Тунел под Кале |
Post Reply | Page 123 6> |
Author | |
alexgizh
Moderator Group Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
Quote Reply
#1 Topic: Тунел под Кале Posted: 14-May-2010 at 12:28 |
Бидејќи и официјално тунелот влезе во ДУП, реално е да отвориме и посебна нишка за него. Иако не знаеме кога (или дали) ќе се гради.
Ја зедов сликата за ДУП Тетовска Трошарина и ја споив со гугл мапс, па еве една кратка анализа што може да очекуваме во врска со овој проект: Обележаниот дел од патот со црвено (не кругчињата) го сметам за најкритичен дел бидејќи тука е најголемиот дел стокмен за експропријација, материјал за баждарење и/или работа за судови што може да ја завлечка работава со години. Црвените кругчиња се друга работа. За тие две од левата страна на Вардар се во позитивна конотација, а за десната страна во негативна. Двата објекти мислам дека се во сопственост на Рудине, едниот (тој погоре) е магацин, а другиот е тој разрушениот недограден. Кога ќе ги рушат има да седам отспротива и сладолед да јадам За од другава страна, изгледа паркот ќе треба да оди курбан. Еден од најубавите урбани катчиња во цело Скопје, со ќуќарката со клупи... Ама ако тоа е најголемата жртва за да се растерети Скопјево од гужви, би го простил.... Ваше мислење? Edited by alexgizh - 14-May-2010 at 12:30 |
|
my Macedonia
Senior Member Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Online Posts: 4090 |
Quote Reply #2 Posted: 14-May-2010 at 15:35 |
Ne mi se veruva deka ke se realizira ovaj proekt.
A ubavo ke bese da se gradi, vo edna strana soobrakjaot a od druga strana se pomalku kucarki i haos, samo vo cair ke pocno da ima problemi.Nikoj ne se soglasuva da dava kuka samo da se gradi pat. Iako mu dava gradot mesto za ziveenje, sepak stan ne e isto ko kuka. Znaci do opstina centar moze nesto da se prajt a od tuka, do cair ne znam.
Najdobroto resenije e da si gi kupi gradot celata parcela so site kuki, i da pocne so proektot(zvuci nesto budalo ama ovaa e edistvenata moznost, barem spored mene)
Ako cekame nesto od cair, ne bi veruval na nesto seriozno, osven eden mal patce i toa.
|
|
Andrej_LJ
Senior Member Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
Quote Reply #3 Posted: 14-May-2010 at 17:11 |
Јас сакам да знам дали овој мост е замислен да го минува Вардар како сите останати на ниво на земјата или ќе треба да се подигне уште пред самото премостување за да се избегне раскрсницата со улицата под Калето. Ако тоа е така, тогаш овој мост би бил најдолг и најскап за изведба, кој веднаш би требало да се влива во тунелот.
|
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|
mitatos
Senior Member Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
Quote Reply #4 Posted: 14-May-2010 at 17:23 |
Според мојата замисла многу добар мост би можело да никне тука, само доколку се реализира ..... малку повеке пари али многу добра слика на скопје со некаков висечки мост пошто положбата е таква.
|
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #5 Posted: 14-May-2010 at 19:19 |
Имаш неколку грешки во скицата. Прво малку slightly на лево забегува. Проаѓа точно врз разружениот магацин, тоа може би некој офсет додека си го монтирал дуп-от. Нема везе не е до толку и нешто битно. Работава бше да пишпам дека нема тамо раскрсница туку клучка дијамант (како онаа во автокоманда, естекада). Така да многу повеќе има тамо да се чисти терен.
|
|
Supervisor
Senior Member Joined: 28-Jan-2008 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 1220 |
Quote Reply #6 Posted: 14-May-2010 at 20:14 |
Во ред е проектов ама не разбирам која е целта за негова изградба. На сите ни е јасно дека делот накај Скопје Север и Шутка е еден од најруралните во градов. За жал на Скопје му е прерано за толку крупен чекор.
Друга работа е што пластичарска улица си има свои закони за градби, и тешко дека таму може и полицијата да заврши работа. Доколку се оди со проширување во овој дел мислам дека првенствено треба да се пробие Северен Булевар накај Александар Палас. |
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #7 Posted: 16-May-2010 at 21:52 |
Во контекст на дискусијата http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=923&PID=65560#65560
Колку што гоогле еартх е точен во однон на висините и колку тие може прецизно од сателит да измерат се обидав да добијам некоја висинска разлика од најниската и највисока точка на Кале. Значи сега идам со груба проценка. 15-тина метри е висината на ридот во тој дел. Ако еве груба проценка тунелот влегува на половина од тој тунел нека биде тоа на 8 метри и висина на тунелот од некои 5 метри (4 и нешто ситно висина над коловоз + дополнително уште еден оставам поради плочи и инсталации) се доаѓа до 13. Два метри висина воопшто не се исплати туку дополнително треба да се плати цена за изградба на комплетен тунел, инсталации, константно осветлување што е трошок, намалена безбедност и видливост. А со ископ единствено ќе треба да се направат два потпорни ѕида од страна и завршена работа. А незнам што би добиле со тунел. Стварно мислам дека некаков континуитет на ридот не вреди таа цена. Нормално би можело над ископот да се направи некаков пешачки мост преку кој кога ќе се проаѓа би се имало одличен поглед на новиот некој репрезентативен мост за Скопје. Ах како незнаев малку да рчнам нешто 3д, милијарда идеи низ глава ми се свртеа. Edited by lslcrew - 18-May-2010 at 14:31 |
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #8 Posted: 16-May-2010 at 22:13 |
Усвари предлогов со паркло-то што го пишав сега колку што гледам и нема некоја голема потреба од тоа. Уствари ни во ГУП нема нешто такво вцртано. За едно маало и не се исплати цела клучка, посебно на специфичен терен. Нема потреба од вкрстување, Гоце Делчев мостот сосема ги задоволува потребите на тоа маало и целата дипломатија за поврзување со центар.
|
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #9 Posted: 16-May-2010 at 22:33 |
Всушност и немора никаков дополнителен пешачки мост кога ќе се земе во предвид дека горе треба да проаѓа новопроектирана улица за нововцртаните објекти. Така да таа улица ќе има и тротоари и нема потреба од никаков дополнителен мост. Калето ќе ќе се оддржи како еден континуум. Потпорните ѕидови ги вцртав така без врска, незнам ни каков е теренот детално ниту какви нагиби треба да има. Но по сите изгледи до сега ми се чини дека подобро решение и попрактично би било вертикален ископ. Edited by lslcrew - 16-May-2010 at 22:37 |
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #10 Posted: 18-May-2010 at 02:13 |
Висините што предходно ги споменав беа земени од гоогле еартх и далеку се од точни. ДУП-от го има на општинската интернет страница на Општина Центар и ги има висинските коти на улиците така да се обидов да склопам некоја аматерска пропорционална скица од страничен пресек како би изгледало ова. Нормално конфигурацијата на теренот на кале е произволно земена.
Со зелено е варијантата под претпоставка дека тунлеот од страна на Вардар влегува на најдолно можно ниво, а излегува од странаа на Дуќанџик на највисоко можно ниво. Ваквиот нагиб ниту на паинт скица не ми изгледа логичен, така да со кафеаво е трасата под претпоставка дека уште дел од висината се постигнува со мостот што е пологична и поверојатна варијанта. Edited by lslcrew - 18-May-2010 at 02:14 |
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #11 Posted: 18-May-2010 at 20:53 |
@ alexgizh & lslcrew
Момци, веќе беше споманто во вестите за ДУП-от дека Климент Охридски треба да влегува во тунел на 7 метри над Лазар Личеноски. alex, ова меѓудругото би значело и дека пред тунелот би бил мост, а со оглед на вкупната висинска разлика можеби мостовска конструкција би била потребна на целиот потег од кај „Жабар“ до влезот во тунелот... не премногу висок мост, но сепак веројатно е неопходна некаква конструкција по целата таа должина или делумно насип. |
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #12 Posted: 19-May-2010 at 03:03 |
Не сум прочитал дека пишувало некаде 7 метри.
Од Св. Климент Охридски до Лазар Личеноски има точно 500 метри. И уште некои дополнителни 20-тина метри до влезот на тунелот. Тоа е повеќе од пола километар маневарски простор освен функционално, Скопје да добие и репрезентативен мост. Во врска со висините, одприлика страната од кај Св. Климент Охридски е метар два повисока од Лазар Личеноски, уствари и тоа не е битно толку. Ако тунелот треба да влегува 7 метра над Лазар Личеноски тогаш тоа и не е така мала висина за да биде премостувана со насип. Тоа е безмалку три спрата. Прво за 7 метри висок насип треба голема ширина, од друга страна со тек на време може да легне и да биде како дупка на среде пат, а и ќе треба де факто да се градат два моста не еден и само дополнително би била трн во целава работа. Тука може со некои интересни скали или цикцак нагиби увртени околу столбовите да се добие интересна конекција на тротоарите од мостот со кејот и СРЦ Кале. |
|
alexgizh
Moderator Group Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
Quote Reply #13 Posted: 19-May-2010 at 09:00 |
А има ли воопшто потреба од насипи? Неможе ли да се реши мостов како надвозникот кај Кале?
|
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #14 Posted: 19-May-2010 at 12:47 |
Де бре луѓе, како се фативте за тој насип
Па јас само реков можеби насип на дел од трасата. Значи само евентуално доаѓа во предвид насип и тоа на деловите каде што не би бил премногу висок и гломазен, за да се скрати должината на мостовската конструкција и за да се намали цената. Сето ова треба да го израчунаат стручни лица кои ќе ги имаат потребните податоци, а јас само ја спомнав можноста во склоп на тоа што кажав дека веројатно коловозот ќе треба да се издига по целата должина од кај „Жабар“ па до влезот во тунелот. |
|
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #15 Posted: 06-Jan-2018 at 21:21 |
Со тунели под Кале сообраќајно ќе го споиме градот
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=%D0%A1%D0%BE-%D1%82%D1%83%D0%BD%D0%B5%D0%BB%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%B4-%D0%9A%D0%B0%D0%BB%D0%B5-%D1%81%D0%BE%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D1%98%D0%BD%D0%BE-%D1%9C%D0%B5-%D0%B3%D0%BE-%D1%81%D0%BF%D0%BE%D0%B8%D0%BC%D0%B5-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D1%82&id=3a3d33cd-80c1-49d1-9896-f5deb82362c5 |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #16 Posted: 06-Jan-2018 at 21:22 |
Колку отприлика би чинел тунелот под Кале?
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
phenomenon
Senior Member Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2664 |
Quote Reply #17 Posted: 06-Jan-2018 at 22:05 |
Откаде ќе почнуваат и завршуваат тие тунели под Кале? Кај Старата Чаршија или Бит-Пазар?Претпоставувам дека еден тунел ќе следи во продолжение на булеварот Свети Климент Охридски кој допрва треба да се изгради.
Еве некои ориентациони цени: https://www.greaterauckland.org.nz/2016/10/05/the-costs-of-tunnelling/ Инаку, треба и тунел под Водно, но ми се чини дека ем ова е преголем залак за Скопје, ем не им никаков приоритет на локалните власти, кога веќе не се нафаќаат да решат далеку понекомплексни проблеми како што се јавниот сообраќај, градска железница и изградба на паркинзи или катни гаражи кај Хиподром и Сарај за нескопјаните да си ги оставаат своите возила и да продолжат со градски превоз кој Коце поради своите каприци им го ускрати. |
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #18 Posted: 06-Jan-2018 at 23:27 |
Еве од наменската тема за тунелов:
Со изградба на овој булевар, логично би било и проширување на Втора Македонска Бригада и Никола Карев (Пластичарска). Прилично корисен проект за Скопје. Доколку добро се сеќавам, Шилегов во една ТВ дебата спомна цифра од 220 милиони евра, но не ми текнува дали тоа се однесува на прстенот околу Скопје или на сите инфраструктурни проекти коишто ги планира. Препоставувам дека е второто. Околу тунелот под Водно, мислам дека тоа е апсолутно непотребна инвестиција. Би бил прескап, а од другата страна на Водно нема речиси ништо, така што не знам која е логиката позади ова. Освен доколку Скопје не стане двамилионски град кој би се ширел и од другата страна на Водно. |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #19 Posted: 23-Jan-2018 at 23:34 |
Не верувам дека ќе градат паралелна надземна сообраќајница од Соборна до Џон Кенеди. Многу поверојатно, поефтино, а според мене и попрактично и поефикасно е да се изгради мост на крајот на Свети Климент Охридски (позади Влада), да се изгради тунел лево од МСУ, а со Никола Карев и Македонско Косовска бригада да се спои со клучка.
Да се реализираа во минатото, сега ќе немавме проблеми со возењето низ Скопје и аерозагадувањето – “Партизанска” под плоштад и тунел под Кале – решенија за сообраќајниот јазол во центарот
http://vecer.press/%D0%B4%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D1%80%D0%B5%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D1%81%D0%B5%D0%B3%D0%B0-%D1%9C%D0%B5-%D0%BD%D0%B5/ |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #20 Posted: 24-Jan-2018 at 11:58 |
Апсолутно никаква негативна забелешка немам за проектот, единствено што очекувам е да се реализира. Ако тунелот под Кале се изгради, заедно со Јужниот булевар под земја кај Рамстор, Скопје ќе може да го растерети сообраќајниот метеж на клучните места во градот.
|
|
Post Reply | Page 123 6> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |