Author |
Topic Search Topic Options
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#221 Posted: 19-Feb-2010 at 01:24 |
Во март почнува изградбата на куполите на Собранието
Надградбата на Собранието за уште еден кат и три куполи, една голема
централна и две странични, ќе почне во март. Вакви се најавите од
парламентот каде што очекуваат деновиве скопски „Бетон“, фирмата што ќе
ја изведува реконструкцијата на собраниската зграда, да го достави
динамичкиот план за градежните работи. Потоа треба да се потпише
договор, по што најдоцна за 15 дена ќе почнат градежните зафати. Додека
се одвиваат градежните работи, парламентот нема да прекине со работа,
ќе има пленарни и комисиски седници и нормално ќе се одвиваат сите
други активности.
Реконструкцијата на собраниската зграда ќе
чини околу 11 милиони евра, но од Собранието, засега, не откриваат
попрецизни податоци за тоа колку време ќе се реновира. Само велат дека
ќе бидат опфатени најмалку две-три буџетски години.
Надградбата
на парламентот и куполите се дел од проектот „Скопје 2014“. Трите
куполи ќе се прават од метална конструкција со специјално стакло во
кружни форми. А поради тоа што ќе биде нарушена статиката на севкупниот
објект, дополнително ќе мора да се врши зајакнување на конструктивниот
систем. Зајакнувањето и надградбата ќе се изведуваат ламела по ламела
на петаголниот габарит од темел до покрив. Проектот предвидува и
целосно обновување и освежување на фасадата на парламентот.
Проектот
за изградба на куполи на Собранието владејачката ВМРО-ДПМНЕ го турка
уште пред четири години, набргу по промената на власта во 2006 година.
Идејата што наиде на жестоки критики кај дел од експертската јавност
беше протуркана во Собранието како решение за просторните проблеми на
пратениците. (О.В.) |
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=00A51690F6E8F348ABB23049809B1AE4
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#222 Posted: 27-Feb-2010 at 11:58 |
Надградбата на
Собранието ќе почне на 15 март годинава и ќе финишира за две години.
Покрај надградбата, еден кат и куполи, ќе се прави и нова фасада и ќе
се заменуваат прозорците |
|
|
|
 |
|
Со
надградбата Собранието ќе има на располагање нови 3.900 метри
квадратни, така што ќе се обезбедат работни простории за сите пратеници
и за стручните служби. За овој потфат ќе се потрошат 11 милиона евра,
работите ќе ги изведува „Бетон“ од Скопје.
Од Институтот за
земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) утврдиле дека
сегашната конструкција на собраниската заграда, која е градена во 1936
година, не може да го издржи товарот со надградбата. Од тие причини е
препорачано да се зајакне основниот конструктивен систем на објектот,
односно да се доградуваат нови столбови. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2271093866&id=9&prilog=0&setIzdanie=21921
|
|
 |
krale
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
|
Quote Reply
#223 Posted: 01-Mar-2010 at 00:53 |
Се размислувало ли некогаш во Скопје за одвојување на државната администрација во посебен кварт? Нешто како изградба на цел комплекс со се што е потребно за власта, некаде поблиску до аеродромот на пример?
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#224 Posted: 01-Mar-2010 at 23:09 |
Предвидено е да се потрошат 11 милиони евра
Одлуката за
утврдување на потребата и постапката за изведување реконструкција,
доградба и надградба, Собранието ја донесе на 30 ноември 2006 година
До
крајот на месецов ќе започне доградбата, надградбата, адаптацијата и
зајакнувањето на објектот на Собранието на Република Македонија, кое
треба да заврши најдоцна за две години до 2012. За оваа намена е
предвидено да бидат потрошени околу 700 милиони денари или 11 милиони
евра. Изведувач на работите е градежното претпријатие "Бетон" АД Скопје.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, напомена дека работите
на Парламентот не се дел од проектот "Скопје 2014", бидејќи тие
отпочнаа пред него. -Одлуката за утврдување на потребата и постапката
за изведување реконструкција, доградба и надградба, Собранието ја
донесе на 30 ноември 2006 година. Најголем проблем, ќе биде тоа што
додека се изведуваат градежните работи нормално ќе се одвива и
функционирањето на Парламентот. Поради тоа работите ќе се изведуваат по
фази и по вертикали, па така вработените од канцелариите што се наоѓаат
во предвидениот дел привремено ќе бидат иселени од нив - рече
Вељановски. Тој напомена дека со доградбата, надградбата,
адаптацијата и зајакнувањето на објектот на Парламентот се предвидува
изведување на нови 3.900 метри квадратни и адаптирање на 840 метри
квадратни. - Предвидената надградба ќе се изведе над петоаголниот
габарит со површина од 2.140 метри квадратни и над Кристалната сала од
256 метри квадратни. Во овие вкупно 2.397 метри квадратни се предвидени
88 работни простории и шест сали за комисии од кои две се покриени со
куполи со радиус од четири метри - истакна Вељановски.
Исто така непосредно до салата "Борис Трајковски" во внатрешниот
двор на објектот, предвидена е доградба од пет нивоа со вкупна површина
од 939 метри квадратни. Предвидени се 31 работна просторија и една
повеќенаменска сала од 575 метри квадратни надоврзана на последното
ниво на доградбата, физички поставена на самостојна носива челична
конструкција над Парламентарната сала и покриена со купола со висина од
9,80 метри и дијаметар од 34 метри. Со адаптацијата во сутеренскиот дел
се предвидува под салата "Борис Трајковски" изведување на простор за
активностите на Собранискиот канал со површина од 233 метри квадратни,
девет простории, како и адаптирање на дел од подрумскиот простор од
петоаголниот габарит во помошни простории со површина од 600 метри
квадратни. Проектот за зајакнување на петоаголниот габарит на објектот
на Собранието го изработи Институтот за земјотресно инженерство и
инженерска сеизмологија. http://www.vecer.com.mk/?ItemID=1B125FCBB7EE39419FB68DC14D7A674C
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#225 Posted: 02-Mar-2010 at 01:19 |
Ич немам претстава како изгледа собранието внатре. Мислам каков е распоредот, еве вака спомнуваат некоја сала, а воопшто незнам каде се наоѓа, каде се канцеларии и слично.
|
 |
ArchiTechTone
Senior Member
Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
|
Quote Reply
#226 Posted: 02-Mar-2010 at 01:36 |
Ги имам основите, ама не знам колку е легално да ги ставам на интернет
|
 |
leonid23
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
|
Quote Reply
#227 Posted: 02-Mar-2010 at 13:51 |
Originally posted by ArchiTechTone
Ги имам основите, ама не знам колку е легално да ги ставам на интернет
|
Па кога веќе ги имаш . . . постави ги
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#228 Posted: 16-Mar-2010 at 01:39 |
Во Собранието ќе работат и мајсторите и пратениците!

Градежните работи на собраниската зграда ќе се одвиваат во фази
Оливера Војновска
Неделава почнува
реконструкцијата на Собранието, на кое ќе се гради уште еден кат и три
куполи, една голема централна и две странични, од метална конструкција
со специјално стакло во кружни форми. Градежните зафати што опфаќаат
зајакнување на објектот, доградба, надградба и адаптација ќе ги
изведува градежната фирма „Бетон“. Реконструкцијата ќе чини околу 11
милиони евра, ќе опфати три буџетски години и се предвидува комплетно
да заврши во март 2012 година. Градежните работи на собраниската
зграда, која е во форма на петаголник, ќе се одвиваат во фази.
Парламентот нема да престане со работа, ќе има пленарни заседанија и
комисиски седници и, нормално, ќе се одвиваат сите други активности.
Сепак,
додека трае реновирањето, вработените во собраниските служби и
пратениците ќе се стеснат, бидејќи канцелариите на вертикалите на кои
ќе се изведуваат градежни работи ќе се испразнат. Поради градежната
механизација нема да функционира ниту паркингот, па пратениците
најверојатно ќе ги оставаат автомобилите на паркиралиштето кај хотелот
„Холидеј ин“.
Архитектот Билјана Иванова, која е одговорна за
проектот, вели дека зградата ќе се зајакнува и ќе се прави надградба
ламела по ламела, а паралелно ќе се изведува доградба во внатрешниот
дел на петаголникот и адаптација на сутеренот. Ќе се обновува и
фасадата на парламентот, но таа ќе го задржи истиот изглед. Старите
дрвени прозорци ќе бидат заменети со нови, исто така, дрвени, какви што
ќе има и на катот што ќе се догради. Тоа е во согласно со условите за
градба и со мислењето дадено од Управата за заштита на културното
наследство, каде што се сугерира да не се нарушува автентичниот лик на
Собранието. Сепак, ролетните нема да бидат дрвени. Тие ќе бидат
кафеави, како и прозорците, но од алуминиум. Иванова вели дека веќе не
можело да се најдат дрвени ролетни, а алуминиумските биле
пофункционални и полесни за одржување.
Во собраниската
монографија е запишано дека зградата на парламентот се смета за една од
најмонументалните градби во Македонија, за која во 1930 година бил
распишан и конкурс за проектирање (на кој победил архитект Виктор
Лукомски). Таа е изградена во 1938 година според проектот на чешкиот
архитект Виктор Ј. Худак. Објектот е конципиран во модерен
архитектонски јазик за тоа време во форма на надворешен петаголник.
Зградата е во употреба од 1939 година како Управна палата на тогашната
бановина.
Надградбата на парламентот и куполите неодамна беа
прикажани како дел од визуелната анимација на проектот „Скопје 2014“.
Куполите на Собранието, инаку, владејачката ВМРО-ДПМНЕ го турка уште
пред четири години, набрзо по промената на власта во 2006 година.
Идејата, која наиде на жестоки критики кај дел од експертската јавност,
беше протуркана во Собранието како решение за просторните проблеми на
пратениците.
Реконструкцијата, предвидува изградба на нови 3.900
квадратни метри и адаптирање на 840 квадратни метри. Надградбата ќе се
изведе над петоаголниот габарит со површина од 2.140 квадратни метри и
над Кристалната сала од 256 квадратни метри. На овој простор се
предвидени 88 работни простории и шест сали за комисии, од кои две се
покриени со куполи со радиус од четири метри.
Непосредно до
салата „Борис Трајковски“ во внатрешниот двор на објектот е предвидена
доградба од пет нивоа со вкупна површина од 939 квадратни метри.
Предвидени се 31 работна просторија и една повеќенаменска сала од 575
квадратни метри надоврзана на последното ниво на доградбата. Таа е
физички поставена на самостојна носива челична конструкција над
пленарната сала и покриена со купола со висина од 9,80 метри и
дијаметар од 34 метри.
Во сутеренскиот дел под салата „Борис
Трајковски“ се предвидува да се адаптира простор за активностите на
Собранискиот канал со површина од 233 квадратни метри. Дел од
подрумскиот простор од петоаголниот габарит ќе се пренамени во помошни
простории со површина од 600 квадратни метри.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=7A8803D82B872C4C9F76E196E269BA89 |
|
 |
Cibi
Senior Member
Joined: 06-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 167
|
Quote Reply
#229 Posted: 24-Mar-2010 at 23:26 |
Zapocna li izgradbata na kupolite na Sobranieto na RM ?
|
 |
IronMan
Newbie
Joined: 15-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#230 Posted: 25-Mar-2010 at 10:43 |
|
 |
Macedonian
Groupie
Joined: 25-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 78
|
Quote Reply
#231 Posted: 25-Mar-2010 at 12:24 |
Живеам до собранието и уште ништо не е почнато,само ставени се лимени тараби и заградено е само задниот дел.Каде и да е треба сега да почнат со изградбата.
|
 |
Macedonian
Groupie
Joined: 25-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 78
|
Quote Reply
#232 Posted: 13-Apr-2010 at 12:01 |
Денеска приметив дека почнале со реставрацијата на фасадата.Но многу споро идат работите...
|
 |
IN_MOTION
Senior Member
Joined: 11-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 204
|
Quote Reply
#233 Posted: 28-May-2010 at 01:14 |
Аман само нека ги сменат грдине прозори и ролетни што побрзо.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#234 Posted: 08-Jul-2010 at 19:51 |
Секој пратеник со свој клозет |
|
|
Македонските
пратеници, за разлика од своите европски колеги, нема да имаат
туш-кабини. Сегашниот пратенички состав клозетите ќе може да ги користи
само на
крајот од редовниот мандат во
2012 година, за кога е планирано да заврши реконструкцијата на
собраниската зграда |
|
|
|
 |
|
Секој народен избраник со тековната реконструкција на
собраниската зграда ќе добие личен асистент, работен простор од десетина
квадрати и свој клозет. Посебните тоалети за пратениците и голем број
санитарни јазли се потреба со години, со оглед дека парламентарната
зграда кубури со клозети. Сегашната состојба е - на еден кат со ходници
во должина од 50 метри има по два тоалети и нив, освен пратениците, ги
користат и собраниските служби, поради што чести се поплаките за
хигиената во овие простории.
Единствен „приватен“ тоалет што
можат да го користат само народните избраници е оној пред главната
собраниска сала.
- Со реконструкцијата ќе се изградат 119
канцеларии за пратеници. Тие ќе бидат помали простории од сегашните и ќе
бидат опремени со мали тоалети. Сегашната состојба е незадоволителна.
Имаме по два тоалети на еден кат - потврдува Жарко Денковски,
генералниот секретар на Собранието.
Искуството било преземено од
Европскиот парламент во Брисел, но и од другите национални парламенти,
каде што во секоја пратеничка канцеларија има и тоалет со
мини-тушкабина. Она во што ќе заостанат македонските пратеници зад
своите европски колеги е што нема да имаат и свои туш-кабини.
Просторот
за тоалетите ќе се обезбеди од сегашните канцеларии за пратениците,
кои зафаќаат и по 30 квадрати по канцеларија (која ја користат неколку
пратеници истовремено), како и од новата квадратура од доградбата на
собраниската зграда.
Но сегашниот пратенички состав своите
клозети ќе може да ги исползува само на крајот од редовниот мандат во
2012 година, за кога е планирано да заврши реконструкцијата.
Моментално
се изведуваат градежни зафати во еден од седумте дела на собраниската
зграда. Се работи на просториите во кои ќе биде сместен т.н.
парламентарен институт, кој според градежниот план треба да опфаќа
простор на сутеренот до 300 квадрати.
- Динамиката е малку
побавна од планираното, но излегоа тековни проблеми за кои не бевме
свесни во почетокот на реконструкцијата. Излезе дека зградата нема
столбови и не е според стандардите на Институтот за земјотресно
инженерство. Сега столбовите ги вметнуваме во ѕидовите, но тоа мора
внимателно да се направи за да не се уништат мермерните ѕидови и
подови. Освен тоа, во гаражниот дел наидовме на инсталација на кабли,
што одзеде две недели од градежните зафати, а имавме проблем и во салата
“Борис Трајковски&рдљуо;. Но застој и одложување нема - вели
собранискиот генерален секретар.
За целосна реконструкција на
собраниската зграда се предвидени околу 11 милиони евра, кои треба да
се потрошат во рок од две години додека трае изведбата. Со ребалансот
на буџетот Владата ги скрати парите за други градежните работи, но
обновата на Собранието не е дел од владината мерка за штедење, бидејќи
зградата е дотраена. Со доградбата, надградбата, адаптацијата и
зајакнувањето на објектот се предвидува изведување на нови 3.900
квадратни метри и адаптирање на 840 квадратни метри. Предвидената
надградба ќе се изведе над петоаголниот габарит со површина од 2.140
квадратни метри и над Кристалната сала од 256 квадратни метри, каде што
ќе бидат сместени две мали куполи. Големата купола ќе биде поставена
над парламентарната сала и во неа ќе биде сместена конференциска сала
за повеќе намени. |
|
|
|
|
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7810953584&id=9&setIzdanie=22028
Edited by Cloverstack - 08-Jul-2010 at 19:53
|
 |
Macedonian
Groupie
Joined: 25-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 78
|
Quote Reply
#235 Posted: 09-Aug-2010 at 22:21 |
 Сеуште споро иде но денес поминав и видов дека турбо се работи но само на едната страна од собранието...Изгледаат како што рекоа ставаат столбови внатре во собранието бидејќи откриле дека немало до сега...
|
МАКЕДОНЕЦ си кога кавал ќе ти ја распара душата кога зурла ќе ти го раскине срцето.
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#236 Posted: 27-Sep-2010 at 18:08 |
Sto se sluci so sobranieto i podzemniot parking?Poslednite dena/nedeli slabo so fotografii!!
|
 |
Macedonian
Groupie
Joined: 25-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 78
|
Quote Reply
#237 Posted: 27-Sep-2010 at 21:32 |
Originally posted by my Macedonia
Sto se sluci so sobranieto i podzemniot parking?Poslednite dena/nedeli slabo so fotografii!!
|
Деновиве се интевизираше работата на собранието од оваа страна.Има сеа повеќе работници и од оваа страна во собранието ставени се тие столбови кои им беа потребни,фасадата е како да кажам цела срушена...се гледаат цигли и работниците работат на кровот,го спремаат за новиот спрат што треба да се гради изгледа...
|
МАКЕДОНЕЦ си кога кавал ќе ти ја распара душата кога зурла ќе ти го раскине срцето.
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#238 Posted: 29-Oct-2010 at 14:57 |
I od individi kamera se gleda deka se raboti!  Oddeneska vo 12 casot
|
 |
leonid23
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
|
Quote Reply
#239 Posted: 25-Nov-2010 at 19:53 |
Има ли некој информаци до кај е работата со собранието ?
некое фото ?
|
 |
Macedonian
Groupie
Joined: 25-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 78
|
Quote Reply
#240 Posted: 26-Nov-2010 at 00:58 |
Утре ќе сликам.Инаку работата со едната страна на собранието е готова скоро уште фасада од надвор треба,внатре средиа се што требаше.Моментално сите работници се насочени на градење на новиот кат од таа страна.Интензивно се работи секој ден на градење на новиот кат...
|
МАКЕДОНЕЦ си кога кавал ќе ти ја распара душата кога зурла ќе ти го раскине срцето.
|
 |