build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зонско паркирање во Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 18>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 08-Jan-2010 at 17:42
Не напротив. Зонското треба да даде рзултати за еден ден и ги дава тие резултати. Има финеси што треба да се шинка корегира, как о и кај секој прокет што е нормална работа.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 08-Jan-2010 at 18:48
Според мене зонско паркирање (на долг рок) е катастрофален проект. Тротоарите во еден град треба да служат за пешаци. Улиците треба да служат за возење.

Но, во оваа ситуација во Скопје, мора да се стави ред, додека да не се заработат пари за катни гаражи. Така да резултатот ќе кажам дека е позитивен, кога ќе ги видам тротоарите и улиците за нивната намена, а не за паркирање.

Така да зонското паркирање јас би го нарекол нужно зло во оваа ситуација на тотален колапс на сообраќајот во Скопје. На краток рок нема да има некои позитивни резултати, бидејќи тоа што има празни места е само привид, додека не се постави зонско на сите места каде е планирано. Тогаш, пак ќе има секаде ист број на возила, се додкеа не се изградат катни.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 25-Feb-2010 at 19:24

ОД ИДНАТА НЕДЕЛА

Зонско паркирање и на улицата пред Телеком

Од претпријатието објаснуваат дека одлучиле и на оваа улица да наплаќаат за паркирање оти сега тука владее вистински хаос. Граѓаните ги оставаат возилата на улицата, со што е затнат сообраќајот и нема шанси да се разминат две возила

На улицата која води кон паркингот кај Телеком од понеделник паркирањето ќе се наплатува. ЈП "Градски паркинг" одлучило и на овој потег паркирањето да биде зонско и ограничено. Паркингот, согласно поделбите, ќе биде во првата зона, што значи дека на улицата ќе биде дозволено само два часа паркирање и за еден час ќе се наплатуваат 45 денари. Од претпријатието објаснуваат дека одлучиле и на оваа улица да наплаќаат за паркирање оти таму владее вистински хаос. Граѓаните ги оставаат возилата на улицата, со што е затнат сообраќајот и нема шанси да се разминат две возила.
"Ние на овој дел со пајак-службата секој ден подигнуваме по десетина автомобили оти ја блокираат улицата. Во моментов е хаос оти оттука поминуваат камионите и механизацијата кои на Плоштадот вршат градежни работи за поставување на фонтаната со споменикот на Александар Македонски. Камионите не можат да поминат од колите, па нè чекаат нас да дојдеме и да ги подигнеме за да можат да стигнат до Плоштад. Со воведувањето на зонско ќе биде дозволено паркирање само на тротоарот, со што улицата ќе биде слободна за движење", вели Панче Стојановски, директор на ЈП "Градски паркинг".
(А.А.)

http://vest.com.mk/?ItemID=3770E86751C4084F9FA832BA23C1C47D
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 08-Apr-2010 at 10:31
ГРАДСКИ ПАРКИНГ“
Зонско и на улицата Железничка

Улицата Железничка, зад трговскиот центар „Рамстор“, е следната локација на која ќе почне да функционира зонското паркирање. Од ЈП „Градски паркинг“ велат дека чекаат одобрение од МВР за сообраќајниот режим и ќе почнат со обележување на просторот. - На Железничка има 85 места за паркирање. Очекуваме зонското паркирање да проработи за 15 дена. Дотогаш ќе се пушти и делот на Орце Николов пред „Македонски телеком“ со 39 слободни места за паркирање - објасни Панче Стојановски, директор на претпријатието. За пролетва тој најавува повеќе градежни активности на терен. Во тек е изработка на проект за зонско паркирање на улицата кеј Димитар Влахов, од црквата „Раѓање на Пресвета Богородица“ до пасошкото одделение на МВР. Стојановски вели дека кејот засега е примарен, а понатаму ќе се уреди и паркиралиштето кај влезот во МРТВ, кое воопшто не е ни асфалтирано. Претпријатието ќе проширува и доградува неколку паркиралишта и во Аеродром, зад Бисер и по „Веро“, како и во Ново Лисиче. Градежните работи ќе почнат за десетина дена.                                                                                                                                                      http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1988&ArticleID=137938 

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 16-Apr-2010 at 22:48

Максим Горки остана без рампа!


Во согласност со изработената сообраќајно-техничка документација оваа јавна површина наменета за паркирање ќе го прошири својот опфат и покрај улицата "Максим Горки" ќе бидат уредени и обележани со хоризонтална и вертикална сигнализација и улиците "27 Март" и "8 Ударна бригада" - рече Ана Витановска, портпарол на Градски паркинг


Јавното паркиралиште на улицата "Максим Горки", со коешто стопанисува ЈП "Градски паркинг" - Скопје, го смени начинот на утврдување на условите и режимот на сообраќај - од затворен паркинг со рампа во зонско паркиралиште.
- Со промена на режимот на работа ќе се приклучи кон зонското паркирање, спроведено од неодамна во градот Скопје. Во согласност со изработената сообраќајно-техничка документација оваа јавна површина наменета за паркирање ќе го прошири својот опфат и покрај улицата "Максим Горки" ќе бидат уредени и обележани со хоризонтална и вертикална сигнализација и улиците "27 Март" и "8 Ударна бригада" - рече Ана Витановска, портпарол на Градски паркинг.

Таа додаде дека со досегашното решение паркиралиштето имаше една точка на која се одвиваше и влезот и излезот, но со новиот проект на улицата "Максим Горки" ќе се одвива и влез и излез. Исто така, на улицата кај хотел "Јадран" ќе има излез и од улицата Орце Николов" односно, граѓаните ќе имаат уште еден излез. На овој начин ќе се олесни и зголеми протокот на возила.
- Спроведувањето на зонското паркиркирање на овој потег се наметна од причина што се наоѓа во непосредна близина на плоштадот Македонија", односно, во центарот на градот, Мал ринг. Со зонското паркирање времетраењето на задржување на посетителите-корисници на услугите кои не се станари или правни лица со седиште во зоната, односно подзоната, е ограничено. Максимум дозволено време на задржување - паркирање во првата зона, е два часа, а во втората четири часа. На овој начин ќе се зголеми фреквенцијата на возила, ќе се растовари централното градско подрачје, ќе се овозможи поголем проток на возила, поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот, подобри услови за движење на возилата на итните служби - на возилата на Прва помош, на противпожарните специјални возила, но и ќе се намали времето на барање слободно паркинг-место. Ова ќе придонесе да се намали загадувањето и да се подобри безбедноста на сообраќајот во централното градско подрачје - истакна Витановска.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=E9081F2C7D164E43B44C81AFF1941479
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 19-Apr-2010 at 00:03
одвај чекам да се изградад паркинзите во центар, подземни и надземни, па улиците како оваа да станат пешачки и повеќе да се актуелизираат!
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 21-Apr-2010 at 12:20
ОРЦЕ НИКОЛОВ
Зонско само на тротоар

Зонското паркирање на улицата Орце Николов ќе важи само на тротоарите, а не и на коловозот како досега. Од „Градски паркинг“ велат дека промената е направена поради градежните работи, кои се во тек на булеварот Илинден и за да се овозможи поголем протек на возилата, кои сега се пренасочени по Орце Николов и по Партизанска. Додека траат градежните работи за проширување на Илинденска, паркирањето на коловозот на Орце Николов ќе се смета за непрописно и ќе се санкционира.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=2001&ArticleID=139000
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 13-May-2010 at 14:25
Нема бесплатно паркирање во сабота

Оваа мерка надлежните од ЈП "Градски паркинг" ја воведуваат оти за викенд голем број граѓани излегуваат, па на паркиралиштата се создавало хаос и станарите на околните згради пак не можеле да најдат слободно место

Зонското паркирање ќе се наплатува и во сабота. Досега паркирањето во трите зони во сабота после 14 часот беше бесплатно. Оваа мерка надлежните од ЈП "Градски паркинг" ја воведуваат оти за викенд голем број граѓани излегуваат, па на паркиралиштата се создавало хаос и станарите на околните згради пак не можеле да најдат слободно место.
"Зонското паркирање на некои делови го воведовме за да им го решиме проблемот на станарите со паркирање, како што е примерот со ТЦ 'Бисер'. Секој работен ден за секого има слободно паркинг место, но во сабота, бидејќи паркирањето е бесплатно, владее хаос. Граѓаните ни се жалеа за ваквата ситуација и затоа решивме на паркиралиштата во строгиот центар на градот и во Аеродром да наплатуваме и во сабота цел ден, односно до 1 часот по полноќ. Останува бесплатно паркирањето во недела", вели Панче Стојановски, директор на ЈП "Градски паркинг".
Од претпријатието велат дека во моментов работат и на воведување зонско паркирање уште не неколку локации низ градот. Така, зонско паркирање ќе биде воведено на Бит-пазар, односно на уличката кај Стоковната куќа "Мост", зад слаткарницата "Палма" во Аеродром, во ТЦ "Лептокарија", кај Судска палата и МАНУ и кај зградата на Синдикатот. ЈП "Градски паркинг" наскоро ќе ги преземе дивите паркинзи кај поликлиниката "Чаир" и на нив ќе воведе паркирање од затворен тип.

http://vest.com.mk/?ItemID=FE19ACFC01BDAA45BA6AFFA7196E7329
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 16-May-2010 at 21:37

Зонско паркирање против узурпаторите во Чаир

Зонското паркирање од денеска треба да профункционира и во општина Чаир, на паркингот пред и покрај стоковната куќа „Илинден“, а во наредниот период тоа ќе се прошири и кај Театарот на народностите и кај Здравствениот дом „Бит-пазар“. Просторот пред „Илинден“ веќе е обележан, а „Градски паркинг“ добило согласност и од градоначалникот Изет Меџити.

Сепак, големи се сомневањата дека проектот воопшто ќе профункционира, ако се знае дека со паркирањето во овој дел од Скопје владее вистински хаос. Има многу диви паркинзи, на кои непознати лица ставиле рампи без никаква дозвола и „вработиле“ деца да собираат пари за паркирање. Приходите што се собираат на овој начин се големи, а во чиј џеб завршуваат парите, никој од надлежните не е заинтересиран да истражи. Наместо нив, за парите од дивите паркинзи се интересираат само медиумите, па во изминатиот период се појавија претпоставки дека со профитот од паркинзите, кој се брои во милиони, се финансираат политички партии, сомнителни организации итн.

На пример, веднаш до паркингот пред стоковната куќа „Илинден“ постојат уште два импровизирани паркинга, на кои со години бесправно диво се наплаќаат по 20 или 30 денари за влез, без разлика колку време ќе остане автомобилот.

- Не знам кој им дал дозвола, веројатно работат на диво. Има дете што собира пари и бара по 30 денари за цел ден. Јас секој ден доаѓам овде со автомобил, бидејќи тука работам. Отпрвин плаќав, но повеќе не - вели еден од вработените во дуќаните до „Илинден“.

На другиот паркинг, кој се наоѓа веднаш до него, кон просторот на „Мавровка“, пари собираше еден постар човек. Нашата екипа забележа еден таксист кој се паркираше таму и одби да плати. Ни рече дека му побарале 20 денари.

- Секој ден доаѓам овде и немам намера некому да му го полнам џебот. Јас од таксирање вадам за леб - искоментира тој.

Иста е состојбата и со неколку паркинзи зад Здравствениот дом „Бит-пазар“. Тие се узурпирини и нив на диво ги стопанисуваат приватници. Дел од луѓето што работат таму не сакаа да зборуваат, со образложение дека се плашат од газдите, а други се вадеа со тоа дека паркингот бил на Здравствениот дом.

- Овде се наплаќаат 30 денари за еден час и 50 денари за цел ден - вели наплаќачот на еден од паркинзите.

Еден друг вработен тврдеше дека имале дозвола да го стопанисуваат паркингот.

- Овде нема да успее зонското паркирање. Тоа е само за делот од Скопје преку Камениот мост. Тешко можеме да се приспособиме кон тие правила што ги налага Владата. Овде нема ништо урбанизирано. Кога ќе се урбанизира, тогаш ќе зборуваме за зонско - рече тој.

Од Здравствениот дом негираа дека имаат каква било врска со стопанисувањето со паркинзите.

- Ние не ги стопанисуваме паркинзите. Здравствениот дом, како и паркинзите, се наоѓаат на територијата на општината Чаир и тие се узурпирани со дозвола од Општината. Неколкупати реагиравме и баравме барем да не плаќаме ние, вработените, по што нашата молба беше услишана - велат од Здравствениот дом.

Директорот на „Градски паркинг“, Панче Стојановски, е убеден дека зонското паркирање кај стоковната куќа „Илинден“ ќе се спроведе, бидејќи за тоа гарантирал градоначалникот Меџити.

- Нема да има никаков проблем. Градоначалникот на Чаир уверуваше дека ќе го среди проблемот со узурпаторите на паркинзите кај стоковната куќа „Илинден“ - вели Стојановски.

Градоначалникот Меџити потврди дека проектот за зонско паркирање кај „Илинден“ има негова поддршка и потенцираше дека со тоа узурпаторите ќе бидат тргнати. Тој негираше дека тие работеле со дозвола од Општината, иако немаше издржан коментар зошто досега ги толерирале.

- Тие немаат наша дозвола да работат со паркинзите. Ние немаме наше јавно претпријатие кое би ги стопанисувало паркинзите, па тие го користат тоа. Општината нема ингеренции да ги спречи, навлезени се во дворови на институции - се правда Меџити.

Паркингот кај „Илинден“ ќе биде во втората зона и ќе се наплаќаат по 35 денари за час. Ќе има капацитет за 98 автомобили. Станарите од околината ќе плаќаат по 200 денари за месечна карта, а дуќанџиите по 400 денари.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C60BA270F391104FA0480DBF43A9FE23

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 28-May-2010 at 13:28
Скопјани плаќаат за зонско паркирање, а возилата им ги крева „пајак“



 
Од затворањето на булеварот Илинден, зонското паркирање во Дебар маало функционира само на тротоарите, а скопјани и натаму резервираат место преку СМС-пораки  
 
%20  
И покрај најавите во медиумите и известувањата дека зонското паркирање во Дебар маало, до завршувањето на градежните работи на булевар Илинден, привремено се укинува на улиците, но не и на тротоарите, некои наши сограѓани сé уште праќаат СМС-пораки за да резервираат паркинг-место. И откако ќе се паркираат, „пајак“-службата им ги собира возилата. Тие негодуваат што ниту некој им ги враќа парите, ниту, пак, им кажува дека зонското важи само на тротоарите, а не и по улиците во Дебар маало. Од јавното претпријатие „Градски паркинг“, кое управува со зонското паркирање, велат дека парите не можат да ги враќаат, затоа што нема начин кој покажува дека тие навистина резервирале место и дека се паркирале долж улиците. Панче Стојановски, директорот на претпријатието, вели дека до сите регистрирани корисници на зонското паркирање во Дебар маало испратиле писмено известување дека додека трае проширувањето на булеварот Илинден, зонското паркирање ќе се одвива само на тротоарите.

- Како надлежно претпријатие, до сите медиуми испративме известување дека паркирањето во зони, додека траат градежните работи на булеварот Илинден, ќе функционира само на тротоарите. За жал, парите нема да може да се вратат, затоа што немаме никаков доказ дека некој навистина се паркирал на улица - објасни Стојановски.

Зонското паркирање на улиците во Дебар маало не функционира од 20 април. Од градот очекуваат до средината на јуни да биде завршена работата на оваа фреквентна сообраќајница, по што зонското паркирање на улиците во Дебар маало нормално ќе функционира.
 
   
Автор: А.М.Д.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=52810105482&id=14&prilog=0&setIzdanie=21993

Edited by Cloverstack - 28-May-2010 at 13:29
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 01-Jun-2010 at 19:24

Зонско паркирање до полноќ

Од денеска зонското паркирање ќе се наплаќа до полноќ, наместо до 21 часот како што беше досега. Промената на работното време на паркиралиштата каде што важи зонскиот систем на наплата е поради летната шема на работа, информираат од ЈП „Градски паркинг“. Така, од денеска до 30 септември зонските паркиралишта ќе работат од 7 часот наутро до 24 часот, и тоа од понеделник до сабота. Паркирањето и натаму ќе биде бесплатно во недела и за државни, но не и за време на верски празници. Наплатата до 21 часот, односно до 14 часот во сабота повторно ќе биде важечка од 1 октомври. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=36933980D8AE7543B2CB7C9E78A8305F

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 12-Jul-2010 at 17:28

Лисици за автомобилите на неплаќачите на зонското паркирање во Аеродром

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Градски паркинг“ од понеделник ќе поставува блокатори за тркала (лисици) на возилата паркирани на паркинзите во Општината Аеродром што не ги почитуваат правилата на зонскиот систем на работа.

Од „Градски паркинг“ појаснуваат дека блокаторите за тркала ќе им се поставуваат на оние возила кои не платиле за паркирање, доплатен билет или други трошоци, кои го пречекориле дозволеното време на паркирање, не ја почитуваат хоризонталната и вертикална сигнализација, паркирале на место за лица со посебни потреби. Ќе се постапува и по Одлуката за јавни паркиралишта од значење за градот Скопје и Правилникот за начинот и мерките за отстранување на оштетени, неисправни, неправилно и непрописно паркирани возила на подрачјето на град Скопје.

На возилата на кои ќе им бидат поставени блокатори за тркала ќе биде прикачена и писмена опомена во форма на налепница, со која имателот на возилото се повикува доброволно да го отстрани блокаторот, односно да се обрати на наведениот телефонски број за да се деблокира возилото. Налепниците ќе ги поставуваат комунални инспектори, односно контролорите на зонско паркирање во „Градски паркинг“.

По поставување блокатор, ако сопственикот на возилото не се појави во рок од 60 минути од моментот на поставување, возилото ќе биде транспортирано во депото на пајак-службата.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=8CB3129FD516F64FAE9B86CD103B3010
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 13-Jul-2010 at 20:41

Зонско се распосла на цела „Максим Горки“

Од вчера на целиот потег на улицата "Максим Горки" е воведено зонско паркирање. Сега паркирање се наплаќа и во реонот на хотел "Јадран". Екипи на ЈП "Градски паркинг" вчера обележаа дополнителни 40 паркинг места во реонот па така на "Максим Горки" сега има капацитет од 120 паркинг места. Дозволено време за задржување на овој паркинг е два часа а еден час се наплаќа 45 денари.

Од ЈП "Градски паркинг" велат дека со проширувањето на зонското паркирање по целата должина на "Максим Горки" ја реализирале програмата за растеретување на паркиралиштата на овој приод кон центарот на градот. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6B750864F2D09140AFC7D79C4D098DE7
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 20-Jul-2010 at 05:17
Зонско паркирање кон хотелот „Арка“

Од утре за паркирање ќе се наплатува и на улицата меѓу трговските центри „Илинден“ и „Мавровка“. Практично ќе се воведе зонско паркирање на сообраќајницата што води до хотелот „Арка“.

Овој паркинг, како дел од зонскиот систем на ЈП „Градски паркинг“, ќе биде дел од втората „Б“ зона. Максимално време за задржување на овој паркинг изнесува четири часа, а еден час паркирање чини 35 денари. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=14E750E7B5C2FB47A332253BB6FD73D3


Edited by pbanks - 20-Jul-2010 at 08:54
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 04-Aug-2010 at 01:11

Осум фирми ќе го уриваат монополот во зонското паркирање

Општина Центар до есен ќе одлучи дали ќе го преземе паркирањето на „Ленинова“ и на „Орце Николов“

Деспина Трајковска

Осум компании за 100.000 до 120.000 евра се подготвени да го имплементираат системот за зонско паркирање за потребите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, кое планира под свое да ги земе зонските паркиралишта на „Ленинова“ и на „Орце Николов“. На тој начин, всушност, ќе се урне монополот на ЈП „Градски паркинг“, кој сега стопанисува и наплаќа на овие паркинзи. Од осумте фирми што се јавиле на јавниот повик на општинското претпријатие, кое во оваа фаза прави анализа кој систем би бил најприфатлив од сите аспекти, шест фирми се македонски, а две се од Србија.

Тодор Делјановски, директор на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, вели дека сите осум субјекти даваат гаранции дека ќе воведат пософистициран систем во однос на оној што го применува ЈП „Градски паркинг“ како во однос на начинот на плаќање на паркирањето, така и од аспект на регулирање на сообраќајот.

„Генерално, сите фирми понудија посовремени системи од постојниот на ‘Градски паркинг‘, а истовремено и поевтини. Системите нудат можност за плаќање на паркирањето освен преку мобилен телефон и преку Интернет, како и со кредитни и дебитни картички. Истовремено, во доставените понуди има и разработени сообраќајни решенија што би гарантирале растоварување на сообраќајниот метеж, односно конкретно систем за правец на движење на возилата. Имено, режимот на паркирањето различно би се одвивал, на пример, на еднонасочна улица и ‘обична‘ улица, што не е случај со зонскиот систем кој функционира сега. Инаку, во зависност од одредени финеси во понудените системи, нивната вредност се движи од 100.000 до120.000 евра“, вели Делјановски, кој планира наскоро до Општина Центар и до Советот да достави информација за зонскиот систем што го нудат фирмите што се јавија на повикот.

Се очекува општинските власти да пресечат во интерес на „Паркинзи на Општина Центар“ и на претпријатието да му дадат субвенции со што, практично, би го урнале монополот на ЈП „Градски паркинг“. Советот на Центар во неколку наврати инсистираше општинското претпријатие да наплаќа за паркирање на „Ленинова“ и на „Орце Николов“, а по потреба и на други општински улици, сметајќи дека е неоправдано општината да ги одржува улиците, а од нив да ќарува ЈП „Градски паркинг“. Единствено во меѓувреме ќе треба да се дефинира дали општината или ЈП ќе го направи конечниот избор на фирмата што ќе го воведе зонскиот систем на паркирање.

Наспроти оптимизмот и намерите на општинското претпријатие, од „Градски паркинг“ неколкупати досега јавно потенцираа оти практично паралелниот зонски систем би предизвикал забуна кај граѓаните. Истовремено од градското претпријатие не отстапуваат од ставот дека формално правно единствено тие ги имаат ингеренциите да го регулираат паркирањето во Скопје. Градоначалникот Коце Трајановски, пак, неодамна рече оти Градот, кој е газда на „Градски паркинг“, ќе му го отстапи зонското паркирање на општинските улици во Центар на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ во оној момент кога од претпријатието ќе бидат подготвени да го имплементираат системот.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=C6FE3DB659A2BF4396ADCED5DC6138E2

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 04-Aug-2010 at 01:22
Повторно до израз доаѓа нашата заглавеност меѓу два система. Ниту сме вамо, ниту сме тамо. Како е тоа можно во еден сектор да функционираат паралелно јавно претпријатие и приватни фирми, па уште конкуренција ќе стварале. Значи ако еден сектор државата има намера да биде јавен, општествен, тогаш јавно претпријатие го стопанисува. Ако има намера да биде приватен го дели под концесии, партнерства на фирми и го стопанисуваат, а државата регулира. Ај што сме заглавени некаде меѓу, па ниту јавниот дел не е како што треба, туку се поклапаат две јавни претпријатија. Каша невидена се прави од нормална едноставна работа.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 10-Aug-2010 at 21:26
Зонско паркирање и кај "Св. Димитрија"

Пред неколку дена ЈП "Градски паркинг" воведе зонско паркирање и кај црквата "Св. Димитрија". Со тоа градските власти и поповите, конечно, го решија двегодишниот спор околу стопанисувањето со паркингот. Поповите бараат по секоја цена да се тргне рампата, бидејќи таа ги одвраќала верниците од посетување на црквата. На крај надлежните од "Градски паркинг" им понудија решение повторно да се наплаќа на овој паркинг, но да нема рампа.
Паркингот спаѓа во првата зона, што значи дека граѓаните ќе може да паркираат само два часа, а еден час ќе чини 45 денари.
(А.А.)
http://vest.com.mk/?ItemID=5F56200A4BDCE0448D66F03891DBC861
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 12-Oct-2010 at 14:10

Зонското паркирање во Центар ќе добие нов газда

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ го презема паркирањето на општинските улици

Деспина Трајковска


Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и, дефинитивно, ќе му ги одземе зонските паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ што се наоѓаат на општинските улици во Центар. Такви засега се паркинзите на „Ленинова“ и на „Орце Николов“. Иако ова се' уште е само на хартија, општинското претпријатие за паркирање има се' што е потребно да ја реализира идејата. Ја има поддршката од Советот како негов основач, градоначалникот Владимир Тодоровиќ му вети субвенции за имплементација на системот, а и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, неодамна најави дека „Градски паркинг“ ќе му ги отстапи зонските паркиралишта на Центар во оној момент кога нејзиното претпријатие ќе биде подготвено да ги реализира намерите на терен.

Тоше Делјановски, директор на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, вчера информираше дека наскоро претпријатието ќе распише тендер за избор на фирма што ќе го имплементира софтверот за зонскиот систем. Во меѓувреме Советот ќе треба да донесе конечна одлука за реализација на идејата, како формалност во целата постапка откако на последната седница едногласно усвои соодветен заклучок.

„Со едногласната поддршка од Советот, практично, се отворија вратите за реализација на нашите планови околу зонското паркирање. Со оглед на тоа дека Општината ќе не' субвенционира, нема пречки за реализација на идејата. Останува уште да видиме дали ќе најдеме средства за купување пајак-возила потребни за функционирање на зонскиот систем за наплата или, пак, нив ќе ги обезбедиме преку јавно-приватно партнерство“, објаснува Делјановски, кој во зонското паркирање гледа извор на средства за непречено функционирање на претпријатието што неколкупати досега добиваше субвенции од општинската каса.

Инаку, од фирмите што имплементираат соодветни софтвери ќе зависи дали зонското на Центар ќе биде идентично како она на ЈП „Градски паркинг“ во однос на начинот на наплата и другата потребна организација. Извесно е дека интерес на тендерот ќе пројават некои од осумте фирми што неодамна изразија подготвеност за 100.000 до 120.000 евра да го имплементираат системот за потребите на „Паркинзи на Општина Центар“. Генерално, сите тие дале гаранции дека би вовеле пософистициран систем во однос на оној што го применува „Градски паркинг“, како во однос на начинот на плаќање на паркирањето, така и од аспект на регулирање на сообраќајот. Системите нуделе можност за плаќање, освен преку мобилен телефон и преку Интернет, како и со кредитни и со дебитни картички. Истовремено, нуделе и разработени сообраќајни решенија што би гарантирале растоварување на сообраќајниот метеж, односно, систем за правец на движење на возилата.

Од ЈП „Градски паркинг“ вчера не беа изненадени од новонастанатата ситуација. „Претпријатието не стравува толку од конкуренција колку што смета дека најголема штета ќе трпат граѓаните. Тие ќе се доведат во ситуација да се соочуваат со паралелни зонски системи на наплата за паркирање доколку во случај од Центар имаат поразличен систем“, накусо коментира директорот Борче Јакимовски.

Тој и натаму смета дека формално-правно единствено ЈП „Градски паркинг“ ги има ингеренциите да го регулира паркирањето во Скопје. Сепак, според него, Градот Скопје како основач на „Градски паркинг“ ќе го има последниот збор. Оттаму, пак, во последниве месеци не се противат на идејата на Општина Центар, што не беше случај и претходно.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=926D2FD0298ECB4BA8AFE84F2EC0B3BA
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 12-Oct-2010 at 15:27


Значи ќе бидне и оваа глупост... Епа ако веќе ќе се толерира секоја општина да си формира маалски фирми за секоја работа каде што ќе процени дека ќе може да молзе пари (патем би било убаво таква проактивност да дочекаме и за оние работи каде имаат надлежност, ама немаат потенцијал за профит), тогаш ајде барем нека го укинат градското претпријатие. Нема никаква логика паралелно да функционираат ем јавното претпријатие „Градски Паркинг“ ем вакви општински јавни претпријатија за паркирање, освен доколку поентата не е погломазен јавен апарат, хаос со ингеренции, и секако создавање непотребни работни места за здомување на партиски војници и слични паразити.


Edited by Cloverstack - 12-Oct-2010 at 15:28
Back to Top
Tuvok View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote Tuvok Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 12-Oct-2010 at 23:21
Зонското паркирање барем на Орце Николов е тотално сра*е. Цел тротоар е зафатен скоро неможе пешак нормално да помине а да не збориме за велосипедкса патека. Катастрофа од решение. Можеби само не некои делои од Орце Николов каде што е доволно широко да се остави простор за паркирање ама на некои места изгледа многу без везе.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 18>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.