build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 84>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 08-Oct-2009 at 06:02
 

Се реконструираат два регионални пата

Интензивно се реконструираат двата регионални пата што го поврзуваат Прилеп со Македонски Брод и со Крушево. Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, информира дека работите на сообраќајниците ќе завршат до крајот на оваа или до почетокот на наредната година.

- Двата патни правца се многу битни за економскиот развој во регионот и ги опфаќаат општините Прилеп, Долнени, Македонски Брод, Кривогаштани и Крушево. Реконструкцијата ќе ја подобри меѓусебната комуникација на жителите од овој дел на Пелагонија и ќе го направи побезбеден патниот сообраќај - изјави Ристески.

Проектот е финансиран од Министерството за транспорт и врски. За патниот правец Прилеп-Македонски Брод, во должина од 32 километри се обезбедени 283 милиони денари, а за регионалниот пат Прилеп-Крушево се издвоени 141 милион денари.

Со работите на патиштата се оспособуваат и три сообраќајници на излезите од Прилеп.

- За патот кон Македонски Брод се поврзуваат две сообраќајници во вкупна должина од 2,5 километра, а со патот кон Кривогаштани и кон Крушево се поврзува сообраќајница од еден километар во индустриската зона на градот. Во тој правец секојдневно поминуваат околу 2.000 вработени до фабричките хали - посочи Ристески.

 
 
Dnevnik
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 19-Oct-2009 at 20:03
Груевски во Берово: Почната реконструкција на патот Превалец-Смојмирово

За реконструкцијата, што треба да биде завршена до мај наредната година, Владата издвои 119 милиони денари

Премиерот Никола Груевски денеска го означи почетокот на градежните активности за реконструкција на регионалниот пат Превалец – Смојмирово во Берово, со вкупна должина од 13,6 километри. За реконструкцијата, што треба да биде завршена до мај наредната година, Владата издвои 119 милиони денари.

Обновата на патот Превалец - Смојмирово е дел од владиниот проект за реконструкција и рехабилитација на 11 регионални патни правци низ целата држава.

Според Груевски, во рамки на тој проект, но и претходно, преку Агенцијата за државни патишта, е почната реконструкцијата на неколку клучни патишта во источниот дел на Македонија.

- Сите овие патишта, но и голем број други регионални и локални патни правци чија реконструкција е дел од владината стратегија за долгорочен развој на земјата, говорат за нашата решеност да го надоместиме она што било пропуштено во минатото и да ставиме крај на долгогодишниот период во кој не беше инвестирано ниту еден денар за изградба и реконструкција на патните правци, рече Груевски.

Крајната цел на Владата, истакна Груевски, освен да обезбеди подобар живот на граѓаните, е на долгорочен план да изгради современа патна мрежа што ќе ја направи Македонија препознатлива кај инвеститорите. Подобрата транспортна инфраструктура за нивните бизниси е од особена важност, а за нас ќе значи нови инвестиции, нови фабрики, нови работни места и работа за многу домашни фирми што е од осебна важност во услови на голема светска економска криза, укажа премиерот Груевски.

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=34743


Edited by lslcrew - 19-Oct-2009 at 20:06
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 27-Oct-2009 at 10:33
Originally posted by lslcrew

Патот Македонски Брод - Скопје пократок за 150 километри



Македонија
По многу години исчекување поречанци го дочекаа почетокот на изградбата на патот што ќе го поврзува овој крај со Скопје. Првата делница од 89 километри од мостот Близанско до Коломот ќе ја гради АД „Бетон“. Оваа делница ќе биде со две сообраќајни ленти и ќе овозможи скратување на патот од Македонски Брод до Скопје, преку Кичево од сегашните 200 на 40 километри. Градежните работи треба да завршат за 18 месеци. Целиот проект ќе чини над половина милијарда денари. Патот ќе овозможи заживување на регионот, како и побрза и полесна комуникација на граѓаните од Македонски Брод и од Прилеп со Скопје.

Почетокот на работите го означи премиерот Никола Груевски со поставување на камен-темелникот на трасата кај мостот Белица на езерото Козјак. Тој воедно го најави и почетокот на владината програма за инвестиции од 8 милијарди евра во изградба на инфраструктурните објекти.

За годинава, рече тој, планирани се уште 16 делници на регионални патишта во земјава. Тој за две недели го најави почетокот на изградбата на делницата Радовиш - Струмица, Куклиш - Банско, на обиколницата кај Охрид и на патот до скицентарот Кожув.

- Ова е почеток на решавањето на најголемиот проблем на поречанци. Ова е реализација на едно наше ветување. Со овој пат почнува инвестицискиот циклус за изградбата на проекти што ќе бидат основна на висок и одржлив раст и подобрување на стандардот на граѓаните - рече премиерот Никола Груевски.

Изградбата на патот од Белица до Скопје се реализира со средства од Агенцијата за патиштата, а соинвеститор со 25 отсто учество е и АД ЕЛЕМ.

- Оваа делница ќе ја олесни комуникацијата и со неа се остварува сонот за изградба на патот Виа игнација. Тој ќе овозможи стопански и демографски развој на регионот - рече Влатко Чинговски, директор на ЕЛЕМ.

Наташа Волкановска, директорка на агенцијата, рече дека за реализација на сообраќајните проекти се обезбедени 120 милиони евра од заеми и 50 милиони евра од буџетот.





Милијардите ќе дојдат од концесии и кредити

Инвестициската програма од 8 милијарди евра е остварлива, пишува вицепремиерот Зоран Ставревски во колумна за „Дневник“. Тој вели дека за реализација на проектите, во текот на осум буџетски години ќе се издвојат околу 1-1,2 милијарда евра буџетски средства (или околу 150 милиони евра годишно). Околу 1,8-2,2 милијарди евра е предвидено да се обезбедат со задолжување кај меѓународните финансиски институции и средства од ЕУ фондовите, а околу 4,5-5 милијарди евра се средства од приватни инвеститори преку концесии и јавно приватно партнерство. Со програмата што ја објави премиерот Груевски се планираат инвестиции во вкупна вредност од 8 милијарди евра. Од тоа во енергетиката се предвидени околу 30 проекти во вредност од 3,8 милијарди евра. Во транспортот е предвидена изградба и модернизација на регионални и локални патишта и железнички пруги во вредност од 3,8 милијарди евра.

За изградба на водоводи и канализации во над 400 населени места предвидени се 100 милиони евра.

Во енергетскиот сектор, предвидено е целосно искористување на рудните богатства; ревитализација на постојните хидроелектрични централи и термоелектрични централи, како и изградба на нова термоцентрала; изградба на две комбинирани гасни централи; влегување во нуклеарна програма; изградба на 12 хидроцентрали со проектот Вардарска Долина (концесија); изградба на далноводот Штип-Ниш; изградба на ветерници во Штип, Свети Николе, Богданци и Кожув, по моделот на јавни приватни партнерства, изградба на околу 400 мали хидроцентрали; изградба на гасоводната мрежа, итн.

Во патната инфраструктура ќе се изградат и реконструираат над 950 километри патишта. Со буџетски средства кои се веќе обезбедени, ќе се изградат и реконструираат девет регионални делници, а со средства од Светска банка и ЕБОР во износ од 140 милиони евра (исто така веќе обезбедени), ќе бидат реконструирани 80 локални и 20 регионални патишта. Инвестициската програма предвидува доизградба на Коридорот 10 и Коридорот 8, како и пет други делници кои ќе бидат понудени на концесија. Во железничката инфраструктура, предвидена е доизградба и модернизација на пругата кон Бугарија и Албанија во должина од околу 300 км.

За Ставревски обезбедувањето на буџетски средства нема да претставува проблем, за што најдобра илустрација е буџетот за 2009 во кој веќе се издвоени околу 180 милиони евра за инфраструктурни проекти.

Ако е тоа можно во оваа кризна година, зошто не би можело во следните седум години, почнувајќи од 2010 кога се очекува да заврши економската криза, констатира Ставревски.

Истото се однесува за можноста за позајмување од странство. Според владата поволноста е што за разлика од други земји, Македонија има ниско ниво на јавен долг од 25,5 отсто од БДП, постигнато преку предвремена отплата на обврските во претходните години на добар економски раст.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=11&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=335&ArticleID=19706


Јас го возев патов зимоска, не е до Дебар, до Бошков Мост (делницата за Лазарополе, Могорче и Гари). До таму е супер после е крш-кршовски.

ИНаку паметно би било да го средат и Бошков мост Дебар како регионален, а да направат еден крак Бошков Мост - Извор (Кичевско) и да го спојат со магистралниот Е-65.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 27-Oct-2009 at 16:48
gorco, погрешен цитат?  Big%20smile
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 28-Oct-2009 at 14:08
очиглено...Laugh требаше на тој над овој ... само кој ќе го бара сеа Dunno
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 19-Nov-2009 at 00:08

За сообраќајната инфраструктура ќе се трошат 144 милиони евра

И Министерството за транспорт и Агенцијата за патишта в година ќе имаат помал буџет

Билјана Ангеловска

Над 8,5 милијарди денари е сумата со која ќе располага сегментот од државната управа задолжен за изградба и одржување на сообраќајната инфраструктура. Според предложениот буџет за наредната година, Агенцијата за државни патишта и Министерството за транспорт и врски ќе можат да трошат вкупно 144 милиони евра.

Агенцијата за државни патишта ќе има три пати поголем буџет од тој на Министерството, па во 2010 година ќе располага со 108 милиони евра, додека Министерството само со 36 милиони.

Овие првични буџетски проекции прилично се разликуваат од минатогодишните, кога во почетокот кога се кроеше буџетот за 2009 година, Министерството за транспорт имаше на располагање 4 милијарди денари, односно над 66 милиони евра, а Агенцијата дури 130 милиони. Но, и вака намалените буџети, исто како и лани ќе се трошат за изградба и одржување на патната сообраќајна мрежа, за железничка инфраструктура, за набавка на двокатни автобуси за јавниот превоз во Скопје, за изградба на водоводи, за изработка на детални урбанистички планови... „Предложениот буџет за наредната година не е помал, туку е дури и малку поголем од буџетот што го добивме по вториот ребаланс, а кој изнесуваше околу 104 милиони евра. Важно е што во текот на оваа година не стопиравме ниеден проект, напротив, моментално се во тек над 20 проекти. Меѓутоа, многу време одземаат подготвителните работи, како што е изработката на проектната документација и експропријацијата, на што често се трошат и по две-две и пол години“, вели директорката на Агенцијата за државни патишта, Наташа Волкановска.

Во наредната година Агенцијата ќе се фокусира на продолжување на започнатите градежни работи на патните правци Табановце - Куманово, Штип - Струмица, Градско - Прилеп, Коњско - Кожуф, обиколница на Охрид и Коломот - мост село Близанско. Истовремено, дел од средствата ќе се искористат и за започнување изградба на нови делници како што се Тетово -Јажинце, Кичево (Извор) - Дебар, Св. Николе - Пробиштип, Дебар - Бошков Мост - граница со Албанија и ќе се реконструира Катланово - Велес.

Агенцијата има обезбедено заем од Светска банка во висина од 68 милиони евра за изградба и рехабилитација на 11 регионални и локални патни правци. Овие пари иако се кредит, сепак, влегуваат како извор што се слева во касата на Агенцијата. Исто така, обезбедени се средства и од ЕБОР и тоа по 50 милиони евра за локалните и за регионалните патишта. Волкановска појаснува дека и во минатогодишниот буџет биле предвидени овие средства и оти локалните патишта веќе требало да бидат во тек на изградба, но поради неквалитетните проекти што ги доставиле општините, изгубена е градежната сезона и работата е пролонгирана, па затоа се префрла за наредната година.

За разлика од Агенцијата, Министерството за транспорт и врски своите 36 милиони евра во наредната година планира да ги потроши за набавка на автобуси за Скопје, за изградба на каскади во Вардар, на жичарница од Средно Водно до Милениумскиот крст, за продлабочување и реконструкција на пристаништата во Охрид, за санација на активните лизгања на земјиштето, модернизација на железничката инфраструктура, за изработка на проект за гасификациска мрежа во Македонија и друго. Речиси истите проекти беа предвидени и со буџетот планиран за оваа година, а кој во почетокот беше проектиран двојно поголем, дури над 4 милијарди денари. Сепак, како што се покажа, најголем дел од проектите останаа само на хартија, па сега се планираат за в година. Како ќе се направи тоа со преполовен буџет, останува да се види.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=EDC49A45BEED5C46B19382E9D544FB88


Edited by lslcrew - 19-Nov-2009 at 00:08
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 29-Nov-2009 at 15:20

„Гранит“ ќе поправа патишта за 7 милиони евра





 

„Гранит“ потпиша два нови договори со Агенцијата за патишта за реконструкција на локални патишта во Македонија во вредност од околу 7 милиони евра

 

 
%20  
Првиот договор вреден околу 4,1 милиони евра е за реконструкција на локални патишта во североисточниот и источниот регион на Македонија, а вториот договор вреден околу 2,8 милиони евра е за реконструкција на локални патишта во вардарскиот и југоисточниот регион на земјава. Според договорите, „Гранит“ треба да ги заврши градежните работи најдоцна за една година.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11289957396&id=10&prilog=0&setIzdanie=21849
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 14-Dec-2009 at 02:06

Државата планира, но не гради нови патишта

Завршена е само обиколницата, не е изградено ништо друго

Билјана Ангеловска


Во Македонија не се градат патишта. Со буџетските проекции за секоја година државата зацртува одредени средства за изградба и реконструкција на повеќе патни правци, но, од сето тоа се реализира само минимален дел. И тоа се прават само реконструкции, додека од изградба на нови патишта нема ништо.

Според информациите од Агенцијата за државни патишта, магистралните патишта во Македонија се со просечна старост од 30 години, додека просечната старост на автопатиштата изнесува 15 години. Колку и да е мал интензитетот на сообраќај по македонските патишта, сепак, за 30 години им е неопходна рехабилитација. Ако се има предвид дека дел од автопатот Скопје - Велес, всушност, е некогашниот магистрален пат, кој практично беше врската на поранешна Југославија со Грција, сосем е јасно дека неговата сегашна состојба е резултат на голема експлоатираност. Оттаму повеќе од јасно е дека му е потребна темелна реконструкција, а не само повремено „шминкање“ со крпење на дупките.

Според Министерството за транспорт, за одржување автопат од 1 километар се потребни 1,2 милиони денари. Јавното претпријатие „Македонија пат“, во чија надлежност е тековното и инвестиционо одржување на јавните патишта во државава, за оваа своја дејност има на располагање 970 милиони денари или околу 15 милиони евра годишно. Состојбата на терен најдобро покажува дали се доволни тие средства.

Меѓутоа, освен поправка на постојните патни правци, на Македонија и' се потребни и нови километри современи, брзи сообраќајници од највисок ранг. Но, во последниве неколку години, освен што заврши изградбата на скопската обиколница, која се градеше цели седум години, не е изграден ниту еден нов патен правец. Минатата година државата ветуваше големи инвестиции во сообраќајната инфраструктура, што требаше да го заживеат македонското градежништво. Сепак, како што се покажа, ништо од сето тоа не се реализираше.

Во презентирањето на она што е направено во изминатиот период, од Министерството за транспорт и врски објаснуваат дека покрај северната обиколница на Скопје, изграден е и локален пат од три километри што го поврзува Крушево со манастирот „Св. Преображение“ и локален пат од истиот манастир до местото Вршник, во должина од 823 метри. Во тек на изградба се и автопат од 7 километри од Табановце до границата со Србија, кој е дел од Коридорот 10. И, се' чини дека е тоа се'.

Од најавуваното продолжение на изградбата на автопатот до Гевгелија, поточно на делницата од Демир Капија до Смоквица, се' уште нема ништо. Иако од Агенцијата за државни патишта уште минатата година најавуваа дека ќе има големи активности на повеќе секции од Коридорот 8, на кои велеа дека интензивно се работи на експропријација на земјиштето, до денес ништо не се случи. Сите активности се сведени само на реконструкции на старите дотраени патишта, како што е регионалниот пат Маврово - Дебар, од кој 15 километри долгата делница меѓу Жировнички мост и Бошков мост е реконструирана и проширена.

На прашањето колку пари вложи државата во последниве три години на полето на патната инфраструктура, од Министерството за транспорт ни одговорија дека со годишната програма за 2009 година се опфатени делниците: Радовиш - Струмица (од Сурдулци до Радичево), во должина од 10,7 километри, Смрдлива Вода - Ски центар Кожуф, 17,4 километри, обиколница кај Охрид (булевар Железничка), со должина од 2,4 километри, потоа 8,3 километри долгата делница Куклиш - Банско, Коломот - мост с. Близанско (Порече) и делницата Табановце - Куманово, со должина од 7,4 километри. Што од сево ова е направено во годинава што изминува, не е кажано. Но, одговорот може да се види на самиот терен.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=9D8464350D7CAF448FE21D110FBD564E
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 30-Dec-2009 at 12:29

Министрите ветија нов мост на Треска во Кичевско


Изградба на нов мост на реката Треска, како и чистење на коритото на оние делови каде што реката во повеќе наврати се излеваше во општините Пласница и Вранештица, ветија министрите Миле Јанакиески, Владо Димовски и Неџати Јакупи, кои вчера го посетија поплавеното подрачје

Додека не се изгради новиот мост, жителите на Пласница ќе го користат мостот од кај село Преглово. При вчерашната посета на владините претставници беше констатирано дека обработливото земјиште крај реката е 90 отсто поплавено, така што штетата е речиси стопроцентна.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=123091023205&id=9&prilog=0&setIzdanie=21875
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 20-Jan-2010 at 07:23

Ќе се гради мост на Радибушка Река

Со изградба на мост на Радибуша Река, општина Ранковце го решава проблемот на околу 150 жители од село Радибуш, кои се отсечени од комуникациите со централното општинско подрачје. Веќе е распишан оглас за изградбата и веднаш по изборот на изведувач ќе почнат градежните активности на теренот.

- Жителите од Радибуш имаат проблем со пристапот до работа, до амбулантите и другите служби во центарот на општината, а учениците не може да стигнат до училиштето. Досега користеа заобиколни патишта и имаат многу тешкотии со поврзувањето со општината и задоволувањето на секојдневните потреби. Изградбата на мостот ќе го реши нивниот проблем со комуникациите во голема мера, а тој целосно ќе биде отстранет со изградбата на комплетната патна инфраструктура, која е во приоритетните проекти на општината - вели градоначалникот на Ранковце, Орце Тодоровски.

Дел од парите за изградба на овој објект се обезбедени од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој. За целосна доизградба недостасуваат уште еден милион денари за кои општината очекува помош од државата.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=63D6A91AC35E3A488741078682E1A8EC
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 20-Jan-2010 at 13:09
Баш го гледав теренот на Google Earth, t.e. `РТ, и некако чуден ми е многу е ридски тој предел. А сигурно би копале едно 15-25 тунела ако планираат да градат нешто таму (барем мое мислење). Инаку да, изводливо и веројатно одлично решение, само веројатно е дека би коштало многу, многу за изведба.

Инаку М1 е патов, меѓутоа, бидејки автопат не е користен, за таа траса се користи локалниот пат Р103 [Скопје (врска со R101, M3 и M4 - кл.Ченто) - Катланово - Велес - Неготино - Гевгелија (врска со M1 и R111)].
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 04-Feb-2010 at 03:20

Пат ќе го поврзе исток со север од Осоговието

Има реални шанси да се исполни повеќедеценискиот сон за меѓусебно поврзување на неколку општини од подножјето на Осоговските Планини. Центарот за развој на Источниот плански регион направи конкретен чекор во оваа насока со амбиции за конечна реализација на долгогодишните иницијативи на повеќе градови за нивно поврзување преку сообраќајна мрежа низ планината. Реализацијата на тој проект ќе значи многу побрзо, пократко и поефикасно поврзување на источниот и на североисточниот регион на Македонија, со што би се скратило патувањето преку Македонска Каменица, Кочани и Пробиштип, од источниот, и Кратово и Крива Паланка од североисточниот регион.

- По иницијатива на Македонска Каменица, на која и' се придружија и Кочани и Пробиштип, лани поднесовме проект до Бирото за регионален развој. Одобрени ни се 1,2 милион денари за изработка на проект за пат со два крака за поврзување на општините од Осоговието. Активностите ќе се спроведуваат годинава. Треба да бидат утврдени делниците каде би поминувала сообраќајната мрежа, нејзината прецизна должина, широчината на патиштата... Изградбата на патна мрежа преку Осогово многу би им ја олеснило комуникацијата на жителите на десетина општини од двата региона - истакнуваат Драгица Здравева, раководител, и Дарко Димитров, координатор за регионален развој на Источниот плански регион, чие седиште е во Штип.

Досега единствената комуникација меѓу овие градови и општини беше магистралниот пат Делчево - Кочани - Штип, а потоа преку Пробиштип и Кратово, при што мораше да се заобиколува целиот масив на Осогово во Македонија.

- Сега, со кружење, патот, на пример, од Кочани до Крива Паланка е долг 100 километри. Преку Пониква на Осогово патувањето се скратува за речиси 60 километри. Со Пробиштип и со Кратово километражата би ни останала слична. Но, се добива многу со тоа што би се поврзале многу села, кои, поради немањето патишта, се во опасност од изумирање, а сообраќајната мрежа би била од големо значење и за развој на туризмот. Важно е што до пред 70 години на тие делници на Осогово имало макадамски патишта, па сега не се потребни многу пари за пробивање на трасите - нагласува Ратко Димитровски, градоначалник на Кочани и претседател на Советот за развој на Источниот плански регион.

Меѓу општините што би имале најголема полза од долгоочекуваното поврзување е Македонска Каменица. Сега, на пример, патот со кружење од Каменица до Крива Паланка е околу 140 километри. Со евентуалното поврзување преку Осогово би се скратил четирипати.

- Тоа е големо скратување и голема заштеда за граѓаните. Многу би ни била олеснета и комуникацијата со Софија, преку Деве Баир, како и кон Куманово, односно граничниот премин со Србија. Преку Осогово би се поврзале и двата гранични премина со Бугарија, кај Делчево и Крива Паланка - вели градоначалникот на Македонска Каменица, Дарко Митевски.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=3713B1B445258347A07036412775E2D0
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 06-Feb-2010 at 02:28

Перспективи за заживување на Пониква

Изградба на пат од Пробиштип до Кочани е предуслов за развој на туристичкиот центар

Иван Бојаџиски

ШТИП - Со пат преку туристичкиот центар Пониква ќе се поврзуваат општините Пробиштип и Кочани. Ова е предуслов за позабрзан развој на туристичкиот локалитет што се наоѓа на границата меѓу двете општини. Градоначалниците на двете општини во друштво на урбанисти и архитекти разговараа на оваа тема, но и за изработка на детален урбанистички план за нови триесет хектари на Пониква. На овој терен се предвидуваат нови плацеви за изградба на туристички капацитети од комерцијален и од некомерцијален тип.

За двајцата градоначалници Ратко Димитровски на Кочани и Тони Тоневски на Пробиштип, изградбата на патот и новите плацеви се главен услов за заживување на Пониква, како и на населените места.

„Пониква е на надморска височина од 1.640 метри. Нуди непрегледни шуми и ливади за прошетки, шумски плодови во изобилство, има вода и струја. Постојат ски-лифтови, но посетеноста не е на потребното ниво. Речиси две децении е перспективен туристички центар во овој дел од државата, но досега не успеа да стане значајна точка на туристичката мапа во Македонија. На урбанизираниот дел од планината сега имаме стотина викендички и само пет комерцијални капацитети, од кои во четири со капацитет од сто легла може да се ноќева. Со изградба на пат и со проширување на зоната за градење ќе направиме квалитетен исчекор“, нагласува градоначалникот на Кочани.

Со донација од УНДП ќе се изработи детален урбанистички план на триесет хектари, кои се на територијата на двете општини. Пробиштипскиот градоначалник Тоневски вели дека наскоро ќе биде распишан тендер за изработка на урбанистичкиот план. „Овој процес го правиме заедно со Општина Кочани како дел од проектите зацртани во агендата за развој на источниот плански регион. Сепак, приоритет на Општина Пробиштип е изградбата на патот до Пониква. Така ќе се поврземе со Општина Кочани, а патот ќе се скрати од 60 километри на само 30. Потребно е само да се асфалтира веќе пробиен и тампониран пат во должина од десет километри. Според генералниот проект, од Пониква патот треба да продолжи кон Македонска Каменица и на тој начин ќе дојде до поврзување на двете рударски општини по најкусата можна сообраќајница“, објаснува Тоневски.

На вчерашниот состанок на Пониква беше искажан оптимизам дека изградбата на патот што има големо значење за развој на еден од најнеразвиените региони во државава, финансиски ќе биде поддржан од Агенцијата за државни патишта. Тоа, според двајцата градоначалници, ќе значи препород на целото туристичко подрачје.

Инаку, на Пониква дневниот пансион во комерцијалните одморалишта е само дваесет евра. Туристичкиот центар нуди најевтини услуги во Македонија. Димитровски нагласува дека на овој туристички центар му недостасува управувачки орган што ќе води сметка за целиот комплекс, бидејќи сега се' е препуштено на имателите на објекти на планината. Последнава година ЈП „Водовод“ од Кочани ја презеде обврската да води грижа за хигиената на Пониква. Одморалиштето повеќе не е зона загадена од човековата негрижа.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=58D4812B4904AE49B59543CDA91CECE5
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 14-Feb-2010 at 00:11

Земјата голта патишта

Веќе цела деценија не се проверува стабилноста на планинските засеци и на големите карпи бидејќи нема доволно пари

Најмалку десетина патни правци, главно во западните планински подрачја во земјава, се ризични за патување со моторни возила, зашто во секој момент врз нив може да се урнат камења, карпи, па и цели ридови. Опасноста деновиве е зголемена поради врнежите од снег и дожд, затоа што почвата презаситена со влага станува лесно подвижна уништувачка маса. Патните правци Скопје - Велес, Кичево - Охрид, Маврово - Дебар, Тетово - Попова Шапка и Струмица - Берово, со години се најзагрозени и најопасни делници. Завчера лавина од снег, дрвја, камен и земја од 80.000 кубни метри, една од најголемите досега, го блокира животот во Дебарскиот регион.

Експертите предупредуваат дека цела деценија не се проверени планинските и ридски засеци над патиштата. Малку пари се одвојуваат за спречување одрон и лизагање на земјиштето, техничките мерки се застарени, а кадарот несоодветен. Со години не се извршува потребното испитување и преглед на карпите во ризичните подрачја. Причина за ова е недостигот од пари што државата секоја година треба да ги издвојува за одржување на патиштата во земјава. Сумата од околу 15 милиони евра, колку што се определува последниве години, не е доволна за сите постапки - испитувања, превенција до санација на патиштата и потенцијалните свлечишта. Конкретно, само за санација на опасните терени се издвојуваат меѓу 160.000 и 240.000 евра годишно.

Нема пари и стручњаци

Експертите утврдиле дека во Македонија има 1.749 поројно-сливни подрачја, на кои ако не се заштитат, може да се случи лизгање на земјиштето. Од нив дури 289 се категоризирани во петтата, најопасна категорија. Голем дел од нив непосредно ја загрозуваат патната мрежа во земјава, чија вкупна должина е околу 4.000 километри.

- Ако не се врши контрола на планинските засеци и на карпите и не се преземат заштитни мерки, ќе има лизгање на земјиштето како што се случи завчера во Дебарско. Мерки на заштита секогаш се можни и со нив барем ќе се намали опасноста, сеедно каков е теренот. Освен ова, не се следи ни состојбата со стабилноста на околу 1.000 моста преку кои оди патната мрежа во земјава - велат од ЈП „Македонијапат“.

Причината за ваквата состојба ја гледаат и во малата бројност на инженерскиот кадар во Агенцијата за патишта. Според сознанијата, таму постои само еден инженер чија тесна специјалност се патиштата. Со тоа, е практично невозможно да се следи состојбата на теренот и да се предлагаат зафати што би ги реализирала „Македонијапат“.

Наташа Волкановска, директорка на Агенцијата за патишта, вели дека лизгање на земјиштето како завчерашното, е практично невозможно да се спречи.

- На оваа делница постојано има одрони дури и во летниот период. И да имаше заштитни мрежи, тие немаше да помогнат. Најмалку 50-60 отсто од патиштата се во ризични планински превои. Не сме во можност да вршиме истражувања на теренот, а проблемот со свлечиштата е надлежност на јавното претпријатие „Македонијапат“. Како Агенција сега ќе преземеме поголеми обврски во оваа сфера - вели Волкановска.

Таа се согласува дека годишната сума за одржување на патиштата не е доволна.

- Некогаш е и прашање колку се оправдани големите вложувања, бидејќи не се знае колку тие би биле целисходни во ситуација кога не би можеле да го запрат лизгањето на земјиштето како во случајот во Дебарско - вели таа.

Пред четири години лизгање на земјиштето сериозно го загрози шарпланинското село Јеловјане, по што на повеќе семејства им беа изградени нови куќи. Подрачјето на Шар Планина е едно од најзагрозените од ерозии најмногу поради неконтролираната сеча на шумите. Експерти тогаш предупредија дека комбинација од снегот што се топи и земјиштето на кое нема шума е најголема причина за лизгањето на земјиштето.

- Кога ќе се растопи снег висок еден метар на еден хектар земја, тој се претвора во девет милиони кубни метри вода, која е голема опасност - велат експерти.

Зачувување на шумите, изградба на банкини, тераси, ровови и други технички постапки се само дел од мерките што треба да се преземат за да се запре поместувањето на земјиштето.

- Ако се работи стручно, и за заштитата на патиштата не требаат многу пари. Во практика се применува каскадно уредување на теренот со заштитни мрежи, се сади вегетацијата, се инјектира цемент во карпите, се растоваруваат косините - објаснуваат од „Македонијапат“.

Наjголемо лизгање на земjиште

Завчерашната лавина во Дебарско е една од најголемите што се случиле досега во земјава. Првична процена е дека била висока околу 25 метри и дека има околу 80.000 кубни метри земја.

- Некогаш во овој дел од планината имало заштита со железни шини, која со текот на времето е сигурно оштетена. Но, не верувам дека ова чудо нешто можеше да го сзапре. Се чини како половина од планината да слегла на патот. Сега сепак треба да се најде начин да се заштитат патот и луѓето од нови загрозувања - вели градоначалникот на општина Маврово-Ростуше, Мукрем Мехмеди.

Одронот целосно го блокира патот кон Скопје за околу 30.000 жители од општините Дебар, Центар Жупа и Маврово. Вчера, додека траеше расчистувањето на теренот, похрабрите, кои имаа неодложна работа „од другата страна на одронот“, доаѓаа пеш заобиколувајќи го одронот. Моторните возила минуваа многу подолг пат и преку Струга возеа кон Кичево, Гостивар и Скопје.


Одронот пробиен, сообраќајот чека

Градежните екипи вчера околу 14 часот го пробија одронот по што се очекуваше движењето на моторни возила само за итни случаи да почне во вечерните часови, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.

На терен излегоа и екипите на ЕВН, кои поставуваа нови бандери за околу илјада жители на селата Битуше и Жировница повторно да имаат струја. Вчера на оваа делница имаше помали одрони.


Пренеле бремена жена преку одронот

Работниците на „Македонијапат“ прексиноќа успеале преку големиот одрон да префрлат бремена жена, која чувствувала тегоби од долготрајното чекање на патот.

- Таа беше во колата што доаѓаше од Гостивар и поради чекањето, студот и дождот почна да се чувствува лошо. Не' повикаа да им помогнеме за да стаса до Дебар. Заедно со нејзините блиски, нашите работници на раце ја пренесоа преку натрупаната земја - рече Деар Лимановски од „Македонијапат“.

Вера Тодоровска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=CBF5F162E21A664FB5DC2E103B014486
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 14-Feb-2010 at 00:13

Реконструкција на патишта во Кочанско

Неколку патни правци во Источниот регион ќе се реконструираат, а парите, околу 566 илјади евра, се обезбедени од кредит од Светската банка, велат во Агенцијата за државни патишта.

- Ќе се почне со патниот правец Кочани - Брана Гратче во должина од 4.790 метри и широчина од 4,5 м, со проширување од еден метар и банкини. Надградбата ќе биде 4 сантиметри асфалт врз веќе постојниот, а проширувањето ќе биде покриено со 7 сантиметри асфалт, со претходно тампонирање - соопшти Влатко Димитров, раководител на Секторот за урбанизам во Општина Кочани.

Ќе се градат и патните правци Горни Подлог - Долни Подлог, со должина од 603 метри, а патниот правец М5 - Тркање во должина од 1.200 метри ќе добие нов асфалтен слој. Изведувач ќе биде „Гранит“.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=EBFB900BE3C03946ABD4E2D2E6F57FBA
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 14-Feb-2010 at 18:31
Р-605 (41°24'54.74"N 22°39'5.98"E - 41°23'13.06"N 22°45'9.99"E)

Пуштен во употреба регионалниот пат Куклиш - Банско

Регионалниот пат од Куклиш до Банско во должина од 8,2 километри со кој двојно се скратува растојанието меѓу Струмица и туристичко-рекреативниот центар Бања Банско денеска свечено беше пуштен во употреба.

За пробивање и асфалтирање на оваа делница, Владата на Република Македонија инвестираше околу 100 милиони денари од програмата за изградба и реконструкција на магистрални и регионални патишта.
 
Делницата ја пушти во употреба премиерот Никола Груевски, кој меѓу другото истакна дека со изградбата на патот ќе се овозможи полесен транспорт и ќе се раздвижи економијата во регионот.
 
- Овој пат беше наше ветување пред изборите кога и почнавме да го градиме. Тогаш бевме обвинувани дека ги лажеме граѓаните и дека тоа го правиме само пред избори. Спротивно на тоа, денеска  свечено го отвораме веќе изградениот пат Куклиш – Банско. Со изградбата на патот конечно се воспостави директна врска со Струмица, а тој ќе овозможи значително полесен транспорт и има значење за раздвижување на економијата во регионот и за создавање подобри инфраструктурни услови за стопанските субјекти, но и за привлекување нови инвеститори, рече Груевски.
 
Тој додаде дека  Владата годинава има обезбедено средства и за повеќе други патишта во четирите струмички општини и во другите делови од државата.

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/pushten-vo-upotreba-regionalniot-pat-kuklish-bansko


Edited by lslcrew - 14-Feb-2010 at 18:38
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #257 Posted: 28-Feb-2010 at 19:04
Обично не следиме локална патна мрежа, ама ај да ја регистрираме оваа инјекција со локални патишта од владата према општините.

Обнова на локалниот пат Требош - Палатица

Тетово, 28. февруари (ИНПРЕС)

Вакви патишта со дупки во иднина ќе има се помалку, вети премиерот Николга Груевски при денешната посета на Тетовско.

Груевски најави дека ќе се реализира програмата за рехабилитација и реконструкција на локални патишта и патната мрежа во Македонија, јави КИС телевизија.

Два и пол километри долгата делница помеѓу Требош и Палатица во општина Желино е една од 200-те локални и 200 километри регионални патишта кои ќе се обновуваат преку проектот на Агенцијата за патишта со пари.

Подобрување на инфраструктурата во училиштата низ земјава се одвива интензивно, се пофали министерот за образование во Тетово каде беше поставен камен темелник за спортска сала во гимназијата.

Освен 3-те илјади ученици од гимназијата оваа сала во Тетово ќе можат да ја користат и граѓаните. Објектот има 1.300 метри квадратни,400 седишта.

http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=F11D37FA443B054FBA262C644FF183EB


Edited by lslcrew - 28-Feb-2010 at 19:07
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #258 Posted: 02-Mar-2010 at 02:29

Се проширува патот кон Злетово

Почна проширувањето на најфреквентниот локален пат на подрачјето на општината Пробиштип, со кој градот преку месноста Леговец се поврзува со Злетово, најголемото село во општината. Неодамна заврши процесот на денационализација на површината што ќе биде зафатена, а деновиве градежните машини ги почнаа земјените работи. Досегашниот пат од 3,5 метри ќе биде проширен на 5,5 метри.

Локалниот пат од Пробиштип кон Злетово преку Леговец е долг 3,7 километри, а поради недоволната широчина на коловозната лента, сообраќајот беше дозволен само за лесни моторни возила, а автобускиот превоз и транспортот на стока со камиони до Злетово се одвиваше по регионалниот пат Крупиште - Ратавица - Злетово.

И покрај забраната за големи возила, поради големата фреквенција на лесни моторни возила, во изминатите неколку години на овој локален пат се регистрирани зголемен број сообраќајни незгоди, најчесто при разминувањето на возилата.

Со програмата за реконструкција на патишта во 2010 година, за проширување на овој пат, од Агенцијата за патишта се обезбедени 25,7 милиони денари. Изведувач на работите е градежната фирма „Гранит“.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=CC57A43E3B9AE54FA5F474A410E327A0
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #259 Posted: 04-Mar-2010 at 15:26

Се гради пат од Љуботенски Пат до Радишани

Во општина Бутел деновиве почна изградба на патот што минува низ населеното место Љуботенски Пат и оди кон селата Љуботен и Радишани.

- Со изградбата на патот ќе им се решат проблемите на 3.000 жители од Љуботенски Пат, на 3.500 жители од селото Радишани, како и на 2.000 од селото Љуботен - потенцираат општинските власти.

Ова е втор локален пат во општината Бутел. Првиот е во изградба и ги поврзува Бизбегово и Шуто Оризари.

Во оваа општина ќе се градат уште три нови локални пата, за кои проектите се веќе изработени од страна на Градежниот институт и Архитектонскиот факултет. Ќе се градат преку Агенцијата за патишта при Министерството за транспорт, со пари од Светската банка.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=AD96D861B071D74FB44C71AFCA03E1A5
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #260 Posted: 05-Mar-2010 at 17:31

Реконструкција на локалните патишта во Кисела Вода

Градежни екипи ангажирани од општината Кисела Вода и од Агенцијата за државни патишта почнаа да работат на реконструкција на дел од локалниот пат Драчевска, на потегот од бензинската пумпа „Макпетрол“ до Мала Рада во населбата Драчево



Поправката на овој патен правец е дел од проектот за реконструкција и рехабилитација на локални патишта, финансиран од Меѓународната банка за обнова и развој. Освен проектот за реконструкција на Драчевска, во општината Кисела Вода ќе се реализираат и проектите за изградба на локалниот пат Китка и Р 302- Теферич. Градежните работи на овие патишта се очекува да почнат во наредните неколку месеци.

http://novamakedonija.com.mk/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 84>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.748 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.