build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Виртуелна Македонија > Ваши концепти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Концепт за училиште

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Концепт за училиште
    Posted: 09-Dec-2010 at 00:17
Кога ќе пораснам. Ако ми паднат од небо ~10мил. евра, ќе си направам едно школо.

Ај за деталите подоцна.

еве неколку фотки...


















Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 09-Dec-2010 at 08:42
Ооо...
Дури сега видов дека сум го ставил во Останати теми. Па ако можете префрлете го.
Туку да кажам нешто за школово.

Како што реков да имам парички ќе инвестирам во школо. Ќе изигравам малку филантроп. Сериозно.

Работата е да претставам нов концепт за училишни згради, кај кои функционалноста ќе биде на највисоко ниво, а меѓутоа да има некој изглед, кој реално претставува обична форма, но со малку повеќе технолошки додатоци.

Инспирацијата ја црпев од Карев, од НОВА и од некои мои замисли како треба да изгледа и да функционира едно современо училиште кое на некој начин ќе биде претставник на нов начин на образование, едукација. Сакам да кажам дека се работи и за концепт по кој би се развивало образованието во иднина.

Но за ова подоцна. На час сум. Учиме за Шекспир и Сонот на летната ноќ. Па да не бидам невнимателен. Ќе пишам после.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 09-Dec-2010 at 17:40
Да освежам малку. И ајде чекам коментари, критики. Ми треба мислење дали е добро. Еве прво прашање. Не е малку прешарено?


Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 09-Dec-2010 at 18:12





Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4089
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 09-Dec-2010 at 18:39
Super izgleda Thumbs%20Up

Edited by my Macedonia - 09-Dec-2010 at 18:39
Back to Top
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Online
Posts: 212
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 09-Dec-2010 at 19:01
Одлична работа Fossil. Само може да се намали шаренилото на фасадата ако е за поголем степен за образование.
Едвај чекаме да го видиме завршеноCheersThumbs%20Up
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 09-Dec-2010 at 19:12
Ај ќе видиме за бојата.

Туку да објаснам. Столбовите не се така за украс. Првичната намена е да го држат стаклениот кров со сајли, кои за жал не можев да ги нацртам. Комплицирано е. А на попростиот начин ми се појавуваат дополнителни непотрбни полигони. Ај Прво да завршам со главното, па ќе видам за нив. Тука може и помош.

Благодарам за пофалбите

ПС, Едит. И мене некако боите ми прават дилема. Ама намерно сакав да ја разиграм. Да им ја отворам малку душата на тие кои би учеле таму . Инаку е за средно, евентуално факултет. Што би се рекло, на толку сериозен материјал, уште сериозна фасада им фали.


Edited by FoSsiL - 09-Dec-2010 at 19:15
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 09-Dec-2010 at 19:14
Некој бил инспириран од неодамнешната посета на НОВА а?
Браво!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Buliwyf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
  Quote Buliwyf Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 09-Dec-2010 at 19:20
Фосил,концептот го погледнав неколку пати и можам да кажам дека ми се допаѓа.Не знам од каде си црпел инспирација,но ми делува за уникатен.

За димензиите немам осет вака,и не можам да коментирам.Во врска со боите, можеби е малце отповеќе колористичен.Исто така се надевам дека во предвид ги имаш и си ги запазил правецот и сончевото осветлување на предавалните/училниците(бидејќи се работи,како што гледам за идентични крила со различен правец)

Вака изгледа убаво
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 09-Dec-2010 at 19:23
Така е. Малку од НОВА, малку од Карев, малку од мојава глава.

Благодарам Андреј. Ќе го доработам. Се надевам дека и другите имаат нешто да нацртаат свое.

А за овие што ќе учат таму. Да додадам. Малку нека се релаксираат. Тоа е и поентата на школото, во комбинација со програмата која јас би ја изготвил, а во неа спаѓа распоред, дополнителни активности, ова, она. И ми треба твое мислење за боите. Како и на секој друг на форумот.
Сепак мислам дека е современа фасада, а и воопшто целиот изглед. Стаклото, за кое подоцна ќе се договориме какво ќе биде. Јас преферирам да не биде рефлектирачко, не сакам да ми изгледа ко некоја си "современа" фабрика. Исто така размислував за некоја си прекривка која во топли денови би правела сенка. Но можеби и нема да биде потребна, зависи каква ќе биде пропустливоста на стаклото-покривот. Може нешто како на стадион што е. Но добро, за тоа, потоа.

Инаку најмногу и се дивам на внатрешноста.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4089
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 09-Dec-2010 at 19:32
Ps: ne zaboravaj da napravis rampa, ne samo skali!
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 09-Dec-2010 at 19:41
Фосил едно лично прашање ако може. Блиску ли си до завршување на гимназијата и што мислиш да студираш? Дали те влече архитектура или урбанизам? Едно е да те интересира, друго е да сакаш целиот живот да се занимаваш со дадена струка. Мислам дека ако запишеш некоја од овие науки, би бил полн погодок, затоа што си исклучително ентузијазиран и заинтересиран. Со ова не сакам да ти сугерирам било што, само мислам дека би бил успешен во тоа поле. Во секој случај, мислам дека супер е фактот што од млади години пројавуваш интерес во овие полиња, така што за некоја година ќе бидеш тотален познавач на дел од темите кои го тангираат форумов, а воедно и тебе ќе те интересираат (нешто како Кловер во патната инфраструктура да речеме).
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 09-Dec-2010 at 19:44
Originally posted by Buliwyf

Фосил,концептот го погледнав неколку пати и можам да кажам дека ми се допаѓа.Не знам од каде си црпел инспирација,но ми делува за уникатен.

За димензиите немам осет вака,и не можам да коментирам.Во врска со боите, можеби е малце отповеќе колористичен.Исто така се надевам дека во предвид ги имаш и си ги запазил правецот и сончевото осветлување на предавалните/училниците(бидејќи се работи,како што гледам за идентични крила со различен правец)

Вака изгледа убаво


Да. Пазев на правецот и сончевото осветлување. Како што гледаш сончевите панели се поставени на југ, за да собираат најмногу светлина. Тие што се на другото крило ги има само еден ред. Поради столбовите се прави сенка која ја намалува нивната функционалност. Но сепак ставив еден ред. И мислам дека засенчувањето е минимално. Ќе видам може на другово криво да поставам уште некој ред. Сакам објектот да е можно што повеќе самоодржлив. Со елекрична енергија, топлинска итн.
Е сега училниците кои се на север. Една страна секогаш мора да е на север, за жал. Но денска светлина знаеме дека има. Па може да им биде малку потемно ама и тоа си носи некои предности, иако прозорците сакам да бидат од најголем квалитет со најголема изолација. Во варијанта со венецијанер или завеси. Ќе видам.

Добро сепак сето тоа неможам да го претставам на моделот но можам да го опишам со зборови.

Околу висината. Добро сепак е модел. А јас не сум архитект и незнам какви се стандардите. Максималната висина од нивото на улицата е 16м, а од нивото на дворот 20м. Со тоа што секој кат е по 4 метри. Но во тие четири метри влегуваат плочите, сите водоводни, фекални, топлински, електрични, оптички инсталации.. изолации...

Во целиот објект е замислено да има во подрумот и техничка соба за сончевата централа, топланата, изолации, уреди за заштита од земјена радијација (Радон - за него посебна нишка ќе отворам, многу е интересен, имавме предавање, воедно многу важен и како може да се спречи, поготово за градење на нови објекти од каков вид да се од куќи до згради, но како што реков за него подоцна), пумпи и уште неколку дополнителни машини...итн. итн.

Има време.

И благодарам

Originally posted by Andrej_LJ

Фосил едно лично прашање ако може. Блиску ли си до завршување на гимназијата и што мислиш да студираш? Дали те влече архитектура или урбанизам? Едно е да те интересира, друго е да сакаш целиот живот да се занимаваш со дадена струка. Мислам дека ако запишеш некоја од овие науки, би бил полн погодок, затоа што си исклучително ентузијазиран и заинтересиран. Со ова не сакам да ти сугерирам било што, само мислам дека би бил успешен во тоа поле. Во секој случај, мислам дека супер е фактот што од млади години пројавуваш интерес во овие полиња, така што за некоја година ќе бидеш тотален познавач на дел од темите кои го тангираат форумов, а воедно и тебе ќе те интересираат (нешто како Кловер во патната инфраструктура да речеме).



Андреј многу сакам архитектура, и би сакал да одам на архитектура, или урбанизам. Но незнам како ќе се одвиваат работите. Средново ми оди тешко. Математиката уште потешко. Се запишав и на изборен Елементарна алгебра и геометрија/Нацртна геометрија. Ама џабе, тестот го направив 1+. Истата оцена и за редовната математика. Некако сум добар со уметност. Имам 4. Физика исто 4. Тие и не ми прават толку проблем. Но тоа е што е.

Се што е креирање и истражување мене ме интересира. И ги користам сите можности кои ги имам да правам нешто. Но како ќе се одвива понатаму ќе видам. Малку сум и загрижен. Инаку сум втора година гимназија. Ај барем да ги средам добро и да научам повеќе за години кои следат.

За идејни решенија засега иако сум аматер, мислам дека можам да создадам нешто, ако ништо друго во глава. Ама за техничкиот дел, како цртање и слично сум тапа. И ми претстои многу работа.

А секако нема да останам на ова. Ќе барам подфорум да се отвори

Originally posted by my Macedonia

Ps: ne zaboravaj da napravis rampa, ne samo skali!


Секако, мислам да ставам два мини лифта, но тоа попосле. Да видам како ќе стојам со графичката и со РАМот зашто знаат проблеми да ми прават и да почне се да ми кочи.


Edited by FoSsiL - 09-Dec-2010 at 20:45
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 09-Dec-2010 at 20:42
Морам да кажам дека многу ми личи на градска болница. Без боите?
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 10-Dec-2010 at 13:25
Мало освежување







Морам да кажам дека графичката ми попушта но ќе гледам да компензирам.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 10-Dec-2010 at 14:18
Еве уште нешто...





има уште 4 ама не можам да ги качам...
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 10-Dec-2010 at 14:57
Успеав некако.








Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 10-Dec-2010 at 16:20
Ги поставив лифтовите за хендикепирани лица. Четири се на број. Треба уште малку да ги средам.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 10-Dec-2010 at 16:41
Забележав дека можам и на другото крило да поставам ист број на панели. Сенката е многу мала. Единствено во зима е малку поголема, но и така осветленоста во зима е помала. И така. Да средам уште неколку нешта и ќе сликам.

Едит. ПС. Се надевам дека утре ќе може да се почне со вселување. Отварањето го прогнозирам за десет дена. Но најмногу зависи до графиката, се надевам нема да ме напушти.


Edited by FoSsiL - 10-Dec-2010 at 16:48
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 10-Dec-2010 at 16:55
Симпатично   Cheers
Мислам би било интересно паралелно подетално да истражуваш за тоа како се проектираат училишта и да направиш прилагодувања кон тие правила таму каде што е потребно.

Од мене две забелешки:
- Нели се премногу 4 лифта за хендикепирани?
- Треба да има врска помеѓу салата и главнииот објект, не иде учениците да мора да претрчуваат по секакви временски услови. Воедно, теренот на салата е премногу издолжен и тесен за вообичаените спортови, а трибини недостасуваат токму на најатрактивниот дел.


Edited by Cloverstack - 10-Dec-2010 at 16:56
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.