![]() |
![]() |
![]() |
Патна мрежа (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1213141516 84> |
Author | |
micko_v ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Jun-2009 Location: Firenze, Italia Online Status: Offline Posts: 123 |
![]() ![]() |
Последната комплена студија за Коридирот 8
http://www.infrastrutture.gov.it/sites/varifiles/corridoioVIII/Corridoio_8_Strade_completo.pdf |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Патиштата ни се како крпени гаќи Ако снегот ги покрива,
тогаш неговото топење ги открива трагите, особено по се' што се
случуваше во изминатите два месеца по македонските патишта.
Возењето во Македонија, особено во вечерните часови, многумина го
споредуваа со вистински хорор. Дотолку повеќе што честите и многубројни
одрони предизвикаа дополнителен страв кај возачите. „Дневник“ извозе
повеќе од 500 километри на главните сообраќајни делници во земјава за да
ја види сликата по завршувањето на зимската сезона. Предраг Димитровски Мачкини окца На добар дел од патиштата ги нема столпчињата со мачкините окца, кои предупредуваат при ноќно и возење во зимски услови. Онаму каде што ги има, пак, забележливо е дека со години не се исчистени, па ја губат и својата основна функција. Бекатон плочки Месното население накај Ќафасан се снаоѓа како знае и умее, па за да
ги заштитат своите возила некои оштетени делови исполнети со дупки на
коловозот ги пополнува со бекатон плочки. Нешто слично има и на патот за
Попова Шапка. Но, колку е тоа добро, толку е и опасно, особено ако
некоја од нив се одвои под товарот на тешките возила. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=010A536956038B42AA87B484F56380E6 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Во Европа градат, во Македонија крпат дупки Во Македонија моментално се градат само 7 километри автопат, а се' друго е реконструкција на патиштата Билјана Ангеловска Најуспешната македонска градежна компанија „Гранит“ е на добар пат да обезбеди уште еден проект во странство, откако пред само два месеца склучи 150 милионски договор за изградба на 20 километри автопат во Полска. И овој проект е во Полска, но тој е многу потежок и има вредност од 240 милиони евра. Станува збор за друга делница од истата траса на големиот автопат А4, кој ја поврзува Полска со Германија и Украина. Ако „Гранит“ успее да го добие и овој тендер, тоа практично, ќе биде најголем успех на една македонска компанија остварен на странски пазар, бидејќи ќе обезбеди работа за 400 милиони евра, со што ќе ја ангажира оперативата за наредните две до три години. Во „Гранит“ веруваат дека нема да има никакви пречки да се добие работата, бидејќи компанијата е првопласирана според сите барани критериуми, а од друга страна, на тендерот настапува во конзорциум со домашна, полска фирма.И додека оперативата на „Гранит“ ќе има полни раце работа, за другите градежни работници тоа не може со сигурност да се каже. Сигурната иднина за работниците на „Гранит“ ја гарантира обезбедената работа надвор од Македонија, а не отворените градилишта дома. Навистина, во последниот период на домашен терен има неколку фронта за работа на градежниците, но тоа се, пред се', објекти од високоградбата, додека на полето на инфраструктурата многу малку се вложува. Опозицијата ја обвини државата дека не прави речиси ништо за да ја подобри сообраќајната мрежа. „Патната инфраструктура во земјата е пред колабирање. Секојдневно се случуваат одрони, свлечишта, дупки по патиштата. Реалноста е дека немаме ниту инвестициони активности по двете круцијални патни артерии, Коридорите 8 и 10, ниту пак имаме било какво одржување на постојната магистрална и регионална патна мрежа. Агенцијата за патишта, иако располага со буџет од околу 100 милиони евра годишно, во последните четири години не успеа да направи ниту еден километар автопат. Тоа досега не се памети во историјата на оваа државна институција“, коментира опозициската СДСМ. Се чини дека, сепак, најлошо е што нема ни оптимистички најави дека наскоро би можел да се реализира некој поголем и позначаен инфраструктурен проект. Се' што се најавува дека ќе се работи тоа се само реконструкции, или изградба на регионални патишта. Изградба на сообраќајници од највисок ранг, автопати, нема. Единствено на што моментално се работи, проект почнат уште лани, а кој би требало да биде завршен до крајот на оваа година, е изградбата на седум километри автопат, делот од Коридорот 10 од Табановце до Куманово. Од овој паневропски коридор ќе остане неизграден делот од Демир Капија до Смоквица, долг 27 километри, за кој, според информациите од Агенцијата за државни патишта моментално се изработува главниот проект. Засега нема најави дека наскоро ќе почне да се гради некоја делница и од Коридорот 8. Таму, се' уште се во тек постапки за експропријација на земјиштето долж трасата. А и самата изградба на делниците од овој коридор, според планот на Владата, ќе биде изведена преку нивно издавање под концесија при што концесионерот ќе треба да го изгради автопатот. Се' останато што се гради од патната инфраструктура во државава, всушност, се патишта од пониска категорија, магистрални и регионални патни правци со релативно мала должина, додека сите други активности се сведуваат на реконструкција и санација. Така, според последните информации од Агенцијата за државни патишта, деновиве ќе се избираат изведувачи за санација на свлечиштата во Сопиште и кај Ресен, коишто се појавија по обилните врнежи во текот на изминатиот период. Со заем од Светска банка, во висина од 70 милиони евра во тек е рехабилитација на 11 регионални делници со вкупна должина од околу 280 километри, а ќе се работи и на поправка 61 локален пат. Од регионалните патишта, најдолг е патниот правец Макази - Долно Дупени, граница со Грција со 37,5 километри, потоа Р’жаничино - Свети Николе, кој има 35,8 километри, правецот Лакавица - Неготино со 33,4 километри и Струмица - Нов Дојран - граница со Грција со должина од 31,13 километри. Останатите регионални патишта се со помали должини, од 13 до 26 километри. Она што се гради како нова сообраќајница, пак, се многу мали делници од локално значење, како што се патот за Порече во должина од 8,4 километри, делницата од 17 километри до Ски-центарот на Кожуф и 10 километри долгиот пат од Радовиш до Струмица. Тука треба да се спомене и обиколницата на Охрид, која ќе биде од рангот на магистрален пат. За разлика од Македонија, пак, во соседството се градат автопатишта. Така, во последниве неколку години Албанија изгради 170 километри автопат, во изминатиов период интензивно се гради и во Косово автопат од Приштина кон Пеќ и Албанија, додека Србија ја завршува изградбата на своите делници по Коридорот 10. Овој наш сосед не застанува тука. Владата на Србија планира во наредната година да почне шест нови патни правци, сите од рангот на автопати, за што ќе бидат издвоени 1,5 милијарда евра, а средствата ќе бидат обезбедени од продажбата на „Телеком“. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=037B604F84EC26459A36C78F9DF6979D |
|
![]() |
|
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
ПЕЛАГОНИЈА ИНЖЕНЕРИНГ
Според планираната динамика првите 17 од вкупно 45 километри од овој регионален пат ќе бидат завршени до крајот на јуни или почетокот на јули. Портпаролот на Агенцијата за државни патишта, Катерина Панова-Илиевска, изјави дека за првата фаза се обезбедени 166 милиони денари, но не прецизира кои делници ќе добијат приоритет и ќе бидат асфалтирани во наредните три месеци. |
|
![]() |
|
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
Во Македонија има само четири осветлени тунели Сите 15 тунели во државава имаат вкупна должина помала од три километри Билјана Ангеловска |
|
![]() |
|
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
Липково ќе ги поправа патиштата Стариот пат кон Скопје преку Арачиново, како и дел од патиштата кон планинските населби во Општината Липково се планирани за реконструкција и изградба, со пари од државата. Ова се само дел од проектите за подобрување на патната инфраструктура во општината.- Липково е рурална општина, која има проблеми со инфраструктурата, кои треба во наредниот период да ги решаваме. Приоритет е изградба на регионално поврзување на двете соседни општини Липково и Арачиново со Скопје. Патот постои и треба да се реконструира - вели градоначалникот Садула Дураку. Стариот пат за Скопје е многу фреквентен. Него го користат поголемиот дел од патниците од Куманово и Липково, кои го избегнуваат патувањето по автопат поради високите такси за патарина. (С.А.Ј.) Edited by SkyBoy - 18-Apr-2010 at 22:58 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Се проширува патот до браната Гратче Проширување и поставување нов слој асфалт почна деновиве на делница од пет километри на патот Кочани - брана Гратче. Патот до езерото Гратче, заедно со Осогово, најатрактивната туристичка дестинација во Кочанско, беше изграден пред повеќе од три децении и оттогаш немало никакви интервенции на него, што им создаваше сериозни проблеми на посетителите и туристите.Сега сообраќајницата ќе се проширува од 3,5 на 4,5 метри. Работите ги изведува „Гранит“. Парите се обезбедени со кредит од Светската банка преку Агенцијата за државни патишта. Од нив Кочани ќе добие 566.000 евра, за овој и за реконструкција уште на два пата. (Љ.Ш.) http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3F23A1286D2E774FB3B9ACE8EC568D1E |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Нова улица до Љуботенски
Пат
Жителите на населеното место Љуботенски Пат добија нов локален пат што ги поврзува со населбите Бутел 1 и Радишани. Должината на локалниот пат е еден километар. Во моментов се работи и на изградба на локален пат во должина од два километри кон селото Љуботен. Двата локални пата, во Љуботенски Пат и во Љубанци се градат во соработка со Агенцијата за патишта, со средства од Светската банка. http://www.vest.com.mk/?ItemID=265D5D9F11407E489B6260024170A499 |
|
![]() |
|
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
Здраво на сите
Ова е постирано на почетокот од тмата од Cloverstack па ме интересира од каде ки наогаш тие тендери благодарам Еве некои тендери кои се моментално во тек во фондот за магистрални и регионални патишта. - Изградба на магистрален пат М–6, Штип–Струмица, во должина од 10км. Делница: од км 42+700 до км 52+700. Ова е во близина на Радовиш, помеѓу селата Сулдурци и Радичево. Не сум баш сигурен дека градат по нова траса, можеби е само надградба и реконструкција (иако на сајтот на фондот пишува изградба) - Реконструкција и проширување со додатна сообраќајна лента за бавни возила на регионален пат Р–106, Градско–Прилеп, Делници: од км 25+050 до км 30+500 и од км 43+700 до км 47+900. Исто така изработка на завршен слој на делница: од км 30+410 до км 35+022. Еден дел се преклопува и со М-7, ама во соопштението на фондот целиот сегмент Градско-Прилеп го ословуваат со патот од понизок ранг, Р-106. - Изградба на дел од регионалниот пат Р-112 и К1-112, Коњско (Смрдлива вода) - Кожув, во должина од 17.5км - Изработка на ажурирана геодетска подлога за Р-303, Средно Водно-Сончев град, во должина околу 2.5км - Изработка на основен проект за регионалниот пат К1-104 врска со Р-104, Коломот-мост с.Близанско, во должина околу 8км Edited by Cloverstack - 15-Sep-2007 at 23:10 |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Одамна било... веројатно сајтот на министерството за транспорт и врски или агенцијата за патишта
![]() |
|
![]() |
|
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
тражам сајт на агенцијта за патишта неможам да најдам...да не го знеш ?
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
http://www.roads.org.mk/ Нема многу информации да најдеш.
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
![]() Го немаат апдејтирано цела година ![]() |
|
![]() |
|
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
па одкаде ги земаат тендерите не ми е јасно.. ? за патиштата..
|
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Преку меѓународниот печат. Зошто мислиш дека кошта толку скапо еден тендер? Ги објавуваат во The Economist и слични весници.
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
Започна подготвовувањето запроширувањето и асвалтирањето на патот, кон селото Пеклани - Виничко, од црквата Св.Спас. Патот ќе е долг 2,8км. Средствата во висина од 10.433.647 денари, се обезбедени од светската банка и од владата на РМ. Изведувач е АД ГРАНИТ.
![]() ![]() |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
Започна изградбата на патот по меѓу селото Грљани и Маринци (Калиманци - Виничко) во должина 1,7 км. За патот се обезбедени 8.471.676 денари од Светска банка со који патот требе и да се асфалтира. Изведувач Ад Гранит.
![]() http://www.opstinavinica.gov.mk/vinica/ |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Се поправа патот за Старо НагоричанеРегионалниот пат кон граничниот премин Пелинце во Општината Старо Нагоричане се реконструира. Проширувањето и асфалтирањето на делницата започна од вчера, а во првата фаза ќе бидат опфатени 2 километри од м.в.Света Петка„ до влезот на селото Старо Нагоричане. ![]() Проектот чини 5 милиони денари.
Проектот се реализира по програмата за реконструкција за регионални патишта,а работите на терен ги изведува „Македонија пат„ од каде најавуваат дека проектот ќе биде заврШен за десетина дена.
Предвидена е реконструкција на патот од селата Долно Којнаре до Сопот и од Речица до Лојане. http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/se-poprava-patot-za-staro-nagoricane.html |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1213141516 84> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |