build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хидроелектрани

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 28>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 16-Aug-2010 at 15:12
ПРОБИЕН РОКОТ ЗА МАЛИТЕ ЦЕНТРАЛИ
Изградбата заглави во правен лавиринт

Првата од државните 400 мали хидроцентрали, која Владата уште пред една година ја даде под концесија на австрискиот инвеститор „Енерџи цотер бау“, се уште не произведува електрична енергија. Со договорот за користење на земјиштето и водниот ресурс на одредено време, австриската компанија се обврза да изгради хидроцентрала, но од минатиот август до сега ништо не е направено. Како што дознаваме, изградбата на хидроцентралата заглавила во домашниот правен лавиринт. Инвеститорот од Австрија досега не успеал да ја комплетира потребната документација за градба, што значи новата централа, најверојатно, ќе се гради во март, в година. Доцнењето на првата мала хидроцентрала го доведува во прашање исполнувањето на рокот од уште две години за изградба на сите 16, за колку што инвеститорот потпиша договор за концесија.
Од Министерството за економија се уште се оптимисти дека проектот ќе успее. Владата досега, за три години, доделила само 35 од предвидените 400 локации за изградба на мали хидроцентрали по реките во Македонија. Министерот за економија неодамна најави дека другите 365 ќе успее да ги додели во следните четири и пол години.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=2096&ArticleID=146586
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 20-Aug-2010 at 11:38
ЕЛЕМ: “Козјак“ со најголемо производство досега

Хидроелектраната “Козјак“ забележала најголемо производство на електрична енергија од нејзиното вклучување во електроенергетскиот систем во 2004 година.

Од почетокот на годинава до средината на август, регистрирана е испорака на електрична енергија од над 190 милиони киловат часови, со што е надминат досега најдобриот резултат на хидроелектраната од 179,52 милиони киловат часови остварен за цела 2006 година, соопштуваат од Електрани на Македонија. 

Годишното производство на “Козјак“ во однос на енергетскиот биланс е остварено  на 27 мај, или за помалку од пет месеци. Моментно, акумулацијата има водни резерви доволно за производство уште на дополнителни 48 милиони киловат часови електрична енергија во понатамошниот период.

Од ЕЛЕМ очекуваат и хидроелектраната “Тиквеш“ за кратко време да го достигне и надмине производствениот рекорд од 265 милиони киловатчасови поставен во 1981 година. Според проекциите, овој капацитет тековната година најверојатно ќе ја заврши со произведени над 300 милиони киловатчасови, што ќе се заведе како досега убедливо најголемо производство на електрична енергија во 42 годишното постоење на оваа хидроелектрана. 

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=75816&kategorija=2
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 14-Sep-2010 at 04:42
Што се случи со ХЕ Света Петка (Матка 2)? Нели требаше годинава да биде завршен проектот? Освен некое штуро партиско препукување што имаше пред неколку месеци, од тогаш ни трага ни глас.

41°55'27.29"N 21°15'47.51"E
Една брошура за проектот:
http://www.elem.com.mk/images/photo/projects/Sv.Petka.pdf 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 14-Sep-2010 at 04:53
Има секои скици за планирани прокети на сајтот на ЕЛЕМ:

Чебрен:http://www.elem.com.mk/images/photo/projects/Cebren.pdf
Галиште:http://www.elem.com.mk/images/photo/projects/Galiste.pdf
Бошков Мост:http://www.elem.com.mk/images/photo/projects/Boskov_Most.pdf
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 16-Sep-2010 at 18:28
Еве една постара слика од Panoramio. Намерно ја постирам голема, да може подетално да се видат преливната шахта и патот.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 16-Sep-2010 at 21:31


Света Петка?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 16-Sep-2010 at 22:16
Пардон, заборавив да напишам! Да, Света Петка е (Матка 2). Некаде од пред година и пол треба да е. Никакво инфо немаме веќе скоро година дена до каде е овој проект.
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 17-Oct-2010 at 17:34

Проектите за “Луково Поле” и “Бошков Мост” се во завршна фаза

Пари има, двете најголеми светски финансиски институции, Светска Банка и Европската банка за обнова и развој дадоа зелено светло за изградба на енергетските капацитети. Светска Банка ќе го финансира “Луково Поле”, а ЕБРД - “Бошков Мост”.

Потребни се само подетални еко - анализи бидејќи објектите ќе се градат во значајно еколошко подрачје, велат од Електрани на Македонија.

Влатко Чингоски, Директор на ЕЛЕМ - Тоа се 2 објекти кои што според анализите не само на стручните лица на ЕЛЕМ, туку и на пошироката експертска јавност, се најекономични и најприфатливи за брза реализација, со што ќе се постигне пред се’ зголемување на производството на електрична енергија и тоа од обновливи извори, што е дополнителен позитивен ефект и дополителни мегават-часови капацитет во нашата енергетска мрежа, што ќе биде благопријатно и за потрошувачите и за ЕЛЕМ.

Прв со изградба ќе стартува “Бошков Мост”. Откако ќе се среди комплетната документација, се очекува напролет да се потпише и договорот со ЕБРД, која ќе го финансира проектот со 65 милиони евра, а останатите 80 милиони ќе бидат инвестиција на ЕЛЕМ.

Со проекот “Бошков Мост” се предвидува целосно искористување на хидропотенцијалот на Мала Река. Годишното производство на енергија ќе се зголеми за 130GWh. “Бошков Мост” ќе почне да се гради кон средината на идната година, а се очекува целиот проект да биде завршен во 2015-та. 

“Луково Поле” ќе произведува од 110 до 150 гига-ват часови електрична енергија годишно. Планирано е да почне да се реализира во почетокот на 2012-та, а двете хидроцентрали да бидат готови за 5 години.

Фирмата изведувач сеуште не е позната.  Ќе се бира на меѓународен тендер. Чингоски смета дека домашните фирми самостојно немаат капацитет за овој зафат, но, можат да се групираат и да учествуваат во активностите.

На земјава и се неопходни нови инвестиции во сопствени енергетски капацитети за обезбедување на електрична енергија на долг рок преку обновливи извори. Моментално се искористува само 25% од нашиот хидрокапацитет.

Виолета Стоименова


http://www.time.mk/read/25a3dce7ad/e57bf02b2a/index.html

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 18-Oct-2010 at 12:11

Со „Луково поле“ и со „Бошков мост“ почнува енергетска преродба

Изградбата на двата проекта ќе значи поевтина домашна енергија, преполовен увоз од странство, како и заживување на некои од подзаборавените села во земјава


Луково поле

%20
Бошков мост

Финансиска конструкција

„Луково поле“
%20

• кредит - 52,93 милиони евра
сопствени средства - 9,34 мил. евра

„Бошков мост“
%20

кредит - 65 милиони евра
сопствени средства - 11,1 мил. евра

Ревитализација на големи хидроцентрали
%20

кредит 27,1 милион евра
сопствени средства4,78 мил. евра

Изградба на нови и ревитализација на постојните енергетски капацитети. „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) почнуваат голем инвестициски циклус, тежок 169 милиони евра, за кој парите се веќе обезбедени од меѓународни финансиски институции, Светската банка, Европската банка за обнова и развој, како и сопствени средства на компанијата. Анализите на ЕЛЕМ покажувале дека најекономични и најисплатливи за брза реализација се акумулацијата „Луково поле“ и хидроцентралата „Бошков мост“, чија изградба ќе почне во текот на следната година. За „Луково поле“ готов проект има уште од 1988 година, но пречка за негова реализација беше демаркацијата на границата со Косово, која сега е завршена.


Викендов ја посетивме локацијата на која ќе се гради браната. Таму сé уште стојат напуштените и разурнати објекти на УНПРЕДЕП, како сведоштво на едно минато време. Сите тие наскоро ќе бидат потопени, а националниот парк „Маврово“ ќе добие нов систем, од кој освен енергетиката, придобивки ќе има и туризмот.


- ЕЛЕМ сериозно се подготвува за реализација на проектите „Луково поле“ и „Бошков мост“, кои покрај зголеменото производство на електрична енергија, ќе значат и изградба на патна инфраструктура, развој на планинскиот и селскиот туризам и заживување на овие краишта. Среќни сме што двете најголеми финансиски институции Светска банка и ЕБРД се подготвени да ја финансираат изградбата на овие проекти. Прв ќе почне да се гради „Бошков мост“, кој според динамиката на реализација се очекува да се заврши до 2014 година - ни изјави Влатко Чингоски, директор на ЕЛЕМ.


Според него, само 25 проценти од нашиот хидропотенцијал е искористен и мора да придонесе тој процент да се зголеми. На прашањето дали домашни компании ќе можат да конкурираат за изградба на овие капацитети, првиот човек на ЕЛЕМ со одговор дека за такво нешто тие мора сами да се подготват и да формираат поширок конзорциум. Во однос на енергетските придобивки, изградбата на двата проекта ќе значи поевтина домашна енергија и многу помал увоз од странство. Со „Луково поле“ ќе се добијат дополнителни 159 гигават-часови електрична енергија, кои ќе се пласираат преку веќе изградените хидроцентрали „Вруток“, „Врбен“ и „Равен“, додека „Бошков мост“ ќе го зголеми годишното производство на енергија за дополнителни 120 гигават-часови.


Јасна Иванова Давидовиќ, директорка за инвестиции во ЕЛЕМ, вели дека при изградбата на новите објекти мора да се запазат строгите еколошки стандарди бидејќи се работи за заштитен национален парк. Поради тоа и браните ќе се градат од камен и глина, односно од природен материјал, нагласува таа. Од ЕЛЕМ најавуваат и ревитализација на шесте големи хидроцентрали „Вруток“, „Равен“, „Врбен“, „Глобочица“, „Тиквеш“ и „Шпилје“, за што се предвидени 31,8 милион евра.


Струјата нема да поскапи

Од ЕЛЕМ не очекуваат поскапување на електричната енергија по Нова година, наспроти бранот поскапувања на прехранбените продукти, кој е сé поизвесен. До крајот на месецот сите енергетски компании до Регулаторната комисија за енергетика треба да ги достават пресметките за своите трошоци, што може да влијае и на крајната цена на струјата за граѓаните.


- Во однос на реализираните трошоци, ние ќе одиме со минимални корекции и нема да бараме поскапување на струјата. Крајната одлука е на Регулаторната комисија за енергетика. Сепак, мислам дека нема да има поскапување на цената на струјата - вели Чингоски.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=101810108478&id=10&prilog=0&setIzdanie=22110
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 27-Oct-2010 at 18:32

Пропаѓа тендерот за изградба на големи хидроцентрали

Наташа Стојановска Коментари (0)   
27.10.2010 18:48
Зоран Мартиновски

 

Тендерот за хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ повторно пропаѓа. Рокот истекува за неколку дена, но нема понуди - дознава А1.

Власта сега одлучува, ќе го поништи ли тендерот или ќе ги продолжи роковите? Која од опциите ќе се избере, ќе се знае на некоја од наредните владини седници.

Сепак овој пат не помогнаа ниту консултантските услуги на Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ, која доби 100 илјади евра за да ја советува владата како да привлекува странски инвестиции, но и како да не пропаѓаат тендерите за „Чебрен“ и „Галиште“.

„Сме обврзани на доверливост во однос на нашиот ангажман како трансакциони советници. Можам само да кажам дека проектот е во завршна фаза и би се воздржал од било какви коментари со оглед на тоа дека проектот влегува во една критична фаза“, изјави Зоран Мартиновски, Директор на ИФЦ.

Сепак информацијата на А1 официјално никој не ја потврдува - од министерството за економија велат, рокот истекува за неколку дена, до тогаш ќе се чекаат и понудите.

Во трка за „Чебрен“ и „Галиште“ влегоа италијанската „ЕНЕЛ“, германската „РВЕ“ и австриски „Вербунд“, но ниту една не доставила понуда.

Неофицијално се дознава дека италијанците од „ЕНЕЛ“ не покажале голем интерес, слично како и Австријците од „Вербунд“, а Германците од „РВЕ“ запреле дел од проектите во југоисточна Европа.

Проектот „Чебрен“ и „Галиште“ вреден 700 милиони евра се најавува со децении но, и натаму останува само на хартија заглавен во тендерски постапки.

Во меѓувреме на терен речиси и да нема некоја друга посериозна инвестиција во енергетиката.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=129390

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 27-Oct-2010 at 18:46
 

Најголемата странска инвестиција - строго доверлива!

 
 

И по една година од изборот на меѓународен консултант, нема детали за проектот „Чебрен“ и „Галиште“, тежок близу 600 милиони евра, што е повеќе од двете најголеми приватизации во Македонија заедно - продажбата на телекомот (362 милиони евра) и продажбата на ЕСМ (225 милиони евра)

 
 
%20  

%20


Изградба на двата најголеми енергетски капацитети во државата ХЕЦ „Чебрен“ и ХЕЦ „Галиште“ е на пат да се претвори во строго чувана тајна. Освен штури информации за овој стратегиски проект, тежок близу 600 милиони евра, други детали во моментов нема. Според висината на инвестицијата, „Чебрен“ и „Галиште“ вредат повеќе од досега најголемите две приватизации во Македонија - продажбата на телекомот (362 милиони евра) и продажбата на ЕСМ (225 милиони евра). По неколкуте пропаднати обиди да најде инвеститор за изградба на овие капацитети, Владата лани ангажира и консултантска куќа, меѓународната финансиска корпорација ИФЦ, која е дел од Светска банка, за да помогне во подготовката на тендерската документација и привлекувањето на инвеститорите. Речиси една година потоа нема детали за сработеното.

- Поради обврзаноста за доверливост што нашата канцеларија ја има кон проектот, кој е во завршна фаза, не сме во можност да даваме какви било изјави - ни изјави Ани Маркиќ од ИФЦ.

Во согласност со договорот со Владата, ИФЦ требаше да ја дотера постојната тендерска документација, да ја анализира и да даде предлози за нејзино подобрување во делот на технолошката и правната процедура. Оваа прва фаза се предвидуваше да заврши до 31 март годинава. Втората фаза вклучува подготовка и имплементација на тендерот, управување со него, сé до конечното склучување на договорот со инвеститорот. И од Министерството за економија се штедливи на зборови, нагласувајќи само дека тендерската постапка за проектот ХЕЦ „Чебрен“ и ХЕЦ „Галиште“ е во фаза кога компаниите ги подготвуваат своите понуди.

- Квалификуваните компании се избрани во првата фаза на претквалификација, и тоа се сериозни енергетски компании, добропознати во енергетската јавност, и тоа „Вербунд“, „РБЕ пауер“ и „ЕНЕЛ СпА“ - ни изјави Селвет Барути, портпарол во Министерството за економија.

Изградбата на „Чебрен“ и на „Галиште“ се поврзува и со проектот за изградба на нуклеарна централа во Македонија, бидејќи тогаш би се обезбедила вода за ладење на нуклеарните реактори и подобро би се нормирало производството на енергија. Пред потпишувањето на договорот со ИФЦ, Владата тврдеше дека се работи суперсериозен проект и дека тие така ќе настапуваат.

- Нашиот трошок од 100 илјади евра не е голем. Консултантските услуги за вакви проекти обично чинат од 500 илјади евра до неколку милиони евра. Се надевам дека до крајот на годинава ќе се потпише договор со инвеститор за „Чебрен“ и за „Галиште“. Во спротивно, ИФЦ сама ќе ги плати трошоците - изјави тогаш вицепремиерот Владимир Пешевски.

До крајот на годината има уште два месеци, но вистинска понуда сé уште нема. Од ИФЦ уверуваат дека нивното над 50-годишно искуство во привлекување приватни инвеститори, со повеќе од 250 проекти во над 60 земји во светот, претставува гарант за успешност на проектот. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=102710101952&id=10&setIzdanie=22117
 
   
Автор: Александар С. Димковски   Фотографија: Орце Стојановски


Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 28-Oct-2010 at 12:25

Мини-хидроцентрала на водоводот во Кичево

На цевководот од градскиот водовод во Кичево, во населбата Иванидол, ќе се гради мини-хидроцентрала со капацитет за производство на 2,5 гигават-часа електрична енергија


- Оваа хидроцентрала ќе биде прв објект изграден со јавноприватно партнерство. Таа во почетокот на наредната година ќе ги произведе и првите киловат-часови електрична енергија. Бенефицијата од овој објект ќе биде повеќекратна, бидејќи нашето претпријатие ќе учествува во продажбата на струја, со што ќе ги зголеми своите приходи, а ќе се подобри и снабденоста со струја на градот - информираат од ЈП „Комуналец“.

Покрај оваа мини-хидроцентрала, на регионалниот водовод „Студенчица“ се планира изградба на повеќе проточни хидроцентрали. Така што овој водоснабдителен објект, покрај првичната намена за водоснабдување повеќе од 160.000 жители од четири општини, истовремено ќе произведува и струја.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1028101039175&id=10&prilog=0&setIzdanie=22118
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 01-Nov-2010 at 19:30
ИЗГЛЕДА УШТЕ МНОГУ ГОДИНИ НЕПОТРЕБНО ЌЕ ГИ БОГАТИМЕ СОСЕДИТЕ, ОЧИГЛЕДНО НЕ СМЕ ВО МОЖНОСТ ДА СИ ГИ ЗАДОВОЛИМЕ ПОТРЕБИТЕ ОД ЕЛ. ЕНЕРГИЈА...

Тендерот за „Чебрен“ и „Галиште“ без понуди
Наташа Стојановска     Коментари (0)    


01.11.2010 18:42



Пропадна и четвртиот тендер за „Чебрен“ и „Галиште“. Рокот истече денеска - понуди нема.

Официјално од министерството за економија најавуваат дека дополнително ќе информираат но, сепак според информациите на А1, ниту една од трите компании што влегоа во трка за Хидроцентралите не доставиле понуда за проектот.

Во игра беа италијанската „ЕНЕЛ“, германската „РВЕ“ и австриски „Вербунд“ но, се дознава дека Италијанците не покажале голем интерес исто како и Австријците, а Германците запреле дел од проектите во југоисточна Европа.

Една од компаниите побарала продолжување на рокот но, власта сепак одлучила целосно да го поништи и да распише нов тендер за претквалификации на фирми.

Овојпат не помогнаа ниту консултантските услуги на меѓународната финансиска корпорација ИФЦ, која ја советуваше владата како да не пропаѓаат тендерите на „Чебрен“ и „Галиште“ за што доби 100 илјади евра, но, тендерот повторно е неуспешен.

Сепак власта и натаму ќе продолжи да ги користи услугите на ИФЦ. Проектот „Чебрен“ и „Галиште“ вреден 700 милиони евра се најавува со децении, но и натаму останува само на хартија заглавен во тендерски постапки.

Во меѓувреме на терен речиси и да нема некоја друга посериозна инвестиција во енергетиката.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=129612
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 04-Nov-2010 at 11:29

Шести тендер за „Чебрен“ и „Галиште“

Владата во текот на месецов ќе распише нов, шести по ред, јавен повик за инвеститор за изградба на браните „Чебрен“ и „Галиште“ на Црна Река. Рокот за доставување понуди истече завчера, а ниедна од трите заинтересирани компании, италијанската „ЕНЕЛ“, германската „РВЕ“ и австриски „Вербунд“, не достави понуда.

Изградбата на двете хидроцентрали е клучна во енергетската стратегија на МАНУ за намалување на увозната зависност на земјава од електрична енергија. Досегашните пет тендери пропаѓаа главно поради наведени стари податоци во тендерските документации за нивото на реките на кои треба да се градат двете хидроцентрали. Според процените, изградбата на двете големи хидроцентрали ќе чини од 500 до 700 милиони евра.

Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ останува владин консултант во потрагата по инвеститор за изградбата на овие две хидроцентрали, кои барем делумно треба да ја ублажат енергетската криза на земјава. Државата за услугите му плати 600 илјади евра на консултантот што требаше да ги отстрани слабостите од досегашните тендери.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F12E2A344B5D4E44B5E8FBAF54B0B8BF
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 06-Nov-2010 at 09:51

РВЕ се повлекува од „Чебрен“ и од „Галиште“

Германците беа најсериозен кандидат за најголемата инвестиција во земјава, но по речиси пет години откако го искажаа првичниот интерес, вчера за „Дневник“ официјално изјавија дека се повлекуваат од македонскиот проект

Германскиот енергетски гигант РВЕ се повлекува од тендерот за изградба на двете големи хидроелектрани „Чебрен“ и „Галиште“ на Црна Река. Германците беа најсериозен кандидат за инвестиција вредна 700 милиони евра, но по речиси пет години откако го искажаа првичниот интерес, вчера за „Дневник“ официјално изјавија дека се повлекуваат од македонскиот проект. Оттаму истакнуваат повеќе причини зошто РВЕ не може да направи сериозни заложби за инвестицијата.

- Финансиските оптоварувања како резултат на германскиот данок на нуклеарно гориво, плаќањата во специјалниот фонд за обновлива енергија, како и потребите од дополнителна опрема ќе го ограничат просторот за финансирање од 2011 година натаму - вели портпаролот на РВЕ, Мартин Пек.

Според Пек, германскиот концерн за ваквите нивни намери веќе ги информирал Владата и државната ЕЛЕМ како предвиден партнер во јавно приватното партнерство.

- Би било неодговорно да се поттикнуваат очекувања што не можеме да ги исполниме - заклучува тој.

Инаку, тендерот за ХЕ „Чебрен“ и „Галиште“ два пати беше поништуван и три пати беше одложуван. Во почетокот на месецов, до кога траеше последниот повик за достава на понуди ниту еден од тројцата заинтересирани инвеститори - италијански ЕНЕЛ, германска РВЕ и австриски „Вербунд“ - не достави понуда.

И покрај тоа што нема интерес кај инвеститорите, Владата најави дека ќе распише нов тендер за хидроелектраните на Црна Река.

Претходните тендери пропаѓаа од различни причини. Главно се работеше за лоши тендерски услови во јавните повици што ги објавуваше Министерството за економија. Така, како причини се истакнуваа погрешните и стари податоци во тендерските документации за протокот и количината на водата во Црна Река. Потоа, поради наводната економска неисплатливост на двете брани, кои според експертите, би требало да бидат пониски од предвидените и наместо две да се изградат три пониски брани.

Тендерот за „Чебрен“ и „Галиште“ прв пат беше објавен во 2006 година, а министерот за економија Фатмир Бесими уште беше министер во Владата на сега опозицискиот СДСМ. Како што вели самиот Бесими, кога повторно се врати на власт во 2008 година, првиот тендер се' уште траел, но беше поништен. На тој тендер интерес за проектот пројавија дури 12 компании, а на крај беа доставени само две понуди, од „Вербунд“ и од РВЕ. Овој тендер беше поништен во декември 2008 година бидејќи инвеститорите побараа Владата да гарантира дека ќе плаќа пенали ако Црна Река нема толку вода како што е прикажано во проектната документација. Претходно, инвеститорите уште во 2006 година побараа одложување на рокот за достава на понудите.

Кон крајот на 2008 година беше објавен вториот тендер во кој концесијата на третата хидроцентрала во каскадата ХЕ „Тиквеш“ наместо 50 години, овој пат беше предвидена на 70 години како надомест за недостигот од вода во реката. Во август 2009 година, три компании ја подигнаа тендерската документација, но не ги доставија своите понуди во октомври кога заврши рокот, туку побараа одложување на истиот.

Претставникот на РВЕ, Торстен Липерт, тогаш изјави дека се прават анализи и пресметки дали проектот е економски исплатлив, најавувајќи дека е можно да се побараат подобри технолошки решенија од Министерството. По ова, во октомври минатата година, рокот за доставување понуди за „Чебрен“ и „Галиште“ уште еднаш беше одложен за април 2010 година.

Во декември 2009 година Министерството за економија за 600.000 евра ја најми Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), која е дел од групацијата на Светската банка, како консултант кој ќе помогне да се заврши најдолгиот и највреден тендер во земјава. Според министерот Бесими, самите инвеститори тогаш побарале да се ангажира професионален меѓународен консултант.

- Дефинитивно се покажа дека нашата администрација не е доволно обучена и стручна за да ги заврши ваквите проекти. Затоа, го ангажиравме ИФЦ, кој е дел од Светската банка. Тие, како експерти ќе го направат проектот атрактивен и ќе ја зголемат неговата рентабилност. Со тоа, испраќаме порака до инвеститорите дека сме сериозни и сакаме да го завршиме овој проект до крај - изјави тогаш Бесими.

Проектот за двете хидроелектрани е стар над дваесет години, но е ревидиран со студијата на грчката компанија „Ексергија“, која оценува дека најповолна би била изградбата на брана на „Чебрен“ висока 192,5 метра и турбина со инсталирана моќност од околу 340 мегавати, како и брана „Галиште“ со висина од 136 метри и инсталирана моќност од 193 мегавати. Вкупната инсталирана моќност на двете електрани се предвидува на околу 550 мегавати. Изградбата на двете хидроцентрали е клучна во енергетската стратегија на МАНУ за намалување на увозната зависност на земјава од електрична енергија. Оваа инвестиција се очекуваше да осигури долгорочен економски развој на целиот регион и да отвори голем број нови работни места.

Горан Ризаов
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C682030E1E0AD34489AB4C9B7F6BEC1F





Украинци го меркаат „Чебрен“ и „Галиште“

Кај украински фирми има сериозен интерес за енергетските проекти во Македонија, пред сé по принципот на концесионирање, како и во сферата за заштита на животната средина. Од македонска страна, пак, има интерес за извоз на производи од фармацевтската индустрија, како и на земјоделски производи

Само неколку дена откако Владата објави дека нема понуди и на последниот тендер за изградба на хидроелектричните централи „Чебрен“ и „Галиште“, од највисокиот државен врв на Украина доаѓаат позитивни вести дека компании од оваа земја се сериозно заинтересирани за влегување во овој голем енергетски проект. Според најавите, наскоро ќе се распише новиот тендер за овој проект, кој како што дознаваме ќе биде со малку порелаксирани услови. Бизнис-секторот во Украина има интерес за инвестиции преку концесионирање и за други енергетски капацитети што се предвидуваат во Македонија.

...

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=115101028261&id=10&setIzdanie=22125


Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 09-Nov-2010 at 07:50
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 16-Nov-2010 at 16:31

Вторник, 16 Ноември 2010 14:34

Кривопаланечките советници донесоа одлуки за усвојување на физибилити студии за изградба на мини-проточни хидроцентрали на цевководите на потегот од „Калин Камен“ – главен резервоар во Крива Паланка и село Станци – Фабрика за вода во Крива Паланка.

mini_hidro240
За оваа намена Советот ја измени и одлуката за долгорочно задолжување на Општината во висина од 1.220.805 евра, колку што ќе изнесува и кредитот наменет за изградба на шесте мини-проточни хидроцентрали.

Претходно, јавна презентација на физибилити студијата и ревидираните идејни проекти за изградба на овие хидроцентрали одржа фирмата ЛТД „Техника“ од Кавадарци, кои се и изготвувачи на идејните проекти по претходна согласност одобрена од Факултетот за електротехника и информатичка технологија при УКИМ. Тие истакнаа дека оптимална рентабилност е изградба на четири мини хидроцентрали на цевоводот од „Калин Камен“ – главен резервоар во Крива Паланка и две на потегот од селото Станци – Фабрика за вода во Крива Паланка со нивна трајност, односно искористување од 26 години со добивка од 2,8 милиони евра.

- Општината моментално ќе учествува со финансиски средства за урбанистички планови, физибилити студија, идејни и изведбени проекти и други трошоци се до отпочнување со работа на хидроцентралите, а потоа како побарување ќе се вратат средствата на буџетската сметка од новоформирањето јавно претпријатие, истакна кривопаланечкиот градоначалник, Арсенчо Алексовски.

http://kurir.mk/republika/proekti/8056-Vo-Kriva-Palanka-ke-se-gradat-mini-protocni-hidrocentrali

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 24-Nov-2010 at 23:07

ОСОГОВСКИ ПЛАНИНИ


Студија за изградба на мали акумулации на Арамиска чешма


Физибилити студијата за изградбата на мали акумулации во месноста Арамиска чешма на Осоговските Планини, за која Владата издвои еден милион денари е во завршна фаза. Студијата се реализира во рамки на програмата на Владата за доделување финансиски средства за финансирање проекти за развој на планинските региони во државата. Студијата, којашто заеднички ја изработуваат општините Пробиштип и Кочани, се очекува да биде готова до крајот на оваа календарска година. Според досегашните истражувања, на локалитетот Арамиска чешма се наоѓаат десетина извори на вода кои преку целата година создаваат мали езерца. Според елаборатот, на овој потег ќе бидат изградени три мини акумулации со вкупен волумен од 300 илјади кубни метри вода која ќе се користи за потребите на викенд населбата на локалитетот Пониква, но и за развој на сточарството и земјоделство во планинските села од Прибиштипска и Кочанска општина.

http://vecer.com.mk/?ItemID=935561A443E21941961753E77ABAB242
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 29-Nov-2010 at 16:58
Понеделник, 29 Ноември 2010 14:57

Обезбедување на 60 милиони евра за реализирање на проектот „Рехабилитација на 6 хидроцентрали“ и изградбата на „Ветерни електрани Богданци“ е целта на потпишаниот договор помеѓу - Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, генералниот директор на ЕЛЕМ Влатко Чинговски и директорот на КфВ банка за Македонија Јурген Велчов.

potpis-50029112010

Реализацијата на овие проекти се дел од втората фаза на „Програмата за енергетска ефикасност“

За проектот „Рехабилитација на 6 хидроцентрали“ наменети се 27,1 милиони од договорените 60 милиони заем. Со овие средства ќе се изврши рехабилитација на шест хидроцентрали – Глобочица, Тиквеш, Вруток, Равен, Врбен и Шпиље, истакна Ставрески.

Земот кој му е доделен „АД ЕЛЕМ“ е под исклучително поволни услови, поточно  15 годишен рок на отплата, грејс период од 5 години и каматна стапка од околу еден процент.

За вториот проект, „Изградба на ветерни електрани кај Богданци“ Германската влада, преку КфВ банката на нашата земја и обезбеди 32,9 милиони евра.

Со проектот „Изградба на ветерни електрани кај Богданци“ за кој од Владата на СР Германија се обезбедени 32,9 милони евра, од вкупно потребните 75 милиони за негова реализација, се предвидува  изградба на парк на ветерни електрани кои треба да постигнат годишно производство од 100 гигават часови. Поректот е во подготовка и очекуваме  во првата половина од наредната година да се склучат договорите за негова реализација, рече Ставрески, заблагодарувајќи се за долгогодишната успешна соработка со СР Германија и КфВ банката.

Германската амбасадорка во нашата земна Урлике Кнотс, но и Вицепремиерот Ставрески изразија задоволство за постигнатата соработка.

Како што истакна вицепремиерот Ставрески,  претставниците на КфВ изразиле и подготвеност за продлабочување на соработката со Македонија преку обезбедување кредитна линија од 15 милиони евра за финансирање на микро, мали и средни претпријатија преку Македонската банка за поддршка на развојот, која за новата кредитна линија ќе обезбеди и дополнителни пет милиони евра


http://kurir.mk/makedonija/ekonomija/9714-60-milioni-evra-germanski-pari-za-Makedonija
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 06-Dec-2010 at 20:52

ХЕЦ „Света Петка“ никако да мрдне од првата фаза

Централата требаше да биде завршена во март 2009 година, а за пет години се завршени само основните работи

Маја Томиќ


Изградбата на хидроцентралата „Света Петка“, или „Матка 2“, тапка во место. Таа требаше да се пушти во употреба во март 2009 година, според договорот, а се' уште не е завршена ниту браната. Непознато е што се чека за да се продолжи со изградбата на централата. Двете договорни страни, државната ЕЛЕМ и словенечката „Рико“, главен изведувач на браната, упорно молчат и на јавноста не и' ги кажуваат причините зошто работите со ХЕЦ „Света Петка“ стојат статус кво со години.

Постои ли некаков криминал околу изградбата на овој проект, како што пред неколку месеци обвини опозицискиот СДСМ ? Професорот Атанаско Туневски пред извесно време обвини дека комисија на ЕЛЕМ во 2005 година го избрала „Рико“ да биде главен изведувач на ХЕЦ „Света Петка“. Но, согласно со договорот, ЕЛЕМ не му наплаќа на „Рико“ пенали поради огромното доцнење на изградбата од повеќе од четири години. СДСМ летово ја обвини ЕЛЕМ за криминал во врска со овој проект, односно дека одредени имиња од компанијата имаат лична корист од тоа што работите со хидроцентралата стојат во место, а дека зад тоа стоела и Владата.

Инаку, уште во 2004 година, тогашно ЕСМ ја изврши изградбата на тунелот и на преливната шахта за ХЕЦ „Света Петка“, откако претходно се изгради пристапниот пат до локацијата на објектот. Во почетокот на јуни 2006 година, пак, словенечки „Рико“ стартуваше со изградбата. Вкупната инвестиција беше проценета на околу 65 милиони евра, од кои 42 милиона евра „Рико“ требаше да ги обезбеди со кредит од Депфа банка, со државна гаранција, а 23 милиони евра да бидат сопствени средства на ЕЛЕМ. Периодот на отплатата беше утврден на 15 години, при грејс-период од три години и шест месеци и годишна каматна стапка од 2,75 проценти. Средствата требаа да станат оперативни веќе од јули 2006 година и да се започне со градежните работи во следните шест месеци. Браната требаше да биде готова за 34 месеци и изградена по принципот клуч на рака.

Според документацијата, инсталираниот капацитет на ХЕЦ „Света Петка“ е 36,4 мегавати. Таа е последната во низот од трите каскадни централи на реката Треска, задно со „Матка“ и „Козјак“, и треба на македонското електростопанство треба да му испорачува дополнителни 116 мегавати струја годишно, што ќе биде веднаш зад капацитетот на мавровските хидроцентрали, „Вруток“, „Врбен“ и „Равен“. ХЕЦ „Света Петка“ треба да остварува годишно производство на струја од 90 милиони квч.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6FCAF78BD3FDD44AA02215F8F3808F89
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.420 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.