build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хидроелектрани

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 28>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 29-Jan-2011 at 22:13
Јасно е дека не можеме засекогаш да се потпираме на фосилните горива како извор на електрична енергија, така што колку и да чинат ваквите проекти мора да бидат направени што е можно поскоро. Ако ништо друго заштедата ќе се манифестира преку здравството, со намалување на трошоците за лекување на канцер и слични болести кои ги предизвикуваат фосилните горива.

Плус ЕУ има агенда 20/20/20 за 2020 година (20% од енергијата ќе мора да биде од обновливи извори, за 20% ќе мора да се намалат гасовите на стаклена градина, и 20% подобрување на енергетската ефикасност) , па сакале или не ќе мора да преземеме многу чекори бидејќи едно од поглавјата во преговорите за пристап во ЕУ е и еколошкиот момент.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 30-Jan-2011 at 18:05
@Max, Далеку од тоа дека 252GWh е малку и непотребно. Колку за споредба, останатиот предвиден проект, Бошков мост, би имал годишно просечно производство од 117,5GWh (извор: http://elem.com.mk/mk/HidroBoskovMost.asp). Што значи се работи исто така за значаен капацитет, а несразмерна би била користа од 3ве цетрали како систем каде што истата вода ќе може и рационално да се користи и прелева од еден во друг резервоар а со тоа и да се премостуваат кратки шпицови или сушни периоди.
 
@гитар, во поглед на процентуалната застапеност на обновливата енергија, мислам дека со изградбата на овие неколку планирани капацитети (Вардарска долина, Чебрен, Галиште, Бошков мост) и со веќе постоечките хидроцентрали годишното производство на ел. енергија од хидроцентралите би бил над 3200GWh. ТЕ Битола и ТЕ Осломеј годишно произведуваат околу 5300GWh. Значи 38% од нашата електрична енергија би била од обновливи извори, и би ја постигнале лесно европската норма од 20%. Патем и сега годишното производство од 1400GWh имаме 20% обновлива енергија.


Edited by UrbanFreak - 31-Jan-2011 at 00:44
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 30-Jan-2011 at 18:29
А и малите хидроелектрани колку што разбрав не се за потценување. Ако се изградат сите 400, би давале вкупно 1200 GWh годишно.

А околу агендата 20/20/20, првите 20 мислам дека ќе бидат мал проблем. Вторите и третите мислам дека би биле малку потешки. Поготово за третите, ќе биде потребна голема кампања и едукација. Но и тука не сме лоши. Имаме нешто. Сепак ќе треба малку повеќе да се потрудиме.


Edited by FoSsiL - 30-Jan-2011 at 18:30
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 30-Jan-2011 at 19:02


Се лажеш и тоа многу. Единствените објекти кои имаат некаква ефикасност се оние изградени пред да почне да царува урбаната мафија, тогаш кога се исполнувале барем минимални критериуми. Скоро сè после таа ера се згради со картонски ѕидови.

Како да одиме на кампањи, кога ни 1% од државните и општинските објекти не презеле никакви мерки за енергетска ефикасност.

Плус, под енергетска ефикасност не се подразбираат само зградите и нивната изолација. Ако тие се доведат во ред, пак се само 11% од овие 20%, останатите 9% треба да се постигнат преку енергетска ефикасност на производите - машини за перење, бојлери, парни котли, телевизори, милијарда други работи.

Еве нешто повеќе за делот за енергетската ефикасност во 20-20-20: тука
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 31-Jan-2011 at 00:22
Јас исто како SJCF сум на мислење дека Галиште не е прешкртана, туку дека се остава опција евентуално да биде одложена за понатака. Но сепак има многу дилеми, бидејќи Чебрен се планираше како реверзибилна хидроелектрана (http://www.elem.com.mk/images/photo/projects/Cebren.pdf), а без Галиште не ќе може да функционира така. Во Македонија немаме ниту една реверзибилна електрана и претпоставувам дека ни е насушно потребна.


@ Max
Далеку од тоа дека Галиште е непотребна. Не можеме да ги баталиме големите акумулации и хидроелектрани и тоа да го компензираме со гасни електрани и слично. Гитардемон веќе се осврна, јас би додал дека гасот е увозно фосилно гориво, а водата си е наша и е обновлива. Ни требаат и гасни електрани, ама без претерување и без обид со нив да се супституираат други видови енергија. Диверзификацијата и добриот баланс во енергетиката се исклучително важни, а ние сме сеуште далеку од искористување на исплатливиот дел од нашиот хидропотенцијал. Во тој контекст, ниту Вардарска Долина не би била некакво оправдување за бришење на Галиште.

Нормално дека не се само придобивки од големите акумулации, ама кога се ќе се извага, мислам дека силно ќе натежне на страната за изградба на Галиште. Од археолошки аспект не е крај на свет, има време претходно да се истражи пределот и да се види дали има нешто особено вредно и доколку има да се најде решение аналогно на тоа што би се нашло, а не да се откажуваме од ваков проект поради некаков сеприсутен и генерички археолошки аларм. За туризмот и сам спомна, езерото веројатно би било многу поголема придобивка отколку некој процент повеќе мариовски беспаќа, кои без разлика на езерото ќе ги има повеќе од доволно. Всушност акумулацијата сигурно ќе има позитивен ефект врз регионот и од поширок економски аспект, а претпоставувам не е за потценување ни позитивниот ефект врз микроклимата (особено во време на потенцијални глобални климатски проблеми). Така да Мариово мислам секако би имало многу повеќе добивка отколку штета, а и цела Македонија воопшто.

Мене лично (во однос на Чебрен и Галиште заедно) највеќе ме алармирале некои дилеми колку всушност вода има во Црна Река и дека може да се доведеме во ситуација да не може да се задоволат истовремено потребите и за акумулациите и за наводнување на Пелагонија:
...

Од своја страна и во македонската стручна јавност се погласни се барањата за преиспитување на предложените проекти за Чебрен и Галиште. Како аргумент во тој правец најчесто се наведува сомнежот во точноста на проекциите за количеството на вода во Црна Река. Од аспект на финансиска исплатливост и од аспект на добро управување со водите, се става под знак прашање оправданоста на висината на предвидените брани. Актуелниот проект предвидува Чебрен да има брана висока 192,5 метри, а Галиште 141,5 метри. Како алтернатива се нуди намалување на висината за Чебрен на 130 метри и за Галиште на 115 метри. Во игра е и уште една, четврта хидроелектрана во каскадата. Се работи за „Скочивир“, која би била прва во низот и чија брана би била висока 40 метри. Има ставови дека со ваков пристап енергетскиот ефект би бил сличен, а инвестицијата би тежела од 350 до 400 милиони евра, наспроти околу 600 милиони евра доколку се задржи сегашниот концепт. Со ова државата би си обезбедила поповолни услови во однос на концесионерот. Исто така, на овој начин би се осигурале доволни количини на вода за сите потреби долж текот на Црна Река, особено за наводнување во Пелагонија.
...

http://www.build.mk/?p=948

Ова е еден потенцијално голем проблем и треба дебело да се изанализира, ама има кој е платен за тоа и се надевам дека си ја вршат работата.



Edited by Cloverstack - 31-Jan-2011 at 00:27
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 31-Jan-2011 at 15:43
Дали „Луково Поле“ ќе ја исуши Радика?



Треба да се изготви стручна анализа од која ќе произлезе што се добива, а што се губи со изградба на акумулацијата, препорачуваат познавачите на екологијата

Киро Кипроски


ГОСТИВАР - Дали пренасочувањето на корабските води од Јадранскиот во Егејскиот слив, што ќе се случи со изградбата на акумулацијата „Луково Поле“ и на хидроелектричната централа „Црн Камен“, ќе ја обезличи строго заштитената зона на Националниот парк „Маврово“? Оваа дилема треба да ја разреши Студијата за еколошко и социјално влијание врз животната средина што ќе ја изработи еминентна светска компанија. Проектот ќе се модифицира ако науката утврди дека ќе се наруши рамнотежата во природата, но можно е и воопшто да не се реализира доколку зафатот има негативно влијание врз екологијата на паркот.

На јавната дебата во Маврови Анови посветена на оваа тема, а на која покрај претставници на државни институции и на носителот на инвестицијата - компанијата ЕЛЕМ, учествуваа и претставници на локалното население, на невладини организации, мислењата беа поделени. Генерално, на проектот му се дава поддршка, но само под услов да се почитуваат сите законски норми за заштита на средината.

Игор Николов од АД ЕЛЕМ - Сектор за развој и инвестиции нагласи дека придобивките не се само добивање нови количини електрична енергија и зголемување на искористеноста на водите, туку и намалување на емисијата на CO2.

ЕЛЕМ неколку децении континуирано го мери водниот потенцијал на извориштата на планината Кораб. Со канал во должина од 20 км ќе бидат пренасочени само 10 отсто од водите. „Ќе се користат водите само во периодот кога се топи снегот и кога има поголеми врнежи на дожд“, потенцира Зоран Јосифовски.

За „Луково Поле“ треба да се изготви стручна анализа од која ќе произлезе што се добива, а што се губи, препорачуваат познавачите на екологијата. Цане Петрески од Националниот парк „Маврово“ нагласи дека изградбата не смее да влијае неповолно врз животната средина. „Овој зафат делумно ќе ја исуши реката Радика. Со тоа ќе се уништи флората и фауната не само по должината на кањонот на Радика, туку на целата планина Кораб“, предупреди Петрески.

„Треба многу да се внимава пред да започне изградбата, бидејќи му се зема срцето на Националниот парк, кој 61 година се наоѓа во строга заштитена зона“, укажа Томе Ѓорѓески. Тој предлага да се обезбедат пари за мониторинг на изградбата на објектите и на нивното користење, со што ќе се согледаат последиците и влијанието врз околината.

За Мукрем Мехмеди, градоначалник на Општина Маврово-Ростуша, новите хидроелектрични објекти ќе претставуваат бенифит за оваа подрачје. Тој очекува отворање нови работни места и подобрувања на инфраструктурата со изградба на пристапни патишта до селските населби што гравитирата околу објектите што ќе се градат. Но, Мехмеди кажа дека треба да се води грижа при пренасочувањето на водите од Јадранскиот во Егејскиот слив. „Не смее да се дозволи намалување на биолошкиот минимум на водите во реката Радика“, објасни градоначалникот на Маврово-Ростуша.

Во поткорабското село Жужње подеднакво се загрижени за водоснабдувањето и за судбината на преубавиот водопад Длабока Река. Претседателот на Месната заедница „Жужње“, Хасан Мустафаи, стравува дека населението при вода може да остане жедно. Истовремено смета дека во каналот не треба да се зафаќаат водите на Длабока Река. Овој водопад плени со убавината и претставува посебна атракција за љубителите на планината.

Овој зафат, како „Маврово 3“, беше зацртан уште во далечната 1939 година, со идејниот проект за изградбата на Мавровскиот хидроенергетски систем. Во 1962 година од Република Албанија беше побарана и добиена дозвола за пренасочување на 8 кубни метри вода во секунда од Јадранскиот во Егејскиот слив. Пред триесет години беше изработена комплетна техничка документација за изградба на „Луково Поле“ со што ќе се заокружи Мавровскиот хидроенергетски систем.

Директорот на Национален парк „Маврово“, Онер Јакуповски, информира дека стандардите за добивање кредит од Светската банка се мошне строги и инвеститорот треба посебно да внимава на зачувување на животната средина. Издржаноста на елаборатот за заштита на животната средина е услов за добивање на кредитот. Овој проект чини 62 милиона евра, од кои 52,9 милиони ќе бидат кредит од Светската банка, а 9,3 милиони евра, сопствен капитал на ЕЛЕМ.
http://www.time.mk/read/NONE/30f025879a/index.html

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 21-Feb-2011 at 13:02

Три мини-хидроцентрали на „Студенчица“


Освен што ќе снабдува со вода околу 160 илјади жители во југозападниот дел на Македонија, регионалниот водовод „Студенчица“ наскоро на електросистемот ќе му испорачува и електрична енергија

 

 
%20  
Трите мини-хидроцентрали со кои сето ова ќе се овозможи треба да се изградат во текот на оваа и во наредната година.
- На регионалниот водовод „Студенчица“ ќе бидат изградени три мини-хидроцентрали, со јачина од 1 мегават. За првата хидроцентрала се подготвува тендерска документација, по што ќе биде одбран изведувачот. Првата мини-хидроцентрала ќе биде изградена во близината на селото Добреноец и, за разлика од другите две, ќе биде монтирана на преливната цевка и ќе ја користи водата, која потоа ќе истекува во реката Студенчица, како хидробиолошки минимум - потсети Гоце Наќески, директорот на ЈП „Студенчица“.

Како што вели тој, другите две мини-хидроцентрали ќе бидат изградени на водоводот, а нивните локации ќе бидат преслапот Барбарас и населбата Варош во Прилеп.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=22111842535&id=10&prilog=0&setIzdanie=22212
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 25-Feb-2011 at 19:24

Објавен оглас за нови 44 мали хидроцентрали

Министерството за економија денеска објави оглас за доделување концесија за вода за производство на електрична енергија од 44 мали хидроелектрични централи.

Новите 44 хидроцентрали се нудат под моделот - проектирање, изградба, оперирање и пренос на сливовите на реките Вардар, Струмица и Црн Дрим.

Концесијата се нуди за период од 23 години согласно Законот за води и Законот за концесии и други видови јавно приватно партнерство.

Понудите на заинтересираните инвеститоти треба да бидат доставени до архивата на Министерството за економија најдоцна до 30 мај годинава, а јавното отворање на понудите е закажано за 31 мај 2011 година во 10 часот.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/objaven-oglas-za-novi-44-mali-hidrocentrali
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 28-Feb-2011 at 14:25

Ќе се гради хидроцентрала на Крива Река

Општина Крива Паланка издаде одобрение за изградба на мала хидроцентрала, чиј инвеститор е „Мали хидроцентрали“ од Скопје. Објектот ќе биде изграден на Крива Река, а ова е првата од четирите планирани мали хидроцентрали, предвидени со проект на Владата за изградба на енергетски објекти од ваков вид во Крива Паланка.

Истовремено и локалната самоуправа веќе изготви проект за изградба на повеќе мини-хидроцентрали на цевководите на Крива Река и Станечка Река, со инвестиција преку обезбедување кредит. (Ж.Ц.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=DA81CBD351D8EF47AFA7215E639A016F
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 28-Feb-2011 at 14:42

Прва мини-хидроцентрала во Кичево


Во почетокот на март ќе биде пуштена во употреба првата мини-хидроцентрала на кичевскиот водовод, која се наоѓа во населбата Горица

 

 
%20  
Новата мини-хидроцентрала е првиот објект во Кичево, изграден со јавно- приватно партнерство и ќе чини околу 600.000 евра. Инсталираната снага на новата хидроцентрала е 0,6 мегавати и на годишно ниво ќе дава 3.000 магават-часа електрична енергија. Инвеститор на оваа централа е компанијата „Феро инвест“ од Велес, а работите на објектот ги изврши НН „Перпарими“ од Кичево. Централата требаше да биде готова до крајот на минатата година, но временската ситуација не дозволи истата да биде завршена во планираниот рок велат од ЈП „Комуналец“ – Кичево.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=22811918105&id=10&prilog=0&setIzdanie=22218
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 10-Mar-2011 at 17:58

Грците сакаат да градат хидроцентрали во Македонија

Групацијата ДЕМКО преговора со државната ДЕИ за учество на тендер за изградба на хидроцентрали распишан од македонската Влада

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ

Атина - Новиот оглас на Владата за изградба на 12 мали хидроцентрали во Македонија побуди интерес и во Грција. Имено, грчката групација ДЕМКО е во преговори со грчката државна компанија за електродистрибуција ДЕИ за потпишување меморандум за разбирање и соработка за учество на јавниот тендер за изградба на хидроцентрали, распишан од македонската Влада.

Како што изјавија од грчката државна компанија за електродистрибуција за „Утрински весник“, денес на состанокот на Управниот одбор на компанијата ќе се разговара за препорака за потпишување меморандум за соработка со ДЕМКО за учество на јавниот тендер за изградба на хидроцентрали на Црна Река.

Доколку одлуката е позитивна, се очекува дека поголем финансиски удел, односно 65 отсто во проектот, ќе има групацијата ДЕМКО, додека, пак, ДЕИ би учествувале со 35 отсто.

Грчките медиуми известуваат дека грчката компанија за електродистрибуција веќе подолго време бара начин да се прошири на Балканот. Според грчкиот дневен економски весник „Експрес“, компанијата досега има потпишано партнерства со приватни компании и сличен меморандум за разбирање со групата „Рестис“ од 2009 година за активности во Црна Гора.

Се оценува дека тендерот на македонската Влада за мали хидроцентрали, веројатно, било проценет од грчката компанија како можност за остварување на аспирациите за активности во балканските земји. За потсетување, за четвртиот ваков тендер за изработка на хидроцентрали за производство на електрична енергија во јануари, македонската Влада објави дека се потпишани договори ваквиот тендер за мали хидроцентрали со

ЕМК „Мали хидроелектрани“, „Италијан Маседонијан пауер џенерејшен“ (Italian Macedonian Power Generation), „Ел-Те инженеринг“, „Хидро еко инженеринг“ и „Норд енерџи“ (Nord Energy).

Деновиве извршниот директор на ДЕИ, Артур Зервос, во интервју за „Блумберг“ изјави дека компанијата цели кон намалување на зависноста од нафтата и високите трошоци преку изработка на проекти за алтернативни извори на енергија, додавајќи дека бараат можности за проширување на нивните активноста на Балканот и во Турција.

Зервос во интервјуто истакнал дека разговараат за развој на проекти за користење на енергијата од ветерот во Романија, учество на тендер за фабрика за лигнит во Косово и фабрика за хидроенергија во Босна, како и инвеститорски активности преку изградба на хидроцентрала во Македонија. Грчката компанија за производство и електродистрибуција моментално бара партнери за проектот од 600 милиони евра за изградба на гигантски соларен парк од 200 мегавати во Козани.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=19C84A5F441E894B9315B2B3EF7BDF59
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 11-Mar-2011 at 11:29



ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 17-Mar-2011 at 12:13

Еден куп заинтересирани за „Чебрен“ и за „Галиште“

Комисија ќе ги чешла сите понуди и ќе одлучи кој натаму ќе ја продолжи трката за овој мегапроект

Маја Томиќ

Има интерес за ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“. Во Министерството за економија до вчера попладне пријави доставиле 16 заинтересирани компании. Сега на ред е комисија да ги прочешла документите и да утврди кои компании ќе можат да продолжат во втората фаза од оваа постапка, во рамките на која ќе треба да достават понуди. Како што информираат од Економија, потенцијалниот понудувач мора да покаже дека поседува доволно искуство за да го имплементира проектот. За таа цел, од него се бара да има успешно искуство во менаџирање на изградбата или рехабилитација на хидроелектрични централи со капацитет од 150 или повеќе мегавати, од кои најмалку една хидроелектрична централа да е со капацитет од 45 мегавати или повеќе.

Според финансиските критериуми, понудувачот мора да покаже претходно успешно искуство во обезбедување капитал или заем за големи инфраструктурни проекти што достигнале финансиско затварање во последните петнаесет години, да има искуство во големи инфраструктурни проекти за кои обезбедил финансии од најмалку три милијарди евра и еден голем инфраструктурен проект за кој обезбедил финансии од најмалку милијарда евра.

По утврдување на квалификуваните кандидати, како што соопштуваат од Економија, тие ќе бидат поканети да подигнат тендерска документација и да ги достават своите понуди. Со доставување на поканата за подигање тендерска документација, започнува да тече втората фаза од постапката. Во оваа фаза, согласно со Законот за концесии и други видови јавно приватно партнерство, се предвидува да се организира посета на локациите, да се одржи состанок со квалификуваните кандидати, како и можност квалификуваните кандидати да поставуваат прашања и да даваат коментари на тендерските документи.

Вчера, всушност, заврши првата претквалификациска фаза од четвртиот тендер за двете хидроцентрали на Црна река, „Чебрен“ и „Галиште“ . Се бараа инвеститори за мегапроектот вреден меѓу 600 и 700 милиони евра, кој се проценува за најголем инвестициски проект досега во земјава. Последниот, четврти тендер едноподруго, по три објавувања и две одложувања на роковите, се распиша во јануари и според неодамнешните изјави од Министерството за економија, повеќе странски компании покажале интерес.

Министерот за економија, Фатмир Бесими, неодамна изјави дека во време на избори, нема да може да се потпишуваат какви било договори со инвеститори, што е вообичаена практика. Што би значело, неизвесно е дали, дури и во случај да се избере конкретен инвеститор, ќе се почека на парафирањето на договорот најмалку до есен, кога ќе се заврши целиот изборен процес.

Инаку, овој тендер за „Чебрен“ и за „Галиште“, кој се распиша во јануари годинава, треба да заврши на крајот на јули, кога би требало да биде дефинитивно избран инвеститорот. Ќе се примени моделот на јавно приватно партнерство и концесија за постојната хидроцентрала „Тиквеш“, а како партнер се јавува државната ЕЛЕМ.

Според насоките на консултантот ИФЦ, во последниов тендер се направени многу отстапки и е направен, атрактивен и флексибилен тендер, базиран на претходните забелешки на инвеститорите од досегашните јавни објави. Според првичните проекции, „Чебрен“ и „Галиште“ ќе чинат 540 милиони евра, а пазарната цена ќе се знае подоцна.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=18E852A50561E44A8FDE2F307717E209
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 21-Mar-2011 at 21:05

Турци, Италијанци и Кинези во игра за Чебрен и Галиште


Едисон од Италија, Лимак од Турција, Енерго Про од Чешка и Кинеската Water & Electric Corp. (CWE) се меѓу компаниите кои се заинтересирани за Чебрен и Галишта, дознава Алфа. Овие четири пријави веќе се отворени од комисијата во министерството за економија. Но детали - дали ги исполнуваат условите за да влезат во втората фаза, ќе се обелоденат откако ќе бидат анализирани и останатите десетина заинтересирани компании. Тогаш ќе се знае колку од 16-те пријавени ќе останат во игра за да прават сопствени анализи и евентуално да достават конкретна понуда за изградба на хидроцентралите на Црна Река.

Во овој шести обид да најде странски инвеститор, Владата ги раздели историските Чебрен и Галишта. Доколку инвеститорот процени дека инвестиција во Галиште не е економски исплатлива ќе му биде дозволено да ја гради само Чебрен и да управува со веќе постоечката хидроцернтрала Тиквеш. Дополнително, се спушти и критериумот за финсиската состојба на евентуалниот инвеститор за да се отворела можноста за учество и на помали компании.

Ваквото олеснување во тендерските услови се толкува како грчлевит обид по секоја цена да се најде странски инвеститор за овој проект кој стана историски.

Христијан Стојчевски

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=35120
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 226
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 24-Mar-2011 at 02:25
Официјално пуштена во употреба хидроцентралата на Водовод
СРЕДА, 23 МАРТ 2011 18:38


Октомври 2009та почна изградбата на мини хидорцентралата на ЈП Водовод за производство на еко-струја, лоцирана во населбата Довлеџик.Во 2009та се постави камен темелникот, есента 2010 година градбата заврши и се монтира опремата, а овие три месеци веќе пробно работи, но пред две недели Водовод станал произведувач на електрична енергија со сертификат.



„ Јачината на хидроцентралата е 360кw меѓутоа е позитивно тоа што е приклучена на водоводниот систем ќе работи нон стоп цела година 24часа со варијација на нејзината јачина во зависност од количината ."- вели Зоран Илиоски директор на ЈП Водовод.

Уште на стартот Водовод рече дека хиродоелектраната ќе ја гради со сопствени средтва и така се случи.



„ Парите се обезбедени комплетно од Водовод од продажба на акциите кои ги имавме кај некои претпријатија.Целокупната сума на целокупната инвестиција е околу 30 милиони денари при тоа не само за хидроцентралата туку и придружни елементи за што ја искористивме приликата за потребите на водовдниот систем."- вели Зоран Илиоски директор на ЈП Водовод



Законски електричната енергија ќе се пордава на МЕПСО, и заработувачката е одвоена од тековното работење на претпријатието што значело дека нема да влијае на намалување на цената на водата.

„ Нема да ја компензираме потрошената енергија за наши потреби бидејќи парите се поголеми од цената на енергијата."- вели Зоран Илиоски директор на ЈП Водовод



Градоначалникот Талески рече дека овој проект е многу важен за општината и граѓаните и дека деновиве владее позитивен тренд на резултати од проекти подготвувани подолг период.



„ Пред 1 година на ова место почнавме да размислуваме и да вложуваме во изградбата на оваа хидорцентрала со подршка на Советот по иницијатива на Водовод."- вели Владимир Талески градоначалник



Илиоски се заблагодари на сите учесници во изградбата на Хидроцентралата, на машинскиот факултет кој е проектант во случајов, на изведувачите и изведувачот на опремата на турбо институтот од Словенија кои и ја монтираа целата опрема, на Советот и на градоначалникот на Битола како и на вработените во Водовод за несебичниот придонес.

http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=33347&Itemid=106


Edited by JOE - 24-Mar-2011 at 02:27
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 25-Mar-2011 at 15:58

Кредит од ЕБОР за 7 мали хидроцентрали

Кредитна линија од шест милиони евра за изградба на седум мали хидроцентрали. Денеска министерот за економија Фатмир Бесими го потпиша договорот со Европската банка за обнова и развој.

“Со потпишување на овој договор се овозможува реализација на кредитот од шест милиони евра, кој што беше одобрен минатата година, за изградба на седум мали хидроцентрали. Покрај 22 000 мегават часови електрична енергија ќе се овозможи и заштеда на емисија од 15 000 тони јаглерод диоксид. И во иднина ќе ги подржуваме ваквите проекти за производство на електрична енергија од обновливи извори “ изјави Елена Урумовска, претставник на ЕБОР во Македонија

Со овој договор им се овозможува на инвеститорите да ги реализираат проектите. Од конзорциумот Феро - инвест и Гранит велат дека е почната градбата на три од седумте мали хидроцентрали. Инвестицијата изнесува 11,5 милиони евра.

“За останатите четири хидроелектрани, градежните дозволи треба да се добијат до крајот на идниот месец. Сите седум хидроелектрани треба да бидат готови до април 2012.Овие хидроцентрали се мали само по името, но се работи за голема инвестиција “изјави Кочо Анѓушев, сопственик на Феро инвест.

Анѓушев вели дека година дена траела процедурата за вадење градежна дозвола. На тешка административна процедура за вадење на сите потребни документи за изградба, претходно се пожалија и други инвеститори. Министерот Бесими вели дека се преземени мерки со кои инвеститорите полесно ќе ги добиваат сите потребни документи за старт на инвестицијата.

“Направивме некои чекори, формиравме координативно тело на претставници од повеќе институции кои работат само на оваа област, да им помагаат на потенцијалните инвеститори околу документација изјави Фатмир Бесими, министер за економија.

За изградба на мали хидроцентрали се реализирани четири огласи и се потпишани 47 договори за нивна реализација со вкупна вредност од 60 милиони евра. Во тек е петтиот оглас на кој се нудат 44 локации рече Бесими.

Љупка Камчева
25.03.2011, 14:04
http://www.time.mk/read/3e93757986/d334cf0e30/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 26-Mar-2011 at 12:47

Малите хидроцентрали земаат голем замав

За вкупно 400 централи, на четирите тендери се потпишаа 47 договори, а во тек е петтиот повик за
44 нови локации

Маја Томиќ


Градењето мали хидроцентрали во земјава побуди голем интерес кај потенцијалните инвеститори. Досега се завршени четири јавни огласи за изградба на мали хидроцентрали, во тек е петтиот, на кој се нудат 44 нови локации на сливовите на реките Вардар, Струмица и Црн Дрим што трае до крајот на мај. Досега се потпишани 47 договори со инвеститори со вкупна вредност од над 60 милиони евра, а ќе се продолжи со динамиката на два пати годишно објавување огласи со околу 40-ина локации, се' додека не се исцрпи целиот пакет од вкупно 400 централи. Сите треба да имаат вкупна моќност од 250 мегавати и просечно годишно да произведуваат по 1.200 гигават часови струја. Нивната вкупна вредност се проценува на повеќе од 300 милиони евра.

Во наредните три години од досега потпишаните договори треба да се реализираат инвестиции во износ од 62 милиона евра, а во буџетот да се слеат значителни средства на име концесии за користење на водите.

Фирмата „Мали хидроелектрани ДОО“ од Скопје, која доби одобрение за седум мали ХЕЦ на првиот јавен оглас, ги потпиша договорите за концесија во ноември 2009 година. За три од нив, веќе се добиени одобренија за градба на локациите: „Кркљанска Река“ и „Крива Река“ во Крива Паланка и „Брбушница“ во Виница, чија изградба е во тек и се очекува во јуни да биде пуштена во употреба. За другите четири, градежните дозволи треба да се добијат до крајот на април годинава. Според тендерските услови, рокот од потпишувањето на договорот до реализацијата на проектот изнесува три години.

Вчера министерот за економија, Фатмир Бесими, потпиша директен договор со Европската банка за обнова и развој, со кој ќе се обезбеди континуитет во изведувањето на проектите за малите ХЕЦ. Во исто време, ЕБОР склучи договор со конзорциумот „Феро инвест“ - „Гранит“, за реализација на кредитната линија од шест милиони евра за седумте мали ХЕЦ, одобрена во декември минатата година. Тие ќе се градат во крајниот североисточен и крајниот југозападен дел на Македонија, а годишно ќе произведуваат 5.454 киловат-часови струја. Директниот договор со ЕБОР се однесува на концесионерот „Мали хидроелектрани ДОО“ од Скопје, кој има склучено седум договори за концесија со вкупен инсталиран капацитет 5.454 киловати и очекувано годишно производство на струја од 23.151 мегават-часови струја. Вредноста на инвестицијата за овие седум мали хидроелектрани е проценета на 9,3 милиони евра.

„Изградбата на седумте централи ќе чини 11,5 милиони евра од кои 5,5 милиони евра ќе бидат сопствени средства, а 6 милиони евра е кредитот од ЕБОР. Со ова, всушност, започна да се реализира втората фаза од проектот 400 мали ХЕЦ“, изјави Бесими. Нагласи дека се веќе преземени мерки со кои ќе им се олесни на инвеститорите административната процедура за добивање градежна дозвола, што е најтешкиот дел во реализација на проектите.

Од четвртиот, последен тендер, на крајот на февруари годинава беа потпишани 12 договори за концесија за вкупен капацитет од 1360 киловати и со годишно производство на струја до 93 милиони киловат-часови. Очекуваната инвестиција се проценува на 23 милиони евра.

Од малите ХЕЦ во 2009 година се произведени 168, а лани 249 гигават-часа струја. По изградбата на новите централи, се очекува хидропроизводството во земјава да се зголеми за 80 отсто.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=11CED02A8CE6324183528B67657264F3
Back to Top
Ljubopitko View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ljubopitko Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 27-Mar-2011 at 14:07
ке сака ли некој да ни објасни на лаиците како мене, како всушност изгледаат овие мали електрани. Дали имаат акумулација ( мало езерце ? ), брана , насип или се само проточни .........
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 27-Mar-2011 at 14:59
Класична воденица. Сега не до толку банално, но принципот е изворот на струја да биде брзината на реката, а не како хидроцентралите на акумулациите што се каде извор е притисокот на дното поради потенцијална разлика на висини. Обично 1-10MW се рачуна стандардот.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 31-Mar-2011 at 16:13
Десет од 16 компании влегоа во потесниот круг за изградба на “Чебрен“ и “Галиштe“
На јавниот оглас за изградба на хидроцентралите “Чебрен“ и “Галиштe“ се пријавиле 16 компании од кои 10 од нив влегле во потесниот круг за изградба на хидроцентралите.

“Десетте квалификувани заинтересирани компании за изградба на хидроцентралите се резултат на изборот на добар консултант, како и на променетиот начин на информирање на компаниите за проектот и на делумно флексибилното техничко решение за нивна градба“, рече вицепремиерот Владимир Пешевски на денешната прес-конференција.

Министерот за економија Фатмир Бесими прецизира дека на тендерот се квалификувале АС Електрик од Обединетото Кралство, Едисон од Италија, Енергопро од Чешка, ЕВН АГ од Австрија, ППЦ од Грција, Шрабак Австрија, како и конзорциумите “ЦВЕ - ЦТГ - ПЦ од Кина“, “Ланко Индија и Комито Кореја и КХМП од Кореја“, “Косек од Кореја и Дајлинг Индустриал од Кореја“, “Пор Австрија и Ланц Серкјум од Исланд“.

“Овие компании до 29 јули годинава треба да ги достават понудите за изградба и Македонија да го добие најголемиот енергетски проект до сега“, рече Бесими.

Директорот на ЕЛЕМ Влатко Чинговски истакна дека изградбата на хидроцентралите Чебрен и Галиште е од исклучителна важност за електроенергетскиот систем на Македонија бидејќи со нивната изградба ќе се затвори процесот за енергетско искористување на Црна Река.

“Сметам дека овие 10 претквалификувани компании со своето досегашно работење, со искуството во оваа област, како и со нивната економска моќ претставуваат  добар старт за избор на најповолен концесионер кој заедно со ЕЛЕМ во наредните седум години прво ќе пристапи кон изградбата на ХЕЦ Чебрен, а потоа и на Галиште и со тоа ќе го заокружи целиот процес на производство на електрична енергија од Црна Река“, рече Чинговски.

Компаниите до 29 јули треба да ја достават својата понуда за изградба на хидроцентралите врз основа на принципот на јавно приватно партнерство со “Електрани на Македонија“.http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=84663&kategorija=2
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.547 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.