Author |
Topic Search Topic Options
|
Мартин
Senior Member
Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
|
Quote Reply
#21 Posted: 26-Feb-2010 at 12:01 |
Прекрасна вест! Но, навистина не ми е јасно зошто толку долг период ќе треба да чекаме за да почне да функционира... Ми се допаѓа тоа што средствата се од ЕУ, Македонија може да искористи големи количини од нивните средства, и за железничкиот и за патниот сообраќај кога е во прашање Коридорот 10 како еден од најбитните низ цела Европа. Сепак поздрав за потегот!
|
|
Danielbtmk
Senior Member
Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
|
Quote Reply
#22 Posted: 26-Feb-2010 at 14:02 |
Нема многу скапо да чини ова. Не треба истражувања и испитувања, туку само реконструкција на постоечката пруга од околу 20км.
|
|
zookisk
Senior Member
Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 334
|
Quote Reply
#23 Posted: 26-Feb-2010 at 23:23 |
Е тогаш ќе треба да се врати деловниот меѓународен воз ,,Пелагонија'' 410/411 кој сообраќаше на релација Љубљана-Битола-Љубљана...
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#24 Posted: 28-Feb-2010 at 13:33 |
Нова шанса за возот од Битола за Лерин
Целосно
заборавена и слеп колосек повеќе од 20 години е железничката пруга
Битола-Лерин. Овде последен пат воз поминал во 1986 година, а денес таа
е обрасната во трева каде се напасува стоката од околните села. Неколку
години од централната и локалната власт доаѓаат оптимистички најави за
реконструкција на пругата. На средбата која вчера се одржа во Битола
претставници на Еврорегионот и Министерството за транспорт и врски,
уште еднаш најавија дека обезбедени се 11 милиони денари од
ИПА-фондовите на ЕУ за целосна реконструкција на железничката линија од
Битола до грчката граница. Работите треба да започнат во 2013 година, а
пругата ќе биде пуштена во употреба во 2014 година.
-
Придобивките од овој проект се неколкукратни. Железничкиот превоз е
многу поевтин, со тоа ќе се зголеми протокот на луѓе и стока, а
пелагонискиот регион ќе има излез на солунското пристаниште. Сите тие
предности укажуваат дека ние треба да се насочиме кон развој на
железницата, која е основа за развој на економијата - вели Дарко
Смилевски, раководител на секторот за ЕУ во Министерство за транспорт и
врски.
Градоначалниците на Битола, Прилеп и Лерин се согласни
дека проектот е од исклучително значење за локалните заедници, а во
рамките на прекуграничната соработка ова е еден од првите утврдени
приоритети.
- Железничката линија од Лерин до границата на
Грција е готова, што значи за да ја подобриме комуникацијата треба
единствено да се ревитализира железничката линија од Битола до вашата
граница. Потоа се надеваме на одлични резултат. Вие знаете дека Грција
секогаш е заинтересирана да ви помогне на патот кон ЕУ и кон подобро
утре, а врз тоа одлучувачко влијание имаат локалните заедници кои
бараат и подобра меѓусебна комуникација - изјави градоначалникот на
Лерин Стефанос Папанастасиу.
Проектната документација за 20
километри долгата делница треба да започне да се изготвува ова лето, за
што се обезбедени два милиони евра.
- Поддршката за овој
проект доаѓа од сите општини кај нас и во соседна Грција, а целта е да
се направи поголема комуникација, да се зближат луѓето, да се развие
целиот регион. Тоа е од интерес на стопанствениците и граѓаните. Не
можеме да ја планираме индустриската зона „Жабени“ без да се поврземе
со солунското пристаниште, но со ова се поврзува целиот регион - вели
битолскиот градоначалник Владимир Талески.
Со проектот е
предвидено осовременување и реконструкција на железничките станици во
Битола и Прилеп, а паралелно со активностите за реконструкција на
пругата, ќе биде потпишан и договор за слободен проток на луѓе и стока.
На средбата, градоначалниците од Еврорегионот разговараа и за можноста
автопатот Велес-Прилеп-Битола да се поврзе со Солун и Атина.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=22710948367&id=10&prilog=0&setIzdanie=21921 |
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#25 Posted: 28-Feb-2010 at 13:42 |
Повторно со воз од Битола кон Солун
Со пари од
европските фондови ќе се реконструира железничката пруга од Битола до
границата со Грција, која повеќе од две децении е запуштена и руинирана
По дваесет и петгодишна запуштеност и нефункционалност ќе се
реконструира и повторно ќе биде отворена за сообраќај железничката
пруга од Битола кон Грција. За овој инфраструктурен проект обезбедени
се над 10 милиони евра преку претпристапните европски фондови со цел да
се развие паневропскиот коридор. Летово ќе се распише тендер за
изработка на техничка документација, а реконструкцијата се очекува да
заврши до 2014 година, кога по долг период повторно ќе тргне воз од
Битола кон Грција.
- Се работи интензивно на проектот за
рехабилитација на железничката делница од Битола до Кременица. Тоа е
делница напуштена во 1986 година, пред распадот на поранешна
Југославија и оттогаш не е во функција. Парите се обезбедени од
ИПА-фондовите, дел за проектна документација, а останатите за
реконструкција на пругата - изјави Дарко Спировски, раководител на
Секторот за ЕУ при Министерството за транспорт и врски.
Ставањето
на оваа железничка пруга во функција ќе значи голем развој за
Пелагонискиот регион, пред се' за стопанството, имајќи предвид дека во
Европа, па и во овој дел на Балканот најевтин превоз за стока и патници
е железничкиот транспорт.
- Со железничкиот превоз ќе има
можност за поголем проток на патници. Тој е „попријателски настроен“
кон животната средина и со него може многу повеќе луѓе да патуваат.
Подобар е од патничкиот превоз зашто не се уништуваат патиштата, многу
е поевтин и побрз за транспорт на стока и на патници. Многу фирми ќе
може да го користат зашто Пелагонискиот регион директно ќе има излез на
солунското пристаниште - додава Спировски.
Обновата на
железничката пруга од Битола до грчката граница беше еден од
приоритетните проекти на еврорегионот, кој ги опфаќа пограничните
општини на Битола, Грција и на Албанија.
- Вклучувајќи ги
пограничните општини од регионот на Македонија, Грција и Албанија има
околу 500.000 жители. Во јуни ќе биде распишан тендер за подготовка на
цела документација. Во 2013 година ќе почне да се реконструира, а во
2014 ќе биде завршена. Железничката пруга ќе поднесе брзина до 100
километри на час - изјави Владимир Талески, градоначалник на Битола.
И
покрај комплицираните односи меѓу Грација и Македонија, јужниот сосед
веќе ја ревитализира пругата од Лерин до границата со Македонија.
-
Железничката линија од наша страна е готова, што значи за да ја
подобриме комуникацијата, треба да се ревитализира единствено делот од
Битола до границата. Грција секогаш е заинтересирана да ви помогне на
патот кон ЕУ, а врз тоа одлучувачко влијание имаат локалните заедници,
кои меѓу другото бараат и подобра комуникација меѓу себе - изјави
Стефанос Папанастасиу, градоначалник на Лерин.
Во рамки на
проектот се предвидува и осовременување на железничките станици во
Прилеп и во Битола. Покрај реконструкцијата на пругата, се размислува и
за продолжување на автопатот Скопје - Велес кон Прилеп и кон Битола и
негово поврзување на југ со грчкиот автопат Солун - Атина.
Сега руинираната железничка делница некогаш беше составен дел од пругата Велес - Битола - Лерин, изградена во 1894 година. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=BD2143F8C44A614A85494D438A88A000 |
|
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#26 Posted: 03-Mar-2010 at 00:36 |
Во фамозната 2014-година ќе затруби воз и за Лерин?
За обновување на пругата ќе се потрошат 10 милиони евра од претпристапните европски фондови
БИТОЛА
- Во фамозната 2014 која е година на големи проекти ќе затруби и воз на
пругата Битола - Лерин. Ова го најавува Министерството за транспорт и
врски откако државата дозволи две и пол децении целосно да се запушти
пругата која ги поврзуваше Битола со градот Лерин во Грција. Јавното
претпријатие „Македонски железници“ е немоќно да инвестира во ремонт на
делницата, но за овој зафат ќе се искористат претпристапните европски
фондови. Проценето е дека за ревитализација на пругата ќе се потрошат
10 милиони евра. Истовремено ќе се реновираат и железничките станици во
Битола и во Прилеп.
„Пругата не функционира од 1986 година.
Средства се обезбедени од ИПА-фондовите и се работи на идеен проект за
ревитализација на делницата Битола - Кременица. Два милиона евра ќе се
потрошат за проектот, а остатокот за железничката пруга“, ова го најави
Дарко Спировски од Министерството за транспорт и врски, раководител на
секторот за ЕУ кој беше на средба во Битола каде што покрај
претставници на локалните власти на Битола и на Прилеп присуствуваше и
градоначалникот на општината Лерин.
Јужните соседи сметаат
дека ревитализацијата на македонскиот дел од пругата ќе биде придобивка
за целиот еврорегион, вклучувајќи ја и Албанија. „Ова е најкрупниот
залак за Лерин и за Битола по трите проекти во рамките на
прекуграничната соработка“, оцени леринскиот градоначалник Стефанос
Папанастасиу.
Доколку пругата повторно се стави во функција,
Пелагонискиот регион ќе има директен пристап до солунското пристаниште.
Транспортот на стоки и патници за Грција ќе биде значително поевтин.
„Во
јуни годинава ќе се распише тендер и ќе се подготви документација.
Пругата која ќе биде изградена за една година, од 2013 до 2014 ќе биде
така конструирана за да може возот да се движи со брзина од 100 км на
час“, изјави градоначалникот на Битола, Владимир Талески. Според него,
годинава треба да се потпише договор помеѓу земјите-членки на ЕУ и оние
што се надвор од зоната за слободно движење на патници со воз преку
границите. Тоа значи дека административните работи ќе се извршуваат
само на еден пункт и тоа само во Битола.
Луѓе од железницата
велат дека долниот дел од пругата е цврст, што не подразбира големи
интервенции. Потребна е само постелка од кршен камен и замена на
старите прагови и шини со нови. За враќање на стабилноста на пругата
треба да се реконструираат и двата железни моста.
Пругата Битола
- Лерин е дел од историјата на Битола. Делницата Велес-Битола – Лерин,
па се' до Солун е изградена во 1894 година. Многу патеписци-картографи,
па и своевремено важни личности, како што е Јосип Броз Тито, патувале
по оваа пруга.
Со години трасираната пруга по која минувале
возови минатиот век речиси и не личи на железница, бидејќи е обрасната
со трња и треви, а наместа затскриена од грмушки. Живко Атанасовски,
машиновозач во пензија, со носталгија се потсетува дека за Лерин имало
возови два пати на ден, а тие тежеле од патници и стока. „Во Кременица,
на последната станица на македонска територија, по четириесетина
магариња, маски и коњи доаѓаа за да ги пречекаат патниците од околните
села и нивната стока. На оваа пруга се возеа полесни и помали
локомотиви зашто пругата не можеше да ги издржи стандардните 160 тонски
влечни машини. Два пати на ден се товараше и дневното производство од
некогашната фабрика за фрижидери ‘Фринко‘. Сега се' е обраснато, а по
пругата можат да се движат само магариња“, вели седумдесет и
осумгодишниот Атанасовски, кој 28 година беше машиновозач од Кременица
до Белград.
Меѓутоа, не само што ќе се реконструира пругата
Битола - Лерин туку веќе се прават планови за проширување и на
автопатот од Скопје до граничниот премин Меџитлија. „Преговараме за
трета лента на автопатот Скопје – Прилеп - Битола за да се надоврземе
на автопатот Лерин - Солун кон Атина. Така ќе се скрати и времето за
патување низ Македонија“, нагласува Марјан Ристески, градоначалник на
Прилеп. (А.Б.) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=497621A1F9ACD34995D0FAE1CCA04269
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
|
Quote Reply
#27 Posted: 03-Mar-2010 at 00:42 |
А како сте аплицирале за ИПАРД ако немате проект бе дечки? Не сте џабе со Митотакис таму под рака ЕУ е имбецил и даде 11 милиони без да го види проектот и да процени сама колку чини Што значи мислам (и знам) дека има проект готов, ама има друга причина што тек тогаш ќе се почне со изградба.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#28 Posted: 03-Mar-2010 at 15:33 |
Денешно соопштение...
Се предвидуваат активности за воспоставување на железничка линија од Битола до Лерин -
3.3.2010
Почитувани,
Ве информираме дека во текот на 2010 година, Министерството за транспорт и врски, предвидува
реализирање на повеќе проекти од областа на железниците, кои ќе бидат
директно насочени кон подобрување на состојбата во овој сегмент, а со
што ќе се обезбеди подобра и поефикасна услуга за учесниците во
железничкиот сообраќај во Република Македонија.
Покрај
проектите за изградба на железничката траса на Коридор 8 и
реконструкцијата и модернизацијата на Коридорот 10, активно се работи
на проектот за воспоставување на железничка линија на Коридор 10, и тоа
на потегот од Битола до Лерин, Република Грција, за што минатата
седмица во Битола се состанаа градоначалниците на општините Битола,
Прилеп и Лерин.
За
реализација на овој проект од страна на ЈП „Македонски Железници“ е
изработен идеен проект, а следен чекор е избор на консултант кој ќе ги
изработи потребните студии и основен и изведбен проект. Се очекува во
текот на јуни 2010 година да биде распишан јавен повик за подготовка
на потребната документацијата, а во текот на 2014 година, да се заврши
железничкото поврзување на делницата Битола – Кременица – Лерин.
За
реализација на овој проект, со цел заокружување на финансиската
конструкција и побрзо и поефикасно одвивање на активностите, поднесена
е апликација до претпристапните фондови на Европската Унија (ИПА).
Меѓународната
железничка линија Битола - Лерин која е во должина од околу 20
километри, функционираше како редовна се до 1986-та година. Со
реализација на овој проект, истата ќе биде рехабилитирана и ставена во
употреба.
Со почит,
Министерство за транспорт и врски | Напомена: Линкот горе ќе биде активен 8 часа од објавување на веста.
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#29 Posted: 08-Jun-2010 at 08:00 |
|
|
Danielbtmk
Senior Member
Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
|
Quote Reply
#30 Posted: 06-Aug-2010 at 23:13 |
Мислам дека полека почнува припремата за реконструкција. Во Битола веќе има донесено 2 пружни возила за интервенција на пруги...
Edited by Danielbtmk - 20-Aug-2010 at 18:54
|
|
BOJAN
Senior Member
Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
|
Quote Reply
#31 Posted: 07-Aug-2010 at 10:26 |
Грешка бе другар, грешка ! Во Кичево и Гостивар со месеци стојат локомотиви за ремонт на пруги, па сеуште возовите возат 30 км/ч кај село Лакавица. Искрено, не верувам дека ќе почнат со санација на пругата оваа година, за понатаму ќе видиме. Можеби се прави некаква санација на делницата до Битола, бидејќи има делови од Велес до Битола што одамна треба да се санираат.
|
|
Danielbtmk
Senior Member
Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
|
Quote Reply
#32 Posted: 07-Aug-2010 at 14:51 |
Уппсс.... во право си. Само што чудно ми беше оти долго време немало такви пружни возила во битола па....
Edited by Danielbtmk - 20-Aug-2010 at 18:53
|
|
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#33 Posted: 07-Aug-2010 at 18:04 |
Иначе тоа се пружни возила, за поправки на трасата, не локомотиви
Е кога би имале локомотиви ко порано со домни станици како Битола, Велес, Гевгелија ... би било убаво, но за жал немаме ни за редовен сообраќај а камоли за резерва или испомош на повеќе пунктови.
|
|
|
Danielbtmk
Senior Member
Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
|
Quote Reply
#34 Posted: 20-Aug-2010 at 18:58 |
Пругата на 1км пред грција
Edited by Danielbtmk - 20-Aug-2010 at 19:00
|
|
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#35 Posted: 20-Aug-2010 at 20:32 |
Добро е што ги има овие премини, иначе за некоја година никој не ќе знае дека има-ло пруга
|
|
|
Danielbtmk
Senior Member
Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
|
Quote Reply
#36 Posted: 20-Aug-2010 at 21:57 |
Да се надеваме дека за некоја година ќе "светни", како што се најавува...
|
|
Danielbtmk
Senior Member
Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
|
Quote Reply
#37 Posted: 10-Sep-2010 at 11:38 |
|
|
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#38 Posted: 10-Sep-2010 at 17:23 |
Несе така стари праговите, само од 1957 година.
|
|
|
truckerinsoul
Newbiе
Joined: 17-Sep-2010
Location: 0
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#39 Posted: 17-Sep-2010 at 07:13 |
Пруга Битола-Лерин? Лажги со опашки. Само не знам кои возови ке одат на таја релација, а btw, од бт сум.
|
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
|
Quote Reply
#40 Posted: 17-Sep-2010 at 12:27 |
Нема потреба од вакви паушални изјави. Возовите кои ќе одат на таа релација ќе бидат тие на МЖ и ОСЕ.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|