build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 84>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
micko_v View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Jun-2009
Location: Firenze, Italia
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote micko_v Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 25-Mar-2010 at 15:06
Последната комплена студија за Коридирот 8
http://www.infrastrutture.gov.it/sites/varifiles/corridoioVIII/Corridoio_8_Strade_completo.pdf
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 26-Mar-2010 at 04:54

Се поправа патот кон Тиквешко Езеро

Општина Кавадарци почна да го уредува патот кон Тиквешко Езеро. Се асфалтира преслапот каде што со години се собираше атмосферската вода и го правеше тешкопрооден овој патен правец. Парите се обезбедени од буџетот на локалната самоуправа.

Дел од патот ќе биде асфалтиран, а на дел ќе бидат закрпени ударните дупки. Се очекува со милион евра пари од државата наскоро трајно да се санира овој пат по целата негова должина. Станува збор за многу фреквентна дестинација бидејќи води до четири села, до лозјата на Тиквешани и до Тиквешко Езеро.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=203CE9C9EAF0CB4380974D777E8A7AD0
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 26-Mar-2010 at 04:55

Свлечиште загрозува манастир во Охридско

Одронот што падна завчера во непосредна близина на манастирот „Св. Петка“ во охридското село Оровник го оштети патот кој води до него и претставува потенцијална опасност за црквата и за конаците. Жителите на Оровник стравуваат од нови одрони, бидејќи на повеќе места во близина на свлечишето се појавиле пукнатини во земјата. Тие упатија апел за помош до сите надлежни институции, за побрзо да се санира свлечиштето што му се заканува на манастирот „Св. Петка“. Манастирот „Св. Петка“ е одалечен околу 1,5 километар од селото Оровник, кое според територијалната поделба е под ингеренции на Општина Дебарца. Жителите со сопствени пари и донации го уредувале овој манастир.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=0320191E50F66B40BB03B52A834D15E2
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 02-Apr-2010 at 23:45

Патиштата ни се како крпени гаќи

Ако снегот ги покрива, тогаш неговото топење ги открива трагите, особено по се' што се случуваше во изминатите два месеца по македонските патишта. Возењето во Македонија, особено во вечерните часови, многумина го споредуваа со вистински хорор. Дотолку повеќе што честите и многубројни одрони предизвикаа дополнителен страв кај возачите. „Дневник“ извозе повеќе од 500 километри на главните сообраќајни делници во земјава за да ја види сликата по завршувањето на зимската сезона.

Генералниот впечаток е дека „Македонијапат“ ќе има полни раце работа. Не само поради последиците што ги остави солта, туку и поради општата состојба на коловозите во земјава, почнувајќи од автопатите, па се' до регионалните и локалните. Доволно е само да се тргне по некогашниот автопат Братство-единство, денес Александар Велики, а потоа да се скршне во кој било правец, кон исток или кон запад, и да се добие сликата не само за сообраќајниците, туку, слободно може да се каже, и за целото општество и држава. Притоа, се разбира, не треба да се гледаат или слушаат вести, ниту да се читаат весници, доволно е само да се гледа! А, тоа што може да се види, со секогаш присутната доза на субјективност, се движи од катастрофално и очајно до посолидно и попристојно, но далеку од идеално.


Тажни одморалишта

Веќе самиот влез и почетните километри во Македонија од кај Табановце, оставаат, најблаго речено, лош впечаток. Независно од тоа што веќе се работи, до клучката кај Куманово реконструкција бара целиот асфалт. Тој е полн со дупки, избразден од тешките товарни возила, а во делот кај рафинеријата во Миладиновци, тие со „бесни“ коли и тешко дека ќе го наречат автопат по кој може да се вози со над 120 километри на час. Особено поради вдлабнатините на коловозот, кои се повторуваат и во делот околу Велес. Нема ни знак за предупредување. А, кога станува збор за автопатот, во лоша состојба е и асфалтот во делот од Велес кон Скопје.

Ако автопатот кон Демир Капија треба да претставува гордост, тогаш за неа неизбежно се врзуваат редица слабости, кои се недозволиви за ваков статус. Чести оштетувања на оградата, неуреден и обраснат дел од коловозот до заштитната мрежа, расфрлани кеси и пластични шишиња на секој чекор, слаба сигнализација, одрони на коловозот, крпеници со различен асфалт, што остава грда слика на автопат како „крпени шифонски гаќи“... А, катлановскиот тунел, пак, без семафор и без струја! Возачите знаат каква опасност претставува кога од сончева светлина се влегува во темница, без оглед на (не)приспособената брзина.

За патиштата во земјава се издвојуваат пари по најмалку три основи - од продажбата на горива, регистрацијата на возилата и од патарините. Но, тие пари тешко или воопшто не се гледаат. Наспроти тоа, нема фирма, особено од оние што поради природата на работата, секојдневно ги испраќаат своите возила на пат, што нема да се пожали на трошоците што ги имаат за нивно одржување. Почнувајќи од искинатите гуми до оштетените јаболкца или полуосовини.

Паркингот во близина манастирот „Св. Јован“ на полпат од Скопје кон Велес е неизбежно место за одмор, затоа што е единственото каде што може човек да се напие вода.

- Како луѓе немаме основна култура, а странците застануваат и се чудат. Со прсти покажуваат на ѓубрето и фрлените контејнери долу под патот - вели вработен во продавничето на паркингот.

На починка и освежување со ладната вода од чешмата застанува и камион на велешката фирма „Марија трејд“. Возачот Горан Делчев со оценка дека состојбата на автопатот и „некако се јаде“, ама како професионалец со забелешка:

- Најлоша делница е патот од Велес до Кадрифаково кај Свети Николе, а потоа и до Штип. Тука има најмногу сообраќајки. Патот е тесен и со дупки и кога и да возам по него имам непријатно чувство.
Тегови за рибарите и лозарите

На автопатот работници на „Македонијапат“, со лопати и количка го чистат рабникот на автопатот од одрони. Ја прават секојдневната тура од мостот кај железничката станица „Рајко Жинзифов“, па назад кон Скопје. Ситни, крупни камења, па и цели карпи се одронале на коловозот. Има заштитна мрежа, и стара и новопоставена, но попушта пред силата на природата. На цели делови од патот ги нема бетонските тегови, кои имаат функција да ја држат затегната.

- Секој ден сме тука, ама нема спас. Кога има снегови и дождови, само Господ нека е напомош. Гледате и сами, ги крадат теговите, зашто на врвот имаат железни куки, па мрежата не држи. Ги земаат рибари или лозари, ним им вршат работа. Рибарите ги користат за да ги фиксираат чамците, а лозарите за да ги затегнат жиците - вели едниот од нив.

Име не сакаат да споменат, но не ја пропуштаат можноста разговорот да го искористат и за да се пожалат. Со платите доцнат два месеца, во фирмата им велат дека таа имала пари, ама државата не давала да ги добијат! Го продолжуваме патот и по само некој километар подолу повторно одрон на рабникот. Овој е поголем и тешко дека ќе помогнат лопати и количка. Треба машина, технологијата е отидена напред. Патем, застануваме на паркингот за починка пред последната наплатна рампа пред Велес. Ужасно грда слика. Кој ли странец ќе застане да се одмори тука!? Расфрлани пластични шишиња, кеси, хартии, градежен шут... А контејнерите се празни! Македонска работа.

Следната постојка е мотелот „Македонија“. Се' уште е затворен и празен, веројатно заталкан во транзициските лавиринти и оставен на забот на времето. До него е новиот царински терминал. Тој функционира беспрекорно, камиони со српски, бугарски, турски таблички. Возачите на купче, чекаат да ги завршат царинските формалности. Киро Иванов од Софија со иста оценка како и неговиот македонски колега. „Автобанот“, па и дел од магистралните патишта се релативно добри. За него најлоша е делницата од Штип до Делчево. Тесна е за товарни возила и полна со дупки. Професионалците тешко грешат во оценката. Највалкано, пак, вели е од Куманово накај Свети Николе. Таму со километри има ѓубре. Проверката на овој податок се покажа добра. Од времето кога тој последен пат минал таму до завчера, сметот е собран во црни најлони и кеси и чекаат на транспорт до најблиската депонија.

- Добри се и условите за одржување на хигиената. Има нови бензински и таму навистина има се'. Човек може и да се измие и да се одмори. Доволно е за низ Македонија, па и нема подолг пат од 200 километри - вели Иванов.

Неговиот колега Кирил Божинов од Сандански се жали на патоказите.

- Лоши се патоказите, особено на магистралните патишта. Човек кога првпат ќе дојде тешко ќе се снајде - додава тој.

Знаци со пораки

Во право е. Патоказите и сообраќајните знаци се посебна приказна. Човек не знае дали може повеќе да се постават или да се уништат. Некаде ги има, некаде ги нема, празни конструкции или обични метални држачи, мали и непрепознатливи, оштетени, без цели делови, исчкртани со спрејови со лични или партиски пораки... Може да се бараат различни причини зошто е така, ама далеку се од основната функција. Се разбира, не секаде, не и како правило, но и нивната состојба е огледало на нашата (не)култура.

Росоман важи за земјоделски и особено овоштарски крај. Но, со децении ништо не е направено за земјоделската механизација да има свој, посебен коловоз. Затоа и учесниците во сообраќајот на магистралниот пат за Плетвар возат со „сите четири отворени“. Побавно, ама сигурно, зашто човек не знае зад кој свиок може да „го чека“ трактор. И асфалтот веќе дава знаци на попуштање. Се отвораат помали дупки, на места напукнува и се собира, па кај човек се создава чувство како да вози по шини, а не по асфалт. Ова апсолутно не важи за делот накај Плетвар. Дополнителната лента и новиот асфалт даваат сигурност. Многу побргу се стигнува до Прилеп, од каде што патот решивме да го продолжиме за Македонски Брод. Немаше или не успеавме да го видиме патоказот, па љубезните прилепчани не' упатија во вистинска насока.

И тука самиот пат кажува дека се работи за земјоделски крај. Се познава, така е до неколку километри пред Барбарас. Асфалтот од Сарандиново до Ропотово е како географска карта, дупка до дупка, крпеница до крпеница. Прашање на време е кога „ќе заплаче“ за нов слој, ако веќе и не му е. До Дебреште, пак, и така и така. Таму депонијата паѓа в очи. Кон Барбарас и под него се работи. Се поставува нов рабник. Но, очигледно имало и тука одрони, цели купишта се префрлени надвор од коловозот. А, помали и неисчистени се веројатно секојдневни сведоци на се' уште влажната земја. Од Брод кон Кичево брзо минува патот. Се гледаат последиците од излевањето на Треска. На клучката кај Кичево кој како ќе се снајде. Нема знаци за предимство и се останува на возачкото искуство. Следната одредница беше Струга, па кон граничниот премин Ќафасан, враќање назад и преку Луково и Дебар до Маврово. И не случајно, зашто токму тука зимата и одроните „ги покажаа забите“. Забележливо, за разлика од пред еден месец, дел од дупките се пополнети, дел оставени за подобри времиња. Но, и со некој вид „комбинација“ - таму каде што нема асфалт има обична земја, што се разнесува со минување на секое возило. Или, не дај боже дожд. Веднаш се отвораат „нови кратери“. Иста слика и од Џепиште и Отишани кон Дебар. Во овој дел и одроните се се' уште присутни на рабниците од коловозот. Не помагаат ни каскадните заштитни ѕидови на одредени места. Уште да има кој секојдневно да ги собира, зашто вака остануваат неми сведоци на нашата (не)грижа.

Од Дебар кон Маврови Анови остануваат неколку слаби точки на кои се неизбежни сериозни интервенции. Кај Скудриње и Ростуша пробивањето на новиот пат ги има „разработено“ брдата над него и само лошите процени се причина за ненавремено поставување заштитни ѕидови и мрежа. Одроните зимава ги вратија во употреба старите делови од патот. Двата големи одрона по или пред Бигорски, како сакате, сега се минато. Надлежните најавија чекори и мерки за целосна санација на состојбата. Но, тука бевме сведоци на еден „куриозитет“. Екипа на „Македонијапат“, ни кажува „пумпашот“ од „Макпетрол“, добила задача за Велигден да го исчисти патот од Маврово за Галичник од снежни навеви, кои се' уште ги имало на одделни места. Арно ама, поради поширокиот „нож“ на булдожерот од камионската приколка на кој бил натоварен, неопходна била полициска придружба. Приквечерината кога ние минувавме, таа уште чекаше полициска екипа. Веројатно затаила некоја од алките за координација. Ние по толку изминати километри не останавме да чекаме. Видовме доволно.

Предраг Димитровски

Мачкини окца

На добар дел од патиштата ги нема столпчињата со мачкините окца, кои предупредуваат при ноќно и возење во зимски услови. Онаму каде што ги има, пак, забележливо е дека со години не се исчистени, па ја губат и својата основна функција.

Бекатон плочки

Месното население накај Ќафасан се снаоѓа како знае и умее, па за да ги заштитат своите возила некои оштетени делови исполнети со дупки на коловозот ги пополнува со бекатон плочки. Нешто слично има и на патот за Попова Шапка. Но, колку е тоа добро, толку е и опасно, особено ако некоја од нив се одвои под товарот на тешките возила.                                                                                                                                                        http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=010A536956038B42AA87B484F56380E6 

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 05-Apr-2010 at 23:02

Во Европа градат, во Македонија крпат дупки

Во Македонија моментално се градат само 7 километри автопат, а се' друго е реконструкција на патиштата

Билјана Ангеловска

Најуспешната македонска градежна компанија „Гранит“ е на добар пат да обезбеди уште еден проект во странство, откако пред само два месеца склучи 150 милионски договор за изградба на 20 километри автопат во Полска. И овој проект е во Полска, но тој е многу потежок и има вредност од 240 милиони евра. Станува збор за друга делница од истата траса на големиот автопат А4, кој ја поврзува Полска со Германија и Украина. Ако „Гранит“ успее да го добие и овој тендер, тоа практично, ќе биде најголем успех на една македонска компанија остварен на странски пазар, бидејќи ќе обезбеди работа за 400 милиони евра, со што ќе ја ангажира оперативата за наредните две до три години. Во „Гранит“ веруваат дека нема да има никакви пречки да се добие работата, бидејќи компанијата е првопласирана според сите барани критериуми, а од друга страна, на тендерот настапува во конзорциум со домашна, полска фирма.

И додека оперативата на „Гранит“ ќе има полни раце работа, за другите градежни работници тоа не може со сигурност да се каже. Сигурната иднина за работниците на „Гранит“ ја гарантира обезбедената работа надвор од Македонија, а не отворените градилишта дома. Навистина, во последниот период на домашен терен има неколку фронта за работа на градежниците, но тоа се, пред се', објекти од високоградбата, додека на полето на инфраструктурата многу малку се вложува.

Опозицијата ја обвини државата дека не прави речиси ништо за да ја подобри сообраќајната мрежа. „Патната инфраструктура во земјата е пред колабирање. Секојдневно се случуваат одрони, свлечишта, дупки по патиштата. Реалноста е дека немаме ниту инвестициони активности по двете круцијални патни артерии, Коридорите 8 и 10, ниту пак имаме било какво одржување на постојната магистрална и регионална патна мрежа. Агенцијата за патишта, иако располага со буџет од околу 100 милиони евра годишно, во последните четири години не успеа да направи ниту еден километар автопат. Тоа досега не се памети во историјата на оваа државна институција“, коментира опозициската СДСМ.

Се чини дека, сепак, најлошо е што нема ни оптимистички најави дека наскоро би можел да се реализира некој поголем и позначаен инфраструктурен проект. Се' што се најавува дека ќе се работи тоа се само реконструкции, или изградба на регионални патишта. Изградба на сообраќајници од највисок ранг, автопати, нема. Единствено на што моментално се работи, проект почнат уште лани, а кој би требало да биде завршен до крајот на оваа година, е изградбата на седум километри автопат, делот од Коридорот 10 од Табановце до Куманово.

Од овој паневропски коридор ќе остане неизграден делот од Демир Капија до Смоквица, долг 27 километри, за кој, според информациите од Агенцијата за државни патишта моментално се изработува главниот проект. Засега нема најави дека наскоро ќе почне да се гради некоја делница и од Коридорот 8. Таму, се' уште се во тек постапки за експропријација на земјиштето долж трасата. А и самата изградба на делниците од овој коридор, според планот на Владата, ќе биде изведена преку нивно издавање под концесија при што концесионерот ќе треба да го изгради автопатот.

Се' останато што се гради од патната инфраструктура во државава, всушност, се патишта од пониска категорија, магистрални и регионални патни правци со релативно мала должина, додека сите други активности се сведуваат на реконструкција и санација. Така, според последните информации од Агенцијата за државни патишта, деновиве ќе се избираат изведувачи за санација на свлечиштата во Сопиште и кај Ресен, коишто се појавија по обилните врнежи во текот на изминатиот период. Со заем од Светска банка, во висина од 70 милиони евра во тек е рехабилитација на 11 регионални делници со вкупна должина од околу 280 километри, а ќе се работи и на поправка 61 локален пат.

Од регионалните патишта, најдолг е патниот правец Макази - Долно Дупени, граница со Грција со 37,5 километри, потоа Р’жаничино - Свети Николе, кој има 35,8 километри, правецот Лакавица - Неготино со 33,4 километри и Струмица - Нов Дојран - граница со Грција со должина од 31,13 километри. Останатите регионални патишта се со помали должини, од 13 до 26 километри.

Она што се гради како нова сообраќајница, пак, се многу мали делници од локално значење, како што се патот за Порече во должина од 8,4 километри, делницата од 17 километри до Ски-центарот на Кожуф и 10 километри долгиот пат од Радовиш до Струмица. Тука треба да се спомене и обиколницата на Охрид, која ќе биде од рангот на магистрален пат.

За разлика од Македонија, пак, во соседството се градат автопатишта. Така, во последниве неколку години Албанија изгради 170 километри автопат, во изминатиов период интензивно се гради и во Косово автопат од Приштина кон Пеќ и Албанија, додека Србија ја завршува изградбата на своите делници по Коридорот 10. Овој наш сосед не застанува тука. Владата на Србија планира во наредната година да почне шест нови патни правци, сите од рангот на автопати, за што ќе бидат издвоени 1,5 милијарда евра, а средствата ќе бидат обезбедени од продажбата на „Телеком“.                                                                                                                                           http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=037B604F84EC26459A36C78F9DF6979D 
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 06-Apr-2010 at 23:02

ПЕЛАГОНИЈА ИНЖЕНЕРИНГ


Почна реконструкција на патот Струмица - Дојран


Оперативата на градежното претпријатие "Пелагонија инженеринг" од Скопје почна со асфалтирањето на дел од регионалниот пат Струмица - Дојран, којшто е влезен во проектот на Агенцијата за државни патишта за оваа година. За реализација на првата фаза во должина од 17 километри Владата издвои 166 милиони денари.

Според планираната динамика првите 17 од вкупно 45 километри од овој регионален пат ќе бидат завршени до крајот на јуни или почетокот на јули. Портпаролот на Агенцијата за државни патишта, Катерина Панова-Илиевска, изјави дека за првата фаза се обезбедени 166 милиони денари, но не прецизира кои делници ќе добијат приоритет и ќе бидат асфалтирани во наредните три месеци.

 
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 16-Apr-2010 at 23:53

Во Македонија има само четири осветлени тунели

Сите 15 тунели во државава имаат вкупна должина помала од три километри

Билјана Ангеловска


Во Македонија има се' на се' 15 тунели. Бројката можеби и не е толку мала, колку што објективно е нивната должина. Сите тие заедно достигнуваат едвај три километри, поточно 2.910 метри. Најголемиот тунел се наоѓа на делницата Велес - Катланово, кај селото Катланово и има должина од 713 метри и коловоз широк 8,40 метри. Овој тунел, иако е стар 30 години, сепак, е најнов, пуштен е во 1980 година кога е предаден во употреба овој дел од автопатот Велес - Скопје. Тунелот е осветлен на најгорната точка по средина.

Ниту овој ниту кој било друг тунел во Македонија нема странично осветлување. Единствено, во двата последователни тунела Демир Капија - Удово пред неколку месеци се поставени рефлектирачки тела по осовинската линија на коловозот и на рабникот. Одозгора е осветлен уште и тунелот од Катланово кон Велес, додека сите останати се неосветлени. Во темница се двата тунела од Катланово кон Велес, кај Башино Село, двата тунела на патот Охрид - Ресен, потоа тунелот на делницата Скопје - Блаце, како и на правецот Битола - Прилеп. Освен овие, има помали тунели и на неколку регионални патни правци, како што се тунелите на стариот пат Демир Капија - Удово, на патот Градско - Прилеп, Охрид - Свети Наум и Макази - Царина, близу Отешево.

Во Агенцијата за државни патишта велат дека тунелите не се електрифицирани, бидејќи се многу куси, во нив се гледа од едниот до другиот крај и без светло. Но, онаму каде што има осветлување, се прават максимални напори да се одржува редовно и да нема прекини. Последните случаи кога во изминатите денови во неколку наврати тунелот кај Катланово беше во темница по неколку часа во текот на еден ден, всушност, беа резултат на активностите што ги преземаше ЕВН на одредени водови, поради што имаше реонски исклучувања, што доведоа до прекин на струјата и во тунелот.

Според Благоја Тевдовски од Агенцијата за патишта, досега не се случило осветлените тунели да бидат во темница подолг период поради несоодветно одржување. „Никогаш не дошло до прекин на струјата поради штедење или нешто слично. Еднаш се случи да биде украдена трафостаницата, поради што имаше проблем одреден период, но тоа беше инцидентно и оттогаш не се случило ништо слично. Редовно се менуваат прегорените сијалици, светлечките ленти, се обележува сигнализацијата“, вели Тевдовски.

За одржување на тунелите се грижи јавното претпријатие „Македонија пат“. Во описот на работните задачи влегува редовното чистење на коловозите во тунелите, еднаш годишно бојадисување на ѕидовите заради поголема јасност во внатрешноста на тунелот, електроодржување, под што се подразбира редовна замена на прегорените сијалици. Борче Саржовски, раководител на подружницата „Автопат“, појаснува дека осветлувањето на тунелите е направено во текот на нивната изградба и тоа според проекти за осветление, во кои точно се определени потребниот број сијалични места.

Електрификацијата на нашите тунели ги исполнува стандардите пропишани за ваква категорија тунели. Експертите се согласуваат дека тунелите, како впрочем, и самите патишта во државава, плачат за реконструкција. При една таква генералка, сигурно ќе биде направена модернизација и на тунелите, барем во оној дел во кој може да се интервенира, како што се нивните коловози, обележувањето, сигнализацијата и осветлувањето. Сепак, јасно е дека не може да се очекува комплетна промена на нивниот лик и воведување новитети, како што се поставување странични сијалици или вентилација. Такво нешто имаат само тунелите долги по неколку километри.

Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 18-Apr-2010 at 22:56

Липково ќе ги поправа патиштата

Стариот пат кон Скопје преку Арачиново, како и дел од патиштата кон планинските населби во Општината Липково се планирани за реконструкција и изградба, со пари од државата. Ова се само дел од проектите за подобрување на патната инфраструктура во општината.

- Липково е рурална општина, која има проблеми со инфраструктурата, кои треба во наредниот период да ги решаваме. Приоритет е изградба на регионално поврзување на двете соседни општини Липково и Арачиново со Скопје. Патот постои и треба да се реконструира - вели градоначалникот Садула Дураку.

Стариот пат за Скопје е многу фреквентен. Него го користат поголемиот дел од патниците од Куманово и Липково, кои го избегнуваат патувањето по автопат поради високите такси за патарина. (С.А.Ј.)
 


Edited by SkyBoy - 18-Apr-2010 at 22:58
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #269 Posted: 20-Apr-2010 at 04:49

Се проширува патот до браната Гратче

Проширување и поставување нов слој асфалт почна деновиве на делница од пет километри на патот Кочани - брана Гратче. Патот до езерото Гратче, заедно со Осогово, најатрактивната туристичка дестинација во Кочанско, беше изграден пред повеќе од три децении и оттогаш немало никакви интервенции на него, што им создаваше сериозни проблеми на посетителите и туристите.

Сега сообраќајницата ќе се проширува од 3,5 на 4,5 метри. Работите ги изведува „Гранит“. Парите се обезбедени со кредит од Светската банка преку Агенцијата за државни патишта. Од нив Кочани ќе добие 566.000 евра, за овој и за реконструкција уште на два пата. (Љ.Ш.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3F23A1286D2E774FB3B9ACE8EC568D1E
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #270 Posted: 05-May-2010 at 11:34
Нова улица до Љуботенски Пат

Жителите на населеното место Љуботенски Пат добија нов локален пат што ги поврзува со населбите Бутел 1 и Радишани. Должината на локалниот пат е еден километар. Во моментов се работи и на изградба на локален пат во должина од два километри кон селото Љуботен. Двата локални пата, во Љуботенски Пат и во Љубанци се градат во соработка со Агенцијата за патишта, со средства од Светската банка.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=265D5D9F11407E489B6260024170A499
Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 288
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #271 Posted: 16-May-2010 at 20:06
Здраво на сите
 
    Ова е постирано на почетокот од тмата од Cloverstack па ме интересира од каде ки наогаш тие тендери

 благодарам

Еве некои тендери кои се моментално во тек во фондот за магистрални и регионални патишта.


- Изградба на магистрален пат М–6, Штип–Струмица, во должина од 10км. Делница: од км 42+700 до км 52+700. Ова е во близина на Радовиш, помеѓу селата Сулдурци и Радичево. Не сум баш сигурен дека градат по нова траса, можеби е само надградба и реконструкција (иако на сајтот на фондот пишува изградба)

- Реконструкција и проширување со додатна сообраќајна лента за бавни возила на регионален пат Р–106, Градско–Прилеп, Делници: од км 25+050 до км 30+500 и од км 43+700 до км 47+900. Исто така изработка на завршен слој на делница: од км 30+410 до км 35+022. Еден дел се преклопува и со М-7, ама во соопштението на фондот целиот сегмент Градско-Прилеп го ословуваат со патот од понизок ранг, Р-106.

- Изградба на дел од регионалниот пат Р-112 и К1-112, Коњско (Смрдлива вода) - Кожув, во должина од 17.5км

- Изработка на ажурирана геодетска подлога за Р-303, Средно Водно-Сончев град, во должина околу 2.5км

- Изработка на основен проект за регионалниот пат К1-104 врска со Р-104,  Коломот-мост с.Близанско, во должина околу 8км



Edited by Cloverstack - 15-Sep-2007 at 23:10
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #272 Posted: 16-May-2010 at 20:11
Одамна било... веројатно сајтот на министерството за транспорт и врски или агенцијата за патишта  Dunno
Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 288
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #273 Posted: 16-May-2010 at 20:33
тражам сајт на агенцијта за патишта неможам да најдам...да не го знеш ? 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #274 Posted: 16-May-2010 at 21:14
http://www.roads.org.mk/ Нема многу информации да најдеш.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #275 Posted: 16-May-2010 at 21:22


Го немаат апдејтирано цела година  Ohno
Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 288
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #276 Posted: 16-May-2010 at 21:26
па одкаде ги земаат тендерите не ми е јасно.. ? за патиштата.. 
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #277 Posted: 17-May-2010 at 22:38
Преку меѓународниот печат. Зошто мислиш дека кошта толку скапо еден тендер? Ги објавуваат во The Economist и слични весници.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #278 Posted: 22-May-2010 at 20:01
Започна подготвовувањето запроширувањето и асвалтирањето на патот, кон селото Пеклани - Виничко, од црквата Св.Спас. Патот ќе е долг 2,8км. Средствата во висина од 10.433.647 денари, се обезбедени од светската банка и од владата на РМ. Изведувач е АД ГРАНИТ.



ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #279 Posted: 22-May-2010 at 20:19
 Започна изградбата на патот по меѓу селото Грљани и Маринци (Калиманци - Виничко) во должина 1,7 км. За патот се обезбедени 8.471.676 денари од Светска банка со који патот требе и да се асфалтира. Изведувач Ад Гранит.



http://www.opstinavinica.gov.mk/vinica/
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #280 Posted: 29-May-2010 at 20:06

Се поправа патот за Старо Нагоричане

 Регионалниот пат кон граничниот премин Пелинце во Општината Старо Нагоричане се реконструира. Проширувањето и асфалтирањето на делницата започна од вчера, а во првата фаза ќе бидат опфатени 2 километри од м.в.Света Петка„ до влезот на селото Старо Нагоричане.

Се%20поправа%20патот%20за%20Старо%20Нагоричане

 Проектот чини  5 милиони денари.

По 35 години за првпат се интервенира на овој пат. Владата најде сретства да се поправи патот, кој е во интерс на жителите на општината Старо Нагоричене, но и за сите кои патуваат кон граничен премин Пелинце и мегалитската опсерваторија Кокино- вели градоначалникот Миодраг Јовановиќ.

Проектот се реализира по програмата за реконструкција за регионални патишта,а работите на терен ги изведува „Македонија пат„ од каде најавуваат дека проектот ќе биде заврШен за десетина дена.

 Се надевам дека со новите програми во наредните години, ќе ја завршиме  до крај оваа делница  до самиот граничен премин Пелинце. Согласно оваа програма за општините во кумановскоит регион предвидени се сретства во висина од 22 милиони денари и ќе настојуваме до крајот на јуни да ги завршиме работите- вели директорот ма Македонија пат, Горан Стојковиќ.

Предвидена е реконструкција на патот од селата Долно Којнаре до Сопот и од Речица до Лојане.

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/se-poprava-patot-za-staro-nagoricane.html
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 84>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.709 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.