build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Концесија на автопатишта

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 14>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 06-Apr-2010 at 13:34
EVE I MALKU POOPSIRNO........    

Патиштата (пре)крупен залак и за големите странски компании?

Што се случува со тендерот за концесија?

patista
Што се случува со тендерот за концесии за изградба, реконструкција и наплата на патарина на дел од патната мрежа во земјава по должина на транспортниот Коридор 8, односно Исток-Запад? Неодамнешното најново одложување на рокот до кога заинтересираните компании треба да ги достават своите понуди ги покрена гласините дека не му оди и на овој мега проект, чија вкупна вредност е околу милијарда евра. Поточно, последното трето пролонгирање на крајниот рок за доставување на понудите за 30 дена, односно за 4 мај, на овој меѓународен тендер, со кој практично треба да се воведе концесионерството во изградбата на патната мрежа во Македонија ги подгреа сомневањата и претпоставките во крајниот позитивен исход на овој зафат.

Притоа, некои првични експертски мислења се дека тендерот нема да успее зашто станува збор за неатрактивни патни делници, а за други вкупната цена на проектот од една милијарда евра е прекрупен залак и за странските, а не само за домашните компании. Сето тоа, нормално, се врзува нетрактивноста на земјава за поголеми инвестициски вложувања, како последица на се уште нерешените стратешки политички прашања околу нејзините европските интеграции, потоа традиционалната болка – малиот пазар, односно недоволната сообраќајна фреквенција во текот на годината по патните делници кои се нудат за концесија, како и неможноста за пораст на транспортните движења , како резултат на се уште присутните транспортни, гранични и царински ограничувања во регионот.

И се така во недоглед, велат, е дел од причините за статус кво состојбата со овој тендер, кој се уште чека на официјалниот старт.
Деновиве песимизмот во врска со овој зафат го искажаа и од  Стопанската комора на северозападна Македонија, од каде што во повеќе наврати го истакнаа значењето и потребата од развој на сообраќајната инфраструктура во населените места, кои лежат на трасата на транспортниот коридор Исток - Запад.

Имено, според Шефки Алити, иако има заинтересирани за овој тендер, и тоа од големите европски фирми, тој нема да успее зашто патните правци што се даваат на концесија имаат мал проток на возила. Ваквото мислење е составен дел и на проценките и на стручната и на обичната јавност во земјава и според многумина тоа е и најголемата недоумица, која ги колеба инвеститорите да влезат во еден ваков проект.

Наспроти овие песимистички гледања и црни прогнози, во Министерството за транспорт и врски ја смируваат топката и велат дека засега се е в ред. Односно, дека, како што при последното прологирање на крајниот рок за добивање на понудите беше соопштено од овој ресор, а тоа потоа го потврди и ресорниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески – одлагањето го побарале повторно заинтересираните компании.

А, Министерството го прифатило нивното барање  со цел да им се излезе во пресрет на заинтересираните понудувачи навреме и квалитетно да ја комплетираат потребната документација за добивање на патна концесија во државава. Поради тоа се промени документацијата за доставување барања за учество во првата фаза од постапката (претквалификација). Министерот Јанакиески истакна дека е убеден дека проектот за воведување на концесионерството во изградабата и модернизацијата на патната мрежа во земјава  ќе биде успешен. Зашто, како што посочува, постои голем интерес од реномирани големи компании кои можат да се јават на тендерот за избор на концесионер за изградба на патиштата во Македонија и веќе имаат локални претставници и работат на потребната документација.

Од Министерството, исто така, укажуваат дека за интересот на компаниите зборува и податокот дека на преклани распишаниот јавен повик со цел да се види првичниот интерес на заинтересираност, се јавија дури 48 компании, финансиски институции и конзорциуми. И тоа од Европа, односно од Германија, Франција, Шпанија, Португалија, Турција и Грција, но и од Северна Америка, Кина и Индија. А, меѓу заинтересираните беа и австриски “Шрабаг” и “Рајфаизен инвестментс”, хрватска “Ингрa”, американската “Бехтел”, грчката “Tерна” ... Со оглед на респектабилните имиња на овие компании и така големата првична заинтересираност, од Агенцијата за патишта  веќе посочија дека очекуваат на претстојниот тендер да се јават четири-пет сериозни компании, кои во конзорциум ќе можат да ги исполнат строгите тендерски услови за ваков тип проекти.

Сепак, иако со најновото одлагање,  наместо 143 дена, колку што имаа досега, заинтересираните компании сега добиваат вкупно 173 дена да се вклучат во овој  проект. Во исто време, тоа ќе повлече и продолжување на рокот за доставување понуди во втората квалификациона фаза. А, тоа ќе значи и временско прологирање и на целокупната постапка за воведување на концесионерството во изградбата, реконструкцијата и наплатата на патарина на дел од патната мрежа во земјава, што првобитно се проценуваше на најмалку една година. 

Инаку, како што е познато, Министерството за транспорт и врски во средината на ноември минатата година го објави јавниот повик за прибирање понуди од заинтересирани компании, или конзорциуми, за давање под концесија на два пакета веќе изградени, но и нови патни правци, по трасата на Коридор 8, во вкупна вредност од околу една милијарда евра .  И тоа, Источен, во должина од 177,5 километри и Западен, со вкупно 196 километри. Притоа, за источната концесија беа понудени патните правци: Крива Паланка-Романовце, Кочани-Штип, Миладиновци-Штип, Миладиновци-Скопје и обиколницата на Скопје, во вкупна вредност од 434  милиони евра, додека за западната концесија: Стенковец-Блаце, Гостивар-Ќафасан, Требениште-Охрид, Струга-Подмолје и Гостивар-Тетово-Скопје, во вредност од 558 милиони евра.

Концесионерите ќе имаат обврска да ги (до)изградат и реконструираат овие патни правци за најмногу осум години, а потоа со нив да стопанисуваат 35 години. Но,  истовремено и да ги одржуваат и да наплатуваат патарина. Меѓу условите за квалификација на фирмата или водечкиот партнер во конзорциумот на овој тендер се да има вкупен годишен промет од најмалку 500 милиони евра, искуство во проектирање и изградба на автопат од најмалку 100 километри, во последните пет години и искуство во реализација на договор за концесија, која вклучува изградба, одржување и користење на автопат од најмалку 100 километри во последните 10 години. Покрај ова, за првиот пакет патишта се бара и банкарска гаранција од 14 милиони евра, а за вториот - 17 милиони евра.                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                      http://www.biznis24.com.mk/node/7064

Edited by Cloverstack - 06-Apr-2010 at 15:03
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 03-May-2010 at 02:45
На оваа страна ја има тендерската документација за концесионирање на патишта. Има некои детални информации, а и некои мапи видов од трасите, па може да ни разјаснат многу.

http://www.mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=1340
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 05-May-2010 at 17:55
Има интерес за концесија на патиштата

Скопје, 5 мај - За првиот пакет патишта кои треба да се дадат под концесија, а за што е објавен тендер, има интерес и се очекува изградбата на предвидените делници да почне во средината на наредната година.


Ова го најави премиерот Никола Груевски денеска одговарајќи на новинарски прашања - Тендерот што е објавен е во самиот финиш и до крајот на овој месец треба да приврши. Целта е да се привлече концесионер кој ќе изгради поголем број автопатски решенија односно делот Скопје - Блаце, Коридорот 8 од Крива Паланка до Романовце и од Гостивар - Струга до албанска граница и Скопје - Миладиновци, и делот Свети Николе - Штип - Кочани, изјави премиерот Груевски.
Станува збор за инвестиција од 1,2 милијарди евра која ќе се реализира откако ќе биде избран концесионер.


- Засега има добар интерес и се надевам дека тој интерес ќе биде изразен и на денот кога ќе се доставуваат понудите. Потоа ќе следува евалуација, па преговори за потпишување на договори, па изнаоѓање финансиска конструкција. Тоа е еден макотрпен процес, бидејќи се работи за крупна инвестиција и доколку успееме на средината на следната година да почне физичка градба на дел од овие автопатишта ќе бидеме презадоволни, истакна премиерот. (МИА)лни, истакна премиерот. (

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2026&Itemid=106
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 06-May-2010 at 19:35

Македонија

Тендерот за патиштата ќе се отвори на 20 мај

среда, 05 мај 2010, 17:13Реализацијата на проектот за изградба на нови 380 километри автопат низ земјава ќе започне најрано на средината на наредната година. По неколку одложувања на 20 овој месец властите ќе ги отворат понудите на заинтересираните компании кои во замена за инвестицијата ќе ги добијат автопатиштата на концесија од 35 години. Премиерот Груевски изјави дека станува збор за проект вреден околу 1,2 милијарди евра. Според него, станува збор за макотрпен процес, а имало доста заинтересирани компании.

За да успее да привлече повеќе компании владата е подготвена и да ги субвенционира заинтересираните концесионери со 200 милиони евра, а во пакетот ќе ја додели и веќе изградената скопска обиколница и автопатот Скопје-Гостивар. Според првичните анализи потенцијалниот концесионер ќе треба да потроши околу една милијарда евра за изградба на источната и западната траса патишта, а од патарините и другите приливи ќе заработи 2,3 милијарди евра. Државната каза за целиот период ќе се збогати само за 260 милиони евра.

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mid=36&eventid=21885


Edited by lslcrew - 06-May-2010 at 19:37
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 07-May-2010 at 16:13

Целата идеја за давање на патните правци под концесија мене ми се допага. Доро е што владата признава дека како држава немаме сила да изградиме автопат, не ја пика главата во песок. А кога веке дозволуваме други да градат, тогаш треба и да им се оствви профитот, а не да се жалиме отпосле колку само малку пари ке сотанале во државната каса. И така тој профит нема да биде голем. Немаме доволно проток на возила за изградбата да биде профитабилна, така да инвеститорот ке мора да се задоволи со мали профит маргини. Затоа и мислам дека нема да има голем одзив, и дека државата сепак ке мора да помогне со инвестиции барем за некои правци. А тоа ке се отегне.... 

Овде би кажал и неколку збора за коридорите. МОјата теза е дека тие се пренагласени, посебно коридорот 8. Без сомнение тој е многу важен за Македонија, но не е важен за Бугарија. Затоа тоа е политичка одлука дали и со која динамика ке се гради. А ке се гради уште неколку децении, тука мислам на автопатско и железничко решение  по целата должина. Без Бугарија коридорот 8 е само празно слово на хартија. а немам впечаток дека тие го ставиле како приоритет, тоа им е правецот Истанбул Софија НИш Белград Западна европа. Турција освен преку Бугарија преку Виа Егнација е поврзана со Италија и Европа.   Така да не гледам логика за толку врева околу коридорот 8. 

Да нема недоразбирање, тој е важен за наше внатрешно поврзување, но исто така а можеби и поважно е да се поврзат Струмица и Скопје, преку Радовиш и Штип. Тој правец е битен за да се овозможи населениоето кое гравитира на пр околу Св НИколе да патува на работа во Скопје. 

Со еден збор треба да повторно да се разгледаат нашите приоритети и ако трба да се изменат, но без мешање на политиката.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 07-May-2010 at 17:37
Се сложувам Ненад дека Бугарија во моментов има поприоритетни правци, но не би се сложил дека коридорот 8 е битен само за Македонија. Јас не би го гледал тоа само како транзитна паневропска артерија, туку за едно природно поврзување на градови/земји со кои комуникацијата била нарушена во последниов век од вакви или онакви причини.

За приоритети мислам дека скоро зборувавме, и дефинитивно треба да се заврши коридор 10 пред да се фати било што друго (остануваат само уште 30на км). Следен би го приоретизирал Скопје-Блаце а веќе потоа би се зафатил со реализација на еден нов сегмент од коридор 8. Како што некои форумаши предлагаа, згодно би било да се почне можеби од Охрид со оглед на тоа што тамошниот терен е лесен и би била една "брза победа".

А да, заборавив мора веднаш да се инвестира и во реконструкција на Скопје-Куманово и Скопје-Велес кои се во ужасна состојба. Другите автопатски делници кои ги имаме се во ред.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 07-May-2010 at 18:48

Мислам дека заборавате дека најважен можеби коридорот 8 е за Италија. Преку коридорот јужна Италија директно бисе поврзала со Албанија, Македонија и Бугарија а со тоа вероватно би се зголемило нејзиното влијание на Балканот и би ја доближило до Турција и Азија. Од друга страна, Бугарија е голема држава со битни коридори и не верувам дека тек така ќе се откаже и од овој, иако приоритетите можеби не се најважни. Значи интерес ако не веднаш, за 5-10 години ќе има поголем, а за нашата држава овој коридор е од стратешко значење бидејќи би ни овозможил брз и полесен пристап до пристаништата во Албанија и Бугарија па нема да зависиме само од Солун.

Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 07-May-2010 at 19:03
Originally posted by UrbanFreak

Мислам дека заборавате дека најважен можеби коридорот 8 е за Италија. Преку коридорот јужна Италија директно бисе поврзала со Албанија, Македонија и Бугарија а со тоа вероватно би се зголемило нејзиното влијание на Балканот и би ја доближило до Турција и Азија. Од друга страна, Бугарија е голема држава со битни коридори и не верувам дека тек така ќе се откаже и од овој, иако приоритетите можеби не се најважни. Значи интерес ако не веднаш, за 5-10 години ќе има поголем, а за нашата држава овој коридор е од стратешко значење бидејќи би ни овозможил брз и полесен пристап до пристаништата во Албанија и Бугарија па нема да зависиме само од Солун.

тоа и јас го велам, коридорот 8 е претежно политички, затоа и е прогласен за коридор. Самиот тој  политички момент носи и одредени негативни страни, зависиме од вољата на соседните влади на кои не ми се брза, не е природен коридор каде економските интереси преовладуваат. Не спорам дека за нас тој е многу важен, со него и внатрешно и надворешно се поврзуваме но времето си врви а тој не е готов. И тука нема што да правиме, овде нашата влада (влади) не можат многу да направат освен постојано да го актуелизираат тоа прашање. 

Back to Top
shaun.r View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 06-Jul-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote shaun.r Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 20-May-2010 at 21:23
Доставени 8 барања за учество во постапката за концесија на патишта - 20.5.2010

 

 

Почитувани,

 

Ве информираме дека денес во Министерството за транспорт и врски беа отворени барањата пристигнати по јавниот повик за доставување барања за учество во постапката за доделување концесија за вршење на работите на изградба, одржување, наплата на патарина и користење на дел од државните патишта во Република Македонија, кој беше објавен во домашните, меѓународните медиуми и на интернет. Барања за учество во постапката доставија вкупно 8 компании.

 

Во следниот период следува постапката за претквалификација во која Комисијата ќе утврдува дали заинтересираните страни имаат соодветна економско–финансиска и техничка способност за спроведување на концесија од овој вид и обем. Заинтересиранитестранизакоиќесеутврдидекајаимаатбараната способност ќе се поканат да подигнат тендерска документација и достават понуди, односно да учествуваатво втората фаза на постапката. По доставувањето на понудите истите ќе се евалуираат, при што ќе се избере најповолниот понудувач.

 

Предметот на концесија опфаќа вршење на работите за изградба, реконструкција, одржување, наплата на патарина и користење на патните правциво два пакети. Во првиот пакет предмет на концесија се патните правци Крива Паланка – Романовце, Кочани – Штип и Миладиновци – Штип, преку Свети Николе, како и вршење на работите на одржување, реконструкција, наплата на патарина и користење на патните правци Миладиновци – Скопје и обиколницата на Скопје. Во вториот пакет, се патните правци Стенковец – Блаце и Гостивар – Ќафасан и правецот Гостивар - Тетово -Скопје.

 

Владата на Република Македонија ги создаде сите потребни предуслови за реализација на овој проект, а за дефинирање на условите и вршење на студијата за оправданост на издавањето под концесија, како и формирање на пакетите патишта кои се дел од проектот, претходно по пат на меѓународна јавна постапка беше ангажирана реномираната консултантска куќа „Louis Berger“ која ги изработи соодветните економско-технички анализи и студии.

 

 

 

Со почит,

Министерство за транспорт и врски




http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=2538
Back to Top
shaun.r View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 06-Jul-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote shaun.r Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 20-May-2010 at 21:56
Originally posted by pbanks

Се сложувам Ненад дека Бугарија во моментов има поприоритетни правци, но не би се сложил дека коридорот 8 е битен само за Македонија. Јас не би го гледал тоа само како транзитна паневропска артерија, туку за едно природно поврзување на градови/земји со кои комуникацијата била нарушена во последниов век од вакви или онакви причини.

За приоритети мислам дека скоро зборувавме, и дефинитивно треба да се заврши коридор 10 пред да се фати било што друго (остануваат само уште 30на км). Следен би го приоретизирал Скопје-Блаце а веќе потоа би се зафатил со реализација на еден нов сегмент од коридор 8. Како што некои форумаши предлагаа, згодно би било да се почне можеби од Охрид со оглед на тоа што тамошниот терен е лесен и би била една "брза победа".

А да, заборавив мора веднаш да се инвестира и во реконструкција на Скопје-Куманово и Скопје-Велес кои се во ужасна состојба. Другите автопатски делници кои ги имаме се во ред.

koridorite 8 i 10 kako i site ostanati ne se samo avtopatista i zeleznica nego i 400kv energetsko povrzuvanje i telekomunikacika vrska(se realizira so postavuvanje na opticki kabel na dalekovodite kako zaastitno jaze)..e sega vo delot na energetskiot koridor 8 ,delot kon Buarija kako od nasa strana taka i od Bugarska e zavrsen , dodeka energetskoto povrzuvanje so albanija uste e vo plan, zatoa sto seuste mislam deka ja nemaat izgradeno 400kv postrojka vo Elbasan .Sto se odnesuva na koridor 10 (mislam, ne me fakajte za zbor) deka se dobieni pari za 400kv dalekovod skopje 5- nis i so toa bi se zaokruzil koridorot 10 vo celost(so grcija ima vrska prema solun i prema lerin)


Edited by shaun.r - 20-May-2010 at 22:06
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 20-May-2010 at 22:17
od edna strana se raduvam sto ima interes za gradenje na avtopatite,no potanjo se nadevav da ne uspee pred se zaradi planot na skopskata obikolnica da se postavat patarini.
Seuste nisto ne e gotovo no 8 firmi ne se malku.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 31-May-2010 at 18:11
Изградбата на автопатиштата треба да почне следното лето

Неготино, 31 мај 2010 (МИА) - Премиерот Никола Груевски очекува следното лето да почне изградбата на предвидените автопатиштата, доколку оди со предвиденото темпо постапката за избор на концесионер.

Првата фаза од постапката заврши успешно и во тек е евалуација на пријавените осум компании кои се кредибилни и со искутво во таа област, изјави денеска Груевски одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на фудбалско игралиште во Неготино.

Евалуацијата на компаниите ќе трае во текот на јуни и веројатно дел од јуни кога треба да се објави постапката за втората фаза која се надеваме дека ќе заврши есенва по што ќе се фокусираме на избор на концесионер, најави Груевски.

Според него ќе бидат потребни уште неколку месеци за усогласување на сите дела за потпишување на договорот и уште неколку за оформување на финансиската конструкција. Тоа, нагласи премиерот, е вообичаена постапка кога се реализира ваков крупен инфраструктурен проект што се мери во милијарди евра.

- Се надеваме во средината на следината година ако се се одвива успешно, да почне изградбата на автопатиштата, рече Груевски.

Toj nагласи дека инвестицијата која е со вредност над милијарда евра ќе влијае не само на идниот развој на државата, туку и ќе придонесе за силно раздвижување на градежниот сектор, ангажирање голем број работници и прилив на финансии однадвор.

Станува збор за исклучително крупна односно можеби најкрупната инвестиција во историјата на државата, изјави Груевски.

Со постапката за избор на концесионер државата дава под концесија патни правци од таканаречените источна и западна магистрала.  Во првиот пакет предмет на концесија се патните правци Крива Паланка - Романовце, Кочани - Штип и Миладиновци - Штип, преку Свети Николе, како и вршење на работите на одржување, реконструкција, наплата на патарина и користење на патните правци Миладиновци - Скопје и обиколницата на Скопје. Во вториот пакет се патните правци Стенковец - Блаце и Гостивар - Ќафасан и правецот Гостивар - Тетово - Скопје.лв/скс/15:05


http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=74326720&lId=1&pmId=504
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 30-Jul-2010 at 17:03

Се пролонгира рокот за концесијата на патиштата

Се пролонгира рокот за концесијата на патиштата. Листата со компании кои ќе можат да достават понуда за концесионирање ќе биде комплетирана во октомври.

Првичниот рок беше јули. Од Министерството за транспорт објаснуваат, станува збор за техничка процедура. Комисијата која врши евалуација на понудите кои беа доставени во процесот на претквалификација побарала дополнителни документи од заинтересираните. Во официјалниот документ објавен на веб страницата на Министерството стои дека комисијата може да побара дополнителни документи, а компанијата треба писмено да одговори во рок од 5 дена од примот на барањето.

Во мај 8 компании пројавија интерес за македонските патишта, колку од нив ќе ги исполнат условите и ќе можат да достават понуда ќе се знае во октомври. Државата под концесија нуди два пакети.

Во првиот источен пакет во должина од 177,5 километри се патните правци Крива Паланка – Романовце, Кочани – Штип и Миладиновци – Штип, преку Свети Николе, Миладиновци – Скопје и обиколницата на Скопје.

Во вториот западен пакет, се патните правци Стенковец – Блаце и Гостивар – Ќафасан и правецот Гостивар - Тетово - Скопје со вкупно 196 километри.

Концесијата опфаќа изградба на неизградените делници, реконструкција на старите, одржување на патиштата и наплата на патарините. Рокот во кој идниот концесионер треба да ги изгради патиштата е 8 години, а со нив ќе стопанисува 35 години. Вкупната инвестиција се проценува на 1,2 милијарди евра.

http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/se-prolongira-rokot-za-koncesijata-na-patishtata
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 30-Sep-2010 at 00:38

Јанакиески: Не се избрани компаниите што ќе стопанисуваат со македонските патишта


Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески негира дека веќе се избрани четири компании кои ќе стопанисуваат со македонските патишта.
-Не е точно дека е избрана некоја компанија. Во моментов се прават финални евалуации, а рокот е до 16 октомври кога до Владата треба да се достави финалниот список на компании кои ги исполнуваат сите критериуми што беа зададени во тендерската документација - изјави министерот Јанакиески. Тој нагласи дека за кратко време целокупната јавност ќе дознае кои компании во иднина ќе достават финансиски понуди за да управуваат со патиштата во РМ.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=5DD2974168D85C4EB5D12AAA10F72E10
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 07-Oct-2010 at 01:07

НА ТЕНДЕРОТ ЗА ИЗБОР НА КОНЦЕСИОНЕР НА ПАТИШТАТА ОД КОРИДОРОТ 8


Четири конзорциуми ќе се тркаат за автопатиштата


Во трката за изградба и модернизација на автопатиштата по патниот Коридор 8", а кои ќе бидат дадени под концесија, ќе се тркаат четири конзорциуми составени од странски компании. Иако од Министерството за транспорт и врски се уште не обелоденуваат за кого станува збор, неофицијално се дознава тоа се конзорциуми предводени од италијанска, француска, грчка и чешка компанија, а многу блиску до нив биле и австриски и турски градежни компании.
Според информации од ресорното Министерство првата фаза на тендерот треба да заврши следната недела. Неодамна министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, посочи дека моментно се прават финални евалуации на добиените понуди за овој зафат, а 16 октомври е рокот до кога до Владата треба да се достави финалниот список на компании кои ги исполнуваат сите критериуми што беа зададени во тендерската документација за квалификување во трката за добивање на овој проект тежок околу милијарда евра.

Заинтересираните страни што доставиле барања, по 16 октомври ќе бидат известени за резултатите од претквалификацијата, а оние кои влегуваат во втората фаза ќе можат да достават свои финансиски понуди.
- Со имплементацијата на овој проект очекувам Република Македонија да добие уште подобра патна инфраструктура, сосема нови автопати, што директно ќе доведат до подобра економска слика и развој на земјава - вели Јанакиески.

Инаку, под концесија се нудат два пакета веќе изградени, но и нови патни правци по трасата на Коридорот 8. За Источната концесија беа понудени патни правци во должина од 177,5 километри, и тоа: Крива Паланка - Романовце, Кочани - Штип, Миладиновци - Штип, Миладиновци - Скопје и обиколницата на Скопје, во вкупна вредност од 434 милиони евра.

За Западната концесија, патни правци од вкупно 196 километри: Стенковец - Блаце, Гостивар - Ќафасан, Требениште - Охрид, Струга - Подмолје и Гостивар - Тетово - Скопје, а во вредност од 558 милиони евра. Според јавниот повик идните концесионери ќе имаат обврска во период од најмногу 8 години да ги (до)изградат и реконструираат предвидените патни правци, а потоа со нив да стопанисуваат 35 години, но, истовремено и да ги одржуваат и да наплатуваат патарина. Концесионерот ќе добива од држвата околу 200 милиони евра како субвенција.

http://vecer.com.mk/?ItemID=0E11FCE152E660468515CEB19123482B
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 19-Oct-2010 at 02:08

ПРОЛОНГИРАН ТЕНДЕРОТ ЗА ИЗБОР НА КОНЦЕСИОНЕР ЗА АВТОПАТИШТАТА


Уште 30 дена за влез во втората фаза


Место 16 октомври како краен рок за изјаснување на тендерската комисија кои конзорциуми или компании ќе влезат во втората фаза за изградба и модернизација на автопатиштата во земјава по транспортниот Коридор 8 и нивно давање под концесија, Влада одлучи да даде уште 30 дополнителни денови. Од Министерството за транспорт и врски не кажуваат детали за причините зошто рокот за изјаснување се пролонгира за уште еден месец, а не откриваат ниту детали за евентуалните фаворити во оваа тендерска постапка за добивање на овој проект тежок околу една милијарда евра. Сепак, како што се дознава, барем половината, или четири од осумте странски компании, чии понуди пристигнаа во мај и кои покажаа интерес да бидат концесионери за патиштата по Коридорот 8 - имаат шанси да ја продолжат трката. Станува збор за четири конзорциуми составени од странски компании од земји-членки на ЕУ и тоа предводени од француска, грчка, италијанска и чешка компанија, а неофицијално, многу блиску до нив биле и австриски и турски градежни компании.

По влегувањето на овие конзорциуми во втората фаза, тие ќе бидат повикани од тендерската комисија при Министерството за транспорт и врски да достават и официјални финансиски понуди, по што, најверојнато до идното лето ќе бидат избрани и најдобрите понудувачи и идни концесионери и нови газди на македонските патишта по Коридорот 8.

Инаку, во јавниот повик, распишан лани се нудат за давање под концесија два пакета веќе изградени, но и нови патни правци по трасата на Коридорот 8. Така, за Источната концесија беа понудени патни правци во должина од 177,5 километри, а за Западната концесија, патни правци од вкупно 196 километри во вкупна вредност 558 милиони евра. Идните концесионери ќе имаат обврска во период од најмногу осум години да ги (до)изградат и реконструираат предвидените патни правци, а потоа со нив да стопанисуваат 35 години, но, истовремено и да ги одржуваат и да наплатуваат патарина... За концесионерот треба да има и субвенции од државата од околу 200 милиони евра.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=EA62251F88043546AB5D640BAC08DF4A
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 20-Oct-2010 at 23:37

И нашите градежници сакаат дел од патиштата

На тендерот за давање под концесија има најмалку две македонски градежни фирми

Билјана Ангеловска

Има домашни фирми што учествуваат на тендерот за давање под концесија на патиштата во Македонија. Неофицијално се зборува дека најмалку две градежни компании се дел од конзорциумите што се пријавиле на јавниот повик за учество во постапката за доделување концесија. Конзорциумите, нормално, ги водат познати имиња на реномирани странски компании, како што се „Алпине“ и „Штрабак“, а кои имаат доволно голема финансиска и техничка моќ да спроведат концесија од ваков обем.

Каква ќе биде улогата на домашните фирми, дали тие рамноправно ќе учествуваат во поделбата на колачот од стопанисувањето со патиштата или само ќе бидат искористени во фазата на изградбата, е работа на меѓусебниот договор со „посилниот“. Но, очигледно е дека секој си нашол сопствена математика во дилот со државата вреден над една милијарда евра. Особено што во пакетот обврски што ќе ги има концесионерот, спаѓа и наплатата на патарините, од каде што, колку и да е мал интензитетот на сообраќај на македонските патишта, сепак, може да се инкасираат релативно солидни средства.

Колку и кои фирми ќе се борат да ја земат работата околу изградбата, реконструкцијата, одржувањето, наплатата на патарините и користењето на дел од државните патишта, останува да се види по еден месец, доколку повторно не дојде до ново пролонгирање на зацртаниот рок. Но, речиси е сигурно дека изградбата на автопатиштата нема да стартува до лето, како што најави премиерот Груевски пред неколку месеци. Прогнозата нема да се оствари, бидејќи се' уште е далеку крајот на тендерската постапка, која заедно со фазата на претквалификација на фирмите се продолжува веќе шести пат. Кои се причините поради кои државата никако не го завршува тендерот? Дали Министерството за транспорт и врски се соочува со проблеми во подготовка на тендерската документација, или нешто друго е во прашање?

„Рокот за избор на способни кандидати за квалификација во втората фаза се пролонгира за да може комисијата да заврши со потребната анализа на податоците на понудувачите“, велат во Министерството за транспорт, отфрлајќи секакви шпекулации за евентуални местенки на тендерот.

Јавниот повик за доставување барања за учество во постапката беше распишан на 12 декември 2009 година. Иако првично се потенцираше дека на повикот, кој патем, беше три пати продолжуван, има огромен број заинтересирани (се зборуваше за бројка од 48 компании), се испостави дека само осум компании сериозно размислуваат да се зафатат со изградба на автопатишта. Барањата за учество во постапката за доделување концесија беа отворени на 20 мај. Потоа, наместо изборот на фирмите кои се квалификувале за втората фаза од постапката да се направи во јули, тоа беше пролонгирано за октомври, за деновиве, пак, да се случи уште едно одложување. Последниот рок сега е 15 ноември оваа година. Неофицијално се зборува дека од осумте компании, само четири ги исполнуваат строгите критериуми.

Како што е познато, државата објави повик за издавање под концесија на дел од своите патишта поделени во два пакета. Првиот пакет, или Источната концесија во должина од 177,5 километри и со вредност од 434 милиони евра, ги опфаќа патните правци Крива Паланка - Романовце, Кочани - Штип, Миладиновци - Штип, обиколницата на Скопје и постоечката делница Миладиновци - Скопје. Во вториот пакет, односно, Западна концесија, со вкупна должина од 196 километри, се правците Стенковец - Блаце, Гостивар - Ќафасан, Требеништа - Охрид и Подмоље - Струга. Вредноста на овој пакет е проценета на 558 милиони евра.

Концесијата се доделува во времетраење од 35 години, а концесионерот ќе треба за 8 години да ги изгради патните правци. Државата останува сопственик на патиштата и во текот на траењето на концесијата, а концесионерот изградбата и реконструкцијата на објектите ќе ги врши во име и за сметка на државата. Експертската анализа на проектот што го правеше француската консултантска куќа „Луј Берже“ покажала дека Владата ќе треба да им плати околу 200 милиони евра субвенции во првите години на идните концесионери, а според пресметките, идните концесионери за 35 години ќе остварат нето-заработка од 2,3 милијарди евра.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=EE8F6EDDC166C140BD649ED33DDC1C13
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 16-Nov-2010 at 16:49

Вторник, 16 Ноември 2010 14:35

Заврши првата фаза од постапката за изградба и давање под концесија на Коридорот 8, кој треба да ги поврзе источниот и западниот дел на државата, изјави министерот за транспорт и врски – Миле Јанакиески.

JavaScript is disabled!
To display this content, you need a JavaScript capable browser.

По завршување на оваа фаза, пет ренонирани компании меѓу кој е и македонската „Гранит“, ги исполниле условите за учество во понатамошната постапка. Во втората фаза ќе се изврши евалуација на понудите на компаниите при што ќе се изврши изборот за тоа кој ќе биде концесионер на Коридорот 8.

Министерот Јанакиески нагласи дека идниот концесионер ќе треба да ги изгради одржува и да инвестира една милијарада евра во автопатите. Договорот за концесијата ќе трае 35 години.

Државното претпријатие „Македонија Пат“, ке продолжи да функционира и да го одржува Коридорот 10 и други магистрални патиштата, такашто не се предвидени отпуштања на работници во истото.

Министерот Јанакиески нагласи дека по потпишувањето на договорот за концесија, компанијата ќе треба да ги изгради автопатите во рок од 7 години.

Се поизвесно е дека ќе има субванционирање на концесионерот поради тоа што некои патишта не се многу френкфрентни.

Министерот Владимир Пешевски, нагласи дека јавното-приватно партнерство е модел во кој државата не се задолжува а проектите ќе бидат реализирани.

Тој исто така ја поздрави најавата за влез на странска инвестиција во Ски-центарот „Кожув“, додека министерот Јанкиески посочи дека патот до истиот ќе биде завшен во мај месец идната година.


http://kurir.mk/makedonija/vesti/8057-Zavrsi-prvata-faza-od-postapkata-za-davanje-pod-koncesija-na-Koridorot-8


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 16-Nov-2010 at 19:38
Мора да се води и малку сметка за државните интереси на државите од каде доаѓаат овие фирми и колку се вулнерабилни фирмите зашто очигледно се покажуваат како многу послушни кон домашните политики сите фирми секаде во светот. на пример еве не шпекулирам дека грчкиот треба да се избаци од конкуренција (не поради заднински политички мотиви) туку поради озбилната конкуренција на виа игнација и можноста да се заташкува развивањето на коридорот 8. Сепак и ова треба да се има во предвид, не е се така розово како што изгледа површно на тендер.


Edited by lslcrew - 16-Nov-2010 at 19:42
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1161
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 17-Nov-2010 at 00:19
Обично немам ништо против грчки фирми, но ова е премногу важен проект за да биде доделен на грчки конзорциум. Повеќе ме загрижува општата економска ситуација во Грција и пристапот на евентуалниот инвеститор до поволни кредити, отколку конкуренцијата на К8 и таканаречената Виа Игнација. Па и политичките причини не се за потценување. Не е малку веројатно во некој период од следниве 35+7 години да се заостри уште повеќе работава со Грција.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 14>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.176 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.