Станбени и станбено-деловни згради (општо) |
Post Reply | Page 123 22> |
Author | ||||||||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply
#1 Topic: Станбени и станбено-деловни згради (општо) Posted: 14-Jun-2008 at 14:32 |
|||||||
Каде е точно ова?
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=90A723EA9BDB73489F8EFD730BB45FEC |
||||||||
se_manda
Senior Member Joined: 15-Nov-2007 Online Status: Offline Posts: 259 |
Quote Reply #2 Posted: 14-Jun-2008 at 15:29 | |||||||
moze da e toa parkceto so e kaj ulickata nakaj tinex
|
||||||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #3 Posted: 14-Jun-2008 at 15:56 | |||||||
vardar
Senior Member Joined: 03-Mar-2008 Online Status: Offline Posts: 1106 |
Quote Reply #4 Posted: 09-Oct-2008 at 04:12 | |||||||
|
||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #5 Posted: 24-Oct-2008 at 00:07 | |||||||
Овде се попунува просторот, почнува да се гради зграда.
41°58'49.36"N 21°26'22.95"E |
||||||||
my Macedonia
Senior Member Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4089 |
Quote Reply #6 Posted: 24-Oct-2008 at 10:53 | |||||||
so kolku kata ?
|
||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #7 Posted: 24-Oct-2008 at 11:24 | |||||||
Ееее точно не сум избројал, ваљда исто колку и соседните. Одприлика 5-6.
|
||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #8 Posted: 30-Apr-2009 at 21:23 | |||||||
41°58'35.91"N 21°26'24.75"E
|
||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #9 Posted: 29-May-2009 at 15:50 | |||||||
Ова е сликано од раскрсницата партизанска-рузвелтова. Погледнете го она зновонасадено зградиче-куќиче (што и да е) измеѓу.
И ај сега на што личи ова?! Катастрофа! Мораме под-хитно да си ставиме ред во хаосов! Нити максимална висина се знае, нити минимална. А досега не сум забележал две соседни згради потполно да се склапаат една со друга! А камо ли па уште мансрадните кровови да се слагаат, научна фантастика! Па како што ми изгледа, уште некоја квази-купола стаиле! Вчера на интевјуто (ќе го има и на build.mk уште не е качено на нет) со проефесорот Грчев, тој убава споредба направи за силувањето на просторот... "Тоа е исто како силувачот што силува немоќно суштество да прашаме дали кажал добровечер кога пристапил!" Е така и тука! Куполава е "добровечер" у силувањето на околниот простор. Edited by lslcrew - 29-May-2009 at 15:54 |
||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #10 Posted: 18-Jun-2009 at 13:52 | |||||||
|
||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #11 Posted: 10-Jul-2009 at 12:57 | |||||||
Edited by lslcrew - 10-Jul-2009 at 13:24 |
||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #12 Posted: 12-Jul-2010 at 15:17 | |||||||
Весели војнички згради
|
||||||||
Raisinloaf
Senior Member Joined: 31-May-2008 Location: Gevgelija Online Status: Offline Posts: 227 |
Quote Reply #13 Posted: 02-Sep-2010 at 23:25 | |||||||
Становите се од 35, 51 и 68 метри квадратни. Идејното решение предвидува чардаци и мали водени површини околу зградите. Дел од становите ќе се градат на еден дел од земјиштето каде сега е сместена касарната Илинден во Скопје
Становите за војската ќе се продаваат по 500 евра за метар квадратен. Ова е највисоката цена која би ја добиле припадниците на АРМ во случај да се одлучат да купат стан од проектот „АРМ мој вистински дом“. Становите се од 35, 51 и 68 метри квадратни. Идејното решение предвидува чардаци и мали водени површини околу зградите. Дел од становите ќе се градат на еден дел од земјиштето каде сега е сместена касарната Илинден во Скопје. Овде според идејниот план, треба да се изградат над 1.400 станови, но предвиден е луксузен дел за амбасади, за чија изградба веќе имало заинтересирани влијателни држави-членки на Советот за безбедност на Обединетите нации. „Решение кое што е моментално во светски рамки, се промовира од сите влади во ЕУ. Така што, таков рамен покрив како што го предвидуваме, кој што е градина, практично е нешто што е посакувано, императив во повеќе држави“, изјави Митко Хаџи-Пуља, универзитетски професор. Предвидено е овој проект да се реализира во сите градови каде што има касарни на АРМ односно во Тетово, Куманово, Штип, Велес и во Кичево. Припадниците на АРМ ќе имаат право да аплицираат за добивање стан во местото каде се распоредени на служба. На презентацијата, министерот за одбрана, Зоран Коњановски најави дека професионалните војници ќе имаат поголема можност за напредување во подофицерски чин. „Едно решение кое во блиска иднина ќе биде на некој начин преточено во измена на законот за служба во АРМ, а тоа е да ја подигнеме границата од 33 на 38 години, за лицата кои од професионални војници можат да аплицираат за подофицери“, вели Коњановски. |
||||||||
www.realmadrid-mk.blogspot.com
|
||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #14 Posted: 02-Sep-2010 at 23:28 | |||||||
http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=55586
|
||||||||
alexgizh
Moderator Group Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
Quote Reply #15 Posted: 03-Sep-2010 at 08:37 | |||||||
Ми се допаѓа проектот, се надевам дека ќе ги изведат како што се замислени, без компромиси и кратења на буџетот. Многу се eco-friendly, незнам дали воопшто досега сме виделе вакво нешто кај нас. Браво!
|
||||||||
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #16 Posted: 03-Sep-2010 at 11:36 | |||||||
Војниците не сакаат покриви со трева
|
||||||||
alexgizh
Moderator Group Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
Quote Reply #17 Posted: 03-Sep-2010 at 12:16 | |||||||
Се надевам дека лаичкото противење на војниците за "тревата на покривот" (нека ми простат, ги почитувам, ама...) нема да ги поколеба надлежните за реализација на овој прекрасен комплекс.
Edited by alexgizh - 03-Sep-2010 at 12:16 |
||||||||
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
||||||||
Mr.Edmund
Groupie Joined: 23-Jul-2008 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #18 Posted: 04-Sep-2010 at 01:27 | |||||||
За жал, на нашиве простори е малку тешко да се истуркаат понапредни идеи. Се надевам дека зелениот кров во идејново решение нема да се претвори во кров од зелен пластифициран лим во основниот проект. А, може ли некаде да се најде некоја основа, па да можеме поаргументирано да зборуваме? А и да ги видиме и другите наградени решенија, па да споредиме?
|
||||||||
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ
|
||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #19 Posted: 04-Sep-2010 at 03:12 | |||||||
Алекс не е туку така генеричко лаичко противење. Неможе како општество да им протнеме општествени станови да бидат тие што ќе ја голнат кнедлата за некој тука на форум да може да се пофали дека ете и во Македонија имало зелен кров. Таква политика сме виделе ние тука пред неколку децении кога Скопјани требаше да ја голтнат кнедлата за Југославија да има да се пофали надвор со супер модерен град, кој патем никогаш не се оствари, а и се протна концептот со изговор од земјотресот. Уствари не ми е целта да ревидираме историски ставови за Скопје 63-та, туку да укажам дека ако веќе се знае целната група на која ќе се доделат (продадат) овие станови, мора да бидат консултирани и тие потреби сериозно земени во предвид. Неможе една фаца или една комисија што бира проект, да го моделира животот на илјадници луѓе. Па макар што сака нека било модерно во свет, ќе си гледаме ние за дома. Тие слики што ги гледаме по нет не се од луѓе што крпат цел живот за еден стан. Тој тревник бара изолација, бара наводнување, оддржување, не е тоа туку така. На крај сите знаме дека ќе се запусти, па ако не никне и некоја бавча горе. И на крај кој ќе биде крив за таквата слика. Сигурно не војниците, зашто некој под закрилата за станбено прашање им протнал свој сци-фи идеи. Целта не е од овие станови да се прави саем за архитектура, биенале. Работа е да се консултираат со нив и најголем број од нивните барања да се инкорпорираат во проектот. И згора на се, тоа туку така проаѓа, па уште е одбрано како финално решение. Нека ги консултираат идните станари, им треба спална соба, не чалам тераса. Вакви тревници и сите други естетски елементи природно е прво да се појават по некоја приватна куќа, па на некоја државна институција па дури многу потоа да станат општествен тренд. И не сакам ова да звучи како бесна орда што фрла дрва и камења по светските модерни трендови во архитектурата, напротив и јас кога би градел сопствена куќа би сакал да имам вакви елементи, ама исклучиво ако сакам. Работата е колку и да се полни предрасуди тие барања на војниците треба во голема мера да се поразговара да им се објасни дека тоа се светски трендови, дека добиваат повеќе, а не помалку. Всушност на страната на архитектите и воопшто нема никаква "одговорност", макар што овој збор одговорност е претежок да се каже, недостоен е. Сепак таму некоја комисија ли којзнае која инстанца донела одлука, архитектот не донел никаква одлука, едноставно поднел проект. И не смее во никој случај да се донесат идните станари да се осетат како да се ставени во теснец "ако сакаш купувај го каков што е, ако не сакаш не". Зборот ми е што од ситуација што треба да биде крајно пријатна за сите, после децении се градат воени станови за прв пат можеби во независна Македонија и се создава една адреналинска ситуација, апсолутно непотребно.
Edited by lslcrew - 05-Sep-2010 at 03:35 |
||||||||
OKA
Senior Member Joined: 11-Dec-2009 Location: Yenni Maalе Online Status: Offline Posts: 332 |
Quote Reply #20 Posted: 07-Sep-2010 at 02:45 | |||||||
И така, сега, по нејзиното обелоденување, акцијава „стан за секој војник” влезе во, таканаречената, фаза на фобичен отпор од страна на оние кои утре треба да живеат во споменатите станови. Што е разбирливо, ако се има во предвид, како би реагирале ХаџиПуља и остала архитектонска фела, кога би се нашле во некаква си, обратна, незгодна ситуација. На пример, да добијат задача да разминираат противтенковска мина, за четириесет секунди, со прирачен алат кој се состои од пенкало, запалка и две три парчиња кредитни картички. Несомнено, кога архитективе ќе станат разминирци, односно, кога ќе останат живи по расклопување на мина, тогаш и војниците ќе разберат што мајка си бараат „треви на покриво”. Особено на начинот на кој архитективе тргнале тоа да им „го доближат”. За почеток, како јак тизер, убаво било, некој да се присетел да им каже на војниците дека нивниот иден стан со зелен покрив, ќе им овозможи во текот на годината „да примат” и 13-та плата. И тоа без да ја чекаат од државата, таа да им ја исплати. Оти, новите студии покажуваат дека зелениот покрив заштедува и до 20% од трошоците за струјата, која оди на греење и ладење. Па, да објасни дека зелениот покрив го сопира УВ зрачењето и максимално го продолжува рокот на траење на покривната конструкција, ја подобрува апсорбцијата на градската врева, ја амортизира разурнувачката сила на водата при екстремните количини на врнежи на дожд и снег, ја штити фасадата, плочникот и околината од истите, дека не треба да се коси и наводнува и е самоодржлив, оти е составен од специјално одбрани растенија кои виреат на композитна подлога која им создава резерви од вода, etc, etc... Да, неопходно е во јавноста да се расчистат сите стереотипии дека „тревите на покриво” се помодарство, тренд од типот на венге боја, кој проаѓа правопропорционално брзо со потребата за богатење на холивудските дизајнери. И да се пренесе на луѓето дека концептот на зелен покрив е жива пролегомена во идејата дека веќе не е ниту мудро, ниту практично, а ниту етички, за живеењето во градот, да се размислува како за нешто што е апсолутно спротивно на природата. Новите технологии, чија комерцијализација доби worp забрзување од актуелнава економска криза, овозможуваат градежниот концепт на зелен или „жив покрив”, полека да прерасне во вообичаен стандард за архитектите. Па дури и во МКД. Оти, непостоењето на know how за „жив” покрив во Македонија, не мора да е несовладлива пречка. Особено што природните ресурси во МКД се прилично „наклонети” кон концептов. На пример, растението познато под името „пазикуќа”, е многу чест избор на проектантите, при одлуката што да се употреби за најгорниот, вегетативен слој на живиот покрив. Ова растение, кое има својство добро да апсорбира вода, многу успешно вирее на Баба Планина, Пелистер. Потоа, архитектите, за да ја намалат тежината на живиот покрив, наместо слој од класична почва, користат компилација од разни видови земја, што како суровина апсолутно не недостасува во Македонија. Истото важи и за чакалот, кој е филтер за дренажата. Останатите компоненти од четириесетина сантиметри „дебелиот” зелен покрив, се всушност шанса за усвојување на глобално курентно производство во еден Охис, да речеме. Во кого, наместо со години безуспешно да го продаваме, лесно можевме да лиценцираме технологија за производство на семипермеабилни композитни мембрани, кои на живиот покрив „ја управуваат” дождовницата и ја инхибираат пенетрацијата на корењата од растенијата кон покривот. Проектов на ХаџиПуља & Co, e пионерски за Македонија
и од тој аспект е многу круцијално да
ја преживее првата лаичка критика,
првиот фобичен отпор од непознато,
едноставно да ја доживее својата
реализација. „Човекот
подига разни згради и на природата и го
краде тлото. Живиот покрив, несомнено,
е одлична можност да ú го надомести
украденото.” Edited by OKA - 08-Sep-2010 at 23:34 |
||||||||
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
|
||||||||
Post Reply | Page 123 22> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |