build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Sky City (Џеваир облакодери и трговски центар)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 79>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 10-Jul-2009 at 16:57
Па многу нормално дека неможе инвеститорот да се обврзе колкави ќе му бидат катовите. Јас се обидував да му дадам на Кире некоја приближна бројка, барем пропорционално пресметана ориентационо според величините на маркицата. Може би доолните катови ќе бидат деловен просотр со поголем распон, па горните да бидат станбет. Може ќе има гаражен простор. Све може да биде.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 11-Jul-2009 at 04:22
Веста ја пренесувам поради информацијата за условите за тендерот, адругото е горе доле повторување...
Се бара инвеститор за три 125-катници во Аеродром

Државата бара инвеститор што ќе изгради три 125-катници во Аеродром позади бензинската пумпа на „Макоил“ и еден заинтересиран за изградба на 14 згради во населбата Лисиче, зад бензинската на „Макпетрол“. И облакодерите и станбените згради ќе се градат на државно земјиште, за кое од Министерството за транспорт и врски вчера, односно денеска ќе распишат објава за продажба.

Локацијата за трите облакодери е со површина од 21.247 квадратни метри со површина за градење од 10.000 квадрати. Се наоѓа зад „Макоил“ во насока на комплексот на касарната „Гоце Делчев“. Квадрат земја ќе се лицитира со почетна цена од 7.000 денари. Според Детаљниот урбанистички план, кој Општина Аеродром го усвои пред повеќе од една година, предвидено е 30 проценти од висококатниците да имаат намена за домување, предвиден е и простор за комерцијални цели и катни гаражи. Од Министерството за транспорт објаснија дека заинтересираниот за изградба на облакодерите ќе треба да понуди минимум изградба на 25 ката, а максимум со ДУП е дозволена 125 катност на објектите. Кој од заинтересираните ќе понуди поголема катност, тој ќе има и најголеми шанси да го купи земјиште.

Дали и кој се' ќе биде заинтересиран да вложи во овој футуристички проект, кој беше идеја и на претходниот градоначалник Кирил Тодоровски, промовирана уште во почетокот на минатата година, ќе се знае во септември. На средината на месецот е закажано јавното наддавање. Јавната објава која од Министерството за транспорт најавија дека ќе ја распишат денеска, освен во домашните медиуми, ќе биде објавена и во „Фајнешнл тајмс“, а задача за информирање во странство за проектот за стокатниците ќе ја имаат и македонските економски промотори.

.....

Од ресорното министерство пресметале дека од продажбата на двете предметни земјишта би се обезбедиле минимум 4,3 милиони евра, а инвестицијата би достигнала до 50 милиони евра.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=7DB86B89DBF9D24C8D581E2F72465FAB


Edited by lslcrew - 12-Jul-2009 at 03:50
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 11-Jul-2009 at 15:02
Originally posted by lslcrew

Кој од заинтересираните ќе понуди поголема катност, тој ќе има и најголеми шанси да го купи земјиште.



Интересно... Не може да се каже баш дека е некој логичен пазарен механизам, но еве давам подршка доколку даде резултат.
Само што значи тоа поголема катност = поголеми шанси? Дали е тоа точно бодувано во споредба со цената што ќе ја понудат потенцијалните инвеститори за земјиштето? Или е оставено на слободна проценка на некои си, со што работата веќе би почнала да мириса на друго?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 11-Jul-2009 at 15:34
Малку необично е вакво побарување да има на тендер. Повеќе би бми било логично да се распише услов за тоа што ќе понуди најголем објект по квадратура, но ок.

Инаку ме зачуди што во урбанистичниот план е впишана само една маркица за П+124 и нема воопшто вцртани димензии на објектите и слично. Ме чуди со кое право, односно во согланост со која регулатива владата го обврзува идниот инвеститор на тој бришан просотор да гради три објекта. Може ќе дојде некој понудувач што ќе пунудида смести тука два објекти, или па четири објекти. Значи кога веќе во ДУП-от е оставен бришан простор за некој да гради комплекс висококатници, тогаш врз основа на што го "уценуваме" инвеститорот да мора да тоа бидат три објекта. Вчера со обидов во маркицата онака од око да пробам како јас би ги сместил три објект и некако многу незгодна форма има маркицава. Има некоја форма на изобличен, заокружен паралелопипед па единствено што ми паќа на памет дека одлично би се вклопувалот се два облакодера со форма на заоблен триаголник во основата, источниот поголем левиот помал, Свртени "со грб" едне према друг. Ај ако може архитектите да ме исправат ако грешам или ако пропуштам нешто, а и би ги замолил ако може да нафрлат некоја идеја како они би сместиле трри облакодери во оваа маркица.

п.с.  За оние кои се поупатени во градежната регулатива ме интересира ако може да ми одговорат врз основа на кој факт се констатира дека се гработи за два посебни објекта. дали е тоа ако се одвоени во приземјето?! Дали ако се одвоени во подрумите?! Или пак, дали се констатира дека се работи за еден објект доколку на неколку ката имаме некокво спојување на објектите. Јас знам конкретно во Кисела Вода оние пет кули на Сава Ковачевиќ, позади Расадник се всушност катастерски заведени како еден единствен објект со една единствена адреса, однонсо како обична зграда со пет влеза.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 11-Jul-2009 at 21:04
Еве јас како би ги сместил два облакодера на истата таа локација. Google Earth не ми дозволуваше да ги искривам крововите, па затоа дополнително скицирав набрзинка во paint на што мислам. На нема забуни, косиот дел на кровот всушност го замислував многу повисок одколку што изгледа вака тамо на скицата, а и ќошевите ако ги заоблувам би ми требало многу време у paint. На Google Earth висините на облакодерите се избрани како 300м и 250м, ама GE не е многу точен со висините, така да висината нека не ви биде многу релевантна иако вака од око изгледа прикладно за просторот.











Напомена: Сината боја е случајно избрана и не се мисли на плаво стакло!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 12-Jul-2009 at 01:59
Во врска со просторот, мислам дека е колку-толку доволен за 3 висококатници бидејќи основите можат да бидат и далеку помали, дури и да се работи за вистински облакодери.

А за висината што ќе ја испазарат не би бил преголем оптимист дека ќе се вивнеме баш во облаци. Доколку добиеме нова највисока зграда во Скопје, веќе ќе биде огромен успех и големо придвижување на работите (во споредба со долго зацементираниот фамозен „лимит“ од 29m кој ми се чини не сме го надминале веќе цирка две децении)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 12-Jul-2009 at 02:54
Кловер ти не ме свати ова со метриве. Google Earth не ги прикажува висините реално! Има некои грешки и тоа што че го внесеш во GE нема везе со реално како тоа изгледа.

Него еве ја уште нешто склопив слично на предходново, само сега се четири кули. Кровот повторно го заамислувам закосен, односно куливе да не бидат вака скалесто (иако и вака не изгледа лошо), туку како една коса рамнина која и сече четирите "цефки". Како предна страна на комплексов го замислувам кошот према ново лисиче односно оној кој има поголемо заоблување од другите заоблувањ, а всушност тука и треба комплексов да ја има највисоката точка. Комплексов всушност од две поголги страни и од север и од југот нуди на некој начин влез, односно на некој начин има своја порта која се формира од два облакодера, а внатре во комплексот суптилно се надѕира ќош од задниот облакодер. Всушност маркицава на прв поглед изгледа многу шашаво, ама уствари одлично може да се искористи.





Никако не ми паѓа на памет како може тука да се сместат токму три облакодера со некоја барем минимално пристојна форма.


Edited by lslcrew - 12-Jul-2009 at 03:03
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 12-Jul-2009 at 04:12
Сега ми текна уствари од каде ми дојде ова познато! Цело време додека ја скицирав последнава идеја ми се вртеше некое лого низ глава и сега ми текна! Речиси идентично со логото на Viva TV.


http://www.viva.tv/

Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 12-Jul-2009 at 12:32

И јас кога ја видов скицата ми текна на тоа.

Инаку гледам не се откажуваат од овој проект, ајде нека биде, ама после е проблемот со што ќе ги пополнат висококатниците.

Патем, што се случи со „роговите“ на Киро Тодоровски?
Back to Top
IN_MOTION View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote IN_MOTION Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 12-Jul-2009 at 16:09
Јас комплетно ја поддржувам оваа идеја, камо да ги изградат сите ке се гордееме па како и секогаш ке викаме ( зашто не ни текна порано да ги изградиме ). А за локацијата повќе сум да биде во строгиот центар -  карши holiday inn.
Back to Top
kire85 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 12-Jul-2009 at 16:12
Originally posted by IN_MOTION

Јас комплетно ја поддржувам оваа идеја, камо да ги изградат сите ке се гордееме па како и секогаш ке викаме ( зашто не ни текна порано да ги изградиме ). А за локацијата повќе сум да биде во строгиот центар -  карши holiday inn.


Karsi holiday inn se planirani 400-katnici.....za centar da ne bide pokus od aerodromBig%20smile
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 16-Sep-2009 at 17:45

Пропадна изградбата на трите стокатници во Скопје

Проектот стокатници во Скопје барем засега останува само на хартија. Иако државата се надеваше дека Скопје ќе го направи њујоршки Менхетен, идејата пропадна уште во старт. До 4 септември, рокот кога требаше да се достават понудите за изградба на трите облакодери, ниту домашна ниту странска компанија не достави понуда. Министерството за транспорт ја откажа денешната лицитација.

‘’Согласно крајниот рок, 4 септември до Министерството за транспорт не се пристигнати пријави за учество во јавното наддавање. Од таа причина предвиденото јавно наддавање не се одржа’’- се вели во писменото соопштение од Министерството.

Еден од критериумите што треба да го исполнуваат инвеститорите е да се изградат најмалку 25 а најмногу 125 -ката согласно деталниот урбанистички план. Предност ќе има оној што ќе понуди изградба на поголем број катови. Но оваа идеја архитектите уште однапред ја осудија на неуспех.

Мирослав Грчев Градежниот факултет вели: За Скопје овој проект е бесмислен, тоа е логично да се гради за Дубаи, Катар и Хонконг.

Земјиштето за изградба се простира на 20-тина илјада квадратни метри. Државата реши да го продава по почетна цена од 7 илјади денари по квадрат. Од тоа се очекуваше најмалку 2, 5 милиони вера приходи во буџетот. Од Министерството за транспорт велат дека не се откажуваат од футуристичкиот проект за Скопје. Набрзо планираат да распишат нов тендер.
16.09.2009, 16:34


http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=53337
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 07-Apr-2010 at 20:06

Втор обид за изградба на висококатници во Аеродром

Втор обид за изгрдаба на висококатници во Аеродорм. Министерството за транспорт и врски на лицитација ќе продава државно градежно земјиште на кое ќе треба да се градат три згради со повеќе од 33 ката.
На првиот тендер кога министерството бараше фирма што ќе гради 25 катници немаше заинтересирани за овој бизнис. Сега се променети критериумите за да се привлечат инвеститори. Почетната цена од 7.000 денари, падна на 4.600 денари за метар квадратен.
 
Државата продава над 21.000 метри квадратни. Според пресметките на министерството вкупно од проектот би требало да се инкасираат над 50 милиони евра. Висококатниците ќе имаат основна намена домување, но и трговски, деловни и верски објекти.
 
Вториот обид на државата да добие висококатници се случува во период кога се намалува станбената изградба. Според статистика, во февруари биле издадени за 9% помалку одобренија за градба во однос на истиот месец лани.
 
Според познавачите, проблемот лежи и во незаинтересираноста на инвеститорите, но и во неажурност на локалните власти. Во новата објава, транспорт дава подолг рок и за обезбдување одобрение. Инвеститорот оваа обврска ќе може да ја заврши за 9, а не како претходно за 6 месеци.                                                                                                                                                     http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/vtor-obid-za-izgradba-na-visokokatnici-vo-aerodrom  
 
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 08-Apr-2010 at 23:01

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ РАСПИША ОГЛАС


Парцелата за стокатниците пак на продажба


За почетна цена од 4600 денари за квадрат ќе се продава локација од 21.150 квадрати меѓу булеварите "Трета македонска бригада" и "Србија" зад бензинската пумпа "Макоил" во Аеродром


Министерството за транспорт и врски по вторпат ќе се обиде да пронајде инвеститор за изградба на три стокатници на локацијата меѓу булеварите "Трета македонска бригада" и "Србија" зад бензинската пумпа "Макоил" во Аеродром. Ќе се продава градежна парцела со вкупна површина од е 21.150 квадратни метри каде според Деталниот урбанистички план е предвидена изградба на три облакодери на 124 ката, односно со максимална висина до 500 метри. На оваа површина се предвидува и изградба на 7.000 паркинг-места, од кои 3.200 се наменети за потребите на облакодерите.

Одговорните од ресорното министерство информираат дека условите од тендерот се речиси исти како и на претходниот на кој не се јави ниту еден заинтересиран инвеститор, извршена е само корекција на почетната цена за метар квадратен која овој пат изнесува 4600 денари.
На јавно наддавање ќе се продава и парцелата покрај реката Вардар каде според ДУП, на 17 илјади квадрати е предвидено да се градат два луксузни хотела со многу спортско-рекреативни содржини, како забавен аквапарк, сала за хокеј, тениски игралишта и други атрактивни објекти. Хотелите можат да имаат максимална висина од пет ката и ќе се продава за почетна цена од 6.000 денари за квадрат.

Во Мичурин пак, ќе се продава земјиште на кое е предвидено да се изградат деловни простории со вкупна површина од 2300 квадратни метри, по почетна цена од 6000 денари.
Огласите се објавени на официјалната веб-страница на Министерството за транспорт и врски според кое заинтересираните физички и правни лица можат да поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање во писмена форма, во која е наведено за која парцела се однесува самата пријава.

(Е.А.)

 
Back to Top
Buliwyf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
  Quote Buliwyf Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 08-Apr-2010 at 23:10

Aјде и тоа чудо да го видеме Smile

Јас мислам дека на скопје му фалат повеќе висококатници,така градот ќе изгледа мн помоќен и поубав


Edited by Buliwyf - 08-Apr-2010 at 23:29
Back to Top
duli View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 28-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote duli Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 09-Apr-2010 at 15:53
zs be bas vo aerodrom, ne sum i protiv taa lokacija no ke bese podobro ako se izgradea tie visokokatnici vo centarot na skopje
toa bi bilo i turisticka atrakcija i bi se podobrilo likot na centar:}
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 09-Apr-2010 at 18:28
Originally posted by duli

zs be bas vo aerodrom, ne sum i protiv taa lokacija no ke bese podobro ako se izgradea tie visokokatnici vo centarot na skopje
toa bi bilo i turisticka atrakcija i bi se podobrilo likot na centar:}


Се сложувам. Најсоодветна локација е примитивното Маџир Маало и делот карши Холидеј Инн.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 09-Apr-2010 at 19:16
kako i okolu kruzniot tek kaj Kontinental, mislam na prostorot na kukicinjata izmejgu UKIM i kruzniot tek - naselba Krnjevo
Back to Top
SpaceAge View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 11-Dec-2009
Location: SWEDEN
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote SpaceAge Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 09-Apr-2010 at 20:18
Da se povtoram toa Pbanks sto go rece odamna ,madjir maalo idealno mesto za poslovni zgradi pokraj Vardar,no mi zvuci nerealno da se stori toa so tie protivanja sto gi ima. Aerodrom nema problemi so nekojsi denacionalizacii, znaci mnogu poevtino.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 10-Apr-2010 at 15:38
Originally posted by duli

zs be bas vo aerodrom, ne sum i protiv taa lokacija no ke bese podobro ako se izgradea tie visokokatnici vo centarot na skopje
toa bi bilo i turisticka atrakcija i bi se podobrilo likot na centar:}
не ми е јасно зошто во секое делче од нашата архитектура се бара туризам! тие се секојдневие во секој друг град, така да...


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 79>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.426 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.