Author |
Topic Search Topic Options
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#221 Posted: 05-May-2010 at 19:12 |
Ајде да возиме за да го
почувствуваме градот! |
|
|
Студентите
од Архитектонскиот
факултет во Скопје имаа за цел да создадат
спроведливи
идејни
решенија за велосипедски патеки,
што ќе придонесат во подобрувањето
на градското возење велосипед и нивните
решенија се однесуваа, пред сé, на туристички, рекреативни и
велосипедски
патеки
за градски потреби |
|
|
|
 |
|
Работилницата „Градови и велосипеди“, што деновиве се одржа во
рамките на креативниот веслосипедски фестивал „Велофест“, заедно со
предавањето на холандскиот експерт Вим ван дер Вијк, претставува
иницијатива која преку странските и домашните искуства и експертизи се
стреми да се добијат идеи применливи во локални услови и притоа да се
овозможи образување група млади архитекти со основни предзнаења за
градско планирање за велосипеди, односно градски велосипедски патеки.
Студентите од Архитектонскиот факултет во Скопје имаа за цел да создадат
спроведливи идејни решенија за велосипедски патеки, што ќе придонесат
во подобрувањето на градското возење велосипед. Нивната работа беше
водена и се надгради над постојниот Основен план за употреба на
велосипеди во Скопје, искуствата на бројни институции и организации
истакнати на „Велосипедскиот форум 2010 - Скопје“, експертизата на Вим
ван дер Вијк и асистентите од Архитектонскиот факултет.
Во рамките на работилницата се понудија решенија за три типа
велосипедски патеки: туристички, кои ги поврзуваат значајните туристички
знаменитости и кои овозможуваат поедноставно движење и запознавање на
локалитетот со неговите знаменитости за туристите велосипедисти;
рекреативни, кои поврзуваат рекреативни зони во градот и кои може да се
вклопат во системот на веќе постоечките вакви патеки, како и патеки за
градски потреби, кои им користат на сите граѓани и овозможуваат
квалитетен и сигурен велосипедски сообраќај, а со тоа и подобрување на
квалитетот на живеење на подрачјето на градот.
- Велосипедот е и транспортно средство употребливо за реализирање на
секојдневните потреби на граѓаните. Тој мора да го добие заслуженото
место во секој град, а особено во град како Скопје, кој според
природните карактеристики е совршен за велосипедизам. За таа цел, пред
сé, мора да се обезбеди континуирана инфраструктура, која ќе ги поврзе
сите точки од интерес во градот меѓу себе и со градските и приградските
населби, оспособена за течно движење, опремена со сите ознаки за
препознатливост и придружни содржини покрај патеките. Паралелно на тоа
неопходна е кампања за промоција на велосипедизмот како рамноправен вид
транспорт со моторниот - вели Дана Јовановска, една од учесничките во
проектот.
Во однос на т.н. туристички велосипедски патеки, младите експерти, исто
така, имаат соодветни идејни решенија и велат дека не е ништо посебно да
се биде турист во современата урбана цивилизација, ама многу е тешко да
се биде турист во сопствениот град што подразбира многу подлабока
промисла на просторното искуство на градот. Нивниот предлог е градската
туристичката патека да стане интегрален дел од дневниот и од ноќниот
живот на градот.
- Целта на
оваа идеја е да се понуди поинакво доживување на градот, од перспектива
на движење, како за туристите така и за секојдневните жители на градот
Скопје. Преку анализирање на временскиот период за кој туристот треба да
дојде од еден до друг референтен објект како посетител, како и
дистанцата помеѓу самите референтни точки, дојдовме до заклучок дека
оваа патека е попријатно да се доживее од перспектива на пешак -
објаснува студентот Александар Балдазарски.
Поради сето ова дојде до потреба да се пронајде и одбележи патека во
градот која ќе понуди непрекинато движење со велосипед, а притоа нема да
ги оттргне знаменитостите на градот како главна туристичка атракција.
- Со тоа, на туристот ќе му се овозможи избор на места и содржини,
меѓусебно поврзани со различни амбиентални делови од градот, кои на
поинаков начин ќе му го претстават градот. Таа патека минува низ
централното градско подрачје и понудува различни доживувања преку
концептот на поврзување на градските различности. Во дефинирањето на
патеката помогна нашето искуство со градот, нашите фаворизирани предели,
како и неодминливите посебности на Скопје. Со повлекувањето на
одбраните локации, се дефинира патеката на контрасти што ја покажува
скопската реалност, која цели да понуди вистина на посетителите и да
раскаже поинаква приказна од стандардизираните туристички понуди за
секој европски град. Од густа структура, високи објекти, низина,
затворени простори, стари сокаци, се преминува во разбиена структура,
ниски објекти, ридови, отворени визури, нови и широки улици. Притоа,
соодветно одбележување на присуството на значајни места и објекти покрај
патеката, како и транзитни излези кон дополнителните патеки со поинаква
содржина, од кои е возможно враќањето на основната. Ајде да возиме за
да го почувствуваме градот! - раскажува Балдазарски.
Промовирана е и идејата за рекреативно користење на велосипедот во
самиот град, преку трасирање патеки и коридори кои го допираат урбаниот и
природниот пејзаж на градот. Добиена е мрежа од патеки со рекреативна
намена за секаков вид на корисници и потреби. Соодветно на тежината на
самата патека, направена е поделба на 4 категории според должината,
времето, условите и опремата потреба за возење по неа. Користењето
гравитира, пред сé, во блискиот регион на градот, односно планините кои
го обиколуваат.
- Скопје има голем потенцијал да биде вистински град за
велосипедисти.Постојат одлични географско-климатски предуслови: не
премногу голема површина, благи наклони, просечна максимална температура
од 3 до 30 степени Целзиусови. Постоењето на велосипедските патеки со
вкупна должина од 48,5 км и основен план за употреба на велосипеди во
Скопје се реалност кон остварувањето на велосипедскиот потенцијал на
градот. Проблемите кои треба да се надминат во остварувањето на
велосипедскиот потенцијал на градот се во однос на подигање на јавната
свест и развивање на велосипедската инфраструктура. Обата проблеми
побаруваат долготрајни процеси за надминување и за нив е потребен
програмски пристап - вели Дивна Пенчиќ, асистентка на Архитектонскиот
факултет во Скопје и една од координаторките на проектот.
„Бајк стоп енд гоу“ - пункт за одмор, паркинг и за
различни потреби
Еден
од пооригиналните предлози на младите студенти е пунктот за
велосипедисти наречен „Бајк стоп енд гоу“, кој обезбедува услови за
одмор, заштита од дожд и сонце, паркинг за велосипед и клупа за
одмор.
Опремен со автомат за вода, сокови, кафе, чоколадо, прва помош, пумпа
за гуми. Самоодржлив преку соларни панели за електрична енергија,
место
за рекламирање - преку кое ќе се собираат финансиите потребни за
негово
функционирање. Би се поставил на одредено растојание на секоја патека
за рекреација, во зависност од фреквенцијата на движење на
корисниците
на патеката.
|
|
|
|
|
Автор: Биљана Стојановска | |
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=55101031433&id=14&prilog=0&setIzdanie=21975
Edited by Cloverstack - 05-May-2010 at 19:13
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#222 Posted: 12-May-2010 at 23:23 |
ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ ЌЕ ГО ЗАЖИВЕЕ ПРОЕКТОТ РЕНТ А БАЈК
Наем на две тркала - евтино и брзо
Од средината на јуни скопјани ќе можат да изнајмат велосипед за 10 денари од час на еден од петте паркиралишта на ЈП Градски паркинг, Т Мобиле и фабриката Треска, во Ѓорче Петров и во Аеродром
Од средината на јуни скопјани ќе можат да изнајмат велосипед за 10 денари од час на еден од петте паркиралишта на ЈП Градски паркинг. Се што ќе им биде потребно, е да приложат лична карта или друг документ за идентификација и да потпишат изјава за користење на нивните лични податоци доколку има потреба. Велосипедите ќе имаат сериски броеви, па ќе можат да се изнајмат на еден пункт а да се вратат на друг пункт.
Со ова, се чини проектот Рент а бајк којшто го почнаа Еко-свест" и Градот Скопје, по многу најави, конечно ќе заживее. Во прво време изнајмувањето на велосипеди ќе може да се врши на билетарите на паркинзите кај Т Мобиле и фабриката Треска, во Ѓорче Петров и во Аеродром, за потоа да се прошири на сите 17 затворени паркинзи во градов.
- Во моментов привршуваат активностите за обезбедување на документацијата и на техничката поддршка, активности кои би требало да завршат до крајот на месецов. Се надевам дека многу скоро ќе добиеме зелено светло и од Советот на Град Скопје, по што официјално почнуваме, информираше директорот на Градски паркинг, Панче Стојанов. Тој вели дека во првата фаза на располагање ќе имаат 100 велосипеди, а до крајот на годинава планираат да набават уште 500-600.
- Крајна цел на проектот е секоја општина да добие по еден ваков пункт, односно секаде онаму каде што Градски паркинг може да обезбеди услови за тоа. Исто така, се планира отворање на пунктови околу факултетите, околу трговските центри, покрај рекреативните центри онаму каде што ќе утврдиме дека има заинтересираност за изнајмување велосипеди, вели Стојанов. Тој додава дека ова е многу амбициозен проект, чијашто крајна цел е намалување на сообраќајниот метеж во метрополава и промоција на велосипедот како најеколошко алтернативно превозно средство.
- Во подоцнежните фази од овој проект, планираме да овозможиме и бенифиција за бесплатен паркинг на секој што ќе го паркира возилото, а ќе изнајми велосипед, вели Стојанов. Во изминатов период градските власти изградија нови велосипедски патеки на Кејот на Вардар, на улиците и тротоарите кои се обележани со црвена боја. Скопје има одлична конфигурација за употреба на велосипед, но кај нас малку луѓе имаат навика да користат превоз на две тркала. Аланизите на Еко свест покажуваат дека доколку во секоја општина има по два пункта за изнајмување велосипеди, бучавата би се намалила за 4,5 децибели.
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#223 Posted: 08-Jun-2010 at 01:59 |
Пунктот на плоштад Македонија 1.  2.
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#224 Posted: 11-Jun-2010 at 20:29 |
Буквално низ цела Партизанска велосипедските патеки се претворени во паркинзи, а за жал сообраќајната полиција пред мене ова го толеририраше, НЕСВАТЛИВО
|
|
 |
Djole88
Senior Member
Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
|
Quote Reply
#225 Posted: 11-Jun-2010 at 23:07 |
да не ме сфатиш погрешно, не го прифаќам ова паркирање, ама ова не се велосипедски патеки, туку тротоари. А на Партизанска на делот од К4 до Рузвелтова, кај што има велосипедска патека, ова паркирање не смета на движење на пешаците, но сепак пак ќе кажам, не го поддржувам тоа
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#226 Posted: 12-Jun-2010 at 00:01 |
Третоари ???, од каде сега тоа, или никогаш не си возел точак низ Скопје или стално си во кола, или ...
Тоа десно на сликата е пешачка стаза - тротоар
|
|
 |
BOJAN
Senior Member
Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
|
Quote Reply
#227 Posted: 12-Jun-2010 at 11:34 |
Навистина, велосипедските патеки по Партизанска се окупирани од автомобили, сепак во Карпош 3 и 4 до неодамна не беше така, но сега и таму работите се влошуваат.
Сепак, главен проблем останува потегот од Рузвелтова до Климент Охридски, во тој дел нема простор ниту за велосипеди, ниту за пешаци, а во Дебар Маало ниту за авотомобили од тарабите на почнати-недовршени објекти.
И уште нешто, прашувам човек од Градски паркинг на паркиралиштето на плоштад Македонија дали може да се изнајми точак, а он ми вели НЕЕЕЕЕ, сеуште не било дозволено. КОГА ЌЕ БИДЕ ДОЗВОЛЕНО, КОГА ЌЕ ДОЈДЕ НОЕМВРИ ИЛИ КОГА НЕКОЈ БИРОКРАТ ЌЕ УДРИ ПЕЧАТ ЗА КОРИСТЕЊЕ? Срамота е во екот на летната сезона, овие точаци да скапуваат!
Edited by BOJAN - 12-Jun-2010 at 11:35
|
 |
Djole88
Senior Member
Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
|
Quote Reply
#228 Posted: 12-Jun-2010 at 12:29 |
Originally posted by Vladimir P
Третоари ???, од каде сега тоа, или никогаш не си возел точак низ Скопје или стално си во кола, или ...
Тоа десно на сликата е пешачка стаза - тротоар |
Друже по сите логики, внатрешниот дел треба да е велосипедска патека а делот кај што се паркирани овие тротоар. Која е логиката тоа да е велосипедска патека, кога на секои 100м има пешачки на кои стојат луѓе кои чекаат да пројдат улица?? Ако официјално е обратно, тогаш ок, во право си. Јас секој ден возам точак по Партизанска и НИКОГАШ не сум возел на делот што е до улица, поради безбедност, поради немање сенка и поради тоа што тука идат пешаци кои проаѓаат пешачки
|
 |
gko
Newbiе
Joined: 21-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#229 Posted: 12-Jun-2010 at 13:08 |
Originally posted by Djole88
Originally posted by Vladimir P
Третоари ???, од каде сега тоа, или никогаш не си возел точак низ Скопје или стално си во кола, или ...
Тоа десно на сликата е пешачка стаза - тротоар |
Друже по сите логики, внатрешниот дел треба да е велосипедска патека а делот кај што се паркирани овие тротоар. Која е логиката тоа да е велосипедска патека, кога на секои 100м има пешачки на кои стојат луѓе кои чекаат да пројдат улица?? Ако официјално е обратно, тогаш ок, во право си. Јас секој ден возам точак по Партизанска и НИКОГАШ не сум возел на делот што е до улица, поради безбедност, поради немање сенка и поради тоа што тука идат пешаци кои проаѓаат пешачки |
Незнам од кај ги вадиш ти твоите логики, али тоа се дефинитивно велосипедски патеки. До пред неколку години имаше и знаци и хоризонтална сигнализација, али знаците ги снемува а бојата избледе. А со право е одделена, зашто воопшто не е пријатно кога ти фрчат точаци, а тука има многу пешаци и деца. Е тоа за сенката си во право, и јас летно време на најголемото сонце возам по пешачката патека, али кога има многу народ не е во ред...
|
 |
mirakuliks
Senior Member
Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 831
|
Quote Reply
#230 Posted: 12-Jun-2010 at 15:16 |
Originally posted by Djole88
Originally posted by Vladimir P
Третоари ???, од каде сега тоа, или никогаш не си возел точак низ Скопје или стално си во кола, или ...
Тоа десно на сликата е пешачка стаза - тротоар |
Друже по сите логики, внатрешниот дел треба да е велосипедска патека а делот кај што се паркирани овие тротоар. Која е логиката тоа да е велосипедска патека, кога на секои 100м има пешачки на кои стојат луѓе кои чекаат да пројдат улица?? Ако официјално е обратно, тогаш ок, во право си. Јас секој ден возам точак по Партизанска и НИКОГАШ не сум возел на делот што е до улица, поради безбедност, поради немање сенка и поради тоа што тука идат пешаци кои проаѓаат пешачки |
Џоле се гледа дека не си возел точак и не ги познаваш сообраќајните правила за возење точак. Не дека кај нас многу се почитуват и има некои си услови ама сепак та кај што е паркиран пасатот е не само по општо сообраќајно образование велосипедска патека туку е и со сообраќајни знаци обележана. А јас користам точак и во германија како транспортно средство каде што многу се епообележано и каде авотмобилите имаат многу поголема почит кон велосипедистите, и каде на повеќето раскрзници има и специјални семафори за велосипеди. Ама далеку сме ние од нив кај нас ко з апочеток треба да се покаже почит и да се почитува правото дека тој просото род улицата е наменет ИСКЛУЧИВО за велосипедски сообраќај, вклучително и тие црвено офарбаните делови на расрсниците. Само колку за информација во германија ако ти возиш точак и удриш во пешак а си на тој простор резервиран за велосипеди пешакот е крив и не носиш никаква кривица. Р.Ѕ. ВладимирП, ти како што ми излгеда живееш спроти мене, јас во влезот лево од зегинот во лептокарија.
Edited by mirakuliks - 12-Jun-2010 at 15:18
|
 |
Djole88
Senior Member
Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
|
Quote Reply
#231 Posted: 13-Jun-2010 at 11:11 |
ок не знам правила за возење точак и баш не се замарам. Цел живот возам точак и не планирам да возам по таа велосипедска патека, зошто посигурно ми е по тротоарот. Иако неможам да сфатам кој деген го има тоа направено, зошто додека возиш на секои 100м ќе ти излетуваат пешаци, ама ај нема везе. И во цел живот додека возам точак и тука и на Илинденска, немам видено ама баш никој да вози покрај улицата, сите си возат под сенка, така да друже ако не сакаш да те пукне сонцево, би ти препорачал да се придружиш
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#232 Posted: 13-Jun-2010 at 11:52 |
Е мој Djole, затоа ни е се во земјава поставено наопачке.
Оноа што е забрането за нас и кај нас е дозволено
|
|
 |
Supervisor
Senior Member
Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
|
Quote Reply
#233 Posted: 13-Jun-2010 at 12:05 |
Originally posted by Djole88
ок не знам правила за возење точак и баш не се замарам. Цел живот возам точак и не планирам да возам по таа велосипедска патека, зошто посигурно ми е по тротоарот. Иако неможам да сфатам кој деген го има тоа направено, зошто додека возиш на секои 100м ќе ти излетуваат пешаци, ама ај нема везе. И во цел живот додека возам точак и тука и на Илинденска, немам видено ама баш никој да вози покрај улицата, сите си возат под сенка, така да друже ако не сакаш да те пукне сонцево, би ти препорачал да се придружиш |
Не возите таму поради сообраќајна култура, и да велосипедски патеки се точак во внатрешната страна по правило не се вози тој дел е за пешаци. Во секоја средена земја/град велоспиедистите се одвоени од пешаците додека кај нас и мотори се возат на кеј на тротоар и на делот за пешаци!
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
 |
gko
Newbiе
Joined: 21-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#234 Posted: 13-Jun-2010 at 14:10 |
Originally posted by Djole88
ок не знам правила за возење точак и баш не се замарам. Цел живот возам точак и не планирам да возам по таа велосипедска патека, зошто посигурно ми е по тротоарот. Иако неможам да сфатам кој деген го има тоа направено, зошто додека возиш на секои 100м ќе ти излетуваат пешаци, ама ај нема везе. И во цел живот додека возам точак и тука и на Илинденска, немам видено ама баш никој да вози покрај улицата, сите си возат под сенка, така да друже ако не сакаш да те пукне сонцево, би ти препорачал да се придружиш |
Очигледно аргументот ти е дека на секој пешачки ќе ти излегуваат пешаци, ама така барем ги има еднаш на 100м, а не цело време да ги заобиколуваш...
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#235 Posted: 13-Jun-2010 at 21:37 |
мене тоа што ме нервира е што има многу луѓе кои возат велосипед на самиот коловоз, и покрај тоа што има велосипедска патека и пешачка широка 3 метри, што им е на овие луѓе? самоубиствени нагони?
|
 |
mirakuliks
Senior Member
Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 831
|
Quote Reply
#236 Posted: 13-Jun-2010 at 23:45 |
Правилото е ако нема велосипедска, тогаш треба да возиш по десниот крај на коловозот, нормално тоа во наши услови е малку опасно па многу ретко луѓе се решаваат на таков потег на пофрекфентните улици без велосипедска патека.
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#237 Posted: 14-Jun-2010 at 18:09 |
Originally posted by mirakuliks
Правилото е ако нема велосипедска, тогаш треба да возиш по десниот крај на коловозот, нормално тоа во наши услови е малку опасно па многу ретко луѓе се решаваат на таков потег на пофрекфентните улици без велосипедска патека.
|
како што реков, има, и широка и убава, ама не ја користат, и тоа на брзи и фреквентни булевари
|
 |
FoSsiL
Senior Member
Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
|
Quote Reply
#238 Posted: 15-Jun-2010 at 14:32 |
ги продолжуваат кон Лисиче

|
 |
FoSsiL
Senior Member
Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
|
Quote Reply
#239 Posted: 15-Jun-2010 at 16:16 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#240 Posted: 21-Jun-2010 at 10:23 |
Велосипедите
остануваат паркирани

Градот
се' уште нема разработени идеи како да ја наплаќа услугата што ќе чини
10 денари од час
Сања Наумовска
Стоте велосипеди, подарок од
Амбасадата на Холандија, по се' изгледа, летово ќе останат паркирани.
Градот Скопје се' уште нема разработени идеи како да го започне нивното
најмување. Иако помина еден месец откако велосипедите со одлука на
Советот на Скопје му се доделија на Јавното претпријатие „Градски
паркинг“, досега нема најави како граѓаните ќе можат да се послужат со
ова превозно средство. Засега единствено се знае само дека најмувањето
ќе чини 10 денари од час.
Иако сезоната за возење велосипед е
одамна започната, градските власти не знаат ниту од кога ќе почне
најмувањето ниту на кој начин ќе се плаќа услугата. Се' уште се
размислува и за начинот на осигурување од оштетувања и од кражби на
велосипедите, како и за локациите каде што ќе може да се земаат и да се
враќаат. Единствено, Градот Скопје ја потврдува одлуката дека еден ден
граѓаните на Скопје ќе имаат еколошка алтернатива во превозот.
„’Градски
паркинг’ се' уште работи на целосното утврдување на правилата за
работа, обележувањето, наплатата и промоцијата на проектот за најмување
велосипеди. Освен тоа, Градот работи и на кампањата што треба да се
реализира за промоцијата на проектот. Кога ќе се вклопат сиве овие
активности, Градот Скопје, невладината организација ’Еко свест’ и
’Градски паркинг’ ќе го стартуваат проектот“, информираат градските
власти, без прецизна информација кога, практично, ќе се случи тоа.
Во
имплементацијата на проектот за најмување велосипеди, Градот планира да
имплементира и искуства од европски градови, како, на пример од Брисел,
каде што тоа функционира подолго време.
Познато е дека освен
што цената за најмување ќе биде 10 денари за еден час, велосипедите ќе
се земаат од паркиралиштата на јавното претпријатие. На почетокот ќе ги
има на неколку локации, веројатно, во центарот на градот, во Аеродром и
во Ѓорче Петров, а во иднина е можно проектот да се проширува.
Велосипедите ќе може да се земат од едно место, а да се вратат на друго.
Сепак, засега не се знае како ќе се плаќа услугата и дали ќе можат да
се користат истите начини како и плаќањето во зонското паркирање. Треба
да се утврди дали пред најмувањето ќе се бараат документи за
идентификација од граѓаните или ќе пополнуваат одредени формулари. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E198BCEBE7DF55449D08E60213D1CEEB
|
 |