build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Ски патека на Водно

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Ски патека на Водно
    Posted: 30-Sep-2009 at 16:31

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ САКА ЗИМЕ ДА ПРИВЛЕКУВА ТУ­РИС­ТИ ВО СКОПЈЕ

Скијачка патека на Водно

Со изградбата на патеката, Трајановски смета дека ќе се привлечат го­лем број туристи во зимскиот период, а и на скоп­ја­ни ќе им се овозможи поблиска дестинација за уживање во зимските спортови

Гра­до­на­чал­ни­кот Коце Трајановски сака да гради скијачка патека на Вод­но. Патеката би се протегала од врвот на Водно, односно од десната стра­на на Милениумскиот крст каде што некогаш се наоѓала скијачка патека. Од Градот велат дека сега овој простор е обраснат со треви и запуштен, па не може да се забележи дека таму постои скијачки терен. Со из­град­ба­та на патеката, Трајановски смета дека ќе се привлечат голем број туристи во зимскиот период, а и на скопјани ќе им се овозможи поблиска дес­ти­на­ци­ја за уживање во зимските спортови. За оваа цел, градските власти де­нес ќе бараат дозвола од советниците во Градското собрание за избор на кон­сул­тант­ска фирма, која ќе испита дали оваа идеја е можно да се ре­а­ли­зи­ра, ќе изработи проект и финансиска конструкција и ќе бара кон­це­си­о­нер кој е заинтересиран за стопанисување со скијачката патека.
Пок­рај за скијачката патека, ќе се бара и консултант за изградба на под­зем­ни сообраќајници и воведување на трамвај. Градските власти сакаат да направат подземна улица, како продолжение на Партизнака, под плош­та­дот Македонија до Комплекс банки, и од Владата подземна улица под Ка­ле, до пластичарите.
"Со оглед на светската економска криза, Градот не поседува до­вол­но финансиски средства за реализација на овие големи проекти. По­ра­ди тоа, имаме потреба од започнување постапка за доделување кон­це­си­ја. За таа цел ќе ангажираме стручен консултант за да ја спроведе пос­тап­ка­та на доделување на концесија и анализа на целиот проект", се ве­ли во образложението на градоначалникот Трајановски до советниците.
На истото место каде што сега градоначалникот Трајановски најавува изградба на ски-терен, поранешниот градоначалник Трифун Костовски имаше идеја да се гради жичарница која би ги поврзала Водно и Матка, но не успеа да ја ре­а­ли­зи­ра. (А.А.)


http://vest.com.mk/?ItemID=1FF2F6AC0C43644AA9DE35576366291B
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 11-Jul-2010 at 15:36

Трајановски не се откажува од скијачката патека на Водно


Градот втор пат бара консултант, кој треба да укаже
на (не)оправданоста на проектот

Деспина Трајковска


Градоначалникот Коце Трајановски не се откажува од идејата да изгради скијачка патека на Водно. Деновиве втор пат бара консултант што ќе изработи студија за економската и еколошката исплатливост на проектот. Истовремено ангажираната консултантска куќа ќе има обврска да направи и финансиска конструкција колку би чинела реализацијата на идејата во случај Градот, дефинитивно, да се одлучи за проектот.

Градските власти објаснуваат дека распишаниот јавен повик за избор на консултант се репризира, бидејќи на претходниот не се јавил ниту еден заинтересиран субјект, иако преку истиот тендер биле ангажирани консултанти за подземните сообраќајници, луна-паркот и трамвајот. Од Градот вчера не открија колку пари ќе ги чини консултантот ниту, пак, колку средства во буџетот има издвоено за оваа намена. Тајна е и за колку пари шпанската компанија „Идом“ ќе ги изработи физибилити студиите за исплатливоста од изградба на подземните сообраќајници, за нов луна-парк и за евентуално воведување на трамвајот во јавниот градски превоз.

Трајановски замислил скијачката патека да се протега од врвот на Водно од десната страна на Милениумскиот крст, во правец на Нерези, каде што пред дваесетина години се правеле обиди да се изгради патека, која група ентузијасти скијачи и тогашната градска управа дури ја трасирале и натапкале.

Пред речиси една година кога градскиот Совет му одобри на градоначалникот да бара консултант за патеката, Трајановски рече дека тој смета оди проектот би бил оправдан од неколку аспекти. Првенствено, скијачката патека би била еден од начините за привлекување туристи во зимскиот период, а истовремено можност и за скопјани да уживаат во зимските спортови на неколку километри од центарот на Градот. Опозициските советници, пак, како и дел од јавноста имаа сериозни забелешки на идејата на Трајановски. Според нив, изградбата на патеката е проект, кој периодов воопшто не му е потребен на Скопје, бидејќи во градот се' уште има населби со септички јами и нерешени основни комунални проблеми. Автоматски, укажаа опозиционерите, трошењето пари за консултант за овој проект би било класичен пример за недомаќинско трошење на парите од граѓаните.

Во случај патеката да почне да се гради, тоа, според градските власти, ќе биде гаранција дека Водно ќе стане голема атракција, оти освен скијачката патека, на планината ќе има и жичарница за која веќе е поставен камен-темелник.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4FBC78B2506626428F2B6FE27A9A0A05
Back to Top
theone View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote theone Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 13-Jul-2010 at 19:05
i

Edited by theone - 24-Aug-2012 at 00:09
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 13-Jul-2010 at 20:12
Previous
 
Поддршка и од мене, а можеби подоцна ќе никне и некој хотелски комплекс во близина на крстот..
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 13-Jul-2010 at 20:26

Поддршка и од мене за овој проект. Поготово што се надевам на професионална студија, па доколку се покаже дека нема услови или физибилност, подобро да не се ни почнува. Инаку во право си тхеоне, имаше патека на Водно пробна одма над неизграденото одмаралиште над поштенското.

Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 14-Aug-2010 at 00:09

Никој не сака да биде консултант за ски-патеката

Ниту една фирма не е заинтересирана да биде консултант на Градот Скопје и да бара концесионер за изградба и користење на ски-патеката на Водно и за концесионирање на билбордите. Градските власти вчера ја поништија јавната набавка која беше распишана минатата година, бидејќи во пропишаниот рок немало доставена ниту една понуда. Огласот беше меѓународен, објавен во Бирото за јавни набавки и на страниците на специјализираното издание за јавни набавки на Европската унија, ТЕД.

Моментно се' уште останува во сила јавниот повик за избор на консултанти за подземните сообраќајници, кои во пакет беа објавени со ски-патеката и билбордите. Дел од јавниот повик беше и изборот за консултант за јавно приватно партнерство за Луна паркот, каде што најдобра понуда даде шпанската фирма „Идом“.

Според објаснувањата на градските власти, секој сегмент од јавниот повик е делив, па така, потенцијалните концесионери можат да конкурираат за еден или за повеќе делови. Очигледно е дека и странските и домашните фирми, идеите за скијање на Водно и за концесионирање на билбордите не ги сметаат за атрактивни, па не дале ниту една понуда.

Градските власти засега не откриваат дали јавниот повик ќе биде повторен или, пак, ќе се бара нов модел за реализација на овие два проекта. Исто така, засега е непознато и колку и кои фирми се јавиле за да вршат консултантски услуги за подземните сообраќајници. (С.Н.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=449E7F6D827DA34ABA0C85FCB8579E4F
Back to Top
ebivetre View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 183
  Quote ebivetre Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 15-Dec-2010 at 16:50

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=2192&ArticleID=153169

ПРОПАДНА И ВТОРИОТ ОБИД ДА СЕ НАЈДЕ КОНСУЛТАНТ
Жичницата ја затрупа скијачката патека на Водно
Роза Петкова

Тендерот за консултант за скијачка патека на Водно пропадна по вторпат, откако во Град Скопје не пристигнала ниту една понуда. Од истата причина беше неуспешен и првиот распишан оглас на кој градските власти во пакет со подземните сообраќајници и со трамвајот бараа консултант и за ски-патеката, но за неа никој не беше заинтересиран. Дел од огласите за своите проекти, освен во Бирото за јавни набавки, Градот ги објавуваше и во интернет-верзијата на Европската унија за огласување на тендери - ТЕД и во „Фајненшл тајмс“, но и тоа не донесе резултати.
Во меѓувреме набрзина се гради жичницата, а проектот за скијачката патека, кој постои одамна, се уште чека реализација. Сепак, надлежните велат дека не се откажуваат од идејата да се скија на Водно. - Јавниот повик распишан во август за избор на концесионер за ски-патеките на Водно беше неуспешен бидејќи немаше пријавено ниту еден понудувач. Град Скопје не се откажува од проектот и во моментов се разгледуваат и други законски постапки во врска со можностите за избор на концесионер за ски-патеката - одговорија од одделението за односи со јавност на Град Скопје.
Скијачката патека како проект на градоначалникот Коце Трајановски пред една година доби поддршка од Советот на Град Скопје. Со мнозинство гласови, советниците ја усвоија одлуката со која Градот тргна во потрага по консултанти и по потенцијални инвеститори за изградба на патеката, трамвајот и на подземните сообраќајници. Советниците од СДСМ и од останатите партии од опозицијата тогаш ја сметаа идејата на Трајановски за несериозна и велеа дека е непотребно да се трошат пари за консултант затоа што потребата од една ваква патека може многу лесно да се провери со извештај од Хидрометеоролошкиот завод за снежните врнежи на Водно во текот на изминатите години. Градоначалникот ги убедуваше советниците дека таа ќе придонесе за развој на туризмот во Скопје и дека ваква патека веќе постоела на планината. Ски-патеката на Водно е постар проект за кој во изминативе дваесетина години размислувале повеќе градски гарнитури, а беше актуелна и во времето на Ристо Пенов. На времето, идејата ја покрена еден од домашните скијачки клубови, а се зборуваше и дека членовите на клубот и други љубители на скијањето во 1989 почнале да ја трасираат патеката која се наоѓа над детското одморалиште „Младост“. Во расчистувањето на патеката учествувале и студенти и ученици од Факултетот за физичка култура и од средното фискултурно училиште, како и екипи на градежното претпријатие „Бетон“, но со распаѓањето на Југославија проектот никогаш не заживеал.
Во јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ потврдуваат дека патеката се уште постои и дека може да се распознае. Постарите вработени оттаму велат дека таа е трасирана пред дваесет години, но снегот на неа не се задржува и затоа не паметат некој некогаш да скијал по патеката.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 05-Jan-2011 at 12:19

Трајановски не се откажува од ски-патеката на Водно

Градот се надева на трета среќа во изборот на консултант за проектот

Деспина Трајковска


Градските власти не се откажуваат од идејата да изградат ски-патека на Водно, иако досега никој не се реши да изработи ниту студија за оправданост на проектот. Сепак, за градоначалникот Трајановски, неуспешните два обида за избор на консултант не се причина да се откаже од идејата. Напротив, убеден е дека ќе ја реализира, оти како што тврди, имало заинтересирана фирма што ќе ја изработи студијата, па дури и ќе најде инвеститор за патеката.

Ова, всушност, градоначалникот го посочи како одговор на забелешка од советничко прашање. Истакна дека целата постапка се води по законски пат, и покрај сомнежите на советникот Драги Давчевски дека со првите два неуспешни обида за избор на консултант, на градските власти им се отвора простор за ангажирање фирма блиска до нив.

„Очигледно, никој досега не се пријави за консултант, оти идејата е, всушност, шуплива работа. Кој и да го изберете ќе треба да ве излаже за оправданоста на проектот, а консултантот и евентуалниот концесионер би се нашле практично во незавидна положба“, му порача советникот Драги Давчевски на градоначалникот Трајановски.

Тој смета дека проектот не е издржан првенствено зашто ски-патеката би се наоѓала на јужните падини на Водно каде што нема соодветни временски услови за истрајност на патеката.

„Апсолутно не се откажуваме од проектот. Очекувам постапката за избор на консултант да заврши кон крајот на јануари. Целата постапка се одвива во законски рамки. Ќе продолжиме со она што сме го планирале и буџетирале“, одговори Трајановски.

Планирано е скијачката патека да се протега од врвот на Водно од десната страна на Милениумскиот крст, во правец на Нерези, каде што пред дваесетина години се правеле обиди да се изгради патека. Иако токму овој проект е еден од оние за кои имаше безброј негативни реакции во јавноста, градоначалникот смета дека тој би бил полн погодок за Скопје, и тоа од неколку аспекти. Првенствено, скијачката патека би бил еден од начините за привлекување туристи во зимскиот период, а истовремено можност и за скопјани да уживаат во зимските спортови на неколку километри од центарот на Градот. Патеката ќе била и гаранција дека Водно ќе стане голема атракција, бидејќи, освен скијачката патека, на планината ќе има и жичарница чија изградба е во тек.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=199E5E942D9A4E4A807390B540631123
Back to Top
ebivetre View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 183
  Quote ebivetre Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 05-Jan-2011 at 12:48
Originally posted by axel

<span id="ArticleTitle" ="WB_UTRINSKIVESNIK_Naslov">


му порача советникот Драги
Давчевски на градоначалникот Трајановски. Тој смета дека
проектот не е издржан првенствено зашто ски-патеката би се наоѓала на
јужните падини на Водно каде што нема соодветни временски услови за
истрајност на патеката.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=199E5E942D9A4E4A807390B540631123



Тропа глупости ликов Давчевски. Патеката се планира да биде на северната (кон Скопје), а не на јужната страна.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 10-Jan-2011 at 19:19
Датум: 10.01.2011, 09:20
Ски-патеката ќе се „спасува“ со договор во четири очи



По два пропаднати јавни повика за избор на консултантска фирма за изработка на студија за ски-патеката, опозицијата му порача на Трајановски да се откаже од таа идеја, а парите да ги потроши на поважни работи, но тој соопшти дека нашол фирма со која овој пат ќе оди на директна спогодба

Ни два пропаднати јавни повика за избор на консултант за планираната скијачката патека на Водно не го поколебаа градоначалникот Коце Трајановски да се откаже од таа идеја. Иако остро критикуван од опозицијата дека двата неуспешни повика му се доволен знак дека е време парите да ги потроши на скопските горливи проблеми, тој е решен да оди докрај и да најде фирма што ќе му изработи студија со која ќе му бидат дадени одговорите - дали идејата е добра или лоша. На последната седница на Советот на Град Скопје дури најави дека има заинтересирана фирма за давање консултантски услуги и дека овој пат нема да распишува пак јавен повик, туку ќе оди на директна спогодба

- Месецов ќе ја завршиме работата со консултантот. Оваа фирма има искуство со давање вакви услуги околу Кожуф и други скијачки центри во Европа - изјави тој.

Драги Давчевски од советничката група на СДСМ изрази сомнеж и револт околу најавата за директна спогодба, велејќи дека тоа е најлошото одбрано решение со кое се доведува во прашање искреноста за намерата на Градот и дали се' ќе се заврши законски. Ја отвори дилемата дали тоа можеби нема да биде фирма блиска на владејачката гарнитура.

- Дури и да најдете консултант кој ќе се нафати да ви каже дека идејата е оправдана, ќе треба да ве излаже. А потоа и да ве излаже дека може да најдете концесионер. Водно не е податлив за скијачка патека, се наоѓа на југ, при што снегот не се задржува долго. Ова е шуплива работа, дајте пренасочете ги парите за други поважни работи - порача Давчевски.

На овие сомнежи, градоначалникот Трајановски само рече дека сите постапки има намера да ги води законски.

- Нема да се откажеме и ќе продолжиме со она што сме го планирале и буџетирале - рече тој.

Според досегашните информации понудени од надлежните, градската власт, доколку најде инвеститор, планира скијачката патека да ја гради од врвот на Водно надесно, во правец на Нерези. Наспроти критиките и негативните реакции изминатава година по промовирањето на оваа идеја, објаснувањето на Трајановски беше дека таа е добра замисла за развој на туризмот во Скопје зиме, како и прераснување на Водно во атракција. Уште лани, опозициските советници на седници на Советот идејата ја оценија како бесцелна, расипничка, со аргументи дека е доволно само да се побара извештај од Хидрометеоролошкиот завод за снежни денови во годината и да се види апсурдноста на идејата на сегашната гарнитура.

Јорданка Ивановска #


http://dnevnik.mk/?ItemID=8380A61E468155458AA4888BBF8E3EF5



Edited by lslcrew - 11-Jan-2011 at 11:16
Back to Top
nylon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 168
  Quote nylon Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 10-Jan-2011 at 20:31


Пред некој ден се одржа трката од светскиот куп на Слјеме во Загреб. Значи светски куп (на исто рамниште со Сент Мотиц, Лејк Луис, Крањска Гора итн.)
Ќе направам споредба помеѓу Медведница (планината на која се наоѓа Слјеме) и Водно:
1. Највисок врв: Медведница 1033 метри, Водно 1066 метри;
2. Одалеченост до центарот на градот: Медведница 18,2 километри, Водно 13,1 километар;
3. Северна/ Јужна страна: На Медведница северната страна (онаму каде што се патеките) не гледа кон Загреб (односно Медведница е поставена северно од Загреб), на Водно северната страна гледа кон Скопје;
4. Просечни температури Загреб/Скопје: Во зимскиот период Скопје е за нијанса потопол (+- 1 степен);
5. Висинската разлика/Должината на патеката, односно косината на падините оставам да ја проучи некој друг затоа што Гугл Еатх не ми го отвара (некој драјвер за графичката ми фали);

Edited by lslcrew - 11-Jan-2011 at 11:17
Back to Top
ebivetre View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 183
  Quote ebivetre Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 21-Mar-2011 at 17:08
http://www.vest.com.mk/?ItemID=45D90FB7B790AB498FA2148A65433272

КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ СКЛУЧИ ДОГОВОР ВО ЧЕТИРИ ОЧИ ЗА УШТЕ ЕДЕН КОНСУЛТАНТ

Австријци за 165.000 евра ќе проектираат ски-патека

Ски-патеката треба да се протега од врвот на Водно од десната страна на Милениумскиот крст, во правец на Нерези

За околу 165.000 евра, австрискиот конзорциум "Суфаг спорт унд фреизеитанлаген" ќе го прави проектот за изградба на скијачка патека на Водно. Откако на двата тендера кои ги распиша Град Скопје, не се јави ниту една фирма, градоначалникот Коце Трајановски, пред еден месец склучил договор во четири очи со фирмата од Австрија. Освен проектот како ќе изгледа ски-теренот на Водно, процена колку ќе чини неговата изградба, консултантот треба да најде и концесионер кој би вложил пари и би стопанисувал со објектот.
Градоначалникот Коце Трајановски пред два месеца најави дека не се откажува од овој проект и оти ќе склучи договор за консултант преку директна спогодба.
"Не се откажувам од скијачката патека на Водно. Имаме заинтересирана фирма која го правеше проектот за ски-центарот 'Кожув', како и за многу други зимски туристички места низ Европа. Овој пат нема да распишуваме тендер туку ќе одиме на директна спогодба. Целата постапка ќе се одвива во законски рамки", изјави пред два месеца градоначалникот Трајановски. На ваквата најава за склучување договор во четири очи реагираше опозицијата, која во таквата постапка гледаше можност за сомнителни договори.
Скијачката патека треба да се протега од врвот на Водно од десната страна на Милениумскиот крст, во правец на Нерези каде што пред дваесетина години се наоѓал терен за скијање. И покрај големиот број критики за овој проект, градоначалникот Трајановски смета дека ваквата содржина на Водно ќе привлече голем број туристи и на скопјани ќе им овозможи поблиска дестинација за уживање во зимските спортови.
Заедно со овој договор, Градот досега за консултантски услуги потроши 765.000 евра.
(А.А.)
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 22-Mar-2011 at 04:59

На скијање на Водно



Првите пари за ски патека на Водно се лизнаа од градскиот буџет. За 165 000 евра Градоначалникот Трајановски ќе се консултира со австриска фирма, може ли и како, да се скија на скопската планина. Договорот е склучен со непосредна спогодба, откако на претходните два јавни тендера немаше заинтересирани. Од Градот велат дека фирмата „Суфаг Спорт“ за парите ќе треба да изработи проект и да најде заинтересирани инвеститори. Ќе биде ли исплатливо или не зависи од студијата.

- „Не знаеме во кој дел од планината ќе се гради, тоа треба да го каже студијата. Знаеме дека од страната на Скопје има расчистени патеки но можно е да се гради и на другата страна. Потенцираме дека ова се единствените средства кои Градот би ги дал за да се изработи овој објект“- изјави портпаролот на Градот, Неделчо Крстевски.

И додека градската администрација го турка проектот, официјалните државни институции немаат податоци за клучниот фактор за ски патека- колку снег во просек има на Водно. УХМР веќе петнаесет години нема нови податоци бидејќи станицата на врвот на скопската планина не работи.

Од управата велат дека за планината Водно има мерење само за пет години, од 1991 до 1996-та. Во тој период највисока снежна покривка била 51 см. Годишно, на врвот имало снег 54 дена, но колку во просек изнесувала снежната покривка нема информации.

Во последнава година Градот потроши 750 000 евра на консултантски улуги. 200 000 доби шпански „ Идом инжинеринг“ за подземни сообраќајници, речиси исто толку унгарски „ Виалто“ за трамвај. Шпанците добија уште 190 000 за Луна Парк и сега австриски „Суфаг Спорт“ за ски патеки.

Консултантите ги добиваат парите за да изработат проект, но потоа и да најдат приватен инвеститор. Од градот ги правдаат парите со фактот дека ако успешно се заврши барем еден од нив, ќе се исплател десетпати повеќе.

Александар Димитриевски


http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=35128


Edited by Cloverstack - 22-Mar-2011 at 09:38
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 23-Mar-2011 at 03:21
Ај ако не се да пренесеме у Скопје, езероно у Треска нека го средат, можат и солена вода да пуштат и премија. Не мора на скијање на Шара и Маврово. Све у Скопје. :@ се извинувам за реченицава, ама кога се претерува во нешто, треба јасно да се увиди на тоа.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1145
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 23-Mar-2011 at 10:54
Не знам за солена вода во Треска, ама ски-патека на Водно поддржувам. Снегот, покрај денешнава технологија не може да е проблем, единствен проблем е сечење на шума, но и тоа се компензира. Така да, ако успее консултантов да си ја заврши работата и да најде некој кој ќе фрли пари во опрема пред се, ова ќе бидат добро потрошени 165к евра.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 23-Mar-2011 at 12:48
Значи бев ироничен. Зашто се во Скопје да се гради. Што ќе ни е ски патека? За глумење лудило? Ај ако не град-држава да оформиме.
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 23-Mar-2011 at 14:50
Н23 се сложувам со тебе али не и за проектов. Од едноставна причина што него го турка Град Скопје не државата. Неможе Коце да гради ски патека у Валандово
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 24-Mar-2011 at 04:03
Originally posted by N23

Значи бев ироничен. Зашто се во Скопје да се гради. Што ќе ни е ски патека? За глумење лудило? Ај ако не град-држава да оформиме.


Skopje e pogolem barem 7 pati od bilo koj drug grad vo Makedonija taka da ne mozes da go sporeduvas so drugite gradovi. Pa na Sljeme kaj sto e 800 metri nad morska visocina moze da ima ski teren na Vodno moze sigurno. Ski Centrite vo Pelister i Krusevo treba da se sredat, vo Kriva Palanka isto taka rekoa deka ke se gradi nov Ski Centar a isto taka kaj Galicica se zbori deka ke pravat Zicara preku opstinata vo Maribor. Treba da se razvie zimskiot turizam, kako sto pravat vo Avstrija i Shvajcarija.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 25-Mar-2011 at 16:20
Originally posted by toasumjas

Н23 се сложувам со тебе али не и за проектов. Од едноставна причина што него го турка Град Скопје не државата. Неможе Коце да гради ски патека у Валандово


Не викам не, во право си. Ама градот скопје има милион други проблеми отколку градење ски патека. Од друга страна изградбата на патекава, иако е градска иницијатива сепак ќе нема само локално значење. Ова е само плус причина зошто сите сакаат во ск да живеат. Мора да се има координација меѓу централна и локална власт, рамномерно секаде да се гради.
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 28-Oct-2011 at 14:30
ДО НОВА ГОДИНА ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА KОНЦЕСИОНЕР

На Водно ќе се скија на вештачки снег



Градската власт ќе ја гради скијачката патека од врвот на Водно во правец на Нерези, односно од десната страна на Милениумскиот крст, каде што некогаш постоела

Идејата за скијачка патека на Водно градската власт ја најавува како скорашна реалност. Kонцесионер за изградба на патеката ќе се избира до декември или на почетокот на 2012 година, најави на вчерашна седница на Советот на Скопје градоначалникот на Скопје, Kоце Трајановски.

- Се направи студија која покажа дека има можност на Водно да се направи ски-патека -обелодени кратко скопскиот градоначалник.

Атракција и зиме и лете

Kонсултантот информира дека веќе прави анимирање на можни концесионери. Има и заинтересирани, рече тој, но не откри за кои фирми станува збор.

Според досегашните информации на надлежните, градската власт планира да ја гради скијачката патека од врвот на Водно во правец на Нерези, односно од десната страна на Милениумскиот крст каде што некогаш и постоела.

Сепак, оваа идеја, стара две години, постојано наидува на критики кај опозицијата која смета дека изградба на ваква патека ќе биде неисплатлива и загубена инвестиција. Оттаму идејата ја оценија како бесцелна, расипничка, со аргументи дека нема доволно снежни денови во Скопје.

- Постои можност за вештачки снег, студијата ќе го каже конечниот збор - беше објаснувањето на Трајановски околу овој напад.

Аргументот на градоначалникот, кој го нуди за профитабилност, е дека се работи за добра замисла за развој на туризмот во Скопје зиме, но и лете, а со тоа прераснување на Водно во атракција.

Преговори за доизградба на жичницата

Во врска со актуелноста за доизградбата на жичницата, Трајановски ги информираше членовите на Советот дека прават напори и преговори со Владата да се изгради и втората фаза од жичницата, чија траса ќе се протега од црквата „Свети Јован Kрстител“ до Средно Водно. Додека, пак, третата секција е планирана од црквата „Свети Јован Kрстител“ до болницата. Првата фаза чинеше околу 6,7 милиони евра.

- Имаме сознанија дека постои веројатност тој дел од трасата да се гради. Со изградбата на ски-патеката и со жичницата парк-шумата Водно ќе стане атракција, со безброј посетители и туристи, како лете, така и зиме - нагласи тој.

Последниот одговор од Министерството за транспорт и врски беше дека проектната документација за сите три предвидени фази од жичницата ја изготвила австриската фирма „Допелмаер“, но дека за реализацијата на останатите секции ќе биде спроведена нова постапка за избор на најповолен изведувач.

- Потребно е да бидат изготвени соодветни изведбени проекти и да се утврди начинот на кој ќе се финансира изградбата, по што ќе може да почне постапката за изведување на градежните работи. Јавноста благовремено ќе биде информирана - објаснија од надлежното министерство.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=025AB0487F69A0499D27FF23B2512455
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.176 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.