Од регионот (општо) |
Post Reply | Page 123 69> |
Author | ||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply
#1 Topic: Од регионот (општо) Posted: 01-Feb-2008 at 13:57 |
|
Од косово објавиле тендер за автпат кон македонија. неможам официјална информација да најдам да турам линк, смо што слушнав на вести на прва.
|
||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #2 Posted: 01-Feb-2008 at 14:33 | |
Не знам колку треба да се зема здраво за готово... Единоствено ми прави логика ако го дадат под концесија. Во секој случај ако они навистина го градат својот дел, за нас не треба да е преголем проблем нашиот дел кој е многу пократок. |
||
Supervisor
Senior Member Joined: 28-Jan-2008 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 1220 |
Quote Reply #3 Posted: 01-Feb-2008 at 14:46 | |
Да така е, и мислам ако во Косово почне изградбата од Приштина, нашиве треба одма да почнат со тендер за изградба. Тој пат е преоптеретен и вреди да стане автопат.
|
||
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #4 Posted: 01-Feb-2008 at 15:07 | |
Мислам дека фино би ни дошла една нишка за проектите од соседството кои се битни или имаат големо влијание на Македонија...
Ја навивам за автопат до Приштина мислам дека е тој убедливо најбитниот пазар за Македонија на кој и онака веќе имаме добри позиции. Во таа ситуација ретко се наоѓаме и тоа треба да се искористи и продолжи. Освен ова во скоро време уште два проекта кои имаат влијание на Македонија ми привлекоа винмание. - распишување тендер во Србија за автопат македонска граница - Врање - најава за распишување тендер во Србија за Грделичка клисура - реконструкција на граничен премиин Прешево - изградба на голем малопродажен комплекс веднаш до граничниот премин Прешево (единствено овој е во негативна конотација од наведените проекти) |
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #5 Posted: 31-Aug-2008 at 20:02 | |
абе pbanks пополека стануваш sbanks немој толку песимизам ништо не е негативно доколку инфраструктурата е ок бар гледано туристички уште да инвестираат во пругата и дефинитивно тоа и нас ќе не крене па колку и молови попат изградиле... туку веќе е изграден наскоро е отварањето на интерспид молот кај прешево, па веќе и се продава простор или се дава под закуп... Interspeed Shopping Centar-Investirajte U Buducnost (loso e navedeno vo oglasot deka povrsinata e 10000m2 tocnata povrsina e 20000m2 www.interspeed.rs) samo neznam dali od idninata ke se ofajdat investitorite ili nivnite vnuci...
|
||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #6 Posted: 05-Jun-2009 at 19:19 | |
Го губиме нашиот најголем адут а тоа е зависноста на Косово од нас. Не дека со изградбата на автопатот Драч-Приштина и онака немаше да ни се девалвира позицијата и дека којзнае што може(ше) да направиме но сепак е штета што врските со Приштина сеуште никој не ги става на листа на приоритети.
Да ви доловам дека Албанците не се заебаваат еве слики од делницата Решен-Калимаш која ја има по медиумите денеска. Се работи за ако не се лажам најтешкиот дел од делницата на албанска страна и она што го имаат направено е навистина импресивно вклучувајќи и 27 прекрасни мостови а тука е и тунел кој е само малку пократок од прекрасните хрватски Св. Рок и Мала Капела. 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 |
||
Vladimir P
Senior Member Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
Quote Reply #7 Posted: 05-Jun-2009 at 19:26 | |
Во право си, спиевме децении, сега барем на пругата да се усредсредиме
|
||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #8 Posted: 05-Jun-2009 at 19:34 | |
Мислам дека ситуацијата е далеку помалку црна одколку како што А1 ја прикажува. Овој автопат Драч-Пришитина искрено не мислам дека ќе биде од некој голем конкурент на патот преку Македонија. Барем сега за сега, а и доста наредни години Приштина ќе биде едно регионално инфраструктурно слепо црево, еден инфраструктурен џеб, а колку ќе бидеме ние умешни да го искористиме тоа зависи од нашата агилност на ова поле.
