build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пристаништа и воден транспорт

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4090
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 11-Apr-2009 at 17:20
LOLda dragan imas pravo
nema korist dvete zemji se siromasniDunno, da bese italia aj ce odat graganite vo stranstvo ^....
 
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 11-Apr-2009 at 17:39
Originally posted by Dragan

Министрите за транспорт и врски на Македонија и на Албанија, Миле Јанакиески и Сокол Олдаши, денеска во Охрид потпишаа Спогодба за соработка во полето на поштенските и електронските комуникации, како дел од европската агенда на двете држави.

Dobro eve ke ima transport i sto ke se prenesuva nuklearno gorivo ke se prenesuva.
ja da sum kako vladata ne bi ''frlala'' mnogu pare za ova


Драган, за ваков проект и да сакаш нема кај да ги фрлиш парите. Ќе изградат и двете страни по една барака за пасошка контрола, ќе заградат еден дел со некаква без врска капија како меѓународен терминал на пристаниште, и тоа е. Ни 10.000 евра Остај што не мислам дека ќе бидне, и да бидне, владата не ќе плаќа за нафта, приватници ќе си возат, тие само треба да направат прифатилишта (терминали), за што е доволно и 2 метри квадратни за барака за пасошка контрола на „пристаништето“ во Охрид.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
tasko View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 11-Apr-2009
Location: London
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote tasko Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 12-Apr-2009 at 19:14

Еве ви слика на полициските бродови во охрид, дека многу сакам да бидам полицајец ја ставам оваа слика 1рв.

Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 18-Apr-2009 at 17:20

Бродска линија од Охрид до Поградец

Линијата ќе профункционира во втората половина на јуни годинава

Симон Илиевски



ОХРИД - Бродската линија Охрид - Поградец во Албанија ќе почне со сообраќај пред почетокот на годинашнава главна туристичка сезона. По две години ветувања, ова е официјалната најава на министрите за транспорт и врски на Македонија и на Албанија, Миле Јанакиески и Сокол Олдаши, по средбата што се одржа во Охрид.

Завршени се сите технички подготовки за воведување на првата бродска линија меѓу Македонија и Албанија, освен, како што рече министерот Јанакиески, поставувањето на малите објекти за пасошка и за царинска контрола на пристаништата во Охрид и во Поградец. Воведувањето на бродската линија, според туристичките работници, ќе значи збогатување на понудата, особено за странските туристи кои во текот на престојот во Охрид ќе можат еден ден да поминат во соседна Албанија.

„Ги дефиниравме деталите околу отворањето на бродската линија, која ќе профункционира во втората половина на јуни годинава. Целиот проект е покриен за законски и подзаконски акти, направено е пристаништето во Поградец и останува уште да се монтираат објектите за пасошка и за царинска контрола. Во споредба со другите проекти што ги планираме со Албанија, се работи за мал зафат, но свесни сме дека тоа е во интерес на развојот на туризмот“, смета министерот Миле Јанакиески. За него бродската линија ќе нема профитабилно, туку промотивно значење за развој на трансграничниот туризам на мал простор како што е Охридско Езеро.

Проектот за воведување редовна бродска линија доцнеше неколку години зашто во Поградец, Албанија, немаше изградено соодветно пристаниште за патничките бродови. Последните информации говорат дека пристаништето е изградено и дека по барање на нивните локални власти надлежните институции ги донеле потребните акти.

„Воведувањето на редовната бродска линија, која најверојатно ќе функционира за време на туристичката сезона, е важно за нас. Дотолку повеќе што покрај Охрид, како развиен туристички центар, се отвораат можности и за промоција на Поградец кај странските туристи“, коментира министерот за транспорт на Албанија, Сокол Олдаши.

„Воведувањето а бродска линија со Поградец за нас значи можност за креирање нови аранжмани што ќе почнеме да им ги нудиме на странските пазари по официјалниот почеток, односно за следната туристичка сезона“, објаснува Перо Јакимов од туристичката агенција „Генералтурист 2000“.

Според Јакимов, за да се понуди како туристички производ, двете држави треба да се договорат околу визниот режим за странците и брзината на процедурата зашто туристите треба да имаат гаранции за безбедно и брзо одвивање на процедурите.

Засега интерес за слободната туристичка линија Охрид - Поградец покажале сопствениците на бродовите „Галеб“ и „Александрија“.

„Се надеваме дека по ефектите од слободниот превоз, интерес ќе покажат и другите превозници, а локалната самоуправа ќе процени дали ќе се воведе редовна бродска линија со однапред утврден ред на возење“, вели Љупчо Настоски, капетан на македонските пристаништа.

Туристичките работници од Охрид веќе имаат идеи како во еден ден туристите можат да го посетат Поградец, потоа преку Корча да појдат во Пустец на Преспанско Езеро и да се вратат во Охрид. Со воведувањето на бродската линија, можни се и дводневни аранжмани со посета на внатрешноста на Албанија и повторно враќање на Охрид. Многумина сугерираат и олеснување на пасошко-визниот режим и организирање кружни тури по брегот на Охридско Езеро од албанска страна, посета на Струга и враќање во Охрид.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=8C1204C60DEB8744864AC28508BAF041

build.mk, гради форумска историја
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 18-Apr-2009 at 17:30
Се надевам ова ќе наметне потреба од побрзо модернизирање на пристаништата, па и набавување на нови, помодерни бродови! Доста веќе со оние „Галеб“ и „Александрија“, од кога памтам за себе седат таму...
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 19-Jun-2009 at 17:02

Бродови под македонското знаме ќе запловат низ светските мориња

Владата планира да регистрира шест брода под македонското знаме во Истанбул, откако работната група ќе го заврши проектот за наше пристаниште во тој град

%20

Грција уценува со солунското пристаниште, Драч во Албанија не е доизграден, како ни патиштата до таму, до Бар во Црна Гора водат опасни и кривулести патишта. Наспроти овие порти за македонскиот извоз и увоз, стои најдалечното, она на Истанбул, но кое се наоѓа во пријателска земја подготвена да ни отстапи дел од пристаништето, со што Македонија ќе може да регистрира бродови под македонско знаме.

Ова, како и препораката на Светската банка, биле идеја-водилка на Владата за регистрирање наши карго-бродови. Сепак, и покрај нашето инсистирање во изминатите неколку дена, не добивме ништо поконкретно за оваа идеја од Министерството за транспорт и врски, каде што е формирана работна група за реализација на оваа идеја. Драган Симоновски, портпарол на ова министерство, само рече дека за работната група е задолжена охридската капетанија, без да ни даде дополнителни детали.

Всушност, идејата за закупување на македонско пристаниште била разгледувана во Владата уште во февруари годинава. Првобитно сакале да регистрираат десетина брода, за на крајот бројката се сведе на шест брода, кои за почеток би требало значително да го поевтинат македонскиот увоз и извоз. Бродовите воедно можат да се користат за пренесување стоки и на други земји. Минатата година македонското стопанство оствари извоз од 3,9 милијарди американски долари, а увоз од 6,7 милијарди.

Ако се цени според анализата на Светската банка, трошоците за транспорт, со вакво решение се двојно помали. Во нивната анализа „Цената да си биде без море: трошоците на логистиката и квалитетот на снабдувањето“ објавена во 2007 година се оценува:

„Немање излез на море е главната причина зошто 16 од вкупно 31 држава без море, се меѓу најсиромашните земји во светот“.

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора, вели дека прво сака да го види проектот, пред да го каже својот став.

- Начелно ние поддржуваме сé што е во интерес на бизнисот. Но, додека не го видиме готов проектот, не можам да се изјаснам. Како што знаете ние го предлагавме Драч, ама само како алтернативно пристаниште на Солун.

Во Сојузот на стопански комори сметаат дека идејата е добра и ќе ги намали трошоците на компаниите.
Идејата за македонско пристаниште во Истанбул, била разработувана и од турски бизнисмени на последниот форум на турската и македонската комора во Охрид. Претходно Владата размислувала идејата да ја реализира во Драч.

„Албанската влада работи на проект за изградба на индустриско пристаниште во Драч, главно за потребите на Косово и на Македонија“, изјави албанскиот министер за економија и енергетика Генц Рули на 1 април годинава за време на Економскиот форум во Тирана.

Регистрирањето бродови од страна на земји без излез на море воопшто не е нова работа. Според организацијата „Глобалното партнерство за транспорт и трговија“, која е тело на ООН, сé повеќе земји регистрираат свои бродови во туѓи пристаништа. Според податоците, пак, на „Светската книга со факти“ на ЦИА, во Европа, Швајцарија од сите земји без море во Европа, е држава со најголем број регистрирани бродови, вкупно 106, во повеќе пристаништа во светот. По Швајцарија, малата Словачка има најмногу бродови, дури 47. Од нашето соседство, Србија, која остана без море по разделбата со Црна Гора, сé уште нема свои трговски бродови. Унгарија од минатата година има 10 брода под свое знаме, кои испловуваат од истанбулското пристаниште.




Трговски флоти на земји без море

земја                                             бродови                           држава (пристаниште) 
                                                                                          каде што се регистрирани и број

Словачка                                  47                 Бугарија 6, Германија 3, Грција 2, 
                                                                    Ирска 1, Израел 4, Италија 2,
                                                                    Полска 2, Русија 1, Словенија 1,
                                                                    Сирија 2, Турција 10, Украина 12, ВБ 2

Унгарија                                  10                  Турција 10

Австрија                                    6                   Кипар 1, Малта 1, Св. Винсент 2,
Холандија 2

Чешка                                       1                 Св. Винсент 1

Швајцарија                            106                 Антиква и Барбадос 1, Бахами 1,
                                                                   Франција 3, Италија 8, Либерија 13, 
                                                                   Малта 20, Маршалски Острови 12,
                                                                   Панама 25, Португалија 2, Русија 3,
                                                                   Св. Винсент 6, Сингапур 2, Тонга 1, ВБ 1


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=619991738153&id=9&setIzdanie=21715
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 19-Jun-2009 at 17:51
Каде се најде оваја идеја ... или ова е само нова патка на некого. Nuts

Едно е да имаш бродови под твоја застава, а друго е да транспортираш од и за Истанбул
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 19-Jun-2009 at 18:37
i uste nesto , kolku bi cinelo eden takov brod , daj nekoj neka najde cena na najmaliot transporten brod ,veruvam deka nad 100 milioni evra e eden
5 = 500 milioni evra, toa e pola miljarda
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 19-Jun-2009 at 18:49
Ќе ги изнајмуваат, таман работа ако мислат да ги купат. Ама пак тоа е голема пара... Ама ќе се врати, не се сеќирај. Треба огромен почетен капитал за бродови, да, ама кога си чул бродопревозник да пропадне? Може само да стане милијардер, ама треба со ум. Не ни мора да превезува за македонски фирми, ќе си плови низ цел свет. Само колку е легално исправно државата да изиграва таксист, не знам. Како да си направи карго авиокомпанија и да лета стоки низ цел свет. Каков ни е законот не знам, дали државата смее да биде трговско лице?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 19-Jun-2009 at 18:56
ne be znam jas deka ke se vratat parite, od pred 2000 godini brodskiot transport bil naj isplatliv, i naj veke se koristel, no u posledno vreme dojde do zeleznica, pa avioni i malku propadna, no sepak stana aktuelen brodskiot transport, jas ja izbrav bas taa grupa trgovska na fakultet, imase dosta informacii deka moze da se profitira, jas gledav edna reklama na edna nasa firma sto pravi takov transport u stilom na spediter , ama ne znam sto vsusnost raboti toj , no tie brodovi samo 2 drzavi vo svetot gi gradat USA i Holandija , zboram za ogromnite trgovski brodovi , ima takvi sto tovarat i ruda, tankeri ,i kontinjeri , sevo ova moze da proizvede pari no treba mnogu mnogu jako menadziranje
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 19-Jun-2009 at 19:06
Ако збораш за танкери, или за товарни од класа maersk, тогаш многу лошо мислење имаш за владата Можеби се луди, но да мислат да купат класа maersk треба да се скрос избегани, не ги мислам до толку Јас годинава баш учев трговско право (копнено и поморско), но учев само за грчките закони, а за меѓународните ќе учам како изборен во четврта или на постдипломски, но сепак знам горе-долу нешто. Дали кај нас воопшто има одредби за поморско право, и дали воопшто имаме потпишано меѓународни договори и согласности навистина не можеме да знаеме. Ако важат тие од СФРЈ добро, ако не ќе треба да потпишат многу работи и да ги усогласат законите. Не може туку така утре испловува нашиот брод од Истанбул. Инаку, студирам менаџмент, и знам богами дека треба менаџирање. Оваа работа е многу многу тешка. Не знам кај ќе најдат само експерт за да им ја управува флотата, ако сакаат домашен кадар, тешко ќе најдат.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 19-Jun-2009 at 19:11
vo Megunarodnoto pravo pisuva deka sekoja drzava ima pravo 24 milji od kopnoto da upravuva so teritorijata, a vo celototo more ili okeanot mozat da transportiraat ili pominuvaat drugi brodovi toa se vika epikontinentalen pojas na more, znaci treba prvo dogovor so kako sto e navedeno ISTANBUL t.e Turcija, pa posle so drugata drzava od kade do kade ke se transportira, a ako treba nekade da zastane u hitni slucai togas toa e drugo , no sepak toa e slozena rabota , i tesko se naoga kadar za takvi floti no se nadevam oni prvo ke zemat ke procitat sto kako , pa posle ke se nafatat na vakva idea
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 19-Jun-2009 at 19:13
@ mitatos
Кои се тие бродови што ги граделе само УСА и Холандија? Па големи бродоградилишта има во многу земји... А ионака ние сигурно не циљаме на најголеми бродови.


@ гитардемон
Загарантиран профит нема никаде, ниту има област во бизнисот каде што пропаѓање е невозможно. Во секој случај, мислам дека идејава пред се се наметнува ради стратешки причини - олеснување и поефтинување на македонската надворешна трговија, а не за пловење помеѓу сосема други држави.


Edited by Cloverstack - 19-Jun-2009 at 19:13
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 19-Jun-2009 at 19:37
eve nekoi podatoci za svetski brodski transport t.e koj poseduva poveke brodovi
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/7/72/Merchant_marine_by_country.PNG

me mrzi da uploduvam
eve i site vrsti na transport vo megunaroden plan a ne vo baza od edna vo ista drzava :

http://en.wikipedia.org/wiki/Ship_transport


Vo slikite se gledaat brodovite, tie najgolemite brodovi za transport na kontenjeri gi gradi Holandija, i Amerikancite, drugite ne se tolku golemi ,znam deka postojat i drugi drzavi sto gi gradat , na edna emisija kazuvase deka Holandija e br 1 za tie gradbi , mozda si gledal nekogas MEGASTRUCTURES



Edited by mitatos - 19-Jun-2009 at 19:38
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 19-Jun-2009 at 19:41
Originally posted by Cloverstack


@ гитардемон
Загарантиран профит нема никаде, ниту има област во бизнисот каде што пропаѓање е невозможно. Во секој случај, мислам дека идејава пред се се наметнува ради стратешки причини - олеснување и поефтинување на македонската надворешна трговија, а не за пловење помеѓу сосема други држави.


И јас се согласувам дека не мора секогаш да постои профит, но ова е таков бизнис што кога еднаш е вложено не може да пропадне, освен ако мислат да ги чуваат укотвени во Истанбул за украс да 'рѓосаат. И да нема профит секоја година, бродовите имаат долг рок на траење, и гранката нема загубари (во секој момент можат да ја ликвидираат имовината, секогаш има заинтересирани за купување). Ако нема профит оваа година, што ретко се случува, ќе има следните 10, пак ќе речам, ако не стават градинар за менаџер. Но ако вложуваат пола милијарда евра, многу е тешко возможно да го зафркнат сето тоа, ќе си ги извадат парите инаку ќе ги здожежи многу ако не се грижат за инвестицијата. А тоа дека ќе изиграваат шпедитери онака го кажав бидејќи немаме закони па сè e можно, ама по некоја логика го прават ова за да имаат нашите фирми повластени цени, или ако ништо друго да не се маткаат и да се мафтаат со странски фирми.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 29-Jul-2009 at 02:38

Бомба на Билјанини Извори

Сопствениците на јахтите и глисерите што се закотвени во каналот Студенчишта нафтата и бензинот и ова лето ги точат од канти со обично гумено црево, па дел од горивото истекува во водата што може да предизвика огромна експлозија

Македонскиот џет-сет не плаќа ни денар за паркирање на пловните објекти во каналот. Сопствениците се само обврзани еднаш годишно на Охридската капетанија да и платат за технички преглед на глисерите и јахтите

И ова лето јахтите и глисерите кои се закотвени во каналот Студенчишта кај Билјанини Извори и чиј број е речиси дупло поголем од лани, резервоарите ги полнат од канти. Охриѓани се плашат дека водата во каналот е потенцијална бомба оти дел од горивото истекува директно во каналот.
"Само со фрлање на едно догорче од цигара во водата може да се запали нафтата и бензинот и да се предизвика експлозија со огромни последици", велат рибарите што секој ден се сведоци на преточувањето на горивото.
Сопствениците на овие брзи и скапи пловни објекти ги полнат резервоарите со обични канти и гумено црево.
Вчера, остро реагираше и Спортското риболовно друштво "Свети Апостол Петар", кое алармираше дека постојано се уништува флората и фауната во Билјанини Извори.
"По којзнае кој пат апелираме до надлежните институции под итно, без одлагање, да се преземат мерки со кои ќе се спречи невидениот масакр над целокупната флора и фауна од страна на македонскиот џет-сет, затоа што над седумдесет отсто од водата во каналот е уништена. Последиците од нанесената штета не ќе можеме со десетици години да ги отстраниме", стои во реакцијата на охридските риболовци. Тие сметаат дека веќе е доцна за превентивни мерки, туку треба да се направи проект за спас на каналот Студенчишта, исто како за Студенчишкото блато.
"Наш предлог е во каналот да се забрани да влегуваат пловни објекти на моторен погон, а наместо нив тука да пловат само охридски чунови", вели Радован Димитриевски, претседател на СРК "Свети Апостол Петар".
Капетанот на Капетанијата во Охрид Љупчо Настоски отфрла секаква одговорност за состојбите во каналот, напоменувајќи дека тамошните проблеми треба да се решаваат во соработка со Министерството за екологија.
"Ние не можеме да се грижиме за сe, за безбедност на плажите, за езерскиот сообраќај. Знаеме дека кај Билјанини Извори се полнат резервоарите на пловните објекти со гориво, но ние тука немаме никаква надлежност. Не постои пропис според кој ние би можеле да го запреме полнењето на глисерите и јахтите со гориво во каналот. За тоа треба да побарате одговор од Министерството за екологија", вели Љупчо Настоски, капетан на Капетанијата во Охрид. Тој додава дека не знае и не слушнал летово во каналот да истекло гориво.
За закотвување на пловните објекти во каналот на Билјанини Извори не се наплаќа. Тука пловниот објект може да го остави кој сака. Во каналот се закотвени и пловните објекти на АРМ и на МВР.
Вчера, никој не сакаше да ја преземе одговорноста за каналот кај Билјанини Извори. Во охридската полиција упатија на одговор во централата во Скопје, а од таму ветија одговор за денес. Во Министерството за одбрана одговорните не беа достапни за изјава.
Капетанијата во Охрид врши само технички преглед за секој пловен објект пред да влезе во Езерото. За кајче се плаќаат 250 денари, а за глисери до 2.500 денари во зависност од кубикажата на моторот.  (Д.Ч.)

ДРЖАВНИТЕ ЕКОЛОШКИ ИНСПЕКТОРИ ТВРДАТ

Нема опасност од експлозија на каналот во Охрид

Еколошките инспектори при Министерството за животна средина тврдат дека нема опасност од експлозија во каналот кај Билјанини извори, бидејќи немало нафта и бензин во водата. Игор Трајковски, државен инспектор за заштита на животната средина со седиште во Охрид, вели дека направил увид на каналот, но дека при увидот не успеал да фати никој што претура нафта. Тој објаснува дека согласно ингеренциите што ги има може да ги казни загадувачите само ако ги фати на самото место додека истураат од нафтата или бензинот. Трајковски тврди дека од направениот увид не констатирал некое големо загадување на водата, односно дека во водата нема ниту нафта ниту бензин.
"Нема опасност од експлозија, како што некои тврдат. Не е направена анализа на водата, но од она што е видливо се гледа дека нема ниту бензин, ниту нафта", вели Тајковски.
Еколошките инспектори ваквите загадувачи можат да ги казнат согласно Законот за отпад, според кој е одредена парижна казна од 200 евра во денарска противредност.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=B2DF4CC55E6962459A5F3D146E10D36F
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 29-Jul-2009 at 12:24

Како што е забележано во нишкава, беше најавено дека во втората половина на 2009 ќе се распишат огласи за обнова на постоечките пристаништа на езерото, изградба на ново (претпоставувам марина) и изградба на бензинска пумпа за пловни објекти. Останува да видиме колку ќе си додржат на зборот од министерството за транспорт.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 30-Jul-2009 at 16:45

Скутерите непожелни во Охридското езеро

Нина Кепеска Коментари (17)   
29.07.2009 15:56
 

 

Поради опасност од инциденти и поголема безбедност на капачите во Охридското Езеро, капетанијата на пристаништата во Охрид сака во времето од 11 до 18 часот, да ја забрани пловидбата на скутерите до крајот на летната туристичка сезона.

„При излегување и влегување на скутерите од самите плажи се подигаат големи бранови и безбедноста на капачите е намалена“, вели Љупчо Настоски, капетан на капетанијата на пристаништа на Р.М.

Во Охридската капетанија се регистрирани 170-тина скутери, од кои најголемиот број се во Охридското Езеро, нив често ги возат малолетници и тие пловат под дозволените 250 метри од брегот, со што ги вознемируваат, плашат и ставаат во опасност капачите на плажите.

Летово досега имаше два инциденти со скутери, кои беа чести и минатите години.

„Лично мене ми го загрозуваат животов секој ден, бидејќи јас работам во езеро, а за капачите е ептен опасно. По плажите беснеат“, рече Ѓорѓи Радески, возач на кајче за туристи.

Од капетанијата велат дека секојдневно изрекувале по пет-шест мандатни казни од 200 евра, а има и прекршочни пријави против несовесните скутерџии.

По давењето на двајцата охриѓани кај Парк, кои паднаа од педалинка, се уште виси во воздух прашањето кој ќе ја понесе одговорноста за тоа.

Меѓу охриѓани владее убедување дека во хаосот со пловидбата на околу три илјади пловни објекти на Охридското Езеро, капачите може да ги дочува само Господ.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=112049
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 04-Aug-2009 at 11:16

Ќе платиме закотвување, изградете марина

Има план сегашното градско пристаниште да се прошири и да се претвори во марина со прописна бензинска пумпа, но реализацијата зависи од Министерството за транспорт и вски

Сопс­тве­ни­ци­те, чии јахти и глисери се закотвени во каналот Студенчишта кај Билјанини Извори во Охрид, бараат државата и локалните власти итно да најдат решение за изградба на марина, ако сакаат да го заштитат езе­ро­то од горивото со кое се полнат резервоарите на нивните пловни об­јек­ти. Во недостиг на бензинска пумпа покрај каналот, тие сега на им­про­ви­зи­ран начин, со канти и црева ги полнат со гориво резервоарите на скапите плов­ни објекти, па дел од горивото се излева директно во езе­ро­то.
"Штом сме дале толку пари за глисери и јахти, можеме да си платиме и за­кот­ву­ва­ње, но бараме државата да ни направи марина или да дозволи не­кој концесионер да ја изгради по примерот на оние во познатите ту­рис­тич­ки места. Во овој проект треба да се вклучи и локалната власт бидејќи тој ќе биде од големо значење и за развој на туризмот", вели сопственик на гли­сер.
Гра­до­на­чал­ни­кот на Охрид Александар Петрески изјави дека локалната власт нема никакви ингеренции во однос на Езерото и крајбрежјето и оти со овој простор управува државата, односно Министерството за тран­спорт и врски.
"Ние не можеме да изградиме марина, оти не сме сопственици на зем­јиш­те­то, а таква потреба имаме. Имаме инвеститори што ни најавуваат дека мо­жат да почнат ја градат уште во септември. Во овој момент државата из­ра­бо­ту­ва урбанистички планови со кои се предвидува каде ќе се градат ма­ри­ни. Една марина е предвидена кај старото игралиште кај Грашница, а има план сегашното Градско пристаниште да се прошири и да се претвори во марина. За брзо време сметам дека марина ќе има и во каналот Бил­ја­ни­ни Извори, но сето тоа го работи државата", вели Петрески.
Тој нагласи дека Билјанини Извори навистина станаа еколошка бом­ба поради претурувањето со канти на нафтата и бензинот во плов­ни­те објекти. "Тоа е точно, но за тоа е надлежна централната власт", вели Пет­ре­ски.
Од Министерството за транспорт, чиј министер Миле Јанакиески уште пред една година најави дека ќе се прави марина на крај­бреж­јето во Охрид, велат дека ништо не можат да направат сe додека локалните власти не до­не­сат детален урбанистички план во кој е предвиден ваков објект.
"Со последните измени на Генералниот урбанистички план на Охрид не е предвидена изградба на марина. Откако Советот на Општина Охрид ќе направи измени на ДУП-от, ние може да почнеме да размислуваме на ка­ков начин ќе се реши проблемот со марината", вели Драган Симоноски, пор­тпа­рол на Министерството за транспорт и врски.
Од СРК "Свети Апостол Петар", кои се најгласни во реагирањето за еко­лош­ка­та бомба кај Билјанини Извори за која минатата недела пишуваше "Вест", предлагаат две локации за изградба на марина. Радован Ди­мит­ри­е­ски, претседател на клубот, вели дека треба да се направи летна марина, ко­ја би се формирала со спојување на двете постојни пристаништа, и една зим­ска за чување на скапите пловни објекти преку цела година на прос­то­рот кај Подмоље, во близина на Охридскиот аеродром каде што има и бен­зин­ска пумпа.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=A42A7C74A3137D42AE54E678DB47B30C
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 12-Aug-2009 at 15:17

Потонатите кајчиња држат место за 150 глисери

Пловењето по каналот е како игра на среќа, бидејќи потребно е мало невнимание за да се поткачат крнтиите кои се во водата, велат газдите на јахтите и глисерите и бараат од државата акција за чистење

Ка­на­лот Студенчишта на Билјанини Извори во Охрид стана гробишта на ста­ри бродови и место каде што скапуваат многу кајчиња, пропаднати во во­да­та. Ако некој успее да ги тргне овие крнтии, ќе се отвори простор за за­кот­ву­ва­ње на 150 глисери, тврдат од СРК "Свети Апостол Пе­тар" од Охрид.
Рас­чис­ту­ва­ње на потонатите пловни објекти бараат и сопствениците на лук­суз­ни­те глисери и јахти. Според нив, пловењето по каналот е како игра на среќа, бидејќи потребно е мало невнимание за да се поткачат крнтиите кои се во водата. Газдите на скапите пловни објекти бараат државата да ор­га­ни­зи­ра акција со која ќе го расчисти каналот и ќе го направи достојно место за закотвување на глисерите и на ахтите кои чинат и по неколку десетици ил­ја­ди евра.
Ра­до­ван Димитриевски, претседател на "Свети Апостол Петар", вели дека ка­на­лот Студенчишта треба да биде место каде што ќе пловат само ко­пии на охридски чунови, но ако привремено некој сака да се создаде прос­тор за закотвување на брзите и скапи пловни објекти, треба од корен да ги исчисти Билјанини Извори. Хидрокрилниот брод на "Силекс", гордоста на руските бродоградители, кој никогаш не заплови по Охридското Езеро, ска­пу­ва кај каналот и зафаќа огромен простор", вели Димитриевски.
Спо­ред него, членовите на "Свети Апостол Петар" пред извесно време до ед­на невладина организација доставиле проект со кој е предвидено ка­на­лот темелно да се исчисти. Со проектот, кој би чинел околу 200 илјади ев­ра, предвидено каналот да се чисти со нуркачи, багери и со друга оп­ре­ма. Но засега клубот нема добиено одговор дали постои можност да се ре­али­зи­ра. (И.С. -Д. Ч)

Чистење само ако има пречки во пловидбата

Од Министерството за транспорт и врски, од името на Капетанијата која е на­деж­на да го спроведува Законот за внатрешна пловидба, не одговараат да­ли наскоро ќе има расчистување на потонатите пловни објекти.
Тие са­мо објаснуваат дека расчистување на потонатите чамци и бродови се пра­ви само кога тие се наоѓаат на пловен пат и се пречка во пловидбата.
"Тро­шо­ци­те за вадењето на потонат пловен објект, како и трошоците за негово натамошно чување се покриваат од Буџетот на РМ. Ако по ва­де­ње­то на потонатиот пловен објект се дознае сопственикот, тој е должен да ги надомести трошоците, ако, пак, сопственикот не се дознае, плов­ни­от објект останува во сопственост на државата", велат од Министерството за транспорт и врски.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=6239ED81F7B82944898460BD481498A1
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.270 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.