build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Концесија на автопатишта

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 14>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 09-Dec-2009 at 11:50
Зашто ако Скопје претендираме да биде метропола, а Софија милион ипол тогаш сигурно дека ќе има комуникација. Ако во време турско кога немало граници на балканов народов природно гравитирал кон Софија и економски и за образование и за свашта, ондак кога ќе паднат границиве веќе треба да имаме предвид дека ќе има доста гравитирање, па дури и сега го има. Башка соседна држава имаме некои патишта со профил на локални сокаци. Шлепери огромни проаќаат низ сред-село по населени места. Но сепак сметам дека предуслов за развојот е инфраструктура, но исто такасум согласен дека и онаму каде веќе го има развојот мора да се поддржи со соодветна инфраструктура.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 09-Dec-2009 at 11:58
Лсл, ако пазарните услови тоа го бараат тогаш нормално дека треба да има, се останато, звучи социјалистичко комунистички, МОРА ДА ИМА. Со истата логика мора да има воведоа и авио линија Скопје-Софија па ја затворија. Впрочем ќе видиш и колку заинтересирани понудвачи ќе има и за концесиите за патиштата. Второ, воопшто не се слагам дека патот тековен е несоодветен за количината на сообраќај. Во ред, може да се дислоцира да не проаѓа сред некои села, но верувај таков е патот и во Бугарија до Перник, но обарем 3 пати повеќе сообраќај спрема Софија, па не глдам дека Бугарите имаат намера да прават скап автпат. Башка теренот и кај нас и бо Бугарија би го направил таквиот автопат поприлично скап, а 2000-3000 возила дневно никако не би го оправдале. Мислам дека секоја совесна држава прво би сакала да види искористување на тековните капацитети барем од 70% пред да почне да гради нови. За жал тој правец во Македонска страна не е искористен ни 20%.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 09-Dec-2009 at 12:03
Види далеку од тоа дека логикава е комунистичка. И јас сум против таа лгоика. Да бев впрочем по таа логика ке инсистирав да биде права линија од тука до Софија по секоја цена.

Сепак мислам дека ваква врска има потенцијал за развој и за стопанство и за население. Може би во овие политички и еконмски прилика не е дојдено до израз, ама убеден сум дека Крива Паланка има потенцијал да биде Гевгелија и дека оскава може да биде една од оските на развиток.


Edited by lslcrew - 09-Dec-2009 at 12:04
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 09-Dec-2009 at 12:10
Да но сигурно за тоа не е пресуден автопатот ЛСЛ. Значи ако сака да биде Крива Паланка Гевгелија, треба да се грижи да има добри продавници, соодветни хотели, касина или слично. За тие потреби поважен е патот од Бугарска страна отколку Куманово - Крива Паланка. Значи пак ќе повторам, тековниот пат е празен. Ми се има случено да возам и по 10тина километриво работен ден пред да сретнам возило на патот. Па каква логика освен утопистичка има тој правец во моментов да се прави автопат? И дали тековниот пат му смета на градот да се развива? Сигурно дека не. Значи прво нека заслужат па после. За сега приоритет мора да биде комплетирање на Табановце-Богородица, како поради нас така и поради големиот транзит, понатаму поврзување автопатско на Пелагонија со Скопје како регион со огромен потенцијал па железничкоповрзување со Албанија и Бугариа, па дури потоа би рекол дека би бил приоритетот на некаков автопат до Деве Баир. Освен се разбира, ако не најдеме некоја европска донација.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 09-Dec-2009 at 12:17
И двајцата сте до некаде во право, но Урбан има непобитна поента за редоследот. Имено автопати и те како се градат и во неразвиени предели и тоа токму со цел да стимулираат проток на луѓе и стока и демографски промени во даден регион. Најблизок пример ни е Грција со Егнација Одос, кој има токму таква улога (Грците имаат и еден многу убав документ со економски, демографски и какви уште не проекции за влијанието на автопатот на долгорочен план, мислам дека го имаме некаде на форумов). Сепак редоследно, за сиромашна земја како Македонија, приоритети се приоритети а автопатот кон Софија не е тоа.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 09-Dec-2009 at 13:46
И јас би се сложил до некаде со двајцата. Моментално приоритет треба да бидат според мене патните правци Гостивар - Охрид и Скопје - Штип (се разбира и целосното завршување на К10) како и итна реконструкција на куманово-Велес. Некако ми се чини дека во Македонија воопшто никој не споменува во каква лоша состојба се веќе изградените патни правци. Па и Тетово-Гостивар е веќе на над 10 години и му е време за преслекување на асвалтот. Инаку за Скопје-Софија, во наредните 10 години е потребно реконструкција (во некои делови изведба на сосема нова траса и проширување) на постоечкиот пат, а приоритет број 1 (на целата држава) да е железничкото поврзување. Добар магистрален пат (да речеме просечна брзина од околу 80 км/ч) би довел до значително скратување на времето за патување. Софија е навистина најблизок (и физички и секаков) соседен главен град и е само 220 км оддалечена од Скопје. На секоја страна има по 110 км пат и ако има просек од 80 км/ч би се стигнувало за 2 ипол саати. Инаку колку што гледам на сајтот на БулгариаЕр, авионската врска со Скопје не е укината...Навистина би било срамно доколку се случи тоа!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 09-Dec-2009 at 14:18
Originally posted by Andrej_LJ

И јас би се сложил до некаде со двајцата. Моментално приоритет треба да бидат според мене патните правци Гостивар - Охрид и Скопје - Штип (се разбира и целосното завршување на К10) како и итна реконструкција на куманово-Велес. Некако ми се чини дека во Македонија воопшто никој не споменува во каква лоша состојба се веќе изградените патни правци. Па и Тетово-Гостивар е веќе на над 10 години и му е време за преслекување на асвалтот. Инаку за Скопје-Софија, во наредните 10 години е потребно реконструкција (во некои делови изведба на сосема нова траса и проширување) на постоечкиот пат, а приоритет број 1 (на целата држава) да е железничкото поврзување. Добар магистрален пат (да речеме просечна брзина од околу 80 км/ч) би довел до значително скратување на времето за патување. Софија е навистина најблизок (и физички и секаков) соседен главен град и е само 220 км оддалечена од Скопје. На секоја страна има по 110 км пат и ако има просек од 80 км/ч би се стигнувало за 2 ипол саати. Инаку колку што гледам на сајтот на БулгариаЕр, авионската врска со Скопје не е укината...Навистина би било срамно доколку се случи тоа!
Токму тоа, тековните автопати, со исклучок на обиколницата на Скопје и Скопје - Тетово се во катастрофална состојба. Скопје-Куманово и Скопје-Велес се вон сите стандарди, полни со дупки, од кои делот Катланово-Велес и неможе вистински да се нарече автопат со ограничувања од 40 км/ч пред тунелот и со остри и опасни кривини. Тетово-Гостивар е тесен нерамен веќе полн со дупки.
 
Од економски аспект мислам дека можеби е попаментно да се турка трасата преку Штип-Кочани-Делчево отколку северозападата траса која и од двете страни граничи со многу сиромашни и слабонаселени региони, без некој поголем потенцијал. Уште повее што Благоевград е одлично поврзан со Софија, ако не се лажам во голе дел автопат.
 
А за линијата Скопје-Софија, незнам кој воопшто ја лета таа релација, и мислам дека одамна е укината.


Edited by UrbanFreak - 09-Dec-2009 at 14:19
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 09-Dec-2009 at 14:35
Само мал ремарк за постовите - шлепери, камиони, патишта
Швајцарија има закон од 1994 година - Alpine Protection Act, во една реченица заштита од шлепери со нивното загадување и уништување
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 13-Dec-2009 at 16:48

Турска компанија сака да инвестира, но нема одговор од македонската влада

published - 13/12/2009 15:17:00
Големина на текст: Decrease%20font Enlarge%20font
image

Големата турска градежна компанија „Енка Холдинг“ планираат да инвестира 1 милијарда евра во патната инфраструктура на Македонија. Меѓутоа првите луѓе на оваа компанија сé уште не добиле одговор од премиерот Никола Груевски со кого се сретнаа пред една година.

Според министерот без ресор во владата на Македонија, Хади Незир, сопственикот на „Енка Холдинг“, Тарек Шара, побарал брз одговор од премиерот Груевски со цел градежната машинерија по завршувањето на изградбата на тунелот во Албанија да ја пренесе во Македонија.

„Првите луѓе на „Енка Холдинг“ се подготвени да ги изградат коридорите 8 и 10, да го изградат патот Скопје – Косово и да  изградат 6 излези околу Скопје. И турскиот премиер Таип Ердоган даде зелено светло оваа компанија да инвестира во Македонија, но сепак се надевам дека нашата Влада ќе дојде до договор и „Енка Холдинг“ да дојде во Македонија. Сопственикот на оваа компанија вели дека се родил и живеел во Македонија и затоа смета дека е неопходно да инвестира кај нас“ вели Незири.

Инаку во турско- македонскиот бизнис форум кој минатата недела се одржа во Турција неколку турски компании потпишаа спогодби за инвестирање во Македонија чија вредност би можела да достигне до неколку милиони евра и над 1000 нови вработувања.

„Турската компанија „Улак“ покажа интерес за купување на компанијата за амбалажа „Белена“ од Берово додека компаниите „ХБЏ“ од Македонија и турската компанија „Мотус“ потпишаа спогодба според која турската компанија во текот на 2010-та година ќе произведе 500,000 филтри за возила. Компанијата „Дамла Диализ“ сака да влезе во пазарот на дијализите во Македонија со цел да изгради неколку центри за дијализа во повеќе градови на Македонија. Една компанија за автобуси од градот Бурса ќе учествува во вториот тендер за двокатни автобуси во Скопје“ рече Незири.

Министерот Незир уште еднаш го повтори ставот на премиерот Ердоган дека турската компанија ТАВ во март месец 2010-та сигурно започнува со работа на скопскиот аеродром.


< = < =
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 13-Dec-2009 at 16:48
http://www.time.mk/read/NONE/040d184a6f/index.html< = < =
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 13-Dec-2009 at 16:58
vladata trosi milioni evra i moli za investicii a ustvari voopsto i ne se interesira za niv.ostava da cekaat odgovor a se spremni da investiraat ogromni pari.ako prodolzi nasava vlada so ovaa politika i turcive kje investiraat na drugo mesto.a nie kje si ostaneme slepo crevo vo evropa.< = < =
Back to Top
polko View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 14-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote polko Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 15-Dec-2009 at 17:16
А бре прво акциза од бензинот,потоа регистрација,па патарини и на крај кредити.Сето тоа треба да оди за изградба и одржување на патишта.Ако 20% од акцизите за бензин кај нас треба да се трошат за патишта,едвај 7% се трошат за таа намена,а остатокот се враќа во буџет-најверојатно за плати!?!
А патиштата се исплатлива инвестиција.Србија и Хрватска-од патарини вратија добар дел од кредитите.За Грција се знае-друг и ги плати новите делници. Ама проблем е што кај нас сите се жалат немало пари-а и тие што ги има т.н менаџери не ги искористуваат. Авионските карти се прескапи,железницата се распаѓа,море немаме.А на крај всушност и немаме вистински автопати!!!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 12-Jan-2010 at 15:31

Концесионерите за патиштата добија рок од уште 98 дена

Сите 48 компании, финансиски институции и конзорциуми што се јавија на минатогодишниот конкурс во „Фајненшел тајм“ остануваат потенцијални концесионери за изградба на патните правци во Македонија



По барање на заинтересираните компании Владата на Република Македонија донесе одлука со која рокот за доставување на барањата за учество во постапката за доделување на патарините е продолжен за 98 дена. Со ова на потенцијалните инвеститори им се дава можноста да ја комплетираат потребната документација што е предвидена со објавениот јавен повик, ни изјавија во Министерството за транспорт и врски.

Продолжувањето на терминот за пријавување на концесионерите е направен пред истекот на прво определениот рок од 30 дена, кој истече кон крајот на минатата година. Како што е познато, Владата во текот на ноември лани објави меѓународен повик за доделување концесија за вршење на работите на изградба, реконструкција, одржување, наплата на патарина и користењеа дел од државните патишта. Тогаш беа понудени два пакета и во првиот влегоа патните правци од источна Македонија, а во вториот од западна Македонија. „Источната концесија“ е во должина од 177,5 километри и ги опфаќа патните правци Крива Паланка - Романовце, Кочани - Штип, Миладиновци - Штип, постојната обиколница кај Скопје и делницата Миладиновци - Скопје. Во „Западната концесија“, во должина од 196 километри, се опфатени патните правци Стенковец - Блаце, Гостивар - Ќафасан, Требениште - Охрид, Подмоље - Струга и Гостивар - Тетово - Скопје. Концесиите ќе се доделуваат за период од 35 години, со обврска идниот концесионер во рок од 8 години да ги изгради патните правци на ниво на автопат.

Очекувањата на македонската влада се дека првите концесии ќе бидат доделени во втората половина или најдоцна до крајот на 2010 година. И премиерот Никола Груевски изјави дека земјата ќе биде „вистинско градилиште“ затоа што се очекува да се реализираат повеќе инфраструктурни проекти, меѓу кои и патните правци што ќе бидат издадени под концесија.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112101023518&id=10&prilog=0&setIzdanie=21882
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 09-Feb-2010 at 06:02
Се чекаат потенцијалните концесионери за патиштата

Се очекува продолжениот рок да им овозможи на заинтересираните да ја комплетираат потребната документација за учество на овој јавен повик, кој треба да придонесе за значително модернизирање на патната мрежа во земјава


Уште десет дена до истекот на рокот за отпочнување на постапката за доставување барања за добивање концесии за изградба, реконструкција и наплата на патарина на дел од патната мрежа во Македонија. За да им излезе во пресрет на заинтересираните понудувачи навреме и квалитетно да ја комплетираат потребната документација со која ќе конкурираат за добивање на патна концесија во државава, Владата го продолжи првично дадениот рок - 15 јануари. Со тоа, заинтересираните компании наместо 63, добија 98 дена за вклучување во трката на овој мегапроект.

До средината на март, пак, е продолжен и рокот за доставување понуди во втората фаза на постапката, со која практично треба да се воведе концесионерството во изградбата, реконструкцијата и наплатата на патарина на дел од патната мрежа во Македонија, и тоа првенствено онаа по Коридорот 8. На тој начин, идните концесионери ќе имаат цели четири месеци да ги достават своите понуди на заинтересираност за учество на овој јавен повик. Се продолжува и рокот за спроведување на целокупната постапка за доделување на патните концесии, а кој досега се проценуваше на најмалку една година.

Министерството за транспорт и врски во средината на ноември 2009 година објави јавен повик за прибирање понуди од заинтересирани компании или конзорциуми за давање под концесија на два пакета веќе изградени, но и нови патни правци по трасата на Коридорот 8 и тоа, Источен, во должина од 177,5 километри и Западен со вкупно 196 километри. За источната концесија беа понудени патните правци: Крива Паланка-Романовце, Кочани-Штип, Миладиновци-Штип, Миладиновци-Скопје и обиколницата на Скопје, во вкупна вредност од 434 милиони евра, а за западната концесија: Стенковец-Блаце, Гостивар-Ќафасан, Требениште-Охрид, Струга-Подмолје и Гостивар-Тетово-Скопје, во вредност од 558 милиони евра. Според јавниот повик идните концесионери ќе имаат обврска да ги (до)изградат и реконструираат предвидените патни правци за најмногу осум години, а потоа со нив да стопанисуваат 35 години.

На иницијалниот повик за пројавување интерес за овој зафат, дури 48 странски и домашни компании првично пријавија интерес, но колку од нив ќе се јават на тендерот за доделување на концесии, останува да се види на 18 февруари.

http://vecer.com.mk/?ItemID=2869C4343B8F0C4584609053BA479327
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 29-Mar-2010 at 18:21
Blahblah

Груевски очекува изградбата на автопатот Скопје-Свети Николе-Штип-Кочани да почне кон средината на 2011

Кочани, 29 март


Премиерот Никола Груевски очекува изградбата на автопатската делница Скопје-Свети Николе-Штип-Кочани да почне во средината на наредната година и да биде целосно реализирана за шест до седум години.


- Изградбата на неколку автопатски делници е една од главните работи што ги планира Владата за подобрување на патната инфраструктура. Една од нив е и делницата Скопје-Свети Николе-Штип-Кочани. Се очекува доставувањето на понудите да завршат до крајот на мај, а потоа по периодот на евалуација да се избере најповолниот понудувач. По приговарањата кои ќе траат околу шест месеци очекувам во средината на 2011 година да започне изградбата на оваа автопатска делница, која ќе трае неколку години, изјави Груевски одговарајќи на новинарски прашања при денешниот престој во Кочани.


Според Груевски, во насока на подобрување на патната инфраструктура се и инвестициските вложувања на Владата за изградба и обнова на регионалните локални патни правци.


Во соработка со Европската инвестициона банка и Светската банка, Владата започна проект од 120 милиони евра за изградба на 200 километри регионални и локални патишта од кои дел ќе бидат во Општина Кочани, информира премиерот Груевски
http://vlada.mk/?q=node/5221
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 29-Mar-2010 at 18:37


Машала море, 70 километри автопат низ рамници ќе граделе 7 години...
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 29-Mar-2010 at 18:53


Море доколку се оствари (иако треба многу да објаснуваат, и за оправданоста на Миладиновци-Штип и за оправданоста на Штип-Кочани), навистина ќе биде машала работава, дури и со таков неразбирливо долг рок. Само што како поминува времето, овие големи (рециклирани) најави се повеќе звучат вака: Toilet

А можеби и најдобро баш така - да пропадне целата работа комплетно. Комбинација од неразбирлив избор на приоритети со неразбирливо долги рокови ионака нема да ни донесе ништо добро. Нека пропаднат што побргу овие диверзии, за да се создадат предуслови вистински да се посветиме на приоритетите и нивна што побрза реализација.
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 29-Mar-2010 at 22:31

ПОСТАПКАТА ЗА КОНЦЕСИОНЕРСТВО НА ПАТИШТАТА ПОВТОРНО ПРОЛОНГИРАНА


Место 4 април, доставување понуди до 4 мај


Од Транспорт велат дека новото одлагање за нови 30 дена на стартот на концесионерската постапка за патиштата е со цел да им се излезе во пресрет на заинтересираните понудувачи навреме и квалитетно да ја комплетираат потребната документација


Министерството за транспорт и врски по трет пат го пролонгира рокот за отпочнување на постапката за доставување барања за добивање концесии за изградба, реконструкција и наплата на патарина на дел од патната мрежа во земјава. Место 4 април, вчера Министерството јавно објави дека го пролонгира рокот за доставување понуди за доделување на концесии за патната мрежа долж транспортниот Коридор 8 за нови 30 дена, односно до 4 мај.
Според информациите од Министерството за транспорт и врски, и ова ново одлагање е со цел да им излезе во пресрет на заинтересираните понудувачи навреме и квалитетно да ја комплетираат потребната документација за добивање на патна концесија во државава.
-Пролонгирањето е по барање на заинтересирани компании кои сметаа дека им треба повеќе време за да ја комплетираат документацијата - вели Драган Симоновски, портпарол во Министерството за транспорт и врски.

Токму поради тоа, се врши измена и на документацијата за доставување барања за учество во првата фаза од постапката (претквалификација на кандидатите), а која може да се подигне во ресорното Министерство. Со тоа, заинтересираните компании, потенцијални патни концесионери во земјава, наместо 143 дена, колку што имаа досега, сега имаат вкупно 173 дена да се вклучат во овој мегапроект, тежок околу една милијарда евра. Истовремено, тоа ќе повлече и продолжување и на рокот за доставување понуди во втората фаза на постапката за воведување на концесионерството во изградбата, реконструкцијата и наплатата на патарина на дел од патната мрежа во земјава, а ќе се пролонгира и рокот за спроведување на целокупната постапка за доделување на патните концесии, што досега се проценуваше на најмалку една година.

Министерството за транспорт и врски во средината на ноември 2009 година, објави јавен повик за прибирање понуди од заинтересирани компании или конзорциуми за давање под концесија на два пакета веќе изградени, но и нови патни правци по трасата на Коридор 8. И тоа, Источен, во должина од 177,5 километри и Западен со вкупно 196 километри. За источната концесија беа понудени патните правци: Крива Паланка-Романовце, Кочани-Штип, Миладиновци-Штип, Миладиновци-Скопје и обиколницата на Скопје, во вкупна вредност од 434 милиони евра, а за западната концесија: Стенковец-Блаце, Гостивар-Ќафасан, Требениште-Охрид, Струга-Подмолје и Гостивар-Тетово-Скопје, во вредност од 558 милиони евра.

Според јавниот повик идните концесионери ќе имаат обврска да ги (до)изградат и реконструираат предвидените патни правци за најмногу осум години, а потоа со нив да стопанисуваат 35 години, но и истовремено и да ги одржуваат и да наплатуваат патарина. На иницијалниот повик за пројавување интерес за овој голем инфраструктурен зафат, дури 48 странски и домашни компании првично пројавија интерес.

Светлана БЛАЖЕВСКА
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=FCC18056EA91954F9FBDC485B213D444

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 01-Apr-2010 at 16:41

Ќе пропадне ли тендерот за концесија на патиштата?

Ќе добие ли земјава модерни европски патишта. Се уште е статус кво проектот за изградба на неколку патни правци на ниво на автопат, од старана на концесионер. Иако тендерот е објавен, по трети пат се одлага рокот до кој заинтересираните компании треба да ги достават понудите.. Под концесија се даваат веќе изградени патишта во источна и западна Македонија, но и нови патни правци долж коридорот 8. Претпоставките на експертите се дека тендерот нема да успее оти овие патни правци не се атрактивни за концесионерите.
„ Нема да успее тој тендер иако има заинтересирани. Има интерес од големите фирми во Европа ама сум песимист дека може нешто да се направи оти тие патишта имаат мал проток на дневни возила и тешко ќе поминат концесиите„-Изјави Шефки Алити, Стопанска Комора На Северозападна Македонија

Наспроти прогнозите на експертите, Министерот Јанакиески е убеден дека проектот за концесионерство ќе биде успешен.

„самите заинтересирани компании побараа повеќе време за подготвување на документацијата, постои голем интерес од сите реномирани големи компании кои можат да се јават на тендерот за избор на концесионер за изградба на патиштата во Македонија, веќе имаат локални претставници и работат на документацијата“- Изјави Миле Јанакиески, Министер За Транспорт 31.03.2010

Доколку се избере концесионер ќе има обврска да ги изгради и реконструира патните правци во рок од осум години. Со нив ќе стопанисува 35 години - период во кој и ќе наплаќа патарини. Во меѓувреме виси и проектот за модернизација на петте патарини долж Коридорот 10. Иако интерес имаше од страна на многу компании, тендер не се објавува и нема одговор дали министерството за Транспорт се откажува од овој проект..
01.04.2010, 13:23
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=58972
  
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 06-Apr-2010 at 12:15
ИНВЕСТИТОРИТЕ ИЗБЕГНУВААТ ДА БИДАТ КОНЦЕСИОНЕРИ
Нема јунак за нашите патишта

Елена Костовска

Слабиот интерес за изградба и за стопанисување со македонските патишта по третпат го продолжува рокот за доставување понуди, предупредуваат упатените. Тие како причина ги наведуваат големината на проектот, кој е со мала заработка, како и односот на Владата кон странските инвеститори. Стручњаците сметаат дека Владата здобила лоша репутација зашто не го почитува договореното и ги брка странските вложувачи. Министерството за транспорт и за врски донесе одлука место до четврти април, заинтересираните компании да можат да ги достават понудите за јавниот оглас за давање под концесија на патните правци до четврти мај. На јавниот оглас, распишан во ноември минатата година, под концесија на 35 години се даваат патните правци по Коридорот 8 поделени во два пакета, источна и западна концесија. Во концесијата се вклучени и патишта што се веќе изградени, како што е обиколницата околу Скопје и автопатот Скопје - Гостивар и патни правци што не се дел од Коридорот 8, како што е патот Кочани - Штип. Концесионерот ќе има обврска во рок од осум години да изгради автопат, а во наредните години ќе треба да ги одржува патиштата и да наплатува патарина.
Во Министерството за транспорт и за врски тврдат дека рокот за доставување на понудите е продолжен за да им се овозможи на заинтересираните компании да ја комплетираат потребната документација за јавниот оглас. Ова е трето одложување од истата причина.
- Постои голем интерес од сите реномирани големи странски компании што може да се јават на тендерот за избор на концесионер за изградба на патиштата во Македонија. Се работи за голема инвестиција од околу една милијарда евра, така што компаниите мора да направат и свои дополнителни анализи и им треба повеќе време да се јават на повикот - вели министерот Миле Јанакиески.
Според експертот Сем Вакнин, давањето на патиштата под концесија како форма на јавно - приватно партнерство е најупотребуваниот модел на градење јавни објекти, посебно во земјите во развој. Овој модел е препорачан и од Светската банка, а годините на стопанисување со патиштата се движат од 15 години во развиените земји, до 75 години во некои земји во Африка- Концесија од 35 години е разумно за Македонија, но никој не сака да соработува со македонската Влада зашто овој временски период значи дека треба да се венча со неа. Необично во овој јавен оглас е што се даваат и патишта што се веќе изградени - вели Вакнин.
Според поранешниот министер за транспорт и за врски Џемали Мехази, многу е важно за развојот на земјата да се завршат коридорите 8 и 10.
- Ова е голем проект, кој како идеја постои одамна и јас, во принцип, го поддржувам. Завршувањето на коридорите е од голема важност за економијата на земјата зашто овозможува поврзување со другите земји и излез на море. Секој ден доцнење е загуба за Македонија - вели Мехази.
Сепак, тој додава дека не е сигурен дали е одбран најдобриот начин за нивно завршување зашто вклучувањето на правците што не се дел од Коридорот 8 може сериозно да го намалат интересот на странските компании поради нивната помала исплатливост.                                                                                                                                             http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1986&ArticleID=137786 

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 14>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.246 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.