Што се однесува до коридорот 8 конкретно, не сакам да навлегувам во регионалниве политики но мислам дека тука оној дел од Тирана до Охрид е намерно оставен со помал приоритет за разлика од овој што сега се гради. Дури и да постоеше некој солиден магистрален пат на релација Тирана-Охрид, самиот тој регионален пат може да биде поконкурентен одколку било кој бајпас на Коридорот 8. Па сега сеуште делови од Охрид-Тирана се макадам, а колку што имам слушано има и некој краток дел со земја. За сигнализација да не збориме. Преседан е една држава европските зацртани коридори да ги става со помал приоритет од автопатите кои се пред се за домашна употреба. Но како што реков наша задача е да се снајдеме па затоа мислам дека што побрза изградба на коридорите, толку подобро и за нас и на Европа. |
||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #9 Posted: 05-Jun-2009 at 20:10 | |
Незнам за каков џеб зборуваш лсл. Воопшто не е поентата да се натпреваруваме со Косово кој бил раскрсница а кој џеб, туку посочувам дека една земја без излез на море и со сериозни природни или политички препреки на сите страни досега беше транспортно зависна од нас. Ова сега се менува. Наместо профитот од транспортот и од нивниот економски "output" да го земаме ние ексклузивно во многу блиска иднина ќе оди во Албанија. Факт е дека токму Македонија независно од двата коридора што минуваат низ нејзе ќе остане слепото црево на балканот бидејќи сите други се ориентираа/преориентираа на други страни а нам ни останува само транзитот на туристи накај Грција и на турски емигранти накај дома. А тоа дека изградбата на патот кон Приштина било некаков преседан ми е комплетно безвезе. Албанија е независна држава со свои интереси кои сигурно не се диктирани од тоа каде проаѓаат европските коридори. Тоа е исто како да кажеме дека било преседан што грците го граделе автопатот Александропулис-Игуменица а не ги давале тие пари на коридор 8 кој треба да е главната оска на тој правец или пак на комплетирање на коридор 10. Или пак на Хрватска со изградбата на А1. Коридор 8 моментално генерира смешни бројки на сообраќај и секако дека на Тирана (која за разлика од нас има излез на море) не и се брза да го изгради додека автопатот кон Приштина дури и без политичката тежина што ја има е доволно физибилен и само со економската тежина која ја носи. Edited by pbanks - 05-Jun-2009 at 20:12 |
||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #10 Posted: 05-Jun-2009 at 23:20 | |
Па под преседан подразбирам ставање приоритет на автопати кои не се дел од европски коридори. Доколку Грција ги има комплетирано европските коридори апсолутно е легитимно да гради автопати дополнителни и да ја надградува мрежата. Доколку Драч-Приштина не е дел од европски коридори е исто толку преседан колку што е преседан автопат Битола-Охрид со неколплетирани К10 и К8. Доколку ете нели сите претендираме да сме дел од заедничка унија тогаш да ги комплетираме оние мрежи прво кои се дел од плановите на унијата е се на наша територија па после тоа не само што е легитимно туку е и пожелно да се надградува мрежата. Сакав да искажам некое незадоволство за тоа што патот Тирана-Охри е субстандарден и не кошта ниту едноцифрен процент од патот Драч-Приштина.
Edited by lslcrew - 05-Jun-2009 at 23:22 |
||
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #11 Posted: 05-Jun-2009 at 23:25 | |
Ниту меѓународното право го наметнува тоа, ниту пак домашното право, во секоја правна држава (во тие што не функционира правната држава воопшто, нема ни коридори ни патишта). Те разбирам што сакаш да кажеш, но освен ако е на пример поврзаност од типот Косово и Албанија, или Република Српска или Србија (кои се едно те исто горе-долу), нема зошто соседна држава да се лути на својот сосед бидејќи не го градел коридорот, или најважниот проект за нив и регионот. Се знае зошто беше изграден овој патот на Косово, тоа во секој случај им беше приоритет на албанските власти, и беше сосем легитимно (очигледно, инаку досега ќе се огласеше некој суд), и баш ако не го изградеа тој туку Е-8 ќе беше преседан (поради гореспоменатата поврзаност). Edited by гитардемон - 05-Jun-2009 at 23:26 |
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #12 Posted: 05-Jun-2009 at 23:35 | |
Види Гитар во право си околу легалитетот. Но колку е тоа корисно за заедничката интеграција и за онаа колективна свест која сакаме да ја градиме на европско ниво. Ваква хипокризија сметам дека не е фер ниту према унијата, ниту према граѓаните од соседството, ниту пак према домашните граѓани зашто им го ускратувате правото да бидат реално поврзани со Европа. Неможе ние (балканците) у слободно време да пласираме либерални идеи, "приче о поштењу", интеграции бла бла, а кога ќе дојде време за работа тогаш инстантно да скокнеме у идеолошките води и да градиме патишта од идеолошка идеја, а не патишта како сопствен придонес за регионалното поврзување. Конкретно патот Приштина-Драч освен што има цел да поврзува народи и индустрии има за цел да праќа и политичка порака. Некогаш Бугарија го саботираше поврзувањето Делчево-Благоевград, Чехословачка имаше планови да копа тунел под Австрија, се рушеа мостови од политички причини, ене го преминот Маркова нога уште седи затворен, пругата Битола-Лерин со години е урасната у треви. Па дајте бре мајку му стара ....... стварно имаме план да тераме европска идеја или пак ќе се заебаваме по милионити пат!? Толку години лицитираме со балканската инфраструктура и упорно не ни доваѓа памет дека е на штета на регионалното ниво. (Тука нема исклучoци кога станува збор за Балкан, од секоја едина држава се правело ова во минатото и еве денеска за беља пак го правиме).
Edited by lslcrew - 06-Jun-2009 at 00:10 |
||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #13 Posted: 06-Jun-2009 at 00:26 | |
@lsl
ти ја разбирам поентата. Во едни идеални услови би бил 100% во право. Но иако е вон доменот и навлегува во политиката ќе дадам еден краток коментар. Самата ЕУ во ниеден момент на толку многу нивоа не ни покажа со пример дека европските интереси се над националните и дека тие (во случајов олицетворени преку европските коридори) треба да ни бидат на прво место. Напротив секојдневно ЕУ ни демонстрира дека е страшно разединета, дека националните држави и интереси и те како си функционираат а ЕУ е претворена во ништо друго туку бирократска машинерија која нема никаква реална моќ, никаков идеал зад себе и барем спрема мене се помала можност (моќ) да ги сплоти луѓето. Поаѓајќи од таму, спрема мене автопатот Тирана-Приштина е апсолутно оправдан колку и да би сакале да биде инаку. Но како што веќе реков, дури и да ја немаше политичката димензија на Албанија во моментов и е од многу поголем интерес да се врзе со Косово отколку со Македонија. Само онаа хрпа туристи од Косово која го запоседнува албанското крајбрежје секое лето е доволен аргумент сам по себе. Коридорот 8 за кој сите толку копнееме има толку јадни параметри од типот на ПГДС што и да почнеме да градиме некои негови делници тоа ќе биде повеќе заради некакви среднорочни или долгорочни цели а автопатот Тирана-Приштина до тогаш ќе се исплати 10 пати. Edited by pbanks - 06-Jun-2009 at 00:29 |
||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #14 Posted: 06-Jun-2009 at 00:43 | |
Џуро што е ПГДС?!
Да немав потреба да те прашам што е ПГДС, немаше да надополнам ни следново, но кога веќе куцнав да докажам уште нешто Очигледно онаа идеја за United Europe јас посрдечно сум ја сватил одколку што ја сватиле оние што ја пропагираат. Она што ни се дешава со куќните совети како најниско ниво на општествено организирање (нормално исклучувајчи го семејството како неопштествено), токму истото ни се пресликува и на макроскопско ниво. Попврво од петти кат ќе направиме посебни скали до пред зграда (макар колку тоа и да коштало), ама лифтот ќе ни седи расипан со децении и пак сите ќе се врти муабет низ комшилук "Абе треба да се поправи лифтот.....". |
||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #15 Posted: 06-Jun-2009 at 00:47 | |
Просечен Годишен Дневен Сообраќај Еве ти ја англиската верзија на поимот на википедија http://en.wikipedia.org/wiki/Annual_average_daily_traffic Битен параметар кога се планира изградба/надградба на една делница. Инаку убава илустрација со примерот на куќниот совет. Јас секогаш сум бил про европски настроен но искуството ме научило да бидам голем евроскептик. За жал. Edited by pbanks - 06-Jun-2009 at 00:47 |
||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #16 Posted: 09-Jun-2009 at 20:57 | |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5FDDD5089C501144ACA4DFB91F61CBB3 |
||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #17 Posted: 23-Jun-2009 at 12:00 | |
Незнам каков е теренот во Косово, би требало да е лесен во поголемиот дел. 118км за цела дијагонала воопшто не е страшно брзо можат ова да го направат. Сепак ќе налетаат на слепо црево од едната страна бидејќи србите не планираат изградба на автопат во тој правец во скоро време.
Инаку според колегите од ССЦ, правецот во Скопје треба да се прошири на ниво на брз пат (2х2) се до Качаник до 2011 година. Првите 15на километри се веќе проширени, за оваа година треба да отпочнат работите до Урошевац. Иако не се работи за автопат од полн профил дефинитивно ја подобрува ситуацијата за нас. Доколку и ние би се з'гнале со нашиот дел би останал само делот на качаничката клисура кој е незгоден за градба но со оглед на тоа дека не се работи за повеќе од 15км не е страшно и да почека подобри времиња.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=110410 |
||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #18 Posted: 23-Jun-2009 at 12:12 | |
Пробав да најдам материјали околу изградбата на коридор 10 во Србија. За оној дел што нас не интересира, граница-Лесковац за жал нема материјали но налетав на следнава информација.
Првите 21км после граница кои се градат веќе година-две се отвараат на 7 јули Тоа е фактички некаде до излезот за Прохор Пчински. На есен почнува изградбата на следните 20км до Врање. Целата секција граница-Лесковац која треба да се надгради на ниво на автопат е некаде околу 100км. |
||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #19 Posted: 24-Jun-2009 at 15:12 | |
Според клипов што го најдов, овој брз пат воопшто не ме воодушеви (а и самото видео е лошо, што претпоставувам ги маскира поситните недостатоци). Лентите се ужасно тесни, кружните текови на вакви магистрални правци се неприфатливи, а што е најлошо, на многу места гледам дека нема услови во иднина да се надгради во автопат. Ова последново е и најлошо, бидејќи верувам дека сега прикрпуваат набрзина притиснати од околностите, но ако во иднина тоа не може да се корагира, тогаш можат да се очекуваат само перзистирачки лоши услови за одвивање на патен сообраќај помеѓу Скопје и Приштина. pbanks, какви се твоите впечатоци за патов од прва рака? |
||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #20 Posted: 24-Jun-2009 at 15:24 | |
Можам а ти го кажам следново.
Брзиов пат со сите објективни недостатоци кои ги наведе драстично ја подобрува ситуацијата во споредба со претходно. Готово целиот потег од Качаник до Приштина е населен до некое ниво и сообраќајот е огромен така да патот освен магистрала во голема мера мора да симулира и градска сообраќајница (затоа има и кружни текови веројатно, заради бројните вкрстување кои се некогаш и во повеќе од 4 насоки). Да не зборувам како е летно време со туристите кои транзитираат кон јадранското приморје и со косовската дијаспора која нагрнува тогаш. Се случувало на 10км од Приштина да чекам и по 40-50мин во гужва. Брзиов пат датира од лани, мислам дека почна да се гради преклани. Претходно имаше на тоа место класичен магистрален пат со 2 ленти. И тогаш патот беше доста густо изграден од двете страни така што мене ми изгледаше дека е невозможно да се направи било какво проширување дури ни за една велосипедска патека но тоа сепак се случи. Дури е и импресивно како се случи, да имаше во Македонија толку разработени објекти и дуќани покрај пат не сум сигурен колку глатко ќе идеше едно такво проширување на нивни терен. Е сега тргнувајќи од тоа дека невозможното еднаш го постигнаа, може да се надеваме дека ќе успеат уште еднаш при проширување на автопат од полн профил до Скопје. Но од секогаш ми изгледало како поверојатна опција дека автопатот би бил на паралелна траса. Количеството на сообраќај барем вака од око гарантира дека ПГДС условот би бил задоволен дури и за двете траси кога би постоеле паралелно. Верувам дека оваа опција би ги чинела и поевтино со оглед на тоа дека ~200м источно од постоечката траса има само празни полиња, а теренот е лесен така да изградбата не би требало да биде скапа. Edited by pbanks - 24-Jun-2009 at 15:25 |
||
Post Reply | Page 123 69> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |