Author |
Topic Search Topic Options
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#1 Topic: Катна гаража Илинден - кај Бисер Posted: 13-Oct-2007 at 08:00 |
Проектант - „Ателје Ајвар“
Капацитет - 208 возила Градежните работи ги изведува АДГ „Илинден“
Edited by pbanks - 26-Apr-2008 at 17:54
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#2 Posted: 15-Oct-2007 at 19:52 |
ova izglea stanuva moda, prvo teatarot sega ova
Катната гаража заглави во габаритот
Општината Аеродром не дава градежна дозвола за гаражата затоа што според проектот, објектот е со поголема површина од маркичката во детаљниот урбанистички план
Општина Аеродром не и' дава градежна дозвола, ниту локациски услови на градежната фирма „Илинден“, која треба да гради катна гаража, затоа што според проектот, објектот е со поголем габарит од градежната маркичка во детаљниот урбанистички план. „Илинден“ треба да гради катна гаража на просторот меѓу трговскиот центар „Бисер“ и ресторанот „Мекдоналд“, а беше најавено дека работите ќе почнат во септември.
Од Аеродром велат дека градежните работи не може да почнат зашто „Илинден“ се' уште не ја доставил комплетната техничка документација до надлежните служби на општината.
- Градежната фирма „Илинден“ не може да добие одобрение за градење и локациски услови бидејќи површината за градба во проектот не одговара на површината зададена во изводот од планот, односно таа е за 266 квадрати поголема. Состојбата во проектот не одговара на урбанистичката парцела, а има забелешки и на висината на објектот - објаснуваат од одделението за односи со јавноста во Аеродром.
Надлежните од Општината велат дека се прават напори состојбата да се надмине.
Во Министерството за транспорт велат дека тие ја завршиле својата работа околу катната гаража со лицитацијата за закуп на земјиштето на кое ќе се гради. Фирмата „Илинден“ беше избрана на јавно наддавање во Министерството на 14 февруари, како најповолен понудувач. Почетната цена за квадратен метар беше 50 денари, а на крајот достигна 1.970 денари за закуп за една година. Од Министерството велат дека фирмата веќе ги уплатила парите за закупнина на земјиштето, со што завршиле нивните обврски, а издавањето одобрение за градење е надлежност на локалната самоуправа.
Од „Илинден“ не сакаа да дадат изјава за причините поради кои доцнат со изградбата на катната гаража, ниту да објаснат зошто проектот не одговара со површината за градење.
Според условите на наддавањето, корисникот на земјиштето е обврзан да почне да гради во рок од шест месеци откако ќе добие градежна дозвола. Дозволата треба да ја обезбеди во рок од една година по закупот на земјиштето. Намената на градежното земјиште ќе може да се менува само со согласност на Министерството.
Градежното земјиште на кое ќе се гради е со површина од 2.240 квадратни метри, катната гаража ќе зафаќа 1.050 квадратни метри, а висината на објектот ќе биде до десет метри. Капацитетот на гаражата, според детаљниот план е за 208 возила. Во приземјето ќе може да се направат простории за сервисни дејности, поврзани со намената на објектот.
|
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#3 Posted: 31-Oct-2007 at 23:15 |
НИКАКО ДА ПОЧНЕ ИЗГРАДБАТА НА ОБЈЕКТОТ МЕЃУ ТЦ "БИСЕР" И "МЕК ДОНАЛДС"
Висината ја закочи катната гаража
За да може да добие АДГ "Илинден" градежна дозвола, ќе треба да направи измени во проектите за габаритот и за сообраќајниот пристап на објектот[
Изградбата на катната гаража која треба да биде лоцирана на просторот меѓу ТЦ "Бисер" и "Мек Доналдс" во Општина Аеродром, и по осум месеци од закупот на земјиштето од страна на АДГ Илинден", кое треба да го гради објектот, се уште не почнува. Како што дознаваме, работите се закочени кај проектите за габаритот на овој објект и сообраќајното решение, односно пристапот, кои според надлежните во Општина Аеродром и Град Скопје, треба да претрпат исправки. Деталниот план предвидува катната гаража да зафаќа површина од 1050 метри квадратни и да има висина до 10 метри, а нејзиниот капацитет е за околу 200 возила.
- "Илинден" не може да добие одобрение за градење и локациски услови, бидејќи површината за градба во проектот не одговара на површината за градење според ДУП. Таа е 266 квадрати поголема, а има забелешки и на висината на објектот. Сообраќајниот проект што го приложи "Илинден", даден е во Град Скопје и се чека нивна согласност, објаснуваат од Општина Аеродром.
Од Секторот за сообраќај на Град Скопје, пак, вчера ни потврдија дека од страна на МВР не е дадена согласност и за сообраќајниот проект, кој исто така, треба да претрпи измени.
- Ние ќе го вратиме овој проект до проектантот кој по извршените измени ќе треба повторно да ги достави, таква е процедурата, вели Јани Христовски, раководител на овој сектор.
Инаку, на јавно надавање кое се одржа во февруари од страна на Министерството за транспорт и врски, локацијата со површина од 2240 квадрати под долготраен закуп ја доби АДГ "Илинден". Цената на земјиштето од 50 денари достигна 1950 денари за квадрат, сметано како годишен закуп. Тогаш во клаузулата за закуп стоеше дека корисникот на земјиштето се обврзува да започне со градба на објектот во рок од 6 месеци од добивањето на градежна дозвола, која пак треба да ја обезбеди во рок од една година од склучувањето на договорот за закуп. Од друга страна, намената на градежното земјиште ќе може да се менува само со согласност на Министерството.
Од "Илинден" пак, вчера и по сите наши настојувања не сакаа да дадат изјава за причините поради кои се уште не почнала изградбата на катната гаража, ниту дали се направени измените на проектот согласно површината за градење. Даниела ТРАЈКОВСКА
|
Edited by pbanks - 02-Nov-2007 at 17:54
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#4 Posted: 17-Dec-2007 at 11:01 |
Е ај да видиме...
ОТКАКО НЕ ДОБИ ДОЗВОЛА ПОРАДИ ПРЕДИМЕНЗИОНИРАНИОТ ПРОЕКТ
„Илинден“ ја скуси катната гаража
Од Општина Аеродром велат дека според најновиот проект, површината за градба се совпаѓа со онаа што е предвидена во детаљниот урбанистички план
Доколку Министерството за транспорт и врски даде позитивно мислење за новиот проект за катна гаража во Аеродром, објектот ќе почне да се гради за десетина дена, доколку тоа го дозволат и временските услови, најавија од градежната фирма „Илинден“. Катната гаража треба да се гради на празниот простор меѓу трговскиот центар „Бисер“ и „Мекдоналдс“.„Илинден“ до Општина Аеродром достави нов проект за катната гаража, откако локалните власти не сакаа да му издадат градежна дозвола, ниту пак локациски услови за претходниот проект. Причина за тоа беше површината за градба во првобитниот проект, која не одговараше со онаа што е предвидена за градење според урбанистичкиот план, односно беше поголема за 266 квадрати. Поради ова, изградбата не почна во септември, кога беше најавувано.
Од Општина Аеродром велат дека според најновиот проект, површината за градба во целост се совпаѓа со детаљниот план.
- АДГ „Илинден“ ни го достави новиот проект за катната гаража, кој, заедно со новиот сообраќаен проект, е доставен до Градот Скопје и до Министерството за внатрешни работи, од каде што чекаме да дадат согласност за него - информираат во Општина Аеродром.
Од „Илинден“ велат дека сега нема проблем околу проектот и чекаат Министерството за транспорт и врски да даде позитивно мислење за да можат да почнат со градбата. Оваа фирма беше избрана на јавното наддавање на 14 февруари, како најповолен понудувач на конкурсот за закуп на земјиштето за изградба на катната гаража. „Илинден“ има обврска да почне да гради во рок од шест месеци откако ќе добие градежна дозвола, која треба да ја обезбеди во рок од една година по склучувањето на договорот за закуп. Парите за закупнината се уплатени.
Градежното земјиште за катната гаража е со површина од 2.240 квадратни метри, а површината предвидена за градба на плацот зафаќа 1.050 квадрати. Објектот ќе биде висок десет метри, со капацитет за паркирање на 208 возила. Само во приземјето ќе може да се направат простории за други сервисни дејности, поврзани со намената на објектот.
Како најповолен понудувач на првиот конкурс за изградба на катна гаража, распишан од Министерството за транспорт, беше избрана фирмата „Бетон“ од Штип. По изборот, Министерството го поништи договорот, бидејќи фирмата не ги уплати парите за користење на земјиштето. „Илинден“ го доби земјиштето на 40-годишен закуп на второто јавно наддавање, кога државното земјиште беше понудено за почетна цена од 50 денари за квадрат, а на крајот достигна 1.970 денари за квадрат за една година.
Од Министерството за транспорт и врски по три дена настојување и писмено и усно поставување на прашањата, добивме изјава дека тие не издаваат согласност за проектот и дека одобрението за градба и локациските услови треба да ги издаде Општина Аеродром. Рекоа дека тие понатаму немаат никаква врска со изградбата на оваа катна гаража, иако и фирмата и Општина Аеродром чекаат на нивното мислење.
Анела Петрова |
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#5 Posted: 07-Apr-2008 at 23:04 |
. Ова е прв објект ако не се лажам што стартува како резултат на лицитациите на Миле Јанакиески. Да се надеваме дека набргу ќе стартуваат и планираните зад Рамстор
Почнува со изградба катната гаража во Аеродром
Ова е трета катна гаража во Скопје, по оние во Капиштец и до „Рамстор“
Неделава ќе почне да се гради катната гаража во Општина Аеродром, на
празниот простор меѓу трговскиот центар „Бисер“ и „Мекдоналдс“.
Оперативата на градежната фирма „Илинден“, која пред речиси една и пол
година лицитација стана сопственик на земјиштето, од вчера се
организира за оградување на теренот и почетокот на изградбата, која
најверојатно ќе биде официјализирана на свечен начин. Според проектот,
катната гаража ќе биде на приземје и четири ката, со можност за
подземно паркирање на две и на три нивоа. Гаражата ќе има капацитет за
вкупно 208 возила. Инвеститори на објектот се АДГ „Илинден“ и АГД „АБ“,
кои во него ќе вложат околу 1,5 милион евра.
„Паркирањето ќе
се изведува исклучиво со рампи, што во практиката е утврдено како
најсоодветен начин за функционирање на катна гаража. Според ДУП и
проектот според кој ќе се гради, објектот ќе биде исклучиво за
паркирање, но планираме да поднесеме барање за измена и дополнување на
урбанистичкиот план, со предлог еден мал дел од објектот да се
пренамени за ресторан“, вели Петруш Дејановски, директор на оперативата
во АДГ „Илинден“.
Според договорот, кој градежната фирма го
има потпишано со Министерството за транспорт и врски за отуѓување на
земјиштето, катната гаража треба да се изгради најдоцна за две години
од почетокот на градежните активности.
АДГ „Илинден“ го доби
земјиштето на 40-годишен закуп дури на второто јавно наддавање откако
Министерството го поништи договорот со првоизбраната фирма „Бетон“ од
Штип, која навремено не ги уплати парите за плацот. „Илинден“ за
парцелата од 2.240 квадратни метри понуди 1.970 денари за квадрат. Оваа
катна гаража ќе биде трета во Скопје која почна да се гради во рок од
нецели шест месеци, имајќи ги предвид започнатите изградби на катните
гаражи на „Тинекс“ во Капиштец и онаа до „Рамстор“. (Дс.т.) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=692EC646CE2D074BB986902A2376F79B
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#6 Posted: 08-Apr-2008 at 22:06 |
КАЈ ТЦ "БИСЕР"
Подготовки за катната гаража
На
посторот меѓу ТЦ "Бисер" и "Мек Доналдс" во Општина Аеродром деновиве
се започнати подготвителни работи за изградба на предвидената катна
гаража. Работите почнуваат по една година откако земјиштето беше дадено
под закуп на АДГ "Илинден" кое ќе го гради објектот.
Како што дознаваме, до пролонгирање на работите дојде поради
проектите за габаритот на овој објект. Според надлежните во Општина
Аеродром проблемите беа околу површината за градба која не одговараше
на површината за градење според ДУП, односно беше за 266 квадрати
поголема, а имаше и забелешки и на висината на објектот, поради што
требаше да претрпи измени. Деталниот план предвидува катната гаража да
зафаќа површина од 1 050 метри квадратни и да има висина до 10 метри, а
нејзиниот капацитет е за околу 200 возила.
Инаку, на јавно надавање кое се одржа во февруари минатата година од
страна на Министерството за транспорт и врски, локацијата со површина
од 2.240 квадрати под долготраен закуп ја доби АДГ "Илинден". Цената на
земјиштето од 50 денари достигна 1950 денари за квадрат, сметано како
годишен закуп.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=43027E467997BF4AAB9461FA47CA9AB3
|
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#7 Posted: 09-Apr-2008 at 19:48 |
Земјиштето до Бисер за катната гаража е оградено, утре/задутре почнуваат со градење. Топ
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#8 Posted: 26-Apr-2008 at 17:26 |
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#9 Posted: 26-Apr-2008 at 17:32 |
хмм... кровот ми е некако без врска.... а што е она од напред? Некоја фонтана?
|
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#10 Posted: 26-Apr-2008 at 17:36 |
Најверојатно, или пак базенче.
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#11 Posted: 26-Apr-2008 at 17:46 |
Немој после да излезе дека е стамбена...... Не бе се шалам! Вака некако само кровот ме чуди, инаку некоја посебна естетика нема. Типичен објект за да врши работа, а не да ја краси околината.
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#12 Posted: 26-Apr-2008 at 17:59 |
Originally posted by pbanks
а што е она од напред? Некоја фонтана?
|
Веројатно Киро барал обавезно да се вклучи и фонтана во проектот, инаку немало да даде дозвола (не знам колку сте запознаени, ама типот имаше голема љубов кон фонтани, па направи неколку... нормално направи лоши фонтани и на неприкладни локации... )
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#13 Posted: 26-Apr-2008 at 18:02 |
12 фонтани ако не се лажам, му беа предизборно ветување
|
|
blejdsk
Senior Member
Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 320
|
Quote Reply
#14 Posted: 26-Apr-2008 at 19:25 |
TOA GORE KE BIDE RESTORANCE<<<<
|
|
|
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#15 Posted: 30-Apr-2008 at 09:50 |
Почнаа со поставуваше камен-темелници лично мислам до изборите ќе има уште 39 вакви церемонии.....што мислите вие повеќе/помалце??????
Иначе поткровниот простор ќе бил канцеларии
ПОСТАВЕН КАМЕН-ТЕМЕЛНИК
Прва катна гаража во населбата Јане Сандански
На стартот на изградбата на објектот, со капацитет од 242 возила, присуствуваше и премиерот Никола Груевски, а почетокот на градежните зафати го благослови г.г. Стефан. Гаражата се очекува да биде готова за две години
Жителите во Општина Аеродром ќе добијат прва катна гаража. Вчера со поставување на камен-темелник од страна на премиерот Никола Груевски, беше означен почетокот на изградбата на објектот кој е лоциран на просторот помеѓу ТЦ "Бисер" и ресторанот "Мекдоналдс". Стартот на работите го благослови поглаварот на МПЦ г.г Стефан, а присуствуваше и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Гаражата со капацитет од 242 возила треба да го ублажи долгогодишниот проблем со недостиг од паркинг места во овој дел од градот.
- Освен 242 паркинг-места предвидени се и сите пропратни содржини. Објектот ќе има 4 полунивоа под земја и 4 над земја со можност во поткровниот дел да се изведе канцелариски простор. Корисната површина на објектот е 8.000 квадратни метри, а висината на гаражата е 10 метри со 4 метри потпокрив. Градбата ќе биде современа, со убава фасада и ќе ги задоволи најстрогите критериуми во градба на ваков тип на објекти. Инвестицијата е помеѓу 8 и 10 милиони евра, изјави вчера Андреја Ошавков, менаџер на АДГ Илинден.
Според него, локацијата на која ќе се гради објектот е со вкупна површина од 2.200 квадратни метри, додека површината за градбата во основа изнесува 1.220 квадратни метри. Инвеститори на објектот се АДГ Илинден заедно со АД АБ, изведувач е Илинден.
Катната гаража би требало да биде готова за две години. Независно од тоа што паркирањето ќе се наплатува, се очекува со нејзина изградба да се ублажи проблемот со недостиг на простор за паркирање не само околу трговскиот центар "Бисер", туку и во целата населба.
Инаку, "Илинден" земјиштето го доби на користење на 40 години и тоа како најповолен понудувач на јавното наддавање кое беше спроведено минатата година од страна на Министерството за транспорт и врски. Цената на земјиштето тогаш достигна 1.970 денари за квадрат, сметано како годишен закуп.
|
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#16 Posted: 30-Apr-2008 at 10:13 |
Хммм нели се 8-10 милиони евра преголема цифра за ова?!?!?
|
|
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#17 Posted: 30-Apr-2008 at 10:17 |
|
|
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#18 Posted: 30-Apr-2008 at 11:59 |
Не ли ви изгледа многу несериозно еден поглавар на МПЦ и еден премиер да удараат темели на катна гаража? Дали ми се чини сам она мене или навистина критериумите за грандиозни зафати ни се паднати прениско. Мислам таму министерот најавува автопатишта низ цела македонија, градоначалничиња од ИЗ Шутка се удираат во гради со 100 катници а премиерот наш гоелм удира темел на катна гаража. ПАТЕТИЧНО....
ПС. Ако звучи политички постот тргајте го, несакам на никого да му ги подигам позициите, ама стварно фрустрирачки е веќе ова
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#19 Posted: 30-Apr-2008 at 12:18 |
Originally posted by UrbanFreak
Не ли ви изгледа многу несериозно еден поглавар на МПЦ и еден премиер да удараат темели на катна гаража? Дали ми се чини сам она мене или навистина критериумите за грандиозни зафати ни се паднати прениско. Мислам таму министерот најавува автопатишта низ цела македонија, градоначалничиња од ИЗ Шутка се удираат во гради со 100 катници а премиерот наш гоелм удира темел на катна гаража. ПАТЕТИЧНО....
ПС. Ако звучи политички постот тргајте го, несакам на никого да му ги подигам позициите, ама стварно фрустрирачки е веќе ова |
Urbanfrik од увек се нервирам за вакви глупости. Истите беа кога се удираше камен темелник на 100м улица (бул.Србија).
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#20 Posted: 30-Apr-2008 at 17:35 |
Морам да го постирам тука и првичниот рендер за катнава гаража чисто да го имаме како потсетник како не треба да изгледа рендер
|
|