build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сообраќајна сигнализација и информативни табли

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 39>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Сообраќајна сигнализација и информативни табли
    Posted: 10-Oct-2007 at 08:00
Се јавува потреба од издвојување на посебна нишка која ќе ја опфаќа целокупната сообраќајна сигнализација, без разлика на локацијата.
Воедно поради сродноста на тематиката и проблемите, разноразните информативни табли и слично исто така ќе бидат дел од оваа нишка.


Edited by pbanks - 08-Dec-2008 at 21:59
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 28-Nov-2007 at 00:58
Од Вечер.... Sleepy

Нови семафори во цело Скопје


Градот наредната година планира да ги унифицира сите семафори во градот, а ќе се вгради и нов софтвер за светлосна сигнализација. Според надлежните од ЈП "Улици и патишта" во план е вертикалната сигнализација целосно да се модернизира, за што ќе биде распишан тендер од Град Скопје. Исто така, семафорите ќе се репрограмирааат семафорите, бидејќи во моментот не одговараат целосно на сообраќајните токови.

- Ние завчера ги репрограмиравме семафорите кај Момин Поток, каде што се создаваа колони, но проблем има и на другите крстосници како што е онаа кај "Три бисери", на клучката "Дијамант" во Автокоманда, на улицата Џон Кенеди и во Гази Баба. Проблемот е што во текот на денот се менува интензитет на сообраќајот и затоа би требало да се врши репрограмирање неколку пати на ден. Затоа планираме да ги модернизираме семафорите и да набавиме 40 контролори, односно нов софтвер и хардвер кои од друга страна ќе овозможат од еден центар да се врши контрола на сигнализацијата, вели Илија Мартиновски, директор на јавното претпријатие.

Оттаму додаваат дека до Нова година бројачи на семафорите ќе се постават и на крстосницата кај Градска болница, но и на уште две на Партизански одреди.

(Д.Т.)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 28-Nov-2007 at 01:17
Nuts

О боже...


- Секоја недела излегуваат со вакви најави. Тоа датира уште од времето на Пенов... А напредок некако слабо...

- Кај момин поток треба клучка, а не репрограмирање на семафорите. За асфалтот подобро да не почнувам...

- Три бисери е само една од оние крстосници што исфорсирано ги семафоризираа, ама по обичај аматерски. Па сега нормално дека се создаваат проблеми. На Јане Сандански наместо зелен (како што најавуваат со години), скоро беспрекорно функционира црвн бран. А кај три бисери треба еднаш да застане и сообраќаец, зашто има многу луѓе на кои не им се допаѓаат тамошните семафори па комплетно ги игнорираат.

- Добро што приметиле дека се случува таква „чудна“ работа - дека сообраќајот во текот на денот варира... Ама не знам кого не фарбаат дека во денешно време програмирање на семафори е нешто толку тешко изводливо...



Edited by Cloverstack - 06-Jun-2008 at 02:43
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 29-Nov-2007 at 21:31
Ова беше начнато во текстот што го постираше pbanks, ама тука има нови моменти.

Инаку обратете внимание на болдираниот дел... Очигледно е обратно, само не знам кој го кажал тој бисер - дали новинарот си зел поетска слобода, или тоа го кажал г-ин Мартиновски. Се надевам дека е првото, од можноста да е второто ми се крева косата...

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A131241AAD387B40807F142062199ED4

Ќе се репрограмираат семафори поради кои сега се создава непотребен метеж

За да го изведат новото штелување, од ЈП „Улици и патишта“ чекаат одобрение од Градот


За подобрување на сообраќајниот тек ќе се постават и неколку одбројувачи на семафорите

ЈП „Улици и патишта“ планира да ги репрограмира семафорите на четири фреквентни раскрсници кои сега не соодветствуваат со сообраќајниот тек и заради тоа повремено предизвикуваат непотребен метеж. Станува збор за светлосната сигнализација поставена кај „Три бисери“, потоа оние кај Момин Поток, на улицата „Џон Кенеди“ и семафорите на надвозникот „Естекада“. Имено, според анализите на ЈП, како и од поплаките на граѓаните надлежните утврдиле дека работата на семафорите на посочените локации не е усогласена со потребите на сообраќајот, односно неговиот капацитет во определено време од денот. Илија Мартиновски, директор на ЈП „Улици и патишта“, вели дека постои опција „душата“ на семафорот да се програмира за нејзино менување неколку пати во текот на денот.

„Согласно со направените анализи, утврдивме дека, на пример, во утринските и попладневните часови кога има зголемена фреквенција на сообраќајот, неопходно е црвеното, односно жолтото и зеленото светло да се менуваат почесто, односно во одреден период да траат подолго или пак пократко од сегашното вклучување“, објаснува Мартиновски, кој посочи дека има сознанија оти барањето на ЈП веќе поминало низ градските комисии и чека на потврден одговор од Градот. Директорот на „Улици“ дополнува дека во насока на подобрување на квалитетот на сообраќајната циркулација, претпријатието до Нова година планира да постави уште четири бројачи за семафори. Иако се' уште не се утврдени локациите на кои ќе се постават тие, најверојатно одлуката ќе падне на два семафора на булеварот „Партизански одреди“ и на оние кај Градската болница. Вакви одбројувачи Градот неодамна постави на раскрсницата кај соборниот храм и кај ТЦ „Мавровка“. (Дс.Т.)



Edited by Cloverstack - 06-Jun-2008 at 02:48
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 29-Nov-2007 at 22:02


CrazyCrazyCrazy neverojatno.... smajlivo ne e dovolno efektno za vakov retardiran komentar
Crazy
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 27-Jan-2008 at 03:37
Нашиот прв радар за возачи веќе не функционира правилно...

Еве баш денеска кога поминував таму дефинитивно се уверив дека нешто не е во ред. Јас намерно возев 40 а пред мене и позади мене немаше никој на ооогромна далечина... Ама пак радаров почна да лупа некој броеви без врска (ко у песната на нокаут LOL). Ги мењаше бројките постојано, као да поминуваат 500 возила Crazy

Еве да го документираме, ова е дел од нашата сообраќајна историја LOL


Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 27-Jan-2008 at 03:46
Sto e ovoj radar?? Chitav i vo drug topik za nekoj radar...sto meri?? kolku brzo vozish?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 27-Jan-2008 at 04:11
да де
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 27-Jan-2008 at 04:13
Interesno, prv pat slusham za ovakov radar, mislam 'sam' da stoj. 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 27-Jan-2008 at 04:16
Јас пошто живеат во непосредна близина од радаров (ми се гледа од тераса), малце го имам проучено како функционира. Примарни возила кој што ги мери се оние од десната лента во правец кон радарот. Ако нема возило во таа лента ги мери оние во левата лента кон радарот, ако пак тука нема возило  ги мери оние од спротивен правец. Да да од спротивен правец. Може понекад да се збуни кога две возила се движат паралелно кон него. А тоќна врдност сигурно ќе отчита ако си сам на улица и нема други возила во непосредна близина.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 27-Jan-2008 at 04:27
Интересно...

И ја помислив на таа опција (зашто иако јас бев сам во мојот правец, ме разминаа неколку возила од другата страна), ама одма ја исклучив затоа што нема никаква поента да ги менри тие другите. Тие ионака не можат да видат што покажува, а само може да се збунат оние што треба да ги мери. Roll%20eyes

У секој случај многу глупо ако така го подесиле...
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 27-Jan-2008 at 04:43
Така е подесено сигурно пошто ја и пешки кога имам идено и кога имало возила само од спротивен правец покажувало.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 27-Jan-2008 at 12:46
glupa investicija se tie radarite , kako sto se semaforite koi skoro gi stavija vo raskrsnicata kaj sudska palata ako se doblizis ke vidis deka pola od tie malite svetilki se izgoreni ( glupi semafori so poveke svetilki vnatre , 1 svetlo e dovolno ke se smeni i ajt gotovo ) ama toa e toa, nepotrebni stvari
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 27-Jan-2008 at 12:53
Мислам дека се супер семафорите, многу по убаво се гледа во лето, наместо кај обичните семафори кога не се разликува дали е црвено жолто или зелено. А не ми е јасно зашто се гасат сијаличките, ЛЕД диодите имаат многу подолг животен век од обична сијалица, башка потешко може да се уништат. Највероватно неквалитетна изработка.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 27-Jan-2008 at 12:56
pa toa sakav da kazam deka se nekvalitetni )  no zborot mi bese deka tie malite diodi treba cel semafor da simnat za da gi smenat, a sjalickive mnogu polesno se menjavaat ,inace koga ima ubavo staklo postaveno na semaforot i peku den se gleda, ako gi odrzuvat ocistat ,ama toa kaj nas tesko
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 27-Jan-2008 at 13:01
Originally posted by mitatos

pa toa sakav da kazam deka se nekvalitetni )  no zborot mi bese deka tie malite diodi treba cel semafor da simnat za da gi smenat, a sjalickive mnogu polesno se menjavaat ,inace koga ima ubavo staklo postaveno na semaforot i peku den se gleda, ako gi odrzuvat ocistat ,ama toa kaj nas tesko


не си во право другар. лед диодите имаат многу поголем век на траење од обичните сијалици, испуштаат сноп на светлина со многу поголема продорност и затоа може да се види убаво и дење а и се многу поефикасни енергетски. Но дефинитивно си во право дека се работи за неквалитетна изработка и како што е обичајот кај нас наместо чекор напред се прави чекор назад.

Колку што приметувам по веснициве кога пишуваат за нови семафори во 99% случаи се работи за домашна продукција од некоја фирма Електро софт.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 27-Jan-2008 at 13:06
haha moze se MADE IN CHINA ,toa mi bese zborot i mene deka se nekvalitetni, ja sakav da kazam deka drugite semafori se polesno odrzlivi od kolku ovie, a za nivniot efekt znam deka pobeke svetat i poubavo se gleda i denje i noke , no bukvalno mozam da kazam deka vo skopjevo nema nitu eden asalen semafor
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 27-Jan-2008 at 13:10
Да, LED се сигурно многу посупериорни од класични семафори на многу полиња.

А што се однесува до радарот, и јас имам поделено мислење за неговата корисност... Но одбројувачи на семафорите дефинитивно се корисни според мене.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 27-Jan-2008 at 13:21
hahahah ne gi spomnav niv )))))) znam deka ti se slaba tocka hehehe
ama kazi koj e toj budala sto na 70 sek semafor ke ja gasi kolata za da pomine 1 minuta i demek nema da go zagade vozduhot????
nemame kultura nie, aj jas i ti ke go pravime a sto e so drugite??? tie semafori jas bi gi trgnal odma heheh

"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 27-Jan-2008 at 13:25
Хехехе со среќа со ЕлектроСофт. Они ги изработуваат и паркинзите на ЈП Градски Паркинг со многу фуш бар код скенери, па секој пат кога ви требаат 30-40 секунди да мавтате ко луди пред паркинг рампа со картичката да ве пушти ЕлектроСофт се виновниците по кој треба да пцуете.Crazy
 
Ова со семафорите не сум знаел дека се они но сега ми е јасно зошто прегоруваат диодите. Инаку диодите покрај се останато имаат значително помала потрошувачка на електрична енергија, и речиси да немаат греење.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 39>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.363 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.