![]() |
![]() |
![]() |
Враќање на артефактите |
![]() |
Post Reply ![]() |
Author | |||||||||||||||||||||||||||
волан ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Dec-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 192 |
![]() ![]() Posted: 02-Feb-2008 at 17:04 |
||||||||||||||||||||||||||
ВРАЌАЊЕ НА АРТЕФАКТИТЕ - дома Измени.
По светот богатите држави во текот на историјата ги полнеле своите витрини на музеи со артефакти од земјите кои им биле колонии ... Музеите на Англија, Франција, Италија, Шпанија, САД, Германија, Русија ... се преполни со културни реликвии и артефакти од земјите кои биле колонии ... Овие земји под превез на доистражување на артефактите и културните вредности ги полнеле своите музеи а ги празнеле националните вредности на многу народи со што се обезличувал културниот идентитет на матичниот народ ... Ваква појава имаме и со нашите артефакти и црковни светии кои со текот на историјата се изнесени надвор од Македонија - во музеите и архивите на: Турција, Бугарија, Србија, Грција, Русија и незнам кој друг архив или музеј ... Во најново време вакв културни вредности и светии скоро легално се продаваат на интернет и се губат во приватните колекции на богатите филантропи ... кои незнаат што друго да прават со парите и прибираат се што е вредно за нивен поим ... Што е се изнесено во текот на историјата од Македонија а знаеме дека го има некаде ... мора да се направи попис во Министерството за култура и за секој артефакт посебно да се поведе соодветна процедура за докажување на автентичноста на истиот за нивното потекло ... за секој од нив да се следат упатствата и помошта од УНЕСКО ... која секоја година дава се поголема подршка на враќањето на културните артефакти ... На темава неколку пати пишував: *** Барање на МПЦ до Владата, да почне акција за враќање на предметите што и припаѓаат на Црквата, а се наоѓаат во другие земји ... 26 Април, 2006 ... -Позлатени црковни одежди, Поразувачки е што само неодамна откриената, петта златна маска во Охрид, се наоѓа во земјава. Четирите златни маски од требенишките гробници се во музеите на Софија и на Белград. Вредни икони по потекло од земјава се во Српската патријаршија, а инсигниите на охридскиот епископ, вклучувајќи ја и неговата круна, се во Софија.
-На требенишките златни маски, на пример, и во Софија и во Белград пишува дека потекнуваат од Охрид, Македонија. Но, Србија и Бугарија ги сметаат македонските артефакти за свои,... *** За враќањето на артефактите од Словенија ... процес кој траеше повеќе време пишував неколку пати ... види линкови ... 1, 2, 3, *** Што се е одземено од нашите цркви ... 30 Април, 2006 Од охридскиот манастир „Свети Наум“, кој една година бил под бугарска власт,биле однесени „на чување“ во софискиот музеј *** Разнесено културно богатство ... 3 Мај, 2006 - МАКЕДОНИЈА САМО ВЕРБАЛНО МОЖЕ ДА СЕ ПОФАЛИ ДЕКА Е ЛУЛКА НА СЛОВЕНСКАТА ПИСМЕНОСТ, БИДЕЈЌИ НАЈГОЛЕМИОТ БРОЈ ОД ДОКАЗИТЕ ГИ ЧУВААТ СОСЕДИТЕ ВО СВОИТЕ НАУЧНИ ИНСТИТУЦИИ. КОНКРЕТНО, ПРЕКУ ОДЗЕМЕНИТЕ СРЕДНОВЕКОВНИ РАКОПИСИ НА НАШАТА ИСТОРИЈА И Е НАНЕСЕНА НЕПОПРАВЛИВА ШТЕТА -Во
Македонија не е зачуван, односно нема ни еден од најстарите глаголски
ракописи, иако седум од деветте најстари се создадени во Македонија, а
токму најстарите и највредни ракописи се наоѓаат надвор -Гледав одличен серијал на МТВ за оваа тема ... од музеите и библиотеките кадер се чуваат ракописите по потекло од Македонија ... *** ГОСПОД ...се грижи за нашите артефакти ... 18 Октомври, 2006 ... .. наша специфика е дека во периодите кога сме немале своја држава, најлегално - владетелте од тогашните државави на нашите простори ги прибирале скоро највредните артефакти кои се од пренослив карактер и ги носеле на “испитување и чување“ во националните музеии (Софија, Белград, Истамбул, Атина...Москва, Лондон, САД...). Секојпат со мотив да се “сочуваат артефактите“. *** Македонија не си го бара културното наследство ... Утрински- Брoj 2325 понеделник, 05 март 2007 - Движното културно наследство изнесувано низ историјата на легален или илегален начин, евидентирано во државни институции, приватни галерии во одредени земји во светот, станува предмет на интерес на јавноста особено кога во Македонија се интензивираат дивите копања. Но досега, како во поновата историја на државава, но и претходно, во времето на СФРЈ не е реализирана ниедна конкретна иницијатива за враќање на богатствата изнесувани уште од времето на османлиското владеење, па се' до денес (со исклучок на минатогодишното враќање на заробените македонски бронзи на словенечката граница, изнесувани по илегален пат од државата). ... мошне индикативно е што досега не е направена ниту одредена листа евидентирани предмети по светот, кои потекнуваат од територијата на земјава. ... Се надевам дека некој ќе се сети да го отпочне потребното евидентирање, па комплетираните досиеја да му се достават на Министерството за надворешни работи, ... Директорот на Управата за културно наследство, Паско Кузман за можното враќање на македонските културни вредности дома, говори како за невозможен процес во сегашни услови, кога во светот и големите држави тешко успеваат да си вратат нешто. ** „За македонското отуѓено наследство“ е насловот на седумте документарни телевизиски емисии снимени за Македонската радио телевизија во неколку градови од поранешна СФРЈ, но и во дел од значајните културни центри во Европа, во 1988 -1989 година. Нивниот автор, новинарката Оливера Христова заедно со снимателот Драги Таневски, мајсторот на светло Љупчо Јаневски и режисерот Иван Митевски, го реализирале засега единствениот од ваков тип визуелен материјал, мошне значаен за документирање на дел од културното наследство изнесувано на различен начин од земјава, а депонирано и презентирано во музеите и библиотеките во Белград, Загреб, Сараево, Љубљана, Виена, Минхен, Краков, Париз, Лондон, Лајпциг, Берлин и Амстердам. ** останале неснимени планираните емисии во Народниот и во Археолошкиот музеј во Софија, во Археолошкиот музеј во Цариград, како и во музеите и библиотеките во сегашна Русија и Украина, ** „Сите музеи и библиотеки до кои се обративме пред војната во СФРЈ беа отворени за соработка. Во Народниот музеј во Белград меѓудругите ги снимивме и - златните наоди од ахајската кнежевска гробница во Требеништа, (Златна маска из Требеништа, 6-5. век п.н.е.)
(Царске двери, Охрид, 16. век) - иконата „Св. Јован со крилја“ од село Враниште и др. (Шлем, бронза, Требениште, 6-5. век пре н.е.) ![]()
(Двојне икона, Богородица са Христом, 14. век, Охрид) -збирката на Љубо Ивановиќ која содржи експонати донесени од Македонија:женски фустани од Битола од 18 - 19 век, Народната библиотека „Светозар Марковиќ“ и во библиотеката во САНУ сите ракописи од познатите збирки ракописи од македонските манастирски школи, како и етнографски предмети датирани од 14 -19 век кои се наоѓаат во Манаковата куќа, во тамошниот Етнографски музеј. ** Во Археолошкиот музеј во Љубљана се снимени керамички сад и украс за каиш од Охрид и значајната „Глава на Фаустина“, а во Народната универзитетска библиотека Копитаревиот посен триод. Документирани се и неколкуте листови од Маринското евангелие од 11 век, во Народната библиотека во Виена. ** Во Националната библиотека на светски познатиот Британски музеј е снимено Четвороевангелието на митрополитот Јован, од 1355 година богато со илуминации, во нумизматичкиот оддел 19 монети од Стоби, а во археолошкиот оддел и биста на Есхин, како и ситна пластика на македонска бронза од железниот период со повеќе археолошки експонати. ** во Амстердам, во Археолошкиот музеј „Аларт Пирсон“, каде се наоѓаат бронзени рачки од порти со лавовски глави, ситна пластика од бронза но и еден калап за правење на штитови за војската на Александар Македонски, од кој тамошните музејски работници дозволиле да бидат направени копии. Но интерес не бил покажан...................................................................................................................... На истата тема имав и уште неколку други написи ТУЃИ ПЕРЈА Многу луѓе обожуваат да се китат со туѓи перја ... како Пауни...
како Страчки де ... Премисата е дека е некоректно да се китиш со туѓи
перја ... Да препишуваш вредности кои не се твои ама ете го знаеш
човекот (во ситуација си ... имаш можност де ...) и само затоа што го
знаеш, се китиш со туѓите перја (се шлепаш ...). Ако си политичар со
туѓи перја се китиш кога успесите на предходникот ги земаш како свои
успеси ... заборавајки да кажеш дека за тој успех заслуга носи некој
друг ... Често имаме преземање на текстови и друга интелектуална
сопственост ... некажувајки го изворот, се китиме со туѓи перја ...
Скоро сите луѓе јавно ке изјават дека не сакаат да се китат со туѓи
перја - но сепак некој повешто некој помалку вешто се користи (се
кити...) со туѓи перја ... Вообичаено ако се открие дека некој се кити
со туѓи перја - настанува скандал (срамота ... брука ...) ... и таквите
личности се отфрлаат како неинвентивни ... неспособни да закачат во
шеширот и некое свое перце ... Китење со туѓи перја не се зема како
мана ако јавно си признаеш дека перјата не се твои - но бидејки ти се
допаѓаат ги користиш ... Китење со туѓи перја е поим кој најчесто се сретнува во политичките пораки и обвинувања дека некој се кити со туѓи перја ... Вчера Премиерот Груевски беше обвинет од Шекеринска дека се кити со перјата на Бучковски - во врска со странските инвестиции ... набројувајки ги како свои успеси “Сосиете Женерал“, „Џонсон контролс“ и некои други ... Со туѓи перја се китат и цели држави - кога истакнувајки културни вредности и историски личности како свои, се китат со туѓи перја ... такви случаи има безброј. Ние со нашите соседи имаме долга историја на китење со туѓи перја и меѓусебно обвинување дека некој се кити со туѓи перја.
-
Со Бугарите имаме расправија за историските настани и личности, за кои
и двете држави и нации велат дека се дел од нивната историја и култура
... Обвинувањето за китење со туѓи перја е обострано и бајаги долго ...
Листата на историски настани и личности со кои се китат и двете нации
е огромна ... Идејата за овој напис “Туѓи перја“ ми ја даде написот на денешен Вечер - СОСЕДИТЕ СЕ ФАЛАТ СО ТУЃА АРХЕОЛОГИЈА - Србија ја носи Златната маска во Италија ...
-
Меѓу ексклузивните експонати се наоѓаат наоди откриени на античкиот
град Стоби. Во поставката се наоѓа и единствената позната глава на
таткото на цар Трајан од археолошкиот музеј во Ѓердап, бронезен сатир,
статуи на Лара и на Венера од Стоби, бронзена статуа на Јупитер, како и
бронзен шлем - маска од Смедерево, мермерен релјеф со претстава на Пан
и нимфи од Стоби, сребрен сад од локалитет кај Лазаревац, вазни од Нови
Пазар, хеленистички сад и накит од Будва, митри од злато, сребрени
фибули и гривни од Чуруга. Се на се, над 500 вредни предмети,
сопственост на Народниот музеј Белград. Изложбата носи наслов Античкиот живот помеѓу Дунав и Јадран. Што е се одземено од Македонските простори кое е пред се Македонско културно и историско наследство а се чува низ музеите на Београд, Софија и другите светски цетри пишував и евидентирав во постот: ВРАЌАЊЕ НА АРТЕФАКТИТЕ - дома ** Во Народниот музеј во Белград меѓудругите ги снимивме и - златните наоди од ахајската кнежевска гробница во Требеништа, (Златна маска из Требеништа, 6-5. век п.н.е.)
(Царске двери, Охрид, 16. век) - иконата „Св. Јован со крилја“ од село Враниште и др. (Шлем, бронза, Требениште, 6-5. век пре н.е.) ![]()
(Двојне икона, Богородица са Христом, 14. век, Охрид) ** Народната библиотека „Светозар Марковиќ“ и во библиотеката во САНУ сите ракописи од познатите збирки ракописи од македонските манастирски школи, како и етнографски предмети датирани од 14 -19 век кои се наоѓаат во Манаковата куќа, во тамошниот Етнографски музеј. ** Во Археолошкиот музеј во Љубљана се снимени керамички сад и украс за каиш од Охрид и значајната „Глава на Фаустина“, а во Народната универзитетска библиотека Копитаревиот посен триод. Документирани се и неколкуте листови од Маринското евангелие од 11 век, во � ** Во Националната библиотека на светски познатиот Британски музеј е снимено Четвороевангелието на м |
|||||||||||||||||||||||||||
волан
|
|||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||
волан ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Dec-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 192 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||
** Во Националната библиотека на светски познатиот Британски музеј е снимено Четвороевангелието на митрополитот Јован, од 1355 година богато со илуминации, во нумизматичкиот оддел 19 монети од Стоби, а во археолошкиот оддел и биста на Есхин, како и ситна пластика на македонска бронза од железниот период со повеќе археолошки експонати. ** Во Амстердам, во Археолошкиот музеј „Аларт Пирсон“, каде се наоѓаат бронзени рачки од порти со лавовски глави, ситна пластика од бронза но и еден калап за правење на штитови за војската на Александар Македонски, од кој тамошните музејски работници дозволиле да бидат направени копии. Но интерес не бил покажан. За ова пишував и во постот: Што се е одземено од нашите цркви ...
** Од охридскиот манастир „Свети Наум“, кој една година бил под бугарска власт,биле однесени „на чување“ во софискиот музеј За слична проблематика пишував и во постот: Разнесено културно богатство ...
-Македонија
- лулката на словенската писменост може само вербално да се пофали дека
е токму тоа, бидејќи најголемиот дел од доказите за тоа -
средновековните ракописи се чуваат во музеите, библиотеките и научните
институции на соседите и во некои од европските држави. Веројатно пропуштив уште некој мој пост за ова ... но и ова е доволно ... |
|||||||||||||||||||||||||||
волан
|
|||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||
волан ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Dec-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 192 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||
многу сакам ... не ги прими целиот текст во постот па го залепив со коментарот ...
а за оние кои ова им е малку еве уште неколку линкови од мои написи за темата волан - Што се е одземено од нашите црквиволан - ГОСПОД ...се грижи за нашите артефактиволан - Конечно украдените артефакти домаволан - ИНТЕРНЕТ ПРОДАЖБА - НА МК АРТЕФАКТИволан - Сократова заклетва кај Археолозитеволан - АРХЕОЛОШКА МАФИЈА ВО МК (ИМА-НЕМА)волан - МАКЕДОНСКИТЕ БРОНЗИ - КОНЕЧНОволан - ДИВИ КОПАЧИ = ДИВИ ИСТРАЖУВАЧИ = РОМАНТИЧАРИима уште неколку но и овие ви се доволно![]() |
|||||||||||||||||||||||||||
волан
|
|||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||
mitatos ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||
odlicen post volan, da se nadevame deka ovie artefakti koi se ukradeni od drugite drzavi da se vratat kade sto poteknuvaat i togas ke si ja imaat svojata avtenticnost , i uste ednas bi gi zamolil nekoj od operatorite ovoj subforum da go prefrlat na glavniot forum posto stvarno e malku kompliciran
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
|||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||
La Linea ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||
Волан одличен пост, навистина не си дозволил да ти избега нешто.
![]() Не сум знаел дека волку вредни предмети ни фалат од збирките, иако знаев дека многу е изнесено од Македонија со секоја окупација. Најмногу ми е криво за старословенските ракописи и златната маска од Требениште која изгледа прекрасно после неколку милениуми. А дали воопшто некој воспоставил контакт со музеите? Дали има расположение за соработка? |
|||||||||||||||||||||||||||
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||
волан ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Dec-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 192 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||
Враќањето на артефактите е проблем кој не може да се реши успешно ... бидејки велесилите се тие кои “ограбувале“ ... со изговор дека го спасуваат културното наследство од “варварските“ држави ...
Замисли да се вратат сите артефакти изнесени од Египет ... каменот од розета да речеме ... што тогаш ке покажуваат музеите во Њујорк (кој нема историја постара од 300 години ...), Лондон, Париз, Москва ... Сега најпво треба да се евидентираат артефактите кои се изнесени од МК територија (фотографираат и документираат ...) и додека не се вратат да се направат реплики и да се стават во посебна збирка во некој музеј и на сите да им се каже што е изнесено и каде е сега ... Сите тие се дел од националниот идентитет на Македонија ... За секој артефакт треба да се почне процес за реституција ... важно е никојпат МК да не се одкаже од тие артефакти ... а времето упорноста и умешноста ке работи за да се вратат артефактите дома ... Никој неможеше да замисли дека моштите на Гоце Делчев некојпат ке дојдат во Македонија - но дојдоа ... Edited by волан - 02-Feb-2008 at 19:18 |
|||||||||||||||||||||||||||
волан
|
|||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||
dejan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Australia Online Status: Offline Posts: 672 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||
Bravo Volan, mnogu informativen post.
Navistina Makedonija ima ogromno kulturno nasledstvo koj za zhal e rasfrlan segde po svetot, a najvekje po sosednite drzhavi. Ne veruvam deka Bugarija ili Srbija ke gi vrati ovie artefakti. Ako te interesira poveke za sto e zemeno od Makedonija, sledi go ovoj link. |
|||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||
Edited by Cloverstack - 07-Nov-2010 at 18:35 |
|||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||
МИХЕЛ ВАН РИЈН, НАЈГОЛЕМИОТ ШВЕРЦЕР СО KУЛТУРНО БОГАТСТВО НА СВЕТОТ, СЕГА СОРАБОТНИK НА СKОТЛАНД ЈАРД Има уште неколку клучни луѓе што беа замешани во кражбата и расположени се да зборуваат. Се плашат дека ако не го сторат тоа, ќе завршат во затвор. Оваа приказна е веќе извадена од темнината, премногу е голема за да се молчи за неа. Повторно безусловно ќе се посветам да го вратиме кратерот дома ако македонската Влада го посака тоа, вели Ван Ријн во интервјуто за „Дневник“ Михел ван Ријн е еден од последните вистински авантуристи во светот, смел и одважен, со широк репертоар приказни за неговите влетувања во ризик, за сонот да го победи системот. Тој е реткост во денешниот свет на неспособни луѓе кои сакаат да бидат славни апсолутно за ништо. До 2008 година веќе „постигна“ сериозна цена за својата глава. Kаде и да го сретнев во Лондон, покрај себе имаше верен телохранител од специјалните сили вооружен до заби. Наеднаш замолкна, исчезна... Подоцна го лоцирав во Амстердам, беше безбеден, и таму почна неговата авантура во шеесеттите години, вели блогерот Kинг Адз, кој со години пишува за овој интересен човек. За него Ричард Елис од Скотланд јард изјавил: „Михел ван Ријн е одговорен за 90 отсто од шверцот на уметнини во светот. И тој со задоволство тврди дека бил замешан во останатите 10 отсто“. Со недели не можев да го најдам. Сите контакти на интернет, на неговата веб-страница не функционираа. Дојдов до неколку стари имејли и решив да си ја пробам среќата. Знаев дека овој човек има многу информации за исчезнувањето на кратерот од 5 век пред новата ера, пронајден во демиркапиското село Kорешница за кој „Дневник“ објави неколку текста. Не очекував брз одговор од човекот со кој „Дискавери“ и Би-би-си имаат снимено многу емисии за нелегалната продажба на културното наследство. Ван Ријн во осумдесеттите години се „преобратил“ и почнал да соработува со Скотланд јард за реституција на многу украдени предмети... Сосема неочекувано, ми одговори за нецели 12 часа. Безрезервно ја понуди својата помош. Вели дека многу добро се сеќава на случајот со кратерот. Побара само неколку дена да прочепка по старите документи. Следуваат одговорите, полни со детали за сагата на еден од најубавите предмети пронајдени на оваа почва, кои низ нелегалната мрежа на трговија со културно наследство завршил во Њујорк, во приватната колекција „Леви/Вајт“. Човекот кој стана моќник l Kога првпат откривте дека постои кратер нелегално изнесен од Македонија? - Во доцните деведесетти години, заедно со детективот Ричард Елис, основачот на новиот оддел за уметнини и антиквитети во Скотланд јард во Лондон. Од нас беше побарано да го истражиме господинот Антони Ткалец - Тони за неговата клучна улога во пљачкосувањето и шверцот на светски познатото „Богатство на Севсо“ од римско време, откопано близу езерото Балатон во Унгарија, во раните осумдесетти години. На прв поглед, ова нема никаква врска со македонскиот кратер, но мора да ја објаснам суштината. Многу вредни монети потекнуваат од Македонија, а тоа го прави целиов случај уште поважен. Ткалец, по потекло од поранешна Југославија, во тоа време оперираше во Унгарија и „официјално“ работеше како инженер во подобрувањето на унгарската железничка мрежа. Дотогаш Ткалец беше безначаен играч на нелегалниот пазар за уметнини. Најчесто купуваше, шверцуваше и продаваше свежо откопани римски и грчки монети од земјите од поранешниот источен блок на Западот. Профитот од величественото „Богатство на Севсо“ пресметан во милиони британски фунти го направија Ткалец многу богат човек. Тоа му овозможи да стекне австриски пасош и швајцарска „дозвола за престој“. Тогаш се смести во Цирих и на почетокот на осумдесеттите раководеше со „Ткалец АГ“, аукциска куќа специјализирана за продажба на антички монети. Едуциран и многу интелигентен играч, создаде моќни и влијателни контакти на двете страни од законот и прерасна во главен играч. Kако никој друг успеа да профитира од својата позиција. Антички монети се наоѓаат низ целиот Медитеран, па невозможно е точно да се посочи местото каде што се пронајдени. Ткалец ги увезуваше „официјално“ во Швајцарија, плаќајќи ниска такса за увоз. Така успеа да воспостави експанзивен „легален“ бизнис држејќи важни аукции за монети на регуларна основа. Новооткопаните монети се најбезбедната „нишка“ на нелегалниот пазар на добра. Се продаваат низ целиот свет на т.н. почитувани дилери. Така, на глобалните полициски сили им даваат малку шанси да се вмешаат во огромниот профитабилен полулегален бизнис. Причината за успехот на Ткалец се должи на едноставен начин на оперирање. Kопачите, на кои секогаш им требаат пари, може да добијат аванс за нивните нелегални откритија. Или „Ткалец АД“ директно ги откупува и понатаму се грижи за официјалните продажби на наддавањето. Моќната позиција и углед на Ткалец како вистински „мастермајнд“ на пазарот за монети растеше од ден на ден. На крајот се надигра себеси. Се збогати со препродажбата на „Богатството на Севсо“ бидејќи не се држеше стриктно до релативно безбедната „нишка“ на нелегалниот пазар за монети. Многу шверцери со различни свежо пронајдени антиквитети се поврзаа со него. Фактот дека фрлам малку светлина на Ткалец има врска со евентуалната реституција на украдениот „Леви/Вајт“, македонски бронзен архајски кратер, кој диви копачи со метал-детектор го откриле близу Охридското езеро. Без оглед на моќната позиција на Ткалец, богатството, официјалните контакти и политичките приврзаници, ќе се покаже дека тој ќе биде слабата алка и клучот да се врати кратерот во Македонија. Затоа морав да го објаснам неговото минато. l Дали некогаш сте го виделе кратерот? - Не сум го видел. Но, во 2001 година од посредник од Лондон, близок до самопрогласениот научник Џефри Спиер од Аризона, беше побарано да обезбеди доказ и имав среќа да видам дупликат фотографии кои посредникот ги имаше како гаранција, чекајќи Ткалец да му плати. Затворете ги очите за момент и замислете близнак на величествениот, уникатен кратер од 6-5 век што денес се наоѓа во Националниот музеј во Белград. Оној, кој во 1931 година е пронајден во Требеништа, близу Охрид и денес треба да биде изложен во Македонија. Документацијата е фалсификувана l Велите дека кратерот е откопан близу Охрид, а надлежните во Македонија тврдат дека бил пронајден во Kорешница кај Демир Kапија. Дали имате точна информација? - Kога ми ги покажа фотографиите во Лондон, посредникот ми кажа дека локални копачи, добри контакти на Ткалец, го пронашле неочекуваното фантастично откритие близу Охрид. Немам причина да се сомневам во неговиот збор бидејќи секогаш бил отворен со нас кога сме го испрашувале за безброј други нелегални измами со антиквитети во кои тој бил вмешан. Посредникот беше свесен дека ако даде погрешна информација, ќе биде откриен и дефинитивно ќе беше уапсен. Нов Скотланд јард ќе го повикаше на одговорност за неговата вмешаност во многубројни други измами со нелегални антиквитети. Ќе остареше во затвор! Единствениот негов билет до безбедност и слобода беа неговите важни и прецизни информации и детаљното знаење за играчите во нелегалниот свет на антиквитети. Затоа и стана прв информатор на Нов Скотланд јард. l Kако кратерот завршил во колекцијата „Леви/Вајт“? - Двајцата шверцери не се на ниво да играат до високиот врв на пазарот за антиквитети. Ја извидувале и надгледувале мрежата на нелегални копачи на Ткалец во Македонија. Вниманието на Ткалец кон кратерот го свртеле двајца криминалци, Циле и Синиша. Тие го откупиле од локалните копачи. Шверцуван е во Цирих, каде што Ткалец го откупил македонското национално богатство за 350.000 германски марки. Потоа Ткалец, преку Мајкл Ворд со седиште во Њујорк, за 6,5 милиони долари му го понудил кратерот на Леон Леви и Шелби Вајт. Псевдоакадемикот Џефри Спиер кој живее во Аризона дал свој благослов на украдениот предмет и делумен научен превез за хонорар од 50.000 долари. Останатото е историја! „Леви/Вајт“ се согласиле да го купат, Ткалец ја обезбедил „неопходната“ документација за да го олесни извозот на кратерот до САД. l Kој бил клучниот играч, мозокот на операцијата? - Дефинитивно Антони Ткалец. Затоа детаљно го опишав минатото на овој пеколен играч на нелегалниот пазар за антиквитети. Доволно ќе биде да се собере „документацијата“, измисленото потекло на кратерот и фалсификуваните документи за експорт во времето кога Ткалец го извезол од Цирих, до неговиот „почитуван“, но во вистинскиот живот демек партнер Мајкл Ворд во Њујорк. Ќе се докаже дека целата документација е фалсификувана и нецелосна. Во тоа време, легалните побарувања за потеклото, историјата на предметот и прашањето за претходниот сопственик не беа подготвувани толку софистицирано како денес. Нема да е потребен гениј да докаже дека имињата на луѓето претставени како поранешни сопственици на бесценетото историско уметничко ремек-дело се сосема фиктивни. Денес, злосторниците мора да се справат со локалните полициски сили, кои тесно соработуваат со Интерпол, УНЕСKО и ИKОМ. Влеговме во ерата на компјутерите. Денес нелегалните шверцери и дилери од старата школа се сведуваат на неписмени дилетанти без каква и да е форма на одбрана. Тоа не можеа да го предвидат во нивно време, кога беа на врвот на нелегалниот пазар со уметнини. Тоа ќе биде како клиничко откривање на нивната замешаност во криминал, чепкајќи низ дупките во мрежата на нивната измама. Ќе бидат фатени како убијци што избегале во времето кога немаше знаења за ДНK. l Kој заработи најмногу од зделката? - Локалните копачи добија ништожен дел, ни 30.000 германски марки. Слушнав дека и денес не се многу среќни поради тоа. Доверливите шверцери на Ткалец, Циле и Синиша биле (а што е тука ново?) осакатени со само 350.000 германски марки. Вистинските пари, 4 милиони долари, ги направил Ткалец, а неговиот партнер во криминалот, Мајкл Вард, бил награден со „ништожни“ 2 милиона долари поради неговите директни контакти и тесната инволвираност во продажбата на кратерот на „Леви/Вајт“. Одамна ја понудив мојата помош l Пред неколку години контактиравте со Управата за заштита на културното наследство и со македонската амбасада во Лондон. Што им понудивте? - Се обидов да ја ставам на агендата репатријацијата на кратерот. За жал, ми дадоа до знаење дека и Грците се обидуваат да дојдат до кратерот, па политички конфликт поради ова ремек-дело не беше добредојден во тоа време. Разочаран, побарав алтернативен начин да успеам. Имав неколку телефонски разговори со Паско Kузман. Дури се понудив да му ги платам трошоците за да дојде во Лондон, да ги види доказите и да се сретне со некои од играчите што се чувствуваа измамени и сакаа да им се одмаздат на Тони Ткалец и на Мајкл Вард. Луѓето беа подготвени да го внесат Kузман во игра за да може вашата влада да преземе соодветна акција како резултат на тоа. За жал, тој одби да се замеша. l Kоја ќе биде цената за Вашата помош? - Моите минимални трошоци. На времето дури понудив јас да ги платам и нив, но поради малиот интерес, таа понуда веќе не е во опција. Најважно за мене е да им помогнам на луѓето во Македонија кои сето ова време беа лишени од величественото историски важно ремек-дело кое беше доказ за нивното славно минато. l Без навреда, но со оглед на Вашето минато, не можам да не Ве прашам дали имате нешто со исчезнувањето на кратерот? - Не се навредив. А би сакал да имав. Да беше така, немаше да се бориме толку тешко против толку многу злосторници за да ја вратиме прекрасната чудесија на вашата земја и народ. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5D0B2227213A964293B208B39F7DC527 |
|||||||||||||||||||||||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |