build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Реконструкција на пругата Битола - Лерин

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Реконструкција на пругата Битола - Лерин
    Posted: 09-May-2009 at 13:55

Возот за Лерин доцни 17 години

 Наместо возови по шините, крави се напасуваат по железничката линија, која е обрасната со треви и џбунови

Како се движи и до каде стигнала една држава се познава по возовите. Ако тие стојат, не се движи и таа. Вака коментираат жителите на пограничните битолски села низ кои минува старата, оштетена и нефункционална железничка пруга Битола - Лерин. По пругата воз не затрубил 17 години. Најпрво поради заладените односи со Грција, но и поради недостиг од средства за нејзина детаљна реконструкција, поради што проектите за обновување на железничката врска останаа само на хартија. По пругата обрасната со џбунови и треви, наместо да минуваат возови, пасат крави.

Околните жители иронично се потсмеваат дека ќе падне и шенгенскиот ѕид за во Европа, а железничката инфраструктура нема да се поправи. Мнозина се присетуваат дека во минатото со воз патувале на пазар во Лерин и во Солун. По грчките пазари слободно купувале мандарини и риби, а денес, иако оддалечени неколку километри од Грција, не можат да помислат да влезат без виза.

- Кога бев дете возот функционираше нормално. Во Кременица беше крајната станица за Грција. Наутро имаше воз и се враќаше попладне. Народот масовно го користеше бидејќи тогаш немавме толку автомобили. И Грците идеа тука, работеа со нашите. Луѓето од повисоките села се преселуваа крај железницата, зашто значеше развој на местото - вели Илија Стојановски, жител на селото Кременица. Но, со осамостојувањето на Македонија се спушти рампа на пругата Битола-Лерин-Солун, која беше изградена уште пред еден век. Грција пред неколку години ја реконструира делницата од Лерин до граница. Остануваат непоправени само 17 километри од пругата на наша страна од Битола до преминот Меџитлија.

- По старата делница не може да сообраќаат возови. Потребен е нејзин капитален ремонт. Доаѓаа грчки железничари тука, се нудеше и некаков грант за обнова, но со спорот со името се' замре - велат вработени во Македонски железници (МЖ).Пред две години МЖ најавија дека преговараат со грчката страна да обезбедат пари од европските фондови за реконструкција на пругата на нашиот дел. Од раководството на оваа компанија не успеавме да добиеме одговор до каде се со планот за заживување на пругата. И од Битолската општина се надеваат дека ќе се најдат европски пари за реконструкција на пругата.

- Според постојниот проект на МЖ, реконструкцијата ќе чини 10 милиони евра. Кај нас беа група заинтересирани Грци, кои најавија дека ќе се обидат да обезбедат пари од Европската Унија за нејзина обнова. Но, се' уште немаме одговор што направија - изјави градоначалникот Владимир Талески. Доколку пругата заживее, ќе се олесни транспортот на стоката до пристаништето во Солун и на пола ќе се намалат трошоците за превоз. Сега руинираната делница е составен дел од пругата Велес-Битола-Лерин-Скопје, изградена во 1894 година. Во текот на нејзиното славно минато во Битола со воз допатувале многу војници, патописци, конзули, па и историски личности, како поранешниот југословенски маршал Тито.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=DDA9E3634C737243A808DB68F2A32F52

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 13-May-2009 at 09:46
Интересна е една работа што сум ја забележал. Македонија е главниот проблем за железничкото поврзување со регионот. Кон исток Бугарија го има изградено својот дел од пругата скоро до граница со Македонија, во Албанија пругата е изградена до Подградец и Лин, исто така до границата со Македонија, а истиот случај се повторува и со Грција во насоката кон Лерин. Дали е возможно во оваа држава да не може да се најдат 10 милиони евра за реконструкција на овој дел од Коридор 10, а истовремено со години да се трошат пари на мебел, автомобили и разни други глупости?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 02-Jun-2009 at 16:51

Фуере: Обновете ја пругата Битола - Лерин

Ев­ро­ам­ба­са­до­рот Ерван Фуере вчера пристигна со воз во Битола. "Им чес­ти­там на работниците од 'Македонски железници'. Толку се стари нивните во­зо­ви, а железницата сe уште функционира", рече Фуере, кој беше из­не­на­ден дека пред 20-ина години функционирала железничка линија Би­то­ла - Лерин. "Се надевам дека еден ден таа повторно ќе профункционира, за­тоа што ќе испрати многу позитивна економска и политичка порака. Та­ков беше примерот кога се реетаблираше железничката линија Скопје - Приш­ти­на, која имаше позитивно влијание врз многу процеси", истакна Фу­е­ре.
Же­лез­нич­ка­та линија Битола - Лерин, која беше стопирана во 1992 година, фун­кци­о­ни­ра­ше секојдневно со редовен попладневен воз. Пругата од ма­ке­дон­ска страна сега е оштетена и, според битолските железничари, во­зо­ви­те по неа би можеле да се движат со максимална брзина од 30 ки­ло­мет­ри на час. Тие кажуваат дека пругата од другата страна на границата е об­но­ве­на.
Ер­ван Фуере во Битола присуствуваше на свеченото пуштање во упот­ре­ба на патот М5, финансиран од ИНТЕРЕКТ 3, програмата за прекугранична со­ра­бот­ка со Грција. (С.Та.)


http://vest.com.mk/?ItemID=D64520341E4774449AA23B13CEBC220E


Немав слушнато дека возот може да се движи со брзина од 30 km/h на оваа пруга, мислев бескорисна е. Па господа, границата е на 15 километри од станицата, што е проблемот? Тоа е половина час до границата, синќир тоа е проблемот. Но не знаев дека до 1992 одел возот, и не знаев дека сè уште е употреблива пругата. Интересни податоци сепак, ако е стара веста.



Edited by гитардемон - 02-Jun-2009 at 16:53
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 02-Jun-2009 at 18:11
Гитар, проблемот е во тоа што и да ја обновиме пругата, сето останато ќе биде препуштено на грчката воља и моментално расположение... и која од нивните служби/фирми штрајкува или „штрајкува“ во моментот.

Не дека не сакам, 100% сум за да функционира пругата, но ние не можеме да го држиме коридорот 10 разработен како што треба, коридор со значајна меѓународна тежина, а што останува за нови и помалку значајни поврзувања.

Господинот евроамбасадор би го прашал каде е да дели совети кога со денови е блокирана македонската надворешна трговија поради грчки притисоци.


Edited by Cloverstack - 02-Jun-2009 at 18:12
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 02-Jun-2009 at 18:42
Па јас истото го кажувам, демек е проблемот што ќе се движел возот со 30 km/h или дека биле стари шините. Ова сака политика, не е до инфраструктурата.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 02-Jun-2009 at 20:47
И кај се тие европски фодови за меѓугранична соработка (така мислам се викава) г. Фуере

МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ ПРЕГОВАРА ЗА ЕВРОПСКИ ПАРИ ПРЕКУ ГРЦИЈА
Ќе се обновува железничката пруга Битола - Лерин

Треба да се довршат помалку од 20 километри пруга од Кременица, која се наоѓа на самата граница до Битола, а износот што е потребен за реконструкција ќе се движи од 8 до 10 милиони евра.

Ќе се обновува железничката врска меѓу Битола и Лерин. ЈП "Македонски железници" преговараат со грчките железници заеднички да обезбедат пари од европските фондови за реконструкција на пругата на македонската страна до Битола. Со парите од фондовите на ЕУ реконструирана е делницата од Лерин до македонско-грчката граница, но работите застанале тука зашто Македонија се уште нема право на користење пари од овие фондови.

Директорот на Јавното претпријатие Никола Димитровски вели дека идејата се уште е во зачеток, но дека во Грција биле заинтересирани во целост да се реконструира пругата, поради што постоело расположение да се обидат парите да ги обезбедат заеднички.

"Контактираме со грчките колеги да се продолжи со реконструкцијата на железничката пруга и од оваа страна на границата, но за тоа е потребна инвестиција која ние сами не можеме да ја обезбедиме. Треба да се довршат помалку од 20 километри пруга од Кременица, која се наоѓа на самата граница до Битола. Се уште нема точни пресметки колку ќе чини реконструкцијата, но износот ќе се движи од 8 до 10 милиони евра. Закажавме средба на која требаше да разговараме за можностите овие пари да се обезбедат преку фондовите на ЕУ, но поради некои технички проблеми средбата се одложи и очекуваме да се случи наскоро", вели директорот Димитровски.

На релацијата Битола - Кременица - Лерин постоела стара железничка пруга која е значително оштетена и последниве 20 години не се користи. (Т.Ј.)

ВЕСТ, 1/27/2007

ПРУГАТА ОД БИТОЛА КОН ГРЦИЈА ЧЕКА ПОДОБРИ ВРЕМИЊА

Возот за Лерин доцни 17 години

 Наместо возови по шините, крави се напасуваат по железничката линија, која е обрасната со треви и џбунови

Како се движи и до каде стигнала една држава се познава по возовите. Ако тие стојат, не се движи и таа. Вака коментираат жителите на пограничните битолски села низ кои минува старата, оштетена и нефункционална железничка пруга Битола - Лерин. По пругата воз не затрубил 17 години. Најпрво поради заладените односи со Грција, но и поради недостиг од средства за нејзина детаљна реконструкција, поради што проектите за обновување на железничката врска останаа само на хартија. По пругата обрасната со џбунови и треви, наместо да минуваат возови, пасат крави.

Околните жители иронично се потсмеваат дека ќе падне и шенгенскиот ѕид за во Европа, а железничката инфраструктура нема да се поправи. Мнозина се присетуваат дека во минатото со воз патувале на пазар во Лерин и во Солун. По грчките пазари слободно купувале мандарини и риби, а денес, иако оддалечени неколку километри од Грција, не можат да помислат да влезат без виза.

- Кога бев дете возот функционираше нормално. Во Кременица беше крајната станица за Грција. Наутро имаше воз и се враќаше попладне. Народот масовно го користеше бидејќи тогаш немавме толку автомобили. И Грците идеа тука, работеа со нашите. Луѓето од повисоките села се преселуваа крај железницата, зашто значеше развој на местото - вели Илија Стојановски, жител на селото Кременица. Но, со осамостојувањето на Македонија се спушти рампа на пругата Битола-Лерин-Солун, која беше изградена уште пред еден век. Грција пред неколку години ја реконструира делницата од Лерин до граница. Остануваат непоправени само 17 километри од пругата на наша страна од Битола до преминот Меџитлија.

- По старата делница не може да сообраќаат возови. Потребен е нејзин капитален ремонт. Доаѓаа грчки железничари тука, се нудеше и некаков грант за обнова, но со спорот со името се' замре - велат вработени во Македонски железници (МЖ).Пред две години МЖ најавија дека преговараат со грчката страна да обезбедат пари од европските фондови за реконструкција на пругата на нашиот дел. Од раководството на оваа компанија не успеавме да добиеме одговор до каде се со планот за заживување на пругата. И од Битолската општина се надеваат дека ќе се најдат европски пари за реконструкција на пругата.

- Според постојниот проект на МЖ, реконструкцијата ќе чини 10 милиони евра. Кај нас беа група заинтересирани Грци, кои најавија дека ќе се обидат да обезбедат пари од Европската Унија за нејзина обнова. Но, се' уште немаме одговор што направија - изјави градоначалникот Владимир Талески. Доколку пругата заживее, ќе се олесни транспортот на стоката до пристаништето во Солун и на пола ќе се намалат трошоците за превоз. Сега руинираната делница е составен дел од пругата Велес-Битола-Лерин-Скопје, изградена во 1894 година. Во текот на нејзиното славно минато во Битола со воз допатувале многу војници, патописци, конзули, па и историски личности, како поранешниот југословенски маршал Тито.

ДНЕВНИК, Жанета Здравковска

Беше еднаш во Европа



Edited by Vladimir P - 02-Jun-2009 at 20:53
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 03-Jun-2009 at 00:08
Македонија треба да си аплицира за таквите фондови, бидејќи сигурно е дека нема Фуере да брка работа за европските фондови. А подготовка на апликација во земјава ретко кој знае да прави, бидејќи како официјални документи се сложена работа
Треба да се квалификуваат службеници за подготовка на апликации и англиски јазик, а потоа пари.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 03-Jun-2009 at 00:19
Originally posted by BOJAN

Македонија треба да си аплицира за таквите фондови, бидејќи сигурно е дека нема Фуере да брка работа за европските фондови. А подготовка на апликација во земјава ретко кој знае да прави, бидејќи како официјални документи се сложена работа
Треба да се квалификуваат службеници за подготовка на апликации и англиски јазик, а потоа пари.

Тоа е малце другачие него твојата размисла дека Македонија треба сама да аплицира, тоа со комшиите заедно мораме, а тоа сега ... Или сами да одвојме пари од тоа што ги немаме, а и дали сега нас ни е тоа приоритет !?
Него г. Фуере си има желба да каже се и за сешто
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 23-Jun-2009 at 23:23

Трева и трње ја проголтаа пругата Битола - Лерин

Во битолската железница сметаат дека ремонтот на пругата може да се направи за два месеца

БИТОЛА - Нема политичка волја за обнова на пругата Битола - Лерин по која речиси две децении не затрубил воз за Грција. Реконструкцијата на железничката линија што ги поврзува двата погранични града Битола и Лерин е само една од низата колатерални штети предизвикани од спорот со името. Ова е ставот на битолската локална самоуправа откако и по 18 години обиди да заживее пругата, долга само 15 километри, не се најде начин да се направи тоа.

Обрасната со трња и треви, на места затскриена под џбунови, многу малку од трасираната пруга личи на железница.

Вработени во битолската железница сметаа дека ремонтот на пругата може да се направи само за два месеца, за што се потреби над 10 милиони евра. Томе Крстевски, кој 33 години работи во железницата, вели дека долниот строј на пругата е цврст, што не подразбира големи интервенции. Потребно е само на пругата да се стави кршен камен и да се заменат старите прагови и шини со нови. За да се врати стабилноста на пругата, треба да се реконструираат и двата железни моста. Според кажувањето на Крстевски, пругата Битола - Лерин е од витално значење за јужниот сосед. Пред шест години, Грците му понудиле на „Македонски железници“ инвестиција во материјали вредни шест милиони евра или повеќе од половината од потребните средства за реконструкција на пругата. Плановите на Грција биле натоварените вагони во Македонија да влегуваат преку преминот Гевгелија, додека, пак, празните вагони да се враќаат во Грција преку Битола.

Меѓутоа, Јавното претпријатие „Македонски железници“, немоќно самото да инвестира во капиталниот ремонт на делницата, ја препушти пругата во рацете на политичарите.

Локалната самоуправа во Битола не крие дека муабетот за меѓугранична соработка со Лерин на локално ниво оди како подмачкан, но кога за проектите треба да се одлучува на највисоко ниво, тогаш за Македонија важи знакот стоп.

„Проблемот со името е голема причина овие процеси да стагнираат и да се одложуваат. За тоа треба политичка волја. Никој не се откажал од пругата, но факт е дека откако се интензивира проблемот со името, проектите за меѓугранична соработка се забавени“, вели градоначалникот Талески.

Убедени дека реконструкцијата на железничката пруга Битола - Лерин ќе ја заживее Битола економски, општинарите бараат инвеститор. Се лобира преку Грчката канцеларија за врски во Битола, се разгледуваат можностите за искористување на европските фондови, бидејќи пругата Солун – Лерин се' до границата со Македонија сосема е обновена.

„Бараме начин за обнова на пругата, зашто како Општина не можеме да инвестираме. Најпрво, преку проект за европските фондови, но се бара и инвеститор што би вложил во реконструкцијата на пругата и би нашол свој интерес. Се разбира дека тој ќе ги постави условите, ако се прифатливи за нас, ќе го потпишеме договорот“, додава Талески.


Битола

Напорите да се најдат средства за обнова на пругата за локалната власт во Битола се уште поголеми, бидејќи сметаат дека железницата до Лерин ќе ја заживее и индустриската зона. „Жабени“ е еден од најкрупните изборни проекти на власта, но и по неколку години никако да почне да се гради.

„Железничката пруга Битола - Лерин е од исклучително значење за нас. Јавното претпријатие МЖ е во специфична ситуација и, веројатно, не е во можност да го стори тоа. Но, поради близината со зоната ’Жабени‘, ќе мора да направиме нешто за да профункционира. Секој момент ќе почнеме со електрификација на зоната“, најавува битолскиот градоначалник.

Главниот архитект на зоната, Јорго Шундовски, се изјасни дека со самото проектирање на зоната е предвидена железничка мини-станица, како и колосек за паркирање железнички композиции. Така, реконструираната делница ќе може да биде максимално користена во транспортот на суровини и готови производи.

Покрај политичарите, и македонските стопанственици бараат начин за реновирање на пругата Битола - Лерин. И тие ќе се обидат да лобираат пред меѓународните фондови, зашто таа им била приоритет за бизнисот.

„Наместо стоката за Грција да ја носиме со камиони, барем половина поевтино ќе биде ако функционираат вагоните. Сигурно десет вагони да заминат за Грција ќе имаат поинаква цена од камионите. Тогаш ќе бидеме ослободени и од монополот што го имаат камионџиите. Сметаме на Солун и на солунското пристаниште. Затоа и нам во Стопанската комора пругата ни е приоритет“, нагласува Благој Стојчев, претседател на Регионалната стопанска комора во Битола.

Пругата Битола - Лерин е дел од историјата на Битола. Делницата Велес – Битола – Лерин, па се' до Солун е изградена во 1894 година. Многу патеписци - картографи, па и своевремено важни личности како Јосип Броз Тито патувале по оваа пруга.


Лерин

Седумдесет и седумгодишниот Живко Атанасовски е машиновозач во пензија. Тој се потсетува дека за Лерин има возови два пати дневно, а тие тежеле од патници и од стока.

„Во Кременица, на последната станица на македонска територија, доаѓаа по четириесетина магариња, маски и коњи за да ги пречекаат патниците од околните села и нивната стока. На оваа пруга се возеа полесни и помали локомотиви зашто пругата не можеше да ги издржи стандардните 160- тонски влечни машини. Два пати на ден се товареше и дневното производство од некогашната фабрика за фрижидери ‘Фринко‘. Сега се' е обраснато, а по пругата можат да се движат само магариња“, вели Атанасовски, кој 28 годи’на беше машиновозач од Кременица до Белград.

Повозрасните битолчани со носталгија се сеќаваат кога пред 1991 година со воз патуваа до Лерин и Солун на море. Патувањето било доживување, но и олеснување за оние со поплиток џеб.

„Знаете ли какво олеснување е во Грција да одите без да плаќате зелени картони, патничко осигурување, паркинзи за автомобил и скап бензин. Со воз од тој трошок сте ослободени, а тоа не се малку пари. Кога би работела железницата, верувам дека и младите ќе најдат работа во Грција. Тоа подразбира подобар живот“, потенцира 66-годишната битолчанка Софија Крстевска.

Битолчани не ги напушта оптимизмот дека пругата наскоро ќе биде реконструирана. Уште повеќе поради тоа што, покрај либерализацијата на визниот режим, пругата има најзначајно место за идната меѓугранична соработка на Битола и Лерин и животот во пограничниот регион.

http://utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=51E28EA715F09442ADE78E3B25DF05BE
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 24-Jun-2009 at 07:23
Previous
Фуере: Обновете ја пругата Битола - Лерин

Тоа е малце другачие него твојата размисла дека Македонија треба сама да аплицира, тоа со комшиите заедно мораме, а тоа сега ... Или сами да одвојме пари од тоа што ги немаме, а и дали сега нас ни е тоа приоритет !?
Него г. Фуере си има желба да каже се и за сешто.

Еве како господинот Фуере им ги стави бувите во глава, па сега да го градиме овој крак. И поново да останеме само со излез кон Грција, а со тоа и зависност што веќе долги години ја осеќаме.

Приоритетите на оваја истоштена земја е по мене завршување на коридор VIII (секако завршување на X) а да не заборавиме и електрификација на потегот Велес - Битола, е тогаш  да ја споведеме и идејата на г.Фуере и г. Талески, што и јас би бил среќен.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 20-Oct-2009 at 23:57

Ќе затруби ли некогаш воз по пругата Битола – Лерин

БИТОЛА - Со средства од ИПА-фондовите на Европската унија ќе се рехабилитира железничката пруга Битола – Лерин по која речиси две децении не затрубил воз. Со вакви оптимистички најави неодамна пред локалните медиуми во Битола излезе заменик-министерот за транспорт и врски, Горан Михајловски. Но, како и повеќето ветувања на политичарите за иднината на граничната пруга, и оваа најава нема да се реализира порано од 2011.

„До 2011 година тој проект треба да биде изготвен. Потребни се стручни испитувања, на пример, за функционалност на линијата. Таа е влезена во проектите на ИПА-фондовите и значи дека по 2011 година, кога ќе се направат сите анализи, ќе се почне со рехабилитација на железничката линија“, нагласува заменик-министерот Михајловски.

Според него, пари се обезбедени за реконструкција на целата македонска железница. „За железницата преку Светска банка се одобрени 2,2 милиона евра за рехабилитација на железничката линија и за рехабилитација на железничката инфраструктура. Мора да се направи главен проект, анализи, истражувања, а работите се движат“, вели Михајловски.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=902DF92A24DC244EB5F56D74F021F6DE
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 13-Dec-2009 at 01:01
Ќе се реконструира пругата Битола - Лерин

Евро регионот Преспа, Битола, Корча и Кожани ќе работи заеднички на проекти за подобрување на сообраќајната комуникација.

За разлика од Македонија и Албанија северниот дел на Грција инфраструктурно е најразвиен.
„Северниот дел на денешна Грција навистина инфраструктурно многу динамично се обновува и реконструира. Значи таму се градат многу современи автопатишта, железници. Очигледно е веќе дојде времето она што ние го инициравме во еврорегионот , ние имаме цела програма проекти , кој што цениме дека во овој дел од регионот има исклучително значење проект кој што е да речиме добар за граѓаните на Грција и на Република Македонија и за Албанија “.- вели Владимир Талески градоначалник на Битола.
Едне од приоритетите и на Грчката и македонската Влада е реконструкција на железничката пруга Битола-Лерин која речиси две децении не функционира.
„Реконструкцијата на железничката пруга е од исклучително значење за нас ќе се обидеме да договорима нов пат до грчка граница. Се надевам дека ќе се најди начин да се најдат средства за заобиколницата окулу Битола , што исто така ќе го олесни сообрќајот низ централното градско подрачје низ Битола и она што наша голема желба веќе се создаваат услови и од другата страна за подобри услови на потенцијалните инвеститори значи Грција рачуна на проток на идеи и стоки во овој регион.
Оваа година со средства од Европската унија беше реконсртирана магистралниот пат М5 Битола граничен премин Меџитлија


http://bitolainfo.com/index.php?option=com_content&view=article&id=273:2009-12-11-17-59-30&catid=16:naslovna-gik
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 25-Feb-2010 at 23:24


Имав потслушнато дека парите се одобрени од ЕУ, ама не сакав да пишам додека не стане јавно (да не процурам информација)

Во 2014 воз од Битола ќе свирне за Лерин
ЧЕТВРТОК, 25 ФЕВРУАРИ 2010 18:08



Со отворањето на фондовите од 2009тата Битола дознава дека се обезбедени средтсва за реконструкција на железничкиот сообраќај во правенција кон Грција.Пругата која е надвор од употреба од 1986 повторно ќе се активира.



„ Во првата фаза ќе се реконструира од Битола до самата граница со помош на Владата на РМ , овој 6 месец ќе се распише тендер за подготовка на техничката документација, во 2013 ќе се почне со реконструкција за 2014 да се заврши." вели Владимир Талески градоначалник на Битола.



На денешната средба кај Талески, градоначалниците од целиот регион, за кои е од голема важноста реализацијата, од Министерствотот за транспорт и врски ја слушнаа важноста од инфраструктурниот развој.



„ Тоа значајно бидејќи има голема важноста за што поголем проток , што досега ги немаше на патници." вели Дарко Спировски Министерство за транспорт и врски.

Пругата ќе се гради да поднесе брзина до 100 км на час, а добивка е и договорот за транспарентна асоцијација меѓу челенките и нечленките на ЕУ која ќе предвидува слободен премин преку границите со железнички сообраќај.Средствата од европските предпристапни фондови, ќе се користат во два наврати.



„ Вкупно за проектот се обезбедени нешто помалку од 11 милиони вера значи околу 2 милиони се за докумантацијата и останатите 9 за реконструкцијата."- вели Владимир Талески градоначалник на Битола.




Присутен беше и градоначалникот на Лерин кој исто така ја истакна важноста од активирањето на железницата и напомена дека пругата од грчката страна е готова и само чека на поврзување.На средбата се најави и проект за развој на автопатот Велес, Прилеп, Битола, Меџитлија кој продолжува за Лерин.



„ Од исклучителна важност е и автопатот кој се планира, убедени сме дека ќе се најде начин."- вели Владимир Талески градоначалник на Битола.

За овој проект можни се три решенија, јавно-приватно партнерство, европски фондови или давање под концесија.Целта пред се на сите заедно е приближување на стопанствениците и граѓаните од регионот.


http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=18378&Itemid=106
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 25-Feb-2010 at 23:58

Конечно добра вест. Како што реков на почетокот, кажаното се исполни. Знаете и сами во каква состојба е пругата (сликите што ги имам постирано). А за брзината до 100км на час не е лоша, само вака ќе треба добра промена на возниот ред и повеќе возови...

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 26-Feb-2010 at 02:38
Убава вест  Cheers

Имаме и поголеми приоритети во железничката мрежа, плус тоа веќе имаме многу поважна железничка врска со Грција која не е имуна на меѓудржавните односи, но доколку ЕУ го одврзе кесето за овој проект, тогаш одлично. Да се надеваме дека наскоро ќе го одврзат и за коридорот 8 и за други проекти.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 26-Feb-2010 at 07:02
clover vo toa kese nema pari za prugi i avtopati.ima za drugi  totalno bezveze i nevazni rabotis.da ne gi potenciram site znaat za koi raboti se trosat ogromni sumi pari.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 26-Feb-2010 at 09:13
Пругата е од огромно значење за Битола и цела Пелагонија. Тоа ќе отвори и дополнителни можности за туризам и трговија со јужниот сосед.
Back to Top
shaun.r View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 06-Jul-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote shaun.r Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 26-Feb-2010 at 09:56
znaci i bitola ima svoj proekt bitola 2014 Big%20smile
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 26-Feb-2010 at 10:37
Прекрасна долгоочекувана вест. Имам мала забелешка во однос на тоа што 2014 година е сепак премногу долг период за една таква траса од 20-тина километри, мислам дека доколку оваа година се завршат техничките работи, а 2011 година би требало да почне да се гради, за најкасно 2012 година да проработи пругата кон Лерин. Инаку 100 км/ч се квалитетна брзина за нормален железнички сообраќај.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 26-Feb-2010 at 11:44
Железничка врска меѓу Битола и Лерин од 2014 година

Средства за реконструкција на железничкиот сообраќај од Битола кон Грција се обезбедени со отворањето на фондовите од 2009, беше соопштено денеска во Битола.

„Во првата фаза пругата ќе се реконструира од Битола до самата граница со помош на Владата,“ рече битолскиот градоначалник Владимир Талески, на средбата со градоначалниците од целиот регион.

Според Талески се очекува реконструкцијата да почне во 2013 а во 2014 година да заврши.

Градоначалникот на Лерин ја истакна важноста од активирањето на железницата и напомена дека пругата од грчката страна е готова и само чека на поврзување.

Пругата е надвор од употреба од 1986 година.

http://makfax.com.mk/_tools/article/100291/view

Досега де факто беше проблем што Грција и ја саботираше линијава исто како и преминот маркова нога, поради низа политички фактори. Никакви технички околности не беа проблем. Сега ако е готово од грчка страна незнам ние што воопшто сме чекале и што чекаме. Требаше одамна да ги реконструираме тие неколку километри од Би го граница. Сега вака ме збуни ова, ќе чекаме пари од ЕУ фондови па проект ваков па таков, четири години за два чекора пруга нема логика. Сепак поздрав за веста добро што и се превземаат чекори, ама пругава е пред се интерес на Македонија и економски и политички, а штета ако од таа страна на граница не чекала добра пруга, а ние сме се зафркавале и не сме ја реактивирале веќе готова пруга.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.148 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.