Доградба на НУБ |
Post Reply | Page <1 23456> |
Author | ||
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply #61 Posted: 01-Jun-2009 at 15:13 | |
На ист начин и јас го доживувам овој објект. Сега кога веќе може да го ставиме на гласање, без никакво двоумење му ставам 3-ка како максимум што може да се даде на еден ваков објект. Се надевам дека барем ќе биде функционален, или за една година ќе слушнеме како прокиснал кровот поради брзата изведба и сета електронска опрема е оштетена.
Ова не му е првиот ваков кикс. Ако ти текнува, се почна со синиот џемпер Edited by La Linea - 01-Jun-2009 at 15:14 |
||
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #62 Posted: 01-Jun-2009 at 15:32 | |
Да се надоврзам на претходниот коментар што го дадов за објектов - тогаш бев стаписан од вентилацијата па не ни обратив внимание на останатото. Да не беше вентилацијата, оние лимови на приземјето, бакарната спојка кон стариот дел од библиотеката, а сега дознавам и за ова за висината на подплафонот, тогаш објектов ќе можеше да помине како блед архитектонски дострел. Но со онакви необјасниви будалаштини не стига ни до таму туку можам да го категоризирам единствено како тоталено промашување. Што да се каже за објект каде пристојното хортикултурно уредување наоколу е убедливо најсветлата точка... мада морало барем да ја засчистат земјата што се расфрлила по тротоар И луѓе аман исфрлете ги непотребните политички дигресии. Отровни се и заразни! Edited by Cloverstack - 01-Jun-2009 at 15:33 |
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #63 Posted: 01-Jun-2009 at 16:49 | |
јас за вакво нешто не би гласал, ова не е затворен проект, туку само доградба на библиотекта и истата колку и да е добра или лоша бидејќи една целина е со старата зграда сметам дека незаслужува ни листа за гласање а камо ли глас. пример да беше нешто засебно а залепено, како во случајот со соравиа и гтц ќе разберев да се стави на оцена, но во ваков случај и волку недефинирана нема капацитет да се нарече затворен проект! инаку се е во ред околу забелешките, единствено ова со земјата не ти држи кло, бидејќи калот е резутат од поројните дождови, но ова требало веднаш да се очисти или од општината или од паркови и зеленило.... |
||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #64 Posted: 01-Jun-2009 at 16:53 | |
Па колку што сум приметил кога ќе се нареди некоја површина со павер-елементи обично се посипува намерно со поситен песок да се попунат фугите. Вероватно сега ако ја измијат калта ќе се измие и песокот, така да сега за сега не штети воопшто пошто е нова патеката. Лудо е како аргументи при гласање да се зема калта врз патеката.
А кога ќе дојде време да се оценува објектов немам баш реална претстава како ќе оценам. Вентилацијата ми е големиот минус што фрла дамка врз целиот објект, дополнително е што завзема цетрално место. Не ми се допаѓа воопшто спојот на оваа со стариот објект. Спојот може да се изведе, ама ако се испроектирала и некој транзит фаза, вака директно преоѓање некако ми делува насилно, а поготово што е лошо изведено со лимче. Тоа што имало некаде висина само два метри воопшто не го гледам како негативен елемент туку може да биде и економиччно искористување на прсоторт доколку се работи за обично депо за книги или па ако треба да се смести некој сервер, некоја машина, односно како просторија за технички потреби не е воопшто проблем. Edited by lslcrew - 01-Jun-2009 at 16:58 |
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #65 Posted: 01-Jun-2009 at 16:56 | |
не калта се зема како несреќна околност за која надлежните немаат навремено решение! истата доколку се сака може и мора да се тргне, не мора тоа со шмрк да оди! |
||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #66 Posted: 01-Jun-2009 at 17:03 | |
калта ја ставив повеќе како критика кон локалните власти а не кон објектот. Се умацав во кал до колена, ситуацијата беше многу полоша отколку она што се гледа на сликата и затоа го евидентирав.
@ЛСЛ не се работи за нов павер тротоар туку за најобичен асфалтен постар тротоар на кој се истурил цел куп кал од теренот под библиотеката кој има косина. Сега е тоа изразено бидејќи земјата е раскопана и нема никнато треава но дури и кога ќе се зазелени со вакви дождови овој проблем ќе се повторува. Е во тој домен тоа е утка на проектантот на библиотеката. Јас мислам дека објектот треба да се гласа, нишката се вика Доградба на НУБ а не НУБ. Кога би гласале за НУБ како целина, оригиналниот проект би изгубил многу заради оваа доградба. |
||
my Macedonia
Senior Member Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4089 |
Quote Reply #67 Posted: 01-Jun-2009 at 17:07 | |
|
||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #68 Posted: 01-Jun-2009 at 18:45 | |
Поставив анкета. Запомнете ја оценуваме само доградбата на НУБ не НУБ.
Што да се каже. Во старт воопшто не ми се допаѓаше проектот особено. Не е работата само да се нафрла стакло и решен е пробелмот. Доколку гласавме некој автосалон на ул. Скупи веројатно ќе му дадев и релативно фина оценка. Но сепак се работи за НУБ и тоа на една ваква ударна локација. Мислам дека требаше многу повеќе. Овие мои констатации во старт ја спуштаат доста оценката. Ако на тоа се надоврзат несреќните детали кои ги идентификувавме во претходните 10на постови.............. се добива 2ка, барем според мене. |
||
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #69 Posted: 01-Jun-2009 at 19:03 | |
Четворка од мене бидејќи сме виделе многу полоши работи на форумот на поважни локации. Тој дел од Скопје ми е грд и онака, па не ми менува нешто посебно што рековте локацијата ударна-местото е можеби блиску до центарот, ама по мое освен студенти таму нема ништо друго. Сепак, не се вклопува ама баш НИКАКО со остатокот од НУБ, не знам како воопшто им текнало ова нешто.
|
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
my Macedonia
Senior Member Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4089 |
Quote Reply #70 Posted: 01-Jun-2009 at 19:24 | |
od mene edna cista 5ka, deka stakloto e nesto moderno deneska i intereso.negativno e deka nema mnogu katovi i istotaka ce ima problem so trotuarot zatoa 5ka
|
||
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #71 Posted: 01-Jun-2009 at 20:07 | |
За мене баш тоа е проблемот - што стаклото е многу модерно, а остатокот од библиотеката е стар како библија. Затоа ме буни мене кому му текнало ова, бидејќи само по себе можеби е во ред, ама со тоа до него не го бива. Не формира целина. Edited by гитардемон - 01-Jun-2009 at 20:08 |
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #72 Posted: 02-Jun-2009 at 00:48 | |
3-ка
Ги делам најнегативните критики, се мислев и за 2-ка, но МК просекот ни е ужасно низок и според мене треба повеќе луфта на дното на скалата бидејќи можеме ние и многу полошо |
||
Cifra
Groupie Joined: 25-Feb-2009 Online Status: Offline Posts: 85 |
Quote Reply #73 Posted: 03-Jun-2009 at 18:14 | |
уххххх гадно
тој архитектот изгледа не се снаоѓа баш во новово време |
||
46&2
Senior Member Joined: 04-Jan-2008 Location: Куманово Online Status: Offline Posts: 347 |
Quote Reply #74 Posted: 04-Jun-2009 at 10:20 | |
Гласав со 5 но таа оценка не е само од архитектонски аспект. Повеќе влијаеше идејата за ваков објект како и брзината со која се изгради. Сепак одамна требаше да се има ваква модерна библиотека.
|
||
Шпер
Senior Member Joined: 13-Jun-2009 Location: Струмица Online Status: Offline Posts: 310 |
Quote Reply #75 Posted: 29-Jun-2009 at 21:38 | |
Хортикултурата напредува!
1.
2.
|
||
|
||
mitatos
Senior Member Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
Quote Reply #76 Posted: 29-Jun-2009 at 22:00 | |
samo ima eden problem ,od vnatre nikoj ne go slikal ehhehe
|
||
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
||
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply #77 Posted: 29-Jun-2009 at 22:35 | |
Не е нешто посебно и специфично , ама според мене направена е солидно. Треба и старата зграда да се среди.
|
||
ел_ченто
Newbiе Joined: 17-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #78 Posted: 29-Jun-2009 at 23:48 | |
Објектот е прилично лошо изведен, монотонија од стакло со акцент на вентилацијата, која изгледа навистина невкусно. Единствена светла точка е хортикултурното уредување околу објектот. Од мене не би добил повеќе од 4.
|
||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #79 Posted: 30-Jun-2009 at 00:35 | |
Ќе можеш да го дадеш својот глас после 20 поста кога се отклучува опцијата за гласање |
||
MKballer
Groupie Joined: 25-Nov-2007 Location: Detroit Online Status: Offline Posts: 93 |
Quote Reply #80 Posted: 30-Jun-2009 at 21:56 | |
i sega ni treba nekoj da fati edna slika od preku ulicata!
|
||
Post Reply | Page <1 23456> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |