![]() |
![]() |
![]() |
Хидроелектрани |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 89101112 28> |
Author | |||||||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
||||||
Јасно е дека не можеме засекогаш да се потпираме на фосилните горива како извор на електрична енергија, така што колку и да чинат ваквите проекти мора да бидат направени што е можно поскоро. Ако ништо друго заштедата ќе се манифестира преку здравството, со намалување на трошоците за лекување на канцер и слични болести кои ги предизвикуваат фосилните горива.
Плус ЕУ има агенда 20/20/20 за 2020 година (20% од енергијата ќе мора да биде од обновливи извори, за 20% ќе мора да се намалат гасовите на стаклена градина, и 20% подобрување на енергетската ефикасност) , па сакале или не ќе мора да преземеме многу чекори бидејќи едно од поглавјата во преговорите за пристап во ЕУ е и еколошкиот момент. |
|||||||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|||||||
![]() |
|||||||
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
||||||
@Max, Далеку од тоа дека 252GWh е малку и непотребно. Колку за споредба, останатиот предвиден проект, Бошков мост, би имал годишно просечно производство од 117,5GWh (извор: http://elem.com.mk/mk/HidroBoskovMost.asp). Што значи се работи исто така за значаен капацитет, а несразмерна би била користа од 3ве цетрали како систем каде што истата вода ќе може и рационално да се користи и прелева од еден во друг резервоар а со тоа и да се премостуваат кратки шпицови или сушни периоди.
@гитар, во поглед на процентуалната застапеност на обновливата енергија, мислам дека со изградбата на овие неколку планирани капацитети (Вардарска долина, Чебрен, Галиште, Бошков мост) и со веќе постоечките хидроцентрали годишното производство на ел. енергија од хидроцентралите би бил над 3200GWh. ТЕ Битола и ТЕ Осломеј годишно произведуваат околу 5300GWh. Значи 38% од нашата електрична енергија би била од обновливи извори, и би ја постигнале лесно европската норма од 20%. Патем и сега годишното производство од 1400GWh имаме 20% обновлива енергија. Edited by UrbanFreak - 31-Jan-2011 at 00:44 |
|||||||
![]() |
|||||||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
||||||
А и малите хидроелектрани колку што разбрав не се за потценување. Ако се изградат сите 400, би давале вкупно 1200 GWh годишно.
А околу агендата 20/20/20, првите 20 мислам дека ќе бидат мал проблем. Вторите и третите мислам дека би биле малку потешки. Поготово за третите, ќе биде потребна голема кампања и едукација. Но и тука не сме лоши. Имаме нешто. Сепак ќе треба малку повеќе да се потрудиме. Edited by FoSsiL - 30-Jan-2011 at 18:30 |
|||||||
Македонија - Земја на чудата!
|
|||||||
![]() |
|||||||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
||||||
![]() Се лажеш и тоа многу. Единствените објекти кои имаат некаква ефикасност се оние изградени пред да почне да царува урбаната мафија, тогаш кога се исполнувале барем минимални критериуми. Скоро сè после таа ера се згради со картонски ѕидови. Како да одиме на кампањи, кога ни 1% од државните и општинските објекти не презеле никакви мерки за енергетска ефикасност. Плус, под енергетска ефикасност не се подразбираат само зградите и нивната изолација. Ако тие се доведат во ред, пак се само 11% од овие 20%, останатите 9% треба да се постигнат преку енергетска ефикасност на производите - машини за перење, бојлери, парни котли, телевизори, милијарда други работи. Еве нешто повеќе за делот за енергетската ефикасност во 20-20-20: тука |
|||||||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|||||||
![]() |
|||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||
Јас исто како SJCF сум на мислење дека Галиште не е прешкртана, туку дека се остава опција евентуално да биде одложена за понатака. Но сепак има многу дилеми, бидејќи Чебрен се планираше како реверзибилна хидроелектрана (http://www.elem.com.mk/images/photo/projects/Cebren.pdf), а без Галиште не ќе може да функционира така. Во Македонија немаме ниту една реверзибилна електрана и претпоставувам дека ни е насушно потребна.
@ Max Далеку од тоа дека Галиште е непотребна. Не можеме да ги баталиме големите акумулации и хидроелектрани и тоа да го компензираме со гасни електрани и слично. Гитардемон веќе се осврна, јас би додал дека гасот е увозно фосилно гориво, а водата си е наша и е обновлива. Ни требаат и гасни електрани, ама без претерување и без обид со нив да се супституираат други видови енергија. Диверзификацијата и добриот баланс во енергетиката се исклучително важни, а ние сме сеуште далеку од искористување на исплатливиот дел од нашиот хидропотенцијал. Во тој контекст, ниту Вардарска Долина не би била некакво оправдување за бришење на Галиште. Нормално дека не се само придобивки од големите акумулации, ама кога се ќе се извага, мислам дека силно ќе натежне на страната за изградба на Галиште. Од археолошки аспект не е крај на свет, има време претходно да се истражи пределот и да се види дали има нешто особено вредно и доколку има да се најде решение аналогно на тоа што би се нашло, а не да се откажуваме од ваков проект поради некаков сеприсутен и генерички археолошки аларм. За туризмот и сам спомна, езерото веројатно би било многу поголема придобивка отколку некој процент повеќе мариовски беспаќа, кои без разлика на езерото ќе ги има повеќе од доволно. Всушност акумулацијата сигурно ќе има позитивен ефект врз регионот и од поширок економски аспект, а претпоставувам не е за потценување ни позитивниот ефект врз микроклимата (особено во време на потенцијални глобални климатски проблеми). Така да Мариово мислам секако би имало многу повеќе добивка отколку штета, а и цела Македонија воопшто. Мене лично (во однос на Чебрен и Галиште заедно) највеќе ме алармирале некои дилеми колку всушност вода има во Црна Река и дека може да се доведеме во ситуација да не може да се задоволат истовремено потребите и за акумулациите и за наводнување на Пелагонија:
Ова е еден потенцијално голем проблем и треба дебело да се изанализира, ама има кој е платен за тоа и се надевам дека си ја вршат работата. Edited by Cloverstack - 31-Jan-2011 at 00:27 |
|||||||
![]() |
|||||||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
||||||
Дали „Луково Поле“ ќе ја исуши Радика?
Треба да се изготви стручна анализа од која ќе произлезе што се добива, а што се губи со изградба на акумулацијата, препорачуваат познавачите на екологијата Киро Кипроски ГОСТИВАР - Дали пренасочувањето на корабските води од Јадранскиот во Егејскиот слив, што ќе се случи со изградбата на акумулацијата „Луково Поле“ и на хидроелектричната централа „Црн Камен“, ќе ја обезличи строго заштитената зона на Националниот парк „Маврово“? Оваа дилема треба да ја разреши Студијата за еколошко и социјално влијание врз животната средина што ќе ја изработи еминентна светска компанија. Проектот ќе се модифицира ако науката утврди дека ќе се наруши рамнотежата во природата, но можно е и воопшто да не се реализира доколку зафатот има негативно влијание врз екологијата на паркот. На јавната дебата во Маврови Анови посветена на оваа тема, а на која покрај претставници на државни институции и на носителот на инвестицијата - компанијата ЕЛЕМ, учествуваа и претставници на локалното население, на невладини организации, мислењата беа поделени. Генерално, на проектот му се дава поддршка, но само под услов да се почитуваат сите законски норми за заштита на средината. Игор Николов од АД ЕЛЕМ - Сектор за развој и инвестиции нагласи дека придобивките не се само добивање нови количини електрична енергија и зголемување на искористеноста на водите, туку и намалување на емисијата на CO2. ЕЛЕМ неколку децении континуирано го мери водниот потенцијал на извориштата на планината Кораб. Со канал во должина од 20 км ќе бидат пренасочени само 10 отсто од водите. „Ќе се користат водите само во периодот кога се топи снегот и кога има поголеми врнежи на дожд“, потенцира Зоран Јосифовски. За „Луково Поле“ треба да се изготви стручна анализа од која ќе произлезе што се добива, а што се губи, препорачуваат познавачите на екологијата. Цане Петрески од Националниот парк „Маврово“ нагласи дека изградбата не смее да влијае неповолно врз животната средина. „Овој зафат делумно ќе ја исуши реката Радика. Со тоа ќе се уништи флората и фауната не само по должината на кањонот на Радика, туку на целата планина Кораб“, предупреди Петрески. „Треба многу да се внимава пред да започне изградбата, бидејќи му се зема срцето на Националниот парк, кој 61 година се наоѓа во строга заштитена зона“, укажа Томе Ѓорѓески. Тој предлага да се обезбедат пари за мониторинг на изградбата на објектите и на нивното користење, со што ќе се согледаат последиците и влијанието врз околината. За Мукрем Мехмеди, градоначалник на Општина Маврово-Ростуша, новите хидроелектрични објекти ќе претставуваат бенифит за оваа подрачје. Тој очекува отворање нови работни места и подобрувања на инфраструктурата со изградба на пристапни патишта до селските населби што гравитирата околу објектите што ќе се градат. Но, Мехмеди кажа дека треба да се води грижа при пренасочувањето на водите од Јадранскиот во Егејскиот слив. „Не смее да се дозволи намалување на биолошкиот минимум на водите во реката Радика“, објасни градоначалникот на Маврово-Ростуша. Во поткорабското село Жужње подеднакво се загрижени за водоснабдувањето и за судбината на преубавиот водопад Длабока Река. Претседателот на Месната заедница „Жужње“, Хасан Мустафаи, стравува дека населението при вода може да остане жедно. Истовремено смета дека во каналот не треба да се зафаќаат водите на Длабока Река. Овој водопад плени со убавината и претставува посебна атракција за љубителите на планината. Овој зафат, како „Маврово 3“, беше зацртан уште во далечната 1939 година, со идејниот проект за изградбата на Мавровскиот хидроенергетски систем. Во 1962 година од Република Албанија беше побарана и добиена дозвола за пренасочување на 8 кубни метри вода во секунда од Јадранскиот во Егејскиот слив. Пред триесет години беше изработена комплетна техничка документација за изградба на „Луково Поле“ со што ќе се заокружи Мавровскиот хидроенергетски систем. Директорот на Национален парк „Маврово“, Онер Јакуповски, информира дека стандардите за добивање кредит од Светската банка се мошне строги и инвеститорот треба посебно да внимава на зачувување на животната средина. Издржаноста на елаборатот за заштита на животната средина е услов за добивање на кредитот. Овој проект чини 62 милиона евра, од кои 52,9 милиони ќе бидат кредит од Светската банка, а 9,3 милиони евра, сопствен капитал на ЕЛЕМ. http://www.time.mk/read/NONE/30f025879a/index.html |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Три мини-хидроцентрали на „Студенчица“
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=22111842535&id=10&prilog=0&setIzdanie=22212 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Објавен оглас за нови 44 мали хидроцентралиМинистерството за економија денеска објави оглас за доделување концесија за вода за производство на електрична енергија од 44 мали хидроелектрични централи. Новите 44 хидроцентрали се нудат под моделот - проектирање, изградба, оперирање и пренос на сливовите на реките Вардар, Струмица и Црн Дрим. Концесијата се нуди за период од 23 години согласно Законот за води и Законот за концесии и други видови јавно приватно партнерство. Понудите на заинтересираните инвеститоти треба да бидат доставени до архивата на Министерството за економија најдоцна до 30 мај годинава, а јавното отворање на понудите е закажано за 31 мај 2011 година во 10 часот. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/objaven-oglas-za-novi-44-mali-hidrocentrali
|
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Ќе се гради хидроцентрала на Крива Река Општина Крива Паланка издаде одобрение за изградба на мала
хидроцентрала, чиј инвеститор е „Мали хидроцентрали“ од Скопје. Објектот
ќе биде изграден на Крива Река, а ова е првата од четирите планирани
мали хидроцентрали, предвидени со проект на Владата за изградба на
енергетски објекти од ваков вид во Крива Паланка. |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Прва мини-хидроцентрала во Кичево
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=22811918105&id=10&prilog=0&setIzdanie=22218 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Грците сакаат да градат хидроцентрали во Македонија Групацијата ДЕМКО преговора со државната ДЕИ за учество на тендер за изградба на хидроцентрали распишан од македонската Влада Од нашиот дописник |
|||||||
![]() |
|||||||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
||||||
![]() |
|||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Еден куп заинтересирани за „Чебрен“ и за „Галиште“ Комисија ќе ги чешла сите понуди и ќе одлучи кој натаму ќе ја продолжи трката за овој мегапроект Маја Томиќ Има интерес за ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“. Во Министерството за
економија до вчера попладне пријави доставиле 16 заинтересирани
компании. Сега на ред е комисија да ги прочешла документите и да утврди
кои компании ќе можат да продолжат во втората фаза од оваа постапка, во
рамките на која ќе треба да достават понуди. Како што информираат од
Економија, потенцијалниот понудувач мора да покаже дека поседува доволно
искуство за да го имплементира проектот. За таа цел, од него се бара да
има успешно искуство во менаџирање на изградбата или рехабилитација на
хидроелектрични централи со капацитет од 150 или повеќе мегавати, од кои
најмалку една хидроелектрична централа да е со капацитет од 45 мегавати
или повеќе. |
|||||||
![]() |
|||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||
|
|||||||
![]() |
|||||||
JOE ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2010 Location: Bitola Online Status: Offline Posts: 226 |
![]() ![]() |
||||||
Официјално пуштена во употреба хидроцентралата на Водовод
СРЕДА, 23 МАРТ 2011 18:38 Октомври 2009та почна изградбата на мини хидорцентралата на ЈП Водовод за производство на еко-струја, лоцирана во населбата Довлеџик.Во 2009та се постави камен темелникот, есента 2010 година градбата заврши и се монтира опремата, а овие три месеци веќе пробно работи, но пред две недели Водовод станал произведувач на електрична енергија со сертификат. „ Јачината на хидроцентралата е 360кw меѓутоа е позитивно тоа што е приклучена на водоводниот систем ќе работи нон стоп цела година 24часа со варијација на нејзината јачина во зависност од количината ."- вели Зоран Илиоски директор на ЈП Водовод. Уште на стартот Водовод рече дека хиродоелектраната ќе ја гради со сопствени средтва и така се случи. „ Парите се обезбедени комплетно од Водовод од продажба на акциите кои ги имавме кај некои претпријатија.Целокупната сума на целокупната инвестиција е околу 30 милиони денари при тоа не само за хидроцентралата туку и придружни елементи за што ја искористивме приликата за потребите на водовдниот систем."- вели Зоран Илиоски директор на ЈП Водовод Законски електричната енергија ќе се пордава на МЕПСО, и заработувачката е одвоена од тековното работење на претпријатието што значело дека нема да влијае на намалување на цената на водата. „ Нема да ја компензираме потрошената енергија за наши потреби бидејќи парите се поголеми од цената на енергијата."- вели Зоран Илиоски директор на ЈП Водовод Градоначалникот Талески рече дека овој проект е многу важен за општината и граѓаните и дека деновиве владее позитивен тренд на резултати од проекти подготвувани подолг период. „ Пред 1 година на ова место почнавме да размислуваме и да вложуваме во изградбата на оваа хидорцентрала со подршка на Советот по иницијатива на Водовод."- вели Владимир Талески градоначалник Илиоски се заблагодари на сите учесници во изградбата на Хидроцентралата, на машинскиот факултет кој е проектант во случајов, на изведувачите и изведувачот на опремата на турбо институтот од Словенија кои и ја монтираа целата опрема, на Советот и на градоначалникот на Битола како и на вработените во Водовод за несебичниот придонес. http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=33347&Itemid=106 ![]() ![]() ![]() Edited by JOE - 24-Mar-2011 at 02:27 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Кредит од ЕБОР за 7 мали хидроцентрали![]()
Кредитна
линија од шест милиони евра за изградба на седум мали хидроцентрали.
Денеска министерот за економија Фатмир Бесими го потпиша договорот
со Европската банка за обнова и развој.
“Со потпишување на овој договор се овозможува реализација на кредитот од шест милиони евра, кој што беше одобрен минатата година, за изградба на седум мали хидроцентрали. Покрај 22 000 мегават часови електрична енергија ќе се овозможи и заштеда на емисија од 15 000 тони јаглерод диоксид. И во иднина ќе ги подржуваме ваквите проекти за производство на електрична енергија од обновливи извори “ изјави Елена Урумовска, претставник на ЕБОР во Македонија Со овој договор им се овозможува на инвеститорите да ги реализираат проектите. Од конзорциумот Феро - инвест и Гранит велат дека е почната градбата на три од седумте мали хидроцентрали. Инвестицијата изнесува 11,5 милиони евра. “За останатите четири хидроелектрани, градежните дозволи треба да се добијат до крајот на идниот месец. Сите седум хидроелектрани треба да бидат готови до април 2012.Овие хидроцентрали се мали само по името, но се работи за голема инвестиција “изјави Кочо Анѓушев, сопственик на Феро инвест. Анѓушев вели дека година дена траела процедурата за вадење градежна дозвола. На тешка административна процедура за вадење на сите потребни документи за изградба, претходно се пожалија и други инвеститори. Министерот Бесими вели дека се преземени мерки со кои инвеститорите полесно ќе ги добиваат сите потребни документи за старт на инвестицијата. “Направивме некои чекори, формиравме координативно тело на претставници од повеќе институции кои работат само на оваа област, да им помагаат на потенцијалните инвеститори околу документација изјави Фатмир Бесими, министер за економија. За изградба на мали хидроцентрали се реализирани четири огласи и се потпишани 47 договори за нивна реализација со вкупна вредност од 60 милиони евра. Во тек е петтиот оглас на кој се нудат 44 локации рече Бесими. Љупка Камчева
25.03.2011, 14:04
http://www.time.mk/read/3e93757986/d334cf0e30/index.html |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Малите хидроцентрали земаат голем замав За вкупно 400 централи, на четирите тендери се потпишаа 47 договори, а во тек е петтиот повик за Маја Томиќ |
|||||||
![]() |
|||||||
Ljubopitko ![]() Newbiе ![]() Joined: 24-Mar-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||||||
ке сака ли некој да ни објасни на лаиците како мене, како всушност изгледаат овие мали електрани. Дали имаат акумулација ( мало езерце ? ), брана , насип или се само проточни .........
|
|||||||
![]() |
|||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||
Класична воденица. Сега не до толку банално, но принципот е изворот на струја да биде брзината на реката, а не како хидроцентралите на акумулациите што се каде извор е притисокот на дното поради потенцијална разлика на висини. Обично 1-10MW се рачуна стандардот.
|
|||||||
![]() |
|||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||
|
|||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 89101112 28> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |