![]() |
![]() |
![]() |
Концесија на автопатишта |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 7891011 14> |
Author | |
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
EVE I MALKU POOPSIRNO........
Патиштата (пре)крупен залак и за големите странски компании?Што се случува со тендерот за концесии за изградба, реконструкција и наплата на патарина на дел од патната мрежа во земјава по должина на транспортниот Коридор 8, односно Исток-Запад? Неодамнешното најново одложување на рокот до кога заинтересираните компании треба да ги достават своите понуди ги покрена гласините дека не му оди и на овој мега проект, чија вкупна вредност е околу милијарда евра. Поточно, последното трето пролонгирање на крајниот рок за доставување на понудите за 30 дена, односно за 4 мај, на овој меѓународен тендер, со кој практично треба да се воведе концесионерството во изградбата на патната мрежа во Македонија ги подгреа сомневањата и претпоставките во крајниот позитивен исход на овој зафат. Притоа, некои првични експертски мислења се дека тендерот нема да успее зашто станува збор за неатрактивни патни делници, а за други вкупната цена на проектот од една милијарда евра е прекрупен залак и за странските, а не само за домашните компании. Сето тоа, нормално, се врзува нетрактивноста на земјава за поголеми инвестициски вложувања, како последица на се уште нерешените стратешки политички прашања околу нејзините европските интеграции, потоа традиционалната болка – малиот пазар, односно недоволната сообраќајна фреквенција во текот на годината по патните делници кои се нудат за концесија, како и неможноста за пораст на транспортните движења , како резултат на се уште присутните транспортни, гранични и царински ограничувања во регионот. И се така во недоглед, велат, е дел од причините за статус кво состојбата со овој тендер, кој се уште чека на официјалниот старт. Деновиве песимизмот во врска со овој зафат го искажаа и од Стопанската комора на северозападна Македонија, од каде што во повеќе наврати го истакнаа значењето и потребата од развој на сообраќајната инфраструктура во населените места, кои лежат на трасата на транспортниот коридор Исток - Запад. Имено, според Шефки Алити, иако има заинтересирани за овој тендер, и тоа од големите европски фирми, тој нема да успее зашто патните правци што се даваат на концесија имаат мал проток на возила. Ваквото мислење е составен дел и на проценките и на стручната и на обичната јавност во земјава и според многумина тоа е и најголемата недоумица, која ги колеба инвеститорите да влезат во еден ваков проект. Наспроти овие песимистички гледања и црни прогнози, во Министерството за транспорт и врски ја смируваат топката и велат дека засега се е в ред. Односно, дека, како што при последното прологирање на крајниот рок за добивање на понудите беше соопштено од овој ресор, а тоа потоа го потврди и ресорниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески – одлагањето го побарале повторно заинтересираните компании. А, Министерството го прифатило нивното барање со цел да им се излезе во пресрет на заинтересираните понудувачи навреме и квалитетно да ја комплетираат потребната документација за добивање на патна концесија во државава. Поради тоа се промени документацијата за доставување барања за учество во првата фаза од постапката (претквалификација). Министерот Јанакиески истакна дека е убеден дека проектот за воведување на концесионерството во изградабата и модернизацијата на патната мрежа во земјава ќе биде успешен. Зашто, како што посочува, постои голем интерес од реномирани големи компании кои можат да се јават на тендерот за избор на концесионер за изградба на патиштата во Македонија и веќе имаат локални претставници и работат на потребната документација. Од Министерството, исто така, укажуваат дека за интересот на компаниите зборува и податокот дека на преклани распишаниот јавен повик со цел да се види првичниот интерес на заинтересираност, се јавија дури 48 компании, финансиски институции и конзорциуми. И тоа од Европа, односно од Германија, Франција, Шпанија, Португалија, Турција и Грција, но и од Северна Америка, Кина и Индија. А, меѓу заинтересираните беа и австриски “Шрабаг” и “Рајфаизен инвестментс”, хрватска “Ингрa”, американската “Бехтел”, грчката “Tерна” ... Со оглед на респектабилните имиња на овие компании и така големата првична заинтересираност, од Агенцијата за патишта веќе посочија дека очекуваат на претстојниот тендер да се јават четири-пет сериозни компании, кои во конзорциум ќе можат да ги исполнат строгите тендерски услови за ваков тип проекти. Сепак, иако со најновото одлагање, наместо 143 дена, колку што имаа досега, заинтересираните компании сега добиваат вкупно 173 дена да се вклучат во овој проект. Во исто време, тоа ќе повлече и продолжување на рокот за доставување понуди во втората квалификациона фаза. А, тоа ќе значи и временско прологирање и на целокупната постапка за воведување на концесионерството во изградбата, реконструкцијата и наплатата на патарина на дел од патната мрежа во земјава, што првобитно се проценуваше на најмалку една година. Инаку, како што е познато, Министерството за транспорт и врски во средината на ноември минатата година го објави јавниот повик за прибирање понуди од заинтересирани компании, или конзорциуми, за давање под концесија на два пакета веќе изградени, но и нови патни правци, по трасата на Коридор 8, во вкупна вредност од околу една милијарда евра . И тоа, Источен, во должина од 177,5 километри и Западен, со вкупно 196 километри. Притоа, за источната концесија беа понудени патните правци: Крива Паланка-Романовце, Кочани-Штип, Миладиновци-Штип, Миладиновци-Скопје и обиколницата на Скопје, во вкупна вредност од 434 милиони евра, додека за западната концесија: Стенковец-Блаце, Гостивар-Ќафасан, Требениште-Охрид, Струга-Подмолје и Гостивар-Тетово-Скопје, во вредност од 558 милиони евра. Концесионерите ќе имаат обврска да ги (до)изградат и реконструираат овие патни правци за најмногу осум години, а потоа со нив да стопанисуваат 35 години. Но, истовремено и да ги одржуваат и да наплатуваат патарина. Меѓу условите за квалификација на фирмата или водечкиот партнер во конзорциумот на овој тендер се да има вкупен годишен промет од најмалку 500 милиони евра, искуство во проектирање и изградба на автопат од најмалку 100 километри, во последните пет години и искуство во реализација на договор за концесија, која вклучува изградба, одржување и користење на автопат од најмалку 100 километри во последните 10 години. Покрај ова, за првиот пакет патишта се бара и банкарска гаранција од 14 милиони евра, а за вториот - 17 милиони евра. http://www.biznis24.com.mk/node/7064 Edited by Cloverstack - 06-Apr-2010 at 15:03 |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
На оваа страна ја има тендерската документација за концесионирање на патишта. Има некои детални информации, а и некои мапи видов од трасите, па може да ни разјаснат многу.
http://www.mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=1340 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Има интерес за концесија на патиштата
Скопје, 5 мај - За првиот пакет патишта кои треба да се дадат под концесија, а за што е објавен тендер, има интерес и се очекува изградбата на предвидените делници да почне во средината на наредната година.
- Засега има добар интерес и се надевам дека тој интерес ќе биде изразен и на денот кога ќе се доставуваат понудите. Потоа ќе следува евалуација, па преговори за потпишување на договори, па изнаоѓање финансиска конструкција. Тоа е еден макотрпен процес, бидејќи се работи за крупна инвестиција и доколку успееме на средината на следната година да почне физичка градба на дел од овие автопатишта ќе бидеме презадоволни, истакна премиерот. (МИА)лни, истакна премиерот. ( http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2026&Itemid=106 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
МакедонијаТендерот за патиштата ќе се отвори на 20 мајсреда, 05
мај 2010, 17:13Реализацијата на проектот за
изградба на нови 380 километри автопат низ земјава ќе започне најрано
на средината на наредната година. По неколку одложувања на 20 овој месец
властите ќе ги отворат понудите на заинтересираните компании кои во
замена за инвестицијата ќе ги добијат автопатиштата на концесија од 35
години. Премиерот Груевски изјави дека станува збор за проект вреден
околу 1,2 милијарди евра. Според него, станува збор за макотрпен процес,
а имало доста заинтересирани компании.
За да успее да привлече повеќе компании владата е подготвена и да ги
субвенционира заинтересираните концесионери со 200 милиони евра, а во
пакетот ќе ја додели и веќе изградената скопска обиколница и автопатот
Скопје-Гостивар. Според првичните анализи потенцијалниот концесионер ќе
треба да потроши околу една милијарда евра за изградба на источната и
западната траса патишта, а од патарините и другите приливи ќе заработи
2,3 милијарди евра. Државната каза за целиот период ќе се збогати само
за 260 милиони евра.http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mid=36&eventid=21885 Edited by lslcrew - 06-May-2010 at 19:37 |
|
![]() |
|
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
Целата идеја за давање на патните правци под концесија мене ми се допага. Доро е што владата признава дека како држава немаме сила да изградиме автопат, не ја пика главата во песок. А кога веке дозволуваме други да градат, тогаш треба и да им се оствви профитот, а не да се жалиме отпосле колку само малку пари ке сотанале во државната каса. И така тој профит нема да биде голем. Немаме доволно проток на возила за изградбата да биде профитабилна, така да инвеститорот ке мора да се задоволи со мали профит маргини. Затоа и мислам дека нема да има голем одзив, и дека државата сепак ке мора да помогне со инвестиции барем за некои правци. А тоа ке се отегне.... Овде би кажал и неколку збора за коридорите. МОјата теза е дека тие се пренагласени, посебно коридорот 8. Без сомнение тој е многу важен за Македонија, но не е важен за Бугарија. Затоа тоа е политичка одлука дали и со која динамика ке се гради. А ке се гради уште неколку децении, тука мислам на автопатско и железничко решение по целата должина. Без Бугарија коридорот 8 е само празно слово на хартија. а немам впечаток дека тие го ставиле како приоритет, тоа им е правецот Истанбул Софија НИш Белград Западна европа. Турција освен преку Бугарија преку Виа Егнација е поврзана со Италија и Европа. Така да не гледам логика за толку врева околу коридорот 8. Да нема недоразбирање, тој е важен за наше внатрешно поврзување, но исто така а можеби и поважно е да се поврзат Струмица и Скопје, преку Радовиш и Штип. Тој правец е битен за да се овозможи населениоето кое гравитира на пр околу Св НИколе да патува на работа во Скопје. Со еден збор треба да повторно да се разгледаат нашите приоритети и ако трба да се изменат, но без мешање на политиката. |
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
Се сложувам Ненад дека Бугарија во моментов има поприоритетни правци, но не би се сложил дека коридорот 8 е битен само за Македонија. Јас не би го гледал тоа само како транзитна паневропска артерија, туку за едно природно поврзување на градови/земји со кои комуникацијата била нарушена во последниов век од вакви или онакви причини.
За приоритети мислам дека скоро зборувавме, и дефинитивно треба да се заврши коридор 10 пред да се фати било што друго (остануваат само уште 30на км). Следен би го приоретизирал Скопје-Блаце а веќе потоа би се зафатил со реализација на еден нов сегмент од коридор 8. Како што некои форумаши предлагаа, згодно би било да се почне можеби од Охрид со оглед на тоа што тамошниот терен е лесен и би била една "брза победа". А да, заборавив мора веднаш да се инвестира и во реконструкција на Скопје-Куманово и Скопје-Велес кои се во ужасна состојба. Другите автопатски делници кои ги имаме се во ред. |
|
![]() |
|
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
Мислам дека заборавате дека најважен можеби коридорот 8 е за Италија. Преку коридорот јужна Италија директно бисе поврзала со Албанија, Македонија и Бугарија а со тоа вероватно би се зголемило нејзиното влијание на Балканот и би ја доближило до Турција и Азија. Од друга страна, Бугарија е голема држава со битни коридори и не верувам дека тек така ќе се откаже и од овој, иако приоритетите можеби не се најважни. Значи интерес ако не веднаш, за 5-10 години ќе има поголем, а за нашата држава овој коридор е од стратешко значење бидејќи би ни овозможил брз и полесен пристап до пристаништата во Албанија и Бугарија па нема да зависиме само од Солун. |
|
![]() |
|
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
тоа и јас го велам, коридорот 8 е претежно политички, затоа и е прогласен за коридор. Самиот тој политички момент носи и одредени негативни страни, зависиме од вољата на соседните влади на кои не ми се брза, не е природен коридор каде економските интереси преовладуваат. Не спорам дека за нас тој е многу важен, со него и внатрешно и надворешно се поврзуваме но времето си врви а тој не е готов. И тука нема што да правиме, овде нашата влада (влади) не можат многу да направат освен постојано да го актуелизираат тоа прашање. |
|
![]() |
|
shaun.r ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 06-Jul-2009 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Доставени 8 барања за учество во постапката за
концесија на патишта -
20.5.2010
Почитувани, Ве информираме дека денес во
Министерството за транспорт и врски беа отворени барањата пристигнати по
јавниот повик за доставување барања за учество во постапката за
доделување концесија за вршење на работите на изградба, одржување,
наплата на патарина и користење на дел од државните патишта во Република
Македонија, кој беше објавен во домашните, меѓународните медиуми и на
интернет. Барања за учество во постапката доставија вкупно 8 компании. Во следниот период следува
постапката за претквалификација
во која Комисијата ќе утврдува дали
заинтересираните страни имаат соодветна
економско–финансиска и техничка способност за спроведување на концесија
од овој вид и обем. Заинтересиранитестранизакоиќесеутврдидекајаимаатбараната
способност ќе се поканат да подигнат тендерска
документација и достават понуди, односно да
учествуваатво втората фаза на постапката. По доставувањето на понудите истите
ќе се евалуираат, при што ќе се избере најповолниот понудувач. Предметот
на концесија опфаќа вршење на работите за
изградба, реконструкција, одржување, наплата на патарина и користење на
патните правциво два
пакети. Во првиот пакет предмет на концесија
се патните правци Крива Паланка – Романовце, Кочани
– Штип и Миладиновци – Штип,
преку Свети Николе, како и вршење на работите на одржување,
реконструкција, наплата на патарина и користење на патните правци
Миладиновци – Скопје и обиколницата на Скопје. Во вториот пакет, се
патните правци Стенковец – Блаце и Гостивар
– Ќафасан и правецот Гостивар - Тетово -Скопје. Владата на Република Македонија ги
создаде сите потребни предуслови за реализација на овој проект, а за
дефинирање на условите и вршење на студијата за оправданост на
издавањето под концесија, како и формирање на пакетите патишта кои се
дел од проектот, претходно по пат на меѓународна јавна постапка беше
ангажирана реномираната консултантска куќа „Louis
Berger“ која ги изработи соодветните економско-технички
анализи и студии. Со почит, http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=2538 |
|
![]() |
|
shaun.r ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 06-Jul-2009 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
koridorite 8 i 10 kako i site ostanati ne se samo avtopatista i zeleznica nego i 400kv energetsko povrzuvanje i telekomunikacika vrska(se realizira so postavuvanje na opticki kabel na dalekovodite kako zaastitno jaze)..e sega vo delot na energetskiot koridor 8 ,delot kon Buarija kako od nasa strana taka i od Bugarska e zavrsen , dodeka energetskoto povrzuvanje so albanija uste e vo plan, zatoa sto seuste mislam deka ja nemaat izgradeno 400kv postrojka vo Elbasan .Sto se odnesuva na koridor 10 (mislam, ne me fakajte za zbor) deka se dobieni pari za 400kv dalekovod skopje 5- nis i so toa bi se zaokruzil koridorot 10 vo celost(so grcija ima vrska prema solun i prema lerin) Edited by shaun.r - 20-May-2010 at 22:06 |
|
![]() |
|
ovaj_stariov ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
![]() ![]() |
od edna strana se raduvam sto ima interes za gradenje na avtopatite,no potanjo se nadevav da ne uspee pred se zaradi planot na skopskata obikolnica da se postavat patarini.
Seuste nisto ne e gotovo no 8 firmi ne se malku. |
|
build.mk, гради форумска историја
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Изградбата на
автопатиштата треба да почне следното лето
Првата фаза од постапката заврши успешно и во тек е евалуација на пријавените осум компании кои се кредибилни и со искутво во таа област, изјави денеска Груевски одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на фудбалско игралиште во Неготино. Евалуацијата на компаниите ќе трае во текот на јуни и веројатно дел од јуни кога треба да се објави постапката за втората фаза која се надеваме дека ќе заврши есенва по што ќе се фокусираме на избор на концесионер, најави Груевски. Според него ќе бидат потребни уште неколку месеци за усогласување на сите дела за потпишување на договорот и уште неколку за оформување на финансиската конструкција. Тоа, нагласи премиерот, е вообичаена постапка кога се реализира ваков крупен инфраструктурен проект што се мери во милијарди евра. - Се надеваме во средината на следината година ако се се одвива успешно, да почне изградбата на автопатиштата, рече Груевски. Toj nагласи дека инвестицијата која е со вредност над милијарда евра ќе влијае не само на идниот развој на државата, туку и ќе придонесе за силно раздвижување на градежниот сектор, ангажирање голем број работници и прилив на финансии однадвор. Станува збор за исклучително крупна односно можеби најкрупната инвестиција во историјата на државата, изјави Груевски. Со постапката за избор на концесионер државата дава под концесија патни правци од таканаречените источна и западна магистрала. Во првиот пакет предмет на концесија се патните правци Крива Паланка - Романовце, Кочани - Штип и Миладиновци - Штип, преку Свети Николе, како и вршење на работите на одржување, реконструкција, наплата на патарина и користење на патните правци Миладиновци - Скопје и обиколницата на Скопје. Во вториот пакет се патните правци Стенковец - Блаце и Гостивар - Ќафасан и правецот Гостивар - Тетово - Скопје.лв/скс/15:05 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Се пролонгира рокот за концесијата на патиштатаСе пролонгира рокот за концесијата на патиштата. Листата со компании кои ќе можат да достават понуда за концесионирање ќе биде комплетирана во октомври. ![]() Првичниот рок беше јули. Од Министерството за транспорт објаснуваат, станува збор за техничка процедура. Комисијата која врши евалуација на понудите кои беа доставени во процесот на претквалификација побарала дополнителни документи од заинтересираните. Во официјалниот документ објавен на веб страницата на Министерството стои дека комисијата може да побара дополнителни документи, а компанијата треба писмено да одговори во рок од 5 дена од примот на барањето. Во мај 8 компании пројавија интерес за македонските патишта, колку од нив ќе ги исполнат условите и ќе можат да достават понуда ќе се знае во октомври. Државата под концесија нуди два пакети. Во првиот источен пакет во должина од 177,5 километри се патните правци Крива Паланка – Романовце, Кочани – Штип и Миладиновци – Штип, преку Свети Николе, Миладиновци – Скопје и обиколницата на Скопје. Во вториот западен пакет, се патните правци Стенковец – Блаце и Гостивар – Ќафасан и правецот Гостивар - Тетово - Скопје со вкупно 196 километри. Концесијата опфаќа изградба на неизградените делници, реконструкција на старите, одржување на патиштата и наплата на патарините. Рокот во кој идниот концесионер треба да ги изгради патиштата е 8 години, а со нив ќе стопанисува 35 години. Вкупната инвестиција се проценува на 1,2 милијарди евра. http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/se-prolongira-rokot-za-koncesijata-na-patishtata |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
Plugger ![]() Senior Member ![]() Joined: 15-Sep-2008 Online Status: Offline Posts: 378 |
![]() ![]() |
Вторник, 16 Ноември 2010 14:35
Заврши првата фаза од постапката за изградба и давање под концесија на Коридорот 8, кој треба да ги поврзе источниот и западниот дел на државата, изјави министерот за транспорт и врски – Миле Јанакиески.
По завршување на оваа фаза, пет ренонирани компании меѓу кој е и македонската „Гранит“, ги исполниле условите за учество во понатамошната постапка. Во втората фаза ќе се изврши евалуација на понудите на компаниите при што ќе се изврши изборот за тоа кој ќе биде концесионер на Коридорот 8. Министерот Јанакиески нагласи дека идниот концесионер ќе треба да ги изгради одржува и да инвестира една милијарада евра во автопатите. Договорот за концесијата ќе трае 35 години. Државното претпријатие „Македонија Пат“, ке продолжи да функционира и да го одржува Коридорот 10 и други магистрални патиштата, такашто не се предвидени отпуштања на работници во истото. Министерот Јанакиески нагласи дека по потпишувањето на договорот за концесија, компанијата ќе треба да ги изгради автопатите во рок од 7 години. Се поизвесно е дека ќе има субванционирање на концесионерот поради тоа што некои патишта не се многу френкфрентни. Министерот Владимир Пешевски, нагласи дека јавното-приватно партнерство е модел во кој државата не се задолжува а проектите ќе бидат реализирани. Тој исто така ја поздрави најавата за влез на странска инвестиција во Ски-центарот „Кожув“, додека министерот Јанкиески посочи дека патот до истиот ќе биде завшен во мај месец идната година. |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Мора да се води и малку сметка за државните интереси на државите од каде доаѓаат овие фирми и колку се вулнерабилни фирмите зашто очигледно се покажуваат како многу послушни кон домашните политики сите фирми секаде во светот. на пример еве не шпекулирам дека грчкиот треба да се избаци од конкуренција (не поради заднински политички мотиви) туку поради озбилната конкуренција на виа игнација и можноста да се заташкува развивањето на коридорот 8. Сепак и ова треба да се има во предвид, не е се така розово како што изгледа површно на тендер.
Edited by lslcrew - 16-Nov-2010 at 19:42 |
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Обично немам ништо против грчки фирми, но ова е премногу важен проект за да биде доделен на грчки конзорциум. Повеќе ме загрижува општата економска ситуација во Грција и пристапот на евентуалниот инвеститор до поволни кредити, отколку конкуренцијата на К8 и таканаречената Виа Игнација. Па и политичките причини не се за потценување. Не е малку веројатно во некој период од следниве 35+7 години да се заостри уште повеќе работава со Грција.
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 7891011 14> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |