build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Енергетика (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 27>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 06-May-2010 at 14:43

РЕК „Битола“ ќе добие нова опрема вредна 17,3 милиони евра

06.05.2010 | автор: Мк Фондови

Раководството на ЕЛЕМ потпиша договор вреден 17,3 милиони евра со германската компанија „Тисен Крупп“.

 

Имено, согласно со потпишаниот договор, германската компанија треба да изврши достава и монтажа на  за набавка и монтажа на главниот транспортен систем за  јаглен во РЕК „Битола“.
Според планираното, набавката и комплетната монтажа на опремата треба да биде извршена во наредните 12 месеци.
Прокетот е  финансиски подржан од „Дојче Банка АГ“ при што ЕЛЕМ ќе вложи 2,6 милиони евра сопствени средства, а останатите 14,7 милиони евра ќе се обезбедат преку кредит со период на отплата од 10 години.

http://www.mkfondovi.com/mk_MK/news/16063-%D1%80%D0%B5%D0%BA-%E2%80%9E%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0%E2%80%9C-%D1%9C%D0%B5-%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%B5-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0-%D0%BE%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B0-%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B0-17,3-%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B8-%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%B0.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 06-May-2010 at 14:57
Имаме алтернативни извори на енергија, но немаме проекти

http://www.porta3.com.mk/images/stories/ekologija/statija1-130.jpgПроектот „Сончев парк" во Кадино, претставува прв пионерски обид за примена на алтернативните извори на енергија, сонце и ветер, за производство на електрична енергија во Македонија. Спроведен е од македонската фирма „СИЕТО" во два дела: првиот дел беше изградба на првата енергетски независна, еколошка куќа во Македонија, која беше пуштена во работа 2006 година, а вториот дел е изградба на првата фотонапонска постројка чија струја целосно се предава на дистрибутивниот центар на ЕВН.

 

 

Осумнаесет месеци истражувања му биле потребни на сопственикот на иновативната компанија „СИЕТО“, Ѕвонко Марковски, да го направи проектот за својата еко-куќа во Кадино. Објектот што е целосно независен од електро- дистрибутивната мрежа, е опремен со ветерна турбина, сончеви колектори и фотонапонски панели кои ги користат силата на ветерот и сончевите зраци за сопствено производство на електрична и топлинска енергија. Системот произведува струја која зиме делумно ги задоволува потребите на семејството Марковски, а лете создава вишок кој тие го даваат на ЕВН во замена за „зимската“ струја. - Во зима системот задоволува 10-40% од нашите потреби, а недостатокот на енергија го надополнува од мрежата на ЕВН. Но, вишоците во лето се огромни. Вишоците одат за ЕВН преку инвертори кои енергијата ја праќаат во мрежата и така ја кредитираат ЕВН - вели Ѕвонко, кој по професија е електроинженер. Тој во дворот на неговата куќа најпрвин експериментално инсталирал ветерна турбина од 400W, фотонапонски соларен панел од 50W и акумулаторски батерии од 200Ah. Системот за загревање на топла вода од сонце се состои од пет колектори со вкупна површина од 10 метри квадратни кои се насочени кон југ под агол од 35 степени во однос на хоризонталната оска. Со примена на најнови достигнувања во градежништвото од аспект на термичка изолација, ориентација и местоположба на куќата во однос на страните на светот, оваа опрема произведува доволно количество електрична енергија, подготовка на санитарна топла вода и греење во пролет и есен. - Со години испитував материјали, опрема, средства и други мерни индикатори, а потоа, врз база на добиените резултати одбрав најсоодветни градежни материјали и начин како да ја изградам куќата. На крајот, резултатите од моето истражување ми го потврдија она што веќе го знаев: за да се заштеди енергија, мора да се промени традиционалниот начин на градење, како и начинот на поставување на инсталациите во објектот - вели Ѕвонко..

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2028&Itemid=75
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 07-May-2010 at 14:27

Стопанска банка обезбеди 30 млн кредит за реновирање на РЕК Битола

07 мај 2010, 14:55
Извор: Макфакс
Скопје

Договор за кредит  во висина од 30 милиони евра во денарска противвредност потпиша денеска Стопанска банка со АД „ЕЛЕМ и македонската влада.

Станува збор за најголем одобрен кредит од една комерцијална банка во Македонија во последната година и е наменет за модернизација на „РЕК Битола“.

На денешната свеченост беше подвлечено дека модернизацијата на трите термо блокови во „РЕК Битола“ е од исклучително значење за целокупниот електроенергетски систем во Македонија.

Министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека се работи за најголемата инвестиција во „РЕК Битола“ од нејзиното пуштање во работа во 1988 година.

„Проектот за модернизација и автоматизација на „РЕК Битола“ покренува инвестиции во вкупен износ од 55,9 милион евра, од кои 30 милиони евра кредитно задолжување кај Стопанска банка, додека останатите средства во висина од 25,9 се сопствено учество на АД „ЕЛЕМ“, изјави Ставрески.

Тој додаде дека денешното потпишување за кредит во износ од 30 милиони евра, за кој владата обезбедува државна гаранција, претставува многу значаен чекор во напорите кој ги превзема владата за остварување на побрз економски раст и развој

Директорот на Стопанска банка Глигор Бишев информираше дека кредитот е со рок на отплата од 14 години, со вклучени 3 години грејс период, а каматната стапка е утврдена на месечен еурибор плус 4,75 проценти поени, што во моментов изнесува 5,16 отсто.

„Стопанска банка учеството во овој значаен проект го обезбеди на тендер на кој понуди најдобри кредитни услови и со тоа уште еднаш ја потврди својата сигурност, стабилност и капитална сила“, изјави Бишев.

Првиот човек на АД „ЕЛЕМ Влатко Чингоски изјави дека кредитното задолжување во овој инвестициски зафат пред се ќе биде насочено кон продолжување на експлоативниот век на термоблоковите за најмалку уште 120 милиони работни часови како и зголемување на довербата во работливоста на термоелектраните.

„Истиот треба да резултира и со зголемување на инсталираната моќност на секој од трите агрегати, за дополнителни 8,32 MW по блок, односно дополнителни 25 MW инсталирана можност за трите блока, преку подобрување на степенот за искористување на агрегатите за 3,7 отсто, тоа ќе значи зголемува на производството на струја од 160 до 200 гигаватчаса на годишно ниво без зголемување на потрошувачката на јаглен“, рече Чингоски. /крај/ап/

http://makfax.com.mk/_tools/article/106910/view
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 16-May-2010 at 18:38

Мариово ќе ја спасува Македонија од енергетската криза

Дарко Штаргоски Коментари (0)   
16.05.2010 16:00
Село Мариово

 

При крај се истражувањата околу наоѓалиштата за јаглен во Мариово. Досегашните испитувања, кои ги прави ЕЛЕМ, само ги потврдиле претпоставките од 70-тите години, дека тука има околу 111 милиони тони на јаглен, од кои 90% можеби се екслоатабилни.

„Најверојатно експлоатацијата ќе се изведува јамски, подземна експлоатација, дебелината на јагленовиот слој се движи до 16 метри“, вели Златко Илиовски, Градежен институт Македонија.

Се планира годишно да се произведуваат околу 2,5 милиони тони на јаглен, а имало доволни количества за 30 годишна експлоатација.

Има две опции како би се искористувал овој јаглен, едната е со помош на подвижна лента да се носи до РЕК Битола, а втората е тука во Мариово да се изгради термоелектрана со моќност од 300 мегавати.

РЕК „Битола“

 

„Праксата покажува дека спрема овој квалитет на јаглен најисплатлива варијанта, најекономски оправдана варијанта, би била термоелектраната да биде во близина на јагленовото наоѓалиште“, истакна Трифун Милевски, дипл. рударски инжинер во ЕЛЕМ.

Само отворањето на рудникот би чинело околу 110 милиони евра, а термоцентралата чини околу 350 милиони евра. Експертите поделени. За едни јагленот е одлична можност да се намали увозот на струја, а за други јамската експлоатација била скапа варијанта, поевтино било јагленот да се увези.

„Во овој момент со јамска експлоатација мислам дека се уште не одговара да се експлоатира бидејќи ќе добиеме најмалку 20 проценти поскапа струја“, рече Стојан Петкоски, рударски инжинер.

Бидејќи резервите со јаглен во РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“ се проценуваат до 2025 година, доколку државата не вложи под итно во нови капацитети Македонија може да доживее катастрофа.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=123204
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 16-May-2010 at 18:44
„“’’%’“‘&’“ Дали некој во МК може да замисли и опција со пруга како секаде во свет што се прави, а воедно и се подобрува комуникација на таа област.   
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 19-May-2010 at 23:10

Дождовите донесоа извоз на струја


Во првите четири месеци од годинава „Електрани на Македонија“ извезува речиси трипати повеќе електрична енергија отколку што увезува. Според податоците на Македонскиот електропреносен систем-оператор (МЕПСО), од јануари до април годинава се извезени вкупно 219 гигават-часа електрична енергија од ноќните вишоци. Цената на оваа струја е за околу 30 отсто поевтина од цената на дневната електрична енергија.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Димитар Петров, вели дека со Законот за енергетиката е дозволен извоз на ноќните вишоци на струја, кои се објавуваат транспарентно на веб-страницата на МЕПСО.

- На крајот на годината ние како регулатор ќе ги објавиме во извештај од сметководството сите приходи на ЕЛЕМ за извоз на струјата, како и расходите за увозот. Ако има вишок на приход, тоа ќе влијае врз намалување на електричната енергија - вели Димитров.

ЕЛЕМ годинава произведува големи количини ноќни вишоци на електрична енергија главно од хидроелектраните, чии акумулации се полни поради обилните врнежи. Само за споредба, лани во периодот од јануари до април биле извезени само 2,5 гигават-часа што е речиси 100 пати помалку. Поделено по месеци, во јануари, ЕЛЕМ извезол 72,3 гигават-часа електрична енергија, во февруари 60,7 гигавати, во март 12,9 и во април 73 гигават-часа.

Вкупното производство на електрична енергија на хидро и на термоелектраните во првите четири месеци годинава изнесува 2.428 гигават-часа, што е за 5,4 отсто повеќе од планираното, или 4,7 отсто повеќе од лани. Но годинава потфрлиле термоелектраните, додека хидроелектраните го надминале планот. Така, сите ХЕЦ заедно во првите четири месеци произвеле 1.015 гигават-часа, што е речиси двојно повеќе од планот со енергетскиот биланс за 2010 година. Споредено со лани, пак, сите ХЕЦ произвеле за 153 отсто повеќе електрична енергија во првите четири месеци од годинава. Термоелектраните произвеле вкупно 1.413 гигават-часа струја, што е за 20,1 отсто помалку од планот со билансот, или 26,4 отсто помалку од минатата година во истиот период.

Според поранешниот директор на МЕПСО, Атанаско Тунески, извозот на 219 гигават-часа е за пофалба, но тој смета дека можеле да се извезат уште најмалку 200 ако не се испуштеле во системот големи количини вода од хидроелектраните без од нив да се произведе струја.

Во однос на увозот, во првите четири месеци од 2010 година „Електрани на Македонија“ увезе 78,7 гигават-часа електрична енергија. Тоа е за 30 отсто помалку од минатата година. Заедно со директните потрошувачи или големите фабрики што сами се снабдуваат со енергенси, увезени се вкупно 570 гигават-часа. Тоа е за околу 8 отсто помалку од 2009 година, а околу 24 отсто помалку од планираното со енергетскиот биланс.

Потрошувачката на електрична енергија до април годинава изнесува 2.780 гигават-часа, на што ако се додадат извезените 219 гигавати, се добиваат вкупните потреби од 2.999 гигават-часа за овој период. Бруто-потрошувачката до април е за 9 отсто пониска од планираната, а 6,4 отсто помала од лани. Вкупните потреби, кои ја вклучуваат бруто-потрошувачката и извозот, се за 2 отсто повисоки од лани, и за 2,2 отсто пониски од планираното. Вкупните загуби при производството и во дистрибуцијата заедно изнесуваат 72 гигават-часа во првите четири месеци од годината, кои се за 2 отсто повеќе од лани и за исто толку помалку од планираните.

Горан Ризаов

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2F91E7E7EE7718469CFDB4BE70E6F5B2
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 27-May-2010 at 15:38

Нов јагленов комплекс во РЕК „Битола“


Во РЕК „Битола“ денес ќе биде отворен јагленов комплекс на рудникот „Суводол“ и ќе биде пуштена во употреба нова рударска опрема

 

 
%20  
Во комплексот се утврдени геолошки резерви од 55.000.000 тони јаглен, од кои можат да се експлоатираат 50.000.000 тони.

- Технологијата на експлоатација на подинската јагленова серија, исто како и онаа во рудникот „Суводол“, ќе се состои од ископ со континуирани БТО-системи, со користење дел од опремата од Суводол, и со еден комплетно нов БТО-систем, кој денеска свечено почнува да работи - велат од ЕЛЕМ.

Вкупната инвестиција за двете нови рударски машини изнесува нешто помалку од 17 милиони евра, од кои 15 отсто се средства на АД ЕЛЕМ, додека преостанатиот износ е банкарски кредит.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=5271092543&id=10&prilog=0&setIzdanie=21992

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 27-May-2010 at 22:08

ИНВЕСТИЦИЈА ВРЕДНА 25 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВЕКОТ НА РЕК БИТОЛА

Нова експлоатација на јаглен во Суводол


Како што објаснуваат од Електрани на Македонија, во чијшто состав работи и РЕК Битола, експлоатацијата претставува нов извор на јаглен со којшто ќе се произведува електрична енергија, со што со ова производство ќе се продолжи животниот век на трите блока на термоелектраната во Битола за најмалку уште две децении


Нова инвестиција во РЕК Битола е вредна 25 милиони евра. Стартува експлоатација на подинските јагленови серии (ПЈС), а средствата се вложени за проектирање, изработка, монтажа и ставање во погон на овој БТО (Багер-транспортер-одлагач) систем, при што околу 20 отсто се сопствени средства на компанијата, а останатиот износ се банкарски кредити од германската КФВ банка и Стопанска банка.
Како што објаснуваат од Електрани на Македонија, во чијшто состав работи и РЕК Битола, експлоатацијата претставува нов извор на јаглен со којшто ќе се произведува електрична енергија, со што со ова производство ќе се продолжи животниот век на трите блока на термоелектраната во Битола за најмалку уште две децении.
- Понискиот јагленов комплекс лежи под главниот продуктивен слој на експлоатациското поле на рудникот Суводол и зафаќа површина од околу три километри квадратни, односно третина од вкупната површина зафатена со главниот јагленов слој на овој површински коп - објаснуваат од енергетската компанија. Според нив постапката почна уште во 2004 година кога беа извршени сите детални геолошки и геотехнички доистражувања во Суводол. Потоа се изготви е техничка документација, при што се добиени потребните параметри за геолошката градба, инженерско-геолошките и геомеханичките карактеристики врз кои минатата година се изработи Главен рударски проект за отворање и експлоатација на ПЈС.
- При истражните работи утврдени се геолошки резерви од 55.000.000 тони јаглен, од кои експлоатибилни резерви се 50.000.000 тони со коефициент на откривка од 1 : 4,7 метри кубни за тон - велат од ЕЛЕМ.
За потребната експлоатација на рудата во функција ќе биде ставена во погон нова модерна рударска опрема. Се работи за багер од типот СРС 1050 и одлагач А2РСБ 5500, производство на германската компанија Такраф" и двата монтирани на монтажните платоа во РЕК Битола од страна на фирмата ЕЛ-ТЕ инженеринг од Скопје.


http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=7F4A7D0A3A6B1D43ABADD3E20954D118
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 28-May-2010 at 07:03

vakvi vesti navistina me zbunuvaat. Ednas se veli deka nemame dovolno jaglen a potoa ke se pojavi nekoe otkritie na ogromni kolicini na istiot. Ako e tocno ova, propaga vo voda namerata da se gradi nuklearna centrala. Sepak imame dovolno jaglen! 

Do sledniot novinski tekst

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 29-May-2010 at 19:39

Владата ќе инвестира преку 500 милиони евра во енергетиката

29 мај 2010, 17:00
Извор: Макфакс
Скопје

Во поглед на енергетиката, Владата има планирано неколку проекти со што ќе бидат инвестирани преку 500 милиони евра од Владата и плус средства од концесионерите, рече премиерот Никола Груевски.

„Она што сега следува е фокусирање на проектот „Бошков Мост“, додека проектот Чебрен и Галиште се проекти кој што добиваат полека своја завршница и ние се надеваме дека ќе завршат со успех. Само Чебрен и Галиште е проект кој ќе чинат меѓу 600 - 700 милиони евра и кој што во моментот се градат ќе влијаат на БДП од околу 2 отсто, а ќе се градат околу седум години“ рече Груевски.

Следен проект како што рече Груевски кој што директно Владата ќе го инвестира со подршка на ЕБРМ и Европската инвестициона банка е проектот „Бошков Мост“ кој што ќе чини 80 милиони евра и ќе биде значаен капацитет во енергетскиот систем на Македонија.

„Во план е исто така изградбата на Луково но и тука сме во преговори со Светската банка за подршка на овој проект. Тоа е на самата граница на Косово. Друг проект е истражувањето во Мариово за отворање на нов рудник во иднина“ рече Груевски.

Груевски додаде дека досегашните податоци укажуваат дека количината на руда веројатно ќе биде доволна за отворање рудник што неколку години ќе биде експлоатиран и ќе го продолжи векот на македонските енергетски капацитети, односно ќе овозможи изградба на нова термоцентрала од 300 мега вати, нагласи премиерот./крај/ир/
http://www.makfax.com.mk/#108742;jsessionid=858FA72B82FB1C9C269A329F94527031

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 29-May-2010 at 19:57
cebren i galiste se gradat?cccccc kolku se neinformirani nasive novinari
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 29-May-2010 at 20:01
Цитат е од премиерот, ваљда сакал да каже дека подготовката на тендерот конечно добива завршница.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 29-May-2010 at 20:16
ЕЛЕМ досега произведе речиси половина од планираната енергија за годинава
- Во првите пет месеци од оваа година „Електрани на Македонија“ успеаја да произведат 47,7 проценти од вкупното планирано производство за оваа година. -  генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Влатко Чинговски на свеченоста што по повод  Денот на македонското електростопанство се одржа во РЕК Битола.
 
Произведените 47,7 отсто значи натфрлање за 9,1 насто од планираното производство на енергија во првите пет месеци од 2010. Чинговски нагласи дека дополнителен успех е фактот што се е реализирано со намалено производство на електрична енергија од страна на термоелектраните. Според Чинговски, најголемиот дел од произведената енергија паднала на грбот на хидроелектраните во земјава кои оствариле производство колку за цела година.

- Ако за цела година од  хидроелектраните сме планирале производство на 1.147 гигават часа, само за првите пет месеци „Електрани на Македонија“  произвеле над  1.190  гигават часа, што значи го натфрлиле годишниот план  за 3,5 насто. – нагласи Чинговски.

http://www.kurir.com.mk/index.php/vesti/makedonija/12857-elem-proizvedena-energija
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 31-May-2010 at 18:22
Компании
PrintPdf
ЕВН постави нова трафостаница во Визбегово
Автор: Петре Димитров     18:51 | 31 мај 2010

Почна реализацијата на проектот електрификација индустриска зона Визбегово во општина Бутел

Деновиве ЕВН Македонија постави 10кв трафостаница за напојување со електрична енергија на индустриските капацитети во оваа индустриска зона.

Со ова се овозможува стабилност во снабдувањето со електрична енергија особено поради зголемениот интерес за нови потрошувачки капацитети во овој реон. Инаку, во оваа зона предвидено е наскоро изградба на уште две 10 кв трафостаници кои целосно ќе го задоволат бараниот капацитет, но и ќе овозможат простор за нови идни приклучоци.

Сето ова е овозможено по зимското активирање на два нови 10кв изводи кои ја напојуваат оваа зона од 110кВ трафостаница „Васил Главинов“.

http://www.forum.com.mk/#23870;jsessionid=09C89118E2700D690C450151EF2B9304
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 10-Jun-2010 at 16:14

Здуњчани против изградбата на далноводот Вруток - Тетово

Жителите не го даваат имотот без соодветно обесштетување

Киро Кипроски


ГОСТИВАР - Шаќир Муслиу, Аќиме Незири, Неџати Незири и Резак Ајдини од гостиварското село Здуње вчера се спротивставија на монтирање метални столбови за новиот далновод ХЕЦ „Вруток“ – Тетово што треба да се постават на нивно земјиште. За овој зафат, што требаше да го изведат работниците на „ЕМО - Охрид“, фирма ангажирана од АД МЕПСО. Жителите бараат обесштетување. Незадоволните здуњчани беа поддржани од дваесетина соселани на чии ниви во наредниве денови, исто така, треба да има метални столбови.

„Не сум против поставување метален столб. Но, прво да ми платат обештетување, а потоа нека градат“, изјави седумдесет и петгодишниот Шаќир Муслиу. Тој вели дека за 841 евро три години бил по судови и дека повеќе потрошил за адвокат и за судски трошоци, од надоместокот што го очекува. Муслиу нагласува дека парите за купување нива ги заработил со мака и деноноќно работење на печалба, а некој сака да му земе имот без пари.

Со поставувањето метални столбови среде ниви, тврдат луѓето од Здуње, пазарната вредност е намалена за неколку пати. Во овој дел на здуњскиот атар, кој е претворен во индустриска зона, понудата се движи меѓу 70 и 100 евра за квадратен метар. „Три столба треба да има на моите ниви. Тоа не го дозволувам додека МЕПСО не плати за отштета“, категоричен е Неџати Незири.

Пред три години, незадоволни од понудената сума од 15 евра за квадратен метар, оштетените здуњчани го тужеа МЕПСО. По неколку рочишта и вештачење на стручњаци по агрономија и економисти, лани, Основниот суд Гостивар донесе решение со кое наместо 15 евра, тужената страна треба да им исплати 27 евра. Ова решение МЕПСО го обжали. Како што вели Никола Стојанов, портпарол на компанијата, согласни се да ги обесштетат сопствениците по завршување на судската постапка кога ќе биде утврден. За оваа намена се депонирани средства.

АД за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост МЕПСО има судски извршни решенија за да гради и да подигнува метални столбови, а сопствениците да не ги попречуваат. Стојанов потенцира дека компанијата сака на мирен начин и во договор со сопствениците да ги изведува теренските работи.

Новиот 110-киловолтен двосистемски далновод ќе го поврзува ХЕЦ „Вруток“ - со трафостаница Тетово е од огромно значење за Полошкиот регион. Не само што ќе го зголеми капацитетот за пренос на електрична енергија, туку 120.000 жители на Гостивар и Тетово и на селските населби редовно и навремено ќе се снабдуваат со електрична енергија. Пред две години поради дефект на стариот далновод, жителите на овој регион неколку дена беа во мрак. За три месеци се очекува целосно да завршат сите работи и новиот 110-киловолтен далновод да биде ставен во функција. За изградбата на 113 метални столба на трасата долга 40 км ќе бидат ангажирани 3.000.000 евра кредит од Европската инвестициона банка и сопствени средства на МЕПСО.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F252C049775DE54590205A72FBAFACC8
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 20-Jun-2010 at 15:47
Груевски: Се очекува веројатно најкрупниот пакет на инвестиции во енергетиката

Скопје, 20 јуни 2010 (МИА) - Претседателот на Владата Никола Груевски денеска изјави дека веќе е сигурна изградбата на гасоводот во земјата и оти се добиени гаранции за изградба на хидроцентралата Бошков мост, а се работи и на изградбата на хидроцентралите Луково поле, Чебрен и Галиште.  

- Овие инвестиции како пакет се веројатно најкрупниот пакет на инвестиции во енергетиката од нашата независност до денес. Сите се веќе високо извесни, значи сигурни, и од тој аспект сериозно ќе влијаат на порастот на економијата и на БДП додека се градат, оцени премиерот.

Груевски изрази задоволство што изминатите денови претседателот на државата Ѓорге Иванов и заменик претседателопт на Владата Зоран Ставрески имаа успешни средби во Русија, каде се договорија неколку занчајни работи за изградба на гасоводот.

- Русија даде согласност Македонија да биде вклучена во гасоводот Јужен поток, што е многу значајно за нас, за нашата идна енергетска сигурност. Долго време работевме на овој случај. Лобиравме низ повеќе држави така што ова е круна на напорите што се правеа еден подолг период. Исто така, е потпишана и согласноста што наскоро треба да биде ратификувана во парламентите, со која ние го решаваме клириншкиот долг со Русија на начин што околу 60 милиони долари ќе бидат инвестирани во изградба на нашиот гасовод. Гасоводот нема да чини толку, ќе чини повеќе, рече Груевски. Останатите средства, додаде тој, ќе ги обезбедиме од буџетот и од Европската банка за обнова и развој. Во моментов гасоводот е во фаза на проектирање.

- Добивме исто така гаранции од Европската банка и од Европската инвестициона банка за финансирање на проектот Бошков мост, кој многу брзо би требало да се подготви и да се почне со градба, се надевам следната година. Во длабока фаза се разговорите и со позитивен сигнал од Светската банка за изградба на хидроцентралата Луково поле. Трет значаен проект се хидроцентралите Чебрен и Галиште, кои се во фаза на процедура на барање концесионер. Се очекува до крајот на ова лето да го дознаеме концесионерот, најави премиерот.

Овие инвестиции, според него, сериозно ќе влијаат на економијата и на БДП.  - Само Чебрен и Галиште додека се градат ќе има влијание за раст од два отсто на БДП, дополнително Бошков мост, Луково поле, изградбата на инфраструктура за гасификацијата...сите заедно ќе имаат сериозно влијание на растот на економијата и на отворање нови работни места, оцени Груевски.            

Претседателот на Владата, кој денеска беше на поставувањето камен-темелник на новата зграда на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, рече дека со ребалансот на Буџетот се прави кратење на многу позиции, но оти е внимавано да не запре ниту еден капитален проект.

- Можеби некои од нив само малку ќе забават, но сите остануваат во плановите за завршување. Сите проекти ќе бидат завршени, само малку ќе се раздолжи времетраењето на нивното завршување. Освен кај делот на капитални проекти, скратено е и во делот на материјални трошоци, и на други позиции. Извршивме и намалување на платите на министрите и на замениците министри и на некои други државни функционери за да покажаеме дека во овие тешки времиња ние сериозно и одговорно го разбираме скратувањето на средствата, изјави Груевски.

Премиерот демантираше дека Владата им должи на градежниците 600 милиони денари.

- Износот кој А1 телевизија го изнесе дека им должиме 600 милиони на градежниците е целосно неточен. Колку што разбрав тој износ е пласиран од поранешен министер, човек кој пред 17 години кратко време беше министер за финансии. Сумата е целосно неточна и е многу далеку од вистината. Ние се трудиме на сите навреме да им плаќаме, иако некогаш има мали задоцнувања, но за кратко време се средуваат тие работи. Тоа може директно да го проверите во фирмите со кои соработуваме, рече премиерот.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=74868322&lId=1&pmId=504
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 22-Jun-2010 at 18:55

ЕВН - ОПШТИНА ТЕТОВО


Реконструкција на електроенергетската мрежа


Реконструкција на електроенергетската мрежа во центарот на Тетово е заеднички проект на ЕВН-Македонија и општинските власти за модернизација на мрежата и подобрување на снабдувањето со електрична енергија. Со овој проект, нисконапонската воздушна мрежа на улиците во најстрогиот дел од центарот на Тетово, се реконструира во подземна со зголемен кабелски капацитет.

Со ова заедничко вложување на општината и ЕВН-Македонија се елиминираат сите атмосферски влијанија и критични точки при снабдувањето, а истовремено подземната електроенергетска мрежа се усогласува со тековната реконструкција на улиците во градот Тетово. Такви проекти се предвидени и во други делови од градот Тетово, за што ЕВН-Македонија не ја исклучува можноста и за понатамошна соработка со општината.

Инаку проблемите кои во годините наназад се јавуваа со снабдувањето со електрична енергија во Полошкиот регион се веќе минато. Тетово и Долни Полог на крајот на минатата година добија нова 110 кВ трафостаница со која се обезбеди квалитетно напојување за потрошувачите од општините Теарце, Јегуновце, Желино и дел од Тетово.

 
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 24-Jun-2010 at 15:03
Нов далновод Вруток - Тетово dalekovod.jpgЗа три месеци се планира да завршат сите планирани работи на изградбата на новиот 110 киловолтен двосистемски далновод ХЕЦ „Вруток" - Тетово. На траса долга 40 км ќе бидат поставени 113 метални столбови.

Работите ги изведува АД Емо од Охрид. Инвеститорот АД за пренос на електрична енергија и управување со електроаенаергетскиот систем ќе вложи 3.000.000 евра сопствени средства и кредит добиен од Европската инвестициона банка.

 

Со ставањето во функција на новиот далновод, не само што ќе се зголеми капацитетот за пренос на електрична енергија, туку над 120.000 жители на полошките градови Гостивар и Тетово и на селските населби, редовно и навремено ќе се снабдуваат со електрична нергија без проблеми и дефекти.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2258&Itemid=125
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 28-Jun-2010 at 15:15

Нова студија за старата топлана во Каменица

Општина Македонска Каменица работи на изготвување студија за активирање на постојната топлана во градот, која веќе десетина години не работи.

Според градоначалникот Дарко Митевски, студијата во која и Општината Македонска Каменица вложува сопствени пари треба да покаже дали може топланата да користи биомаса како енергент.

Воедно се очекува студијата да ги презентира расположивите капацитети за добивање биомаса во Источниот плански регион, како и за потенцијалите на расположливиот шумски фонд.

Студијата за ревитализација на топланата во Македонска Каменица е поддржана и со пари од Источниот плански регион, во чиј дел спаѓа и Македонска Каменица.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CA6F5DFE69F0184AB9661B6634ED1B34
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 12-Jul-2010 at 17:31

Ѓубрето од лозјата ќе го грее Неготино

Од шест илјади тони биомаса од комињето и исечени винови лози може да се добијат 1.315 киловат-часови топлинска енергија и 350 киловат-часови струја

Комињето добиено како отпад при производството на грозје во винарската визба „Повардарие“ од Неготино со ѓубрето што останува по кроењето на виновите лози во иднина би можеле да се користат за добивање електрична и топлинска енергија во постројка во близина на винарницата. Ќе се добие топла вода, која преку систем на греење на далечина ќе ги затоплува јавните објекти во градот, како училишта, болници, полиција, зградата на општината. Голем интерес за новиот проект покажал и приватниот сектор, па ќе им била дадена можност и на домаќинствата да ја користат ова чиста енергија произведена на еколошки начин.

- Следува регистрацијата на проектот во рамките на механизмот за чист развој пред одборот на Обединетите нации - соопшти Никола Тиеци од консултантската куќа „Икаро“ од Италија.

Тој беше еден од промоторите на пилот-проект за добивање енергија од биомаса. Промоцијата се одржа вчера во Неготино, а е дел од билатералната соработка помеѓу Италија и Македонија. На промоцијата беше кажано дека од овој проект, на кој се работело изминативе шест месеци, интерес би имале и двете страни.

Промоторите истакнаа дека досега ѓубрето од лозаровинарството не се користело за ништо. Со овој проект, ќе им се помогне на лозаровинарите да се ослободат од него, а за тоа ќе добијат пари.

Со пилот-проектот се предвидува постројката да се храни со шест илјади тони биомаса годишно. Од вкупно произведената енергија, 80 отсто ќе бидат топлинска, а остатокот електрична. Тоа би значело производство на 350 киловат-часови електрична и 1.315 киловат-часови топлинска енергија. Со топлинската, би можеле да се загреат 30 илјади квадратни метри површина. Топлинската енергија ќе биде со пониска цена од онаа произведена со традиционални горива. Ако проектот се покаже како успешен тој би се пресликал со нови постројки во целиот Тиквешки регион.

Елаборатот за влијанието на проектот врз животната средина изработен од друштво за еколошки консалтинг од Скопје покажал дека работата на постројката ќе нема значително влијание врз животната средина. Италијанците веќе поднеле писмо за интерес до Министерството за животна средина. Во светот вакви постројки веќе биле секојдневие.

По довршувањето на бизнис-планот, тој ќе се понуди до инвеститори. Италијанците се сигурни дека ќе има интерес за вложување во економски исплатливиот проект кој тежи над 2 милиона евра.

Светлана Дарудова

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A429CE7D07588847AB999AE2CBAC434D
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 1.131 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.