви стратегијата за развој на енергетскиот сектор.
"Дали тоа ќе биде инвестиција во некој проект кој е во Албанија или во Бугарија, ќе зависи од анализите за тоа што е подобра можност за Македонија и за регионот", изјави министерот за економија Фатмир Бесими.
Н. С.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=163605&idg=9&idb=2600&rubrika=Makedonija





Edited by anDarko - 16-Feb-2009 at 13:50
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 18-Feb-2009 at 01:09

„Белене“ подобра опција од „Скадар“

Според аналитичарите, предлогот за изградба на албанско-хрватска нуклеарка кај Скадар е се' уште само идеја и за изградбата ќе се чека 20 години, што ја прави помалку конкурентна алтернатива од „Белене“


Нема дилеми дека мора да се приклучиме на сигурен извор на енергија: нуклеарката „Козлодуј“

Македонија треба што побрзо да даде предлог за финансирање на изградбата на нуклеарната електрана „Белене“ во Бугарија, бидејќи ако ја испуштиме оваа шанса, за една деценија може да се соочиме со 100-процентен увоз на струја, предупредуваат експертите. Според аналитичарите, новиот предлог за изградба на албанско-хрватска нуклеарка е се' уште само идеја на политичко ниво и за нејзина целосна изградба ќе се чека најмалку две децении, што ја прави помалку конкурентна алтернатива на проектот „Белене“.

- Голема грешка е што Македонија се' уште не одговара на понудата да се финансира изградбата на НЕ „Белене“. Тоа е најдобрата опција во моментов за да го решиме проблемот со снабдување со електрична енергија. Ставаме политика таму каде што не треба да ја има. Станува збор за технолошки прашања и потреби. „Белене“ задолжително треба да биде искористена од наша страна. Нуклеарката во Албанија е нова идеја, која на политичко ниво ја разгледувале премиерите на Хрватска и Албанија - изјави Максим Гонев, електроинженер, експерт за енергетика.Според него, предноста на Бугарија е и во тоа што има големо искуство со нуклеарката „Козлодуј“, како и технолошка предност, па така за Бугарите нема да биде проблем стручниот кадар што ќе управува со нуклеарката.

- Нуклеарната енергија е најевтина и чиста. Со совесна и професионална работа може добро да се управува и со нуклеарниот отпад. Сега постојат држави што ги нудат своите стари рудници за складирање на ваквиот отпад во добро затворени контејнери, како на пример Унгарија. Кај нас се' уште постои еден вид бауч од хаваријата во „Чернобил“, но факт е дека таква хаварија не се случува тукутака и е многу ретка - додава Гонев.

"БЕЛЕНЕ" ПОБРЗО ВО ПОГОН

Дека НЕ „Белене“ е подобра алтернатива смета и професорот на Машинскиот факултет Атанаско Тунески, кој е и бивш директор на Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО).

- „Белене“ ќе биде многу побрзо направена и пуштена во употреба, некаде од 2014 година, а нам ни треба струјата што побрзо, освен ако не е прескапа во споредба со другите нуклеарки. Проблемот е што власта доцни со одговорот на понудата на Бугарија. Тие воопшто досега не ни се обидоа да се приклучат во проектот. Не знам дали воопшто уште важи оваа понуда за нас - изјави Тунески.

Според него, ако Македонија наскоро не направи големи инвестиции во енергетиката и ако не се приклучи на „Белене“, за пет години сите вработени во државата ќе работат од утро до мрак само за увоз на струја.

- Ќе станеме робови за да можат неколкумина да заработуваат од провизиите и високите цени на струјата од увоз. Резервите на јаглен ги трошиме, пропаѓаат сите тендери за изградба на нови капацитети, а и оние што се почнати да се градат се во застој. Наскоро Македонија ќе стане 100 отсто зависна од увоз на струја - предупредува Тунески.Од друга страна, академик Глигор Каневче од МАНУ, кој е раководител на тимот што ја подготвува Националната енергетска стратегија на Македонија по нарачка на Владата, смета дека е тешко да се каже која алтернатива е подобра без конкретни понуди.

- Од Бугарија немаме конкретна понуда, а проектот во Албанија се' уште е само почетна идеја. Бугарската влада потпиша договор со германски РВЕ, со кој сите расположиви 49 отсто се отстапени на инвеститорот, па така Македонија не би можела да учествува во сопственоста. Единствено ни останува однапред да закупиме струја. За Албанија, исто така, не би можел однапред да зборувам бидејќи се работи само за идеја. Таа нуклеарна централа не би можела да биде готова пред 2025 година - изјави Каневче. „Дневник“ вчера контактираше со државната бугарска компанија НЕК во Софија, од каде ни рекоа дека, освен првичните разговори на политичко ниво, Македонските власти не оствариле никаков понатамошен контакт.

- Имаше разговори на политичко рамниште, но досега од Македонија нема стигнато никаков предлог ниту барање. Во моментов ние ја формираме мешовитата компанија меѓу РВЕ и НЕК, а почнува и изградбата на нуклеарката - велат од прес-центарот на НЕК.

ЗАКУП НА СТРУЈА

Бугарската заменик-министерка за економија и енергетика, Галина Тошева, уште кон крајот на минатата година пред македонските новинари изјави дека Македонија не може да учествува во сопственоста на НЕ „Белене“ бидејќи финансиската конструкција е веќе завршена. Акционери на „Белене“ се Бугарија со 51 отсто и германски РВЕ со 49 отсто од капиталот на нуклеарката.

- Учеството на Македонија во „Белене“ е прашање на преговори со новата компанија, која ќе биде формирана. Вицепремиерот Зоран Ставрески изрази желба Македонија да ја финансира изградбата на „Белене“. Вашата влада треба да дефинира како сака да учествува и да дојде со предлог - изјави тогаш Тошева.Според бугарскиот министер за економија и енергетика Петар Димитров, договорите за продажба на електричната енергија ќе бидат склучувани една година однапред. Вицепремиерот Зоран Ставрески вчера не беше во можност да одговори на нашите прашања бидејќи ја водеше последната владина седница. Тој во октомври лани, веднаш по посетата на Бугарија, најави дека најдоцна за три месеци ќе биде донесена одлуката за учество во нуклеарката.

- Добиени се позитивни сигнали за финансирање на проектот. За сметка на тоа, ќе добиеме извесно количество електрична енергија од нуклеарната централа. За нас беше значајно да добиеме релевантни податоци од прва рака за да направиме соодветна анализа на исплатливоста на тој проект. Дали да се вклучиме во тој проект или е поисплатлива алтернативата да изградиме сопствена нуклеарна електрана - изјави Ставрески пред речиси пет месеци.

Најмалку четири милијарди евра

Вкупната инвестиција во НЕ „Белене“ ќе изнесува околу 4 милијарди евра, од кои РВЕ само за 49 отсто од сопственоста ќе плати 1, милијардаевра. Изградбата ќе ја врши руската „Атомстројекспорт“, со која е потпишан договор по системот „клуч на рака“, во износ од 4 милијарди евра. Подизведувачи се француски „Арева“ и германски „Сименс“. Нуклеарната централа „Белене“ ќе располага со два нуклеарни блока со моќност од по 1.000 мегавати, кои годишно ќе произведуваат по 14.000 гигават-часови електрична енергија. Бугарија ќе користи до 9.000 гигавати, а остатокот ќе се продава.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=390368288726B4408304AD3DA5801B17
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 18-Feb-2009 at 01:15
Не е воопшто коректно доколку медиумски дилемата од тоа дали треба да се прави или не, се префрла на далиемата дали Бугарија или Албанија! Ако некој мисли дека ќе ја направи Македонија енергетски независна вака, тогаш длабоко се зафркнал! 
Back to Top
polval View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 177
  Quote polval Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 20-Feb-2009 at 16:11
Originally posted by lslcrew

Не е воопшто коректно доколку медиумски дилемата од тоа дали треба да се прави или не, се префрла на далиемата дали Бугарија или Албанија! Ако некој мисли дека ќе ја направи Македонија енергетски независна вака, тогаш длабоко се зафркнал! 


ApplauseApplauseApplause
Добра поента!
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 28-Feb-2009 at 02:46

МАНУ ВО ЕНЕРГЕТСКАТА СТРАТЕГИЈА ПРЕПОРАЧУВА ПО 2025 ГОДИНА ДА СЕ ГРАДИ АТОМСКА ЦЕНТРАЛА


Нуклеарка во Македонија?!

Според македонските академици по овој период ќе бидат создадени услови за изградба на ваков капитален енергетски објект


Во Македонија треба да се гради нуклеарна централа по 2025 година бидејќи по овој период ќе бидат создадени услови за изградба на ваков капитален енергетски објект. Со ваков став се македонските академици, чии анализи се составен дел од веќеизготвената енергетската стратегија. Со неа науката укажува и дава предлози за тоа како треба да се решат енергетските проблеми во земјава. Стратегијата веќе е на увид во Министерството за економија и за десетина дена на оваа тема ќе почнат да се одржуваат јавни расправи низ државата. Во подготовката на стратегијата учествуваше Истражувачкиот центар за енергетика, информатика и материјали ИЦЕИМ-при МАНУ заедно со целокупниот научен и стручен потенцијал во земјава.Стратегијата ја третира енергетиката во земјава од 2009 до 2020 година, со визија до 2030 година.

Според академик Глигор Каневче, раководител на експертскиот тим задолжен за нејзина подготовка, енергетската јавност треба да биде информирана за сите сегменти за да може да го даде своето мислење. Предвидено е да се почитува мислењето на сите оние кои тоа ќе го аргументират со факти и анализи.
- Академиците на МАНУ, надлежните служби во Министерството за економија, енергетските здруженија како и целокупната македонска јавност ќе бидат дел од трибините - нагласува Каневче.

Тој вели дека главните насоки на стратегијата се во максималната искористеност на хидропотенцијалот, јагленот, обновливите извори на енергија (сончева енергија, ветер и биомаса), постоечкиот гасоводен систем, како и регионална поврзаност со уште еден стратешки гасовод.

Академик Каневе тоа го појаснува со актуелните проблеми што неодамна се случија со снабдувањето на природен гас како последица на руско-украинскиот спор.За Каневче добро ќе биде нашата земја да се поврзе со гасоводниот прстен на Источна Европа. Министерот за економија укажа дека од Стратегијата се бара да бидат прецизирани целокупните потреби за енергија во земјава, но и како тие ќе бидат задоволени. Тој укажа и на фактот дека досега ниту една Влада во земјава нема усвоено стратегија за развој на енергетиката. Според него, досега се изработувале само елаборати и анализи, а сега Владата првпат е подготвена да усвои една стратегија врз основа на која ќе се изработи акционен план со конкретни насоки за развој на енергетскиот сектор.

За експертите енергетиката е клучна за понатамошниот развој на стопанството и за обезбедување на поголем стандард на граѓаните. Тие предупредуваат дека ако не се подобрат постојните енергетски капацитети и не се изградат нови, ќе се соочиме со уште посериозни недостатоци на струја.

Валентина МАРЈАНОВИЌ


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=1CA742BEADC8424E8B70518EA561A1B1
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 04-Mar-2009 at 05:20

Нуклеарка во Македонија, реалност или фикција?


Централата „Белене“ во Бугарија е веќе затворено прашање за нас и доцна е за пријавување во тој проект

Експертите велат дека 2025 е најблискиот можен термин ако се почне веднаш со подготовките

Маја Томиќ

Дали на Македонија и' е неопходна нуклеарка и може ли државата да си дозволи еден таков грандиозен проект, со кој дефинитивно се решава проблемот на обезбеденоста со струја? Ова прашање се поставува повеќе години, но дециден став за него нема. Сепак, идејата никогаш не е напуштена, ниту од политичката ниту од експертската фела. Нуклеарката е дел и од инвестициската програма на Владата од 2009 до 2016 година. Премиерот Никола Груевски најави дека МАНУ ќе почне со изработка на посебна стратегија, а ќе се формира и посебна агенција за имплементација на нуклеарна енергија. Според нејзини препораки, Владата ќе ја донесе конечната одлука за изградба на нуклеарка, што евентуално би се случило во 2025 година. Пребрзо или доволно долго? Ако се имаат предвид искуствата од некои европски земји, ова време е прекратко за реализација на проектот нуклеарка.

Доколку сега започнат активностите за нуклеарка, тие би траеле најмалку 15 години, вклучувајќи ја и градбата, велат експерти. Државата прво мора да формира надлежно тело што ќе ги координира сите активности. Според МАНУ, порано од 2025 и нема реални услови за изградба на ваков капитален објект.

„Тоа е многу сложена активност и додека стасаме до нуклеарка, потребни ќе ни бидат неколку илјади чекори. Треба да се испочитува комплетната процедура, согласно со дефинициите на Меѓународната агенција за атомска енергија“, вели академик Глигор Каневче, раководител на тимот за подготовката на енергетската стратегија за периодот 2009 - 2020, со визија до 2030 година, која ја вклучува и можноста за изградба на нуклеарка.

Битно е да се одбере и соодветна локација за нуклеарката, затоа што таа мора да биде во непосредна близина на вода. Идејата на академиците е локацијата да е во Мариово, покрај Црна Река, на која треба да се градат и ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“. Академик Каневче вели дека е пожелно да има хидроцентрали во близина на нуклеарка. Тој додава дека вредноста на една нуклеарка во просек изнесува 2 милијарди евра, што значи дека ние ќе мора да се потпреме на странски капитал.

Студијата на МАНУ треба да покаже и дали за Македонија е поисплатливо да учествува во изградбите на нуклеарки во соседните земји или, пак, да гради сама. Според Каневче, централата „Белене“ во Бугарија е веќе затворено прашање за нас и доцна е за пријавување во тој проект, едноставно, може да преговараме за купување струја. Инаку, би било пожелно Македонија да земе учество во некоја од соседните држави, зависно од тоа дали и каква понуда ќе имаме.

Инаку, Хрватска и Албанија неодамна најавија дека ќе прават заеднички проект за нуклеарка што ќе биде лоцирана во Скадар, Албанија. Земјите на двете влади треба да се сретнат месецов и да ги договорат деталите. Министерот за економија и енергетика на Албанија, Генц Рули, најави дека Македонија ќе добие покана за учество во изградбата на оваа централа, а според албанските надлежни институции, само за подготовката на кадарот што ќе работи на проектот се потребни најмалку пет години.

И Грција неодамна најави изградба на нуклеарка, како последица на недостигот од енергија и ограничените енергетски ресурси. Според информации од грчки медиуми, владата подготвува планови за изградба на атомска централа во реонот на Лерин, за што се воделе преговори со Русија и со Франција, а за таа намена веќе биле обезбедени 675 милиони евра.

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони и францускиот претседател Никола Саркози во Рим неодамна потпишаа спогодба за нуклеарна соработка, која вклучува и градење нуклеарки. Посебно, италијанската „Енел“ и француската „Е Де Еф“ ќе потпишат спогодба за партнерство за изградба на четири реактори во Италија. Оваа земја во 2008 година, со враќањето на Берлускони на власт, реши повторно да се врати кон нуклеарната енергија откако пред 21 година на референдум беше отфрлена идејата за градење нуклеарки. Земјата сака да ја намали зависноста од природен гас и од нафта, а 25 проценти од потребите за електрична енергија сака ги обезбедува од нуклеарни електрани.

Поради повеќе кризи од недостиг на струја и нејзината висока увозна цена, јавноста ја поддржа изградбата на четири нуклеарки, секоја со моќност од 1.600 мегавати. Првата ќе се изгради до 2020 година.

Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 04-Mar-2009 at 21:21
pred nekoj den Nikola Gruevski (bez v ili so v ne e vazno) rece deka vo narednite 6 godin vladata na R.Maketonija ima vo plan izgradba na sopstvena nuklearna centrala.
Kolku toa ce bide vistina i dali ce se igradi e vo rukite na vladata, a jas sakam da imame nuklearna centrala sega ne mora kolku "BELENE"" tuku e nekoja mala kolku za makedonija da se spasi od zavisnos

Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 07-Mar-2009 at 14:59

Нуклеарка во Мариово?


Коментари (25)   
07.03.2009 13:19
Нуклеарката да почне да работи по 2025 година

 

Македонија би требала наскоро да почне со изградба на нуклеарна централа, за таа да може да профункционира во 2025 година.

Ова се предвидува во Националната енергетска стратегија изработена од Македонската академија за науки и уметности, која во денешното интервју за „Дневник“, пошироко ја образложува академик Глигор Каневче.

„Изградбата на домашна нуклеарка ќе значи ангажирање голем број наши фирми. Се работи за армија луѓе при изградбата плус приближно еден вработен на еден мегават моќност што значи уште 1.000 вработени во нуклеарната централа“, смета Каневче.

Според него, локацијата на нуклеарна централа, најверојатно би била во Мариово, затоа што тој терен е многу поволен и од сеизмички и од аспект на населеност.

„Во нашиот план предвидуваме нуклеарката да почне да работи по 2025 година. Таа би била на некој начин алтернатива на можните термоцентрали на јаглен со подземен коп“, вели Каневче.

Тој појаснува дека нуклеарката би била спас, со оглед на високата цена која што треба да се плати за испуштање на стакленичките гасови од централите на јаглен.

„Значи, овие планови многу ќе зависат од сценаријата во светот и Европа за намалување на стакленичките гасови според протоколот од Кјото. Ние сигурно до тогаш ќе бидеме во ЕУ и ќе мора да ги исполниме обврските. Со оглед на тоа дека периодот за изградба на нуклеарните централи е многу долг, преку 15 години од првичните акции. За да може македонската нуклеарка по 2025 година да работи ние мораме да започнеме со активностите сега“, потенцира академик Каневче.

Според Националната енергетска стратегија на МАНУ, на Македонија предвидува до 2020 година и се потребни речиси три милијарди евра инвестиции во енергетскиот систем.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 07-Mar-2009 at 17:53
Тој појаснува дека нуклеарката би била спас, со оглед на високата цена која што треба да се плати за испуштање на стакленичките гасови од централите на јаглен.

Почнува да ме иритира начинот на кој биваме убедувани дека сето ова со нуклеарката е толку едноставно. Како прво Македонија е далеку од максимално дозволените лимити за ЦО2 од Кјото протоколот. Исто така, ако планираат нуклеарка, а работата со јагленот и ЦО2 е таква, зошто тогаш само за годинава се најавуваат 650000 евра за истражување на нови потенцијални наоѓалишта на јаглен. И како побогу ќе прикрпиме до таа 2025? Што во меѓувреме??? А човек може и реално да очекува дека според нашата вообичаена пракса, некој ваков рок би бил дебело прегазен и не би морале да крпиме до 2025 туку поверојатно до 2035.
Муабетиве за нуклеарка се уште ми се чинат како несериозни, без разлика колку периодов не бомбардираат со такви најави.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 07-Mar-2009 at 18:42

Избори се ближат, избори се ближат Затоа нè бомбардираат.

А од МАНУ сфатија дека луѓето сфаќаат дека се само пијаници кои земаат плата бесцелно, па мораа да направат нешто за да се покажат. Искрено ова е второто нешто кое го слушам од МАНУ во мојот живот, првото беше за некоја си размена на територии со Албанија. И да, имам видено една книга на факс кај мене од МАНУ, значи три. Значи сè на cè чамче муабет си прават експертите, јас не видов ништо експертско во 'анализата' нивна. Делот со нашите фирми е особено смешен, баш сакам да видам како ќе изградат Бетон или Гранит нуклеарна централа, и како локалците од Мариово ќе управуваат со нуклеарниот отпад и со калибрацијата на прачките во реакторите. Изгледа од МАНУ планираат и сами да си произведуваме нуклеарно гориво?


Edited by гитардемон - 07-Mar-2009 at 18:45
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 08-Mar-2009 at 20:47
Репортажа на Бугарската Национална Телевизија БНТ 1 за Македонија и НЕЦ Белене:

Македония се оттегля от проекта "Белене"?

Македония е на път да се откаже от идеята да участва във финансирането на проекта АЕЦ "Белене" и има намерение да изгради своя атомна електроцентрала до 2025 година. Това е заложено в Националната енергийна стратегия, изработена по поръчка на правителството от екип на Македонската академия на науките и изкуствата. Според ръководителя на екипа академик Глигор Каневче, идеята Македония да участва в проекта Белене била повече от политически, а не от експертни мотиви.

Все по очевидно става, че Македония няма да участва с инвестиции в изграждането на атомната централа Белене в България. Това, според академик Глигор Каневче, било повече желание на някои български политици, отколкото реалност. Според експерта, който е ръководител на групата, изработила Националната енергийна стратегия на Македония, финансовата схема за АЕЦ "Белене" вече била напълно затворена, а да плащаш ток, който ще получиш след пет години, означавало да си много богата държава.

Очевидно Македония не е такава, след като в Националната стратегия се препоръчва страната сама да построи своя собствена атомна централа. Академикът дори е избрал мястото- това е платото Мариово, където теренът бил много удобен както от гледна точка на земетресения, така и от гледна точка на малкото население. Изграждането на македонска централа щяло да ангажира и да даде работа на много фирми от страната, а след пускането й най-малко хиляда специалисти щели да работят в нея.

Академикът, който минава за един от най-подготвените енергийни експерти в Македония смята, че ако правителството приеме идеята за собствена атомна централа, подготовката трябва да започне веднага за да завърши в най-добрия случай в 2025 г. Стратегията ще бъде внесена за разглеждане от правителството на едно от следващите му заседания. То ще има последната дума "за" или "против" Белене.

Автор: Костадин Филипов - кореспондент на БНТ Скопие

http://bnt.bg/bg/news/view/5274/makedonija_se_otteglja_ot_proekta_belene
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 12-Mar-2009 at 14:39
Среде Мариово ќе никне нуклеарна централа



Автор:  Александар С. Димковски
Македонија
Веќе нема дилеми. Во Мариово се планира изградба на нуклеарна централа. Она што премиерот Груевски го најави како амбициозен план за развивање на нуклеарна програма, го потврдија и во МАНУ. Атомската централата би требало да биде завршена до 2026 година. За да може да се стигне да се изгради дотогаш активностите треба да почнат веднаш, велат во МАНУ.

- Дотогаш ќе бидат изградени „Чебрен“ и „Галиште“ и тоа е добра комбинација на нуклеарна со хидроцентрала и ќе има вода за ладење. Потребно е да се оформи посебно тело со активности на тој план, усогласување на законската регулатива со прописите на Меѓународната агенција за атомска енергија, планирање, едукација и уште многу други работи- ни изјави Глигор Каневче, раководител на тимот во МАНУ, кој ја подготви долгогодишната државна стратегија за енергетика. Владата неодамна најави дека во сферата на енергетиката во наредните седум години планира да вложи 3,85 милијарди евра. Изградбата на самата нуклеарна централа би чинела околу 2,5 милијарди евра.

Нуклеарната енергија е реалност во целиот свет и сè повеќе земји се ориентираат кон овој ресурс. Во Франција 80 отсто од потребите за енергија се покриваат од нуклеарните централи, кои ги има многу во земјата.

Изградба на атомска централа најави и Албанија како заеднички проект со Хрватска. Сепак, двете клучни прашања што се наметнуваат при реализацијата на еден ваков проект во Македонија е обезбедувањето стручен кадар и проблемот со складирање на нуклеарниот отпад.

Во однос на првото прашање академик Каневче вели дека во фаза на изградбата на централата ќе се обезбеди школување на потребниот кадар во некои атомски станици, а ќе се ангажираат и експерти од странство.

- Секаде во светот практика е управувањето со големите системи да се даде на големи компании и тука не треба да има стравување дека нема да создадеме кадар - вели Каневче.

Доне Гершановски, професор на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет, смета дека изградбата на нуклеарен реактор бара многу подготовки.

- Самиот збор нуклеарка значи зрачење и потребно е да има најмалку 3-4 нивоа на заштита. За управување со една ваква станица се потребни 300-400 експерти по нуклеарна физика - вели Гершановски.

Складирањето на нуклеарниот отпад исто така може да биде проблем заради отпорот, кој најчесто се јавува кај локалното население. Нуклеарниот отпад беше проблем и за Бугарија, која по поморски пат го транспортираше до Русија. Според академикот Каневче, главниот нуклеарен отпад, што е најголем по количество и најмногу што зрачи, ќе се носи во фабрики што произведуваат нуклеарно гориво и тие ќе ни испраќаат ново гориво.

- Со самото тоа проблемот со складирање ќе биде нивен. Ние ќе треба да се погрижиме за нискорадиоактивниот отпад, како гумените ракавици на пример што не смеат да се фрлаат - вели Каневче.

Отпадот од нуклеарните централи обично се складира во длабоки подземни засолништа или во добро заштитени контејнери потопени во вода. Потребното време за целосно разградување нуклеарен отпад изнесува стотици илјади години, па дури и милион години.

Екологистите со загриженост реагираат на најавите за изградба на атомска централа во Македонија.

- За нас најдобро енергетско решение е централата во Белене, Бугарија. Со кого ќе ја правиме нуклеарката? Сите во регионот го решија проблемот со учество во Белене. Друго е прашањето каде и како ќе се складира и транспортира опасниот отпад, кога Македонија е многу мала земја по површина - ни изјави Андреја Стојковски од Македонскиот центар за европско образование.

И ДОМ на Лилјана Поповска силно се спротивставуваме на идејата за изградба на нуклеарна централа.

- Македонија е премногу мала за изградба на ваков капацитет. Премногу средства ќе се потрошат за нејзина изградба. Премногу ќе нè чини создадениот нуклеарен отпад, а и премногу е опасно за здравјето на луѓето, почвата и водата - велат од ДОМ.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=339&ArticleID=20071
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 21-Mar-2009 at 23:01
За разлика од домашните написи што ги читаме од неодамна, според stratfor, јужниот сосед зазел став (или има регулирано) дека нема да користи нуклеарна енергија.

Интересна мапа во секој случај:




Edited by Cloverstack - 21-Mar-2009 at 23:02
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 22-Mar-2009 at 00:11
Кога имало во Софија реактор? Или барем близу Софија? А што се однесува до Грција, немаат никогаш кажано дека се против нуклеарна енергија, баш кажаа дека размислуваат да се гради (во леринско, touché). Инаку никогаш го немам кажано мојот став за оваа работа, се согласувам со нуклеарни централи максимално. Баш ме интересира дали има некој од членовите на форумот против (да изложи ставови, вака не е интересно ако сме сите за)
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 22-Mar-2009 at 00:29
Во право си,  ја збркале локацијата на Козлодуј (па и на Белене - ја ставиле кај Козлодуј), ама Козлодуј не е баш нешто многу подалеку од Софија отколку наведената локација на реакторот што потенцијално би се реактивирал, така да конкретно во тој дел не си сосема во право.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 22-Mar-2009 at 00:46

лично јас сум против, но за сега немам потреба од експликација и спорење на моите размисли со останатите членови, со оглед дека навистина ваква работа е оправдана  и енергетски и економски,  земено  и во моментов и долгорочно,  но мене ми боде очи единствено  способноста во иднина  безбедносно  да се носиме со ваков проект, а технички не гледам зошто не би е изводлив, само треба озбилно нафаќање на истиот.

може натака евентуално да соберам неколку текстови кои ќе ги пуштам како некаква хронологија околу иницијативите за нуклеарка во МКД, акад.Бошевски уште од седумдесетите се залага за вакво нешто, но за среќа или не, се досега бевме глуви за неговите заложби.



Edited by beTon - 22-Mar-2009 at 00:48
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 22-Mar-2009 at 00:49
Под безбедносно подржазбираш евентуална несреќа, или евентуално злоупотребување во време на недај боже војна?!

Edited by lslcrew - 22-Mar-2009 at 01:02
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 22-Mar-2009 at 01:01

и двата случаи ми изгледаат за наши услови возможни. но доколку навистина и Албанија и Грција затераат нуклеарки во регионов процентот од  ваква опасност ќе се релативизира, до прифатливо ниво Question  

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 22-Mar-2009 at 01:13

МАКЕДОНИЈА СЕ ПРИКЛУЧУВА КОН ЕНЕРГЕТСКИТЕ ТРЕНДОВИ

Чебрен и Галиште ќе ја ладат нуклеарката во Мариово

Владата го прифати предлогот на МАНУ со нуклеарка да се намали зависноста на Македонија од увоз на струја. Како можна локација за централата се посочува мариовскиот крај, а како можен извор на вода за ладење на реакторот се спомнуваат акумулациите за хидроцентралите Чебрен и Галиште чија изградба Владата вторпат ја понуди на тендер во почетокот на годинава

Владата планира да гради нуклеарка. За централата за спас од енергетска криза како почетна инвестиција премиерот Никола Груевски неодамна најави 1,2 милијарди евра. Конечната одлука за изградба на централата треба да ја донесе Агенцијата за имплементација на нуклеарна енергетика, која допрва треба да се формира. Според новата и сe уште необјавена Национална стратегија за енергетика, која по нарачка на Владата ја изработи МАНУ, рокот за изградба на нуклеарката е до 2025 - 2030 година.
Вака изгледа сценариото, иако ниту една институција сe уште нема направено анализи дали Македонија ќе има доволно вода за зафатот. Зашто, словенечката нуклеарка Кршко се наоѓа на Сава, бугарската Белене се гради на Дунав, а на истата река е и романската Чернавода.
Како можна локација на нуклеарката се спомнува мариовскиот крај, бидејќи е ненаселен и е блиску до Црна Река, од која треба да се обезбеди вода за ладење на реакторот. Таму се предвидени двете хидроцентрали Чебрен и Галиште од чии акумулации ќе се црпи вода за нуклеарката. На почетокот на годинава Владата нивната изградба вторпат ја понуди на тендер откако првиот го поништи поради несоодветни понуди од германски РВЕ и австрискиот Вербунд.
Професорот Антон Чаушевски од Факултетот за електротехника и информациска технологија вели дека ладењето на македонската нуклеарка би било со ладилни кули за што е потребно помало количество вода во однос на природни водни ресурси како река и море.
Од Министерството за економија не сакаат да ја коментираат идејата на МАНУ додека не го видат предлогот од академиците. Велат дека откако ќе ја добијат Стратегијата ќе почнат со детални анализи на водните ресурси во мариовскиот регион, каква е сеизмиката, како и каква инфраструктура е потребна за да работи таму централа. Ќе се испитаат и можностите за ископување ураниум во земјава, при што ќе се одлучи и дали е поисплатливо горивото да се обезбедува од странство или може да се добие од домашни рудници. Тогаш ќе се носат и потребните закони.
Јосиф Милевски од Управата за хидрометеоролошки работи тврди дека врз основа на нивните студии до 2025 година водните ресурси ќе бидат на ниво на 1961 година. Во тој период имало најмногу вода во Македонија. За истражувањето и проекциите на словенечкиот Универзитет Нова Горица во "Сценарио за климатски промени во Македонија" направени за перидот од 1961 година до 2100 година, според кои нивото на врнежи во следните 90 години во регионот на Битола драстично ќе се намали, Милевски вели дека станува збор за многу песимистички сценарија на кои не треба да им се верува.
Според словенечкото истражување, климатските промени до 2050 година треба да предизвикаат намалување на врнежите, и тоа до 2050 година ќе паѓаат само 65 отсто од врнежите што паднале 1961. До 2100 година, сценариото предвидува да паднат само 32 отсто од дождовите што паднале во 61 година.
Поранешната министерка за економија Вера Рафајловска вели дека недостигаат детални анализи за користење на водните ресурси од двете хидроцентрали.
"Подготвени се повеќе студии од странски куќи за оптимализација на системот на Црна Река за производство на електрична енергија, но во најголем дел не се земени предвид останатите можни користења на водите освен за електрични потреби. При изградбата на ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште мора да се земе предвид користењето на водата и за други намени освен за електрична енергија", вели Рафајловска.
Академик Глигор Каневче вели дека Македонија нема време за чекање ако сака до 2025 - 2030 година да ја изгради и вклучи нуклеарката. Дополнителен притисок за реализација на проектот претставува и сe поголемата зависност на земјава од увозна струја, а до 2025 година на Македонија ќе $ требаат нови централи. Постојните термоцентрали дотогаш ќе бидат на крајот на својот работен век.
"Период на изградба на нуклеарна централа е најмалку 15 години, а ние уште немаме ништо започнато. А има многу чекори да се преземат. Стратегијата предвидува изградба на нови термоцентрали на јаглен и гас, како и нови хидроцентрали. Целта е да ги покриваме сопствените потреби од електрична енергија, но сценариото зависи и од глобалните случувања кои тешко може да се предвидат. Затоа производството не треба да зависи од еден енергенс", вели Каневче.
Според академикот, Македонија наместо да се вклучи во проектите за изградба на нуклеарки во соседните земји, треба да изгради нуклеарна централа на своја територија.
"Од еколошки аспект нуклеарната централа емитува многу помалку јаглероден диоксид од термоцентралите, а од економски аспект ќе се отвори работа за домашните фирми и ќе се креираат нови работни места", вели Каневче.
И професорот Антон Чаушевски од Факултетот за електротехника и информациска технологија се согласува дека основна причина во Македонија да се искористи нуклеарната опција е немањето на други енергетски ресурси.
"Македонија има само лигнит со површински коп кој е веќе при крај на исцрпување. Со исцрпување на резервите и со стареењето на постојните капацитети на лигнит, потребно е да се градат нови термообјекти. Опцијата на отворање нови јамски копови на лигнит со изградба на нови современи термоцентрали на јаглен со еколошка технологија според директивите на ЕУ, е скапа варијанта, и е економски споредлива со нуклеарната централа. Македонија како земја што нема директен пристап на море, нема можност за континуирано снабдување на големи количини јаглен како увозна варијанта на гориво. Гасот како опција веќе се воведува со градба на новите гасни електрани, а хидропотенцијалот е со ограничени можности", објаснува Чаушевски.
Според професорот, нуклеарните електрични централи се скапи објекти, но предност е што трошоците за гориво и експлоатација се пониски отколку кај термоцентралите на јаглен и гас.
"Најмалите комерцијални единици за нуклеарна централа денес се 1000 мегавати и за неа се потребни околу 2,5 милијарди евра инвестиција. Ваков капацитет за Македонија денеска е голем, меѓутоа, за периодот кога треба да влезе во работа би бил доволен како за Македонија, а може и пошироко за регионот. Со сериозна нуклеарна програма, најрано што може да се изгради централата е периодот 2025-2030", објаснува Чаушевски.

Во Мариовско има ураниум за нуклеарка?

Во 50-те години, геолози од Нуклеарниот завод Винча од Белград три години ги истражувале резервите на ураниум на Селечка Планина, над селото Кокре, во мариовскиот крај. Резултатите од тоа истражување останале мистерија до денешен ден, но гласовите за ураниум го прават Мариово атрактивно за рударските компании.
Се зборува дека наоѓалиште на ураниум има и во месноста Јамиште кај кратовското село Луково.
Од Министерството за економија велат дека сe уште немаат никакви барања за истражување за експлоатација на ураниумот.

Во светот работат 437 нуклеарки

Над 16 отсто од вкупните светски потреби за електрична енергија се задоволуваат од производството од околу 437 активни нуклеарни централи. Од нив околу 80 отсто се лоцирани во развиени држави. Дури 38 отсто од вкупните потреби на ЕУ се задоволуваат од нуклеарки.
Нуклеарната треска го зафати светот по големиот раст на цените на гасот и суровата нафта на светски берзи, што директно влијаеше и на цената на фосилните горива кои се користат во термоцентралите. Изминатите неколку години за нуклеарки размислуваат речиси сите соседни земји, а некои стартуваа и со реализација на проектите. И во Азија и Русија интензивно се инвестира во нови нуклеарни централи, а се почесто се реализираат слични инвестициите и во земјите на ЕУ.

Нуклеарките еколошки почисти

Македонија до влезот во ЕУ треба да ги намали емисиите на ЦО2 или ќе плаќа пенали. Нуклеарната централа за разлика од термоцентралата нема емисии на стакленички гасови, кои предизвикуваат климатски промени. Радиоактивниот отпад, според Чаушевски, волуменски е далеку помал од пепелот од согорување на јагленот во термоцентрала.
"Нискорадиоактивниот отпад се складира на посебни места, а истрошеното гориво што е високорадиоактивен отпад е во специјални базени во реакторот. Неговиот третман се регулира во договор со испорачателот на свежо гориво за негово враќање назад на рециклирање или крајно складирање", вели професорот.
Во просек една нуклеарна централа годишно создава 20 тони високо радиоактивен отпад од горивото, а според Институтот за нуклеарна енергија, сите нуклеарни централи во светот, годишно би создавале 2 милијарди тони СО2 ако работеа на фосилни горива.

Словенечко Кршко наспроти РЕК Битола

Словенија веќе 20-ина години ја експлоатира нуклеарната централа во Кршко. Таа има инсталирано моќност од 2000 мегавати термална енергија, односно 696 мегавати електрична енергија. Нуклеарката годишно произведува над 5 милијарди киловат-часови електрична енергија, што претставува околу 40 отсто од вкупното производство на Словенија.
Најголем производител на струја во Македонија е Рударско-енергетскиот комбинат Битола, кој работи на јаглен. Вкупната инсталирана моќност во РЕК Битола изнесува 675 мегавати и годишно произведува околу 4,6 милијарди киловат-часови. РЕК Битола произведува над 70 отсто од домашната струја.


http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=28A9AC8B2D07594CBC4EC50BB0585300
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 18>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.207 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.