build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Градска инфраструктура (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градска инфраструктура (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 30>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 30-Oct-2009 at 20:41
А што треба, за една дупка да се пресвлекува цл булвар ли?! Не е проблем што денес се санираа дупки на булвераот, и тоа случај низ свет, проблем е што кај нас ива оснаува некогаш доминантен начин за санирање и на улици на кои очигледно име е потребно санирање. Булеварот Св. Климент Охридски има одличен асфалт за скопски услови. И јас денеска ја видов механизацијата и баш се загледав во аслфалтот и ретко се наоѓа дека предходно тука нешто било крпено.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 30-Oct-2009 at 20:44
И јас мислам дека Климент Охридски нема потреба од пресвлекување.

Но под хитно треба да се пресвлече МХ Јасмин, Рекорд и солиден дел од Партизанска.
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 02-Nov-2009 at 21:40
Мислам дека подитно треба Климент Охридски да се прошири на сметка на она средишно "зеленило", кое реално зафаќа простор за џабе. Нека направаат средишен зелен простор како низ сите булервари низ градов по примерот како на Партизанска што почна. Секој ден поминувам низ улицата е толку е закочена тоа е невидено нешто.
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 03-Nov-2009 at 14:49
Да така е! Само и покрај било каков проект и најмалиот ние секогаш наоѓаме маани.


Edited by Supervisor - 03-Nov-2009 at 14:49
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 16-Dec-2009 at 12:21

Гевгелија ќе вложи 650.000 евра за улици

Општина Гевгелија во следната година планира да инвестира околу 40 милиони денари за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици. Половина од планираните капитални вложувања, односно 20 милиони денари ќе бидат наменети за изградба на улици, а уште 10 милиони денари за реконструкција на улици во градот и населените места. 

Со 2,2 милиона денари ќе се интервенира во одржувањето на постојните локални патишта, а еден милион денари ќе се употребат за изградба на сообраќајна сигнализација. 

Сите планирани проекти претставуваат продолжување на тригодишната Програма за развој на општина Гевгелија, каде што е предвидено изградба на улици во индустриската зона Блокотехна, во урбаните блокови 7 и 14, продолжување на западниот булевар и изградба на дел од јужниот булевар. Средствата за овие зафати се обезбедени преку Агенцијата за државни патишта, Агенцијата за рамноправен регионален развој, дел од надоместокот за уредување на градежно земјиште и комуналните такси.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3D7C0E6485226849BCD38CADB8C8CB2F
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 23-Dec-2009 at 10:32

Со шведски пари ќе се реконструира „Маршал Тито“ во Берово

Главната улица Маршал Тито во Берово следната година ќе биде реконструирана и ќе добие нов асфалтен коловоз во должина од 450 метри. На улицата ќе бидат изградени шахти и сливници, а тротоарите ќе бидат обновени со бекатон-плочки.

Овој зафат од комуналната инфраструктура во Берово ќе се реализира со финансиска поддршка од Шведската агенција за обнова и за развој во износ од 6 милиони денари и дел со буџетот на Општината.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FCDAAB0EB26AC548AC2B052211DC54BB
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 25-Dec-2009 at 12:45
 

По повеќе од пет години изградба, денеска конечно ќе се пушти во употреба новиот фекален и атмосферски колектор за населбите Инџиково, Ченто, Стајковци, Хиподром и Маџари, еден од најголемите проекти од ваков вид што се правеа во земјава. Со тоа се очекува жителите да куртулат од долгогодишните проблеми со поплавувања и со излевања фекалии

 
 
%20  
Од градската управа известуваат дека официјалното отворање на канализацијата ќе се одржи кај препумпната станица за фекални води „Макошпед“, на улицата Перо Наков, а се очекува да присуствуваат премиерот Никола Груевски, градоначалникот Коце Трајановски и Тони Трајковски, градоначалникот на општината Гази Баба.

Изградбата на фекалната канализација Инџиково почнала во 2005 година, додека градоначалник беше Ристо Пенов, но потоа работите биле запрени. Се утврдило дека цевките се поставувале во спротивна насока, односно од населеното место кон Вардар, наместо обратно. Тогаш на неа се приклучиле околу 300 семејства.

Мрежата е долга 1,4 километар и треба да го реши проблемот со одводот за источниот дел од градот. За да се доврши работата и Владата одвои еден милион евра, а два милиона обезбеди јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
 
   
Автор: Р.З.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 28-Dec-2009 at 15:15
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 28-Dec-2009 at 15:40
Од крстосница до нов центар

Кружниот тек што ќе се гради кај „СП планет“ ќе биде вовед во градењето на новиот центар во општина Ѓорче Петров. Според градоначалникот Митровски, оваа локација треба да стане најмаркантната точка на општината затоа што на лединката отспротива ќе се гради новата општинска зграда, а во зеленилото на кружниот тек ќе се постави споменик на Ѓорче Петров, висок десет метри и просторот ќе се уреди со клупи и со фонтани. За ова општината веќе има готов проект, чијашто реализација ќе чини 90.000 евра, од кои 20.000 обезбеди општината, а останатите Министерството за култура. Почетокот на градежните работи се очекува да биде кон крајот на јануари.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1903&ArticleID=130049
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 30-Dec-2009 at 22:53
Знае ли некој нешто за ова,последен пат кога бев Охрид автобуската беше во една барака

build.mk, гради форумска историја
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 30-Dec-2009 at 23:03
Ништо посебно! Се дешавало многу кандидати за избори за расфрлаат со обеќавања за вакви Лас Вегаси!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 30-Dec-2009 at 23:32
Епа ќе си тера у барака сега којзнае до кога... тоа е Македонија. Старата автобуска (која за сегашнава беше премија) ја срушија и на нејзино место се изградија гломазни станбени блокови со транзициски архитектонски шмек. Навистина станицата требаше да се дислоцира од центарот и гужвата и тесните улици, но со оглед на градбите што никнаа на нејзино место и со оглед на тоа дека новата автобуска е далеку од вистинска реализација и функционира импровизирано, очигледно мотивите биле сосема други.
Можеме да се занесуваме до бескрај околу тоа што го нуди Охрид, ама факт е дека нема барем ни пристојна автобуска станица за да ги пречека туристите. Аеродромот не сум го видел, ама можам да замислам... Железница нема... Каков туризам тераме ние бре луѓе?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 11-Jan-2010 at 01:31
Немаме нишка велешки сообраќај, па нека иде тука...
Нема спас од метежот кон „Св. Спас“


Непријатни сцени налик на трагикомедијата „Викенд на мртовци“ доживуваат велешани при погреби во црквата „Св. Спас“. При последното испраќање на покојникот се случувало да го нема ковчегот со неговото тело или неговите блиски да дојдат на друг погреб. Ова често се случува за викенд во црквата „Св. Спас“, каде што поради лошата конфигурација на теренот, тесните сокаци и човечкиот инает, возилото со посмртните останки на покојникот заглавува на улицата Прохор Пчињски. Такви случаи има повеќе. Ожалостените роднини и блиските уште повеќе се вознемируваат бидејќи во најтажните моменти не можат достоинствено да се простат од починатиот.

- Чекавме 40 минути да го донесат починатиот, откако поради метеж на улицата, сообраќајот се блокира, а со тоа и колата што го пренесуваше брат ми. Ние сите в црква, а починатиот го нема. Немавме време да се простиме од него, бидејќи времето минеше, а по нас имаше друг погреб. Ова што се случува на левата страна од градот е недозволено - вели член на семејство што неодамна погребало свој близок.

Објаснувањето за ваквата состојба е едноставно - пристапот до црквата „Св. Спас“ по улицата Прохор Пчињски е тежок бидејќи едвај може да мине еден автомобил по неа, а не да се разминат два. Во должина од половина километар води единствената улица, која е тесна или широка, не повеќе од 2,5 метра и има можност да мине само еден автомобил. Но, бидејќи теренот е непрегледен, се случува од двата правца да има колона автомобили, кои кога ќе се сретнат лице в лице, не можат да се разминат. Уште потешко е некој да се врати наназад поради конфигурацијата на теренот, за некого угорница за некого удолница, а редицата долга.

- Вакви проблеми се случуваат често. Поради застој, починатиот не може во договорениот термин за погреб да биде донесен во црквата. Ако има во текот на денот и други погреби, се случува сите да се поместуваат, што доведува до збрка кај присутните. Доаѓаат пријатели на еден починат, наидуваат на друг, па не знаат дали погрешиле или промашиле термин и доведени сме во непријатна ситуација - велат свештеници од црквата „Св. Спас“.

Вакви примери има многу, но решение засега нема. Секој погреб во оваа црква е траума за блиските на починатиот, дали ќе се стигне навреме, дали нема да се заглави во тесната улица, дали се' ќе мине во ред, дали некој нема да дојде за следниот погреб. Жителите што живеат на оваа улица посочуваат дека проблемот се актуализирал последните 15-ина години, откако зеде замав такси-возењето. Од локалната власт велат дека проблемот е стар десетици години, а е тежок за решавање.

- Можност за проширување на улицата нема. Кога се граделе куќи во овој дел на Велес, пред стотина и кусур години, не се водело сметка дека еден ден ќе има ваква фреквенција на автомобили, при што два не ќе можат да се разминат. Сега е скоро невозможно што било да се преземе. Ќе се обидеме улицата да ја поплочиме со бехатон плочи и на неколку места да создадеме простор за поголеми слободни површини, каде штомавтомобилите ќе можат да се разминуваат. Или со некоја од соседните улици да се создаде кружен тек или еднонасочен сообраќај - велат од локалната власт на Велес.

Некои граѓани предлагаат овој децениски проблем да се реши со примена на искуствата на места што имале слични примери. Тие го посочуваат примерот на грчкиот остров Крф и некои шпански острови, каде што ваквите тесни улички биле проблем за нормално одвивање на сообраќајот. Таму биле поставени семафори, кои наизменично, во одреден временски интервал ги пропуштаат автомобилите да се движат по уличките, при што било овозможено нивно непречено движење.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=BAA8CE171C1EFA428A45E968331EA92F
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 21-Jan-2010 at 09:51
Трамвајот заглави во тендери

За сите капитални проекти Градот бара консултанти и приватни инвеститори

Сања Наумовска


Трамвајот, подземните сообраќајници и скијачката патека на Водно нема да видат бел ден уште долго време. Капиталните проекти, кои градските власти ги најавуваат од поодамна, се заглавуваат во законски процедури што ќе траат уште најмалку една година. Ќе се чека изборот на консултант, кој ќе треба, пак, да изработува студии за привлекување концесионери, а самата реализација е неизвесна и откако ќе заврши тој процес.

На избор на консултанти заглави проектот за воведување трамвај, кој практично беше најразработен од претходната градска гарнитура, а бившиот градоначалник Трифун Костовски остави и проект и пари за почнување на изградбата на депото во Ново Лисиче. Консултанти и приватни инвеститори ќе чекаат и подземната сообраќајница под плоштадот „Македонија“ и под Кале, како и скијачката патека на Водно. Градската власт се одлучи да бара консултант и за билбордите, за чие концесионирање веќе е истечен поголемиот дел од договорите.

Моментно, информираат од Градот Скопје, распишан е јавен повик за избор на консултант за проектот за трамвај во Бирото за јавни набавки и на страниците на специјализираното издание за јавни набавки на Европската унија, ТЕД.

„Што се однесува до подземните сообраќајници, скијачката патека, како и за консултантски услуги за поставување рекламни билборди, повикот е објавен само во Бирото за јавни набавки, а се очекува да се објави и во гласилото ТЕД“, информираат во Градот.

Понудите од потенцијалните консултанти градските власти ги очекуваат кон крајот на февруари. Потоа ќе следува период на евалуација, па избор на најповолен понудувач и жалби, а избраниот консултант ќе може да се знае дури летоска. Тој веројатно ќе добие рок од најмалку една година за да ги изработи студиите за концесионерите што би ги реализирале овие проекти. Целта на таквите студии е да се разгледаат сите можности за привлекување приватни инвеститори што би вложувале во трамвајот, сообраќајниците или во патеката и билбордите. Сепак, гаранции дека ќе се најдат приватни партнери за сите проекти нема, што значи дека градоначалникот Трајановски може и на половината од неговиот мандат да се најде на почетната точка.

„Градот има интерес од воведување трамвај и изградба на две подземни сообраќајници, за да се подобри состојбата со јавниот градски превоз и да се зголеми проточноста на сообраќајот во строгиот центар. Сепак, Градот нема доволно пари за реализација на овие големи проекти. Поради тоа, има потреба од почнување постапка за доделување концесија, за што ни е потребен консултант“, образложија градските власти пред неколку месеци, кога Советот на Скопје даде зелено светло за избор на консултанти.

Министерството за транспорт и врски неодамна ја избра шпанската фирма „Идом инженерија и консулторија“ да изработи студија за сообраќајниот систем на Скопје со идејни проекти за булеварот „Св. Климент Охридски“ и подземната сообраќајница од Соборниот храм до Комплексот банки. Шпанците ќе треба да направат студија за сообраќајниот систем на град Скопје, чија главна цел е да даде стратегиски долгорочни насоки за подобрување на урбаната мобилност на граѓаните и транспортот на стока со решенија што ќе се ориентираат кон одржлив развој на градот. Сообраќајната студија ќе треба да ги потврди определбите на важечкиот ГУП на Скопје или да предложи поинакви можности.

Во Градот велат дека работата на консултантите и на шпанската фирма нема да се совпадне. „Шпанската фирма ангажирана од Министерството треба да изработи идејни решенија за подземните сообраќајници, додека со одлуката на Советот на Скопје треба да се избере консултант што ќе направи студии за финансиската издржаност и условите за издавање под концесија на подземните сообраќајници“, појаснуваат од Градот.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=B662F4E113169F4DABCFD524BBB4A3E0
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 01-Feb-2010 at 05:14
Дискусијата околу предлогот на gorco ја префрлив овде:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=786&PN=1
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 05-Feb-2010 at 11:07
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЛОКАЛНИ ПАТИШТА
Се поправа патот кај Инџиково

Почна реконструкцијата на локалниот пат од Инџиково до Јане Сандански во Гази Баба. Патот е долг 600 метри, а изведувач на работите е фирмата „Гранит“. Парите за реконструкција ги обезбеди Агенцијата за државни патишта во рамките на програмата за реконструкција и рехабилитација на локалните патишта во Македонија. Според оваа програма, за Општина Гази Баба се предвидени 560.000 евра, а покрај наведениот патен правец, до крајот на годинава ќе се поправаат и локалните патишта Раштак - Бутел, во должина од два километра и Стајковци - Брњарци, во должина од 1,8 километар.                                                                                                                                      http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1936&ArticleID=133256  

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 05-Feb-2010 at 11:37
Град Скопје одвои 229 милиони денари за одржување на улиците
Автор: Владимир Митоски     11:24 | 05 февруари 2010


Скопје

Вкупно 229 милиони денари ќе издвои Градот Скопје за одржување, реконструкција и заштита на улиците во главниот град во текот на 2010 година.

Ова го соопштија градските власти откако Советот на Град Скопје ја поднесе програмата за одржување и заштита на магистралните и собирните улици и за регулирање на сообраќајот.

Со оваа програма ќе бидат опфатени вкупно 118 улици со површина од 2.600.000 квадратни метри од кои најголемиот дел се магистрални.

Како дел од активностите што ги опфаќа програмата се и копање на оштетен асфалт, тампонирање, асфалтирање и чистење на раскопан материјал и сл.

За одржување на сообраќајните знаци и опрема со оваа програма се предвидени 49 милиони, соопштуваат од Град Скопје./крај/со/вм                                                                                                                                               http://www.makfax.com.mk/#_tools/article/98595/view

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 11-Feb-2010 at 06:31

Битолчани против новиот плоштад

Колку ќе чини новиот плоштад и колку време ќе биде потребно за изградбата на двете гаражи, битолчани засега немаат одговор

Битола - Револт и незадоволство меѓу жителите на строгиот центар на Битола предизвика планот на локалната власт за новиот лик на битолскиот плоштад и особено изградбата на двете катни гаражи. Додека незадоволството кај граѓаните расте, власта не открива ниту колку пари ќе чини проектот ниту колку време ќе биде раскопан центарот на Битола.

На вчерашната презентација на новиот ДУП за централното градско јадро во старата општинска зграда се собраа стотина незадоволни граѓани. Граѓаните буквално го бомбардираа со прашања изработувачот на урбанистичкиот план архитектот Јорго Шундовски од кого бараа одговор дали претворањето на строгиот центар на Битола во паркинг нема да предизвика еколошка катастрофа. Бидејќи двете катни гаражи во секое време ќе имаат можност за паркинг на близу илјада возила. Дали ќе се наруши стабилноста на зградите каде што ќе се гради надземната гаража и колку ќе се обезвреднат становите кога гаражите ќе бидат на само четири метри до станбениот објект.

„Додека цела Европа го замислува централното подрачје како една хумана средина и место за живеење ние создаваме еколошка бомба“, рече Љубомир Бошевски, жител на улицата „Рузвелтова“ во Битола, чија куќа ќе биде засенета доколку се изгради надземната гаража.

Се отворија и прашањата дали со изградбата на гаражите нема да се наруши стабилноста на зградата кај ЈАТ и дали во новиот амбиент нема драстично да паднат цените на становите во центарот на градот.

„Дали се мисли на нашите деца. Ако ја направиме таму катната гаража кај ќе одат децата на 150 до 200 фамилии. Дали се мисли за заштита на спомениците на културата. Овде има 15 заштитени објекти и тоа од прва категорија како споменици на културата“, рече Владе Темелковски, жител на улицата Борис Кидрич.

Архитектот Шундовски, пак, образложи дека потребата од катните гаражи во центарот на градот е неопходна поради недостигот на паркинг простор. „Вкупниот број на паркирни места во централното градско подрачје, не е повеќе од 4.000 возила, а во овој момент има официјално регистрирани 23 илјади возила“, рече Шундовски.

Колку ќе чини новиот плоштад и колку време ќе биде потребно за изградбата на двете гаражи засега битолчани немаат одговор. Градоначалникот Владимир Талески вели дека општината само создава услови за градба, и не заобиколи да каже дека отворањето на оваа тема е добра храна за медиумите, но дека власта ќе го реализира она што го замислила.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=D6539E220A268C4AB2752A5CF5B2AC26

Рачна за катните гаражи

Општина Битола планира решавање на проблемот со паркирање во центарот на градот со изградба на две катни гаражи, но граѓаните од овој реон се спротивставуваат поради страв од загадување и други последици

Станари од центарот на Битола се обидуваат да дигнат рачна сопирачка за проектот на општината во централното градско јадро да се изградат катни подземни и надземни гаражи. Тие стравуваат од загадување, нарушување на стабилноста на зградите, одземање на дворните места и друго.

Според идејниот проект подземна гаража со два ката ќе се гради под градскиот плоштад Гоце Делчев и под тревникот на Центарот за култура, десно од Широк сокак. Надземната гаража на три ката ќе биде сместена лево од Широк сокак, во просторот зад поранешното кино „Македонија“, каде што има станбени објекти.

- Создаваме еколошка бомба. Сакаме уште еден РЕК да донесеме да се загади центарот, кој е населено место со луѓе. Наместо да се замислува како средина со зелени површини и паркови, ние создаваме загадувач. Ослободете го центарот од возила, нека биде пешачка зона - порача Љубомир Бошевски.

Станарите прашуваат дали надлежните измериле колкаво ќе биде загадувањето зашто двете гаражи ќе имаат места за 900 возила.

- Со оневозможувањето на природното проветрување на затворениот простор, ќе се овозможи стагнирање на издувните гасови и деградационите елементи како јаглероддиоксид, сулфур и олово. Тие како потешки ќе влијаат врз становите од подолните катови со што на подолг период постои опасност да се зголеми зачестеноста на респираторни и други заболувања - смета Дејан Ристевски, медицинско лице и жител на овој реон.

Станарите се пожалија дека преку ден ќе мора да живеат со светилки зашто надземната гаража ќе им ја одземела светлината на подолните станови. Велат дека од густиот сообраќај им испукале визбите, па може да претпостават што ќе се случува кога двојно ќе се зголеми фреквенцијата на возила со изградбата на паркингот.

Изработувачот на проектот, архитектот Јорго Шундовски, вели дека со проектот ќе се надмине недостигот од паркинзи во центарот на Битола.

- Во централното градско подрачје вкупниот број паркирни места со поширокиот регион не надминува 4.000 возила. Ако градот во овој момент има регистрирани 23.000 возила, може да замислите колку малку паркинг-места се во центарот на Битола за да може да се обавуваат сите активности и функции - вели Шундовски.

Според него, добра страна е и тоа што подземно ниво ќе добие фреквентната улица Борис Кидрич, низ која минуваат по 400 возила на час, а ја пресекува шетачката зона Широк сокак. Од неа ќе се влегува во подземниот паркинг, а ќе се излегува дури на другата улица, со што ќе се растовари метежот во строгиот центар. Со ова плоштадот Гоце Делчев наместо да се задушува во возила, ќе може да се уреди со тревни површини. За загадувањето ќе се направи елаборат со технички решенија.

Градоначалникот Владимир Талески вели дека за изградба на гаражите се бара инвеститор, кој би имал финансиска корист зашто во комплексите се предвидени и 24 дуќани. Но, вината за негодувањата ја фрли врз медиумите.

- Ние имаме луѓе што се инспирираат на секоја тема и е добро што тоа за вас е добра храна како новинари да ги пишувате вашите прилози. Гледам дека во други општини со десет пати помал паркинг се дава максимален медиумски простор. За 40 возила се даваат по 10-20 минути на електронските и простор во печатените медиуми. Но, нам никој толкав простор се' уште не ни дал - изјави Талески.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A901F6B72378214EB01F5779B632A9E6



Edited by lslcrew - 11-Feb-2010 at 06:46
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 16-Feb-2010 at 12:33

Скопјани ќе возат под земја

Коридорот под плоштадот би требало да почне да се реализира за три години.

21:00 | 15.02.2010 | Автор: Шпиц

/ Подземните сообраќајници што ги најави градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ се очекува да станат реалност во 2013 година.
Проектот на подземниот коридор што ќе се движи од улицата Партизанска до Комплексот банки треба да понуди решение за сообраќајниот хаос на тесните улици во Скопје.
Иако се уште нема конечно идејно решение за подземниот коридор, трасата треба да минува под плоштадот и да излезе кај Комплексот банки. Еден крак би излегувал кај Собранието, а друг кај раскрсницата пред Соборниот храм.

Покрај подземниот коридор под плоштадот, во програмата на градоначалникот е и подземното решение за булеварот Македонија и Јужен булевар. За ова решение треба прво да се усогласи урбанистичката документација во Деталниот урбанистички план.

Се најавува и сообраќајно решение за двојната сообраќајница што треба да ги поврзе булеварот Климент Охридски, преку реката Вардар со општина Чаир. За овие две решенија веќе е распишан тендер.
- Изведбата на новите сообраќајни решенија се приоритет, независно од пречките и проблемите што се поставуваат пред реализацијата на овој проект - велат во Градот.
Веќе се преземени првите чекори. Реномирана странска корпорација за урбан транспорт ИДОМ нацртала сообраќајна студија. ИДОМ треба да изработи транспортна студија и два идејни проекта за подземни сообраќајници. Со идејниот проект треба да се прецизираат точните параметри и начинот на кој ќе се реализира градбата.

- Со транспортната студија ќе биде утврден сообраќајниот режим, проточноста на сообраќајот и бројот на коловозните ленти, како и пристапите                                                                                                                                    http://www.spic.com.mk/kat/skopje/skopjani-ke-vozat-pod-zemja.html   

од и кон подземниот Коридор и паркирањето во и околу него - објаснуваат од Градот.
Конечните насоки за тоа каде точно ќе поминува сообраќајницата ќе се знаат откако ќе бидат изработени и идејните и изведбените решенија.

Од канцеларијата на градоначалникот Коце Трајановски информираат дека Советот на град Скопје има донесено одлука за отворање постапка за избор на консултант, кој ќе ги утврди концесионерските услови за реализација на проектот за трамвај, за подземните сообраќајници на плоштадот и на улицата Илинденска кон булеварот Св. Климент Охридски.

- Голем ефект во подобрување на сообраќајот и намалување на метежот на раскрсниците ќе даде и Центарот за контрола и управување на сообраќајот - уверуваат надлежните, кои најавуваат и изградба на повеќе кружни раскрсници и булевари.                                                                                                                                                                                                                                                                                                                          

Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 16-Feb-2010 at 12:56
Мислам дека не е разумно во прва фаза да се почнува со неверојатно скапи подземни сообраќајници - ќе се градат со децении и со можност никогаш да не бидат изградени.

Многу подобар начин на брзо и ефективно решавање на сообраќајниот метеж (до изградбата на овие подземни сообраќајници) е:

1. Зонско паркирање без пардон во сите централни улици и простори по скапи цени
2. Ефикасен, комфорен, точен и брз јавен превоз (тролејбуси, трамваи и автобуси) со посегбни ленти и прендост на поминување)

Ова според мене би дало брзи резултати, до подобри времиња кога ќе има повеќе пари и време за вакви скапи екскурзии.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 30>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.131 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.